ВО ЖИВО

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

СДСМ

IMG_4336

Деспотовски оди на сѐ или ништо: Разликата од противкандидатите на СДСМ е што не зборувам, туку има дела

Јован Деспотовски од центарот на Скопје пред старата Железничка станица кажа дека поднел кандидатура за претседател на СДСМ. Тој посочува дека ќе се заложи за „нов СДСМ“, па исто како што Скопје се подигнал од земјотресот, така и СДСМ повторно ќе биде нова партија која ќе обединува.„Нема да трошиме многу време на зборување, туку на дела и конкретни чекори. Тоа е клучната разлика која нѐ разликува од противкандидатите“, рече Деспотовски.Најави нови луѓе, но и дека старите структури нема да бидат заборавени.„Ќе има нов механизам по кој ќе дејствуваме, ќе формираме Влада во сенка, за граѓаните да споредуваат и размислуваат. Концептот на Влада во сенка постои, не е за да СДСМ дели фотелји, туку конкретни личности ќе работат на ставови, ќе подадеме рака на политичкиот опонент, ама кај што ќе видиме дека има разлика, ќе критикуваме. Ќе бидеме конструктивна опозиција, нема да критикуваме неосновано – тоа ќе не разликува од досега“, додаде Деспотовски.Тој кажа дека нема да прифати ниту една позиција во партијата, ако не биде избран во партијата.

Македонија | пред 1 година

IMG_4331

Славјанка Петровска добила поддршка од високи функционери на СДСМ за кандидатурата за лидерка

Како што и најави, и Славјанка Петровска ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. Таа кажа дека 24 години активна во партијата, а во програмата се осврнува на тоа што треба да се итни приоритети по големиот пораз кој го доживеаа на изборите.„Овој пат ситуацијата е специфична, особено поради политичките околности. На ниту една држава не и треба слаба или никаква опозиција. Затоа предизвик е СДСМ да се исправи, да продолжи по идеологијата и да биде цврста и силна опозиција“ посочи Петровска.Ако биде избрана, таа кажа дека ќе има и итен избор на ново раководство.„Можам да кажам дека минатиот период имав разговор и консултации и барав совет, и веројатно чим ја поднесувам кандидатурата има позитивни сигнали. Не би ги злоупотребувала нивните имиња“, додаде Петровска.

Македонија | пред 1 година

filipce-tribina-sdsm-miting

Филипче нема да владее како Заев: ќе докажам дека ќе владеам со мојот интегритет и достинство

Со поднесување на кандидатурата за претседател на СДСМ, Венко Филипче одговори и на прашањето дали ја има поддршката на Зоран Заев, на чиј табор, неофицијално, припаѓа тој. Филипче рече: „Доколку бидам избран за претседател, ќе докажам дека ќе владеам со мојот интегритет и достоинство. Тоа што имам одлични релации со Зоран Заев пред се говори за мене. Јас имам и одлични релации и со други претходни претседатели на СДСМ“.Одговори и на јавните прозивки дека СДСМ нема да опстои како партија по катастрофалниот пораз.„Јас сметам дека овие изборни резултати, партијата ја клекнаа на колена. Некои го поставуваат и прашањето дали СДСМ ќе опстои. А една од главните причини поради која се кандидирам е бидејќи цврсто верувам дека не само што СДСМ ќе опстои, туку повторно ќе биде победничка партија“, рече Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4330

Филипче поднесе кандидатура за лидер на СДСМ: Во трката влегувам сам!

Докторот Венко Филипче ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ. Тој смета дека овој ден означува промени во партијата, а најави и поднесување на програма. Ако биде избран, кажа дека ќе работи посветено и професионално.„...Со членовите имав чести средби, тие јасно укажаа што е тоа што сакаат да се промени во партијата. Партијата ќе работи посветено и многу попрофесионално“, рече Филипче.Посочува и: „во оваа трка влегувам сам, сметам дека тимот треба да се направи по изборот, немам никакви преговори со никого. Слушнав за повикот да се потпишат некакви изјави, јас сметам дека не треба да има никакви ограничувања“.Кажа и дека не треба да има поделеност, побара и фер-плеј.„Можам да ветам само многу работа“, додаде Филипче.

Македонија | пред 1 година

IMG_4328

Петровска, Филипче и Деспотовски се очекува денес да поднесат кандидатурите за лидер на СДСМ

Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, поранешната министерка за обрана и актуелна пратеничка Славјанка Петровска и директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски, денеска се очекува да ги поднесат своите кандидатури за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).Во медиумите се споменуваше дека е можно да се кандидира и директорот на Царинската управа, Стефан Богоев.Постапката за кандидирање започна на 31 мај и трае до утре. Право да поднесат претседателска кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите, меѓу кои, да имаат најмалку петгодишно членство во СДСМ и најмалку еднаш да биле избрани од партискиот Конгрес за член на некој од органите на партијата.Внатрепартиските избори следуваат по оставката на Димитар Ковачевски и раководството на партијата по поразот што партијата го претрпе на парламентарните избори, на кои освои 18 пратенички мандати.

Македонија | пред 1 година

filipce-tribina-sdsm-miting

Филипче: Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ

Поранешниот министер за здравство и актуелен пратеник на СДСМ Венко Филипче најави дека влегува во трката за лидер на СДСМ.„Поднесувам кандидатура за претседател на СДСМ“ – вели Филипче за ТВ24.Филипче ќе биде трет кандидат за лидер на СДСМ, својата кандидатура досега ја најавија пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска и директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, а опција да се кандидираат не исклучуваат ниту Стефан Богоев, ниту Александар Бајдевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.14

(Видео) Петровска: Можеби ќе се повлечам од политика, можеби ќе ме исфрлат на страна, можеби ќе ми бидат соработници

Пратеничката на СДСМ, која се кандидираше за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска, во „Претрес со Ландов“ кажа дека можеби и ќе се повлече од политика, но можеби и ќе биде иден претседател на СДСМ. Според неа, сите можности се отворени. Трката за местото се вжештува.?list=PLm6WbTW4gkMm9SA3GYzjLPE0VWu1c-A7d&t=1400„Трката за претседател на СДСМ, не треба да се води на телевизии, туку битката треба да се води, односно кандидатите да се води внатре меѓу кандидатите“, рече Петровска.Според неа, предизвик е да биде наследник на Димитар Ковачевски.„Со сите противкандидати имам коректни конеции, со некои почесто, со некои поретко се гледам. Можеби во идно време тие ќе бидат мои соработници, можеби јас ќе бидам нивни соработник“, додаде Петровска.На констатација од водителот дека можеби ќе ја исфрлат на страна, таа рече: „Никогаш не вели никогаш за некои работи, можеби јас ќе се повлечам од политиката“.

Македонија | пред 1 година

J4A3115

Јован Деспотовски најави кандидатура за наследник на Ковачевски

“Ќе се кандидирам за претседател на партијата, а кандидатурата ќе ја поднесам во зависност од роковникот”, вели Јован Деспотовски и додава:Овие избори не треба да се сведат на пазарење, туку на натпревар на концепти и идеи и да им се овозможи на луѓето да се изјаснуваат без притисок и без пазарење. Верувам дека на партијата, покрај длабоки реформи, и е потребен лидер кој ќе обединува.Обединувањето на партијата треба да почне да се случува веќе сега, меѓутоа не на начин на којшто треба сите потенцијални структури или структури внатре да седнат и да се договараат, затоа што тоа е погрешен пристап. Пазарењето е погрешен пристап. Треба да се обединиме околу целта да имаме еден процес во којшто сите членови на партијата ќе им дадеме право, без фаворизирање и без странични игри, самостојно да се изјаснат за програмите кои треба сите кандидати да ги понудат.Кандидатура потврди и Славјанка Петровска.https://www.youtube.com/live/SQ14ATUoNFo?feature=shared

Македонија | пред 1 година

IMG_1773-1536x1022-1

Започнуваат кандидирањата за претседател на СДСМ - рокот е седум дена

На вчерашната седница Централниот одбор на СДСМ го усвои Правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на Претседател на СДСМ за вонредните избори како и Правилникот за начинот и постапката за активна регистрација за членови на СДСМ.„Врз основа на Статутот на СДСМ, одлуките на Централниот одбор и одлуката на Извршниот одбор од денеска СДСМ објавува Отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани кандидати за Претседател на партијата.Постапката за кандидирање започнува од 31.05.2024 и ќе трае седум дена, до 06.06.2024 година. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми.За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.Вонредните внатрепартиски избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни 2024 година (недела).Деталите околу постапката, правиникот и критерумите се содржани во Правилникот за критериумите, начинот и постапата за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.Сите документи од денеска ќе бидат јавно достапни на официјалната интеренет страница на партијата (www.sdsm.org.mk).Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво.Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.Периодот за Активната регистрација e зголемен и изнесува 20 дена. Челновите ќе можат активно да се регистрираат преку две опции, преку онлајн алатката за активна регистрација којашто ќе биде достапна на интернет страницата на СДСМ во понеделник (03.06.2024) или втората опција преку општинските организации на СДСМ.СДСМ е прогресивна модерна европска партија. Овој процес ќе биде направен по највисоките демократски и организациски стандарди.Со одлука на Централниот одбор, за 09.05.2024 година (недела) е закажан Конгрес на СДСМ. Покрај анализите на причините за изборниот резултат Централниот одбор предлага и измени на Статутот на партијата за мандатот на Претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде 4 години“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_3574

Битиќи: Од новата владејачка коалиција не може да очекуваме владеење на правото

„Имавме два клучни моменти во државата, кои не ми даваат воопшто причина да верувам дека ќе имаме добро владеење. Заклетвата на претседателката на државата беше непочитување на Уставот, а изјавата на претседателот на Собранието беше непочитување на законите. Ако не почитувањето на Уставот и законите од највисоките претставници на власта е нормална појава, тогаш нивната одлика ќе биде непочитување на владеењето на правот“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.Тој се осврна и на најавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за заем од една милијарда евра, кој го оцени како прекршување на начелото на добро владеење.„Како е возможно лидер на опозиција да преговара заем, тоа го нема никаде во светот. Тоа не е начело на добро владеење, тоа е надвор од институционалното водење на државата, тој нема мандат да преговара за заеми далеку од очите на јавноста“, рече Битиќи .Битиќи појасни дека не може да се каже дека нема да има уставни измени, кога кај еден од коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ европските интеграции на државата се поставени како услов.„Очигледно е дека во политичка кампања може да се излаже било што, граѓаните ќе увидат дека ќе има уставни измени, Бугарите ќе бидат во Уставот, а можеби и други, коишто и не се споменувале, како што се Грци, како и од други соседни земји. Сето тоа ќе биде направено под изговор за динамизирање на европските интеграции“, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „Клан дебата“, која се емитува на ТВ Клан Македонија.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.14

(Видео) Славјанка Петровска: Носам помала одговорност, за разлика од потенцијални кандидати за претседател на СДСМ

Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, ексклузивно во „Претрес со Ландов“, откри дека влегува во трката за наследник на Димитар Ковачевски. Таа беше носител во шестата изборна единица каде СДСМ имаше историски најлош резултат, истовремено имаше и партиска функција – претседавач со Централниот одбор.?t=1265„Како член на СДСМ, чувствувам одговорност за секој пораз, исто како и како што се чувствувам горда кога има победа“, рече Петровска во „Претрес со Ландов“, па одговараше и дали мисли на Венко Филипче, Петре Шилегов, Јован Деспотовски како потенцијални противкандидати.Прашана зошто се кандидира за претседателка наспроти лошиот резултат кој го донела, одговори: „Јас слободно би рекла дека носам помала одговорност, ако ја мериме, за разлика од некои од носителите на функции кои подолго време биле носители на државни функции, а потенцијално се кандидати“.Во подкастот „Претрс“ одговараше и на други прашања како што се теновите и хеликоптерите дадени на Украина, критиките од партиските другари дека молчела во Собрание, дали СДСМ е секта или партија, се плаши ли од затвор, за замерките од граѓаните, но и за приватни моменти.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ ги излажа граѓаните и гласачите

Непринципиелност, лицемерие и нечесност кон граѓаните, е она што деновиве го гледаме од ВМРО-ДПМНЕ, по изборот за претседател на Собранието. Едно говореа пред изборите, а друго направија, кога дојдоа на власт, рече Дарко Каевски, портпарол на СДСМ, на гостувањето во емисијата „Дејли клик“, на ТВ 21.-Неискреноста на ДПМНЕ, се виде уште на почетокот. Лидерот на ДПМНЕ, Христијан Мицковски беше тој што велеше дека ако одредена политичка партија стекне огромен број на пратеници и има сериозна поддршка од граѓаните, треба да ги има највисоките позиции, како што е претседател на Собрание. Тие кои го оспоруваа тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери. Сега после изборите имаат сосема спротивно делување, со изборот на Африм Гаши. Ние немаме проблем со тоа, затоа што платформата за која се залагаше СДСМ во цело владеење беше едно општество за сите. Но ДПМНЕ да зборува едно, а ден после изборите да делува на друг начин е неискрено кон граѓаните и кон гласачите, рече Каевски.Тој потенцираше дека, ДПМНЕ беше политичка партија која цело време коментираше за говорите на кој било политичар кој зборуваше на албански јазик, па дури и сегашната претседателка, често велеше дека претседател на собрание не треба да зборува на албански, ама сега гледаме молк од нивна страна. Кога го избриваме Талат Џафери, тој прво се обрати на македонски јазик, па на албански, во согласност со законот. Каевски се осврна и на случувањата од 27. април, и начинот на којшто сега беше изборот на претседател на Собранието. Сега немаше надвор насилници организирани за да упаднат внатре во собранието, како кога ВМРО-ДПМНЕ го организираше крвавиот чин.-Тоа е суштинската разлика, меѓу СДСМ кога оди опозиција и кога ВМРО-ДПМНЕ оди во опозиција. 27 април беше еден од најтрагичните денови кој ќе остане запишан и кога за малку ќе беа убиени пратеници, за разлика, од сега кога се правеше транзиција на власта без инциденти и насилници. Особено сум горд што СДСМ ја варти демократијата за разлика од ДПМНЕ кое ја имаше зарбоено државата, рече Каевски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-30-at-08.55.22

(Видео) Носам помала одговорност за лошиот изборен резултат, за разлика од другите потенцијални кандидати за претседател на СДСМ, вели Петровска

Пратеничката од СДСМ и ексминистерка за одбрана, Славјанка Петровска, ексклузивно во „Претрес со Ландов“, откри дека влегува во трката за наследник на Димитар Ковачевски. Таа беше носител во шестата изборна единица каде СДСМ имаше историски најлош резултат, истовремено имаше и партиска функција – претседавач со Централниот одбор.„Како член на СДСМ, чувствувам одговорност за секој пораз, исто како и како што се чувствувам горда кога има победа“, рече Петровска во „Претрес со Ландов“, па одговараше и дали мисли на Венко Филипче, Петре Шилегов, Јован Деспотовски како потенцијални противкандидати.Прашана зошто се кандидира за претседателка наспроти лошиот резултат кој го донела, одговори: „Јас слободно би рекла дека носам помала одговорност, ако ја мериме, за разлика од некои од носителите на функции кои подолго време биле носители на државни функции, а потенцијално се кандидати“.Во подкастот „Претрс“ одговараше и на други прашања како што се теновите и хеликоптерите дадени на Украина, критиките од партиските другари дека молчела во Собрание, дали СДСМ е секта или партија, се плаши ли од затвор, за замерките од граѓаните, но и за приватни моменти.?t=1298

Македонија | пред 1 година

IMG_4082

СДСМ: Муцунски и ДПМНЕ на шверцерски начин го изгласаа срамниот ДУП за бетонизацијата на Лисиче

,,Градоначалникот Тимчо Муцунски во Аеродром, по три години управување со Општината, ќе остане запаметен по нереализирање на ниту еден проект и само по усвојување на ДУП-от со кој отпочнува бетонизацијата на Лисиче.Спорниот ДУП за градска четврт ЈИ 09.01 за населба Лисиче вчера беше „шверцерски“ доставен до Советот на Општина Аеродром, како дополнителна точка непосредно пред почетокот на седницата.Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Совет и градоначалникот Тимчо Муцунски одлучија да ја одмолчат дискусијата и не дадоа ниту еден одговор на прашањата поставени од опозициските советници на СДСМ.Со 16 гласа ЗА и 11 ПРОТИВ беше изгласан ДУП-от за Лисиче без ниту еден изустен збор од Муцунски и советниците на ДПМНЕ.Со цел да го сокријат овој срам, видео материјалот од директниот пренос на седницата на Советот беше избришан од официјалниот YouTube канал на Општина Аеродром.Со усвојувањето на овој ДУП Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ овозможија изградба на висококатница на 12 ката, на крстосницата помеѓу булеварите „Србија“ и „12-та Македонска бригада“.Тимчо Муцунски ја изневери довербата на жителите на Аеродром. Мандатот го започна со иницијативи за бришење на градежни маркици, а го завршува со „бетонизација“.За четири години Тимчо Муцунски не успеа да направи апсолутно ништо за изградбата на 4 нови градинки, изградбата на нова општинска зграда, нова гимназија, нов мултифункционален центар со простории за младински центар, нов спортски центар „Пирин“ во населба Лисиче, нова спортска сала во Долно Лисиче, нов кружен тек меѓу Мичурин и Стар Аеродром, музеј на МЗТ, кино сала и театарска сцена во Ново Лисиче, нов парк на 5.000 метри квадратни во Реонски Центар, стратегија за млади, завршување на сите предмети за легализација, зголемување на еднократната помош за новороденче од 8.000 на 20.000 денари и ред други неостварени ветувања од својата градоначалничка програма.Како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Муцунски се споменува како потенцијален кандидат за министер во владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.Се поставува прашањето што може да се очекува од Муцунски како министер кој со ваков срам го завршува својот градоначалнички мандат и со што заслужува да биде избран за министер?”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

IMG_4187

Вангелов од СДСМ: Каде одиш СДСМ? Не бе другари, вака не бива, срамота!

Ѓошо Вангелов, долгогодишем и виден член на СДСМ, поранешен советник во општина Центар, на ФБ го изрази своето незадоволство од внатрепартиските случувања. Револтиран е и од молкот на вчерашната седница.Еве што напиша Вангелов:Каде одиш СДСМДраги пријатели драги сопартијци, следам деновиве кој се искажува амбиција да ни ја води партијата и се чудам сите до еден беа дел од раководството или носители на некои државни функции т.е. дел од екипата што не доведе до ова дереџе, и види сега истите тие ќе не оправале.Не бе другари вака не бива и затоа ме носи една мисла и јас и многу како мене што посветиле добар дел од својот живот за градење на оваа паргија да се кандидираме па кад је бал нек је маскенбал .Со оглед на тоа што познавам сопартијци за кои сум на мислење дека се покадарни да не вратат на пиедесталот на политичката сцена а не покажуваат амбиција, не знам дали се плашат да го земат во раце жешкиот костен или не сакаат да си го расипат својот комодитет и се чуваат за некое идно време можеби треба да го почнеме овој циркус па белки некој ќе се одважи .Гледајки ја денешнава седница на парламент се разочарав. Нашиве пратеници не ја искористија можноста жестоко и аргументирано да дебатираат и да ги раскринкуваат предизборните лаги на ВМРО. Дали поентата да станеш пратеник е поради имунитегот и платата или да и дишеш во врат на власта - Срамота.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања