„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

bitiki1

(Видео) Битиќи: Додека владата купува мебел и автомобили, илјадници семејства со платите не можат да го поминат месецот

Просечната плата во земјата бележи загрижувачки пад. Во јуни, просечна плата изнесуваше 41.939 денари, веќе досега просечната плата е намалена за цели 1000 денари што е далеку од доволно за да ги покрие основните потреби на граѓаните. СДСМ поднесе амандман со кој бара зголемување на платите. Односно, 3,5 милијарди денари или 57 милиони евра за зголемување на платите на граѓаните, што не е само барање на финансии, туку барање на одговорност и социјална правда, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на комисијата за финансирање на буџет.- Најпрвин, без розовите очила на власта да погледнеме реално во економските бројки кои ја нагласуваат потреба од зголемување на платите на граѓаните. Просечната плата бележи загрижувачки пад, а во меѓувреме, потрошувачката кошничка достигна 61.306 денари во септември. Ова е јасен показател дека платите се далеку од доволни за да обезбедат достоинствен живот“, рече Битиќи.Тој потенцираше дека со растечкиот јаз меѓу платите и трошоците, не може да се очекува да издржат наставници, здравствени работници, администрација и сите други кои вршат дејност од јавен интерес и кои треба да го движат општеството напред.- Зад овие бројки стојат вистински луѓе, семејства, деца. Погледнете ги своите домови. Замислете го вашето дете како ви бара нешто основно – книга, облека, можност за екскурзија, а не можете да му го обезбедите тоа. Токму тоа е реалноста со која се соочуваат илјадници семејства на вработените во јавниот сектор.“, рече Битиќи.Само минатиот месец трошоците за живот се зголемиле за 3,5% додека платите се намалија за 1.000 денари и тоа е економска и социјална неправда.- Да се осврнеме на изборот на Владата, каде и се приоритетите за трошење. За нови возила ќе се потрошат 7,5 милиони евра. За мебел – 1,5 милиони евра, за договорни услуги зголемени за 80 милиони евра. Сумите се апсурдни. Како можете да оправдате купување луксузни автомобили, мебел и зголемување на договорни услуги додека илјадници семејства се прашуваат како ќе го преживеат месецот? Овие непродуктивни трошења се срамни и покажуваат дека приоритетите на Владата не се во интерес на граѓаните. Само ставката стоки и услуги е 1,2 милијарди евра. Проверете кога таа ставка била 20% од буџетот“, рече Битиќи.„Неприфаќањето амандманот за зголемување на платите ќе значи прекршување на Општиот колективен договор и продолжување на праксата на системско непочитување на законите. Оваа Влада, со својот Предлог-буџет за 2025 година, веќе го прекрши Законот за буџети со проектираниот дефицит над 3%. Сега сакаат да ги прекршат и колективните договори, на штета на граѓаните. Отфрлањето на овој амандман ќе значи порака дека оваа Влада не ги почитува ниту трудот, ниту правата на работниците“, додаде тој.

Македонија | пред 1 година

krediti-za-skoluvanje-denari-1

За СДС буџетот беше начин народните пари да се ставаат во џебови на поединци, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„За време на владата предводена од СДС кога на дневен ред ќе дојдеше планирање на државната каса или буџетот, тие размислуваа кај кого ќе завршат народните пари. За време на СДС кога станува збор за буџетот на ум им беа матни тендери или криминал“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Сања Лукаревска.„За време не СДС се трошеа милиони суми кои никој не знаеше каде завршуваат. За разлика од тоа време сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ има јасно проектирана државна каса.За прв пат во историјата предвидени се средства за капитални инвестиции во висина од 50,5 милијарди денари.Во 2025 година според проекциите се очекува раст од 8,1% на бруто-инвестициите, односно истиот ќе биде поттикнат од засилената реализација на големите инфраструктурни проекти, вложувања во патна и железничка инфраструктура, како и инвестиции во енергетиката, земјоделството, здравството и образованието.СДС до пред една година имаше можност да прави буџети, нивната работа доби црвен картон. Сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ има историски висока сума за капитални инвестиции за прецизни проекти. Сето ова ќе води кон повисок животен стандард“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

19112024_MICKOSKI_SINDIKAT-ZDRAVSTVO-2

Мицкоски најави историско понижување на трудот на здравствените работници, реагира СДСМ

„Денеска Христијан Мицкоски објави историско понижување на трудот на здравствените работници! Неговата најава е за минимално односно историски најниско зголемување од 10% во споредба со досегашниот раст на платите“, реагира СДСМ.„Вкупните примања на лекарите специјалисти од 2017 до 2024 година, заедно со дежурства се зголемени меѓу 100-160%. по корекцијата на коефициентите од страна на СДСМ.Основната плата на лекарите специјалисти СДСМ ја зголеми за 40 проценти, на медицинските сестри ја зголемивме помеѓу 20 и 23 проценти, на општите лекари за 25 проценти, на здравствени соработници за 15 проценти. Минатата година во октомври се потпиша и Спогодбата со здравствениот синдикат за ново зголемување на платите на здравствените работници кое требаше да биде над 20% и тоа сега веднаш а не Мицкоски да прави лоша математика.Здравствените работници заслужуваат почит и плати за достоинствен живот.Дали целта на Мицкоски му е да ги избрка да работат по странство или по приватните клиники?Реално а не лажно зголемување е прашање за грижата за здравјето на нашите граѓаните и на целото наше општество но Мицкоски тоа нема капацитет ниту да го разбере ниту пак знаење нешто да преземе“, се додава во реакцијата на СДСМ на изјавата на Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

Lukarevska-19.11.2024

(Видео) СДСМ со 200 амандмани на Буџетот бара поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните, вели Лукаревска

„Првиот предлог Буџет за 2025 година на актуелната власт на ДПМНЕ е расипнички, недомаќински и наместо за граѓаните направен е само за задоволување на власта. Буџетот е тежок 6,5 милијарди евра, толку планира власта да земе од граѓаните и да потроши. Но, наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за дури 75%“, рече Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ.„За купување мебел власта предвидува 5 пати повеќе пари во исто време кога ги зголемува глобите и административните такси за нови 11 милиони евра.Владата предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги а во истиот момент ги крати капиталните расходи во клучни сектори како образованието и здравството.Парите за чист воздух, намалени за дури 51% а парите за заштитна на животна средина за 25%. Тоа значи дека актуелната власт нема намера да преземе ништо додека граѓаните се гушат.Расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%.Намалени се и парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени.Оваа политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати.Дополнително, во Буџетот ги нема ниту најавените 250 милиони евра за општините. Парите за земјоделството се намалени за 15,7% а програмата за рурален развој се намалува за 10 пати.Руралната програма е многу важна за младите земјоделци, за набавка на стока, нова механизација, но и за инвестиции во проекти на општините.СДСМ како одговорна опозиција со поднесување на над 200 амандмани се бори за граѓаните и подобрување на Буџетот за се обезбедат економски раст, поголеми плати и подобар животен стандард.Бараме зголемување на платите во секторите каде вработените се од витално значење за услугите на граѓаните, како образованието, јавниот сектор, полицијата, пожарникарите. За вработените во Министерството за внатрешни работи бараме покачување на платите за 20%, како и средства за набавка на современа технолошка опрема за зголемување на безбедноста на граѓаните.Во здравството, амандманите предвидуваат: набавка на нова медицинска опрема, подобрување на капацитетите на Итната медицинска помош, доусовршување на лекарите и медицинскиот персонал.Апарати за магнетна резонанца, инсулински пумпи, кислородни боци, комплети за прва помош итн.Овие мерки ќе обезбедат поквалитетни здравствени услуги за граѓаните и ќе го подигнат нивото на јавната здравствена заштита.Амандманите на СДСМ во областа на енергетиката и животната средина се фокусираат на: подобрување на енергетската инфраструктура, електрични автобуси, субвенции за домаќинствата што ќе инсталираат фотоволтаици.Овие значајни инвестиции ќе придонесат за почиста животна средина и поголема енергетска ефикасност.Со амандман бараме финансиска инјекција од 700 милиони денари за поддршка на младите земјоделци. Овие средства ќе овозможат младите да останат во земјоделството и да инвестираат во модерни технологии и практики, со што ќе се зголеми продуктивноста во оваа стратегиска гранка.СДСМ верува дека овие амандмани ќе придонесат за поефикасно искористување на буџетските средства и ќе обезбедат реален економски и социјален напредок.Денеска почнува амандманската расправата, со аргументи и факти силно ќе ги браниме овие амандмани во македонското Собрание и ќе бараме поддршка за нивно усвојување“, изјави Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Talevski-19.11.2024

(Видео) СДСМ поднесе Закон: 100 денари линерана субвенција за сите тутунари

„Оваа година тутунопроизводителите повторно се разочарани од неспособноста и неисполнетите ветувања на власта предводена од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Откупните цени на тутунот паѓаат, а тутунарите оваа година ќе имаат помалку пари во семејниот буџет“, изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.„Пред изборите, ДПМНЕ ветуваше повисоки откупни цени, зголемени субвенции и поддршка за тутунопроизводителите, но реалноста е сосема поинаква. Оваа година откупните цени, објавени од ресорниот министер Љупчо Трипуновски, се: прва класа – 375 денари, втора класа – 300 денари, трета класа – 240 денари, и дополнителна класа – 115 денари.Овие цени се ниски и не ги покриваат зголемените производствени трошоци на тутунарите и поскапените цени за производството кое тие го плаќаат.Во време на владата на СДСМ, тутунарите добиваа многу повеќе. Благодарение на линеарната субвенција од 100 денари по килограм, без одбитоци, цените достигнуваа и над 500 денари за килограм тутун – историски највисоки откупни цени.Истиот Љупчо Трипуновски, кој пред изборите во февруари бараше сите тутунари да добијат линеарна субвенција од 100 денари, денес ги изневери земјоделците. Наместо линеарен модел, воведена е дискриминаторска проценка по класи: 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа.Повеќе од 20.000 семејства живеат од производство на тутун. Нивниот труд мора да се цени а Владата да помага за одржување на оваа гранка и да поддржи огромен број семејства кои живеат од тутунот.СДСМ ја разбира важноста на тутунот и ги цени тутунопроизводителите. Затоа, како опозиција, поднесуваме Предлог-закон за финансиска поддршка на тутунопроизводителите. Овој предлог предвидува сите тутунари да добијат линеарна субвенција од 100 денари за секој килограм предаден тутун кај регистриран откупувач, без разлика на класификацијата. Со оваа мерка, цените повторно ќе се покачат над 500 денари по килограм, што е потребно за покривање на производствените трошоци и поддршка на семејствата кои егзистираат од тутунопроизводството.Во изминатите седум години, СДСМ го докажа своето партнерство со земјоделците преку линеарни субвенции за тутунот, 6.000 денари субвенција по хектар обработена површина, и 100% покривање на трошоците за зелена нафта. Владата на СДСМ секоја година обезбедуваше повисоки цени на тутунот. Од 2014 до 2023 година, откупната цена се зголеми за 212%.Повикуваме сите пратеници во Собранието да го поддржат овој Предлог-закон, кој е чекор кон вистинска грижа за земјоделците и нивниот труд. Тутунопроизводителите заслужуваат стабилност и поддршка, а не пад на цените и неизвесност.СДСМ останува на страната на земјоделците и ќе продолжи да се бори за нивните права и подобра иднина“, соопшти Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

zagadeno-magla-15

За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат, велат од СДСМ

„Не само што владата предводена од Мицкоски и ДПМНЕ не презема никакви конкретни чекори за намалување на загадувањето на воздухот, туку и го намалува буџетот за клучни области како животната средина, енергетиката и квалитетот на воздухот“, соопшти СДСМ.„Во предложениот Буџет за 2025 година, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, парите за квалитет на воздух се намалени за 51% а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%. Парите за гасификација речиси се преполовени, додека за енергетска трансформација, која е неопходна за намалување на загадувањето, нема ништо предвидено.Ниту најавената гасна конгенеративна централа и ветената инвестиција од 1 милијарда евра ја нема во предложениот буџет.За власта на Мицкоски поважно е луксузирањето, па затоа во Буџетот има повеќе пари за мебел, за возила, за стоки и услуги.Со ова, власта на ДПМНЕ покажува дека не само што нема стратегија за борба против загадувањето, туку и нема волја да го подобри квалитетот на воздухот.Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

11112024-Mickoski-6

Мицкоски увезува, граѓаните плаќаат - Нови 10 милиони евра за скапа струја, велат од СДСМ

„СДСМ ја осудува неспособноста на владата предводена од Христијан Мицкоски да обезбеди стабилен и одржлив енергетски систем. Наместо да се вложува во зголемување на домашното производство на електрична енергија, власта повторно увезува скапа струја. Само за овој месец, граѓаните ќе платат дополнителни 10 милиони евра, а за последните три месеци вкупната сума за увоз надмина 20 милиони евра“, велат од СДСМ.„Ваквиот трошок директно го плаќаат граѓаните, кои веќе страдаат од високите сметки за електрична енергија. Ова е директен резултат на неспособноста на власта да управува со нашите најголеми енергетски капацитети.РЕК Битола, најголемиот домашен енергетски капацитет, долг период не работеше, а сега функционира само делумно, бидејќи ремонтот кој требаше да биде завршен одамна сè уште трае. Дополнително, хидропотенцијалите, кои би требало да обезбедат значителна количина енергија, работат само со 13% од својата акумулирана енергија, што е далеку под просечниот капацитет.Оваа влада е неспособна да ги реши енергетските проблеми и на граѓаните им остава само долгови и скапи сметки. Наместо одговорна енергетска политика и инвестиции во обновливи извори и зголемување на домашното производство, добиваме хаос, скапа струја и хронична негрижа.СДСМ повикува на одговорност од владата предводена од Мицкоски. Граѓаните не смеат да бидат тие што ќе го плаќаат цената за неспособноста на оваа власт. Потребна е итна реорганизација и инвестиции во домашното производство на електрична енергија. Граѓаните заслужуваат стабилен и ефикасен енергетски систем, а не хаос и долгови“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

paridenari1

Власта не ги сака домашните компании, во Буџетот 2025 им ги скрати парите, вели СДСМ

„Власта на Христијан Мицкоски во предложениот Буџет за 2025 година, ги намали парите за поддршка на домашните компании од 340 на само 220 милиони денари. Истовремено парите за поддршка на странски компании се зголемени“, велат од СДСМ.„Оваа политика на запоставување на домашните компании и фаворизирање на странските ги става македонските работници во подредена позиција, води кон економска нееднаквост и ниски плати.За компаниите кои вработуваат 80% од сите вработени во државата Власта на Мицкоски предвидува помалку пари, а оние кои го носат профитот надвор повеќе.Ова не е фер пристап кон домашните компании и кон работниците во овие компании.ДПМНЕ ја враќа земјата на старата неефикасна и несоодветна политика која ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.Поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава е еден од клучните аспекти. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место“, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

lugje-karpos-esen-korona

Со буџетот Владата ќе троши на чоколадо, а за граѓаните сув леб, вели СДСМ

„Првиот предлог Буџет на владата на Мицкоски е најрасипнички во историјата на Македонија“, вели СДСМ и додава:Буџетот е тежок 6,5 милијарди, толку планира власта да потроши, но наместо за поголеми плати на работниците, повисок животен стандард на граѓаните, образование, здравство, раст и развој на економијата власта ги зголемува трошоците за службени возила и луксуз за 75%.Парите за купување мебел власта на Мицкоски ги зголеми за 5 пати.Со Буџетот Владата на Мицкоски предвидува зголемување и на непродуктивните трошоци за стоки и услуги а во истиот момент ги кратат капиталните расходи во клучни сектори како образование и здравство.Власта не се грижи за граѓаните, стоките и услугите се поважни од здравјето на граѓаните, од образованието на младите.Расипничкото однесување се случува во услови на високо ниво на јавниот долг кој со новите долгови ќе ја надмине границата од историски највисоко ниво на јавен долг од 70,8%.Со вакви политики, Владата само ќе ја задолжува државата, ќе товари нови вработувања во администрацијата, ќе го зголемува долгот, ќе си троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо.За себе Владата на Мицкоски ќе троши за чоколадо, а за граѓаните сув леб.

Македонија | пред 1 година

mebel-1

Расипничка власт: Во Буџетот 2025 има пет пати повеќе пари за купување мебел!, велат од СДСМ

„Во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, поскапувањата на цените продолжува а власта вели дека нема пари за поголеми плати за работниците власта на ДПМНЕ и Мицкоски во Буџетот ги зголемува парите за купување мебел дури за пет пати“, велат од СДСМ и додаваат:Во друга ставка, власта ги зголемува парите и за службени возила на владините функционери за дури 75%.За расипничката власт на Мицкоски граѓаните не се приоритет, нема пари за поголеми плати на работниците, нема повеќе пари за стандардот на граѓаните, нема повеќе пари за здравство, образование, социјала.Додека трупа огромни долгови врз грбот на граѓаните и го зголемува јавниот долг за историски најголеми 70%.Единствен фокус на владата на Мицкоски се сопствените луксузирања, затоа толку многу пари мебел и возила.Со овој Буџет ниту ќе има раст ниту економски развој и ќе значи уште една загубена година.

Македонија | пред 1 година

PretsedatelVFkom1

(Видео) Буџетот за 2025 година ќе ја загрози финансиската стабилност на државата, рече Филипче

Фискалната политика што ја предлага власта во Буџетот за 2025 година ќе ја уништи финансиската стабилност на земјата, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, на која на дневен ред за расправа е Буџетот за 2025 година.Зборувајќи за фискалните политики предложени во новиот Буџет, Филипче потенцираше дека нереалните високи стапки за економски раст не се ништо друго освен изговор за планираната зголемена буџетска дупка и нови задолжувања.„Владата предвидува раст на БДП од 3,7% за 2025 година. Народната банка го проектираше растот на 3,3%, а Светската банка е уште попесимистична со 2,5%. Буџетскиот дефицит е поставен на 4% од БДП, што директно го нарушува Законот за буџетите. И ова мора да биде јасно, таквиот пристап не значи развој. Тоа значи дека Владата планира да троши повеќе отколку што заработува. И кој ќе го враќа тој долг? Ќе ги зголемиме ли даноците? Ќе ги скратиме ли јавните услуги? Ќе се задолжуваме?“, посочи Филипче.При тоа, Филипче нагласи дека ваквите планирани параметри упатуваат на тоа дека Македонија е единствена земја во регионот која не планира фискална консолидација.„Сите други земји од Западниот Балкан уште во 2024 година, буџетскиот дефицит го сведоа под 3% од БДП. Јавниот долг веќе годинава силно ќе ја помине границата од 60%. Со еден збор ова е фискална политика за уништување на финансиската стабилност на земјата“, нагласи Филипче.Во обраќањето пред пратениците, Филипче порача вака како што е скроена новата буџетска каса, јасно е дека и во наредните години ќе ги има истите нереални проекции, истата безидејност и истото неодговорно трошење.„Ова требаше да биде буџет во кој ќе видиме вистински политики што ќе донесат подобар живот за граѓаните и економски развој на државата. Но, дали ги гледаме тие политики? Дали има барем еден развоен проект што ќе ни донесе долгорочен раст? Одговорот е не. Од ветувањата на Владата нема да има ништо. Без никаква визија и без никаква креативност, Предлог Буџетот за 2025 година наместо да обезбеди основа за економски развој, овој буџет ќе биде генератор на нови долгови и на уште една изгубена година за економијата и за граѓаните“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 1 година

Pretsedatel-filipce-komisijam2

(Видео) Филипче: Буџетот е скроен да се товари администрацијата со партиски вработувања, инвестиции нема

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната собраниска Комисија за финансирање и буџет, посочи дека Владата во Предлгот Буџетот за 2025 година ги намалува капиталните расходи во клучни сектори за сметка на зголемување на непродуктивните трошоци.На комисиската расправа на Предлог Буџетот за 2025 година, Филипче порача дека новиот предлог Буџет е планиран за да се зголемува бројот на администрацијата со нови партиски вработувања, што јасно се гледа и во ставките во кои се зголемува и сумата за плати во Владата и дел од владините министерства и институции.„Зошто се зголемува буџетот за плати во Влада од 383 милиони денари во 2024 година на 591 милиони денари во 2025 година? Ќе се вработуваат нови луѓе? Сакате партиските активисти да ги сместите? Или зошто за една третина се зголемува трошокот за плати во СОЗР, од 207 милиони денари во 2024 на 300 милиони денари во 2025 година? Исто е во Министерството за правда од 122 милиони денари во 2024 на 153 милиони денари во 2025? Исто е во Министерството за земјоделство, трошок за плати од 648 милиони денари во 2024 на 766 милиони денари во 2025 година? Во Министерството за транспорт и врски, зголемување на масата на плати од 167 на 247 милиони денари и стоките и услугите од 71 милиони денари на 115 милиони денари. Очигледно планирате добро да ја натоварите администрацијата со партиски војници додека седум години во опозиција ветувавте ефикасна и мала администрација“, нагласи Филипче.Во однос на новите министерства, Филипче укажа дека тие со предлог Буџетот за 2025 година добиваат поголем буџет во споредба кога истите беа како функции во рамките на старите министерства.„Ова ќе ги направи ли поефикасни? Ова е класична операција за зголемување на можностите за вработување на партиските кадри и ништо повеќе од тоа“, рече Филипче.Наспроти ваквите непродуктивни трошоци, власта како што кажа Филипче ги намалува средствата за капитални инвестиции и не нуди нови инвестиции.„Намалувате неверојатни 13,51% средства за општините во делот на инфраструктурни проекти. Единствените проекти кои ќе се реализираат се тие на СДСМ, додека Владата не понуди ништо свое, ништо ново“, порача Филипче и додаде дека СДСМ нема да гласа за Буџет со кој ќе се задолжува државата, ќе се товари со нови вработувања администрацијата, ќе троши на стоки и услуги, а за граѓаните ќе нема ништо.

Македонија | пред 1 година

filipce-sobranie3

(Видео) Филипче: Речиси двојно зголемен буџетот за нови возила за функционерите

Зголемување од фантастични 75% за набавка на нови возила за функционерите, предвидува власта, во Буџетот за 2025 година, контрадикторности и расипнички трендови, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прва седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет на која што се разгледува Предлог Буџетот за 2025. ВМРО ДПМНЕ како владејачка партија, се разликува од она што го говореше во опозиција, рече Филипче.„Опозиционерот Мицкоски не го познава премиерот Мицкоски, така изгледа и опозиционерката Кочоска не ја познава министерката Кочоска.Да ја цитираме тогашната опозиционерка денес министерка за финансии: „Имено, доколку го замислиме буџетот како 1000 денари, владата од него дава 127 денари за плати на јавната администрација, 86 денари за набавка на стоки и разни услуги, 656 денари одат за сите трансфери кои ги спроведува владата, 38 денари се даваат за камати, а само 23 денари за капитални инвестиции“, рече Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ“. Е денеска, вие самата предлагате покачување на 19% на буџетот за стоки и услуги, од 58, на 72 милиони! Јас министерке би се срамел од ова.“-рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.ВМРО ДПМНЕ во опозиција ревносно критикуваше набавки на возила за министерствата, а сега во предлог Буџетот предвидува да купи двојно повеќе луксузни возила за функционерите, од време на СДСМ.„Знаете ли колку прес конференции одржа ВМРО опозициска за набавка на возила, на пример. Јас паметам преку 10 каде кажувавте како расипнички се трошеле парите на возила и луксуз. Ај да го видиме вашиот буџет. Зголемување за фрапантни 75%! Па нели беше расипништво тоа? Речиси двојно повеќе возила за функционерите ќе купите од СДСМ.“-додаде ФилипчеПретседателот на СДСМ, Венко Филипче укажа на загрижувачкиот тренд на зголемување на средствата за Министерството за внатрешни работи, додека истовремено се намалуваат средствата за Министерството за одбрана. Тој потенцираше дека Северна Македонија е земја членка на НАТО, и оваа разлика во распределбата на буџетските средства е неприфатлива и невообичаена, особено кога се разгледува безбедносната ситуација на регионално ниво.

Македонија | пред 1 година

PretsedatelVFkom1

Филипче: Домашните компании оставени на цедило, пари само за странските

Во предложениот Буџет за 2025 година, средствата за поддршка на домашни компании се намалени од 340 милиони денари на само 220 милиони денари, додека истовремено средствата за поддршка на странски компании се зголемени, истакна на денешната комисиска расправа претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Со ова сериозно се загрозуваат домашните компании кои вработуваат повеќе од 80% од работната сила во нашата земја.„Значи оние кои вработуваат 80% од сите вработени во државата не заслужуваат поддршка, а оние кои го носат профитот надвор, тие заслужуваат поддршка? Знаете ли дека оваа политика на запоставување на домашните компании на сметка на странските донесе огромна сиромаштија и нееднаквост, ниски плати и потценување на домашните компании и работници. Сега ја враќате истата таа политика. Мислите дека е ова фер кон домашните компании? Владата на ВМРО-ДПМНЕ, во 2025 се враќа, 4 години назад во поддршката на домашните компании“ рече Филипче, претседател на СДСМ.Оваа политика на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ значи запоставување на домашните компании, а фаворизирање на странските. Филипче истакна дека со ваквиот Буџет не само што ги става домашните компании и работници во незавидна позиција, туку води кон економска нееднаквост, ниски плати и постојана потценета вредност на домашните ресурси. Според претседателот на СДСМ, Буџетот за 2025 година, земјата се враќа на истата неефикасна и несоодветна политика што ги игнорира домашните компании и ги става странските во предност.Претседателот на опозицијата смета дека од клучна важност е поддршката на домашните компании кои го носат развојот на нашата држава. Нашата економија може да напредува само ако ги ставиме интересите на домашните компании и работници на прво место.

Македонија | пред 1 година

(Видео) Тренчевска: Амандманите на СДСМ се за 20% повисоки плати и 10% повисока социјална заштита

„ВМРО ДПМНЕ со предлог Буџетот за 2025 уште еднаш ја покажа безидејноста и незаинтересираноста за интересите на граѓаните и развојот на економијата. Ова е буџет за власта, а не за народот. Нереален, неразвоен и недомаќински, буџет во којшто нема ништо од ветувањата за подобар животен стандард, социјална поддршка, нови инвестиции, развиена економија“, изјави Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.„ВМРО ДПМНЕ скори предизборен буџет, буџет кој ќе биде генератор на нови долгови, со планиран дефицит од 4% кој го крши законскиот максимум, со зголемени непродуктивни трошоци, а скратени пари за ставки важни за граѓаните.Во новата буџетска каса не се планирани средства за зголемување на минималната плата.Со ова ВМРО ДПМНЕ потврди дека нема намера за нагорна корекција на минималната плата и подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ако се анализира поддршка за социјална политика, јасно се гледа дека за следната година власта решила да ги намали средствата за клучни ставки од овој сектор.Намалени се средствата од 80 милиони денари на 60 милиони денари кои согласно Законот за игри на среќа се трансферираат кон Националните сојузи на инвалидските организации (Сојуз на трудови инвалиди, Сојуз на слепи лица, Сојуз на глуви и наглуви и сл.), кон Црвениот крст и здруженијата за борба против насилство врз жените.Следната година ќе има помалку пари или речиси ич пари за трансфери кон невладини организации (провајдери) кои ги спроведуваат социјалните услуги кои се однесуваат на обезбедување услуги за помош и нега во домот за старите лица, лица со попреченост, личната асистенција на лица и деца со попреченост и други ранливи категории на граѓани.ВМРО ДПМНЕ ветуваше за 30% зголемени права од социјална заштита, но и ова ветување не е исполнето во Буџетот за 2025 година. Нема предвидено средства за згоlемување на Гарантирана минимална помош, за правата на лицата со попреченост, за социјалната пензија.Во делот на капиталните инвестиции за социјална заштита кои се однесуваат на инвестиции за нови дневни центри за лица со попреченост за старечки домови, е планирана сума која нема да биде доволна ниту за реализација на започнатите повеќегодишни инвестиции од 2023 година, а за оние од 2024 нема да има средства ниту за нови капитални инвестиции.Покрај ова, при планирањето на новиот Буџет, власта не водела сметка ниту за изградба на нови градиники- следна година очигледно нема да се градат нови градинки.СДСМ нема да гласа за буџет кој не ги застапува интересите на граѓаните. Затоа поднесовме 200 амандмани, со кои нудиме конкретни решенија за подобар животен стандард, повисока поддршка за социјална политика, за развиена економија. Со нашите амандмани предлагаме зголемување на платите во јавниот сектор и спроведување на обврските од Општиот колективен договор, односно поголеми плати за сите вработени во јавниот сектор.Потоа предлагаме 2 милиони поддршка за Сојузот на борци, тоа им го должиме на оние кои се избориле за слободата што ја живееме денес. Со нашите амандмани предлагаме да се издвојат 995.490.000 денари за 10% повисок месечен надоместок за социјална заштита, а капитални инвестиции од областа на социјална заштита 88 милиони денари.Ова се амандмани кои преставуваат вистинска грижа за граѓаните, особено за ранливите категории и ќе придонесат за социјален напредок.СДСМ активно ќе учествува во расправата за Буџетот, но цврсто ќе ги браниме нашите позиции, затоа што граѓаните заслужуваат да живеат во развиена и напредна држава со подобар животен стандард“, соопшти Јована Тренчевска - пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања