Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

IMG_4571

Правдата е спора, но секогаш доаѓа: За претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров нема место на изборните листи

За сите желби немаше место, а многумина од СДСМ се видоа во пратеничките удобни и добро платени пратенички фотелји.Сепак некои премолчеа, некои информираа по медиумите па демантираа. Некои и завиено го изразија незадоволството.По објавувањето на листите со кандидатите за престојните парламетнари избори, претседателот на ОО СДСМ Ѓорче Петров, очигледно е незадоволен од листата за Изборната единица 2, на која за него немало место.,,Правдата е спора, но на крајот секогаш доаѓа... Ќе ја почекаме”, напиша Јовановски на неговиот Фејсбук профил.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-03-24-at-12.02.01

Нова програма на СДСМ, имаме План за европска иднина на Македонија, вели Каевски

„СДСМ имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата нова изборна програма“ вели Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ и додава:Ова се клучните столбови од нашиот план за европска иднина на Македонија:1. ЕВРОПСКИ ПЛАТИ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД!Во наредните четири години просечната плата ќе ја зголемиме на рекордни 1.100 евра а минималната плата на 600 евра.2. ДОСТОИНСТВЕН ЖИВОТ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ!Во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, а просечната пензија 30.000 денари или 500 евра. Дополнително предвидуваме мерка- новогодишен пакет од 100 евра за секој пензионер во државата.3. ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ!Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.4. СИЛНА ДОМАШНА ЕКОНОМИЈА!180 милиони евра директна финансиска поддршка на домашните компании за инвестиции во производство. Како поттик на економскиот раст, СДСМ предвидува 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции.5. МОДЕРНА ЕВРОПСКА ИНФРАСТРУКТУРА!Во наредните четири години ќе инвестираме 2,7 милијарди евра во инфраструктурни проекти. Тоа се 194 километри изградени автопатишта до 2028 година и реконструирани 950 километри патишта.6. ЕВРОПСКО ЗЕМЈОДЕЛСТВО!Обезбедуваме уште поголеми субвенции и поддршка за нашите земјоделци од 750 милиони евра!До 2028 година проектираме Северна Македонија повеќе да извезува отколку што увезува храна. Извозот на земјоделски производи ќе биде 1,25 милијарди евра!7. ЕВРОПСКО ОБРАЗОВАНИЕГарантираме безбедност и сигурност за учениците. Еден од проектите е бесплатен топол оброк за учениците во основните и средните училишта. Бесплатен јавен превоз за сите ученици и студенти. Децата се нашата иднина!8. ЧИСТА ЕНЕРГИЈА И ПОЕВТИНА СТРУЈАПредвидуваме зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028 во однос на 2019 година.Енергетска независност и самостојност со која ќе ГИ ЗАДОВОЛУВАМЕ 100% ОД СОПСТВЕНИТЕ ПОТРЕБИ.Проширувањето на домашните енергетски капацитети ќе влијае на намалување на цените на струјата.9. ПОВЕЌЕ ЕУ ФОНДОВИ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈАСо отворање на поглавјата ќе обезбедиме дополнителни фондови за посилна македонска економија и за повеќе знаења и стручност. Вложуваме повеќе домашни и европски фондови за градење инфраструктура, за реновирања јавни објекти, за Модернизирање на училиштата, за обуки за наставниците и младите. Уште повеќе фондови за обука и пракса за подготовка на младите за добро платени работни места по стандарди на ЕУ.10. ЗАЕДНО ВО ЕВРОПА!Завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година. Заедно тоа ќе го направиме.Нема откажување од иднината!

Македонија | пред 1 година

sdsm-zecevic-kovacevski-8

ДПМНЕ нема план за иднината на државата, тие се против ЕУ, вели СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ нема план за иднината на државата, тие се против членство во ЕУ“, велат од СДСМ и додаваат:СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска.ДПМНЕ е против ЕУ, ветува нешто друго но никако да излезе и да каже што е тоа?Која е алтернативна визија за Македонија? Како ќе ја реализираат? Немаат план, затоа и не кажуваат.Тие нема да мрднат ни милиметар кон Европската Унија, и кога нема да има никаков прогрес, не само што нема да си ја признаат грешката, не само што нема да кажат дека лажеле, тие исто како Груевски ќе ги обвинуваат сите други, и ќе ја обвинуваат Европската Унија.Сите ќе им бидат виновни, освен тие самите!ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината.

Македонија | пред 1 година

8

Нема промени во ДПМНЕ, фалсификуваа анкети -се обидоа да фалсификуваат и потписи за Силјановска, велат од СДСМ

„Во ДПМНЕ ништо не е променето. И понатаму само шири лаги и невистини. Како што ги фалсификуваа анкетите, така се обидоа да фалсификуваат и потписи за нивната кандидатка. И тоа е истата партија која без срам излезе пред пред граѓаните за да ги лаже дека имале собрано потписи за нивната кандидатка Гордана Силјановска“, велат од СДСМ и додаваат:Од Белата палата наголемо фрчеа пресконференции на кои се кажуваше дека за неколку часа ги собрале потписите, за на крај сами да се фатат во сопствените лаги.ДПМНЕ нема собрани валидни потписи за Силјановска и кандидатурата ја поднесе со 40 тина потписи од пратеници.Како што ги лажираа и фалсификуваа анкетите така се обидоа и да фалсификуваат потписи.Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена. Хаосот во Скопје е најголема потврда за тоа.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Ковачевски: Од овде почнува победата, победа на надежта, победа за европска иднина

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на денешниот 28 Конгрес на СДСМ, во своето обраќање им порача на делегатите и присутните дека подебата на СДСМ на претстојнте избори, почнува токму од овој Конгрес.-Од овде почнува победата! Победа на СДСМ на претстојните парламентарни и претседателски избори! Победа на надежта и борбата за подобра, европска иднина. - рече Ковачевски-СДСМ ќе ја добие довербата на граѓаните да ја формира новата проевропска влада на Македонија! Стево Пендаровски ќе биде реизбран за претседател на државата! - рече КовачевскиЗборувајќи за посветеноста на СДСМ на европскиот пат, претседателот Ковачевски рече дека заедно со граѓаните СДСМ ќе го оствари сонот на многу генерации – Македонија рамноправна членка на Европската Унија, слободна просперитетна држава со силна економија, со квалитетно здравство и образование, со независно судство, земја која е пристојно место за живеење за сите.-Ние во СДСМ имаме јасна визија за иднината. Затоа јасно и гласно кажуваме одиме напред кон Европа! Нема откажување од иднината! - посочи претседателот Ковачевски на денешното обраќање на 28 Конгрес на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

1

Вистина или шпекулации, има ли незадоволство од пратеничките листи на СДСМ

Седниците на Извршниот и Централниот идбор на СДСМ на кои се кројат пратеничките листи кои треба да бидат верификувани од делегатите на Конгресот се зад затворени врати, но истекуваат информации, и вистинити и лажни од оние кои не се на добитно место или воопшто ги нема. Во медиумите многу вести но и деманти.Досегашниот истакнат и форсиран пратеник Дарко Каевски, револтиран од својата позиција на предложената листа побарал неговото име да се избрише.Тој е седми во ИЕ 1. Тој пак ги демантира информациите во дел медиуми дека на состанокот на Извршниот одбор, тој и ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски демонстративно ја напуштиле седницата.,,Ова не е точно, станува збор за целосна невистина. Наводите во текстот целосно ги демантирам. Ширење невистини нема да помогнат никому. СДСМ е силна и оди на победа на изборите”, напиша на ФБ Каевски.Некои медиуми објавија а потпретседателот на СДСМ и директор на Царина, Стефан Богоев, демантира дека го напуштил состанокот.,,Ова не е точно воопшто!Јас сум бил во СДСМ против режимот на ДПМНЕ кога беше најтешко, тука сум и сега, ќе останам и во иднина!, пишува Богоев во објава на ФБ. Тој воопшто и не се наоѓа на листите.Наводно незадоволен бил и Оливер Спасовски од тоа како лидерот ги ктоел листите.Но Каевски демантираше веста дека и Спасовски ја напуштил седницата. Тој е носител во ИЕ 2.Што точно е вистина ќе се знае на Конгресот.

Македонија | пред 1 година

8

ДПМНЕ фатени во лага, дали ги фалсификуваа потписите за Силјановска?, прашува СДСМ

„Откако не собраа валидни и законски потписи за нивната кандидатка, Гордана Силјановска, прашањето е дали ДПМНЕ ги фалсификуваа потписите за кој наголемо и помпезно се фалеа дека биле во огромен број и собрани за неколку часа?“, вели СДСМ и додава:Како што ДПМНЕ ги лажира анкетите, така се обиде да ги лажира и потписите за Силјановска, ама не успеа.Бидејќи не собраа валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани, а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска немаат поддршка од граѓаните, а најстрашното од се,е што повторно ги излажаа граѓаните.Во ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење лаги.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата и партиски послушник, или реприза на Иванов.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тасевска: Ништо не е сменето во ДПМНЕ, фатени се во нова лага

,,ДПМНЕ се фатени во нова лага, немаат собрани валидни, законски потписи за нивната канадидатка, Гордана Силјановска.Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија од минатото која функционира со ширење невистини.ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, и тоа повеќе од потребните.Но, се покажа дека не е така. ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните.Како што ги лажираат анкетите така се обидоа да го лажираат и собирањето потписи.Бидејќи немаат собрано валидни потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.Силјановска е само продолжена рака на нејзината партија. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", вели Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Глас за Пендаровски и СДСМ е глас за борба за европска иднина

,,СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател, СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада.Глас за Стево Пендаровски е глас за борба за сигурна европска иднина, глас за европска Македонија со подобар животен стандард, со повисоки плати и пензии, напредок, стабилност и просперитет, подобра иднина за сите граѓани, од која нема откажување.Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

70D44252-EDB4-48D5-B149-F8AC2C99F6F3

СДСМ: Ништо не е сменето во ДПМНЕ, фатени во нова лага, немаат потписи за Силјановска

,,Ништо не е сменето во ДПМНЕ, тоа е партија која функционира со ширење лаги и невистини.Фатени се во нова лага за потписите на Силјановска.Откако не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка, ДПМНЕ ја поднесе кандидатурата во ДИК со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.Зад кандидатурата на Стево Пендаровски застанаа 22.449 граѓани а зад Гордана Силјановска само 40 пратеници од ДПМНЕ.А, ДПМНЕ, помпезно на прес конференции се фалеа дека за неколку часа биле собрани потписи, дека биле собрани повеќе од потребните.Но, се покажа дека немаат потписи за Силјановска, дека не биле собрани.ДПМНЕ, повторно ги излажа граѓаните.Нема никаква промена во ДПМНЕ. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Михаилоски: Загарантиран универзален приход со кој ќе се јакне финасискaта независност на младите

Плата за живот, грижа за менталното здравје на младите, Министерство за млади, општество без корупција, достоинствено домување - ова се дел од таргетите што Младината на Социјалдемократскиот сојуз ги постави како клучни стожери во Манифестот што го презентираше денес и за што отвори јавна дебата со граѓанските организации, меѓународни организации и фондации, универзитетските и факултетските собранија, студенти и политички подмладоци.Денеска во просторииите на Културно Социјалниот Простор - КСП Јадро се одржа промоција на Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија - СДММ. На настанот присуствуваа претставници на граѓанските организации, меѓународните организации и фондации, универзитетските и факултетските собранија, студенти и политички подмладоци. Процесот на креирање на овој стратешки документ на СДММ беше поддржан од германската фондација Фридрих Еберт Штифтунг - Канцеларија во Скопје.На настанот беше промовирана финална отворена верзија на Манифестот, а преку отворена и водена дискусија беа собрани дополнителни насоки и перспективи од учесниците, кои ќе бидат инкорпорирани во завршниот документ.Инаку, процесот на креирање на овој Манифест траеше неколку месеци, каде млади поделени во 10 групи од различни области имаа можност директно да учествуваат во предлозите, идеите и заложбите заедно со ментори од граѓанскиот сектор, експерти и политичари.Свое обраќање имаше претседателот на СДММ, кој воедно и го презентираше Манифестот:„Манифестот на Социјалдемократската младина на Македонија претставува клучен стратешки документ, кој јасно ги покажува нашите заложби, перспективи и замисли за тоа во каква држава сакаме да живееме. Документот претставува заложба за безусловно почитување на човековите права за сите граѓани, за еднакви можности за квалитетен и достоинствен живот и просперитет, за борба за достапни квалитетни јавни услуги и сервиси за граѓаните – домување, здравство, образование, транспорт, кои мора да бидат универзално достапни за сите граѓани, а не само за оние со највисоки примања. Сите препораки кои произлегоа од денешната дискусија со граѓанскиот сектор, студентските претставнички тела и меѓународните организации ќе бидат инкорпорирани во финалниот текст на овој Манифест. Продолжуваме да работиме на создавање поинклузивно, посолидарно и поеднакво општество за нас, но и за генерациите што доаѓаат по нас. “ изјави Марко Михаилоски.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски кои се против ЕУ и НАТО се безбедносна закана

,,Кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО и Европската унија.Пратеникот од ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица, Драган Ковачки, како што објавија медиумите, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат.Прашањето е зошто Ковачки не ги исполнува стандардите за добивање на таков сертификат.Дали Ковачки издавал државни и воени тајни, дали бил шпион против државата, за чии странски интереси работи, треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.Ковачки е дезертер од Армијата кој армискиот чин го смени за партиски, за да му служи на Мицкоски како пратеник. Познат е по ширењето лаги и дезинформации во континуитет, но и како поддржувач на политиките на ДПМНЕ за изолација, против ЕУ и против НАТО.Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација, но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност, тие се анти ЕУ и анти НАТО структури.",

Македонија | пред 1 година

Siljanovska-Davkova-24.02

СДСМ: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска, немаат поддршка од граѓаните

,,ДПМНЕ не успеа да собере валидни, законски потписи за својата кандидатка за претседателка, Гордана Силјановска Давкова и кандидатурата во ДИК ја поднесе со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.ДПМНЕ излажа за потписите на Силјановска, ниту ДПМНЕ, ниту Гордана Силјановска немаат поддршка од граѓаните.Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.На граѓаните не им треба уште една катастрофа како во Скопје. Ниту ДПМНЕ, ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.Затоа, граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Кузеска: ДПМНЕ не собрале потписи за Силјановска, немаат поддршка од граѓаните

,,ДПМНЕ нема собрано валидни, законски потписи за нивната кандидатка за претседател Гордана Силјановска Давкова.Кандидатурата во ДИК за Силјановска ДПМНЕ ги поднела со потписи на пратеници, а не со потписи од граѓани.Очигледно, ДПМНЕ како што ги лажира анкетите, сакала да ги лажира и потписите, па кога разбрале дека ќе се проверува легалноста на секој даден потпис не ги поднеле.Ова е можеби за прв пат ДПМНЕ да нема собрано потписи зад својот кандидат, но тоа и не е толку важно.Клучното е дека ниту ДПМНЕ ниту Гордана Силјановска ја немаат поддршката од граѓаните.Граѓаните не сакаат враќање назад и изолација, не се спремни да поддржат антиевропски политичари.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, на граѓаните не им треба реприза на Иванов.На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје.Ниту ДПМНЕ ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", вели Кузевска, портпаролка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

,,ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.Пратеникот на ДПМНЕ Антонио Милошоски го одолговлекува и не го става на разгледување пред матичната комисија за надворешна политика, законот, кој е доставен во собранието пред месец и половина.Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата, ќе го поддржат законот.Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат.Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки.Со овој закон се создава можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања