„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_4082

СДСМ: Петто убиство откако Тошковски е министер, ниедно не е расчистено

,,Состојбата со убиствата станува алармантна, а безбедноста на граѓаните е во ризик поради постојаните пукања. Македонија станува сцена од каубојски филм каде убиствата и уличните пресметки се секојдневие. Најстрашно е што нема разрешница на ниедно убиство во последните шест месеци откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР.Во овој период од шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со МВР имаше пет убиства и три обиди за убиства и на ниеден случај нема разрешница. Нула проценти е ефикасноста во истрагите.Оваа неспособност на МВР е загрижувачка и ги охрабрува криминалците. Додека Мицкоски се сили како наводно криминлаците се плашеле од него, државата заличува на предградие на мексикански град каде владеат картелите.Само пред две недели се случи последното убиство во Тетово за кое од тогаш не слушнавме ништо од МВР, освен празните соопштенија дека задржале некого на разговор.За потсетување, се уште нема епилог од 1 јули кога имаше пукање во Батинци кон автомобил во кое загина едно лице. Второ, нема никаков епилог и во фамозниот случај во кој во Железара матичниот 67-годишен лекар Ацо Трпковски беше пронајден избоден на паркинг пред поликлиниката.Нема никаква разрешница ниту за убиството во Горно Блаце од февруари годинава. Нема никакво решение или епилог за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново кон кој беше пукано од возило. Листата е предолга за да се набројат сите случаи.Тошковски е најенспособнито министер со најслаба реализација во истрагите и за тоа треба да се повлече од функцијата. Неговата неспособност е опасност по безбедноста. ВМРО-ДПМНЕ е партија која против криминалот се бори само во сон, а во пракса е безопасна за криминалците и насилниците.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Мицкоски ја лаже јавноста, зошто не ги објави приватните сметки за патувањето на синот

,,Мицкоски веќе два дена се крие и не одговара на прашањата на граѓаните и јавноста во однос на патувањето на синот во Вашнгтон како дел од делегацијата на Владата. МНР невешто се обидува да го брани Мицкоски кој се крие, а може со само една постапка да ги отфрли сите обвинувања - да ги објави сметките со кои тврди дека приватно го платил патувањето на синот.Мицкоски го започна мандатот ветувајќи транспарентност и чесно работење, а сега очигледно е дека за приватни фамилијарни патувања користи државни пари. Ова е типичен пример за лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ, едно зборуваат друго прават.ВМРО-ДПМНЕ ја крие и листата на делегацијата од преку 20 луѓе кои патувале во САД, очигледно една од причините е синот на Мицкоски.СДСМ ќе поднесе барање за пристап до информации од јавен карактер, да се види листата и да се дознае вистината.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

Дали Мицкоски го носел синот на државен трошок во САД?, прашува СДСМ

„Универзитетот Џон Хопкинс на официјалниот профил на Твитер, објави фотографии од посетата на Мицкоски од САД каде според инфомрациите од медиумите, со него е неговиот постар син“, велат од СДСМ и додаваат:Мицкоски мора итно да ја информира јавноста дали го носел синот во САД на државен трошок и да се произнесе околу целата ситуација. Мицкоски кој од самиот универзитет порача дека правото и правната држава за него се приоритет, очигледно решил тоа да важи за сите освен за него.Исто така, бараме Владата да го објави списокот на сите лица членови на делегацијата во САД кои патувале на трошок на граѓаните, за да се потврди или отфрли оваа информација. Изјава на Мицкоски нема да биде доволна. Владата најави отвореност и транспарентност, сега е шанса тоа да го покаже.

Македонија | пред 1 година

screenshot_20240712_153502_messenger

„Политичарите нека си се верници и не ми смета и никој не треба да им брани. Но, верници да се за по дома, на верски празници“

Поранешниот функционер на СДСМ, Фатон Асани, се огласи по последните поделби на јавноста кои настанаа откако во Собранието се изведуваше обред за молитва, а по повод геноцидот во Сребреница. Асани им порача на политичарите да не ја злоупотребуваат религијата за пусти гласови и дека таа е за дома.„Бидејќи многу мои партиски другари го искажале својот став околу настанот во Македонското собрание, па и јас како муслиман по религија, а и како поранешен функциониер, сметам дека не треба да го поминам преќутно.Така што сакам да го кажам следново:За да сме на чисто од почеток, одамна имам речено дека држава и религија не одат ЗАЕДНО ако сакаме да имаме ДРЖАВА, а за жал во Македонија таа работа е настаната БОСАНСКИ ЛОНЕЦ (кој бил во војска ЗНАЕ), тогаш треба да се направи разлика.За пусти гласови и РЕЛИГИЈАТА ја ставивме во служба на партиите и тоа кој многу повеќе кој помалку, но ставиле прсти, а ДОКАЗ се последните парламентарни избори.Политичарите нека си се верници и не ми смета и никој не треба да им брани. Но, верници да се за по дома, на верски празници. Држава и религија реков не може заедно ако сакаме ДРЖАВА,бидејќи сите знаеме какво мултикулти општество е нашето и е многу осетливо на тоа прашање. Нооооо!Да не гледаме само со едно окоооо!Државните канцеларии пливаат во религиски обележја,редовно религиски празнични обреди во истите,или пак сигурно поради СЕКУЛАРНОСТА во центарот на Прилеп до ден денес никој не ја чепнал обезличената џамија која беше разурната во далечната 2001… Па примерот на препишувања и посвојување на државни објекти и имот на име на верските заедници се прави бидејќи сме секуларна држава? Не другари, почнав и ќе завршам за да сме на ЧИСТО!!!! Држава и религија не оди заедно, посебно кај нас, во Нашата Македонија.И да сум уште појасен, под услов да не постоеа горе спомнатите факти за несекуларни постапки, и јас го осудувам чинот во Собранието, бидејќи не носи ни убави ни напредни работи… Македонија е на сите НАС и да почнеме да гледаме во ИДНИНАТА…..и извинете ме тие што се нашле навредени во напишаново но за жал таа е вистината и од неа нема бегање!!!

пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ лаже, имаме поповолни кредити и во овој момент, ова е политички кредит

,,ВМРО-ДПМНЕ и Александар Николовски лажат, имаме поповолни кредити и во овој момент, со помала камата од договорениот во четири очи на Мицкоски во Будимпешта.Ова е политички кредит.Условите под кои се зема ова задолжување се далеку понеповолни, со камата повисока од најавената од 3,25% и сето тоа врз грбот на граѓаните.Македонија е веќе корисник на кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по многу подобри услови и помала камата од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години.Зошто без никакви други обиди преку контролирани механизми на задолжување од меѓународни финансиски организации Мицкоски сака да земе кредит во четри очи?Задолжувањето на државата со нови 500 милиони евра од Унгарија, договрено во 4 очи, нема никаква врска со специјална економска соработка. Кристално јасно е дека позади ваквиот дил се кријат политички интереси кои многу брзо ќе излезат на виделина.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Со кредитот од Будимпешта јавниот долг ќе отиде над 65%

,,ВМРО-ДПМНЕ ја носи Македонија во долгогодишно политичко и финансиско заложништво на друга држава. Кредитот кој во четири очи кој Мицкоски го договорил со Орбан не е никаков поволен ниту потребен финансиски инструмент. Тој е политичка одлука која е во интерес на ВМРО-ДПМНЕ.Со овој кредит, долгот на државата ќе отиде над 65% што е спротивно на мастришките критериуми, но и спротивно на законот за буџети. ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно ја труеше јавноста од опозиција како државата била презадолжена, сега планира само со една политичка одлука во свој интерес, да ја задолжи земјата до гуша.Фактите и условите за овој кредит, говорат дека тој воопшто не е ниту подобар ниту поповолен од кредитите кои ги имаме на располагање од реномираните и конотрлираните меѓунардони финансиски институции.За овие 500 милиони евра кредит од Бумпешта, граѓаните ќе треба да вратат над 150 милиони евра камати од кои само во првите три години над 50 милиони. Ова покажува дека кредитот е далеку од поволен.Ние веќе користиме кредит од 150 милиони евра од Европската банка за развој по подобри услови, односно каматна стапка од 1,6% со грејс период од 24 месеци и рок на отплата од 12 години и дополнителни 100 милиони со 3,5% каматана стапка. Значи имаме кредит од реномирана институција кој е поповелн за стопанството. Во моментов стопанството има на располагање кредити со каматна стапка под 3%. Шти занчи дека поволноста на овој кредит е огромна лага. Одлуката е политичка, а не финансиска.СДСМ бара итно повлекување на ВМРО-ДПМНЕ од оваа идеја и започнување преговори за финансирање од проверени и контролирани извори.СДСМ бара Собранието да ја отфрли во целост оваа идеја и да не дозоволи државата да падне во политичко заложништво и вечен должник на друга држава.СДСМ бара меѓународните институции итно да реагираа на оваа намера и да се произнесат по однос на оваа одлука која трајно ќе го смени курсот на земјата и стратешките позиции.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: Зошто Мицкоски ја крие средбата со бугарскиот премиер Главчев?

,,Поминаа 14 часа откако бугарскиот премиер Главчев на долго и на широко раскажа за средбата со Христијан Мицкоски пред медиумите, а Мицкоски никаде го нема да ги соопшти ставовите од таа средба.Покрај протоколарните убави зборови, Главчев јасно ги повторил позициите на Бугарија дека обврските за Северна Македонија остануваат.Дали Мицкоски го крие разговорот и се срами да соопшти како поминале неговите барања?Дали воопшто ги поставил барањата за промена на преговарачката рамка?Дали било што од ветувањата кои ги даде пред граѓаните во кампањата го покренал како прашање?Или повторно, по веќе не знаеме кој пат од преземањето на власта, си ја подвиткал опашката?Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ требаше да го искористат самитот за зајакнување на македонските позиции во однос на Бугарија и Грција, но и други важни средби.Засега се што добивме се многу насмеани селфи фотографии од министрите, една веќе постоечка инвестиција и никаков успех на дипломатски план.ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека ништо од ветеното не планира да реализира ниту има капацитет за тоа.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_1662

Лукаревска: Договорот со Бехтел и Енка беше исторски криминал за ВМРО-ДПМНЕ, а сега истиот ќе го реализираат

Додека ВМРО-ДПМНЕ беа во опозиција, за договорот со Бехтел и Енка, на големо кажуваа дека е историски криминал и дека е штетен. Се држеа и пресови, се одеше на терен, се крена голема прашина. Но, сега владата на Христијан Мицковски ќе го реализра истиот договор со Бехтел и Енка. Се што зборуваа падна во вода, рече пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на гостувањто во дебатната емисија 24 Анализа.-Ако тоа било исторски криминал за кој обвинуваше ДПМНЕ и според нив се работело нелегитимно, како тоа истиот Договор го реализираат? додаде таа.Лукаревска се осврна и на Преспанскиот договор, за кој рече дека благодарение на одлуките на СДСМ, денес Македонија е рамноправна членка на НАТО алијансата.-Благодарение на тој Преспански договор, во Вашингтон е сегашниот премиер и Владата како дел од НАТО самитот. А целата кампања на ДПМНЕ се движеше во делот на преговарачката рамка и Преспанскот договор и ветуваа на граѓаните дека ќе ги менуваат. Денеска велат дека Преспанскиот договор е нашата реалност. СДСМ носеше државнички одлуки и ова е потврда за исправноста на тие одлуки, рече пратеничката Сања Лукаревска.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Пу пу не важи, Договорот со Бехтел и Енка за кој Мицкоски велеше дека е криминален ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира

,,Христијан Мицкоски велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е историски криминал.Во бројни изјави, речиси хистерично ВМРО-ДПМНЕ велеше дека Договорот со Бехтел и Енка е штетен и дека е пљачка на народот.Денеска Александар Николовски се тоа го фрли во вода, пу пу не важи. Од денеска е се различно.Од денеска ВМРО-ДПМНЕ и Владата на Христијан Мицкоски ќе го реализира истиот Договор со Бехтел и Енка.Почетокот на мандатот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажува дека едно зборуваа како опозиција сега прават друго.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Небезбедни авотбуси, скопјани се гушат од запалени депонии, ВМРО-ДПМНЕ го уништи Скопје

,,Откако ВМРО-ДПМНЕ го презема власта во Скопје, Градот буквално се распаѓа.Поради пропаднатите бизнис зделки на Арсовска и Мицкоски нема сегмент во кој не назадува живеењето во главниот град.Небезбедни автобуси, ЈСП е во колапс, скопјани се гушат од запалени депониии кои ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе ги исчисти, јавните претпријатија не функционираат.Сето ова потврдува во каква ужасна состојба е градот Скопје, во каква лоша состојба е ЈСП но и останатите јавни претпријатија. Само ВМРО-ДПМНЕ тоа не го засега, ниту малку.Нивната екс миленичка Данела Арсовска ги обивнува дека самите советници на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираат работата на јавните претпријатија исто како и набавката на нови автобуси за градот.Нема поголем доказ дека користољубието и партискиот интерес на ДПМНЕ се пред се и над се и дека воопшто не им се важни граѓаните.Воопшто не има важно дали небезбедни автобуси ќе се возат и дали некој ќе настрада, воопшто не им е важно што скопјани се гушат од чад, важно е само дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат контрола и интерес.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: Папагалски лаги, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да лажат за Филипче

,,Лефков и ВМРО-ДПМНЕ или треба да ги докажат обвинувањата или треба да престанат да лажат за претседателот на СДСМ. Една иста повторена или фабрикувана лага која како папагали ја повторуваат не може да стане вистина, ако на тоа се надева Лефков.Ова е лоша копија на старото ВМРО-ДПМНЕ кое не се занимава со потребите на граѓаните туку со црна кампања против опозицијата.Откако Владата ја наполнија со инкриминирани кадри, од Игор Јанушев до Коце Трајановски ВМРО-ДПМНЕ и Лефков немаат никаков легитимитет да зборуваат за криминал и корупција. Половина од членовите на раководство имаат дебели криминални резимеа, од насилници до организирани криминалци.Тоа што ВМРО-ДПМНЕ демонстрира голем страв кон претседателот Венко Филипче само потврдува дека СДСМ се менува во правилна насока.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски да престанат да се правдаат на состојбата со буџетот, пари имаат за се

,,Уште неседнати на фотељите, секојдневно ги слушаме функционерите на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Мицкоски, а сега и Николоски како се жалат и правдаат дека било тешко да се работи заради лошата состојба на буџетот.Почнаа да бараат алиби сакајќи да го оправдаат неисполнувањето на ветувањата како тоа за покачување на минимланата плата, но и за други.Владата на СДСМ обезбедуваше во континуитет плати за сите вработени во јавната администрација и претпријатијата во сите седум години и во услови на светски кризи. Граѓаните знаат дека СДСМ цели седум години работеше во апокалиптични економски светски кризи или во економско цунами, ако сакаме да се изразиме со речникот наВМРО-ДПМНЕ. СДСМ ниеднаш не се пожали за тоа.На Александар Николоски и Мицкоски им порачуваме да престанат да создаваат слика во јавноста дека се во многу тешка состојба. Очигледно или се неспособни или со трик сакаат да се прикажат дека состојбата била тешка ама ете тие го решиле проблемот.Овие застарени пропагандни трикови им доликуваат само на инфантилни популистички партии каква што е ВМРО-ДПМНЕ. Буџет и пари има, им порачуваме да се фатат за работа и не ја замајуваат јавноста.СДСМ во најтешки економски времиња обезбеди континуирано покачување на платите и пензиите, обебзедивме повеќе од милијарда евра за директна финансиска поддршка на компаниите и граѓаните во кризите и буџет за сите капитални инвестиции. Ако ВМРО-ДПМНЕ не е способна да раководи со буџетот сега кога кризите се зад нас и имаат чиста економска ситуација, тогаш тоа укажува само на голема неспособност.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Брука и срамота, компанија која веќе работи 16 години во Македонија за Мицкоски е нова инвестиција

,,Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат бесрамно да ја манипулираат јавноста со наводни нови инвестиции, но овој пат со потег кој е целосно потценување на интелегенција на граѓаните.Наводно новата инвестиција на Мицкоски е компанија која 16 години веќе работи во Македонија.Станува збор за барање на компанијата Вабтек за проширување на операциите во државата. За ова нивно барање се водеше постапка одамна во рамки на институциите кај нас при што заради негативно мислење на Комисијата за заштита на конкуренција тоа не се реализираше. Во рамки на овој процес имаше и судска постапка.ВМРО-ДПМНЕ изгледа смешно и наивно со своите промоции. Во отсуство на реална и сериозна дипломатска агенда на Самитот на НАТО, Мицкоски ја замајува јавноста со лажни ПР промоции. И кога веќе е решен да манипулира, го повикуваме исто така да ги објави условите под кои ќе го проширува производството компанијата Вабтек и што точно е договорено со компанијата.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

СДСМ: За ВМРО-ДПМНЕ покачувањето на платите не е приоритет

,,ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја замајува јавноста дека буџетот бил во катастрофална состојба како да поминало цунами и затоа ќе немало за покачување на минималната плата. СДСМ за седум години минималната плата ја покачи од 8.000 на 22.000 денари во услови на светска економкса апокалипса. Тогаш беше вистински тешко и беше потребна магија за да се реализираат ветувањата, но на СДСМ работниците му беа важни.ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се грижи за работниците и покачувањето на платите. Една од најдобрите и широко прифатени политики на СДСМ очигледно не е во интерес на Мицкоски, иако ветуваше пред изборите дека ќе се покачува минималната плата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжат онаму каде што застанаа, а тоа е поддршка на крупниот капитал на сметка на работниците.СДСМ во својата програма вети дека до 2025 минималната плата ќе биде 500 евра и за тоа имавме јасен буџетски план што Мицкоски воопшто го немал кога ветуваше брда и долини.Му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ, кој решил милијардата од Будимпешта да ја троши на непродуктивни инвестиции кои ќе значат одлив на пари, да се посвети на стандардот на работниците кои седум години СДСМ го штитеше во најтешките времиња за нив.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Само Мицкоски и Чак Норис можат за два дена власт да донесат нова инвестиција, доста се китите со туѓи перја

,,Тажно е да се гледа како Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена сакаат да покажат резултат и не бираат средства за да ги насамарат граѓаните. Но, потценување на интелигенцијата е дека само за два дена Мицкоски поканил, привлекол и договорил било кој нов инвеститор. Ова веројатно го можат само Мицкоски и Чак Норис.Таков последен пример е инвестицијата на компанијата EPSOTECH, која Мицкоски ја објави како свое големо достигнување. Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи инвестициите донесени од СДСМ да се реализираат, бидејќи тоа е добро за државата и граѓаните. Но, сметаме дека е политички простотилук да се тврди дека Владата на СДСМ ништо не работела, а во исто време Мицкоски да не признае дека се фали со наши проекти.Јавноста треба да знае дека во моментов има шест нови инвестции кои се со завршени договори и спремни за работа. Единствена причина заради која не ги објави СДСМ е да не го наруши изборниот процес. За овие инвестиции се завршени сите процедури и го чекаат последниот филтер во Комисија за заштита на конкурентноста.Му порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ наместо да продава магла и пропагнада, да се фати за работа и да реализира барем нешто свое. Срамно и смешно е два дена по преземањето на власта да промовира инвестиции како свои во услови кога уште немаат ни седнато на фотељите.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања