„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

toskovski-sednica

Фрлени бомби и криминални пресметки станаа секојдневие поради несподобноста на Тошковски, вели СДСМ

„Фрчат екплозии од бомби, криминалните пресметки станаа секојдневие а улиците се небезбедни. Неспособноста на Панче Тошковски сериозно ја наруши состојбата со безбедносна на граѓаните“, велат од СДСМ.„Само во еден месец, октомври, за неполн месец, 5 инциденти со пукање и огнено оружје, а над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите 4 месеци. Имаше пукање од автоматско оружје во Чаир а пред тоа пукање на Скопската обиколница, две недели претходно имаше исто така пукање во Чаир, каде што директно беше вмешан и помилуваниот наркобос, Барон. Се пукаше и во Арачиново, Батинци, Сингелиќ, на пластичарската улица, во Тетово, се случи и убиство кај Мавровка.Граѓаните стравуваат за својата безбедност а Тошковски и ДПМНЕ немаат капацитет да ги заштитат. Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи од Панче Тошковски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

zagadeno-skopje-5

ДПМНЕ не прави ништо за загадениот воздух, а се фали со централата- наша стратешката инвестиција, вели СДСМ

„СДСМ водеше сметка за сите аспекти за државата и во секоја смисла, и во дел на економија и во дел на екологијата. Од друга страна ДПМНЕ 7 години ги блокираше сите процеси значајни за државата, за економијата, се што обезбедуваше животот на граѓаните да биде подобар и поквалитетен го блокираа. Па дури и еколошките проекти на СДСМ со кои денеска се фалат“, соопшти СДСМ.„Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто патем е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, посочен и во Извештај на Европска комисија.Планот опфаќање промена на нееколошкиот начин на загревање на градинки, училишта, јавни објекти со што се обезбеди годишно намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg, намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно а се заштедија и 391.446 еврa само во една година за затоплување.Во мандатот на СДСМ се започна сите стратешки инвестиции во гасификацијата, како и когенеративната центала со која ДПМНЕ денеска се фали.Борбата со загадувањето е процес, но ДПМНЕ не прави ниишто за тоа.Политиките се гледаат во буџетот. Нема во Буџетот 2025 пари за борба против загадувањето.Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше дека иднината Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 1 милијарда евра инвестиции за граѓаните да дишат чист воздух и намалување на загадувањето за 50%.Во програмата на ДПМНЕ со којашто ја доби довербата од граѓаните стои дека меѓу приоритетите ќе им биде обезбедување на чист воздух за сите.Се покажа декаи овие ветувањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се една голема лага. Нема ниту една милијарда евра инвестиции за чист воздух, ниту пак власта прави нешто против загадувањето“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ со амандмани на Буџетот: 20% повисоки плати за МВР, образование, здравство, за прожарникарите

„Со поднесениот Буџет 2025 година Владата на Мицкоски и ДПМНЕ ја покажа својата безидејност и потврди дека има погрешен економски концепт кој во суштина значи постојано задолжување на земјата врз грбот на народот без развој и без план за покачување на платите“, велат од СДСМ.„Вака предложениот Буџет е неразвоен и недомаќински а најлошо е што Владата нема политики за подобар живот на граѓаните ниту за развој на економијата.Затоа СДСМ поднесе повеќе од 200 амандмани на предлог Буџетот за 2025 година. Овие амандмани се конкретни решенија кои значат поголеми плати и повеќе пари за граѓаните.Воведуваме зголемување на платите во полицијата за 20%, во образованието, здравството, јавниот сектор, пожарникарите. Тоа значи повеќе пари во џебот на граѓаните, подобар животен стандард, мотивацијата на работниците а ќе овозможи и поквалитетни услуги.Бараме поддршка за нивно усвојување од сите пратеници, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани.Амандманите на СДСМ се повеќе од предлози – тие се конкретен план за Македонија што се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

evra

(Видео) Само за камати за унгарскиот кредит годишно ќе се платат 18 милиони евра, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во одговор на новинарско прашање, посочи дека каматите за кредитот од Унгарија на годишно ниво ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Филипче порача дека граѓаните ниту се должни ниту имаат некаков бенефит од плаќање на камати за овој кредит. При тоа, Филипче потенцираше дека повлекувањето на парите од унгарскиот кредит, отвора сериозно загрижувачки прашања, односно дека ниту општините се подготвени да ги искористат, ниту пак има развиен механизам како ќе се поделат парите на компаниите, а во меѓувреме граѓаните ќе плаќаат камати.„Годишно каматите за тој кредит ќе изнесуваат околу 18 милиони евра. Тоа значи дека ние веќе плаќаме камати за кредит којшто е целосно повлечен иако можело да се повлекува на пример по делови, а едноставно не може да искористи. Тоа значи дека кога некој граѓанин ќе купи стан или кола, ќе земе кредит, а станот или колата ќе му дојдат следната година. Тоа нема никаква домаќинска логика. Не знам зошто премиерот и Владата вака недомаќински се однесуваат со ресурсите на државата и со парите на граѓаните. За да се направат проекти, за да се реализираат и за да се стигне до наплата треба сериозен број на месеци, а ние имаме најмалку шест месеци период во којшто граѓаните плаќаат камати без никаква потреба“, рече Филипче.Во однос на механизмот за поделба на парите кон компаниите, Филипче потенцираше дека Владата и за овој дел нема план и дека очекувано ќе биде комерцијалните банки за своите трошоци да ја зголемат каматната стапка.„Не станува збор очигледно за така поволен кредит како што Владата сакаше да го рекламира на почетокот. Моите информации се дека има компании коишто се добро рангирани кои од нашите банки земаат кредит со каматна стапка под 3%. Тоа значи дека има многу поповолни кредитни линии за компаниите. Зошто граѓаните да плаќаат камати и да враќаат кредити за развој на некои компании. Каков бенефит ќе имаат граѓаните кога ќе плаќаат кредити за развој на некои комерцијални компании? Зошто не беше премиерот и Владата фер да кажат дека каматата нема да биде само 3,25%, туку дека ќе биде многу повеќе, а сега во овој временски период и значајно повеќе од тоа што реално може да се најдат пари на пазарот и преку комерцијалните банки“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

PresBudzet2025

(Видео) Филипче: Зошто граѓаните да плаќаат за каматите на кредитите што Владата ќе им ги одобри на компаниите?

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува сериозна загриженост поради одлуката на Владата граѓаните да ги плаќаат каматите за кредитите кои ќе се пласираат на компаниите. На денешната прес конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче остро се спротистави на оваа идеја. За претседателот Филипче неправедно е каматите и банкарските трошоци за овие кредити да бидат на грбот на граѓаните а компаниите да заработуваат.„Зошто граѓаните треба да бидат тие кои ќе ги плаќаат каматите за кредити што немаат директна врска со подобрување на нивниот квалитет на живот? Ова е сериозно прашање за транспарентноста и правичноста во трошењето на јавните средства“, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, ваквата постапка воведува нови долгови и трошоци за граѓаните.Филипче истакна дека овој потег ја потврдува политиката на нови задолжувања која ја спроведува Владата, без вистински развојни проекти и без план за реален економски напредок. „Со ваков буџет и со вакви задолжувања, оваа Влада само ќе ги оптовари граѓаните за следните генерации, без да обезбеди одржлив развој“, нагласи Филипче.Дополнително, Филипче ја критикуваше и проекцијата за буџетски дефицит од 4%, кој го надминува законски дозволениот максимум од 3%. Ова покажува дека Владата е подготвена да ги прекрши и најосновните буџетски правила, само за да обезбеди средства за свои активности, без долгогодишна стратегија и одговорност кон граѓаните.„Во време кога образованието, здравството и поддршката за земјоделците се на минимум, овие средства би можеле да се искористат многу подобро – за вистински приоритети на граѓаните и за подобрување на јавните услуги“, додаде Филипче.СДСМ останува на ставот дека ваквата политика на задолжувања е неодржлива и неефективна и дека Владата треба да преиспита на кој начин се трошат парите на граѓаните. „Ќе се залагаме за промени во буџетот со кои јавните средства ќе бидат насочени кон реални потреби и интереси на граѓаните, наместо кон нови долгови и контроверзни зделки“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipchepres

(Видео) Системот „ало началниче“ е минато, СДСМ нема да дозволи повторно да се врати, вели Филипче

Вчерашната собраниска Комисија за надзор на тајните служби, е само уште една потврда во каков криминал се навлезени ВМРО ДПМНЕ, со назначувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ., смета лидерот на СДСМ, Венко Филипе. Претседателот на опозицијата на денешната прес-конференција, истакна дека ваквиот начин на дејствување, односно партизација на безбедносниот систем, задушување на слободата на говорот, спречување на новинарите и медиумите да ја извршуваат професионално својата работа, не е непознато и потсетува на најцрните години за Македонија до 2016 година.„Комисијата можеше редовно да си заседава и директорот да одговори на сите прашања, меѓутоа тоа не се случи. Но тоа не е нешто ново, политизација и партизација на безбедносните структури нешто што сме виделе во претходното владеење на ВМРО ДПМНЕ. Сакам јасно да му порачам на премиерот дека СДСМ, нема да дозволи повторно воспоставување на системот „ало началниче“ во безбедносните и полициските структури“- рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.Тој посочи дека ОЈО треба да го расчисти овој случај и истовремено побара да се утврди, во која постапка на кој начин со кои документи Бојан Христовски е избран и за асистент на Факултетот за безбедност. На прес-конференцијата претседателот на СДСМ, Филипче го коментираше и вчерашниот обид во спречување на извршување на работни задачи на новинар, од страна на пратеник на ВМРО ДПМНЕ после седницата на Комисијата за надзор на тајните служби.„Многу сериозни најави за обид за елиминирање на слободата на изразување на говор, на јавен настап, на слободен пристап до информации повторно, веројатно многу дискретен, а во следниот период и многу поагресивен систем на елиминирање на слободата на изразување на новинарите и нивниот пристап до информации согласно она искуство од претходното владеење на ВМРО ДПМНЕ би рекол најцрните години за Македонија до 2016 година. Давам поддршка на новинарите да се борат за своите права и слобода , може да сметаат на наша поддршка во кој било момент, а на премиерот и на ВМРО ДПМНЕ им порачувам-еднаш тој систем го решивме, ќе го решиме и втор пат“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-presBudzetVF1-4

(Видео) Филипче: СДСМ предлага амандмани за повисоки плати, повеќе пари за земјоделците и поквалитетни јавни услуги

СДСМ поднесе повеќе од 200 амандмани на Предлог Буџетот за 2025 година, со кои предлага конкретни решенија што ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните и за зајакнување на клучните сектори. Фокусот на овие амандмани е насочен кон зголемување на платите во јавниот сектор, особено во образованието, полицијата и пожарникарството, како и кон обезбедување на подобри услови за работа и квалитетни јавни услуги.„Нашите амандмани не се само бројка. Тие се инструмент преку кој бараме вистински промени кои директно ќе влијаат на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Воведуваме зголемување на платите за вработените во јавниот сектор, почнувајќи од образованието и здравството, што ќе ја подигне мотивацијата на работниците и ќе овозможи поквалитетни услуги за сите“, изјави Венко Филипче.Посебен акцент е ставен на секторот безбедност, каде амандманите предвидуваат зголемување на платите за полицијата за 20%, како и средства за нова технолошка опрема со која ќе се зголеми безбедноста на граѓаните. „Ова е инвестиција во безбедноста на сите граѓани и во обезбедување на подобри услови за нашите полицајци, кои секојдневно се на терен и ги заштитуваат граѓаните“, потенцираше Филипче.Во секторот здравство, амандманите опфаќаат набавка на нова медицинска опрема и зајакнување на капацитетите на итната медицинска помош. Овие мерки се дел од заложбата на СДСМ да се унапреди здравствениот систем, кој е основа за стабилно и здраво општество. „Граѓаните заслужуваат достапни и квалитетни здравствени услуги. Затоа, нашите амандмани предвидуваат инвестиции кои ќе значат подобар пристап до здравствена заштита за сите“, додаде Филипче.Амандманите опфаќаат и значајни субвенции за младите земјоделци, со цел поттикнување на руралниот развој и зголемување на производството. Исто така, предвидени се субвенции за домаќинства и транспортни компании кои ќе преминат на електрични возила, што е дел од заложбата за подобра енергетска ефикасност и намалување на загадувањето.„Овие амандмани се повеќе од предлози – тие се план за Македонија што се грижи за своите граѓани, за нивните приходи и за нивниот животен стандард. Ќе се бориме за нивно усвојување, бидејќи тие се во интерес на сите граѓани“, заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

filipce-presBudzetVF1-3

(Видео) Предлог буџетот за 2025 е неразвоен и недомаќинки, поднесуваме 200 амандмани, рече Филипче

Предлог Буџетот за 2025 година е првиот буџет што оваа Влада го предлага, и токму во него граѓаните очекуваа политики кои ќе донесат подобар живот и економски развој. Но, наместо тоа, добивме документ без визија и креативност, кој е нереален, неразвоен и недомаќински, со цел да ги задоволи само предизборните активности. Овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и уште една изгубена година за економијата и за граѓаните, истакна на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.„Овој буџет, како што е предложен, е скроен да ги задоволи потребите на власта, а не на граѓаните. Со раст на БДП од 3,7% што Владата го предвидува, а кој нема шанси да биде постигнат, овој буџет е уште еден обид за замајување на јавноста“, рече Филипче.Тој нагласи дека и проекциите на Народната банка и Светската банка се под овие бројки, со што станува јасно дека овие бројки нема да донесат реален економски раст, туку зголемување на јавниот долг.„Сите овие податоци покажуваат дека Владата е подготвена да ги задолжува граѓаните до следните три поколенија, без да создаде развој“, продолжи Филипче. Тој потсети и дека власта со својот прв Предлог Буџет постапува незаконски, со дефицит од 4% од БДП, спротивен на законските ограничувања кои дозволуваат максимум 3%.„Со ваков пристап само го оптоваруваме буџетот, што на крајот ќе значи зголемени даноци или кратења на јавните услуги за граѓаните“, додаде тој.Дополнително, Филипче остро ја критикуваше Владата за зголемување на непродуктивните трошоци и кратење на капиталните инвестиции во клучни сектори како здравство и образование.„Зголемувањето на средствата за стоки и услуги и договорни услуги, наспроти кратењата во клучни сектори, само потврдува дека оваа власт нема концепт за развој. Граѓаните заслужуваат повеќе вложувања во образование и здравство, а не бесмислени трошоци,“ рече тој.Претседателот на СДСМ исто така се осврна на средствата од заемот од Унгарија, планирани за поволни кредити преку деловните банки, за кои Владата се согласи граѓаните да ги плаќаат каматите.„Зошто Владата ги задолжува граѓаните за да ги плаќа банкарските камати на компании кои не придонесуваат за подобрување на животниот стандард на луѓето?“ праша Филипче.Филипче потенцираше и дека капиталните инвестиции во предлог буџетот покажуваат целосна безидејност. „Владата нема ниту еден сопствен проект, а капиталните проекти кои СДСМ ги започна, како коридорите на Бехтел и Енка, остануваат единствените што ќе се реализираат,“ изјави тој.Притоа, Владата не предвидела значајни средства за модернизација на енергетски капацитети, гасификација или проекти за енергетска ефикасност. „Енергетската трансформација што ја започна СДСМ, како и поддршката за земјоделството, сега се намалени и занемарени. Оваа Влада не се грижи за долгорочен развој и остави земјоделците и малите претпријатија без соодветна поддршка“, рече Филипче.„Ова е буџет што ги запоставува малите и средни претпријатија, кои сочинуваат околу 80% од работните места во земјата. Од 80 милиони денари, поддршката за МСП е намалена на само 18 милиони денари. Владата со ова јасно покажува дека ги фаворизира странските инвестиции на сметка на домашната економија“, додаде тој.Филипче истакна дека СДСМ нема да гласа за ваков буџет и дека поднесе 200 амандмани кои целат кон подобрување на клучните фискални политики. „Преку овие амандмани, ние предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор, посебно во образованието, полицијата и за пожарникарите, како и инвестиции во напредни технолошки средства за подобрување на безбедноста на граѓаните,“ истакна тој.Според амандманите, СДСМ предлага одвојување на 3.500.000.000 денари од Буџетот за следната година за зголемување на платите во јавниот сектор. Со амандман којшто се однесува на образованието, СДСМ предлага издвојување на 996.406.000 денари за зголемување на платите на наставниците од основно и средно образование. Во полицијата, со амандман СДСМ предлага покачување на платите од 20%, додека, пак, за платите на пожарникарите да се издвојат 1.000.000.000 денари во Буџетот за 2025 година.Филипче посочи и на амандманите за здравство, кои се насочени кон подобрување на медицинската инфраструктура и услуги, како и инвестиции во нова опрема и обука на медицинскиот персонал. Дополнително, амандманите во делот на енергетика и животна средина се насочени кон еколошки и одржлив развој, вклучувајќи субвенции за електрични возила и поддршка за проекти за производство на водород.„Нашите амандмани ќе придонесат за рамномерен и одржлив развој и ќе ја поттикнат македонската економија кон вистински напредок. Веруваме дека ова е буџет што може да одговори на реалните потреби на граѓаните, но само со конструктивни измени и зголемени капитални инвестиции,“ заклучи Филипче.

Македонија | пред 1 година

dragan-kovacki

СДСМ: Ги осудуваме однесувањето и клеветите на Ковачки кон новинарите и бараме да им се извини

„СДСМ го осудува недоличното однесување на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој денеска во Собранието попречувал новинари да земат изјава од партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски, не дозволувал да му се поставуваат прашања и грубо ги клеветел новинарите“, велат од СДСМ.„Ова однесување многу потсетува на режимското време на ВМРО-ДПМНЕ и односот кон новинарите и претставува напад врз слободата и вредностите на едно демократско општество. Јасно е дека матрицата на оваа партија не е променета.Секој обид за попречување, заплашување или дискредитација на новинарите претставува директен напад врз слободата на изразувањеДраган Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат и да јавно да им се извинат на новинарите“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-11-12-142857

„Да се затвори постојната депонија во Кочани“, СДСМ поднесе амандман за отворање на времена

„Институциите под капата на ВМРО-ДПМНЕ не се искрени и ги манипулираат граѓаните кои со недели протестираат барајќи решеније за проблемот со депонијата во Кочани. Ниту една институција нема соодветен одговор на барањето на граѓаните ниту решение. Проблемот тлее, жителите спроведуваат активна блокада поради загадувањето а решение кое е прифатливо за сите се уште нема“, велат од СДСМ.„Пратеничката група на СДСМ поднесе амандман во Собранието за обезбедување финансиски средства од 30 милиони денари за нова, времена депонија, со што ќе може да се затвори постојната депонија во Кочани.Тоа е најсоодветно во овој момент затоа што се затвора постојната на барање на граѓаните а времената депонија ќе се користи краток временски период до изградба на регионалната депонија.Очекуваме власта и мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ да го прифати овој амандман со што ќе им се излезе во пресрет на жителите од овој крај“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-4

Мицкоски ем се фали со туѓи инвестиции, ем не може цеолосно да ги реализира, ја намали Бреинчајлд за 5 милиони евра, вели СДСМ

„Неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ под водство на Христијан Мицкоски продолжува да ги поткопува економските можности за граѓаните и да нанесува сериозна штета на економијата. Ем се фали со туѓи инвестиции Мицкоски ем не може да ги реализира целосно“, соопшти СДСМ.„Инвестицијата на „Бреинчајлд“ во индустриската зона Жабени, која беше најавена за време на владеењето на СДСМ, од првично планираните 13,5 милиони евра и околу 530 нови работни места, денес со потпис на Мицкоски е сведена на 8,5 милиони евра и едвај 200 вработувања.ВМРО-ДПМНЕ ја намали вредноста на инвестицијата за 5 милиони евра и успеа да го преполови бројот на планирани работни места. Наместо амбициозен проект што ќе донесе стабилни приходи и нови можности за граѓаните на Битола и регионот, новата влада успеа да ги предомисли инвеститорите и ги стави интересите на граѓаните во втор план.Додека СДСМ водеше економски политики кои создаваа услови за реализација на нови странски инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ само во првите неколку месеци од своето владеење покажа дека економијата ќе ја втурне во провалија.Разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во односот кон странските инвестиции не е само прашање на бројки, туку на стратегија и визија за економскиот развој на државата. СДСМ создаде систем што беше привлечен за инвеститорите, поставувајќи ги условите за транспарентно работење, стабилни институции и поддршка за долгорочни инвестиции што носат стабилни работни места и придонесуваат за растот на економијата. Владата на СДСМ ја осигури довербата на странските инвеститори и со тоа ги зајакна позициите на македонската економија на меѓународната сцена.Од друга страна, новата влада под водство на Мицкоски покажува сериозен недостаток на способност да ги задржи и реализира овие инвестиции. Наместо да ги унапредува постигнатите односи со странските партнери и да вложува во нови економски иницијативи, поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ се намалува бројот на работни места и износот на инвестиции, кои веќе беа договорени“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

slavjanka

(Видео) Сценарија на ДПМНЕ во Собранието, бегаат од јавноста поради незаконски назначениот Христовски, вели Петровска

„ДПМНЕ потврди, Бојан Христовски е незаконски именуван за директор на АНБ. Ова што денес го видовме на седницата на Комисијата за надзор над работата на АР и АНБ е чист доказ дека бегаат од соочување со јавноста“, кажа Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.„Злоупотребувајќи го мнозинството тие денес спречија одржување на седница и расправа за прашањата чии одговори ги чека цела јавноста, и домашната и меѓународната.Ова денешно однесување на власта покажува само едно, тиранија на мнозинството и целосно отсуство на демократски капацитет за владеење на правото.Казна е за Република Северна Македонија, вакво недемократско мнозинство да спроведува реформи на безбедосните служби“; изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kuzeska

(Видео) Каде е милијардата на Мицкоски за борба против загадувањето, прашува Кузеска

„Скопје неколку дена по ред е меѓу најзагадените градови во светот. И во други наши градови граѓаните дишат загаден воздух. Последиците се на директна штета на најважното, здравјето на луѓето. ВМРО-ДПМНЕ кога ја бараше довербата од граѓаните ветуваше активна борба со аерозагадувањето“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите!Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветуваше намалување на загадувањето до 50%.Каде е сега милијардата којашто ја најавуваше Мицкоски за борба против загадувањето? Каде се мерките за намалување на загадувањето за 50%?Ова е уште едно разочарување уште едно неисполнето ветување на Мицкоски.Граѓаните гледаат дека власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ не преземаат ништо за загадениот воздух.Во мандатот на СДСМ се преземаа серија на мерки, почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт па се до конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки училишта.Во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници.Во средните и основните училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи на воздух, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата.Овие мерки придонесоа за одредено намалување на просекот на концентрацијата на штетни честички во воздухот и требаше да се засилат и да се унапредат.Но дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Ниту има мерки, ниту има борба против загадувањето.Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја.Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето.Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како проектот БТР иако е со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре.ВМРО-ДПМНЕ не смее да го игнорира ова важно прашање за здравјето на граѓаните и мора веднаш да преземе мерки против загадувањето“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

mickoski-sednica-1

СДСМ: Каде е милијардата на Мицкоски за борба со загадениот воздух?

„Скопје продолжува да биде меѓу најзагадените градови во светот, граѓаните дишат загаден воздух и во дуги градови. Иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше активна борба со аерозгадувањето граѓаните гледаат дека ниту градоначалниците од оваа партија ниту пак централната власт презема нешто“, велат од СДСМ.„Во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше 1 милијадра евра инвестиции за заштита на животната средина и намалување на загадувањето до 50%.Дојде на власт, седна во фотелјата и Мицкоски не прави ништо, ниту има инвестиции, ниту мерки против загадувањето.Во мандатот на СДСМ во Град Скопје се набавија нови 33 еколошки автобуси на гас, се направија 300.000 м2 со ново зеленило и се засадија над 20.000 нови дрвја и садници, во 13 средни средни училишта се поставија енергетски фасади и прочистувачи, заменети беа котлите за греење на државните згради и во училиштата, се субвенционираа инвертери, велосипеди, активните оџаци се намалија за 8.000, на 3.000 m3 подигнати стрништа, затворени беа сите диви депонии во градскиот урбан опфат.Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и не се прави ништо. Нема нови автобуси, нема еколошки транспорт, нема ниту нови зелени површни, паркови, засадени дрвја. Депониите не се чистат, ѓубре има на секој чекор, не гледаме ниту еден еколошки проект ниту пак мерки за намалување на загадувањето.Дури и долгорочните проекти за еколошки јавен транспорт како на пример проектот БТР со целосно обезбедени пари, ВМРО-ДПМНЕ ги запре.Поразително е тоа што власта на ВМРО-ДПМНЕ не прави ништо додека граѓаните дишат загаден воздух“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Filipce-regionalna2

Филипче: Ќе понудиме современа политичка платформа со силен фокус на економијата и платите

СДСМ е силен коректор на погрешните политики на актуелната власт, а внатрешно ја завршува првата фаза од процесот на консолидација со избор на нови делегати, претседатели на општински организации и подготовките за Конгресот на партијата.Ова го изјави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на регионалната средба во Струга со општинските организации од тој регион. „Задоволен сум од изборот на новите раководства и претседатели на општински организации. Тоа се луѓе кои уживаат широка доверба во своите заедници и имаат капацитет да го обединат членството на СДСМ во секоја општина.Првата фаза на процесот на консолидација полека завршува и СДСМ се екипира на сите нивоа“ – рече Филипче. Тој истакна дека при избор на раководствата се консултирани огромен број на членови со цел да се изберат вистинските луѓе кои имаат поддршка внатре, но и надвор од партијата. „Енергијата се враќа, позитивна е атмосферата во општинските организации и тоа е добро. Но, допрва започнува битката со оваа власт која за само пет месеци целосно разочара. Очекувам од сите максимална посветеност и многу работа за да ја вратиме довербата кај граѓаните. Силно верувам дека со искрен пристап, нови модерни социјалдемократски политики и многу приземност можеме да ја вратиме поддршката“ – им порача Филипче на сопартијците.Тој истакна дека на 24 ноември се одржува 30 конгрес на СДСМ на кој покрај избор на новото раководство ќе се дефинираат и новите политики на СДСМ. „Ќе понудиме современ модел на нова идеолошка и политичка платформа на СДСМ како одговор на предизвиците пред кои се наоѓа Македонија. Политики кои ќе значат реафирмација на социјалдемократските вредности, прилагодени на новото време и приоритетите на сите граѓани во нашето општество.Силен фокус ставаме на економијата, платите и поддршката за граѓаните, но и ги реафирмираме демократските принципи на владеење кои ВМРО-ДПМНЕ ги руши од првиот ден“ – истакна Венко Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања