Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

Нема фотографија

СДСМ: ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

,,ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.Пратеникот на ДПМНЕ Антонио Милошоски го одолговлекува и не го става на разгледување пред матичната комисија за надворешна политика, законот, кој е доставен во собранието пред месец и половина.Ако ДПМНЕ се ЗА борба против корупцијата, ќе го поддржат законот.Ако сакаат да продолжат со лажни ветувања, ќе даваат 1.000 изговори и нема да го поддржат.Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД за црната листа е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе Законот за рестриктивни мерки.Со овој закон се создава можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

siljanoska-1

Силјановска да им се извини на пензионерите за навредите со Мапет шоу, вели СДСМ

„Гордана Силјановска да им се извини на пензионерите за навредите, споредувајќи ги со Мапет шоу“, бара СДСМ и додава:Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани ниту навредувани.Овој крајно несоодветен, непримерен и неодговорен однос на Силјановска кон пензионерите е потврда дека нема никаква промена во ДПМНЕ.Додека кандидатката на ДПМНЕ за претседателка Силјановска ги навредува пензионерите, СДСМ се грижи за стандардот на нашите повозрасни граѓани.СДСМ неколкупати ги покачи пензиите и во споредба со времето на ДПМНЕ просечната пензија е покачена за 6.400 денари.Овој месец следува и ново зголемuвање на пензиите од 5,3% согласно новата методологија донесена заедно со пензионерите.Дополнително, во новиот пакет антикризни мерки е обезбедена месечна поддршка и до 15.000 денари во период од 5 месеци за пензионерите со пониски пензии.СДСМ ги почитува пензионерите и се грижи за нивниот стандард.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Ковачки одбиен од НАТО, кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност - со ДПМНЕ е можна само изолација

,,Пратеникот од редовите на ДПМНЕ и носител на изборната листа во третата изборна единица Драган Ковачки, бил одбиен од НАТО за добивање на безбедносен сертификат.Ковачки не ги исполнува стандардите за да добие НАТО безбедносен сертификат.Ова е уште една потврда дека со ДПМНЕ е можна само изолација но и дека кадрите на Мицкоски се безбедносна опасност.Што било клучно НАТО да го одбие Ковачки? Дали Ковачки оддавал воени или државни тајни? Дали бил шпион против државата?За сите овие прашања треба да одговорат Мицкоски и ДПМНЕ.Едно е јасно, кадрите на Мицкоски не ги исполнуваат критериумите на НАТО, тие се против НАТО и против ЕУСо ДПМНЕ е можна само изолација и оддалечување од НАТО и ЕУ.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Тасевска: Силјановска да им се извини на пенизонерите за навредите со Мапет шоу

,,СДСМ неколкупати ги покачи пензиите и во споредба со времето на ДПМНЕ просечната пензија е покачена во просек за 6.400 денари.Овој месец следува и ново зголемuвање на пензиите од 5,3% согласно новата методологија којашто ја донесовме заедно со пензионерите.Дополнително, во новиот пакет антикризни мерки обезбедивме месечна поддршка и до 15.000 денари во период од 5 месеци за пензионерите со пониски пензии.СДСМ ги почитува и се грижи за нашите повозрсани граѓани.Додека СДСМ ги покачува пензиите кандидатката на ДПМНЕ, Гордана Силјановска слушаме како ги навредува пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.Крајно несоодветно, непримерно и неодговорно.Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани ниту навредувани.Затоа Силјановска треба да излезе и да им се извини на пензионерите за навредите.Односот на Силјановска кон пензионерите е потврда дека нема никаква промена во ДПМНЕ.На граѓаните не им треба претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, партиски послушник, не им треба реприза на Иванов.На граѓаните не им треба уште една катастрофа по примерот на Скопје.Ниту ДПМНЕ ниту Силјановска не можат да донесат промени на подобро.Тие едноставно сакаат да се вратиме во минатото, да ја закопаме иднината и да ја уништиме надежта за подобро утре!Затоа граѓаните на изборите ќе изберат европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.", вели Тасевска, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

СДСМ: Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски, ДПМНЕ не може да донесе промена

,,Мицкоски сака да продолжи каде застана Груевски.Граѓаните не забораваат како изгледаше кога менторот на Мицкоски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното.Мицкоски, сака да продолжи таму каде што застана неговиот ментор, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нѐ закопа и ќе не заглави, само за своја лична цел.За тоа говорат нивните носители на листи. Тоа кажува дека сакаат на голема врата да ги вратат поданиците на Никола Груевски.ДПМНЕ не нуди никаков план за напредок во европските интеграции дури напротив, може да се слушнат нивни изјави дека и 100 години не треба да станеме, а можеби и никогаш.ДПМНЕ не ги интересира иднината на државата и граѓаните.Па има ли поголем доказ за тоа од целосното потфрлање на нивните градоначалници, кои ветуваа многу, а не реализираа ништо.Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.", изјавија од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-45134

СДСМ: Милошоски да не го блокира Законот за рестриктивни мерки

,,Пратеникот Антонио Милошоски од ДПМНЕ да не го блокира Законот за рестриктивни мерки во македонското Собрание.Последната одлуката на нашиот стратешки партнер, САД е уште една потврда зошто итно е потребно да се донесе овој закон и да се создаде можност сите вакви случаи наведени од нашите стратешки партнери да може да се процесираат преку домашното законодавство.Милошоски кој раководи со собраниската Комисија за надворешна политика, веднаш да го стави на дневен ред Законот за рестриктивните мерки, Мицкоски и ДПМНЕ да го поддржат и законот да биде усвоен.Нема компромиси во борбата против корупцијата и криминалот и не смее да има дополнителни одлагања.Секој чекор поблиску до ЕУ ќе значи позасилена борба против високата корупција и во иднина значително ќе влијае на намалувањето на ваквите случаи и ќе придонесе во обезбедувањето правичен правосуден систем.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

sdsm-koalicija

СДСМ: Силјановска е лице на ДПМНЕ, навредува пензионери дека се Мапет шоу

,,Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, Силјановска ги навредуваат пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу.Ваков однос кон пензионерите е несоодветен и непримерен, крајно неодговорен за политичар, пратеник или претендент за претседател на државата.Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани и Силјановска треба да им се извини.Кандидатката на опозицијата за претседателка, Гордана Силјановска Давкова се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде продолжена рака на Белата палата, нов партиски послушник, не им треба реприза на Иванов, за уште една деценија да се изгуби на патот кон Брисел.Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија.Ќе кажат НЕ на политиките на ДПМНЕ за изолација и враќање назад.", велат од СДСМ.

Македонија | пред 1 година

384754807_871472554341482_2138893706618634071_n

Поради реакцијата за хеликоптерите, СДСМ: ДПМНЕ е партија против НАТО и ЕУ, затоа е против модернизација на АРМ

„Набавката на хеликоптерите за модарнизација на АРМ по НАТО стандарди е почната уште пред повеќе од 4 години“, вели СДСМ и додава:ДПМНЕ, партијата што е против НАТО и ЕУ е и против модернизација на АРМ по НАТО стандарди.ДПМНЕ наместо за Армијата 250 милиони би ги пренамениле во Скопје 2014. 11 години го кратеа буџетот на Армијата, за да вложуваат милиони евра во Скопје 2014, во лажен барок, лажен мермер од стиропор, жални врби и споменици.ДПМНЕ ја запусти Армијата, ги остави војниците со ниски плати, со распарталени униформи и без чизми.Денес Македонија е членка на НАТО, армијата е НАТО Армија, сојузник на најмоќните држави и се модернизира според НАТО стандардите.

Македонија | пред 1 година

1-26

Ковачевски: Изборот ќе биде помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „заглавени и понижени со ДПМНЕ“

На претстојните избори немам дилема дека изборот ќе биде помеѓу „надеж“ и „безнадежност“, помеѓу „просперитетна иднина со СДСМ“ и „заглавени и понижени со ДПМНЕ“ - истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.— А повторно заглавување, со наведната глава, никој не сака. Никој не сака да чека нови 11 години во нови чекални. Сите се сеќаваме како изгледаше кога менторот на Мицковски, Груевски нѐ заглави и не донесе до дното. Мицковски, само ќе продолжи таму каде што неговиот ментор застана, ќе продолжи да копа до ново дно, ќе нѐ дозакопа и ќе не дозаглави, само за своја лична сатисфакција.ДПМНЕ не ги интересира иднината на државата и граѓаните. Пример за тоа ни се локалните избори. Тогаш ветуваа сѐ што им паднало на памет, ветуваа брда и планини, на крај ништо не направија. Битола исто како Скопје исто како и многу други општини на ВМРО живее во хаос, нереализирани проекти, без никакви реални и суштински промени. - рече Ковачевски-Битола и Битолчани знаат која е најдобрата опција за подобра и просперитетна иднина. Која опција носи надеж, обезбедува подобар и подостоинствен живот за сите, опција која не е откажува од европскиот пат. - посочи Ковачевски денес во Битола-Визија на СДСМ за иднината е реална и остварлива! Точно знаеме што ќе направиме и како ќе го направиме тоа. Наскоро ќе ја презентираме и нашата изборна програма која содржи реални и остварливи мерки. Програма која ќе биде пример за тоа како треба да се работи за да се обезбеди повисоки плати и пензии, посилна економија, подобро образование и здравство, конкурентно земјоделство. Програма за сите – за младите, за пензионерите, за земјоделците, за стопанството, за работниците. Програма со која предвидуваме сериозни и издржани проекции кои ќе донесат економски раст и развој.- порача Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на СДСМ во Битола.

Македонија | пред 1 година

1

СДСМ е опција која носи надеж и европска иднина, велат оттаму

„ДПМНЕ нема план за Европа, нема план за иднината и не може да донесе никаква суштинска промна“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Која е алтернативната визија на ДПМНЕ за Македонија, како ќе ја реализираат, не кажуваат, бидејќи немаат план за иднината.Единствена цел и визија им е да дојдат на власт, а како ДПМНЕ ја практицира власта, се виде изминатите 2,5 години со хаосот во Скопје и нереализираните ветувања на градоначлниците од оваа партија ширум државата.СДСМ има јасна визија за иднината на државата како европска. Борбата за европска македонска иднина продолжува, нема откажување.СДСМ е опција коjа носи надеж, која обезбедува поголеми плати и пензии, подостоинствен живот и која носи сигурна европска иднина.Граѓаните одлучуват дали Македонија ќе стане членка на ЕУ и ќе ги зголеми придобивките од членството во НАТО, или ќе заглави до недоглед во нова и тешка неизвесност што ќе донесе изолација, поделби и загрозување на иднината, на напредокот на земјата,Народот не сака да стои во место, не сака повторно да биде заглавен и понижен. Не заборава како владееше ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, менторот на Христијан Мицкоски.Граѓаните знаат дека СДСМ е синоним за напредок и просперитет, а ДПМНЕ е синоним за безнадежност и стоење во место.

Македонија | пред 1 година

sdsm-56

(Видео) На СДСМ им пречи изјава од Силјановска за пензионерите

"'Аман од оние старците', за Силјановска пензионерите се Мапет шоу.Пензионерите за Гордана Силјановска Давкова се „старци од Мапет шоу“. „Аман од Мапет шоу и од оние старците“ оваа изјава на Силјановска е потценувачкиот и навредлив став и однос кон пензионерите, кон нашите повозрасни граѓани, кои ја граделе државата, кон нашите родители, баби и дедовци“, вели СДСМ и додава:Добро им е познато на граѓаните како ДПМНЕ, 11 години ги манипулираше пензионерите и ги потцениваше.Слично ДПМНЕ направи и со лажното ветување дека ако дојде на власт ќе им ги зголеми пензиите на сите пензионери за 5.000 денари, за наредниот ден да се премисли дека тоа би можело да случи, ама покачувањето да биде на рати од по 500 денари.За разлика од ДПМНЕ, СДСМ во изминатите години на дело покажа и докажа што е вистинска грижа за пензионерите.Со новата методологија на пресметка на пезниите, која Владата предводена од СДСМ ја сработи заедно со пензионерите, пензионерите добиваат во просек 6.000 денари повеќе.Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра.Воедно, минималната пензија денес е за речиси 50% повисока од пензијата во 2016 година.И во време на кризите изминатите години, економската, енергетската, здравствената, кризата предизвикана од војната во Украина, СДСМ не заборави на пензионерите.Само со последниот деветти пакет антикризни мерки, се издвоија 35 милиони евра за поддршка на 187.000 пензионери со што пензионерите добиваат од 1.500-3.000 денари месечно финансиска поддршка со цел полесно да ја пребродат зимата и кризата.СДСМ со новата програма предвидува се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старост на пензионерите.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Николова: Силјановска е продолжена рака на ДПМНЕ, со нив нема ЕУ, нема надеж за подобро утре

,,Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,Изборот на претстојните избори е помеѓу борбата за иднината со СДСМ и заглавување со ДПМНЕ, помеѓу надеж и откажување.Глас за СДСМ и Стево Пендаровски е глас за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ.Изборот на ДПМНЕ и Силјановска значи изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре.Кандидатката на опозициската партија, Гордана Силјановска се претвори во уште едно лице на ДПМНЕ.Во македонското Собрание во изминатите четири години застана зад активната блокада, со којашто се попречувааа пакетите помош за граѓаните, антиктизните мерки, но се блокираше и европската иднина на државата.Застанувањето зад политиките на изолација и безнадежност како главна карактеристика на партијата од Белата палата е сериозен товар за Силјановска.Токму затоа, на сите им е јасно дека глас за Силјановска е глас за враќање назад, глас за оддалечување на државата од Европската Унија.Таа не се спротивставува на погрешните политики на Мицкоски туку ги поддржува.На граѓаните не им е потребен претседател кој ќе биде реприза на Иванов, партиски послушник на белата палата ќе го слуша само гласот на партијата наместо гласот на сите граѓани.Со Мицкоски и Силјановска државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел, а за тоа ќе ја обвинуваат потоа Европската Унија.Нема откажување од европската иднина.Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа ќе излезат на избори и ќе изберат европска иднина со СДСМ и Пендаровски.Ќе кажат НЕ на изолација и враќање назад", изјави Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Јавна „тајна“ се носителите на листи од СДСМ: Ковачевски не ги открива, но извори ги откриваат дел од имињата

Во тајност се држат носителите на листи од СДСМ и кандидатите за пратеници. Претседателот на партијата, Димитар Ковачевски, кажа дека станува збор за познати кадри кои извршувале високи функции, но не и кои се тие.„Носители ќе бидат партиски членови кои и во минатото извршувале високи функции во државата, а истото го мислам и за кандидатите за пратеници. Ќе имаме конгрес на почетокот од последната недела во месец март“, рече Ковачевски.Според информации на „Скопје1“, во изборната единица еден, носител ќе биде партискиот лидер Димитар Ковачевски. Тоа тој го потврди и во неколку наврати. Според досегашната пракса, ќе има и втор носител на листа, а тоа најверојатно ќе биде лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.Во втората изборна единица, предводници ќе бидат Фатмир Битиќи и Сања Лукаревска. А пак, Оливер Спасовски кој во минатото беше носител во двојката, сега се сели во третата изборна единица, заедно со Љупчо Николовски.Четворката е резервирана за Венко Филипче, додека петтата изборна единица ќе биде предводена од Јован Митревски и Бисера Костадиновска-Стојческа.Шестата изборна единица е неизвесна. Таму се споменуваат повеќе имиња за носители на листа, како Славјанка Петровска и Миле Зечевиќ. Партијата, нема одлучено кој ќе биде.На уште едно добитно место се надева ЛДП, но и НСДП. Тука битката е помеѓу досегашните Соња Мираковска и Горан Мисовски, но аспирации има и партискиот секретар Мики Милковски.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Силјановска е продолжена рака на ДПМНЕ, со нив нема надеж за подобро утре, велат од СДСМ

,,Гордана Силјановска е продолжена рака на ДПМНЕ. Изминатите четири години, како пратеничка во Собранието, Силјановска покажа дека е за изолација, затвореност и безнадежност, кои се главна карактеристика на Белата палата.Нејзиниот избор би значел враќање назад и оддалечување од патот кон Европската Унија. Со Мицкоски и Силјановска нема надеж за подобра иднина, со нив државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел.Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, а знаат дека тоа нема да го добијат со Силјановска. Затоа ќе излезат на избори и ќе одлучат во каква држава сакаат да живеат. Едниот избор е СДСМ и Стево Пендаровски за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот избор е ДПМНЕ и Силјановска за изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре”, се вели во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Калевска -Ванчева: Силјановска е уште едно лице на ДПМНЕ, со нив нема надеж за подобро утре

,,Гордана Силјановска е лице на ДПМНЕ. Наративот на Силјановска во Собранието во изминатите четири години е доказ дека таа ги негува вредностите на изолација, затвореност и безнадежност кои се главна карактеристика на партијата од Белата палата.Гордана Силјановска и Христијан Мицкоски се две страни од иста паричка, паричка за поткусурување на европската иднина на Македонија.Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, а знаат дека тоа нема да го добијат со Силјановска. Напротив, нејзиниот избор би значел враќање назад и оддалечување од патот кон Европската Унија.Мицкоски и Силјановска отворено кажуваат дека се подготвени да не прават ништо и на тој начин да ги блокираат преговорите со Европската Унија. Со нив државата ќе изгуби уште една деценија заглавена на патот кон Брисел, а за тоа ќе ја обвинуваат Европската Унија.Граѓаните знаат што е најдобро за нив и за Македонија. Затоа ќе излезат на избори и ќе одлучат во каква држава сакаат да живеат. Едниот избор е СДСМ и Стево Пендаровски за Македонија како рамноправна и просперитетна членка на ЕУ, а другиот избор е ДПМНЕ и Силјановска за изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре", изјави Снежана Калевска -Ванчева, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања