„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

Bocvarski11

(Видео) Ниту бил непотребен ниту криминален, ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите, вели Бочварски

„После само четири месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека се она што говореше во опозиција биле празни флоскули, гола критика и желба по секоја цена да се оцрни тогашната власт. Ниту бил непотребен, ниту бил криминален проект, проектот за изградба на 110 километри автопати дел од нив и по најтешките планински предели е проект кој се реализира во соработка со нашиот стратешки партнер САД“, рече Благој Бочварски, пратеник на СДСМ.„Како политичка партија и тогаш и денес тврдиме дека новиот модел на градење е побрз, поефикасен и побргу ги дава резултатите на терен. Додека владата на СДСМ ги поставуваше темелите на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на независна Македонија, ВМРО-ДПМНЕ неосновано напаѓаше, критикуваше, обвинуваше, блокираше закони во Собранието се со цел да го забави инфраструктурниот раст на државата.Денеска конечно ја разбраа суштината на она кое со месеци го говориме, брзата изградба на европските коридори е возможна само доколку се работи според модифициран фидик, во фазна градба, со силен изведувач кој на паралелно ќе проектира и ќе гради.Само како илустрација, ако овој проект го започневме по традиционалната метода во 2023 година, реалните градежни работи на терен немаше да се случат пред 2026 година. За разлика од стариот модел, со новиот модел на фазно проектирањр и градење овој проект е започнат во прв квартал 2023, а кон крај на 2023 веќе имаше активности на терен.Овој проект и понатаму ќе биде мотор на економијата, преку него ќе се темели и растот на економијата, вклучување на 90 % домашни изведувачи и добавувачи, ангажирање на домашни работници и инженери и секако партнерска работа на домашната оператива со една од насилните светски компании од која можеме да научиме многу како градежен сектор.Би сакал да истакнам дека во 2023 година како држава ја потпишавме спогодбата со ЕУ за вклучување и на Коридорот 8 на мапата на главни европски коридори. Со тоа Македонија како мала централно поставена држава на Балканот е земја во која се вкрстуваат 2 европски коридори, и тоа е наша огромна предност. Таа предност ние не смееме да ја пропуштиме.Затоа денес и во идните години, нашиот врвен интерес треба да биде завршување со изградбата на автопатските, железничките и енергетските коридори.СДСМ како одговорна политичка партија и кога ја предводи владата, но и кога е во опозиција силно ќе ја поддржува изградбата на стратешките проекти од национално значење, зошто само така ќе ја развиеме економијата преку зголемување на економската активност, ќе ги развиеме планските региони, ќе го развиеме туризмот, ќе ги намалиме сообраќајните незгоди и ќе ги намалиме гужвите и метежот по патиштата“, изјави Благој Бочварски, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

MickoPlatiFunkcioneri

СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување на платите на функционерите

„Мицкоски од време на опозиција не го познава Мицкоски од власта. Во интервју за Сител Телевизија на 17.08.2023 година, Мицкоски ќе вети пред граѓаните дека ќе ги ревидира и ќе ги намали платите на фунционерите доколку граѓаните му да ја дададат довербата, за што ќе предложат и конкретен закон“, велат од СДСМ.„Еве Мицкоски е премиер, поминаа 4 месеци како ја предводи Владата, нема ниту збор за ветеното намалување и ревизија на платите на функционерите.СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување и ревизија на платите на функционерите“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

koce-t

СДСМ: Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството

„Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски се обидува да го заштити Раководителот на наплатата на патарините, но неуспешно“, велат од СДСМ.„Дури откако реагираше СДСМ на прес конференција им текна да се бара наплата преку Секторот за финансии, со фактура за дозволеното незаконско поминување на 40 возила низ патарините.Чекале повеќе од еден месец и воопшто не постапиле согласно правилата, прво да се израби профактура пред настанот, и секогаш да биде наплатено пред поворката од возила да помине.Сето ова е јасен показател дека Раководителот на наплата на патарините, Ванчо Милевски е фатен во класична злоупотреба на службената положба и основано сомнение за сторено кривично дело.Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина.Го повикуваме Коце Трајановски да не пробува да го извади Раководителот Ванчо Милевски. Трајановски има обврска да го пријави случајот и да побара од надлежно Јавно обвинителство да го расчисти во целост. Во спротивно Трајановски станува соучесник во кривичното дело“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Bocvarski24Analiza

Бочварски: ВМРО-ДПМНЕ смени став и за Коридорите, ги продолжија проектите на СДСМ кои ги напаѓаа

Уште еднаш се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има неконзистентни политики кон многу прашања, па сега и кон проектот за изградба на паневропските коридори сменија став, ги продолжија проектите на СДСМ кои ги напаѓаа. Нашата политика е конзистентна, ние и тогаш велевме дека овој проект ќе ја вгради државата таму каде што ѝ е местото – ќе станеме крстосница на Балканот. ВМРО-ДПМНЕ тогаш велеше не, не треба да се реализира, криминален бил а денеска излегуваат и велат дека е историски, истакна пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата „24 Анализа“, на телевизија 24.Бочварски потсети дека благодарение на владата на СДСМ Македонија денес, за прв пат во историјата, е поставена централно на два паневропски коридори.Сега излегуваат и велат за прв пат се работи, што не точно, рече Бочварски, додавајќи дека таму каде што денеска беа преставниците на владата, во март годинава и претходно во зимските месеци имаше механизација и багери и се работеше.Бочварски посочи дека проектот на патот Кичево-Охрид направен во 1993 година, а започнат од ВМРО-ДПМНЕ ги покажа сите свои слабости во проектирањето, а тој проблем се надминува со проектот на Бехтел и Енка, кои проектираат во реално време и одма реализираат.Во 2017 година реализацијата на патот Кичево-Охрид беше 30%, ја предадовме власта со над 80% реализација. Во исклучително тешки услови се решени голем број проблеми, нагласи Бочварски и запраша, зошто на ВМРО-ДПМНЕ им требаат уште две години да го реализираат тој автопат, ако велат дека е толку едноставно.Бочварски потсети дека, владата предводена од СДСМ, меѓудругото ги започна и ги предаде со над 90% реализација експресните патишта Градско-Дреново-Фариш, Ранковце-Крива Паланка, а ги почна и заврши патните правци Штип-Радовиш и Штип-Кочани.Од новата влада не е започнато ништо досега, а од друга страна единствените нивни активности на терен ги гледаме на проектите што ги работела претходната влада, истакна пратеникот на СДСМ Благој Бочварски во емисијата „24 Анализа“, на телевизија 24.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-02-24-at-16.58.02

„Доколку МВР и Тошковски продолжат да молчат ќе поднесеме кривична пријава за Бојан Христовски“, велат од СДСМ

„МВР и Панче Тошковски молчат за скандалот со сертификатот на назначениот партиски директор на Агенцијата за национална безбедност со што директно се ставаат во негова заштита“, соопшти СДСМ.„Очигледно МВР и Тошковски имаат селективен пристап и двојни стандарди кога функционерите на власта се во прашање.Како поинаку може да се толкува тоа што МВР во април оваа година поднела кривична пријава против 44 годишна жителка на Велес поради „употреба на исправа со невистинита содржина“ односно TOEFL сертификат за познавање англиски јазик од Пловдив Бугарија.А молчи и не презема ништо за директорот на АНБ, Бојан Христовски кој исто така има сертификат за TOEFL од истото место, Пловдив Бугарија, иако во Пловдив воопшто нема испитен центар за TOEFL?МВР и Тошковски по овој пример од Велес треба да поднесат кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик.Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

28102024_Mickoski_5

„Сè што кажа- Мицкски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар“, велат од СДСМ

„Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама. Граѓаните гледаат дека Мицкоски како премиер прави сè, ама буквално сè обратно од тоа што го говореше и го ветуваше пред изборите“, соопшти СДСМ.„Кога беше во опозиција Мицкоски на сите ѕвона го прогласи договорот со „Бехтел и Енка“ за „историски криминал“ и тврдеше дека е „спорен по сите основи“.Е ама откако седна во премиерската фотелје смени лента Мицкоски преку ноќ. Сега наеднаш Мицкоски го фали со истиот тој договор со „Бехтел и Енка“, гордо кажува дека е добар за државата, раскажува колку биле значајни проектите за изградба на Коридорот 8.Вчера едно-денеска друго, толку многу превртливост има во изјавите на Мицкоски што неговото лажење на народот се сведува на ниво на политичка перверзија.Ова е уште една потврда за лагите кои ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги пласираа во опозиција. Но, најважно е дека ова е признание дека стратешките проекти кои ги водеше СДСМ, како овој со изградбата на Коридорите 8 и 10, биле добри и дека сега оваа Влада ќе продолжи да ги реализира“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

bogdanka-1

(Видео) Тошковски и МВР да поднесат кривична пријава за Бојран Христовски по примерот од Велес, бара Кузеска

„На 25-ти април оваа година, МВР до ОЈО Велес поднела кривична пријава против 44-годишна жителка на Велес поради, како што тогаш соопштиле, постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“. Кривичната пријава била поднесена за прекршување на член 380 од Кривичниот законик“, рече Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.„Еден ден подоцна, на 26-ти април за оваа кривична пријава се пофалил на неговиот Фејсбук профил и министерот Панче Тошковски со објава во којашто изнесува детали за пријавата.„Пријавената прибавила меѓународно признаен сертификат (TOEFL IBT) за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р. Бугарија.Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.“Ова е објавата на Тошковски од 26 ти април.Прашањето е каде е сега Панче Тошковски и МВР? Зошто молчат и не преземаат ништо за директорот на АНБ, Бојан Христовски?Каде им е Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал?Бојан Христовски исто така приложил сертификат за TOEFL од истото место, Пловдив Бугарија, а во Пловдив воопшто нема испитен центар за TOEFL.И македонски и бугарски медиуми го потврдија ова.Значи Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ.Тоа претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност.Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ не се заштитени мечки и одговорност мора да има.Бараме Тошковски по овој пример од Велес да поднесе кривична пријава против Бојан Христовски за кривично дело „Употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 од Кривичниот законик.Доколку тоа не го направат Тошковски и МВР, СДСМ ќе поднесе Кривична пријава против Христовски.Очекуваме и Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности, да спроведе транспарентна исрарага која точно и непристрасно ќе утврди одговорност за скандалот.Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен“, изјави Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-1

Мицкоски дојде на власт и смени лента, договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер, реагира СДСМ

„Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал. „Договорот помеѓу владата и Бехтел и Енка отвори 10-тина дилеми за историски криминал“; „Таму се фатени буквално во сериозен криминал“;„Криминалот со Бехтел и Енка ќе го кријат со Закон“; „Ова е историска пљачка“. Вака говореше Мицкоски до пред само неколку месеци“, велат од СДСМ.„Дојде на власт, седна во премиерската фотелја и Мицкоски веднаш смени лента.Одеднаш се е различно, се е супер.Мицкоски и Николовски од денеска се фалат со истиот проект од Договор со Бехтел и Енка и велат дека резлизацијата ќе била добра за државата и за граѓаните.Вакво лажење на народот досега е невидено, се потврди дека историско е само политичко лицемерие и дволичност на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ!“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

patarina-kamera

(Видео) Нов скандал во ЈПДП, пропуштени 40 возила без да платат патарина, велат од СДСМ

„Денеска објавуваме нов скандал поврзан со незаконитости во Јавното претпријатие Државни патишта. На 29-ти септември 2024 година, на патарините на наплатните рампи во Петровец, Сопот, Отовица и Градско, се пропуштени 40 возила без да платат патарина“, рече Менде Илиевски од СДСМ.„Околу 240 ненаплатени пропуштања низ патарините само во еден ден на 40 возила кои биле пропуштени на широкопојасната лента со црвен семафор.Еве ги снимките од панорамските камери доставени од свиркачи до СДСМ. Јасно се гледаат сите поминувања.Ова е целосно спротивно на Законот и претставува самоволие на кадрите на Коце Трајановски и ВМРО-ДПМНЕ во Јавното претпроијатие.Согласно член 66 од Законот за јавни патишта од патарина се ослободени само: возила со полициска придружба, возила означени на Армијата, полицијата, Царината, брзата помош, протипожарните служби, возила на заболени од законски дефинирани болести и лица со телесни оштетувања од 80% со соодветни книшки.Никој друг не е ослободен од патарина.Што значи има јасни законски ограничувања и никој надвор од овие законски прописи не може да ослободува возила да не платат патарина.Наредбата за овие 40 возила да бидат 240 пати пропуштени низ патарините без да платат ја издал раководителот на наплатна служба, Ванчо Милевски, инаку кадар на ДПМНЕ.Врв на ова самоволие е пораката, испратена по Вибер апликација, до сите Одговорни на гореспоменатите наплатни станици, во која децидно е Наредено замислата на Раководителот да се спроведе.Ова самоволие и прекршување на законот се случува во време кога се поднесени кривични пријави за 6 вработени во јавното претпријатие дека пропуштале возила на полицајци без да платат патарина.Прашањето сега е дали раководителот Ванчо Милевски ќе сноси одговорност? Дали Коце Трајановски ќе го разреши и дали МВР ќе му поднесе кривична пријава? Или за партиските кадри на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите и можат да прават што сакаат?СДСМ бара одговорност од Ванчо Милевски за прекршувањето на законите и негова одговорност.Многу скандали му се собраа на Коце Трајановски, дали истрошениот Коце Трајановски воопшто е свесен какви кадри назначи од неговото доаѓање, дали е сигурен дека сите назначени кадри да ја контролираат работата немаат некоја тешка дициплинска постапка? Или само ги исполнува желбите на партиските војници, размислува ли тој за одговорност“, изјави Менде Илиевски од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-11.46.00

ЈО да отвори истрага за незаконското поставување на Христовски на чело на АНБ, бара СДСМ

„Поставувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност е незаконско затоа што тој не ги исполнува условите кои токму законите ги предвидуваат“, вели СДСМ.„Христовски нема меѓународно признаен сертификат за познавање англиски јазик туку се користел со фалсификуван документ што претставува прекршување на Законот и кривично дело кое повлекува одговорност.Наместо веднаш да го разреши Мицкоски по секоја цена го брани ова незаконско поставување. Владата на Мицкоски и ДПМНЕ покажува дека за неа не постои ниту право ниту правна држава.Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори постапка соодветно на своите надлежности. Повикуваме на транспарентна исграта која точно и непристрасно ќе утврди кој го овозможил ова и кој е одговорен за скандалот.Христовски не ги исполнува условите и треба да поднесе оставка од функцијата директор на АНБ а потоа да се утврди и одговорност за прекршувањето на законот.Ова е еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја и мора целосно да биде расчистен“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

27102024-Mickoski-22

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции

„Денес е потпишувањето на договорите помеѓу владините министерства и единиците на локална самоуправа, поточно општините кои учествуваа во јавниот повик, ги исполнија условите и добија средства од проектот во вкупна вредност од 250 милиони евра за капитални инвестиции за општините, дел од тие средства ќе бидат реализирани во овој буџет, останатиот дел дополнет со оние средства коишто недостигаат ќе биде со следниот буџет за следната година“, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава:Согласно првиот повик кој го објави Министерството за локална самоуправа денес вклучуваме договори за 274 проекти во вкупна вредност од околу 4.1 милијарди денари.Денес се потпишуваат договорите кои се темелат на 6 владини одлуки, поделени на 6 клучни ресори каде што овие пари ќе бидат инвестирани во изградба на проекти.Прво, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на образованието и науката за 2024 година за што се издвојуваат речиси 133 милиони денари (132.619.804 денари). Со оваа одлука се опфатени општини како Гази Баба, Битола, Липково, Боговиње, Кичево и други. При тоа се однесува на реконструкции, изградби и модернизирање на училишта и спортски сали и унапредување на условите за образование.Второ, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за што ќе се инвестираат 2 милијарди и 800 милиони денари (2 786.655.032 денари). Опфатени се општини како Берово, Аеродром, Битола, Брвеница, Богданци, Босилово, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Врапчиште, Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Градско, Дебар, Делчево, Демир Капија, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Долнени, Ѓорче Петров, Желино, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карпош, Карбници, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше и други. Овие проекти се инвестиции во локална патна мрежа, коловози, патеки, пристапни улици.Трето, денес се потпишуваат договори врз основа на одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на Министерството за социјална политика, демографија и млади за што ќе се инвестираат околу 59 милиони денари (58.573.514 денари). Овие пари ќе бидат употребени за изградба на нови детски градинки во Петровец и Гази Баба.Четврто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на спортот за што се потпишуваат договори во висина од 220 милиони денари (220.064.186 денари) и тоа за изградба на центри за спорт, рекреативни паркови, и спортски сали во општини како Вевчани, Демир Хисар, Центар, Битола, Кавадарци, Чашка и други.Петто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа културата и туризмот за што се предвидени близу 200 милиони денари (199.460.590 денари) за реставрација на културни знаменитости, туристички атракции, музеи, домови на култура во општините Гевгелија, Пехчево, Радовиш, Гази Баба.Шесто, денес се потпишуваат договори врз основа на Одлука за користење на капитални донации до единиците на локална самоуправа за инфраструктурни проекти од областа животната средина и просторното планирање за што ќе се инвестираат близу 630 милиони денари (629.263.261 денари) за инвестиции во изградба на атмосферски и фекални канализации, колектори, нови водоводи, регулации на реки и други проекти. Со оваа одлука се опфатени општините Василево, Берово, Шуто Оризари, Пехчево, Пробиштип, Тетово, Бутел, Могила, Делчево, Врапчишта, Липково, Кисела Вода, Чаир, Арачиново, Охрид, Росоман, Чучер Сандево и други.Почитувани присутни,Ова е наше клучно ветување до граѓаните и е доказ за нашата посветена работа за инфраструктурни инвестиции и директна поддршка на илјадници граѓани. За само три месеци овој проект станува реалност и сега почнува процесот на она што ќе придонесе за промена на тешката реалност и отсуството на поддршка на општините.Ова е историска најголема инвестиција на централната власт за локалните самоуправи и ќе продолжат јавните повици се до целосно искористување на предвидените 250 милиони евра.Сакам да апелирам општините да изработуваат квалитетни проекти и тие ќе бидат реализирани.На овој начин државата враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе на Македонија.“

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

Удбашко шпионските структури во СДС се плашат и фабрикуваат случаи, тие ја партизираа АНБ, им вратија ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ

„Удбашко шпионските структури во СДС се плашат и фабрикуваат случаи, тие ја партизираа АНБ“, им вратија ВМРО-ДПМНЕ на СДСМ, па додадоа:На чело на АНБ СДС го имаа Виктор Димовски, член на ИО на СДС и претседател на многу нивни партиски комисии и совети.Виктор Димовски и другите раководители во АНБ истата ја користеа за политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ, затоа се сега исплашени.СДС и нивните удбашко шпионски структури се во страв од одговорност.АНБ беше партизирана, а сега ќе се ослободи од влијанијата на СДС и ќе се професионализира.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-09-15-at-12.24.43

Се бара оставка од Сиљановска и одговорност од „нарачателите на помилувањата“

СДСМ: Оставка за скандалозните помилувања од Сиљановска и одговорност од нарачателитеОчигледно власта мисли дека комисијата треба да жртвено јагне за да се спаси Сиљановска и нарачетелите на овие скандалозни помилувања.Претседателката Силљновска ги дава и одлучува за помилувањата, не комисијата и целосната одговорноста е кај неа.За скандалозните помилувања мора да има одговорност и за Сиљановска и за нарачателите.Во април 2023 година унгарската претседателка Каталин Новак си поднесе оставка поради скандал со помилување на едно лице.Сиљановска помилуваше и нарко бос и осудени криминалци, вмешани во шпионски афери.Нели Унгарија и Орбан се моделот кој го следи Христијан Мицкоски?Еве по примерот на Унгарија нека се одважи Сиљановска и нека понесе одговорност, нека си даде оставка.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-27-at-11.46.00

Користење на фалсификуван документ е криминал, Христовски итно да се повлече од директор на АНБ, бара Илиевски од СДСМ

„Се соочуваме со еден од најсериозните скандали кои го поткопуваат безбедносниот систем во нашата земја – незаконското поставување на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност“, вели Методија Илиевски од СДСМ и додава:Криминалното поставување на Христовски од страна на партискиот шеф Мицкоски е преседан и упад во безбедносниот систем на државата. Откако се потврди она што СДСМ го кажуваше, дека Христовски ги нема потребните сертификати за да биде директор, се докажа дека тој прави грубо кршење на законите. Институциите кои се столб на нашата безбедност се злоупотребуваат во интерес на политичката агенда на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Ова не смее да се дозволи.Бојан Христовски не ги исполнува законските услови за позицијата директор на АНБ. Свесното кршење на законите и принципот на „владеење на правото“ е показател за начинот на кој оваа Влада се однесува кон правната држава. Сведоци сме на фрапантен пример каде Мицкоски и неговите соработници прават „превласт“ над институциите, поставувајќи луѓе без квалификации на клучни позиции.Користење на фалсификуван документ е криминал, а не само законски пропуст. Христовски нема соодветен меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик, туку се користел со фалсификуван документ за да ја добие функцијата. Ова претставува кршење на законот и кривично дело за кое мора да одговара. Повикувам ЈО да отвори постапка.Скандалозно е што лицето кое извршило кривично дело било Државен советник за криминалистички работи во МВР. Ова поставување ги загрозува сите принципи на безбедност и интегритет во институциите. Како е можно личност со таква историја и нарушен интегритет да се најде на врвот на АНБ? Ова е крајно опасно и создава ризици за националната безбедност.Поради овие сериозни прекршувања на законите и процедурите, СДСМ остро бара:Итна оставка на Бојан Христовски од функцијата директор на АНБ и одговорност за прекршувањето на законот.Итна реакција на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), која треба да ги потврди информациите и да се изјасни по ова прашање. Повикуваме на транспарентна истрага, која ќе утврди кој го овозможил ова кривично дело и кој е одговорен за неговото назначување.Одговорност и оставка од Мицкоски, кој свесно ги партизира институциите со поставување на лица без квалификации и нарушен интегритет.Почитувани граѓани, ова е сериозен аларм за сите нас. Владата покажува дека не постои почит кон правото, а уште помалку кон јавниот интерес.Повикуваме на обединување на сите политички и општествени сили кои веруваат во правната држава и институциите. Не смееме да дозволиме АНБ да биде заложник на лични интереси и незаконски дејствија. Ова не е само политичко прашање – ова е прашање на безбедноста на државата и на довербата во правната држава.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-09-13-at-12.05.15

Се потврди она на што укажувавме – лажен е сертификатот на Бојан Христовски, велат од СДСМ

„Се потврди уште една информација за која СДСМ денови наназад ја информираше јавноста: поставувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ не само што е груба партизација, туку е и целосно незаконска постапка“, вели СДСМ и додава:СДСМ со денови предупредуваше, а денес се потврди дека сертификатот за англиски јазик на Христовски е лажен и дека центарот во Пловдив - Бугарија каде што тој тврди дека го добил, не постои. Покрај сертификатот, СДСМ тврди дека Христовски нема ниту безбедносни сертификати ниту доволно работно искуство на раководни позиции, што е предуслов за назначување на позицијата директор.Сите овие законски прекршувања кои ги прави Мицкоски со назначувањето на целосно некомпетентен човек, без соодветни квалификации, ја потврдуваат тезата за опасна партизација на АНБ. Од овие причини, потребно е итно повлекување на Бојан Христовски и започнување истрага за овој упад во АНБ кој го наметнува Мицкоски.Го повикуваме ДКСК итно и во најкус рок да се изјасни и да ги потврди наодите на бугарските медиуми, први објавени од СДСМ. Христовски не смее да остане на чело на АНБ, и бараме достоинствено да се повлече.

пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања