ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_4831

Филипче му замерува на Мицкоски што отишол во Вашингтон: СДСМ беше и ќе остане мотор на развојот

“Христијан Мицкоски, кој за Вашингтон отиде со пола од неговите министри, гордо преку видео ни порача дека е на самитот на НАТО. Човекот кој жолчно работеше против членството во Алијансата и целата своја политичка стратегија ја базираше на блокада на тој процес, денес без грам срам се однесува како ништо да не било”, вели Венко Филипче, лидер на СДСМ и додава:Лицемерието на политиката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски достигнува неверојатни граници. Тој заборави да каже во видеото која земја ќе ја претставуваат со Тошкоски, Мисајловски и Муцунски во Вашингтон, Северна Македонија или како што им ги подгреваа очекувањата на граѓаните - никогаш Северна само Македонија? Мицкоски да не заборава дека тоа што денес е на најважниот политички настан во светот, а не во некој од месните штабови на ВМРО-ДПМНЕ е благодарение на храбрите и државнички одлуки на СДСМ, кој тој ги бојкотираше.Не е далеку денот кога и целосно ќе се накити со перјата во надворешната политика, исто како што тоа го прави со инвестициите кои помпезно ги најавува а се плод на работата на СДСМ.Јавноста знае дека СДСМ беше и ќе остане мотор на развојот. СДСМ е партијата која ги реализира визијата и стратегијата на државата, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане опортунистичка партија која ќе кочи се што е во интерес на граѓаните заради тесно политички интерес.

Македонија | пред 1 година

IMG_3908

ВМРО-ДПМНЕ не расчисти ниедно убиство за шест месеци колку што е Тошковски министер, вели Кузеска

„Изминаа шест месеци откако ВМРО-ДПМНЕ раководи со МВР а Панче Тошковски е министер“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ и додава:За овие шест месеци, Македонија се претвори во Див Запад, опасно место каде секојдневно се случуваат убиства, палење на автомобили и насилство кое останува нерасчистено.Неефикасноста на МВР раководено од Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ стимулираат уште повеќе криминал, ја влошуваат безбедноста и ги охрабрува пиштолџиите кои слободно се шетаат низ државата.Последното убиство во Тетово е само еден од низата на нерасчистени случаи заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ кои кога и да се на власт, во државата царуваат уличните банди.Само за потсетување, ни помалку ни повеќе, туку точно 4 убиства и 3 обиди за убиства се нерасчистени во последните шест месеци или во просек едно месечно.За потсетување, се уште нема епилог од 1 јули кога имаше пукање во Батинци кон автомобил во кое загина едно лице. Второ, нема никаков епилог и во фамозниот случај во кој во Железара матичниот 67-годишен лекар Ацо Трпковски беше пронајден избоден на паркинг пред поликлиниката. Овој случај датира уште од март.Понатаму, нема никаква разрешница ниту за убиството во Горно Блаце од февруари годинава. Таму со прострелни рани од автоматско оружје пронајдено тело на 56 годишник.Одиме понатаму, нема никакво решение или епилог за обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново кон кој беше пукано од возило, а повредени беа возачот на градоначалникот и еден вработен во општината.Следно, МВР беше неспособно да открие и што се случило во Тетово во април годинава кога имаше пукање врз куќа на семејството Терзија во Тетово и обид за убиство.И конечно, нема разрешница ниту за нападот на Бит пазар порано овој месец кога 25 годишник бил физички нападнат и имало обид за убиство.Прашуваме, што работи МВР? Дали МВР воопшто е тука да го спречува или стимулира криминалот? Неказнивоста и неефикасноста на надлежните истражни органи само ги охрабрува насилниците и криминалците, а бројот на ваквите немили настани само ќе расте.ВМРО-ДПМНЕ е партија која против криминалот се бори само во сон, а во пракса е безопасна за криминалците и насилниците.Бараме итно да се расчистат случаевите, граѓаните се чуствуваат небезбедно и исплашено.ВМРО-ДПМНЕ со својата неспособност директно ја загрозува безбедноста на граѓаните и државата.

Македонија | пред 1 година

IMG_4771

Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка - ортаци се во криминалот и корупцијата, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче и Зоран Заев се браќа по криминал и корупција. Беа живи фатени кога во најголемата здравствена криза во Македонија, Ковид кризата, бркаа провизии за набавка на вакцините“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Додека илјадници граѓани починаа поради доцнењето на вакцините и Македонија бележеше највисоки стапки на смртност во време на Ковид кризата, Венко Филипче како министер за здравство во владата на Заев договараше вакцини со фирмата Стабри од Хонг Конг по 100% повисока цена од тоа што го плаќаа останатите земји, односно другите влади плаќаа по 30 долари, а Филипче и Заев договараа 62 долари. За 200 илјади вакцини тоа се 6 милиони евра повеќе пари.Тоа е методот на работа на Венко Филипче, ортакот во бизнисите и матните зделки на Зоран Заев. Тие се лицето и опачината на истата паричка. Сега Филипче седнува на фотелјата во СДСМ мислејќи дека така ќе се заштити од одговорноста од коруптивните зделки за кои постои сериозен сомнеж дека ги направил како министер во владата на Заев. И тој и Заев мислат дека СДСМ ќе ја користат како заложник за да се спасат од евентуални постапки. Но треба да знаат дека таа математика нема да им помине, односно секој кој се огрешил и ќе одговара.

Македонија | пред 1 година

IMG_4886

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри

,,Ако се анализираат кадровските решенија кои во прва фаза ги назначи Владата на ВМРО-ДПМНЕ, многу е очигледно дека Мицкоски посега по стари кадри.Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа гледаме партизација пред квалификација. Многу малку може да се забележат некои свежи кадри или некомпромитирани професионалци.Така со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар никогаш не работел во здравството.Како тој и со кое знаење ќе ја води оваа комплексна и многу важна институција?Клековски беше редовен учесник на телевизиските дебати, каде ревносно ги бранеше политиките на ВМРО ДПМНЕ.Очигледно единствено таа „квалификација“ му ја обезеди позицијата в.д. директор на Фондот за здравство.На директорско место во Управа за извршување санкции е назначен Александар Пандов, дипломиран историчар кој ниту има соодветно образование од оваа област ниту искуство.Работа во приватниот сектор кај Самсоненко, водејќи една од неговите компании за обложување не може да биде соодветна компетенција за оваа позиција.Очигледно и затоа со назначување на в.д. директори Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претохдното владеење на ВМРО-ДПМНЕ а не промена.ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014.Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво.Ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот не е промена. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.”, изјави Богданка Кузеска.

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Враќањето на Коце Трајановски и 600 милиони евра во неговите раце е најава за огромна корупцијата

,,По неколку владини одлуки и шака нови функционери ВМРО-ДПМНЕ го фаќа правецот назад, кон 2016 година.Јавното претпријатие за државни патишта со буџет од над 600 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ му го довери на Коце Трајановски.ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.Во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупција која се подготвува во ова претпријатие.Ова не е промена туку правец назад. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4865

Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ

Денеска во седиштето на партијата, Венко Филипче ја презеде функцијата Претседател на СДСМ од поранешниот претседател Димитар Ковачевски.Ковачевски му честиташе на изборот, му посака понатамошен успех во работата и повторно градење победнички СДСМ.Филипче се заблагодари на честитките, како и за ангажманот на Ковачевски во изминатите години како претседател на партијата и како премиер на Владата.Новоибраниот претседател, Венко Филипче посочи дека следи период на многу работа, обединување и реформа на СДСМ.-Процесот нема да биде ниту брз ниту лесен, но освен темелни промени не постои друг начин да ја вратиме довербата кај членовите, за да може постепено да ја освојуваме и довербата кај граѓаните. Ќе водам со пример, ќе обединувам и ќе работам како што ветив, како што се обврзав пред членовите. Сечиј глас ќе биде слушнат. Со честа и отворена комуникација со членството ќе создадеме нова енергија на партијата која ќе ја трансформираме во една ефикасна организација. СДСМ ќе се врати посилна и ќе продолжи да биде мотор на општествениот напредок., рече Филипче.Филипче убедливо победи на директните внатрепартиски избори со освоени над 9.000 гласа од членовите на партијата. СДСМ е единствена партија во земјата со толку висок демократски капацитет којашто претседаелот го бира на директни, непосредни внатрепартиски избори.

Македонија | пред 1 година

petrovska-krupen

Петровска распали: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија

„Во моето писмо со кое ја повлеков кандидатурата образложив дека денешниот ден ќе биде спротивно и на статутот и на принципите на социјалдемократијата, и така бидна се случи фијаско. Новиот претседател е избран со 11% од вкупниот број на членови на СДСМ, од 83.000 членови, ЗА гласале само 9.000. И со ова само се продолжува агонијата во која СДСМ почна да тоне од 2020та година наваму“, вели Славјанка Петровска и додава:Денес на многу членови на СДСМ не им беше овозможено да гласаат затоа што ги немаше на избирачкиот список, иако уредно се регистирале. Денес, 11.000 членови одбија да гласаат затоа што се спротиставија на начинот на кој беше водена кампањата, на фаворизирањето, на несанкционирањето на злоупотребата на лични податоци, на притисоците да се поддржи фаворитот, затоа што се чувствуваат навредено на избирачкиот список на СДСМ да се најдат со активисти на владејачки партии. Згора на се, Централната изборна комисија заборави дека јас ја повлеков кандидатурата, па ги броеле и тие гласови, многу професионално, зарем не. А и како прогласија претседател, а не ги почекаа приговорите? Еве доказ за диригираниот процес.Денес 11.000 демонстираа свој став. И тоа е повеќе од 9.000. А легитимитет не се добива со 9.000 гласа.Но, најважното СДСМ е многу повеќе од 12.000 или 23.000, СДСМ се сите кои не се регистрираа и со тоа демонстрираа отпор.Ова сценарио е погубно за СДСМ, за вистинската СДСМ и затоа не е доцна нешто добро да се направи. Јас ќе се борам за доброто на СДСМ.На Македонија и треба силен, кредибилен и чист СДСМ и затоа повикувам формирање на привремено раководство, без багаж и кое ќе има јасен мандат и капацитет да ја обедини партијата, и да ја подготви за следните и внатрепартиски и локални избори. Ова е единственото сценарио за заздравување на СДСМ.Свесна сум дека оваа моја искреност некого ќе го повреди, но подобро некој да е повреден од мојата искреност, отколку партијата да се сведе на 50.000 гласови следната година.

Македонија | пред 1 година

IMG_4771

Филипче нов претседател на СДСМ

Венко Филипче, поранешен министер за здравство во Владата на Зоран Заев, го презеде раководењето во СДСМ.Членство му даде поддршка на Филипче на вонредните внатрепартиски избори на кои силите ги одмери со Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ во заминување, и Александар Бајдевски, поранешен заменик министер во МИОА.Со оглед дека на изборите гласаа 12 608 социјалдемократи, од запишаните 23 000, Филипче има повеќе од половина што значи дека изборот е во прв круг.

Македонија | пред 1 година

filipce-515134

Извесно дека Филипче ќе е новиот претседател на СДСМ

Во СДСМ се гласа за избор на нов претседател, по оставката дадена од Димитар Ковачевски. Веќе извесно е дека победник ќе биде Венко Филипче, кандидат кој важи за близок експретседателот Зоран Заев и актуелен пратеник. Тој беше носител на струмичко-прилепската изборна единица 4, каде што партијата имаше слаби резултати исто како и низ цела држава.Победата на Филипче е очекувана дури и во внатрепартиските кругови во СДСМ. Се шпекулира дека токму тоа е причината поради која ексминистерката Славјанка Петровска се повлекла од трката. Извори од СДСМ брифираат дека ексдиректорот на ТИРЗ Јован Дсепотовски и ексзаменик-министерот во МИОА, Александар Бајдевски немаат свое гласачко тело и не уживаат висока доверба кај членството.Петровска, пак, веќе обвини дека се злоупотребувале лични податоци на илјадници членови на СДСМ, без да прецизира на кој начин и од кого, како и дали поседува докази.„На седницата на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на личните податоци на илјадници членови на СДСМ, кое продолжи и денеска“, рече Петровска.Пратеничката во поткастот „Претрес со Ландов“ веќе посочи и дека другите учесници во трката за трнот во СДСМ, имаат поголема одговорност од неа за изборниот резултат.Петровска најави и нејзино можно повлекување од политика.Гласањето се спроведува во 77 избирачки места низ државата, а на списокот се акредитирани 23 373 членови.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

Петровска со писмо до СДСМ: Јa повлекувам мојата кандидатура за претседател, не сакам да сум соучесник во погазување на статутот

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска испрати официјално писмо до Централната изборна комисија за претседателските избори во СДСМ.Во писмото Петровска ја известува ЦИК на СДСМ дека ја повелекува кандидатурата за претседател.„Сакајќи да го заштитам СДСМ од нелегитимен избор на претседател и да избегнам да бидам соучесник во ова погазуванье на статутот ве известувам дека ja повлекувам мојата кандидатура за претседател на СДСМ. Со оглед на тоа дека овој процес за мене е неприфатлив барам моето име да не стои на избирачкото ливче, со цел гласачите да не бидат доведени во заблуда“ пишува Петровска.Таа во писмото наведува дека и покрај тоа што на состанок со претставници на ЦИК укажала на бројни неправилности, сепак Петровска не добила никаков одговор што ги побива нејзините тврдења.„Имајќи ги предвид основните политички начела поставени во Статутот на Социјалдемократскиот соуз на Македонија кои jа потврдуваат нашата заложба како социјалдемократи за целосно почитување на човекот, неговото достоинство, права и слободи, како и нашата заедничка заложба за одржување на фер, чесни и достоинствени избори за претседател на СДСМ, каде сите кандидати треба да имаат подеднакви можности за претставување и лобирање, вчера на состанокот одржан во просториите на СДСМ со преставници на ЦИК информирав за сериозни забелешки во поглед на точноста и легитимноста на Избирачкиот список, злоупотребата на лични податоци на илјадници членови на СДСМ кое продолжи и денес, но за жал не добив одговор кој ги побива сите овие тврдења. Како социјалдемократ верувам во искреноста со коа треба да се обраќаме кон нашите другари и другарки и затоа сите овие основани и потврдени сомнежи го нарушуваат легитимитетот на овие избори и резултатите“ се наведува во писмото на Петровска.

Македонија | пред 1 година

thumbnail_Slika_03

Петровска бара одложување на изборите за претседател на СДСМ, целиот процес бил нефер

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска на прес-конференција ги повика другите кандидати кои се претенденти за претседател на партијата во недела да се откажат изборите за избор на нов лидер на партијата.Предлогит на Петровска е да се избере привремено партиско раководство кое ќе закаже нови внатрепартиски избори кога ќе се создадат услови за тоа.Вели дека процесот за избор на претседател бил нефер. Таа наброја неколку причини зошто изборите не треба да се одржат.Како главна причина таа смета дека регистрацијата на членовите не се вршела лично од самите членови, како и дека од некои од противкандидатите биле злоупотребени личните податоци на дел од членовите на партијата.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Демек овие исти подлизурковци на Заев и Таче ќе бирале лидер и ќе се реформирале? Не бе другари, не нудат ништо различно, коментира Исмаил од Левица

Пратеникот на Левица, Реџеп Исмаил смета дека борбата за лидер во СДСМ е сведена на исти ликови, кои и додека оваа партија била на власт, извршувале високи функции. Според него, невозможно е реформирање на оваа партија од овие кандидати за претседател.„Гледам во борбава за лидер на СДС уклучени се истите ликови кои, додека оваа партија беше на власт, извршуваа највисоки функции во извршната власт. Истите оние кои ги креираа и спроведуваа, и жестоко ги бранеа истите политики за кои беа и казнети на последниве избори. И сега, како ништо да не се случило, демек од овие исти подлизурковци на Заев и Таче ќе бирале лидер и ќе се реформирале?!Не бе другари, личност се бира за извршна власт (извршување на идеја) за партија се бира идеја околу која се окупира народ, а не лик околу кој се збирате. А сите овие кандидати за лидер на СДС не нудат ништо различно од она што впрочем и беше причина за се што им се деси на последните избори.Имено, од ниту еден кандидат нема:- Напуштање на ЕУ фундаментализмот;- Напуштање на НАТО како воена организација која цица за оружје од таму каде треба да има за путер;- Против предавничкиот Преспански договор кој го направија претходните лидери на оваа партија;- Против бугаризацијата која не е ништо друго освен нео-фашистичка наезда над македонскиот народ;- Против политичкиот систем кој целосно го сроза АСНОМскиот карактер на Македонија и од земја со антифашистички вредности ја претвори во бинационална трибалистичка анационална збирштина;- Даночен систем кој ќе прави реалокација на богатсвото од богатите кон сиромашните;- Економија која нема да се крсти на олтарот на странските инвестиции туку ќе се залага за силна улога на државата во економската активност;- Забрана за приватна дејност во виталните сектори како Здравство, Образование, Енергетика;- Отпочнување на процес за преиспитување на криминалите од транзицијата;- Политики за враќање на длабоко нарушената секуларизација на државата;Со еден збор, враќање на СДСМ на корените на вистинската социјал-демократија, а не продолжување на нео-либтардската сага на партијата како извршител на туѓи странски интереси кои се на огромна штета на својот народ.Затоа, јас искрено се надевам дека поштениот народ по тија штабови и листинзи на СДС ќе ги увиди овие работи и ќе се погрижи да има избор на идеја околу која ќе се воспостават темелите и целите на делување на партијата, а не да бираат лик кој најелоквентно ќе ги перпетуира старите погубни стојалишта на оваа партија. Доколку не успеат да си ја спасат партијата од овие елитистички петоколонашки либтардски дувла, портите на Левица секогаш ќе бидат широко отворени за нив, заедно да ја вратиме Македонија како што ја личи: УНИТАРНА, НЕЗАВИСНА, АСНОМСКА, АНТИ-ФАШИСТИЧКА, СЕКУЛАРНА - СОЦИЈАЛИСТИЧКА!“, напиша Исмаил.

Коментари | пред 1 година

IMG_4771

Филипче: Јас не верувам во наметнати политики, верувам во инклузивен процес сечие мислење да се слушне

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, на вчерашните средби со граѓаните во Кочани и Струмица истакна дека СДСМ мора да го искористи сиот потенцијал на членството на партијата и дека секој треба да биде слушнат, бидејќи секоја идеја е важна. Како иден претседател на СДСМ, Филипче истакна дека ќе се залага на систем на размена на идеја на мислења на комуникација, и тоа ќе биде начин на работа на новото раководство на СДСМ.„Најважно од се е другарството, најважна од се е релацијата, отвореноста, достапноста. Не може некој да не се јавува или да не комуницира поради тоа што во моментот извршува некаква функција. Ако јас бидам претседател секогаш ќе ви бидам достапен. Јас така знам да функционирам. Таков сум бил како доктор, така сум бил како министер и така мислам тоа е една од работите зошто се нафаќам да се кандидирам на оваа функција. Затоа што сметам дека тој систем може да се имплементира и тука во партијата“-истакна Филипче.Кандидатот за претседател на СДСМ, Филипче потенцираше дека тој не верува во наметнати политики, кои ќе ги смислува раководството во Скопје, бидејќи тоа создава револт кај членството.

Македонија | пред 1 година

IMG_4768

Петровска: Мешањето на Заев во изборите ќе доведе до нови поделби во СДСМ

Во интервју за Канал 5 кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска на прашањето дали поранешниот претседател Зоран Заев застанал зад кандидатот Венко Филипче и дали таквата поддршка му дава предност на Филипче, Петровска оцени дека тоа може да придонесе за дополнителни поделби внатре во партијата.„Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател. Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството“ рече Петровска.Петровска порача дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција туку дека ќе остане член и пратеничка на СДСМ во Собранието.

Македонија | пред 1 година

IMG_4752

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ, на вчерашните средби со граѓаните во Кисела вода и Штип истакна дека СДСМ мора да учи од грешките, а идниот претседател е должен тие никогаш да не се повторат.„Историјата е нашиот најголем учител, но само ако избереме да учиме од неа. Иднината на СДСМ ќе остане заложник на минатото ако не направиме суштински промени. Ако бидам избран за претседател, моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат“ - истакна Филипче.Тој рече дека како претседател ќе води со пример и ќе се заложи за обединување на партијата преку взаемно почитување и давање глас на членовите.„Новото раководство на СДСМ ќе делува суштински различно од сите претходни. Ќе водиме со пример, со многу чувство и емпатија за да осигураме дека секој член се чувствува ценет и слушнат. Сила на обединување ќе бидат другарството, еднаквоста и взаемното почитување. Само така од СДСМ ќе направиме вистинско семејство“ - рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања