„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

Screenshot-2024-01-25-at-18.24.06

Спасовски: СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, за гасењето пожари

СДСМ поднесе амандман за награда на пожарникарите, полицајците, војниците, и сите кои учествуваа во гасењето пожари. Се наоѓаме во период на сериозни пожари во државата, а се вклучени противпожарните бригади, полициски службеници и армиски припадници, и затоа е потребно е да им се дадат соодветни награди на сите кои учествуваат во гаснењето на пожарите. Сега треба да имаме заеднички пристап кон оваа ситуација, и тука не треба ниту да полемизираме, ниту пак да ја злоупотребуваме ситуацијата за политички цели, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната расправа на комисијата за носење на буџет.- Сега кога имаме прогласено кризна состојба во државата, а сè уште беснеат пожарите, само вчера имавме пожари на 12 населени места, а ја имаме за жал и првата жртва, она што треба да го направиме како Собрание, е да помогнеме. Ние како пратеничка група на СДСМ, стоиме на располагање, за што и да треба дополнително, за ефикасна борба со пожарите, рече Спасовски.Тој потенцираше и дека пратеничката група на СДСМ има поднесено и законски текст кој се однесува на посебните права на припадниците на безбедносните сили, закон за оштета на сите припадници на безбедносните сили, загинатите припадници, на нивните семејства, кои во 2001 година го загубија својот живот.- Но ова се однесува и на сите оние кои подоцна го загубиле животот, како припадниците на МВР и припадниците на одбраната, и во кумановските настани, како и во хеликоптерските несреќи кај Блаце, и кај Струмица.Со закон за изменувања на права на припадниците на безбедносните сили да се обезбедат финансиски средства за да ги исплатиме сите овие семејства, нивните наследници и на овој начин да се затвори ова прашање кое подолго стои во македонското општество“, рече Спасовски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Уште еден запален автобус на ЈСП, ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје

,,Денеска повторно се запалил авотобус. Пред само една недела гореше двокатен автобус на ЈСП.ЈСП буквално се распаѓа. Запалени автобуси, несреќи, неисправни автобуси, гужви среде лето поради недоволен број.Граѓаните на Скопје буквално мака мачат со градскиот превоз и со бројните проблеми кои ја загрозуваат дури и нивната безбедност.ВМРО-ДПМНЕ создаде хаос во Скопје, тие се најголемие виновници за катастрофата која што му се случува на ЈСП и на целиот град.Каде се 250 нови автобуси кои Мицкоски ги ветуваше? Ги нема заради тоа што пропаднаа бизнис зделките со Арсовска?Само за свој политички интерес ВМРО-ДПМНЕ ги става скопјани во ризик и бездушно ги остава да се мачат секој ден.Тоа што автобусите гледаме дека се расипуваат и палат се исто така одговорност на ВМРО-ДПМНЕ и нивните пулени Игор Јанушев и Коце Трајановски кои ги набавуваа.Сега истиот Јанушев, кој беше осуден за криминалната набавка со автобусите, зад кого има скандали со поклонет имот, Мицкоски го стави втор човек во Владата.Граѓаните за Мицкоски се на последно место, очигледно го интересираат само зделиките.Неспособност, скандали и катастрофално владеење е одлика на оваа влада на ВМРО-ДПМНЕ која е полоша и од претходната на Груевски.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

slika-2-analiza

Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за поголеми плати на работниците

СДСМ денес поднесе амандман за поголеми плати на работниците, зголемување на минималната плата, за колективните договори, како и зголемување на плати во јавниот сектор.Со ова треба да продолжи трендот на зголемување на платите, во согласност со претходните системски решенија кои ги постигна претходната Влада, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска на денешната расправа на комисијата за носење на буџет.-СДСМ е на страна на работниците. Континуитетот на зголемување на платите треба да продолжи. Според податоците, од 2016 година, кога просечната плата беше 22.460 денари, денес таа е 41.252 денари. Минималната плата во 2012 беше 8.500, а денес е 22.567 денари. Значи од 2012 до 2024 минималната плата е зголемена за 150% и ваквите системски решенија и раст на платите треба да имаа континуитет и понатаму. Тоа е многу важно за стандардот, рече Тренчевска.Таа се осврна и на фактот што во времето на претходната власт, за првпат по 15 години беше склучен нов општ колективен договор со кој се унапредија правата и се зголемија платите на сите вработени во јавниот сектор.-Колективниот договор е донесен во дијалог со синдикатите. Во меѓувреме се потпишаа и голем број колективни договори на ниво на работодавците каде дополнително се унапредија правата во различните дејности и сите овие придобивки за работниците треба да продолжат и понатаму, па затоа и го поднесовме овој амандман за зголемување на платите, објасни Тренчевска.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Ние сме против отварање на Албанска академија на науките и уметностите

,,МАНУ треба да остане единствена институција во која членуваат реномирани научници од сите етнички заедници. МАНУ исто така треба да биде институција која не смее да се партизира или да се злоупотребува од страна на поединци за дневно политички потреби. Ова е нешто што се случуваше во минатотo.Но, она што треба јавноста да го знае е што Мицкоски ветил пред формирањето на Владата во однос на ова барање на ВЛЕН? Ова не е прв пат ВЛЕН и нејзините лидери да ја споменуваат aлбанската академија како проект, но Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ упорно си молчеа.Кои други барања кои се неприфатливи за мнозинството граѓани Мицкоски ги има одмолчано или ги има тајно прифатено?Најголемите патриоти Мицкоски и Димитриевски заради комотна позиција во власта изгледа се првеле глуви на овие барања на ВЛЕН, а сега се обидуваат да поентираат со некакво неприфаќање.Прашање е само што ќе биде цената за тоа и дали под маса има испорачано друго барање доколу академијата не помине.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Божиновска и Мицкоски кријат за долгот од 1 милион евра кон МЕСПО, дали е вратен или не?

,,Втор ден молк на Божиновска и Мицкоски откако СДСМ го објави скандалот дека преку своја фирма, Сања Божиновска, останала должна на државната МЕПСО речиси 1 милион евра. Молкот и јаловите обиди за пренасочување на темата на ВМРО-ДПМНЕ се најдобар доказ дека се што објави СДСМ е вистина и базирано на факти.Молчи и Христијан Мицкоски, човекот кој ја постави на позицијата и кој во рацете и го даде целиот енергетски сектор правејќи и министерство за енергетика.Пред да продолжиме со објавување на скандалот и даваме можност на Божиновска да излезе и јавно да каже, каде се еден милион евра? Дали се вратени или не?Според наштите податоци фирмата на Божиновска никогаш не ги вратила парите што значи долгот останал. Ако е така мора итно да поднесе оставка.Понатаму, според анкетниот лист, Божиновска поседува недвижнини од речиси еден милион евра, онолку колку што и должи на државата. Дали со овие пари набавила дел од недвижностите и становите?Божиновска во кулоарите важи за блиска бизнис соработничка на Мицкоски во енергетиката, па прашуваме, какви бизниси сега планираат тие двајцата? Ова ли ќе биде начинот на работа, преку испумпување пари од државни компании? Која е вистинската причина зошто Божиновска е министерка мора да одговори Мицкоски, овде нема случајности.СДСМ се сомнева дека преку слични шеми се планираат малверзации и заработки од страна на Мицкоски и Божиновска и дека токму ова е причината за создавање на новото министерство за енергетика.Божиновска не смее да остане министер, ризикот од слични случаеви во иднина е голем.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

energetika-sanja

(Видео) Скандал, фирма на Божиновска должела речиси 1 милион евра на МЕПСО, тврди Илиевски

„Денес го објавуваме најновиот скандал поврзан со една од најблиските соработнички на Мицкоски, министерката за енергетика, Сања Божиновска“ вели Методија Илиевски, од СДСМ, па додава:„Божиновска која важи за партнер на Мицкоски во енергетика премиерот ја претстави како врвен експерт и менаџер во оваа индустрија. Божиновска која криеше и се уште крие дека има бугарски пасош, крие и многу други работи поврзани со нејзиното работење во приватниот сектор.Компанијата „ЕНГ сервис трејд ДОО Скопје“, фирма чиј основач и еден од управителите била токму Сања Божиновска, во период од 2016 до 2017 направила долгови од речиси 1 милион евра кон државната МЕПСО.Замислете, над 70% од вкупниот долг на МЕПСО во тоа време го направила само една фирма, фирмата на Божиновска. Долгот е за неплатена електрична енергија и до крајот на 2017 година достигнал 59 милиони денари или скоро 1 милион евра. Еве го тој документ.Одиме понатаму.По одредено време, МЕПСО покренува постапка за наплата на долгот и иницира тужба против фирмата на Божиновска. Во 2019 година, спроведено е и вештачење од судски вештак кој ја утврдил вистината на каматите на фирмата на Божиновска која му должена на МЕПСО. Значи цели две и пол години Божиновска нема абер од плаќање на долгот кон државата.Со наталожен долг кон државата, Божиновска го менува името на фирмата и прераснува во друг субјект. Наместо „ЕНГ Сервис Трејд“ сега се вика „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“.Веќе во 2022 година, фирмата „КАРСЗЗ ТРАДЕ ДООЕЛ Скопје“ работи со загуби и станува деловно неактивна. Причина за бришењето е поради тоа што не поднела годишна даночна пријава, внимавајте, за 2019 година.Денес ја прашуваме Божиновска а го прашуваме и Мицкоски, каде се парите? Дали се вратени 1 милион евра долг кон државната МЕПСО, де факто пари на граѓаните? Каде се 1 милион евра?Ова ли се менаџерските способности и експертизата на Божиновска, да згаснуваат и менуваат имиња на фирми кои должат пари?Понатаму, Мицкоски да одговори, како може да постави кадар да раководи со енергетика и де факто да биде одговорна и за работењето на МЕПСО, а притоа таа да му должи на МЕПСО огромна сума пари? Дали ова не е само по себе конфликт?Зошто Мицкоскки ја избра Божиновска и дури и направи и цело ново министерство? Во какви бизнис релации се двајцата?Почитувани,СДСМ располага со други информации за катастрофалниот учинок на Божиновска со приватниот сектор кои укажуваат дека таа не е способно за функцијата но има и сомнително минато како менаџер. Како ова ќе се одрази на нејзиното работење можеме само да претпоставиме, но повеќе од јасно е дека ништо добро не може да се очекува. Во следните денови ќе излезе со повеќе информации за сите овие скандали“.Линк до видео:

Македонија | пред 1 година

idrizovo-ambulanta

Дали поранешен затвореник е нов заменик-директор на Идризово: се скараа Владата и СДСМ

СДСМ обвини дека поранешен затвореник е именуван за заменик директор на затворот „Идризово“.„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не знаат каде тераат. До толку немаат кадри за да ги постават по институциите што луѓе што лежеле затвор, со кривични пријави ги става за в.д. директори на затвори. Со одлука на Мицкоски осуден криминалец кој лежел 4 години затвор е именуван за в.д. директор на затворот Идризово, одделение Велес! Ибрахим Ељези е осуден и лежел 4 години затвор, од 2013 година до 2017 година во Идризово. Кривичното дело за коешто бил осуден е за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Сега истиот овој човек Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го ствааат директор на затвор КПД Идризово, одделение Велес? Ова не е нормално. Па како може осуден криминалец да биде одговорен за затвор?Но тоа не е се“, вели СДСМ.Од Владата пак тврдат, не е именуван в.д. заменик на директор на КПД Идризово, а на СДСМ им порачаа да не шират дезинформации во јавноста.„Во однос на прес-конференцијата на политичката партија СДСМ го истакнуваме следново: Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен. Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада. Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело. Апелираме СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста“, велат од Владата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

ВМРО-ДПМНЕ во својата програма велеше дека јавниот долг од крајот на 2023 година достигнал 62,1% од БДП, и дека ќе преземе мерки за фискална консолидација, земјата да има умерено ниво на задолженост. Со новиот ребаланс на буџетот, наместо намалување на јавниот долг, тој ќе биде зголемен на 4.9% уште во првата година од мандатот на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, рече, пратеникот Благој Бочварски, денес на Комисијата за финансирање и буџет.-Потоа, велеа дека инфлацијата ќе ја намалат на 2%, а денес слушаме дека таа е 3.5%. Јасно е дека ќе се кратат сретсва од веќе предвидени проекти.Пиар програмата на власта е едно, а реалноста е друго, рече Бочварски.Тој потенцираше дека СДСМ ако не ги зголемеше платите и пензиите на граѓаните во време на кризи и инфлација, тешко дека ќе преживеаа граѓаните, особено со минималната плата од 9 илјади денари, каква што беше во времето на ДПМНЕ, а од каде нивните стручњаци велеа дека не е добро да се покачуваат платите.-Колку за споредба, во 2017 минималната плата беше 9 илјади денари, а денес таа е 22.500. Просечната во 2017 беше 22.500, а денес е 41.100. Пензиите се зголемија за 6.500, а сега имаме бомбастични најави за зголемување од 5 илјади денари, за кое ни останува да видиме дали ќе се случи“, рече Бочварски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тренчевска: Не само што нема за плати, со ребалансот ДПМНЕ крати пари и кај лицата со попреченост

-Со ребалансот на буџетот не само што ќе нема повисоки плати, ниту пензии, туку ДПМНЕ сега крати пари од лицата со попреченост, крати пари и од програмата за поддршка на Сојузот на инвалидските организации, и тоа 10 милиони денари, крати од буџетот на Министерството на социјална политика на демографија и млади, крaти пари од најранливите категории, рече пратеничката Јована Треневска денеска на Комисијата за финансирање и буџет.Таа појасни и дека ДПМНЕ, очигледно не се ни запрашува дали здруженијата на инвалидските организации веќе имаат потпишано договори и преземени активности, ниту пак се интересира кој ќе ја плати штетата, но овие прашања никогаш не биле приоритет на ДПМНЕ.-Од друга страна, предвидуваат нови 100 милиони евра за поддршка на нови проекти на општините, и да не се разбереме погрешно, добро е да се вложува во инфраструктурни проекти на општините, во развој, но не треба да се крати од веќе постоечките и планирани средства за кои се општините имаат склучено договори, затоа што ваквата ситуација наведува на помисла дека со овие средства ВМРО-ДПМНЕ ја започнува кампањата за Локалните избори 2025, што не е непознато за оваа партија и во минатото, додаде Треневска.Таа се осврна и на заемот од Унгарија, која исто така е задолжена, и која ќе и позајми на нашата држава, 1 милијарда евра. Па сега, прашањето е: од што мака ни позајмува Унгарија една милијарда евра и што к’смет имавме па и покрај толкавата задолженост на Унгарија, таа да ни позајмува пари. Или е ова случајност, нивното задолжување во кинески банки, а нашето задолжување во нивни банки. Ама случајност нема, ама нема ниту тајни“, рече Тренчевска.Наместо фискална консолидација, имаме зголемување на буџетскиот дефицит и на јавниот долг и тоа е на штета на економијата и на граѓаните, рече пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница на Комисијата за ребаланс на буџетот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2021-08-26-at-12.44.01

Мицкоски до Филипче: Тој се соочува со внатрешни поделби во партијата, а ја коментира работата на Владата

„Повторно ќе кажам тие си ја тераат својата приказна, јас не очекувам дека нешто ново ќе кажат, дека ќе кажат нешто кое што претпоставувам ќе биде пофалба. Иако мислам, лично мислам дека тоа е погрешен пристап, но во ред тие избрале така, нека тераат, избори ќе имаме до година, граѓаните ќе го кажат својот суд кој работи правилно, кој не“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на Венко Филипче дека Владата имала лош почеток и план на инвестициите.Премиерот Мицкоски истакна дека Владата е 30 дена, а веќе има три инвестиции од кои едната е за изградба на ветерен парк од половина милијарда долари со 630 вработувања, потоа инвестиција од ЕПСОТЕХ и инвестицијата на Вабтек.„Но ќе го потсетам, еве ние сме 30 дена Влада, во овие 30 дена Влада имаме нова инвестиција од половина милијарда долари, ветерен парк на тромеѓието помеѓу општините Штип, Карбинци и Радовиш, нови 630 вработени, еден терават час електрична енергија од обновливи извори и чекор кон исполнување на личната цел на Владата, а тоа е да бидеме енергетски во делот на увоз-извоз на електрична енергија избалансирани, односно да немаме повеќе потреба од увоз. Да бидеме на крајот на годината со резултат еднаков на нула, кога станува збор за увозот и извозот. Втората инвестиција е од ЕПСОТЕХ, инвестиција каде што ќе бидат исто така десетици милиони евра инвестирани, чинам дека беше околу дваесетина милиони евра, на тоа ќе се додадат 110 нови вработувања, тие велеа, тие ја воделе таа инвестиција, еве ја користам оваа прилика да им се заблагодарам за тоа што ја воделе четири години и не успеале да ја доведат до крај. Па требаше новата Влада да дојде и во рок од две недели да го реши сето тоа што тие не успеале во четири години, но сепак еве заслужуваат пофалби и благодарност. Благодарам од мое име и од името на граѓаните“, изјави премиерот Мицкоски.„И трета инвестиција која што овие први 30 дена се случува, тоа е инвестицијата на Вабтек, но и не е само новата инвестиција, туку треба да се предочи дека и старата инвестиција има многу проблеми, посебно во делот на регулирање на правата на располагање и сопственост на земјиштето на кое што се наоѓа старата производна фабрика“, рече тој и додаде:„И тоа го решаваме, заедно со Општина Гази Баба, околу половина милијарда евра за компаниите и за општините. Ете тоа е од прилика за овие први 30 дена“.Премиерот Мицкоски потсети на сите катастрофални политики од претходната влада.„Направете анализа што направија тие во минатото, донесоа инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг, однесоа би рекол, инвестиција на македонските граѓани во Хонгконг преку фабрика, односно компанија позната за трговија за јужно овошје, која што требаше да ги донесе кинеските вакцини во екот на пандемијата, познатата афера Стабри. Се случуваа многу проблеми, не треба да ве потсетувам на Модуларната болница, не треба да ве потсетувам на катастрофата што се случуваше за време на КОВИД пандемијата, не треба да ве потсетувам на сите оние тендери што се случуваа во минатото поврзани со името на новиот претседател на СДСМ, но органите треба тоа да го истражат. Еве тоа се само дел од работите кои што денеска би ги кажал. Тоа е работа на органите, тие ќе продолжат да ги соопштуваат своите позиции, ние ќе продолжиме да работиме“, објасни премиерот Мицкоски.„Граѓаните да бидат сигурни дека оваа Влада продолжува да работи, дека нема намера да посветува многу внимание на овие клевети кои што доаѓаат од ново избраниот претседател на СДСМ, сепак тој таму се соочува со внатрешни поделби, нормално е да се трудат кој повеќе ќе дехидрира од критики на работењето на Владата. Така мислат дека кој повеќе дехидрира, тој е поуспешен во рамките на СДСМ, тие малкумина кои што останаа, тоа е нивна политика“, дециден е Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Горда Македонија со понижени работници, ВМРО-ДПМНЕ сака евтина работна сила

,,Нема пари за поголеми плати со ребалансот! Наместо горди работници како што ветуваа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе имаме понижени работници.ВМРО-ДПМНЕ ја враќа старата нивна политика на евтина работна сила, каде работниците секогаш се на последно место.Од друга страна, Мицкоски им товари нови долгови на граѓаните со скапи и неповлни кредити од Унгарија.Овие погрешни погрешни политики и економски утки водат кон заголемување на долгот од над 68% и огромен буџетски дефицит покачен за 35%.ВМРО-ДПМНЕ целосно го урива финансискиот систем граден со години, воведува должничко ропство и ги понижува работниците.30 дена Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се најлош почеток на било која Влада досега.,Ветуваа планини и долини а ништо не испорачаа.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Костадиновска Стојчевска: Со ребалансот не се предвдува покачување на платите во ниту еден сектор

Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска на комисиската расправа посветена на ребалансот на буџетот истакна дека при образложувањето на буџетот јавноста сфати дека новата влада не знае што прави во моментов, ниту пак знае што ќе правите во наредниот период.Една таква влада имавме, таа до 2016 која велеше дека има некаков план и тогаш имавме кратење на даноци, кратење на рабонички права, ниски плата, мала улога на државата во економијата, ни тогаш ни сега не гледаме ништо за справување со сиромаштијата, за подобрување на животниот стандард, видовме само затопирање на постапки за вработување, запирање на склучување на нови колективни договори и неоставање ниту простор за репреговарање или преговарање на нови, нагласи Костадиновска Стојчевска.Таа нагласи дека под флексибилизација на пазарот на труд се подразбира кратење на работнички права, а со ребалансот не се предвдува покачување на платите во ниту еден сектор, ниту обрзаование, ниту здравство, ниту полиција, ниту армија, не се почитуваат ниту обврските од општиот колективен договор и нема да има зголемување ниту на минималната плата на 450 евра колку што бараат синдикатите, а први на удар беа платите на културните работици, не се предвидени ни пари за високото образование.Водите неодговорна фискална политика, што покажуваат два индикатори во ребалансот, порастот на јавниот долг и високите камати на кредитите што ќе треба Македонија да ги плаќа и што, според експертите ќе ја вовдеат државата во должничко ропство, рече Костадиновска Стојчевска, додавајќи дека до крајот на годината само за камати на кредити треба да се издвојат 300 милиони евра, што е повеќе од што државата дава за социјални надоместоци за сиромашните.Костадиновска Стојчевска истакна дека зголемувањето на расходите, дефицитот и долгот, и треба да признае дека ребалансот и кратењата се заради новите четири министерства, четири нови министри, заменици и државни секретари и безброј други вработувања.Велите дека нема непродуктивни трошења, а гледаме лускуз од првиот ден, затоа треба да се знае дека ребаланост е за задоволување на коалициските договрања, посочи пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николова: ВМРО ДПМНЕ блокираше закони за општините, СДСМ издови 265 милиони евра за проекти во општините

Од централниот буџет треба да се издвојуваат пари за општините, да се помага на граѓаните, и СДСМ го практикуваше тоа, издвоивме 265 милиони евра, за 686 проекти, распределении во сите општини неселективно, бевме свесни дека тоа значи подобрување на условите за живот на граѓаните истакна пратеничката на СДСМ Даниела Николова, во рамките расправата во комисијата за финансирање и буџет, посветена на ребалансот на државниот буџет.Николова налгаси дека ВМРО-ДПМНЕ треба да се срами кога зборува за состојбата во општините.Еве ќе ја земам за пример градоначалничката на Скопје, вие ни ја донесовте, Скопје доживеа вистинска хаварија, живее уште во неподносливи услови, се таму што беше програма вие со аплаузи го поддржувавте и заедно славевте пред Белата палата, падна во вода и Скопје го живее најмизерниот период од кога постои ми се чини, истакна Николова.Пратеничката Николова дека во собранието до 2021 година се блокираше заемот за локални и регионални патишта и тоа кога претседател на комисијата беше Тимчо Муцунски, за во 2021 година по локланите избори, кога дојдоа градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да го смени мислењето.Николова наведе колку средства од државниот буџет се слеајаа само во општина Аеродром, само за време на коха граданачник беше Муцунски, пред да избега да биде министер, откако беше неподносливо неговото раководење со општината.Како пример за ОУ Блаже Конески дадени 100 милиони денари, за нов клон на објектот на детската градинка Срничка 70 милини денари, за реконструкција на улиците Мите Богоевски, Црноризец Храбар и Илија Димовски Гоче во населба Лисиче 60 милиони денари, за новиот објект на полициската станица Аеродром 130 милиони денари, за реконструкција на игралиштата во дворот на ОУ Браќа Миладинвци 2,6 милиони денари, 700.000 за техничка документација за изградба на водовоната мрежа во делот Долно Лисиче и немојте да зборувате дека општините биле оставени така. Најдете си поспособен кадар, зашто повеќе од половина мандат на градоначалниците помина, порача пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг од над 68%

Предложениот ребаланс на буџетот, од страна на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, предизвикува голема загриженост и страв, и не само што не одговара на реалните потреби на нашата економија туку е и крајно опасен за иднината на нашата земја. Со ребалансот ќе добиеме чудовиште од јавен долг, од над 68%, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет, на кој се расправаше за ребаланс на Буџетот.- Со овој ребаланс јавниот долг ќе стане „чудовишен“ сам по себе. Во делот на приходната страна на Буџетот, кај задолжувањата во странство од првично проектираните 728,6 милиони евра, има зголемување на нови 826,2 милиони евра и тоа е зголемување на јавниот долг кон надвор за околу 100 милиони евра, објасни Фатмир Битиќи .Во своето обраќање Битиќи посочи дека во проектираниот раст на долгот не може да се препознаат парите од задолжувањето, кое, како што рече пратеникот на СДСМ, „пријателски премиерот ни го договори идните генерации да го отплаќаат кон Унгарија“. Тој предупреди дека јавниот долг ќе се зголеми далеку од проектираните 68% од БДП.„Овој чудовишен јавен долг ќе отиде и далеку над 68% доколку до крајот на годината. И додека сум кај јавниот долг, да укажам и зошто министерката за финансии и премиерот имаа потреба од лажните политички сензационализми со квалификациите на работењето на владата предводена од СДСМ како „економија во клиничка смрт“, по се’ изгледа од ВМРО ДПМНЕ увиделе дека ако годинава ја „вметнат“ цела милијарда евра од унгарскиот заем, јавниот долг најверојатно ќе скокне до таван, односно ќе биде скоро 75% - па затоа „одлучиле“ тоа да го направат со 500 милиони евра годинава, па 500 милиони евра пред локалните избори“, рече Битиќи.Битиќи предупреди дека со ребалансот освен што се зголемува задолжувањето кон странство, имаме и раст на долгот внатре во државата.„Бранот на задолжување е насочен и кон внатре. На приходната страна се предвидува зголемување на приходите по основ на задолжување од претходно предвидените 646,4 милиони евра, на нови 896, 3 милиони евра, односно околу 250 милиони евра ќе бидат заробени од државата од домашните комерцијални банките. Наместо да се води политика која ќе ги поттикнува домашните компании со лесен пристап до кредити од локалните банки, Владата ги "заробува" овие средства, создавајќи финансиска препрека за развој на приватниот сектор. Со оваа политика не само што ќе се намали финансискиот капацитет на банките да поддржуваат нови проекти и инвестиции, туку ги принудува и домашните компании да се задолжуваат во странство, под услови кои се договорени вонсистемски, во четири очи, а којзнае, можеби и на други места. Во предложениот ребаланс може да се препознаат и други прераспределби кои ќе го зголемат притисокот на компаниите своите инвестиции и развој да ги реализираат преку унгарскиот кредит“, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

mickoski18072024

СДСМ: 30 дена на Мицкоски, 30 лоши политики

,,За 30 дена Мицкоски е премиерот на Влада која спровела убедливо најлоши политики за рекордно кратко време. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ успеаа:Да го прекинат растот на платите, една од најдобрите политики на СДСМ.Да се направат 4 нови министерства за вдомување на партиски кадриДа ја задолжат државата на рекордни 68% јавен долгДа го зголемат буџетскиот дефицит со ребалнасот на рекордни 4,9%Да отвората затворен проблем со Грција и ја блокираат одново земјата.Да се возат со другарите министри во луксузни бизнис класи и да кријат за тоаДа си прават фамилијарни патувања и да кријат за тоа, исто така.Неговите најблиски соработници добиваат подароци од 325.000 евра и молчат со денови за тоа. Потоа несмасно се вадат од калта, тој исто така си молчи.Да молчи Мицкоски кога исчезнува македонското знаме од институциите, тема на која претходно беше гласенДа не обезбеди 5000 денари за пензионерите, реалниот раст ќе биде до 1000 денари, а за некои категории 0 денари.Да смести министерка во Владата со бугарско државјанство, а за тоа претходно да дига хистеријаМинистерот за внатрешни работи да не може да реши ниедно убиство во шест месеци. Грешка, едно решено од 6 убиства, најлош резултат на истраги во историјата.Државата да е претворена во Див запад со масовен раст на криминалот по улиците.Да молчи пред Радев и Главчев додека тие јасно кажуваат што очекуваат од него. Потоа да снима видеа и да се чука во гради.Да се срами да го користи името Македонија, па ја нарекува нашата земја, татковината или воопшто да не ја нарекува никако.Да излаже дека нема да го користи името Северна Македонија, го користи ама скришно.Да не обезбеди учебници иако во кампањата убедуваше дека ќе обезбедиДа фрла лопати на инвестиции од СДСМ додека државата гори. Потоа да се скрие пет дена од срам.Целосно да потфрли со реакцијата на пожарите во неготинско каде изгоре цела планина. СДСМ и граѓаните четри и пол дена порано реагираа на состојбата.Најава дека недела неработен ќе се укинува, една од најзначајните придобивки за работниците.Целосно седнување во скут на друга држава и ставање на Македонија во економско и политичко заложништво за 500 милиони евраДа си го прифати Бехтел и Енка кој за него беше најкриминалниот проект во историјатаДа не ги покачи платите на клучните сектори, здравство и образование а да објаснува како тие се селеле заради лошите услови.Да имаме Претседателка на држава која не знае дека доброволен воен рок се служи откако е укинат задолжителниот.Направена е паралелна координација на Влада на министрите од ВЛЕН, воведување на паралелизам, Мицкоски да си молчи а порано тао беше албанизација на институциитеДа оди наоколу и да се жали како Калимеро дека нема пари нема правда со буџетот, а тоа да биде целосна лага со која се манипулираат работниците дека нема да им се качат платите.Да постави заменик министер на МВР со физичко образование. Не е ни чудо што нема ефект во истрагите. Целосен дебакл на кадровската политика во прв и втор ешалон.Да лаже дека го болат колената а да се качува на Водно за сликање секој вотр викенд.Да се покачи цената на лебот и да не интервенираатДа се покачи цената на струјата и да не интервенираат.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 30 дена докажаа дека немаат никаков капацитет за водење држава, но и погрешни намери и идеа за тоа каде и во која насока треба да се води државата.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања