„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_5093

Лукаревска: Со 4,9% дефицит и 68% јавен долг, ВМРО-ДПМНЕ ја води државата во финансиски амбис

ВМРО-ДПМНЕ успеа за еден месец на власт да сруши стабилни економски политики коишто Социјалдемократскиот сојуз макотрпно ги градеше изминатите седум години во услови на економска и ковид криза.Ова го истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната прес конференција посветена на ребалансот на Буџетот што Министерството за финансии го презентираше вчера.„Со буџетот се предвидува буџетски дефицит од неверојатни 4,9% и покачување на јавниот долгот на 68%. Само овие две бројки потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има намера да ја води државата во амбис. Уште со првиот ребаланс, ВМРО-ДПМНЕ го руши она што макотрпно го градевме во соработка со меѓународните финансиски институции, а тоа е стабилен и оджрлив финансиски систем“, изјави Лукаревска.Лукаревска ги презентираше сите небулози на ребалансот и даде одговор зошто тие се штетни за државата и за економијата.„Во седум години владеење, од кои пет во ковид и економски кризи, СДСМ успеа да го намали буџетскиот дефицит на 3,6% и да го намали јавниот долг до 55%. Сега ВМРО-ДПМНЕ го покачува дефицитот за цели 36%, а јавниот долг на ризични 68%. Овој процент на јавен долг е спротивен на Мастришките декларации и сериозно ќе го наруши кредитниот и финансискиот рејтинг на земјата“, истакна Лукаревска.Јавноста треба да знае, дека и покрај сите апокалиптични економски години низ кои СДСМ ја водеше државата, сепак успеа финансиски да ја консолидира, потенцира Лукаревска.„ВМРО-ДПМНЕ со овие буџетски политики ќе направи хаос и ќе создаде зависност од кредитирање. Не постои ниеден сериозен финансиски експерт или макроекономист кој овој буџет го смета за оправдан“, децидна е Лукаревска.Лукаревска најави дека ставовите изнесени на денешната прес-конференција се првични согледувања и дека ребалансот на Буџетот СДСМ детално ќе го анализира во Собранието.

Македонија | пред 1 година

lukarevska

Лукаревска: Работниците извисија, нема покачување на платите

Ребалансот на Буџетот скроен од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците и не предвидува почитување на колективните договори договори. Тие за ВМРО-ДПМНЕ се неважни.Ова го истакна пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска која на денешната прес-конференција направи анализа на ребалансот на Буџетот презентиран вчера од страна на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска„Една од најдобрите политики на СДСМ која седум години во време на економско цунами, СДСМ доследно ја спроведуваше - ВМРО-ДПМНЕ ја фрла во вода“, изјави Лукаревска.Покрај тоа, како што потенцира таа, ВМРО-ДПМНЕ прави манипулација на работниците повторувајќи дека немало пари во буџетот, но дека „и покрај тешката состојба они ќе обезбеделе плати“ . Лукаревска ги повика работниците да не потклекнат на ваквите злоупотреби.„Замислете, ВМРО-ДПМНЕ им ветува на луѓето дека загарантираната плата, која никогаш во последните седум години не била доведена до прашање, тие ќе има ја обезбеделе. Какво потценување и манипулирање“, потенцира Лукаревска.Единствена причина зошто ова го прави ВМРО-ДПМНЕ е да ги натера работниците да се помират дека покачување на плати нема да има и да бидат среќни што воопшто земале плата, смета Лукаревска.„Не само што нема проблем да се обезбеди плата, туку да беше СДСМ на власт, во првите 100 дена ќе беше покачена минималната плата и ќе беа исплатени сите плати со покачување согласно потпишаните колективни договори“, изјави Лукаревска.За СДСМ секогаш приоритет беа граѓаните и работниците, што не е случај со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што нема пари не е поради Буџетот, туку поради другите приоритети на ВМРО-ДПМНЕ, истакна Лукаревска.Осврнувајќи се конкретно на обвинувањата дека во Буџетот немало предвидено плати за одредени институции Лукаревска појасни дека тоа е поради изборниот процес и превенирањето на изборен поткуп.„Парите не се предвидени затоа што бевме во изборен процес и не сакавме да направиме изборен поткуп како што тоа се правеше во минатото од страна на политичкиот опонент. Во секој ребаланс после избори е нормално да се прераспределат средства, а плати за вработени во јавен сектор никогаш не се доведуваат во прашање“ појасни Лукаревска.Или конкретно, за да се разобличат манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ Лукаревска постави дилема како со ребалансот ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди плати.„За да докажеме дека не ја зборуваат вистината, одете во расходната страна на Министерството за транспорт кое е ресорно министерство на железници и пошта. Институциите за кои велат дека немало да земат плата. И нека објаснат, како со намалување за 100% на буџетот предвиден со ребалансот ќе одговори на потребите на работниците. Намален е буџетот тука од 18 на 9 милијарди ама плати ќе се обезбеделе“, потенцира Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Село гори баба се чешла, лопатарот Мицкоски се шета додека дравата е во пламен

,,Лопатарот Мицкоски очигледно решил целосно да ги игнорира пожарите во земјата и да се шета на протоколарни конференции во Англија.Откако на првиот ден од пожарите тој лопатареше во Охрид ветувајќи дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола, сега реши да избега целосно и да не биде присутен во услови на огромна еколошка криза.Каква неодговорност и бесчуствителност е ова? Мицкоски нема ни Л од лидер, уште помалку премиер кој треба да ја води државата. Дали на секоја криза или некомотна ситуација Мицкоски ќе бега од земјата? Ова е срамно и кукавички. Според информациите од граѓаните, државата гори на сите страни, изгорени се сигурно повеќе од 2000 хектари на Серта во неготинско. Беснеат пожари секаде, а Мицкоски избега од топлото.Се уште се крие од јавноста и не ги покажува сметките за приватните патувања со синот во Вашинготн, ја задолжи државата преку ноќ, си зема кредит во четири очи од Будимпешта, а граѓаните оставени да се снаоѓаат како знаат со пожарите.“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Монти пајтон е кадровската политика на Мицкоски, граѓаните се смеат по социјалните мрежи

,,Наместо кадровско освежување и ангажирање компетентни луѓе, како што ветуваше пред граѓаните, Христијан Мицкоски мести несоодветни кадри на заменичките министерски позиции и директорските места.Неговите партиски потреби, желбите и апетитите на неговите коалициски партнери Мицкоски ги стави пред потребите на граѓаните и одбра кадри кои на работните места ќе се чудат каде се нашле.Професор по физичкo и доктор по Кинезологија Мицкоски го предлага за заменик министер во МВР. Прашање е дали ќе биде вработен можеби како физиотерапевт за полицајците или тренер.Во Министерството за одбрана, Мицкоски предлага економистка со искуство во маркетинг областа. Можеби ќе ја промовира Армијата на социјалните мрежи.Елфет Исмаили е со искуство во Фондот за магистрални и регионални патишта и Македонска пошта како соработничка за маркетинг.Заменичка министерка во Министерството за спорт, Мицкоски предлага дипломирана информатичарка, Сејфие Садик.Како овие несоодветни кадровски решенија ќе одговарат на потребите на граѓаните?Никако.Мицкоски воопшто и не ги предлага за да работата за граѓаните туку за да одработуваат за партиската агенда на ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициски партнери.Буткањето партизација на ваков начин покажува дека ВМРО-ДПМНЕ нема никаков мерит систем ниту пак се грижи за потребите на граѓаните.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ

,,Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик. Во последниот крвав инцидент синоќа во Чаир повредено е 31 годишно лице од огнено оружје.Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите.ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски покажуваат неспособност и некадарност. Се поставува прашањето дали воопшто сакаат да го сопрат овој тренд во кој картелите ги владеат улиците а граѓаните живеат во страв.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Скандалот „фамилијарни патувања“ се проширува, дали и сопругата на Муцунски патувала за Вашнгтон?

Скандалот фамилијарните патувања за САД на претставниците на Владата се проширува. Според инфомрациите кои ги пласираат дел од медиумите, сопругата на Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски исто така патувала за Вашингтон. И за ова како и за претходниот скандал, молк од Владата и МНР за тоа дали и таа била на државен трошок. МНР никогаш не ги објави имињата на целата делегација и сега станува јасно зошто е тоа така. Очигледно е дека одењето за Вашингтон имало за цел да се исетараат фамилијарни одмори, а не да се тера дипломатија. Не е ни чудно тоа што Самитот на НАТО беше дипломатски дебакл на нашата делегација, очигледно приоритетите биле други.СДСМ бара Тимчо Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД. Ако како што вели немало што да се крие, зошто не објавува и ја затвори оваа тема еднаш засекогаш?Бараме Мицкоски конечно да ги покаже приватните сметки кои тврди дека ги платил од џеб за синот. И тој се крие веќе трети ден и ништо не кажува на темата а граѓаните чекаат одговори.

Македонија | пред 1 година

sdsm

СДСМ: Кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, професор по физичко на заменичко место во МВР

,,ВМРО-ДПМНЕ од една страна ја партизира државата со стари кадри а од друга страна на високи државни позиции назначува кадри по пртиски клуч без основно, елементрано познавање на областа за кои се назначуваат.Последен пример е предлогот за заменик министер во Министерството за внатрешни работи, Мицкоски го предлага Астрит Исеини, кој дипломирал на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје, а се стекнал и со титулата доктор по Кинезиологија, како вонреден професор.Каква врска има физичкото образование, Кинезиологијата со полицијата и внатрешните работи?Гледаме класичен кадровски дебакл на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Единствен критериум е партиската припадност.Нити има свежи кадри нити професионалци ниту пак луѓе со соодветно познавање на областите.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Тошковски нема решено ниедно убиство за шест месеци

,,ВМРО-ДПМНЕ во паника денес објавува дека од вкупно пет убиства и три обиди за убиства, Панче Тошковски за само шест месеци решил еден обид за убиство. Ова е катастрофален учинок кој ја покажува неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ во водење на МВР како инститиција. Бидејќи се обидуваат да ја лажат јавноста, еве ги вистинските податоци за нивната работа и во минатата и во оваа влада, споредбено со работата на МВР под раководство на СДСМ.Од 2006 до 2015 под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, имало 331 убиство од кои дури 38 останале нерасчистени, додека од 2017 до 2024 само 128 убиства од кои само 13 нерасчистени.Три пати повеќе убиства има во време на ВМРО-ДПМНЕ со двојно помала ефикасност во истрагите. Затоа, кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за див запад, тоа може да го каже само за своето владеење и никако поинаку. За шест месеци веќе имаме пет нерасчистени убиства и очигледно е дека се враќаме назад кон времето кога убиствата беа секојдневие а нивното расчистување не постоеше.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Имаме информации дека ВМРО-ДПМНЕ прави притисок врз ДКСК да го скрие случајот фамилјарно патување за Вашингтон

,,Според информациите кои доаѓаат до СДСМ, високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски вршат притисок врз ДКСК за да се заташка случајот со истрагата за фамилијарното патување со синот за Вашингтон.Мицкоски веќе трет ден бега и се крие да објави приватни сметки кои тврди дека ги платил лично за патувањето, што јасно укажува дека тоа не го направил.СДСМ поднесе барање до сите институции за пристап до информации од јавен карактер, па да видиме дали ќе се одважат конечно да ги објават податоците кој се шетал на сметка на граѓаните во САД.Според нашите сознанија има уште неколку работи кои се интересни за јавноста за оваа прошетка на Мицкоски кои се држат во тајност. Но, СДСМ набрзо ќе ги открие.Им порачуваме да ги тргнат рацете од институциите и дека 2016 година одамна е помината. Брзо ќе се открие вистинското лице на ново режимско ВМРО-ДПМНЕ ако продолжат да го прават тоа, а граѓаните тоа жестоко ќе го казнат.Повеќе од јасно е дека Мицкоски е преплашен од истрагата и инфомрациите кои ги крие. Но како што љубеше да каже менторот на Мицкоски, вистината е како шило, кога тогаш ќе излезе на површина.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Неспособност, Мицкоски најавуваше дека за ден или два ќе се справат со пожарите а тие се проширија

,,Состојбата со пожарите во државата е алармантна и не е под контрола.Се потврдува неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да се справи со пожарите.Премиерот Христијан Мицкоски најавуваше дека за еден ден или два ситуацијата со пожарите ќе биде целосно ставена под контрола.Поминаа денови а пожарите наместо под целосна контрола како што најавуваше Мицкоски се проширија.Фактите говорат дека Владата на Мицкоски задоцни во првичната реакција, дозволија да изгорат 1.000 хектари и целосно потфрли во справување со пожарите, за што одговорност мора да има.Наместо фрлање лопати, давање изјави со празен ПР, за справување со пожарите е потребна навремена реакција, брза интервенција на терен, добра координација, работа и посветеност.Изминатите години СДСМ успешно ги менаџираше пожарите секое лето без да се загрози ниту една куќа.Во 2022 година Одделот на МВР беше опремен со 3 хеликоптери оспособени за гасење пожари, набени беа ведро и симплекс резервоар.Во континуитет се одржуваше нивното високо техничко ниво, навремено беа ремонтирани и модренизирани.За катастрофланото справување со пожарите мора да има одговорност.”, велат СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги малтретира скопјани, ЈСП пред колапс тие не набавуваат автобуси

,,Се случува тотален хаос со јавниот превоз во Скопје, ВМРО-ДПМНЕ го доведе ЈСП во катастрофална состојба.Автобусите доцнат а често и воопшто ги нема, по топлото време граѓаните со часови губат време и не можат навреме да стигнат никаде.Во преполни автобуси луѓе колабираат, интервенира брзата помош, а возењето со распаднатите кинески автобуси е ризично и небезбедно. Секој ден има немили настани.ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси, само заради теснопартиски интереси.Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ буквално ги малтретираат скопјани.Во Советот на Град Скопје токму советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на градот, сами ги блокираат проектите кои заедно со Арсовска ги ветуваа, како набавка на нови автобуси.После катастрофата којашто му се случи на Скопје со Коце Трајановски, Скопје 2014 и набавката на кинеските автобуси кои се распаѓаат, сега ВМРО-ДПМНЕ приредува нова катастрофа.Со блокади ВМРО-ДПМНЕ сака да го уништи ЈСП на кое му фалат 50 автобуси само за да функционира.Цената за ваквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ја плаќаат граѓаните на Скопје.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: За хаосот во ЈСП виновни се единствено ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ е партијата која е единствено виновна за хаосот кој се случува во јавниот превоз во Скопје. Заради своите теснопартиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ со години не набавува нови автобуси. Откако им пропаднаа зделките со Арсовска, ВМРО-ДПМНЕ ги малтретираат скопјани и го запустуваат јавното претпријатие.По принципот или ние или никој,ВМРО-ДПМНЕ го блокира градот, а состојбата со која сами си ги блокираат проектите кои ги ветиле, како набавка на нови автобуси е трагикомична.Откако Коце Трајановски го направи историски најлошиот потег со набавка на кинеските авотбуси кои се распаѓаат по улиците, сега имаме локална власт која е решена по секоја цена да го уништи претпријатието на кое му фалат до 50 автобуси нормално да функционира.Секојдневно сме сведоци на немили настани од преполни автобуси и луѓе кои колабираат од горештините додека ги чекаат автобусите кои доцнат и се преполни.За потсетување, локалната власт на СДСМ набави германски автобуси од марката МАН кои ден денес се симбол за квалитет во градскиот превоз.

Македонија | пред 1 година

IMG_5047

Талески: Градоначалникот на Неготино се сонча, Мицкоски фрла лопати, државата гори

СДСМ денеска ја обвини владата на Мицкоски за состојбата со пожарите велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ немарно се однесувала во кризата и доцнела со одлуките.Пратеникот Талески на прес конфереција ги презентираше фактите и редоследот на настаните пред се за пожарот во Неготино и планината Серта.Талески го обвини Мицкоски и градоначалникот на Неготино Горан Стојков дека се однесувале неодговорно а пожарите воопшто не им биле приоритет.„Владата и надлежните институции целосно потфрлија и задоцнија во реакцијата со што дозволија да изгорат околу 1500 хектари зеленило ширум државата, а само во неготинско преку 1000 хектари на планината Серта“ - рече ТалескиТој тврди дека три дена градоначалникот на Неготино не се појавил на работа додека бил на одмор во Грција а состојбата веќе била исклучително лоша.„Од 9 до 13 јули, месното население, со многу слаба организација и поддршка се бори со огнот за да се спасат селата Пепелиште и Восјанци. За цел тој период, односно 9,10 и 11 јули градоначалникот на Неготино, Горан Стојков се сонча во Грција на одмор. На ум не му паѓа да се врати во Неготино.“ - обвини Талески.Тој порача дека одговорност мора да има бидејќи причината за ширењето на пожарите ја лоцира во целосната негрижа и отсуство на одговорност кај Мицкоски и Владата.„Додека граѓаните апелираа по социјалните мрежи, а СДСМ јавно бараше брза реакција, Мицкоски реши дека е подобро да оди во Охрид да фрла лопати околу да се грижи за безбедноста на граѓаните. Доколку кризниот штаб му беше приоритет на Мицкоски, а не лажните промоции на проекти, можеше да се спаси поголем дел од она што сега е уништено.Во целата ситуација Претседателката Сиљановска исчезна и се занимава со протоколарни средби. Се што дознавме е дека Сиљановска не можеле да ја најдат два дена да ги потпише одлуките за прогласување на кризна состојба. Лежерноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ е реална опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните“ - рече пратеникот на СДСМ, Миле Талески.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: ДКСК да го истражи случајот на синот на Мицкоски, да не паѓа под притисоците на ВМРО-ДПМНЕ

,,Ја поздравуваме одлуката на ДКСК да започне постапка и да се истражи патувањето на синот Мицкоски во Вашингтон. Јавноста мора да знае од кои пари е платено тоа патување. Мицкоски се крие два дена, да не ги објави приватните сметки и со тоа јасно потврдува дека такви сметки воопшто не постојат.Денешниот обид за спин на ВМРО-ДПМНЕ со наводно барање ДКСК да го истражува имотот на пратеничката Славјанка Петровска, е само уште една потврда дека нешто сериозно смрди во фамилијарната прошетка на Мицкоски со синот за Вашингтон.ДКСК мора да остане независна и да не подлегне на овие притисоци од ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваме во најкусо време да истражат и одговорат дали се злоупотребени државни пари за приватните патувања на семејството на Мицкоски.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_5047

Талески: За лошата состојба со пожарите да има одговорност, Владата на Мицкоски целосно потфрли

,,Состојбата со пожарите низ државата е алармантна и излезена од контрола. Владата и надлежните институции целосно потфрлија и задоцнија во реакцијата со што дозволија да изгорат околу 1500 хектари зеленило ширум државата, а само во неготинско преку 1000 хектари на планината Серта.Денес јавноста треба да ги знае фактите бидејќи тие нема да гу слушнете ниту од институциите, ниту од Мицкоски и неговите мегафони.Пожарот во неготинско е започнат на 9 јули во 11 часот. До 13 јули на полноќ, односно цели 4 и пол дена откако СДСМ реагираше заедно со граѓаните дека состојбата е алармантна, не беше прогласена вонредна или кризна состојба. Со тоа директно се оневозможува барање на помош од странство. Цели четири дена до 13 јули до полноќ Владата ја игнорираше кризата која сега прераснува во еколошка катастрофа.Од 9 до 13 јули, месното население, со многу слаба организација и поддршка се бори со огнот за да се спасат селата Пепелиште и Восјанци. За цел тој период, односно 9,10 и 11 јули градоначалникот на Неготино, Горан Стојков се сонча во Грција на одмор. На ум не му паѓа да се врати во Неготино. Тој не е присутен ниту на вонредната седница на советот на 10 јули, ниту за време на формирање кризен штаб. Неверојатна неодговорност на ВМРО-ДПМНЕ.Согласно информациите, за прв пат дури на 14 јули започнува реална организација околу гаснење на пожарите, или точно пет дена откако е почнат пожарот. Во тој момент според локалното население веќе се изгорени 1000 хектари површини.Ова се почитувани граѓани фактите околу пожарот во неготинско. Одговорноста за катастрофата е кај институциите во доцната реакција и слабата организација и кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски кои не знаат каде тераат откако ја преземаа власта.Додека граѓаните апелираа по социјалните мрежи, а СДСМ јавно бараше брза реакција, Мицкоски реши дека е подобро да оди во Охрид да фрла лопати околу да се грижи за безбедноста на граѓаните. Доколку кризниот штаб му беше приоритет на Мицкоски, а не лажните промоции на проекти, можеше да се спаси поголем дел од она што сега е уништено.Во целата ситуација Претседателката Сиљановска исчезна и се занимава со протоколарни средби. Се што дознавме е дека Сиљановска не можеле да ја најдат два дена да ги потпише одлуките за прогласување на кризна состојба. Лежерноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ е реална опасност по здравјето и безбедноста на граѓаните.Каде е сега Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ да одржи некој прес од теренот? Го нема.”, изјави Миле Талески, пратеник.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања