ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_4751

Петровска од Штип: СДСМ има одговорност кон граѓаните и државата, во недела гласајте за број 4

Синоќа во Штип, кандидатиката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска пред членовите ја претстави својата програма за работа.Петровска пред присутните порача дека СДСМ мора да продолжи да биде државотворна партија и ги повика сите членови во недела да гласаат за бројот 4.„СДСМ е голема, државничка партија која носела храбри одлуки во интерес на државата, без да калкулира со сопствениот рејтинг. Тоа е одговорност пред нашите граѓани и вредност што треба да продолжиме да ја негуваме. Со исправни, демократски политики, со чесни и докажани луѓе ќе го вратиме СДСМ на вистинскиот пат.Затоа, другари и другарки социјалдемократи, ве повикувам во недела да заокружите број 4!Заедно да постигнеме повеќе!„ порача Петровска во Штип.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-25-at-15.47.19

(Видео) Јован Деспотовски се јави од болничка соба

Јован Деспотовски, член на СДСМ и кандидат за претседател на партијата, се јави од болничка соба. Тој кажа дека имал операција, опишувајќи дека тоа е мала криза здравствена.„Операцијата помина како што треба. Денеска сме оперативни. Денеска во 19 часот продолжуваме со чет со предлози и комнетари“, рече Деспотовски.Според него, постои желба за промени.ВИДЕО 

Македонија | пред 1 година

IMG_4726

Петровска од Охрид: Ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи, заедно ќе создадеме победнички СДСМ

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера во Охрид присуствуваше на централниот караван за претставување на сите кандидати за претседател на партијата.Пред присутните Петровска ја презентираше својата програма “Манифест на социјалдемократијата”, која ветува прогресивни политики и враќање кон основните вредности на СДСМ.„Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи. Ќе создадеме консултативно тело во кое право да членуваат ќе имаат претставници на граѓански организации кои во своето делување ги споделуваат политиките за кои СДСМ се залага. Заедно, можеме да постигнеме повеќе„ порача Петровска пред членовите на СДСМ во Охрид.Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се одржуваат на 30 јуни, а Петровска на гласачкото ливче е со реден број 4.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-22-at-21.30.47

Почина експратеник на СДСМ: додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Миле Андонов, починал по пад од кров во викендица. Тој беше дел од пратеничкиот состав на оваа партија во два мандати од 2008 до 2011 и потоа до 2014 година.Од МВР велат дека лицето починало откако паднало, по изведување на работи на кров.- Во 18 часот од итната медицинска помош било пријавено дека на планината Осогово М.А. роден 1962 година од кочани додека работел на кровот од викендицата, паднал и починал на лице место. Од страна на итната медицинска помош била констатирана смрт, известен е јавен обвинител - се вели во соопштението на МВР.

Македонија | пред 1 година

IMG_4653

Венко Филипче: Ќе водам со пример и ќе барам сите функционери да го следат мојот модел на работа

Венко Филипче, кандидатот за претседател на СДСМ, вчера се сретна со членовите во Ѓорче Петров и Карпош каде ја презентираше програмата и разговараше со членовите за тоа какви промени се потребни во партијата за да се врати на победничките патеки.Филипче во своето обраќање се осврна на начинот на кој планира да ја води партијата доколку биде избран за претседател и кои ќе бидат барањата од неговите идни соработници и функционери на СДСМ.„Јас планирам да водам со пример и ќе очекувам и барам сите функционери да го следат тој пример и начин на однос со луѓето и пристап во политиката. Јас сум отворен за сите, секогаш достапен и така планирам да работат сите во партијата. Луѓето коишто во партиската структура ќе ги бирам според тоа колку се вредни, професионални, работливи, колку имаат образ и колку се другари. Ова ќе бидат критериумите затоа што сметам дека функционирањето на партијата треба да се професионализира“ - истакна Филипче.На прашање кои ќе бидат неговите најблиски соработници, тој рече дека е доследен на ветувањето да не најавува однапред членови на идното раководство, бидејќи на тој начин да се формираат групи за поддршка што според него не би било фер спрема другите кандидати. Но за изборот на најтесното раководство ќе има широка дебата и презентација на тимот во општинските организации за да собере мислења од членовите со цел да се изберат луѓето со најголема поддршка и кредибилитет.„Јас не сум разговарал со никого затоа што тимот сметам дека претседателот треба да го прави изборот на раководство по неговиот избор. Но, да знаете дека мојот предлог тим ќе биде презентиран пред сите општински. Ќе сакам да слушнам сугестии и дебата за тоа кој ќе го води СДСМ и ако проценам дека одредени луѓе не се соодветно прифатени ќе изберам други. Мојата цел е пред се да имаме луѓе на позиции кои ќе ја вратат довербата кај членовите на партијата бидејќи нашето ткиво моментално е загрозено“ - рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4460

Петровска ја почна кампањата за претседател на СДСМ

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска ја започна својата кампања во ОО Бутел.,,Во матичната ОО Бутел ја отпочнав кампањата за претседател на СДСМ.Го презентиравме “Манифестот за Социјалдемократија” програмата со која планирам големи реформи во СДСМ и да го вратиме победничкиот дух, затоа што тоа е за доброто на државата.Благодарам на сите за масовата поддршка на првиот ден од кампањатa”, напиша Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

IMG_4456

Филипче: Секретар за односи со општинските организации - ново тело за подобра внатрепартиска комуникација

„Во мојата комуникација со членовите во текот на изборната кампања, но и во целиот изминат период, заклучив дека недоволната присутност на раководството на терен, слабата комуникација на локално ниво и неможноста да се влијае на централните партиски политики, се меѓу главните причини за лошиот резултат“, истакна Венко Филипче, кандидат за претседател на СДСМ при средбата со членовите во Аеродром.Тој планира проширување на секретарските места во партијата и формираме на нова позиција, Секретар за односи со општинските организации. Според Филипче, главна задача на секретарот ќе биде структурирана и постојана комуникација со општинските и месните организации.„Секретарот ќе треба да воспостави јасни и стандардизирани канали за комуникација помеѓу општинските организации и централното раководство. Секретарот под себе ќе има цел тим и ќе биде задолжен да организира редовни средби каде претставниците од ОО можат да ги изразат своите грижи, да споделат сознанија и да дадат повратни информации за партиските политики и иницијативи“, вели Филипче.Тој порачува дека ќе се воведат нови алатки и механизми, преку кои членовите во непосредна и брза комуникација ќе ги евалуираат политиките и ќе споделуваат ставови за важни политички прашања.„Ваквиот пристап според мене е критичен чекор кон унапредување на внатрепартиската демократија, обезбедување дека гласот на секој член е слушнат и поттикнување на посилна врска помеѓу централното раководство и членството. Ова тело ќе игра клучна улога во создавањето на транспарентна и ефективна партиска структура, што на крајот ќе доведе до пообединета и поодговорна СДСМ“, вели Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4432

Филипче: Во новите тела на СДСМ ќе ги обединам сите компетентни и искусни кадри

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, проф. д-р Венко Филипче во програмата ,,Нов СДСМ за нови победи" предвидува обединување на сите компетентни и искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството.Реорганизацијата на партијата и новите тела ќе придонесат за ефикасна и функционална партиска организација.Освен промена на начинот на внатрепартиските избори за општински раководства, во СДСМ ќе се формираат три нови тела: Советот за политика и стратегија, Секретар за односи со општинските и месните комитети и Комисија за етика и одговорност, како и секторски комисии.„СДСМ располага со огромен човечки потенцијал, луѓе кои секогаш биле блиски до партијата, делеле исти вредности и ставови, но во изминатите години се пасивизирале или повлекле од различни причини. Една од моите главни цели е обединување на сите компетентни и искусни кадри кои во минатото и сега придонесувале во партијата и општеството. Како претседател, ќе се потпирам на нивните стручни мислења, искуства и анализи преку кои ќе се градат партиските политики. Јас верувам во тимска работа, верувам во знаење, искуство и наука и секој кој сака да помогне ќе биде добредојден во партијата“ - рече Венко Филипче на средби со членовите.Еден од главните столбови во функционирањето на партијата ќе бидеСоветот за политика и стратегија. Советот ќе се состои од политичари, експерти и надворешни соработници кои на дневна основа ќе ги анализираат политичките состојби и ќе креираат стратегии и политики за партијата. Во Програмата на Филипче е предвидено Советот да биде задолжен да го контролира идеолошкиот развој и позиции на партијата и да ги усогласува политиките на социјалдемократските принципи. Функцијата на овој совет ќе биде навремено да реагира за партијата да може да се прилагоди на сите предизвици преку одлуки што ќе бидат добро обмислени и базирани на докази што има за крајна цел подобрување на кредибилитетот на партијата.Во рамки на Советот за политика и стратегија ќе се формира уште едно тело-Советот на ветерани на партијата.Според Програмата, овој Совет ќе биде составен од искусни поранешни политичари на СДСМ и ќе служи како советодавен одбор на претседателот. Користејќи го големото значење и искуство на неговите членови, СДСМ во иднина ќе носи издржани стратешки одлуки. Советот ќе игра клучна улога во зајакнување на кохезијата во партијата и обединување на сите струи и крила, е наведено во Програмата на Филипче.Следење на евалуација на работата на партиските и државните функционери и брза реакција при неетичко и коруптивно однесување, ќе биде во надлежност на Комисијата за етика и одговорност.Создавањето на оваа Комисија е критичен чекор во обезбедувањето транспарентност и етичко однесување во СДСМ. Комисијата ќе се погрижи сите членови на партијата, од најниско до највисоко раководно ниво, да се придржуваат до кодексот на однесување на партијата.Програмата на проф. д-р Венко Филипче подемократска, потранспарентна, прогресивна СДСМ.

Македонија | пред 1 година

SPASOVSKI-KRUPEN-1

Спасовски: Се што ДПМНЕ критикуваа изминатиот период сега го прават

Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието во интервју за Слободен Печат ги истакна ветувањата и најавите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и ги спореди со сегашната состојба.„Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, сметајќи дека тоа е заради ефикасност. Имате барање дајте ни 61 пратеник, не сакаме да зависиме од албанските политички субјекти, сакаме да имаме македонско национално единство - со 58 ги имате истите работи: не е Таљат Џафери, туку Африм Гаши, претседател на Собрание, тоа што најмногу им сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и се случи 27 април на кој ќе не’ убиеа во Собрание. Имате ветување дека никако нема да соработуваме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ, ДУИ мора во опозиција и еве го демантот на втора седница на Собрание, повторно договарање со ДУИ. Се’ она што критикуваа изминатиот период, сега го прават”, рече Спасовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4412

Филипче: Претседателите на општинските организации ќе се бираат на непосредни внатрепартиски избори

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија проф. д-р Венко Филипче, вчера од Охрид и Струга ја започна кампањата за внатрепартиските избори. Филипче пред членовите на партијата ја претстави програмата за претседател преку која ветува дека СДСМ ќе биде ефикасна и функционална партиска организација која работи во интерес на членовите и граѓаните.На вчерашните средби, проф. д-р Филипче, ја презентираше првата поголема реформа, во делот на демократизацијата на изборот на претседатели на општински организации. Во програмата е предвидено тие да се бираат на внатрепартиски избори на ист начин како и претседателот на партијата. Тој вели дека само така ќе бидат избрани оние кои имаат најголема поддршка од членовите на СДСМ. Оваа реформа ќе доведе до поефикасно лидерство, подобра застапеност на гласовите на членовите на партијата и следствено посилен и пообединет СДСМ.„Јас не верувам во наметнати решенија туку инклузивни политики на менаџирање. Довербата во членството и граѓаните ќе ја вратиме со достапност, отвореност, одговорно однесување на сите партиски членови, особено на високите партиски и политички функционери“, рече проф. д-р Филипче.Програмата на кандидатот за претседател Венко Филипче, предвидува новини кои партијата ќе ја направат подемокртска и потранспарентна, како за членството, така и за јавноста, со што ќе се врати довербата во партијата.„Со воведување внатрешни избори за позициите на претседатели на општински организации, ќе ја зголемиме довербата меѓу членовите и граѓаните, ќе ги избереме најдобрите кадри со најголема поддршка, ќе обезбедиме и ќе ја вратиме довербата на јавноста во нашата партија. Новото раководство на партијата ќе дефинира јасни насоки и правила за внатрешниот изборен процес, обезбедувајќи транспарентност и правичност“, пишува во Програмата на Филипче.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Вонинституционално најавеното задолжување ќе го зголеми јавниот долг на 66% од БДП

„Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг ќе се зголеми над 60% од БДП. Контрадикторно е дека ова никаде не е споменато во нивната програма Платформа 1198 , но со најавеното задолжува од една милијарда евра јавниот долг ќе биде 66% од вредноста на БДП“, рече пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи во неговото гостување во емисијата „24 Анализа“, која вчера вечер се емитуваше на телевизија 24.Коментирајќи ја најавата на Христијан Мицкоски за задолжување на државата од една милијарда евра, Битиќи посочи дека во јавноста имаме промена на реториката, она што до вчера беше важно, веќе денес се релативизира.„Одеднаш се зборува дека не е важно колкав е процентот на јавниот долг, до вчера беше, не е битен начинот на задолжување, до вчера беше, не е битно кој ти дал овластување за да преговараш за долг од една милијарда евра, до вчера беше, сега се тоа не е важно, важно е само да се дојде до една милијарда евра“, рече Битиќи и посочи дека станува збор за вонинституционално преговарање за кое Мицкоски никој го нема овластено да го прави тоа. “Треба прво да се формира влада, да се влезеле во институциите, па институционално да се водат преговорите за задолжување, па потоа да се каже исходот од задолжувањето“, нагласи Битиќи и додаде дека станува збор за нелегитимно преговарање во четири очи за задолжување на државата.Пратеникот Битиќи истакна дека со задолжувањето на овој начин се испраќа порака дека идната влада сака да се откаже од 840 милиони евра од Европската комисија, наменети за Македонија преку Планот за економски раст на ЕУ.„Тоа се средства со кои државата се обврзува да направи одредени реформи, кои се со подобри и поповолни услови отколку позајмицата од една милијарда евра“, рече Битиќи.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Жестока дебата за одговорноста ќе се бие на Конгресот на СДСМ

Експретседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски очекува долга дебата за изборите и неговата одговорност. Според него, по Конгресот, партијата треба да излезе пообединета и посилна.„Делегатите имаат за што да разговараат“, вели Ковачевски.На партиски конгрес, СДСМ денеска (9 јуни) ќе ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратеници.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-08-at-00.21.38

Ова се четворицата желни да го заменат Ковачевки

Централната изборна комисија денеска ги разгледа поднесените кандидатури за Претседател на СДСМ на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни, извести партијата.„Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за Претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски, Александар Бајдевски.Комисијата констатираше дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.Вака утврдената листа од 4 кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии“, соопшти СДСМ.

Македонија | пред 1 година

011-6

Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред, реагираше Спасовски

Системски закони не се носат по брза постапка, пратениците на СДСМ ќе гласаат за симнување од дневен ред на законите за реорганизација и зголемување на бројот на министерства, рече Оливер Спасовски координатор на пратеничката група на СДСМ на денешната седница во Собранието.-Сакам да го изразам ставот на пратеничката група на СДСМ, дека системски закон да се носи по скратена постапка, не е дозволено, посебно закон којшто уредува зголемување на бројот на министерствата и агенции и нема ниту проценка на влијание на регулативата. Не навлегувам во аргументите, предлогот, легитимноста, ама тука апсолутно станува збор за сложен и обемен закон кој е спротивен на деловникот на којшто се однесува и ние гласаме за симнување на оваа точка од дневниот ред, рече Спасовски.

Македонија | пред 1 година

IMG_4355

Бајдевски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

Александар Бајдевски денеска во седиштето на СДСМ поднесе кандидатура за претседател на оваа партија.Претендентот за наследник на Димитар Ковачевски е актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација.Вчера покрај него, кандидатури поднесоа уште тројца партиски функционери. Екс-министерот за здравство, Венко Филипче порача дека влегува сам во трката, без тим кој ќе го формира доколку стане претседател на партијата.Пратеничката Славјанка Петровска вели дека не сака кавги, но мора да има силно СДСМ за силна опозиција, која е здрава за демократијата.Првиот човек на ТИРЗ, Јован Деспотовски со програма „Нов почеток, нов СДСМ“. Тврди дека неговата програма обединува, а не фаворизира. Најавува формирање влада во сенка.Кандидатура поднел и Златко Ристовски, партиски активист од Битола.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања