„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

Jon-frck

Фрчкоски: Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања

Социјалдемократите и левите либерали треба да ја напуштат како погрешна слепата верба во технолошкиот напредок, како автоматски пат кон еманципација на индивидуата и ослободување на општеството во целина. Тоа е тешка задача, но неопходна за релативизирање на модернистичката парадигма за автоматскиот напредок, рече Јон Фрчковски, директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, на конференцијата организирана од ФЕС, во Подгорица, Црна Гора.„Социјалдемократијата треба да научи дека национализмот не одумира со напредокот и глобализацијата. Тој треба да се зацврсти и засили како единствен одговор на слепиот глобализам, како сигурна заштита од отворањето на нациите и државите, кое буди страв од иднината и заштитата на културниот идентитет. Социјалдемократијата треба да пронајде приемчив проект на валидација на националната култура и отворањето, кое не е десничарско, но сериозно ги разбира и создава простор за развој на националните партикуларни култури“, рече Фрчкоски.Тој на конференцијата во Подгорица потенцираше дека социјалдемократијата треба да пронајде начин да докаже дека со отворањето и регионална и глобална солидарност, националниот спецификум не се губи, ниту загрозува, туку може да се зацврсти и да добие на самодоверба.„Социјалдемократијата мора да го разбие монополот кој го има десницата врз културните, идентитетските и националните прашања. Бидејќи најголем дел од идните политички борби се борби во контекст на културата и нејзините избори. Социјалдемократијата и левиот либерализам мора емоциите во политиката да ги разберат, не да ги потценат како второстепен политички инстинкт, и да се подготват за борба за своите вредности на индивидуални човекови права, права на етничките малцински култури и ранливи групи и малцинства, правда и солидарност, а не овие вредности да ги земаат здраво за готово како еднаш достигнати и веќе дадени“, рече Фрчкоски.Националната десница во Македонија е само по проста форма на основните линии опишани кај европската радикална десница (национализам, вдомена етничка омраза, ксенофобија и затвореност, лажна реторика про – ЕУ но сè се прави да остане изолацијата на земјата (континуитет на груевистичката политика) крајна неодговорност на блокирање на земјата.СДСМ и левата коалиција мора да пронајде форма на создавање привлечен модел на отворен еманципиран Македонец/ка како културно дефиниран и самоуверен лик за кој може да се гласа без страв од „наводно исчезнување“ со отворањето, се додава во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-11-102055

Скопје најзагаден град а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух, велат од СДСМ

„Скопје утрово е повторно меѓу најзагадените градови во Европа а ниту градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ниту владата на Мицкоски не преземаат нешто за загадениот воздух“, велат од СДСМ.„ВМРО-ДПМНЕ е централна власт и локална власт во Скопје, има градоначалници и мнозинство во советите во Скопје, во Аеродром, Кисела Вода, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров и никој ништо не презема.Ветуваа многу, а не реализираат ништо, досега нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.Каде се новите зелени површини кои ги ветуваа? Нема ниту нови дрвја ниту зеленило. Не се чистат депониите, не се чистат улиците, ѓубре на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак има долгорочни мерки за намалување на загадувањето во Скопје.ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Скопје | пред 1 година

market-pari

Укинување на ДДВ за храната вистински ќе ги намали цените, кошничките на Владата немаат ефект, велат од СДСМ

„Предлог законското решение на СДСМ за укинување на ДДВ на храната вистински и реално ќе ги намали цените на над 250 категории на производи а граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари. Мерката на Владата со така наречените кошнички односно замрзнување на маржите се покажа дека нема никаков ефект и цените не се намалија“, велат од СДСМ.„Освен реалната ситуација во маркетите каде цените на производите остана исти, тоа го потврдуваат податоците на Државниот завод за статистиска кој објави дека цените на мало во октомври се „намалиле“ за само 0,1%.Синдикалната кошничка пак е намалена за само 57 денари а споредбено октомври во 2023 со октомври во 2024 година, трошоците за живот се зголемиле за 3,5%.Владата задоцни и спроведе мерка којашто се покажа недобро осмислена, погрешна и неефикасна и затоа наместо нови најави за кошнички со ефект од 0,1% власта треба да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната.Со луксузни часовници од 50.000 евра на раката Мицкоски треба да помисли на потребите на граѓаните кои врзуваат крај со крај“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Spasovski3

Спасовски: Катастрофален почеток на владеењето на Мицкоски и неисполнети ветувања пред граѓаните

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија го критикува премиерот Христијан Мицкоски затоа што ја манипулира јавноста и ние ќе продолжиме да укажуваме на сите неисполнети ветувања дадени пред изборите кои сега гледаме дека не ги почитува. Гледаме катастрофален почеток на владеењето, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, во дневникот на Сител телевизија.-Денот се познава по утрото и гледаме еден катастрофален почеток на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и многу нереализирани ветувања. Пред избори Мицкоски велеше дека Договорот од Преспа не е завршена работа сега вели дека е ремек делот на дипломатијата. Ако е ремек дело зошто го критикувавте? Исто така велеше дека ќе обезбедат промена на Преговарачката рамка, сега гледаме дека не се случува. За неисполнетите ветувањата кои ги дадоа пред граѓаните, за променетите ставови и манипулацијата којшто ја направија СДСМ и понатаму ќе ја критикува власта, рече Спасовски.Од друга страна рече Спасовски, СДСМ покажа иницијативност и понуди законски решенија во Собранието но и поддржа дел од законските решенија понудени од власта.-СДСМ за законски решенија коишто смета дека се добри за граѓаните дава поддршка, таков беше примерот со пензиите, вториот момент е усвојувањето на Националната стратегија до 2044 година, којашто ја донесовме едногласно. СДСМ поднесе Законот за минимална плата и Законот за укинување на ДДВ за производите за храна. Но мнозинството не ги поддржа. Јас не очекувам поддршка и во иднина од ВМРО-ДПМНЕ, рече Спасовски.Владата нема план ниту за економијата ниту пак за судството и за европската иднина на земјата, додаде Спасовски потенцирајќи дека за да има консензус владата треба да достави конкретен предлог.-Досега видовме дека Владата нема никаков план за ништо. Разговараме за ЕУ- нема план, за судство – нема план, за економија -нема план. Без план не може да се оди напред. Мора да дојде предлог од стана на Владата, од Мицкоски, да биде понуден пред сите политички партии и пред јавноста, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски.

Македонија | пред 1 година

05112024_Mickoski_Den-na-romskiot-jazik_1

Мицкоски се мајтапи со народот - задоволен бил од 0.1% намалени цени, вели СДСМ

„Додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција“, вели СДСМ и додава:Премиерот Христијан Мицкоски гордо изјави дека бил задоволен од ефектите од замрзнување на маржите односно од така наречената есенската кошничка со која цените се намалија за 0.1%.Со скапи и луксузни часовници од 50.000 евра на неговата рака, ова големо задоволство кај Мицкоски од историскиот успех на мерка со намалување на цените од 0.1% може да биде од незнаење или од неинформираност.Очигледно Мицкоски не оди во маркет. Па затоа не видел дека нема намалени цени, дека на одредени производи има дури и зголемување. Дека белиот леб и натаму е 33 денари, цената на зејтинот од 78 се зголеми на 87 денари, на јогуртот од 72 на 81 денар.Или можеби не знае дека Државниот завод за статистика, математички прецизно го пресмета ефектот на мерката од којашто тој е задоволен: 0.1% намалени цени на мало во октомври.Можеби не знае Мицкоски дека Синдикалната кошничка се намали за само 57 денари?Граѓаните живеат тешко и мајтапењето со нивните потешкотии се нерсериони. Наместо да ја потценува интелигенцијата на народот и да си игра мајтап Мицкоски сериозно да си ја сфати улогата и да преземе нешто за високите цени.Прво што треба да направи е да ги прифати предлозите на СДСМ за поголеми плати и укинување на ДДВ за храна.

Македонија | пред 1 година

JovanaT

(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните“, вели Тренчевска

„Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден - нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат. Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%“, кажа Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.„Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ:- Да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра.- Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно.-Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените.Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети.СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај власта, пред се кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.Подаваме рака за соработка, за подобар животен стандард и поддршка на граѓаните во време кога нивниот живот станува се потежок.Просечната плата во земјата е намалена за 1,000 денари а македонската економија е во слободен пад. Индустриското производство бележи пад во септември за 7,9% а прогнозите за економијата стануваат се полоши. По Светска банка и Народна банка ги намали проекциите за македонската економија и предвидува послаб раст оваа и наредната година.Ова се лоши вести. Потребно е заедничко делување за да им се помогне на граѓаните а пакет решенијата на СДСМ, овие три политики кои ги споменав се реални, одржливи и ќе дадат брз резултат.Жално е ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвена на штета на граѓаните да водат политички инает со отфрлање на добрите решенија“, изјави Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

market-2

Цените не се намалени, власта да го прифати нашиот предлог за укинување на ДДВ на храната, велат од СДСМ

„Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври, кога се спроведуваше владината мерка, се „намалиле“ за само 0.1%. Се потврди тоа што СДСМ го говореше и што граѓаните го чувствуваат секој ден - нема намалување на цените во маркетите. Дебакл на мерките на владата кои се покажа дека немаа никаков ефект и не дадоа резултат“, соопшти СДСМ.„Затоа, Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ политичкиот инает треба да го замени со прифаќање на предлог Законот за укинување на ДДВ на храната на СДСМ, со кој граѓаните реално ќе заштедат до 2.000 денари месечно.Пакетот од три мерки и закони на СДСМ ќе значат поголеми плати, помали цени на храна и повеќе пари во џебот на секој граѓанин.Ова е во интерес на сите граѓани и СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај Владата за подобар животен стандард и заштита на граѓаните кога животот им станува се потежок“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

market-3

Се потврди тоа што го говоревме, цените намалени за смешни 0,1%, велат од СДСМ

„Цените во октомври месец биле „намалени“ за само 0,1%, објави Државниот завод за статистика. Ете толку е ефикасноста на мерката на владата за намалување на цените, нула. Кошничката месечна се намали само 57 денари.Прес конференциите на владата и фалењето со намалени цени потонаа, а реалноста ја чуствуваат граѓаните секојдневно во маркетите. Намалување на цени нема и затоа Владата мора итно да го прифати предлог законот за ДДВ на СДСМ со кој граѓаните реално ќе штедат до 2.000 денари месечно“, соопшти СДСМ.„СДСМ има пакет од три закони кои ќе значат повеќе пари во џебот на секој граѓанин, поевтини ценина производи и повисоки плати. Ова е во интерес на сите граѓани и само од политички инает ВМРО-ДПМНЕ не ги прифаќа овие политики. Жално е што ВМРО-ДПМНЕ е подготвена на штета на граѓаните да води политики на отфрлање на добрите решенија.Од една страна Мицкоски зборува за обединување, од друга страна не прифаќа ништо што значи повеќе пари за граѓаните. СДСМ уште еднаш повикува на разум кај Владата и подава рака за соработка. Ако околу нешто треба да се обединиме тоа е подобар животен стандард и поддршка во време кога животот станува се потежок“, се додава во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.14

(Видео) СДСМ е подготвена за избори

„Мицкоски во изминатите денови гледаме дека излегува со различни изјави. Еднаш повика на предвремени избори, вчера гледаме еден вид на ретерирање од таа изјава“, кажа портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.„Ние сме подготвени за избори, доколку и власта е спремна за тоа нека го направат тие тој чекор“, додаде таа.

Македонија | пред 1 година

filipce-sdsm-co-4

(Видео) СДСМ: Ги отрфламе злонамерните шпекулации за седницата на ЦО излезени од кујната на ДПМНЕ

Најостро ги отфрламе ваквите шпекулации за седницата на Централниот одбор којашто се одржа во вторникот и ги сметаме за тенденциони и злонамерни, излезени од кујната на ВМРО-ДПМНЕ, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„Благодарам за ова прашање бидејќи досега тие што ги објавија овие шпекулации и невистини не се обратија до нас за да проверат дали воопшто е точно.Имавме успешна седница на Централнито одбор, како што известивме, во демократска атмосфера, донесени се одлуки за одржување на Конгресот на 24 ноември за избор на ново раководство и нови политики“, соопшти Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Pres-Bogdanka-Image-2024-11-07

(Видео) СДСМ нуди три политики за повеќе пари кај граѓаните, вели Кузеска

„Економските показатели покажуваат дека македонската економија е во слободен пад само после 5 месеци власт на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ. Платите не се зголемуваат, власта се откажа од политиките кои со години значеа постојан раст на платите во сите сектори. Просечната плата во земјава се намали за 1.000 денари“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„Растот на цените на храната и на основните производи продолжува, граѓаните се борат со тешкото секојдневие и имаат се помалку пари во семејните буџети. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат пад и на индустријата. Во месец септември индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани.И прогнозите на Светска банка за економијата се лоши, очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, според оваа меѓународна институција ќе биде едвај 1,8 отсто.Сето она што со години е градено за да создаде економски раст и развој Мицкоски и ДПМНЕ го срушија за само 5 месеци.Овој пад на економијата се случува во услови кога власта значително го зголемува долгот врз грбот на граѓаните.Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема план а се покажува дека нема ниту капацитет за да ја развива економијата на државата.СДСМ нуди три политики за повеќе пари кај граѓаните. Се грижевме за граѓаните кога бевме на власт, продолжуваме и во опозиција.- Зголемување на минималната плата на 450 евра веднаш.- Укинување на ДДВ за храната што ќе значи заштеда до 2.000 денари за секое семејство.- Итна примена на законот за нефер трговски практики за спречување на раст на цените.Власта не треба води инает туку да ги прифати овие решенија затоа што се добри за граѓаните.Со законите на СДСМ, секое семејство ќе има повеќе пари во семејниот буџет“, соопшти Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

29102024_MICKOSKI-4

Пад на индустриското производство од 7,9% - економските политики на Мицкоски се промашени, велат од СДСМ

„Во месец септември оваа година индустриското производство бележи пад од 7,9% во однос на истиот месец лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Падот на индустриското производство е токму во месец кој треба да биде поттик на растот на економијата“, соопшти СДСМ.„Ова е уште показател дека економские политикити на Мицкоски се промашени.И податоците на Светска банка се аларамнатни, со ДПМНЕ на власт македонската економија е во слободен пад и наместо очекуваниот економски раст од 2,5 проценти, годинава, Светска банка очекува да биде само 1,8 отсто.Власта нема мерки за да одговори на потребите на граѓаните за зголемивање на животниот стандард а од друга страна нема ниту развојни политики за економијата.Затоа просечната плата во земјата се намали за 1.000 денари, нема економски раст додека цените продолжуваат да растат.Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нема план а се покажува дека нема ниту капацитет за да ја развива економијата на државата“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

ds2

По примерот на поднесената пријава Тошковски да поднесе кривична и за Митревски кој не плаќа патарини, бара СДСМ

„По примерот на кривичната пријава поднесена против началник од Кочани, Тошковски и МВР треба да поднесат кривична пријава и против Миланчо Митревски. Тој беше назначен за шеф на контрола на Наплатната служба на патарините во Петровец а исто така СДСМ објави и докази дека не плаќа патарини“, велат од СДСМ.„Нека покаже Тошковски ист приницип, што чека?Дали и раководителот Ванчо Милевски кој исто така не плаќа патарини ќе добие Кривична пријава од Тошковски?Или законите не важат за партиските кадри на ДПМНЕ на патарините?“, прашува СДСМ.

Македонија | пред 1 година

SanjaL

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ едно зборуваше пред изборите, сосема друго прави кога се на власт

Откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт се намали просечната плата на граѓаните, а видовме и некој празни флоскули на бранот на патриотизмот, што е недозволиво во политиката да се докажуваме на граѓаните кој е поголем патриот.ВМРО-ДПМНЕ, едно говореше и ветуваше во кампањата, а сега сосема поинаку се однесуваат, откако се на власт, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањето во утринската емисија во Слободен печат.- Заврши медениот месец на Владата, видовме одредени дисонантни тонови, зошто едно слушавме кога беа во опозиција и тоа беше бранот на којшто се водеа нивните политики и оние гласови што ги земаа, а сега слушнавме дека Преспанскиот договор е ремек-дело на надворешната политика, додека пред тоа говореа дека ќе има ревидирање. За одредени работи поврзани со надворешната политика слушавме еден наратив додека беа во опозиција и бевме жестоко обвинувани за сите чекори коишто ги преземавме. Сега прават поинаку, рече Лукаревска.Таа потенцираше дека ДПМНЕ многу често се однесува како да се во опозиција, па наместо претставниците на владејачката партија во парламентот, да даваат одговори, тоа мора да го прави опозицијата. Лукаревска се осврна и на буџетот за 2024 година, за кој ДПМНЕ обвинуваше, но и за сегашниот за 2025 за кој треба да се расправа.- Ние како СДСМ имаме конзистентен став и во делот на просечната плата, и во делот на минималната плата, а бевме обвинувани постојано дека расипнички и душмански сме трошеле од буџетот, во 2024, е сега следната недела ќе почне расправа за новиот буџет за 2025, па тогаш не знам кој аргументи ќе ги каже власта“, рече Лукаревска.Во однос на предвремените парламентарни избори, таа потенцираше дека СДСМ е подготвенa за предвремени парламентарни избори.- Подговени сме. По овие внатрешни процеси што се прават во партијата, тоа за нас не менува ништо бидејќи секако се подготвуваме за локалните избори коишто треба да се одржат во октомври и доколку има вонредни парламентарни избори подготвени сме да ја прифатиме фрлената ракавица, рече Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Само поради инает ВМРО-ДПМНЕ го одбива нашиот предлог за укинување ДДВ на храната, вели СДСМ

„Освен дека не им е грижа за стандардот на граѓаните, ВМРО ДПМНЕ потврдува дека само поради инает го одбива предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ за основните производи храна.Предлог законоското решение на СДСМ ќе донесе намалување на цените на храната на над 250 категории производи што значи заштеда за граѓаните и до 2.000 денари месечно“, соопшти СДСМ.„При тоа, бенефитите за граѓаните воопшто нема да ги оптоварат компаниите и трговите нема да може да ја изиграат оваа мерка.Мерката е реална и лесно остварлива и ќе има вистински ефект за намалување а малопродажните цени на прехранбените производи и намалување на вредноста на потрошувачката кошница.Нема ниту еден аргумент ВМРО-ДПМНЕ зошто е против оваа мерка, против ова законско решение. Против е само затоа што е поднесена од СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ води тотално погрешна економска политика. Мерката на владата на Мицкоски не даде никаков резултат, не се намалија цените на производите и само 57 денари се намали потрошувачката кошничка.Со инает не им се помага на граѓаните туку им се одмага“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања