„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

market-pari

Намалувањето на маржите – голема измама на Мицкоски кој ги штити трговците, обвини СДСМ

„По само неколку недели од воведувањето, анализите покажуваат дека владината мерка за намалување на цените на основните производи е целосно неефективна. Голем дел од цените не се намалени, некои се намалени минимално, а за некои производи цените дури и се зголемени“, вели СДСМ и додава:Оваа мерка се покажа како голема измама на Владата, која очигледно ги штити трговците, а не граѓаните. Според реалните теренски анализи, освен ПР кампањата на Владата со налепници „загарантирана цена“ во маркетите, ништо друго не се променило.Еве ги бројките. Во октомври, синдикалната кошничка е намалена за само 57 денари во споредба со претходниот месец. Тоа е заштедата за граѓаните за еден месец од мерките на Мицкоски. Денес, на едно четиричлено семејство му се потребни 61.249 денари за основните потреби во месецот, додека просечната плата падна за 1.000 денари откако Мицкоски стана премиер. Овие индикатори покажуваат дека животниот стандард на граѓаните драстично опаѓа и дека имаат сè помалку пари во џебовите.Економистите со право ја критикуваат Владата за неуспешната економска политика. Никој не препознава план или знаење кај оваа Влада да го подобри стандардот на граѓаните ниту да ја зајакне економијата.Додека граѓаните живеат сè полошо, Владата одбива да ја зголеми минималната плата на 450 евра. Со потсмев им вели на граѓаните „да почекаат, ќе бидат задоволни“. Чекаат работниците за повисоки плати, а граѓаните за ефективни мерки за намалување на цените.Сите чекаат Владата да се смилува и да преземе нешто што ќе значи директна поддршка за семејствата и родителите кои се борат да ги покријат основните потреби.Наместо да манипулира со лажни кампањи, Мицкоски треба да се охрабри и да ги продолжи добрите политики на СДСМ. Јасно е дека нема економски концепт и дека со неговите политики сите осиромашуваат. Време е да признае дека вака веќе не може и да го прифати предлогот за зголемување на минималната плата. Ова е решение кое ќе донесе бенефит за сите работници, ќе ја зголеми минималната плата, а со тоа и просечната плата. Секое семејство ќе има повеќе пари.

Македонија | пред 1 година

IMG_6201

СДС и ДУИ испроектирале траса кон Блаце на која потоа се купувани имоти, дали некој преку експропријација сакал да инкасира милиони, вели Петрушевски

„СДС и ДУИ 7 години не направија ниту еден автопат. Се што правеа беа само калкулации за криминал и профит на поединци. Автопатот од Скопје до Блаце во должина од само 10 километри е испроектиран по траса која ќе ја чини државата 300 милиони евра“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и додава:Каде е проблемот? Избрана е траса по која одредени луѓе непосредно пред да почне проектот купувале имоти. Очигледно е дека врвот на ДУИ и СДС сакал сериозно да профитира од експропријацијата и траса со многу тунели.За ова е информирано ЈО и очекуваме постапки. Народот очекува одговори дали претходната власт сакала да инкасира милиони преку блиски лица. ЈО да покрене постапка и даде одговори.Македонија нема 300 милиони евра за фрлање на автопат од само 10 километри. Трасата треба да се препроектира и да се добие автопат по далеку помала цена.Загуба за државата нема да има никаква, ќе има само за луѓето блиски до поранешната власт кои сакале да инкасираат милиони.Недозволиво е да се трошат стотици милиони евра за проекти кои може да чинат многу помалку.СДС и ДУИ не работеле за да направат автопат туку за да профитираат. Неодговорното и неспособното однесување заврши со нив.

Македонија | пред 1 година

mickoski-lajen-1-1

(Видео) Посетата на Фон дер Лајен беше прилика Владата да ја презентира стратегијата за излез но тоа не се случи, вели Кузеска

„Посетата на Претседателката на Европската комисија Фон дер Лајен беше прилика Владата, конечно, да ја презентира стратегијата за излез од сегашните позиции и отварање на кластерите со што можеме да фатиме чекор со Албанија. За жал, тоа не го направија“, рече Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.„Од друга страна, пораките на Фон дер Лајен беа јасни, како за уставните измени така и за коридорот 8. Ја повикуваме владата на одговорно однесување, да не ги толкуваат туку спроведуваат пораките во интерес на граѓаните. Сите други толкувања кои власта се обидува да ги наметне се замајување на јавноста на штета на напредокот на државата.Стратегијата треба да ни биде да стекнуваме поддршка во Брисел и кај државите членки, а не да се измислуваат изговори кои се само за внатрешна политичка употреба. Тоа не го решава проблемот туку го одлага.Истовремено, конфузни се и изјавите на партнерите на Мицкоски во Владата. Од една страна Таравари вели дека пораките се јасни од ЕУ и дека нема можност за измени, но од друга страна Муртезани тврди дека има поддршка од земји членки за ставот за одложено дејство на уставните измени.Прашањето е, ќе се консолидира ли конечно владиниот тим или ќе продолжиме да живееме во паралелен свет, а државата да ја водат паралелни влади? Ова е сериозен проблем кој ја држи земјата и граѓаните во заложништо и хаос кој го создава Владата на Мицкоски. Токму затоа СДСМ бараше да се свика затворена седница на владата да кончено слушнеме дали има и кој е планот на Владата по ова прашање.Над 75% од граѓаните сакаат влез во ЕУ. СДСМ ќе продолжи да делува конструктивно, но нема да бидеме дел од манипулации и одлагања како алатка за кочење на иднината на младите. Ние сме на чекор пред целта, Владата треба да се охрабри и да го нарпави тој последен чекор.Затоа, ја повикуваме владата на одговорно однесување, да не ги толкуваат туку спроведуваат пораките во интерес на граѓаните. Од нас ќе имаат поддршка доколку го променат досегашното однесување и доколку почнат да дејствуваат на конструктивен начин“, изјави Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

(Видео) Македонија на дното по плати на Блаканот, ВМРО-ДПМНЕ го уништува стандардот на граѓаните, вели Кузеска

„Стандардот на граѓаните со оваа власт се влошува, просечната плата се намалува додека трошоците за живот се зголемуваат, погрешни се економските политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Според последните податоци од Државниот завод за статистика просечната нето плата во земјава не расте туку се намалува. Она што дополнително загрижува е што земјава се уште е на дното во споредба со соседните држави како Србија, Бугарија, Црна Гора во делот на платите“, рече Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.„Власта мора да ги промени погрешните политики и да дефинира мерки за зголемување на платите и создавање услови за поголеми примања а прв чекор кон тоа е да го прифати предлогот на СДСМ за зголемување на мининмалната плата на 450 евра.ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани.Водењето инает и одбивањето на предлозите на СДСМ се целосно погрешни“, изјави Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

SDSMpresBogdanka-1

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ да одговори кој ги нарача скандалозните помилувања на нарко босови, прашува Кузеска

„Скандалозните помилувања на криминалци и нарко босови власта се обидува да ги заташка со апсење на веќе помилуваниот бос на кланот Барон и со класичен театар пред јавноста. СДСМ наостро ја осудува оваа фарса на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Сиљановска-Давкова. Наместо одговорност за скандалозните помилувања, ДПМНЕ и Сиљановска се обидуваат со театрални потези да го смират гневот на јавноста и да избегнат од одговорноста“, вели Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.„Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела. Ако згрешиле членовите на комисијата за помилување, зошто Сиљановска не ги разреши?Таа не може да се крие зад Комисијата за помилување. Сиљановска го има последниот збор, таа ја носи одлуката и затоа мора да одговори зошто ги ослободува овие лица.Несериозни се изјавите дека не знаеле кого помилуваат, тоа е навреда за граѓаните и потценување на нивната интелигенција.СДСМ со денови бараше повлекување на срамната одлука и предупредуваше дека криминалците кои ги ослободи Давкова претставуваат закана за јавната безбедност на граѓаните.Еден од помилуваните, поврзан со нарко-кланот „Барон“ вчера беше уапсен веднаш по неговото ослободување под сомнение за обид за убиство.Очигледно МВР на овој начин се обидува да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука.Власта на ВМРО-ДПМНЕ-ЗНАМ и ВЛЕН е во дил со криминални структури со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните.Сиљановска-Давкова има обврска да излезе пред граѓаните и да ги презентира сите информации, документи и мислења, на Комисијата, на Министерството за правда, на сите кои и биле презентирани и да одговори на клучното прашање:Зошто токму овие лица, опасни криминалци беа изборот да се помилуваат?Кој го нарача ослободувањето на криминалците и нарко босовите?ВМРО-ДПМНЕ и Сиљановска - Давкова имаат обврска да излезат пред граѓаните и да одговорат на овие прашања, затоа што тоа и го должат на јавноста. Мора да има одговорност за скандалозните помилувања. Граѓаните заслужуваат вистинска одговорност и сериозен однос кон нивната безбедност“, изјави Богданка Кузеска - портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

shilegov-012

Да не се лажеме, СДСМ е заробена партија, со двајца октроирани „лидери“, рече Шилегов

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок партиски функционер на социјалемократите, Петре Шилегов, со објава на Фејсбук остро го критикуваше сегашното раководство на СДСМ.Според Шилегов, партијата е „заробена“ уште од 2019 година и управувана од „октроирани лидери“ со интереси кои не се поврзани со членството, туку со лични алијанси.„Ај да не се лажеме! СДСМ е заробена партија… Тоа не е СДСМ“, напиша Шилегов.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: Стратегија за следните 20 години постои, во неа учествуваше и ВМРО-ДПМНЕ

„Националната развојна стратегија за периодот 2024-2044 е успешно подготвена и одамна е поднесена до Собранието. ВМРО-ДПМНЕ беше дел од тој процес а нивните пратеници учествуваа во изработка на стратегијата. Овој документ е резултат на широко и инклузивно учество, кое вклучува над 250 претставници од национални институции, 70 градоначалници, 50 пратеници од власта и опозицијата, како и деловни и граѓански организации. Дополнително, над 1.500 млади и претставници на ранливи групи активно допринесоа за креирањето на стратегијата“. соопшти СДСМ.„Оваа стратегија е уникатен пример на наднационална соработка, којa ги обединува граѓаните околу заедничка визија и реални цели за развој. Собранието е местото каде што се води дијалогот и се оформуваат политиките на државата, и СДСМ останува посветена на неговото значење како клучен демократски форум.Најавите на Христијан Мицкоски за „обединување“ околу „нова стратегија“ се несериозни и празни политички пораки, кои ја игнорираат реалната потреба за конструктивност и конкретни решенија. Стрсатегијата тој ја има на маса, треба да покаже дела а не само празни зборови.Наместо навистина да се обединиме околу заедничките стратешки приоритети, сведоци сме на популистички изјави, кои не ги одразуваат потребите на граѓаните. Четири месеци наназад, Мицкоски не понуди ниту една мерлива цел или конкретен план во важните области, што ги остави граѓаните со празна реторика и без насока за иднината.СДСМ во континуитет бара сериозен и одговорен пристап во политиката.Граѓаните заслужуваат проекти кои ќе го подобрат животниот стандард, ќе ја зголемат безбедноста и ќе ја обезбедат иднината во рамки на ЕУ и НАТО. СДСМ апелира до ВМРО-ДПМНЕ да прифати дека обединувањето околу заеднички цели бара реална визија и лидерство, не само политички флоскули. Додека ВМРО-ДПМНЕ продолжува со повици без содржина, државата и граѓаните остануваат без конкретна поддршка за напредок. СДСМ ќе продолжи да се залага за долгорочни решенија кои ќе овозможат стабилност и просперитет за сите“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

nov-direktor-anb-bojan-hristovski

„Бојан Христовски не ги исполнува условите за директор на АНБ, да си поднесе оставка“, вели СДСМ

„Бојан Христовски, кој е пион на Мицкоски со недели по интервјуа ја замајува јавноста наместо да ги приложи јавно сите докази со кои наводно тврди дека ги поседува, сите сертификати и да потврди дека навистина ги исполнува сите услови за функцијата директор на АНБ“, вели СДСМ.„Христовски покрај тоа што е партиски активист кој не смее ни да се прошета околу АНБ а не да ја води, тој очигледно не ги исполнува условите за да биде директор.Очигледно има лажен тест за англиски јазик, нема доволно години искуство за кои одбива да прикаже документи дали точно пет години има раководни позиции и не поседува сертификати за безбедност.Тој не исполнува реално условите за да биде директор и да ја води АНБ. Скандалозно е што сега од позиција на директор, тој сам на себе ќе треба да си додели сертификат за државна тајна и да влијае на таа одлука. Ова е само по себе огромен скандал.СДСМ бара итна негова оставка и повлекување од позицијата директор и процес на избор на професионалец кој ќе ја води институцијата како што тоа беше случај до сега“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-inaguracija-sobranie

Апсењето на Равманоски е обид на власта да го покрие скандалот со помилувањата!, вели СДСМ

„СДСМ остро ја осудува последната фарса на власта и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која, наместо да преземе одговорност за скандалозните помилувања, се обидува со театрални потези да го смири гневот на јавноста“ велат од СДСМ и додаваат:Претседателката лично ги потпиша одлуките за помилување на криминалци и членови на нарко-кланови, лица кои беа осудени за тешки кривични дела. Еден од тие помилувани лица, Акиф Бејадин Равманоски, кој е поврзан со нарко-кланот „Барон“, беше уапсен веднаш по неговото ослободување под сомнение за обид за убиство.Дали со ова апсење МВР се обидува да го покрие скандалот со помилувањата и да ја намали штетата од катастрофалната одлука на претседателката?Токму на ова предупредуваше СДСМ и опозицијата – дека криминалците кои ги ослободи Давкова претставуваат закана за јавната безбедност.Овие апсења не може да ја оттргнат одговорноста на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ – тие ги ослободија криминалците, и сега, кога тие повторно прават злосторства, се обидува да ја амортизира штетата со спектакуларни апсења.СДСМ прашува: зошто беа помилувани лица осудени за обид за убиство и поврзани со нарко-кланови и кој го нарача тоа? Зошто овие опасни криминалци повторно се на улиците, наместо зад решетки? И дали ова е дел од планот на власта да ги заштити криминалците, додека граѓаните секојдневно се чувствуваат помалку безбедни?Претседателката Силјановска не може да се крие зад Комисијата за помилување. Таа е таа која има последен збор, и таа мора да одговори зошто ги ослободува овие лица и дали со ова директно ја загрозува безбедноста на граѓаните. Време е власта да престане да ги штити криминалците и да започне вистински да се грижи за граѓаните.Граѓаните заслужуваат вистинска одговорност и сериозен однос кон нивната безбедност.

Македонија | пред 1 година

mickoski-9

Стратегијата веќе постои – Мицкоски повторно со празни зборови без конкретни идеи, вели СДСМ

„Државата веќе има национална стратегија која претходната влада, со помош на експерти и претставници на сите политички партии, ја изготви и ја поднесе до Собранието – Стратегијата за развој 2024-2044. Тоа е платформата околу која треба да се води разговорот, а Собранието е местото каде што се одржуваат овие дебати. Фактот што Мицкоски го деградира Собранието како форум за вакви важни теми е само доказ за неговата несериозност“, соопшти СДСМ.„Мицкоски веќе повикуваше на обединување околу 10 точки и вредности, кои самиот не ги почитува. Сега повикува на обединување околу стратегија која веќе постои, и овој пристап го сметаме за крајно несериозен.Мицкоски за четири месеци не понуди конкретни и мерливи цели во ниедна стратешка област, цели за кои државата би имала план и временска рамка за реализација. СДСМ, за жал, препознава само празна реторика со која Мицкоски се обидува да се прикаже како конструктивен политичар, но во реалноста тоа не е така.СДСМ, од досегашните политики на Мицкоски, не може да препознае ниедна политика која е во интерес на граѓаните, околу која би можеле да се обединиме. Во изминатите четири месеци забележуваме драстичен пад на животниот стандард поради лоши политики, ниски плати и заштита на трговците наместо на граѓаните.Има паушално најавена борба против корупцијата и криминалот, додека од друга страна се помилуваат нарко-дилери и картели. Безбедноста во државата е на најниско ниво, со престрелки на улиците и владеење на криминалците.Сведоци сме на назадување на демократијата преку назначување на партиски кадри на клучни безбедносни институции, што е јасен сигнал како планира да владее Мицкоски. Имаме паралелни институции формирани од ВЛЕН, се создаваат паралелни академии на науки и се врши брутална партизација. Ова ги брка младите и образованите кадри надвор од државата. Околу вакви катастрофални политики не можеме да се обединиме.Државата и граѓаните со години беа обединети околу една единствена цел – ЕУ и НАТО интеграции – но и за ова нема конкретен план. СДСМ бара конструктивност од ВМРО-ДПМНЕ и конкретни решенија кои се во интерес на граѓаните, околу кои може да се дебатира. Додека ВМРО-ДПМНЕ не созрее и не разбере дека обединувањето не смее да се користи како политичка флоскула и манипулација, туку за тоа е потребно вистинско лидерство, државата, за жал, нема да напредува“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Bogdanka-Kuzeska

(Видео) Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите, праша портпаролката на СДСМ

„Наместо веднаш да ја повлече скандалозната одлука за помилување на осудени криминалци и нарко босови, Силјановска Давкова без трепнување се обиде да ги измами граѓаните. Таа има дрскост да тврди дека „не знаела“ за криминалните досиеја на „интересни ликови“, префрлајќи ја одговорноста на Комисијата за помилување. Ова не е ништо друго освен класична манипулација и потценување на интелигенцијата на граѓаните, вклучително и на оние што гласаа за неа“, кажа Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„Но вистината е јасна – последниот збор за помилувањата го има Силјановска. Комисијата дава само мислење, а одлуката е исклучиво нејзина. Ова го потврди и член на Комисијата, кој недвосмислено ја лоцира одговорноста кај претседателката.Во овој огромен скандал, клучна е и улогата на Министерството за правда. Министерот за правда од движењето ЗНАМ мора да одговори на едно јасно прашање: Дали Министерството за правда дало позитивно мислење за помилување на криминалците и нарко босовите? Министерот за правда должи одговор пред граѓаните – зошто молчи, додека скандалот се разгорува? Дали тој лично се согласил со ослободувањето на луѓе кои ја загрозуваат безбедноста на Македонија?Бараме од Кабинетот на Претседателката веднаш јавно да го објави мислењето на Министерството за правда, заради транспарентноста која толку многу ја ветуваа. Јавноста има право да знае дали има криминален дил на највисоките нивоа на власта.Очигледно е дека учеството на ЗНАМ во оваа влада не е мотивирано од државотворни цели, туку од мрачни, криминални побуди. Наместо правда, гледаме неправда. Наместо борба против криминалот, сведочиме на директна заштита на криминалците и нарко-босовите.Овие помилувања го разоткрија тесниот сојуз меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и подземјето. Силјановска нема срам што криминалците ѝ се заблагодаруваат јавно, затоа што ова е само исплата на долгови што власта ги има кон нив. Со злоупотреба на функцијата на претседателката, оваа влада на ДПМНЕ ги става интересите на криминалците пред интересите на граѓаните.Македонија се претвора во опасна држава, каде криминалците се ослободуваат без одговорност, каде правната држава е уништена и безбедноста на граѓаните е загрозена. Овие дилови со криминалното подземје ќе имаат далекусежни последици за целата држава. Македонија не може да биде правна држава додека криминалците прават што сакаат без никакви последици“, изјави на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

siljanovska-davkova-arm-6

„Нарко босови јавно ѝ се заблагодаруваат на Силјановска: Колку му платил нарко босот Барон на ВМРО-ДПМНЕ“, прашува СДСМ

„Откако вчера ослободениот нарко бос јавно ѝ се заблагодари на Силјановска, станува јасно дека ова е договорено сценарио. Сега останува само отворено прашањето: која е цената и кој ги земал парите за ова помилување“, прашуваат од СДСМ.„Прашањето е: што ѝ должи власта на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН на криминалците од нарко-кланот „Барон“, и какви услуги им враќаат?Откако Силјановска вчера се заплетка со својата несмасна изјава, а потоа беше демантирана од Гордан Калајџиев дека комисијата само дава мислење, а претседателката е таа што помилува, денес е должна да излезе заедно со Мицкоски и да објаснат што е позадината на овој скандал.Го повикуваме и министерот Филков, кој два дена се крие во глувчешка дупка, да каже каква е неговата улога во целиот скандал и да не молчи.Правната држава денес е погребана, а правичноста која ја ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска важи само за нарко-картели и лица од подземјето.Безбедносната ситуација е сериозно нарушена, улиците се небезбедни и, згора на сè, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска пуштаат криминалци и нарко-дилери на слобода. Македонија станува опасно место за живеење, а граѓаните се плашат за својата безбедност благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

policiska-akcija-960x582-1

Шокирани се: „Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје“, вели СДСМ

„Шокантни се скандалозните помилувања од страна на претседателката Сиљановска Давкова“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Давкова помилувала осудени криминалци, дел од нарко кланови, уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога.Најшокантно е помилувањето на припадници на криминалниот нарко-клан „Барон“, како и роднини на познатиот Шенки.За дел од помилуваните има основани индиции дека се вмешани и во други кривични дела и криминални пресметки, како што беше пукањето во Чаир.Помилувани се и поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талевски кој беше во затвор по пресуда за случајот „Транспортер“ и Марјан Ефремов, првоосомничен во аферата „Шпион“.Со овие скандалозни одлуки Давкова застана во заштита на криминалците и нарко клановите.Ова е погазување на правото и правната држава. Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и надлежните институции.Сето ова се случува во време кога се загрозува безбедносниот систем и со партизација на Агенцијата за национална безбедност.Осудени криминалци треба да се соочат со правдата а не да шетаат слободно и да хараат по улиците.Во услови кога на улиците има зголемени криминални пресметки, овие помилувања дополнително ќе ги охрабрат криминалците со што директно се загрозува безбедноста на граѓаните.Давкова го поткопува владеењето на правото и даваат сигнал дека секој што е под заштита на власта може да прави што сака.Клучното прашање е зошто Давкова ја носи оваа скандалозна одлука?Дали власта има дил со криминалните структури кои се ставаат во нивна служба на овој начин?Ова е скандал од огромни размери и со сериозни последици за безбедноста на граѓаните.СДСМ бара претседателката Силјановска Давкова веднаш да ја повлече скандалозната одлука.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Мерките на Владата немаат ефект - ја виде ли Бојан Стојановски минималната кошничка, прашува СДСМ

„На вчерашната прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека партијата нема да го поддржи Законот за минимална плата од 450 евра предложен од СДСМ и коалицијата со образложение дека треба да се почека синдикалната кошничка за да се види ефектот од мерките на владата“, велат од СДСМ.„Ја виде ли Бојан Стојановски висината на синдикалната кошничка? Ете денеска е објавена, минималната синдикална кошничка за месец октомври изнесува 61.249 денари, односно во споредба со минатиот месец разликата е само 57 денари.Ова е најголема потврда на она што граѓаните веќе го знаат, мерките на Владата за намалување на цените немаат никаков ефект, воопшто не се намалени цените на производите.Го повикуваме пратеникот Бојан Стојановски сега да излезе пред граѓаните, да признае дека мерките на Владата на Мицкоски се погрешни, без резултат и да го поддржи Законот за минимална плата предложен од СДСМ.Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства.Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

jovana-trencevska

(Видео) СДСМ бара поддршка за Законот за минималната плата од 450 евра, ДПМНЕ да се преиспита, бара Тренчевска

„СДСМ го поднесе Законот за зголемување на минималната плата во Собранието. Со оваа мерка предвидуваме минималната плата да се зголеми на 27.700 денари, односно 450 евра. Ова не е само бројка, ова е чекор кон подобра иднина за секој работник, за секој кој се бори да обезбеди подобри услови за своето семејство“, рече Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.„Нашите сограѓани секојдневно се соочуваат со се поголеми економски предизвици. Цените на основните производи растат, куповната моќ опаѓа, а многу семејства едвај врзуваат крај со крај.Граѓаните не се само статистика, зборуваме за вистински животи, за родители, за млади, за возрасни сограѓани кои секојдневно се борат да обезбедат достоинствен живот за своите семејства. Токму затоа, зголемувањето на минималната плата е итно и неопходно.Жалиме што Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги слуша потребите на народот.Во време кога граѓаните се борат со високи цени и намалени приходи, Владата не презема ништо за да им помогне. Социјалната несигурност расте, платите опаѓаат, а потрошувачката кошничка веќе достигна огромни 61.306 денари. Ниту една од мерките на Владата за намалување на цените не даде резултати. Напротив, куповната моќ на граѓаните се намалува, и тие веќе не можат да си дозволат дури и основни прехранбени производи. Работниците, особено оние со најниски примања, се оставени на милост и немилост на пазарот.Почитувани пратеници, погледнете околу нас во Србија, Црна Гора, Хрватска.Во соседните земји, минималната плата расте. Во Србија ќе биде 457 евра, во Црна Гора 700 евра, во Хрватска веќе е 677 евра. Нашите работници заслужуваат подобро, тие не се помалку важни од оние во соседството. Нивниот труд и посветеност мора да бидат вреднувани, и тоа сега. Време е да се погрижиме и да им обезбедиме животен стандард кој ќе им овозможи да живеат достоинствено.Работниците не треба да бидат жртва на политичките игри.ВМРО-ДПМНЕ веќе бланко го одбива нашиот предлог, но ние велиме – ова не е време за партиски интереси. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспитаат својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани.Ги повикуваме сите пратеници, без оглед на политичката припадност, да гласаат за подобар животен стандард. Сега е време да се издигнеме над партиските разлики и да направиме нешто вистински важно за граѓаните. Секој глас за овој закон е глас за подобар живот за илјадници работници и нивните семејства. Нема ништо поважно од тоа!Да се обединиме во оваа борба и заедно да донесеме поголема минимална плата. За подобар живот, за достоинствен труд, за иднината на нашите деца“, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања