Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

СДСМ

Нема фотографија

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

,,СДСМ најостро го осудува чинот на остранување на спомен плочата на НОБ во Охрид.Бараме локалната власт на ДПМНЕ да излезе пред граѓаните и каже кој ќе понесе одговорност.Одговорност за сите инволвирани, бидејќи уништување културно заштитено наследство е казниво дело.Кој ќе ја сноси одговорноста и кој дозволил да се случи вакво нешто одговор треба да даде градоначалникот од ДПМНЕ, Кирил Пецаков.Насилното тргање на спомен плочата од НОБ е последица на хаосот кој владее во Охрид и дозволеното самоволие.Локалната власт на ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков дозволуваат самоволие, урбано дивеење и уништување на споменици од НОБ.Ова е уште една потврда, ДПМНЕ воопшто не се грижи за историското минато и антифашистичката борба туку само за бизнис интересите на поединци.Само поради нивните бизнис интереси во ризик е културното и историското значање на Охрид.Охриѓани очекуваат одговори од градоначалникот Пецаков кој ќе понесе одговорноста", изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Глас за Пендаровски е глас за сигурна европска иднина

,,СДСМ го има победничкиот кандидат за претседател и СДСМ го има победничкиот тим за новата проевропска Влада.Глас за Стево Пендаровски е глас за сигурна европска иднина, подобра иднина за сите, од која нема откажување.Глас за Пендаровски е глас за европска Македонија, за Македонија со подобар животен стандард, со повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство.Граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.Граѓаните ќе кажат ДА за сигурна европска иднина", велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Изборот е помеѓу борба за иднината со СДСМ или заглавување со ДПМНЕ

,,Изборот на претстојните избори ќе биде помеѓу борбата за иднината со СДСМ и заглавување со ДПМНЕ, помеѓу надеж и откажување.СДСМ е подготвена за нова победа на изборите.Тоа ќе биде победа на надежта, победа на визијата, на желбата за подобро утре, победа на европска Македонија.Народот не сака да биде повторно заглавен, со наведната глава и да чека нови 11 години во изолација.Граѓаните сакаат напредок, поголеми плати и пензии и европски животен стандард.Со СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ.Сега кога сме на чекор до ЕУ не смееме да се откажеме.Само заедно, СДСМ и народот, ќе ја придвижиме Македонија кон ЕУ",

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Колева: Силјановска е само уште едно лице на ДПМНЕ, не нѝ треба реприза на Иванов

,,Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ или заглавени во изолација со ДПМНЕ.Понудата на ДПМНЕ е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски.Во изминатите четири години Силјановска како пратеничка на ДПМНЕ ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.Глас за Силјановска е глас за враќање назад, во рикверц, глас за оддалечување на државата од Европската Унија.На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на Ѓорге Иванов.Не нѝ треба претседател кој ќе биде партиски послушник и безгласна буква како Иванов.Не нѝ треба претседател кој ќе го слуша гласот на Белата палата, а ќе биде глув за потребите на граѓаните.Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски..Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа", изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

sdsm-45134

СДСМ: Изборот е помеѓу борба за иднината со СДСМ или заглавени во изолација со ДПМНЕ

,,Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е помеѓу борба за европска иднина со СДСМ или заглавени во изолација со ДПМНЕ.Понудата на ДПМНЕ е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.Нема членство во ЕУ со Мицкоски и ДПМНЕ ниту за 100 години!Јасна е нивната намера да стават рампа на патот на Македонија кон Европската Унија.Со СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди.Патот до ЕУ е тежок. Има многу пречки пред нас, но ЕУ е единствениот начин да се сменат работите во државата на подобро.Сега кога сме на чекор до ЕУ не смееме да се откажеме.Само заедно, СДСМ и народот, ќе ја придвижиме Македонија кон ЕУ", велад од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

СДСМ: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски и ДПМНЕ, реприза на Иванов

,,Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски.Во изминатите четири години Силјановска делуваше како пратеник на ДПМНЕ и ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.Силјановска покажа и докажа дека е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност.На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на Ѓорге Иванов, кога шефот на државата беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата.Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа", велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Kostadinova

Костадинова: Капиталните проекти како браната Конско се инвестиција за иднината, барокот е враќање во минатото

,,Нема поголема инвестиција во иднината на државата од реализацијата на крупни инфраструктирни проекти кои ќе придонесат да се подобри квалитетот на живот на граѓаните и да се унапредат условите за развој на конкретни стопански гранки.Браната Конско во Гевгелија е конкретен пример дека СДСМ е партија посветена на развојот и на градењето просперитетна иднина. Владата предводена од СДСМ го иницираше, го започна и целосно го реализираше најголемиот инфраструктурен проект во гевгелискиот регион во последните 50 години, вреден 40 милиони евра.Со новата акумулација на браната Конско се обезбедува вода за наводнување на околу 8.000 хекрати во целото Гевгелиско поле. Дополнително, со гордост најавуваме реализација на системи за наводнување на четири брани, со кои ќе се обезбедат услови за интензивно и конкурентно земјоделско производство во вкупно осум општини. Ова е најголема инвстиција во сегментот водоснабдување од осамостојувањето на државата.Владата предводена од СДСМ покажа и докажа дека наш приоритет се крупни капитални инфраструктурни проекти кои се инвестиција во иднината, а не евтин барок кој е враќање во минатото.Скапите гипсени фасади на ДПМНЕ мора да останат во минатото. На граѓаните не им е потребна евтина реприза од најкриминалното владеење во историјата на Македонија.Затоа на претстојните избори ќе го поддржат СДСМ и политиката на инвестирање во брани, патишта и капитални проекти за рамномерен регионален развој и подбар живот за сите", изјави Марија Костадинова, пратеничка на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Каевски: Ја поздравуваме Резолуцијата на САД, разочарувачки е што само ДПМНЕ е против европскиот пат

,,Jа поздравуваме, благодарни сме за силната и недвосмислена поддршка од нашите стратешки партнери – САД. Оваа поддршка на САД ја имаме затоа што 7 години активно се работи на продлабочување на односите со стратешките партнери и силната меѓународната позиција на државата. Сепак разочарувачки и поразително е што имаме толку силна меѓународна поддршка само блокадата е од дома, од ДПМНЕ и Мицкоски кои се единствената опција којашто е против членството во ЕУ и активно спроведува блокада на европскиот пат и иднината на државата и граѓаните", вели Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Каевски: Стари кадри на Мицкоски за носители, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена

,,Се потврди она што секојдневно го говоревме дека ДПМНЕ не може да донесе никаква промена. Кадрите, кандидатите којшто ги даде ДПМНЕ се тие истите кадри којшто беа на парламентарните избори во 2020 година, на претседателските избори во 2019 година.Кадри којшто нудат изолација, безнадежност, безперспективност, врќање назад, блокади и опструкции. Повторно на овие избори тие кадри ќе бидат казнети од граѓаните, односно граѓаните масовно ќе дадат поддршка за СДСМ и коалицијата, за Пендаровски, за државата да продолжи по европскиот пат, за подобар стандард на граѓаните, за европската приказна да продолжи и сето она што значи прогрес на државата и граѓаните.Во делот на кандидатите на СДСМ и коалицијата при крај е внатрепартиската постапка, течат и разговорите со коалицијата и за многу скоро ќе бидат претставени пред јавноста кандидатите и за носители и за коносители и сите останати кои што ќе се најдат на листите за парламентарните избори", изјави Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Каевски: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, не ни е потребна реприза на Иванов

,,Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ.Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски.Во изминатите четири години Силјановска делуваше како пратеник на ДПМНЕ и ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата.Наративот на Силјановска во Собранието во изминатите години е доказ дека Силјановска е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност.Нема членство во ЕУ со Мицкоски и Силјановска ниту за 100 години!Јасна е нивната намера да стават рампа на патот на Македонија кон Европската Унија.На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе ги врати духовите од времето на владеењето на ДПМНЕ и на Ѓорге Иванов.Времето кога претседателот беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата.Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет!Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа", изјави Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ

Македонија | пред 2 години

384754836_871472544341483_1508962166847449224_n

СДСМ: Изолација со Силјановска и ДПМНЕ или европска иднина со СДСМ и Пендаровски

,,Изборот пред граѓаните на претстојните претседателски избори е европска иднина со СДСМ и Пендаровски или враќање назад во изолација со Силјановска и ДПМНЕ.Понудата на ДПМНЕ и Силјановска е да се откажеме од иднината, од надежта, да се изолираме и да се збогуваме со секоја вистинска и суштинска промена за подобро утре.Само со Пендаровски и СДСМ е остварлива единствената реална надеж за светла македонска иднина – членство во ЕУ, поголеми плати и пензии, економски раст, европски вредности и стандарди.Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски.Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа", велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

sdsm-45134

СДСМ: Стари кадри на Мицкоски за носители, ДПМНЕ не може да донесе никаква промена

,,ДПМНЕ уште еднаш потврди дека не може да донесе никаква промена.По Гордана Силјановска Давкова, како кандидат на ДПМНЕ за претседател на државата, која на минатите изборите загуби од Пендаровски, ДПМНЕ излегува со проверени кадри на режмот на Груевски, како Николоски, Мисајловски, Ковачки, за носители на листите.Се потврди дека ДПМНЕ нема ни кадровска, ни програмска понуда.Со стари кадри на Мицкоски како носители на листите, ДПМНЕ на граѓаните им нуди враќање назад во минатото, во изолација, далеку од членство во ЕУ и напредок.Граѓаните сакаат јасна визија за иднината, визија која носи надеж, напредок, развој и европски животен стандард.Затоа на претстојните избори ќе ја дадат својата поддршка за СДСМ, бидејќи сакаат Македонија да биде рамноправна просперитетна членка на ЕУ, а не изолирана и затворена држава без надеж за подобро утре", велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

384725025_871477054341032_8131671961745468377_n

Со кого ќе се трка СДСМ на претседателските избори: познати дел од имињата за парламентарните избори

И во СДСМ се крчкаат листите за можни пратеници од партијата и коалициските партнери. Според информации на „Скопје1“, во изборната единица еден, носител ќе биде партискиот лидер Димитар Ковачевски. Тоа тој го потврди и во неколку наврати. Според досегашната пракса, ќе има и втор носител на листа, а тоа најверојатно ќе биде лидерката на ЛДП, Моника Зајкова.Во втората изборна единица, предводници ќе бидат Фатмир Битиќи и Сања Лукаревска. А пак, Оливер Спасовски кој во минатото беше носител во двојката, сега се сели во третата изборна единица, заедно со Љупчо Николовски.Четворката е резервирана за Венко Филипче, додека петтата изборна единица ќе биде предводена од Јован Митревски и Бисера Костадиновска-Стојческа.Шестата изборна единица е неизвесна. Таму се споменуваат повеќе имиња за носители на листа, како Славјанка Петровска и Миле Зечевиќ. Партијата, нема одлучено кој ќе биде.На уште едно добитно место се надева ЛДП, но и НСДП. Тука битката е помеѓу досегашните Соња Мираковска и Горан Мисовски, но аспирации има и партискиот секретар Мики Милковски.

Македонија | пред 2 години

sdsm-koalicija

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ предлага да наведнеме глава и да се откажеме од европската иднина

„ДПМНЕ предлага да наведнеме глава, да чекаме, да не правиме ништо и да се откажеме од нашата европска иднина.Но, што носи тоа, која е алтернативата, да се чека 11 години, како во времето на Груевски?Токму тоа го нуди ДПМНЕ пред граѓаните, откажување од европската иднина, меѓутоа цената од неправење ништо е превисока и за сегашните, но најмногу за идните генерации.Вистинскиот пат за државата и за граѓаните е европската иднина. Овој пат не лесен, но е реален и дава вистинска надеж за суштински промени.Единствениот вистински начин да ја промениме нашата земја на подобро зависи од континуираните реформи кои водат кон членство во ЕУ.Европската иднина е единствената можна светла македонска иднина. Особено сега, кога дојдовме до последниот чекор.СДСМ никогаш нема да се откаже од европскиот пат, затоа што тоа е вистинскиот пат за подобра иднина“, велат од СДСМ.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Ковачевски: Заедно ќе успееме и ќе победиме - СДСМ се бори за она што го заслужуваме

СДСМ се бори за она што го заслужуваме, ние не се откажуваме од европската иднина. Нашата борба за Европа е борба за подобар животен стандард, за повисоки плати и пензии, силна економија, развиено земјоделство. И ќе успееме, и ќе победиме, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва во Струмица.-Со ДПМНЕ ја спуштаме главата и прифаќаме дека никогаш нема да биде подобро, таа достижна цел за европска иднина им ја препуштаме на некои други. Се откажуваме од иднината. Со СДСМ продолжуваме да се бориме за она што го заслужуваме, не се откажуваме и на крајот победуваме. Тоа е разликата. Затоа, ве гледам сите вечерва и ви велам, нема откажување, одиме до крај, до победа, за Европска Македонија. Патот е трасиран, и нема враќање назад, рече Ковачевски.Затоа што граѓаните заслужуваат европски животен стандард, просперитетна и развиена држава, во која функционира демократијата, владеењето на право, социјалната правда, рече Ковачевски.Затоа и предложивме кандидат за претседател со прогресивни политики и европска визија кој заедно со Владата ќе турка напред до полноправно членство во ЕУ, додаде тој.-На граѓаните не им треба претседател кој ќе ја кочи земјата. ДПМНЕ сака граѓаните да се откажат од нивната иднина. Само со глас за СДСМ и Стево Пендаровски на овие избори обезбедуваме сигурна европска иднина, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања