„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

sdsm-koalicija

Тошковски е неспособен за функцијата, му избега или го пушти Блерим Рамадани?, прашува СДСМ

„Панче Тошковски е големо разочарување на позицијата Министер за внатрешни работи. Откако е дојден на оваа функција веќе повеќе од шест месеци, државата е претворена во Хотел Промаја, а криминлаците бегаат како ќе им текне“, вели СДСМ и додава:Вчерашното бегство на Блерим Рамадани, човек баран со меѓународна потерница е уште еден во низата настани кои потврдуваат дека МВР под Тошковски нема контрола над државата. Прашуваме како е можно да се дозволи бегство на затвореник баран со меѓунардона потерница? Дали дозволи да избега или е крајно неспособен да зачува криминален кој е меѓународно баран? Тошковски исто не одговори, како е можно само пред неколку дена други десет затвореници да избегаат од Шутка?Во текот на вчерашниот ден се сподели и видео на социјалните мрежи каде во сред бел ден се врши грабеж во центарот на Скопје а МВР нема информација дали го лоцирала сторителот. Се случија шест убиства и обиди за убиства за кои нема разрешница освен за едно. Државата за шест месеци со Тошковски на чело на МВР се претвори во Див Запад и нема никаква одговорност. Тошковски треба да е доблесен и да си замине од функцијата.

Македонија | пред 1 година

pandov

Десет затвореници избегале од затвор во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени, бара СДСМ

„Дури десет затвореници избегале од затворот во Шутка. Власта се обиде да ја сокрие информацијата од јавноста, но не успеа во намерата“, вели СДСМ и додава:Неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски се евидентни на секој чекор.Каде е сега Пандов да одржи прес конференција и да каже како се случи да му побегнат 10 затвореници и да понесе одговорност за пропустите?Ова е уште една потврда дека Христијан Мицкоски намести несоодветни, непрофесионални кадри на директорските места само по партиски клуч.Најмалку што треба да направи Мицкоски е да ги разреши неспособните директори, Александар Пандов и Бобан Утковски.

Македонија | пред 1 година

Venko-Filipce-intervju-1

СДСМ: Стравот од Венко Филипче кај ВМРО-ДПМНЕ е голем, Владата разочарува во секој поглед

„Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот Венко Филипче. По катастрофалните политики и скандали кои се нижат, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја губат поддршката од ден во ден. Мицкоски треба да знае дека неговата пропаганда е прочитана како буквар и нема да ги препокрие скандалите на неговата Влада“, вели СДСМ и додава:Методите на постојани прес конференции и заплашување на граѓаните се поразија уште пред речиси десет години. Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ за да го одвлече вниманието од сопствената глупост, само го потврдува широко распространетото мислење дека ова е најлошата Влада која Македонија ја имала од осамостојувањето.Наместо ВМРО-ДПМНЕ да глуми таблоид кој сее шпекулации и апелира, повелете докажете си ги сите обвинувања.Кога владеачка партија која има двотретинско мнозинство само апелира наместо да делува, тоа само ја потврдува нејзината неспособност.Престанете да глумите опозиција, фатете се за работа граѓаните веќе ја препознаваат измамата.

пред 1 година

Нема фотографија

Делегации на СДСМ оддадоа почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак

Делегации на СДСМ денеска положија цвеќе на споменикот "Карпалак" во Прилеп и спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддадоа почит на Горан Миновски, Сашо Китаноски, Веби Рушитоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и на Дарко Велјаноски, армиските резревисти кои на 8 август 2001 година беа убиени кај месноста Карпалак.Вечна им слава!

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Филипче до Гир: Се сомневам во намерите на Владата воопшто да го продолжи европскиот пат

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, денеска оствари средба со Дејвид Гир чиј мандат како амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија завршува.Филипче и Гир разговараа за теми поврзани со досегашниот мандат на евроамбасадорот и случувањата во земјата. Во разговорот, Филипче истакна дека е загрижен за насоката во која новата Влада ја води земјата, особено за иднината на евроинтеграциските процеси.„Загрижен сум дека политиките на новата Влада може да предизвикаат трајно блокирање на евроинтеграциските процеси. Владата на ВМРО-ДПМНЕ во само неколку недели целосно ги наруши позициите на Северна Македонија, отворајќи веќе затворени спорови со што шансите за продолжување на евроинтеграциите драматично се влошија“, истакна Филипче на средбата со Гир.Претседателот на СДСМ пред евроамбасадорот го истакна и неговиот сомнеж околу намерите на Владата воопшто да го продолжи стратешкиот правец кон ЕУ и потенцираше дека уште на почетокот на работата на новата Влада земјата има нејасната иднина.Во таа насока, Филипче го информираше Гир дека СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи и јасни перспективи.„Европската интеграција е стратешка цел на државата и СДСМ ќе продолжи да се залага за негување демократските вредности и заштитата на националните интереси. СДСМ како опозиција ќе се залага за реформи од страна на сите чинители во македонското општество. Напредокот во интеграцијата на нашата држава позитивно ќе се одрази на регионалната соработка, стабилноста и напредокот на земјата“, рече Филипче.Филипче му се заблагодари на Гир за неговата посветеност и работа во земјава ангажирајќи се како вистински пријател на Северна Македонија кој даде голема поддршка во остварување на државните стратешки цели.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

Ограбена држава - 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, за СДС и ДУИ било важно само да тендерираат, вели Петрушевски

„Ограбена држава - 560 милиони евра за пруга кон Бугарија и тунел кој нема излез, предвидела претходната влада на СДС и ДУИ, за кои не е важно што нема економска оправданост, затоа што им важно само да тендерираат“, вели Бране Петрушевски пратеник во Собранието и додава:Македонија е оставена на цедило, со големи проблени, ограбена и со неплански проекти. Не одговорен е пристапот на претходната власт да се трошат 560 милиони евра за третата делница од пругата кон Бугарија долга 24 километри. Да, за 24 километри власта на СДС и ДУИ сакаше да потроши 560 милиони евра.Дали е оправдано? Секако дека не! Километар пруга според математиките на претходната власт би чинел над 23 милиони евра.Цената на чинење е само еден од проблемите. Пругата од 24 километри, треба да има 22 тунели, од кои последниот нема излез. Да, СДС и ДУИ предвиделе пругата кон Бугарија да завршува во тунел кој нема излез, затоа што од бугарска страна нема ниту проект за истата.Економски неоправдано е да се фрлат 560 милиони евра за пруга која завршува во тунел без крај.560 милиони евра, можат да се потрошат на модернизација на пругата од Табановце до Богородица и истата да може да се користи од возови кои би се движеле до 120 километри на час, а би чинела 250 милиони евра, односно на половина од тоа што СДС и ДУИ планирале за 22 километри пруга со тунел без крај“.

Македонија | пред 1 година

aerod-haos

СДСМ го обвини МВР дека лаже: Скандалот на аеродромот не смее да биде забошотен, ги имаме сите информации

„СДСМ очекува во најкус рок МВР и внатрешна контрола да излезат со детална информација во јавноста што точно се случило на скопскиот аердром во инцидентот со косовската Претседсателка. МВР мора да информира каква била улогата на лица од обезбедувањето на Претседателот на Собранието Африм Гаши и согласно законите да поведе постапки против оние кои ги прекршиле овласувањата. Доколку ова не го направи, тоа ќе биде јасна потврда дека се кријат фактите со цел да се заштитат меѓукоалициските односи“ велат од СДСМ и додаваат:СДСМ располага со целосни информации за тоа што точно се случило и доколку МВР се обиде да ги филува фактите, се ќе биде објавено. Истрагата за овој случај не треба да претставува никаков проблем за МВР и Обвинителството бидејќи аеродромот е под целосен видео надзор и без проблем може да утврдат сите детали.Во целата оваа скандалозна и конфузна ситуација ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски молчат. Додека беа во опозиција хистеријата која ја креваа беше неподнослива, но сега се скриени во глувчешка дупка и се надеваат дека кризата ќе ги одмине. МВР наместо транпарентно да информира веднаш по настанот кој се случил утрото, чекаше медиумите да ја откирјат приказната за да пушти штуро соопштение за јавност. Ваквата нетранспарентност јасно сугерира дека идејата е да се стават работите под тепих.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

Срамно е да има три верзии од скандалот на аеродромот, некој ја прикрива вистинската верзија, велат од СДСМ

„Јавноста е во целосна конфузија по вчерашниот инцидент со претседателката на Косово, Вјоса Османи откако сите страни излегоа со своја верзија на настанот. Прашуваме, дали се прикрива вистинската верзија за тоа што се случило и од кои причини?“, велат од СДСМ и додаваат:Додека Косово го окарактеризира настанот како „дипломатски скандал“, јавноста не беше удостоена ниту со прес конференција на МВР за да се разбере што се случило. Вистина ли е дека лице од обезбеувањето на Гаши се заканувало со огнено оружје на вработени на ТАВ и каква била неговата улога? Дали ова во детали ќе го истражи и соопшто МВР или ќе се обиде да го забошоти случајот? Повеќе пд очигледно е дека некој се обидува да ставу одредени факти под тепих. СДСМ бара целосно расчистување на настанот и транспарентно соопштување од страна на МВР.Како и за повеќе други ситуации, во овој краток мандат на Владата, граѓаните не знаат што се случува и која е вистината. Ние гледаме секојдневно спротивни информации на многу теми и тоа директно од највисоките претставници на власта. Муцунски зборува едно за кредитот за пругата кон Бугарија, Николовски друго.Мицкоски вика дека ќе најде начин да се намалат платите на функционерите, министереката за фиансии дека ќе си оди ако и се намали платите. Албанските партии во власта се со сосема различни тврдења од ВМРО-ДПМНЕ по сите прашања од нивни интерес, без разлика дали е тоа албанска МАНУ или балансерот. Оваа Влада е многу нечесна спрема граѓаните и повеќе од јасно е дека вистината тешко ќе се дознава.

пред 1 година

Screenshot-2024-08-02-at-08.42.49

Шилегов до Зечевиќ: Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот

Екс градиначалник на Скопје и виден функционер на СДСМ Петре Шилегов, ја продолжува расправијата со генералниот секретар на СДСМ во оставка, Миле Зечевиќ Вардарски.На ФБ напиша:,,Годинава вардарскиот во Паљури го јава коњот ….Без падобрани. Паднат од небо !!!Ех моја СДСМ …”Препукувањата се по катастрофалниот пораз на изборите на СДСМ на изборите, за што членството вината ја лоцира кај раководството, меѓу нив и Зечевиќ.Зечевиќ минатата година јаваше со коњ на Илинден, во Крушево, што сопартијците го критикуваа.

Коментари | пред 1 година

011-6

Спасовски: Затајува координацијата на институтициите за справување со пожарите

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски, во емисијата „Вести плус“ на канал 5 телевизија во врска со интензивните пожари кои пустошат во државата истакна дека координацијата на институциите затајува, а ситуацијата бара далеку подинамичен пристап.-Затајува координацијата. Апелирам во овој период за енергична акција. И за пронаоѓање на било какви сторители или оние што палат. Институциите треба да работат, да се преземаат најстроги мерки за секој што ќе се отркие да подметнува пожар, заради тоа што најмногу страда државата, се загрозува и здравјето и безбедноста на граѓаните, рече Спасовски.Тој ги демантираше лагите дека досега не се вложувало ништо во справувањето со пожарите посочувајќи дека СДСМ ги опреми хеликоптерите за да може да се гасат пожари.-Нека каже било кој дали постоеле хеликоптери и персонал. Немало. МВР немаше подготвено ниту еден воздухоплов, ниту еден хеликоптер, којшто беше опремен за гасење пожари, ниту имаше обука за полициски службеници за гасење пожари. Во 2022 година МВР од сопствен буџет опреми три хеликоптери со најсовремена опрема и го обучи персоналот, заедно со колегите од Словенија, преку заеднички проект и денеска тие се една од најмобилните единици за гасење пожари, нагласи Спасовски.Во врска со ребалансот на буџетот Спасовски ја посочи разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.-СДСМ не поднесуваше илјадници амандмани, со кои ќе се одолговлече постапката за донесување на ребалансот, тоа е разликата меѓу нас и сегашната власт. Тие кога беа во опозиција поднесуваа амандмани само за да може да се одолговлекува целиот процес. СДСМ поднесе амандмани за поголеми плати, за награди за пожарникарите, полицајците, војниците, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ Оливер Спасовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4831

Филипче ќе го предводи СДСМ на Илинден

Ве известуваме дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, утре, 2 Август 2024 година ќе ја предводи партиската делегација на одбележувањето на Денот на Републиката во Скопје.По повод големиот празник, 2-ри август, Илинден, претседателот Филипче, придружуван од пратеничката Даниела Николова и претседателот на општинската организација на СДСМ и градоначалник на Центар, Горан Герасимовски, ќе оддаде почит и ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто на плоштадот Македонија, пред споменикот на АСНОМ во паркот Жена Борец, пред споменикот на Никола Карев пред македонското Собрание.Во 09.45 часот претседателот Венко Филипче ќе даде изјава за медиуми пред зградата на Собранието на Република Северна Македонија.Го покануваме Вашиот медиум да го проследи настанот.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Единствена партија која намерно креира лажни вести е ВМРО-ДПМНЕ, обвинува СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која намерно и со план во континуитет креира лажни вести. СДСМ од друга страна одржа лекција како се постапува во случај на ненамерна грешка или превид. Сите досегашни информации кои ги објави СДСМ се точни во целост, а ВМРО-ДПМНЕ немаше одговор на ниту една. ВМРО-ДПМНЕ криеше и спинуваше додека конечно не мораа да признаат.Такви се случаевите со луксузните карти и фамилијарните патувања на Мицкоски за САД кои ги криеше како змија нозете, таков е скандалот со министерката Божиновска која исчезна од јавноста откако СДСМ објави дека преку својата компанија должела милион евра на МЕПСО, таков е и скандалот со Игор Јанушев кој на поклон си добил стан од 320.000 евра. Скандалите на ВМРО-ДПМНЕ се нижат од ден во ден и СДСМ ќе продолжи да ги објавува“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Направивме превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО за што јавно се извинуваме

,,Денеска во одговор на новинарско прашање СДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО.Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО.СДСМ како одговорна и принципиелна партија упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО но и до целата јавност.”, соопштија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Синот на Ѓорѓе Иванов, сопругата на Бетмен ќе прават на надзор во МЕПСО, груба партизација на ВМРО-ДПМНЕ на институцијата

,,Одговор: Скандалозни се најновите одлуки со кои Владата изврши целосна партизација на МЕПСО со некомптентни луѓе кои немаат допирна точка со енергетиката, но се роднински поврзани со луѓе од Владата.Прв и најскандалозен избор е изборот на синот екс претседателот Ѓорѓе Иванов, Иван Иванов, за член на надзорниот одбор на МЕПСО.Тој е дипломиран политиколог и нема никаква допирна точка со она што ќе треба да го работи.Понатаму, во МЕПСО е згрижена и сопругата на главниот ТВ водител и пропагандист на ВМРО-ДПМНЕ Богдан Илиевски, Анастасија. Човекот кој жолчно ги брани секојдневно политиките на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше водач на насилните протест на 27 април, сега конечно наплатува за своето слепо слугување на партијата.Понатаму, со назначувањето на првиот братучед на Изет Меџити, Бурим Љатифи за директор на МЕПСО, имаме целосен непотизам за што бараме институциите итно да реагираат.ВМРО-ДПМНЕ продолжува со грубата партизација со целосно некомпетентни кадри на значајни позиции. Јавноста уште не може да поверува дека на замечничко министерско место во МВР има човек со фискултурно образование а сега во енергетиката се поставуваат политиколози.Ова се најлошите кадровски решенија на било која Влада во минатото и од овие луѓе може да се очекува само да и служат на партијата, никако на граѓаните.”, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: Поради целосно потфрлање со пожарите, Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи

,,Состојбата со пожарите низ Македонија е алармантна и загрижувачка. Изгорени се над 130 километри квадратни, активни се уште многу пожари и зафатена е огромна површина од над 20.000 хектари.Владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со огнената стихија.Граѓаните од терен посочуваат дека пожарникарите навреме делуваат и силно се борат со огинот, но во исто време забележуваат на спора реакција на воздухопловите и доцнење со часови.Лошата координација со воздухопловите и нивното доцнење со часови се посочува како најслаба алка во делот на справувањето со пожарите во изминатите денови.Го нема ниту најавеното засилено присуство на полицијата на теренот како дел од превентивните мерки.Повеќе од 10 дена гори пожарот во Македонски Брод, селата Тажево и Брезница се под закана. Информациите од терен потврдуваат дека пожарникари има постојано но нема соодветна воздушна поддршка.Постојат индиции дека дел од пожарите можеби се и подметнати. Но досега нема никакви информации од МВР. Зошто никој не е приведен? Зошто ниту еден случај не е расчистен?Тошковски покажа неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи.Бараме итно Мицкоски да го смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи.Само директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е постојано на терен и очигледно е дека дава се од себе. Но, Тошковски и Мицкоски зошто ги нема?Мицкоски мора да разбере колкава одговорност носи и мора да преземе нешто а не да спие, да се појави на терен, да ја подобри координацијата на воздухопловите и ефикасноста на институциите, побрзо да реагираат.”, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања