„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_4082

СДСМ: Дали Тошковски со Јанушев се јавува како соинвеститор за изградба на зградата?

,,Лош начин одбрал Тошковски само за да не одговори на клучните прашања во скандалот со поклонетиот имот на Игор Јанушев вреден 325 илјади евра, во зграда каде што има и тој личен имот.Несериозна за граѓаните е изјавата на Тошковски дека информациите за скандалот се „расфрлани пердуви“.Тошковски треба да одговори на јавноста која е неговата улога во целиот случај.Дали Тошковски и Јанушев се јавуваат и како соинвеститори за заедничка изградба на зградата во центарот на Скопје?Како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев?Јавноста очекува одговори.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5158

СДСМ: Поклонетиот имот на Јанушев е заверен од адвокат Панче Тошковски

,,Во иста зграда во центарот на Скопје кадешто е поклонетиот имот на вториот човек во Владата на Мицкоски, Игор Јанушев има и министерот Панче Тошковски.Крјано сомнително и надлежни институции треба да го истражат целиот случај.Поклонетиот имот на Јанушев е заврен од адвокат Панче Тошковски за што постои документ којшто денеска го објавуваме.Навидум ништо спорно, затоа што Тошковски е познат адвокат.Но, дали всушност Тошковски и Јанушев се јавуваат и како инвеститори за заедничка изградбата на истата зграда каде што имаат имоти?Дали се другари по имот или се другари по бизнис?Целиот случај со парцелатата на којашто се наоѓа зградата во која имаат имот и Тошковски и Јанушев влече корени уште од 2010 година со процес на денационализација и приватизација.Прашањето е како од државно земјиште, се приватизира, се менуваат сопственици, па се гради зграда, која на крај завршува со имот на Тошковски и Јанушев?Јавноста очекува одговори.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Шемата за подарениот имот на Јанушев датира од 2010 години кога се набавија кинеските автобуси

,,Откако пет дена се криеше од јавноста вчера Јанушев самиот се закопа.Прво рече дека имало погрешни внесени податоци во неговиот анкетен лист кои ги корегирал, а потоа дека намерно оставил јавноста да се „излизга“.Зошто пет дена молчеше и не кажа за наводно случајно погрешните податоци? Што е ова освен директно признание на Јанушев дека намерно внесувал погрешни податоци?Ако намерно внел погрешни податоци дека подарениот имот му е земјиште со вредност од 325.000 евра, што сакал Јанушев да скрие?Дали сакал да го скрие поклонетиот стан или пак некаква скриена бизнис шема која довела до тоа да му биде поклонет имот во вредност од 325.000 евра?Денес ја откриваме чекор понатаму оваа афера и прашуваме: Дали поклонетиот имот и парцелатата на којашто се наоѓа зградата во која има имот и Тошковски, влече корени уште од 2010 година, во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ?Тоа е годината кога се случила и криминалната набавка на кинеските автобуси за кои беше осуден Јанушев.Како е дојдено до оваа парцела, каква била постапката за во зградата баш и Јанушев и Тошковски да имаат огромни станови?Каква е поврзаноста на Тошковски во целиот случај?СДСМ располага со нови информации за овој скандал кои наскоро ќе ги објавиме.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Тошковски го потврди имотот во зградата со поклонот на Јанушев, какви бизниси имаат?

,, Министерот Панче Тошковски, потврди дека има имот во истата зграда која што е дел од шемата за фамозниот, поклонет имот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев.Ова дава ново светло на скандалот со подарокот од 325.000 евра за Јанушев.Сега Тошковски треба да одговори каков заеднички бизнис имале двајцата?Како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски во зграда во центарот на Скопје?Имаат ли скриени бизниси кои на крај завршуваат со подароци во имоти вредни над 300 илјади евра?Овој случај потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин.Очекуваме надлежните институции, Јавното обвинителство и ДКСК да ги истражат сите аспекти на овој случај и да ги информираат граѓаните.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5151

Талески: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните, нема да има поголеми плати

ВМРО-ДПМНЕ ја направи најголемата измама во поновата изборна историја на нашата држава и ги излажаа граѓаните, во секој сегмент. Нивните ноторни лаги излегоа на виделина уште во првите 30 дена од нивното владеење. Ниту ќе има поголеми плати, ниту пак покачување на пензиите, рече пратеникот Миле Талески во македонското Собрание.-Првото што го направија ВМРО-ДПМНЕ, е што ја признаа Република Северна Македонија и признаа дека нема да го променат Преспанскиот договор. Потоа ја прифатија преговарачката рамка, за која правеа најразлични скандали, а исто така прифатија и дека ќе го променат Уставот и дека Бугарите ќе ги внесат Уставот. Бесрамно ги излажаа граѓаните дека ќе им ги покачат платите, а сега слушаме дека ќе има намалување на платите. Ги излажаа просветните работници, здравствените работници, вработените во администрацијата, во МВР, во одбраната, рече Талевски.ДПМНЕ пред изборите излезе со ноторни лаги и за пензионерите, ветувајќи им покачување од 5 илјади денари, кое нема да се случи, како и дека нема да ги задолжат граѓаните, а првата одлука што ја направија е тој фамозен кредит од нивниот пријател Орбан, со што ги задолжија граѓаните со 500 милиони евра.-Сите инвестиции за кој зборува и ги најави ДПМНЕ, се проекти кои ги започна и договори СДСМ. Исто така излажаа дека ќе ја намалат администрацијата, но првата одлука која ја донесоа со ДУИ, за која велеа дека е криминална партија, е да се прошири администрацијата со 4 нови министри, рече Талевски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Патот Ранковце - Крива Паланка е 90% готов, ќе беше 100% да не блокираше ВМРО-ДПМНЕ во Собрание

,,Смешна е промоцијата на Александар Николоски на патот Крива Паланка - Ранковце за кој најавува дека ќе бил готов до Нова година. Овој пат е одамна 90% готов и единствена причина зошто не е завршен е блокадата на ВМРО-ДПМНЕ.Николоски и другарите решија за свои политички потреби до пред неколку месеци да го блокираат грантот во Собрание со кој требаше да се заврши делницата. Целта е јасна, да не се заврши делница, а граѓаните да треба да чекаат за ВМРО-ДПМНЕ да може да тера кампања.ВМРО-ДПМНЕ секој ден оди и промовира проекти на СДСМ прикажувајќи ги како свои а граѓаните се потсмеваат на социјалните мрежи. И препорачуваме да се фатат за работа наместо да фрлаат лопати на чешми и да промовираат проекти на СДСМ.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто како Мицковски имаат проблем со колената?

По вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека до САД морал да лета си бизнис класа поради проблеми со колениците, се огласи опозициската СДСМ.Тие посочуваат дека премиерот ги признал луксузните патувања, скапите карти од 20.000 евра и бизнис класите платени со пари на граѓаните.„Но, во исто време Мицкоски лаже и ја потценува интелигенцијата на граѓаните. Особено кога без око да му трепне вели дека причина за тоа биле проблеми со колената.Дали Муцунски, Тошковски и Мисајловски исто така имаат проблем со колената? Па затоа мора и тие да патуваат со бизнис класа”, прашуваат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Пандов пушта од затворите лица осудени за 27 април

,,Пандов преку кревање медиумска магла сака да го прикрие пуштањето осудени од 27 април што е скандалозен чин на узурпациај на институцијата.За само две недели директорување на Пандов, од Штипскиот затвор 4 осудени лица за 27 април се пуштени на прекин на издржување на казната?Како осудениот Јане Ченто за насилствата од 27 ми април со негов потпис е пуштен?Како Александар Јаневски Тошта исто така осуденик е пуштен?Како се пуштени осудените Оливер Поповски и Митко Пешов од затворот во Штип?Како е можно со потпис на Пандов некој да има прекин во казната од 30 дена?Ова се прашањата на кои Пандов треба да одговори.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Скапи карти и бизнис класи, Мицкоски и министрите душмански ги трошат народните пари

,,Скандалот со луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри, со бизнис класи и карти од речиси 20.000 евра покажа колку душмански ВМРО-ДПМНЕ ги троши народните пари.Расипништвото на Мицкоски и министрите на ВМРО-ДПМНЕ се случува на големо и се крие од граѓаните, што е најрасипана форма на лицемерие.Кога треба да се покачи минимална плата за работниците Мицкоски и министрите на ДПМНЕ во Владата велат нема пари.Е ама кога треба Мицкоски и министрите да патуваат, тогаш гледаме луксузирања, скапи карти од речиси 20.000 евра, бизнис класи, бројни делегации па дури и прибирање на членови од семејствата.За ова ли се прават нови задолжувања? Да има за Мицкоски пари да се луксузира? За нови часовници од 60 илјади евра во колекцијата?Ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ е бетер од минатото, далеку полошо и пизмамничко.Секој поминат ден ги разобличува лагите и лажние ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ.Ветуваа домаќинско работење а се луксузираат, ветуваа транспарентност а кријат од јавноста.Владата е должна да ги објави сите трошоци за скандалозните патувања на Мицкоски и неговите министри затоа што се платени од граѓаните.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3908

(Видео) СДСМ: Скандал, 20.000 чинеле картите за бизнис класа на Мицкоски и министрите во САД

„Денес го откриваме целиот скандал со луксузните патувања на за Вашингтон на Мицкоски и министрите. Мицкоски, човекот познат по саатите од 60.000 евра, изгледа влегол во улога на султан па решил парите на граѓаните да ги троши за сопствени луксузирања“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:Откако со денови молчи за скандалозното патувања со синот на фамилијарна прошетка за Вашингтон, сега веќе два дена молчи и за цената на удобанта бизнис класа со која патувал за Вашингтон. Излгеда не можел Мицкоски да патува со економска класа и истовремено да носи часовник од десетици илјади евра. Денеска ја откриваме точната сума на нарачаните карти за него, а за да биде скандалот уште поголем, дознаваме и дека сите негови министри патувале со бизнис класа. Бизнисмените од Владата, кои милуваат да кажат дека се луѓе од народот, потрошиле сите поединечно помеѓи 4 и 5000 евра само билетите од бизнис класа!Според нашите информации, За Христијан Мицкоски извршена е нарачка на бизнис карта, цена на повратен билет 237.072 денари или 4000 евра. Да биде скандалот поголем, тоа не е најсакапта карта која е платена за ова патување. Па така, картата на Министерот за одбана Владо Мисајловски е платена дури 280.000 денари, а останатите две карти, на Панче Тошковски и Тимчо Муцунски, се платени околу 4500 евра секоја.Речиси 20.000 евра ги чини граѓаните само удобното патување на Мицкоски и министрите за Вашингтон! Ова ли е тоа душманско трошење на буџетот за кое секој ден беседи Мицкоски? Има ли образ да излезе и да ги оправда овие суми, додека зборува за домаќинско работење?Затоа ли Тимчо Муцунски со денови ги крие трошоците кои се направени на ова патување? Прашуваме, колку пари се потрошени по хотели и други трошоци на државна сметка?Почитувани,ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните. Нема ден а да не се разобличат лагите и лажните ветувања од кампањата. Ветуваа домаќинско работење, се луксузираат во бизнис класи. Ветуваа транспарентност, се кријат од јавноста со денови. Ветуваа борба против криминал и корупција, а генералниот секретар на Владата Јанушев молчи за 325.000 евра поклон кој го добил како градежно земјиште во Центар?СДСМ грешеше кога велеше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде само обична копија на претходното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е далеку полошо, поизмамничко и понечесно.Прашуваме:Ќе реагираат ли конечно институциите на сите обвинувања и скандали? Кога ќе се произнесат и ОЈО и ДКСК за сите наводи кои СДСМ ги соопштува во јавноста во изминатиот период. Граѓаните бараа промени, ова што го добија е криминално здружение на манипуланти.

Македонија | пред 1 година

Janusev-25.02

„Дали Игор Јанушев пере црни пари на ВМРО-ДПМНЕ, мора да одговара за подарокот од 325.000 евра“, прашува СДСМ

„ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски втор ден молчат за скапиот таканаречен подарок на генералниот секретар во Владата, Игор Јанушев“, вели СДСМ и додава:Партијата на Мицкоски наместо да испраќа смешни соопштенија, нека излезат да одговорат дали актуелниот генерален секретар на ВладатаИгор Јанушев преку таканаречен подарок во земјиште испрал црни пари.Јавноста знае дека на Јанушев од рака му одат перење пари и злоупотреба на службена положба. Тој е осуден за злоупотреба на функцијата и од него друго не може да се очекува. Денеска автобусите кои се распаѓаат по улиците набавени од Кина се негово дело за кое веќе одговараше.Мицкоски да не се крие и да одговори:Дали Јанушев, со наводниот подарок си ги испрал сите криминално стекнати пари? Каква е неговата улога во тоа? Само преку наводен подарок Јанушев може да прикрие потекло на парите или да го сокрие изворот на средствата. Единствено така Јанушев може да легализира црни пари.Дали Игор Јанушев треба да одговара за перење пари?Дали се тоа црни пари од набавката на кинските автибуси од кои ќар имаше само режимот на ДПМНЕ, а граѓаните добија несигурен градски превоз опасен по нивниот живот?Кој и зошто му поклонил на Јанушев 352.000 евра?Во какво сродство се Јанушев и широкоградиот подарувач?Како лицето ги стекнало парите па на Јанушев му подарил 352.000 евра?Колку заработува лицето кое може да поклони 352.000 евра?Независна Македонија не памти политичар да добие на подарок 352.000 евра.Управата за финасиска полиција, Државната комисија за спречување корупција и Јавното обвинитество сега се на потег!Државата со ВМРО ДПМНЕ уште еднаш ќе го допре дното. Христијан Мицкоски и неговата гарнитура се на почеток од владеењето, а веќе покажуваат дека не се одлепиле од криминланото минато.Бандитите на чело со Мицкоски од ден во ден покажуваат дека дојдоа на власт за да се богатат и да си ги заштитат криминалите и малверзациите.На Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не им е во фокус ниту подобро образование, ниту капитални инвестиции, ниту повисоки плати и пензии, нив им е во фокус криминал.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Ребалансот е на штета на домашните компании

Ребалансот е на штета на домашните компании, Владата нема системски одговор на економските предизвици, вака може да не турне во провалија бидејќи ја нарушува стабилноста и одржливоста на системот, граден во услови и на најголеми кризи, истакна пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи, во интервју за порталот „Локално“.Битиќи нагласи дека проекциите за буџетскиот дефицит и зголемувањето на јавниот долг се навистина загрижувачки и покажуваат недостаток на одговорност и далекувидност од страна на новата влада, кај која не се артикулира јасна визија и стратегија за развој.-Се предвидува дефицит од фрапатни 4,9% и динамика на зголемување на јавниот долг на ниво од 68%. Ова се економски индикатори кои укажуваат на отсуство на намера и способност државата да се води кон стабилност и просперитет. Со овој раст на дефицитот и јавниот долг, успеваат да создадат множество на реални ризици кои ќе ја поништат и драматично намалат реалната куповна моќ на пензионерите со предвиденото линеарно покачување. Во оваа ситуација, покачувањето на пензиите станува празно ветување, потенцираше Битиќи.Битиќи нагласи дека со овој раст на дефицитот и долгот растат и ризиците по кредитниот рејтинг и довербата на државата, односно може да доведат до намалување на довербата кај меѓународните инвеститори и кредитори.-Но ова очигледно не им е грижа, бидејќи премиерот гради вонинстиуционална и во четири очи доверба со Влади кои имаат поинакви политички и економски разбирања од оние на развиените западноевропски држави, вели Битиќи.Тој нагласи дека со овој ребаланс е донесена една од најнеодговорните одлуки на Владата со која се предизвикува директна штета на домашните компании.Финансиските средства кои се реализираат преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, каде 99% корисници се домашни компании, се кратат за речиси 5 милиони евра, а дополнително кратат и околу 2,5 милиони евра наменети за привлекување странски директни инвестиции и развој на слободните економски зони, истакна Битиќи во интервју за порталот „Локално“.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран, тврди Лефков

„Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран“, вели Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник и додава:На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче, братот на Венко, формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче.Никола Филипче брат на Венко Филипче ја купува земјата во Дојран на која сега е изградена фотоволтаичната централа од 23000 м2 во 2021 година, кога министер за здравство е неговиот брат.Додека Венко Филипче е министер за здравство во владата на Зоран Заев, неговиот брат преку министерството за транспорт добива дозвола за пренамена на земјиштето со цел изградба на фотоволтаична централа. За неполн месец градоначалникот на Дојран од редовите СДС го менува ДУП-от и овозможува Филипче да ја гради централата.За ова Венко Филипче е претседател на СДС, да ги штити бизнисите на семејствата Заеви и Филипче.Филипче е претседател на СДС за да може уште некој градоначалник од оваа партија да направи добра основа за бизнис зделка нему блиски луѓе, како неговиот брат и на Вице Заев.Филипче е прочитан. Одговори и одговорност мора да има.

Македонија | пред 1 година

Mickoski11072024

СДСМ: Поминаа ден-два, пожарите не се под контрола, а лопатарот Мицкоски и министрите се шетаат

,,Од првиот ден на пожарите, Мицкоски не знае што прави и како треба да ја менаџира кризата со пожарите. Целосно отсуство на одговорност и грижа се забележува кај премиерот, кој смета дека ако избега во странство или се бави со фрлање лопати на нови чешми, проблемот ќе исчезне.Ветуваше дека за ден-два ќе биле пожарите под конотрола, па откако работата отиде јабана, избега во странство. Откако виде дека лопатите не помагаат реши дека е најдобро да не е во земјата. Додека граѓаните со лопати самите гасат, тој фрла лопати за ПР.Целата планина Серта е изгорена како резултат на спората реакција. Ова го потврдува локаланото население кое самото тврди дека четири и пол дена не добиле соодветна подрршка и не се сфаќала состојбата сериозно.Во моментов под закана е Пелистер, гори на 13 места, а Мицкоски си тера протоколарни настани за да помуабети со Орбан. Ништо корисно нема државата од неговите патувања, освен дека си прави фамилијарни прошетки.Ваква недоговорност не е забележана од ниеден премиер во минатото.Го повикуваме Мицкоски да го прекине шетањето по светот и удобните патувања на трошок на народот да ги замени со работа, за што е платен токму од граѓаните.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_1662

Лукаревска: Не фали ниту денар во буџетот, ниту пак се трошело душмански, ВМРО-ДПМНЕ манипулира со работниците

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека од буџетот фалат 500 милиони евра е лага со која партијата сака да го оправда финансискиот колапс кој следува. Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера, истакна дека драмата од ВМРО-ДПМНЕ е неуспешен обид да се исплашат граѓаните, а доказот за тоа е алатката Отворени финансии.„До моментот на изборите, ако отидете на Отворени финансии, алатката за транспарентност која СДСМ ја воведе, ќе видите дека за сите трошоци се предвидени средства. Ниту еден денар не фали. Оваа драма која ни ја сервира ВМРО-ДПМНЕ е само за политички потреби. Ниту е точно дека снемало пари ниту дека не се знае каде се. Обвинувањата дека институциите ќе се занимавале со ова се паушални и без основа“, истакна Лукаревска.Пратеничката Лукаревска на денешната прес конференција потенцираше дека причината за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ е очигледно. Прво, за да се создаде перцепција дека СДСМ направил хаос со цел граѓаните да се помират со тоа што ќе нема пари за нив, а второ е ВМРО-ДПМНЕ сака да си создаде алиби за кредитот од Унгарија.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања