Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

mickoski-51325123

Мицковски е ист како Груевски, злоупотребени децата во Гевгелија, вели СДСМ

„Христијан Мицкоски е ист како неговиот претходник и ментор Никола Груевски“, вели СДСМ и додава:За врме на посетата на Мицкоски на Гевгелија беа злоупотребени млади лица и ученици, исто како што правеше Груевски, кога се редеа деца за да го поздравуваат.На ист начин вчера, под палка на локалната власт на ДПМНЕ во Гевгелија беа поставени ученици да му аплаудираат, овој пат на Мицкоски.Мицкоски е ист како Груевски. Во ДПМНЕ нема никакви промени. Тоа се истите методи на ДПМНЕ и истите ликови.Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Нема промена во ДПМНЕ, над 80% од листите се истите пратеници кои спроведуваа активни блокади

,,Составот на листите за пратеници на ДПМНЕ потврдува дека во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е партија свртена кон минатото.Повеќе од 80% од кандидатите на листите се истите пратеници, кои спроведуваа активни блокади на Собранието, правеа опструкции и кочеа, сé што е во интерес на граѓаните и државата.Тоа се истите лица што во време на криза во Собранието ја блокираа помошта за граѓаните и компаниите, кои два дена на собраниска седница ги преместуваа точките на дневниот ред.Беа и против минималната плата и раст на платите и против членството на државата во НАТО, и против евроинтеграциите, тропаа и вревеа со вувузели додека во парламентот зборуваше Урсула фон дер Лајен.Нивната работа изминатите четири години ја одбележаа одолговлекувања, бесмислени реплики, штанцање илјадници амандмани за блокада на законите, незакажување седници и неставање на дневен ред на клучни закони во парламентарните комисии, предводени од ДПМНЕ.Со истите лица на листите Белата палата потврдува дека се определува за блокада на европскиот пат на државата. Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.”, велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Битиќи: Со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

„Добросостојбата на граѓаните е императив и тоа сме го докажале тоа, се во нашата програма е околу подобрување на квалитетот на животот на сите граѓаните. Но, одиме и еден чекор понатаму, што ќе се случи една година по нашиот влез во Европската унија“, рече потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во интервју за „Слободен печат“.Зборувајќи за изборната програма на СДСМ, потпретседателот Битиќи посочи дека во програмата е предвидено во 2028 година просечната плата да изнесува 1.100 евра, но која ќе се зголеми за дополнителни 200 евра во првата година од влезот на државата во ЕУ, односно таа ќе изнесува 1.300 евра.„Тоа се истите анализи со кои во 2020 предвидовме дека просечната плата во 2024 ќе биде 34.000 денари. Таа денес е 40.000 денари, иако годината не е сè уште завршена. Затоа велиме дека при самиот влез во ЕУ просечната плата ќе достигне 1.300 евра. Тоа е нешто што секој граѓанин го заслужува да го добие. Разликата меѓу нас и ВМРО ДПМНЕ е што ние ветувањата ги испорачуваме во пракса“, рече потпретседателот потпретсетаделот на партијата, Битиќи.“Тој се осврна и на предизборното ветување на СДСМ за тоа што ќе се случува со минималната плата до 2028 година и по влезот на државата во ЕУ.„Кога зборуваме за платите велиме дека минималната плата во државата веќе во 2028 година ќе биде на ниво од 600 евра, и тоа е нешто кое сметаме дека е квантен скок, кој што ќе донесе навистина праведен и правичен и солидарен начин, на вреднување на трудот во државата. Но, притоа одиме уште еден чекор понатаму и велиме, со влезот во Европската унија, минимална плата ќе биде 800 евра“, рече во интервјуто потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-28-at-13.33.30

Незадоволство нема, коалициите се склучени, со Ангелов имале коректен однос - Ковачевски одговараше за изборите

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, кажа дека нови коалиции со партнери нема да има, а соработки со организации - се склучуваат. Според него, во партијата нема незадоволство, а за заминувањето на Стојанче Ангелов со Достинство од коалицијата - немаше конкретен коментар, освен дека имале коректен однос.„Тој најави дека ќе ја напушти коалицијата, а утрово посочува дека би се вратил во коалицијата. Јас вака му кажав, дека без разлика дали ќе ја напушти или нема да ја напушти – јас нема да предложам негово разрешување. Јас сум имал коректен однос со сите коалициони партнери“, рече Ковачевски.Зборуваше и за информациите поврзани со незадоволствата на лица кои очекувале, а не се на листите за пратеници.„Нема незадоволство во СДСМ, ако ги видите јавните настапи – ќе видите дека работиме за победа на изборите во април или мај“, додаде тој.Пратеничките листи кои се објавени ќе бидат конечни.„Пратеничките листи се креирани и одобрени на конгресот. Ги одобрија и најголемиот број коалициони партнери. Разговараме со уште неколку организации за меморандуми на соработка, а тие се врз основа на вредности – унапредување на економскиот развој, членство во ЕУ, европски вредности“, рече Ковачевски.

Македонија | пред 1 година

talevski-1

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

,,Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша.Она што особено ги загрижува граѓаните на Прилеп, е зачестениот тренд на опожарување на возила. Во последните неколку недели, запалените автомобили станаа прилепско секојдневие. Горат автомобилите на наши сограѓани: бизнисмени, обвинители, адвокати.Дневните билтени на МВР се претворени во регистер на настани од рубриката „црна хроника“, а фактот дека ниту еден од сторителите и нарачателите на овие дела не е откриен, го зголемува чувството на страв и несигурност кај граѓаните.Заради нестручноста на партиските војници на ДПМНЕ инфилтрирани во највисоките раководни структури на МВР, Прилеп стана опасно место за живеење.И покрај тоа што на сите 15 клучни оддели за борба против криминалот техничкиот министер Панче Тошкоски постави свои началници, во изминатите два месеца Министерството за внатрешни работи не испорача никакви резултати.Ветувањата на Тошкоски дека ќе ја интензивира борбата против криминалот, дека криминалните банди ќе станат минато, останаа мртво слово на хартија.Голема лага беше и ветувањето на неговиот партиски шеф Христијан Мицкоски, дека кадрите на ДПМНЕ за две недели ќе ги расчистат сите афери и скандали во државата.За само два месеца, ДПМНЕ не’ потсети на 11-годишното живеење во режим и повторно на дело го врати системот МВРО-ВМРО.Во ДПМНЕ ништо не е сменето. Тоа е истата режимска и антиевропска партија, за која граѓанските права и демократските вредности се мислена именка.Нема промена на подобро со ДПМНЕ, тоа е партија која не може да донесе позитивна промена. Со ДПМНЕ загрозена е безбедноста на граѓаните на Прилеп.Загрозувањето на европскиот пат значи и загрозување на безбедноста на граѓаните, тоа прилепчани добро го знаат." , изјави Миле Талевски, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: 3,5 милијарди евра капитални инвестиции

,,СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проектиЕден од столбовите на програмата е силна домашна економија, економски раст, продолжување на поддршката за компаниите.Како поттик на економскиот раст, СДСМ предвидува 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство.Новата влада на СДСМ обезбедува економски просперитет, силна домашна економија, нови работни места, раст на платите и пензиите.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

kovacevski-sdsm-spasovski

Платформата се само нови лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје, вели СДСМ

“Платформата на ДПМНЕ се само нови лажни ветувања, по примерот на Скопје”, вели СДСМ и додава:ДПМНЕ ги изневери граѓаните на Скопје, ништо од ветеното не реализираше, а сега излегува со нови лажни ветувања.Наместо модерен град, Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, јавни претпријатија во долгови.Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.Промовираната Платформа 1198 на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Безбедни ученици, бесплатен топол оброк во средно и основно

,,СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за иднината преточен во новата изборна програма.Еден од клучните столбови од планот на СДСМ за европска иднина на Македонија е европско образование, ао конкретни мерки и проекти за учениците.СДСМ гарантира безбедност и сигурност за учениците.Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта.Предвиден е и бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти.Децата се нашата иднина!Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот.Со СДСМ нема откажување од европскиот пат, нема откажување од иднината.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Платформа од минатиот век се нови лажни ветувања на ДПМНЕ по пример на Скопје

,,Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје.Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, но и на 40 општини низ државата, ДПМНЕ сега излезе со нови лажни ветувања.Ништо од ветеното во Скопје не е реазлизирано.Ги нема новите 250 автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови.Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови.Граѓаните се изневерени, изборните ветувања неостварени.А, промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад, во изолација и безнадежност.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Kostadinovska-Stojcevska1

Костадиновска – Стојчевска: Некои кандидати на ВМРО-ДПМНЕ се познати по деструктивна политика

„Од она што можеме да го видиме, од имињата со кои што и самите органи на партијата истапуваат, па ги кажуваат, па се премислуваат, не би искоментирала ништо ново, тоа се лица кои ние ги гледавме порано заплеткани во одредени скандали, лица кои што од изборната единица од која доаѓаат апсолутно со ништо не придонеле да се подобри, да предложат некое законско решение, некоја одредена мерка, туку напротив во последните четири години од она што можеме да го видиме не само од мојата изборна единица Изборна единица 5, туку и сите изборни единици беа конструкции, не доаѓаа на работа во Собрание, не гласаа закони за граѓаните.“- изјави потпретседателката на СДСМ и министерка за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска, во интервјуто за ТВ Слободен печат.Според неа, граѓаните ја препознале деструктивната политика на опозицијата.„Таму нема нов избор, тоа се истите политики на деструкција, само за да се искористат средствата на граѓаните, тоа се истите познати политики. Тоа се истите лица кои за време на ковид кризата требаше да им помогнат на граѓаните а тие одбија да ги гласаат пакетите со економски мерки.“- дополни Костадиновска – Стојчевска.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

,,Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје.Откако ги изневерија граѓаните на Скопје, со сите нереализирани изборни ветувања ДПМНЕ излезе со нови лажни ветувања.Промовираната Платформа 1198 од минатиот век на ДПМНЕ е токму тоа, нови лажни ветувања.Скопјани, но и граѓаните во над 40 општини ширум државата под капата на ДПМНЕ тоа најдобро го знаат.ДПМНЕ ветуваше бесплатен јавен превоз, 250 еко автобуси, мега паркови, капитални проекти, спортски сали, паркови.Ништо од ветеното не е реализирано.Скопје денеска е запустен град, полн со нечистотија, со хаос во јавниот превоз, со јавни претпријатија во долгови.Нема нови 250 автобуси, нема нови паркови. Граѓаните се иневерени, изборните ветувања неостварени.Се потврди дека ДПМНЕ нема план за иднината и дека оваа партија не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.", вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега само штанцаат нови

,,ДПМНЕ ги изневери скопјани со лажните ветувања, сега наместо програма, само штанцаат нови, немаат што да им понудат на граѓаните.Скопјани и граѓаните на 40-тина општини под капата на ДПМНЕ се уверија во лажните ветувања и изневерените очекувања од ДПМНЕ.ДПМНЕ ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи, а не реализираа ништо.Го запустија Скопје, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот.Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови.Така е и овој пат со новите лажни ветувања.Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ДПМНЕ.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Костовски: Наместо програма, нови празни ветувања од ДПМНЕ

,,ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања.Главниот град Скопје и над 40 општини кои се под капата на ДПМНЕ се најголем пример за сите лажни ветувања на оваа партија.Ветуваа модерни општини, бесплатен превоз, еко автобуси, капитални проекти, спортски сали, паркови, школи, улици, водоводи.Поминаа 2,5 години а ништо од тоа ДПМНЕ не направи. Градоначалниците од ДПМНЕ реализираа 0 проекти.Но затоа создадоа хаос, запуштени, нечисти градови, со јавни претпријатија заглавени во долгови, општини без никаков развој.Така е и овој пат со новите лажни ветувања.ВМРО ДПМНЕ очигледно нема што да им понуди на граѓаните.Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност и враќање 10 години назад со ВМРО ДПМНЕ.” , изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Просечна пензија од 500 евра!

,,СДСМ има јасен, конкретен и издржан план за европска иднина преточен во новата изборна програма.Повисок животен стандард, европски плати и пензии се еден од клучните столбови на планот за европска иднина на Македонија.Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра.Дополнително се предвида мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.Во изминатите седум години СДСМ покажа и докажа дека ги исполнува ветувањата и дека работи за доброто на сите.Просечната пензија порасна зголемивме за 6.400 денари, а минималната за 50%.Со воспоставената методологија пензиите контнинуирано растат.Со СДСМ пензиите ќе продолжат да растат, за достоинствен живот за пензионерите.” , велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Наместо програма, нови празни ветувања на ДПМНЕ, Скопје е најголем пример

,,ДПМНЕ наместо програма, на граѓаните им нуди нови празни ветувања.Тоа е партијата што едно ветува, а друго прави.Скопје е најголем пример за тоа што се случува кога ДПМНЕ добива власт.Ветуваа модерно Скопје, а создадоа хаотичен, запуштен, нечист град, со јавни претпријатија заглавени во долгови.Ветуваа бесплатен превоз, а го оставија градот без јавен превоз. Ги нема ветените 250 нови автобуси, наместо мега паркови, на сите страни никнуваат депонии.Така ДПМНЕ функционира, едно зборува пред избори, а кога ќе добие власт, заборава на граѓаните и се грижи само за своите интереси." , велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања