„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

filipce-sdsm-co-5

СДСМ утре има конгрес: ќе биде избрано новото раководство на партијата

„Ве известуваме дека утре, 24 ноември 2024 година, со почеток во 13:00 часот, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје ќе се одржи 30 тиот Конгрес на СДСМ“, велат од СДСМ и додаваат:Конгресот ќе има отворен и работен дел, ќе се разговара за идните, нови политики на партијата а се очекува да биде избрано и новото раководство на партијата (нови членовите на највисиките тела, Централниот одбор, Надзорниот одбор).На почетокот ќе има отворен дел од конгресот. Медиумите ќе имаат можност за фото и видео инсерти а ќе може да се проследи и обраќањето на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Потоа ќе следува мала пауза по којашто продолжува работниот дел од конгресот.Новинарите, снимателите и фоторепортерите ќе можат да присуствуваат на отворениот дел на Конгресот со соодветни прес акредитации.Местото за подигање на акредитациите е соодветно означено на самиот влез пред салата на одржување, на располагање на медиумите се вработени во Центарот за комуникации. За подигнување прес акредитација, потребно е да се покаже новинарска/пресс легитимација.Замолуваме новинарските екипи да пристигнат околу 12.30 часот.Во самата сала каде што се одржува Конгресот обезбеден е соодветен простор и потребни приклучоци за камерите, резервирани се места за седење за новинарите за отворениот дел.Дополнително, обезбедена е посебна просторија, Прес – центар која со медиумските легитимации ќе може да се користи за цело време додека трае Конгресот (работен и отворен дел, по потреба, сала К3).Го покануваме Вашиот медиум да го проследи Конгресот.

Македонија | пред 1 година

bo-kuzeska

Кузеска смета дека Мицкоски е најголем виновник за хаосот во Скопје, а не Арсовска

„За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со градоначалничката којашто тие ја промовираа како најголема менаџерка“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ како одговор на новинарско прашање и додава:„Скопјани се жртви на нивната неспособност и меѓусебни пресметки.Истот тој Мицкоски, кој ветуваше модерно Скопје и бесплатен јавен превоз со најголемата менаџерка го слушаме со нови најави за автобуси. Ова е такво поигрување со граѓаните, такво потценување на интелигенцијата на скопјани, што е невидено безобразно.Видовме ветувањата на Мицкоски за автобуси и за бесплатен превоз како завршија, секој ден гледаат и граѓаните и студентите и учениците кои не можат автобус да начекаат. Скопје е во тотален хаос и нефункционалност, воопшто нема автобуси. Колабиран е јавниот превоз, многу е лоша состојбата во ЈСП.Тоа учинкот на Мицкоски во Скопје и неговите ветувања на изборите кои скопјани многу добри ги паметат.Наместо нови лаги со честичката „ќе“ Мицкоски да ја преземе одговорноста, да им се извини на граѓаните и конечно да почне нешто да работи за Скопје и за скопјани“.

Македонија | пред 1 година

269270811_3122456584744255_158385271110718809_n

Запалено возило на претседател во СДСМ, оттаму стигна осуда

„СДСМ најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски“, велат од партијата и додаваат:„Бараме МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого.Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците. Во изминатиот период имаше серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.Мора да има одговорност. Неприфатливо е ова насилство кое почнува да царува низ улиците само заради неспособноста на МВР да ја гарантира безбедноста на граѓаните“.

пред 1 година

Нема фотографија

Со буџетот за 2025 година полициските службеници ќе добијат покачување на платите, реагира ВМРО-ДПМНЕ

„Сите припадници на Министерството за внатрешни работи ќе добијат покачување на платите. Како сектор кој што е до суштинско значење за мирот и безбедноста на државата, со буџетот за 2025 година предвидени се средства за покачување на платите на полицајците во износ од минимум 10%“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.„Исто така, со цел да се направи ефикасна полициска управа која што ќе одговара на потребите на граѓаните, предвидено е зголемувања од 240% на финансиските средства за реформи и модернизација на МВР.ВМРО-ДПМНЕ на власт е посветена во МВР, како и во останатите сектори, да спроведе сериозни реформи и инвестиции со цел враќање на довербата на граѓаните во институции и достоинството на државните службеници, вклучително и полициските службеници.Каде беше Оливер Спасовски скоро девет години министер за внатрешни работи, па да барал покачување на платите на полициските службеници и за нив да обезбеди достојни услови за работа!?СДС ако беа навистина загрижени за припадниците на МВР, пред пет месеци кога беа на власт, ќе предвидеа и најдеа средства за исплата и зголемување на нивните плати.Наместо тоа, СДС со Спасовски на чело на МВР ги деградираа полициските службеници. Во нивно време министерството го ставија во служба и заштита на криминалните групи и го претворија во центар во кој белосвестки криминалци слободно можеа да извадат македонски пасоши“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20%, вели СДСМ

„ДПМНЕ не прифати покачување на платите на полицајците за 20%. СДСМ поднесе амандман за зголемување на платите на полициските службеници и на сите вработени во МВР за 20%, но власта на ДПМНЕ и пратениците од мнозинството го одбија“, велат од СДСМ.„Полицајците се клучна алка за безбедност и сигурност на граѓаните, чувари на редот и мирот. Тие се секогаш во првите редови подготвени да го ризикуваат својот живот за државата и за сите граѓани.Над 25 вооружени инциденти се случија во изминатите неколку месеци што е јасен показател за значењето на полициските службеници за безбедноста и сигурноста на граѓаните.Секаде во регионот има зголемување на платите во безбедносните сили, и тоа во Црна Гора платите се зголемени за 100%, во Србија 45%, во Босна и Херцеговина 40%, Албанија за 20%, Косово за 30 проценти. Само во Македонија не се ценат полицијаците, тие се понижени и деградирани од Тошковски и ДПМНЕ.Власта на Мицкоски нема капацитет и ја влошува безбедноста на граѓаните а покажаа и дека воопшто не им е грижа за стандардот на полицајците ниту за понатамошен развој на Министерството за внатрешни работиНивната цел е само да го партизираат и да го злоупотребуваат МВР во партиски потреби за целосно враќање на МВРО-ВМРО“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

trencevska1

(Видео) Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра

„Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а Владата не презема никакви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари. Има ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец“, изјави Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.„Семејствата сè потешко ги покриваат основните трошоци и се принудени да се откажуваат од потреби кои до вчера беа основни.Ова е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Владата на Мицкоски, која ги игнорира проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно.СДСМ ја изразува својата длабока загриженост за осиромашувањето на народот и неодговорноста на власта, која продолжува да ги става партиските интереси над интересите на граѓаните.Наместо конкретни и итни мерки за справување со ценовниот шок, власта со својата пасивност и неспособност дополнително ја влошува ситуацијата.СДСМ предложи две конкретни законски решенија, клучни мерки кои веднаш ќе донесат олеснување за граѓаните:Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.Но, што прави Мицкоски и неговата влада и мнозинството во Собранието? Со политички инает и без емпатија кон народот, тие ги блокираат овие решенија и одбиваат да ги поддржат.Наместо помош и поддршка, граѓаните не добиваат ништо и влегуваат во уште поголема неизвесност.Не може граѓаните да бидат жртва на партиската ароганција на ДПМНЕ.Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ.Треба да се одговори на потребите на народот, да се одговори на нивните потреби и да преземе одговорност.Време е за акција, време е за вистински мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност!“, соопшти Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

market-pari

Власта да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450 евра, велат од СДСМ

„Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари, што е ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец. Месечната кошничка за основните потреби на граѓаните стана прескапа“, велат од СДСМ.„Ова е резултат на погрешната политика на Мицкоски кој ги игнорира потребите на граѓаните и не презема мерки за заштита на стандардот. СДСМ предложи конкретни законски решенија кои како мерки веднаш ќе донесат олеснување кај граѓаните, намалување на цените и покачување на платите.Бараме власта веднаш да ги прифати решенијата на СДСМ:-Укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле до 2.000 денари месечно.-Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди достоинствена заработка за секој работник.Доста беше политичка ароганција и инает, граѓаните осиромашуваат, време е конкретни мерки кои ќе го подобрат животот на граѓаните и ќе ја вратат економската стабилност“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

bitiki1

(Видео) Битиќи: Поддршката за домашното стопанство не е приоритет на ВМРО-ДПМНЕ

Собраниската комисија за финансирање и буџет го отфрли амандманот, предложен од пратеници од СДСМ за дополнителни 307 милиони денари за поддршка на компаниите преку законот за финансиска поддршка на инвестиции, со што упати јасна порака дека владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за економскиот напредок и ги занемарува домашните компании, кои ја носат економијата на своите плеќи.Пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи претходно во образложение на амандманот истакна дека во време на најголеми економски предизвици, приоритетите на оваа влада се насочени кон се друго, како мебел, автомобили, договорни услуги и тајни кредити, додека реалните потреби на стопанството се занемаруваат.Преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите (ЗФПИ), СДСМ воспостави систем кој конечно ги изедначи условите за домашните и странските инвеститори. Наместо да склучуваме тајни договори „по кафеани“ или зад затворени врати на владини седници, ние воведовме транспарентен и фер систем. Благодарение на овој систем, 919 компании имаа можност да инвестираат околу 500 милиони евра, за што беа поддржани од државата со речиси 100 милиони евра. А тоа резултираше со отворање на 5.000 нови работни места, со достоинствени плати за нашите сограѓани, нагласи Битиќи.Тој истакна дека новата влада со ребалансот на буџетот за 2024 година, наместо да го продолжи трендот на растечка поддршка, која во 2023 година достигна ниво од речиси 37 милиони евра, одлучи да ги скрати средствата на само 17,8 милиони евра.Ова не беше само техничка одлука – тоа беше порака дека поддршката за домашното стопанство не е нивен приоритет. Каде се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ? Сега, со буџетот за 2025 година, ВМРО-ДПМНЕ предвидува 38,6 милиони евра за ЗФПИ – бројка која, иако е подобра од минатогодишната, сепак не го достигнува нивото кое го поставивме ние. И тука се поставуваат прашања: што ги предомисли? Дали тоа е несигурноста околу унгарскиот кредит, кој се чини дека е голема непознаница и за нив? Или можеби тоа е резултат на неуспешните обиди за притисок врз банкарскиот сектор да ги сноси трошоците за овој кредит? А можеби ова е само маневар за создавање „резервоар“ на пари кои ќе бидат пренасочени на првиот ребаланс кон непродуктивни удобности?, рече пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 1 година

market-pari

СДСМ: Синдикалната кошничка порасна за 772 денари - граѓаните плаќаат за неспособноста на владата

„Синдикалната кошничка за месец ноември 2024 година достигна шокантни 62.021 денари, со зголемување од 772 денари во однос на претходниот месец. Овој раст е само уште еден показател дека погрешните, инаетливи политики на владата предводена од Мицкоски ги притискаат граѓаните до работ на економска издржливост“, соопшти СДСМ.„Цените на храната и основните производи секојдневно растат, додека платите стагнираат, а мерки од Владата нема. Граѓаните сè потешко ги покриваат основните трошоци. Семејствата се принудени да се откажуваат од потребите кои до вчера беа основни. Ова не е живот достоен за човек. Ова е резултат на неспособноста на владата и игнорирањето на проблемите со кои граѓаните секојдневно се соочуваат.СДСМ ја изразува својата длабока загриженост за осиромашувањето на народот и за неодговорноста на власта која продолжува да ги става партиските интереси над потребите на граѓаните. Владата на Мицкоски не само што не презема конкретни мерки за намалување на ценовниот шок, туку со својата пасивност и неспособност дополнително ја влошува ситуацијата.СДСМ веќе предложи две конкретни и ефикасни мерки кои можат веднаш да донесат вистинска помош за граѓаните:Укинување на ДДВ на основните прехранбени производи, со што семејствата би заштедиле 2.000 денари месечно.Зголемување на минималната плата на 450 евра, што ќе обезбеди минимално достоинство за работниците.Но, што прави Мицкоски и неговата влада? Со политички инает и недостиг на емпатија кон сопствениот народ, тие ги блокираат овие решенија и одбиваат да ги поддржат. Наместо вистинска поддршка за граѓаните, гледаме само празни ветувања и одложувања, додека реалниот живот станува сè потежок.СДСМ останува посветен на борбата за заштита на стандардот на граѓаните. Ние нема да дозволиме народот да биде жртва на партиската ароганција на ДПМНЕ. Народот заслужува влада која е на нивна страна, која ќе го слушне нивниот крик за помош и ќе преземе одговорност. Време е за акција, време е за мерки кои ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе ја вратат надежта во економската стабилност!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

izet-medziti-1-im

Кого лаже Изет Меџити, парите за гасификација се преполовени, велат од СДСМ

„Додека граѓаните се гушат во загадениот воздух, Мицкоски и Меџити не само што не преземаат ништо, туку упорно го лажат народот. Денеска Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина, се обиде да го убеди народот дека гасификацијата е решение за аерозагадувањето. Но вистината е сосема поинаква. Наместо да инвестира во гасификација, владата ги преполови средствата за овој проект во Буџетот за 2025 година“, велат од СДСМ.„Дури и кога зборуваат за други решенија, како што е когенеративната гасна централа, лагите продолжуваат. Само пред неколку дена, Мицкоски тврдеше дека оваа централа е решение за енергетската и еколошката криза. Но каде се тие пари во буџетот? Нема ни денар. Нема средства, нема план, нема никаква стратегија за намалување на загадувањето.Состојбата е уште полоша ако се погледне фактот дека повеќето од мониторинг-станиците за мерење на квалитетот на воздухот не функционираат. Од 29 инструменти, повеќето се надвор од употреба, а средствата за нивно одржување ги нема. Ако власта не може ниту да го мери загадувањето, како ќе се бори против него?И тука не застануваат. Депонијата „Дрисла“, која е главен извор на загадување за цело Скопје, останува заборавена. Нема средства за нејзино подобрување, ниту за воспоставување модерен систем за управување со отпадот. Наместо тоа, секојдневно гледаме неорганизираност, негрижа и неспособност.Ова е алармантно. Наместо да преземат конкретни мерки за спас на животната средина, власта на Мицкоски и градоначалниците на ДПМНЕ се зафатени со лажење на народот и празни ветувања. Секој ден кој тие го поминуваат во неактивност е ден во кој граѓаните го плаќаат со своето здравје.Ете толку е негрижата на власта на ДПМНЕ за здравјето и животите на луѓето. За нив, граѓаните се само бројка, а нивните лаги и празни зборови немаат граници.Но ние, од СДСМ, нема да дозволиме оваа состојба да продолжи. Време е за вистински мерки, за акција, за решенија кои ќе го спасат животот на нашите деца. Време е за власта да сноси одговорност!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

tutun20prilep-2

(Видео) Николовски: Откупните цени на тутунот се пониски од ланските, СДСМ поднесе закон за 100 денари линеарна субвенција

Откупните цени на тутунот оваа година се пониски од ланските и токму затоа пратеничката група на СДСМ достави законско решение за 100 денари линеарна субвенција за тутунарите за сите класи, рече пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски во одговор на новинарско прашање.- Ако минатата година добиле по 460 денари по килограм оваа година просекот ќе биде околу 350 денари по килограм. Токму затоа пратеничката група на СДСМ достави предлог законско решение со коешто бараме линеарно за секој откупен килограм тутун а производителите да добијат субвенција се со цел да ги минат предизвиците којшто ги имаа во текот на оваа година заради тоа што има и намалено производство но и нема зголемување на откупната цена како што беше ветено од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од актуелната влада. Тоа значи дека тутунопроизводителите се изманипулирани дека не се цени нивниот труд и дека нема конкретни мерки за поддршка којшто воопшто не ги гледаме ниту во предлог буџетот за 2025 г. Денеска гледаме дека нема зголемена откупна цена дека имаме процена на тутунот по класи каде што ќе имаме и пониски откупни цени за одредени категории на тутун имаме и пониска, односно намалена субвенција, што значи намален доход и приход на земјоделците. Токму затоа сметаме дека она што минимум треба да го направиме е 100 денари линеарна субвенција за секој еден откупен тутун кон сите тутунопроизводители, рече Николовски.Тој потсети на мерките на СДСМ кои придонесоа за рекордно највисоки откупни цени на тутунот минатата година но и на манипулациите на актуелната власт и министерот Трипуновски.- СДСМ минатата година ја зголеми субвенцијата на 100 денари по килограм на откупен тутун. Минатат година актуелниот министер за земјоделство ветуваше дека и откупната цена на тутунот по килограм треба да биде 600 денари, 560 денари итн. притоа заборавајќи дека тутунопроизводителите многу добро се сеќаваат на времето во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ кога откупната цена беше и 120 и 130 денар. Со заеднички разговори, со мудри политики и со многу работа успеавме да се зголемуваат субвенциите и тие да достигнат 100 денари по килограм за откупен тутун, но и да се зголемува откупната цена на тутунот. Така што минатата година просечната откупна цена беше 360 денари, а дополнителната субвенција беше 100 денари што значи околу 460 денари по килограм за секој откупен тутун и за секој тутунопроизводител. Што е тоа што го имаме како ветување и слика оваа година којашто е особено тешка за тутунопроизводителите. Имаме намалување на субвенцијата од 100 на 80 денари, имаме договорена на некој начин цена од околу 370 денари меѓутоа за прва класа и процена на тутунот по класи, што значи ако земеме во просек дека најголем дел од производството е втора класа ќе биде значајно понизок откупот, односно над 300 денари ќе биде втора класа. На втора класа се воведуваат субвенции од 70 денари што значи дека многу далеку се тутунопроизводителите од достигнување на приходот којшто го имале минатата година. Ако минатата година добиле по 460 денари по килограм оваа година просекот ќе биде околу 350 денари по килограм, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски.

Македонија | пред 1 година

bochvarski1

(Видео) Бочварски: Не еден туку двата коридори се важни, власта да ја продолжи градбата на Коридор 10

„Наш врвен стратешки интерес на политички план треба да биде интеграција во меѓународните институции и сојузи, а на економски план, развој на инфраструктурното поврзување со регионот, олеснување на трговијата и транспортот, со други зборови Македонија треба да биде вистинска крстосница на регионот. Добро е што конечно Вмро-Дпмне се сети дека на Македонија и се потребни изградени, модернизирани и функционални коридори кои ќе не постават централно како неизбежна транспортна рута во регионот. Но, тие и денес ја прават грешката кога велат дека едни проекти се поважни, а други се помалку важни, или дека едниот коридор е поважен од другиот“, рече Благој Бочварски - пратеник на СДСМ.„Ставот на СДСМ е јасен, наш најважен стратешки интерес е да работиме и на двата коридори, без задршка, без застој.Нема и не смее да има или -или туку само и единствено и - и. И коридор 10 и Коридор 8. СДСМ ја повикува Владата, да не се занимава со најразлични теории на заговор, за реализација на инфраструктурни проекти во други држави. Ако новата Влада сака да продолжи да не позиционира така како што заслужуваме, потребно е да ги продолжи проектите на претходната влада на СДСМ. Нема никаква потреба да се занимава со паралелни коридори во други соседни држави кои де факто постојат, бидејќи сите ние многу добро знаеме кои се приоритетите на останатите држави од регионот. Коридорот 4 кој поминува низ Романија и Бугарија во правец север – југ, не може да биде подобра алтернарива од нашиот коридор 10, затоа што десетката е пократка рута Север - Југ, од Салзбург - преку Словенија, Хрватска, Србија, Македонија па се до пристаништата во Солун и Атина.И да бидеме на чисто, ниту ние можеме да им го одземеме Коридор 4 на Бугарија, ниту пак тие можат да ни го одземат Коридор 10. Од друга страна, истите тие држави можат да прават што мислат дека е важно за нив, а нашиот приоритет треба да биде доизградба на коридор 8 за што потпишавме меморандум со Бугарија и Албанија, а со тоа сите три држави го покажаа својот интерес и секако продолжување на иницијативата за брза пруга Скопје- Белград за која владата на СДСМ ги започна разговорите со Република Србија.Токму затоа, кога Вмро-Дпмне од опозиција во Собранието блокираше закони за брза изградба на Коридорите, понатаму блокираше закони за грантови, неповратни средства од Светска банка, за завршување на проектот експресен пат Ранковце-Крива Паланка дел од коридорот 8, СДСМ и тогаш укажуваше на штетните политики на опозицијата. Единствено доколку останеме надвор од ЕУ на долг рок, со поминување граници за секој вид на транспорт на 150 или 200 километри, тогаш ризикуваме да стагнира интензитетот на транспортот низ Македонија.Од овде на сите ни е јасно зошто е важно без одлагање, интеграција во ЕУ. Од друга страна, не смееме да запреме со модернизацијата на Коридор 10, исто како што не смееме да запреме со изградбата и модернизацијата на Коридор 8, бидејќи ако зборуваме за паралелни иницијативи од соседството јас би споменал само уште една, за поврзување на Албанија, Косово и Србија со Бугарија преку Приштина, Ниш и Софија, што де факто би значело заобиколување на Македонија. Затоа со единствена цел, да не го пропуштиме чекорот со соседите и да не заостанеме, СДСМ во претходниот мандат донесе нов модел на паралелно проектирање и градење кое веќе се применува и ги дава посакуваните резултати за побрзо градење на стратешките проекти од национално значење.Уште еднаш како политичка партија апелираме до Владата дека СДСМ во опозиција за разлика од Вмро во опозиција, ќе даде поддршка за реализација на сите значајни стратешки проекти кои економски ќе ја зајакнат државата и ќе и дадат шанса за посилен раст и развој.Тие проекти се повеќегодишни и нивната реализација многу често го надминува мандатот на една влада. Затоа е важно да не се прават ретроградни процеси и блокади, напротив да се обврзат сите политички гарнитури за завршување на овие проекти кои час поскоро ќе ја реализираат нашата стратешка обврска, Македонија крстосница во регионот“, изјави Благој Бочварски - пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Ljupco1

(Видео) Николовски: Во Буџетот има помалку пари за земјоделците за 15% и 10 пати помалку пари за рурален развој

„Пред нас е Предлог Буџет за 2025 година тежок 6,5 милијарди евра, но со скратени средствата за земјоделство и земјоделците, што негативно ќе влијае на прозиводството на храна и приходите на земјоделците. Вкупниот Буџет за земјоделство, шумарство, лов и риболов за 2025 година е намален за 15%“, рече Љупчо Николовски од СДСМ.„Или подетално: За 10 пати е скратена сумата предвидена за Програмата за рурален развој. Со тоа директно се крати на поддршката за инвестиции во земјоделска механизација, набавка на добиток, модернизација на земјоделски објекти, промоција на македонските производи, инвестиции во општините.Одиме понатаму, помалку пари или воопшто не се предвидени средства за новите програми за инвестиции за малите регистрирани производители на храна и пијалоци.Владата на СДСМ со правилни политики ја направи Северна Македонија лидер во искористеност на ИПАРД Програмата. Но, ВМРО ДПМНЕ очигледно не ја сфаќа важноста на европските фондови за развојот на македонското земјоделство.Во 2025 година Програмата за кофинансирање на проекти од ИПАРД 3 е намалена е за 14.5 %.Помалку средства или за 30 % е намалена сумата за инвестиции за Програмата за изградба на системи за наводнување. Тоа значи дека земјоделците ќе бидат оставени без современи системи за наводнување, што директно ќе влијае врз нарушување на квантитетот и квалитетот на земјоделското производство.И покрај предизборните ветувања за повисоки субвенции, за следната година нема раст субвенциите и тие се на исто или помало ниво.Да заклучам, во Буџетот за 2025 нема ниту една нова политика или програма, се што е планирано е проект на Владата на СДСМ. Значи сега кога власта има отсуство на идеи, нашите политики се добри.Дополнително, во предлог Буџетот за 2025 година Владата не ги зема предвид потребите на земјоделците за дополнителни субвенции за тутунаите, производителите на јаболка и оризопроизводтелите кои се соочуваат со ниски откупни цни. Очигледно за власта поважна е набавката на луксузни возила и скап мебел,отколку егзистенцијата на земјоделците и вреднувањето на нивниот труд.Земјоделството е еден од двигателите на нашата економија. Кризите со кои се соочивме изминатите години,покажаа колку е важно да имаме домашна храна и затоа овој сектор заслужува посебен фокус.Затоа, СДСМ со амандмански предлози и законски решенија ќе ги брани инетересите на земјоделците.Со дел од амандманите предвидуваме 700.000.000 денари за поддршка на младите земјоделци и зголемување на поддршката за Програмата за рурален развој.Како одговорна партија која вистински го цени трудот на земјоделците, во парламентарната расправа ќе се бориме за повисока финансиска поддршка за земјоделците и повиски откупни цени, ќе нудиме предлози кои се применуваа и изминатите 7 години, а кои треба да бидат пример како една влада треба да се грижи за земјоделците и да биде рамо до рамо со нив“, изјави Љупчо Николовски од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

skopje-zagaden-vozduh-magla-5

СДСМ: Загаден е воздухот во сите градови, а ДПМНЕ го намали буџетот за 51%

„Последните податоци покажуваат дека во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот е голема, присуството на ПМ10 честичките се двојно и тројно зголемени. Не само во Скопје, високи концентрации на ПМ10 честитчки се регистриани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарди, Куманово, Охрид, Гостивар“, соопшти СДСМ.„Аерозагадувањето е високо, граѓаните се гушат, а ниту власта на ДПМНЕ ниту градоначалниците од оваа партија не превземаат некакви мерки.Дополнително, во Буџетот 2025 власта ги намали парите за чист воздух за 51%, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.Ова значи дека власта на Мицкоски нема намера ништо да преземе за да ги заштити граѓаните.Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, започна тренд на посетепено намалување на загадувањето.Со Планот се направи промена на нееколошкиот начин на загревање на градинките, училиштате, јавните објекти и се презедоа сет на повеќе мерки. Со тоа започна на годишно ниво да има намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg како и намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно.Затоа власта на ДПМНЕ требаше да продолжи и да ги засили мерките, за постепеното намалување на концентрациите на штетни честитчки во воздухот да продолжи.Борбата за чист воздух е процес кој бара посветеност, знање и конркетни мерки но очигледно тоа не е приоритет за Мицкоски и ДПМНЕ“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

04042020_Sekerinska_Cestitka_1

ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска одлучија да останат заглавени во сопствената малодушност и да молчат за успехот на Шекеринска, велат од СДСМ

„Додека цела Македонија и Балканот гордо го слават историскиот успех на Радмила Шекеринска, која како прва од нашиот регион е избрана за заменик генерален секретар на НАТО, ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска одлучија да останат заглавени во сопствената малодушност“, соопшти СДСМ.„Наместо да честитаат за успехот на една Македонка која го подигна меѓународниот углед на државата, ВМРО-ДПМНЕ молчи како што молчи кога треба да покаже визија, идеја или барем минимална политичка пристојност.Радмила Шекеринска не само што ја водеше нашата држава кон НАТО, туку и ја зацврсти безбедноста и стабилноста на Македонија. Нејзиниот избор е признание не само за неа, туку за секој Македонец кој верува дека можеме да бидеме дел од најголемите светски институции.Но, што може да се очекува од ВМРО-ДПМНЕ? Од истата партија која се противеше на НАТО, која шуруваше со антизападни агенди и која, очигледно, не може да поднесе дека успехот не е нивен. Наместо честитка, од нив добивме тишина. И таа тишина зборува гласно – за нивната љубомора, за нивниот страв од секој што е поголем од нивната ситна политика.Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ вчера пропуштија шанса да покажат дека се на висината на државничките обврски. Наместо тоа, избраа да бидат „мали“ во момент кога Македонија е голема. Па, ако не можете да честитате, барем учете од СДСМ, од сите нас кои знаеме што значи вистинска визија за иднината“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања