Промени тема
Контакт

СКОПЈЕ

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Со подземната сообраќајница метежот и сообраќајниот хаос во Скопје ќе се намалат за најмалку 33%, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вели дека булеварот Македонија е еден од најсериозните капитални проекти за градот којшто било кога во минатото е започнат да се реализира„Започната е првата фаза и припремите на она што би значело влез во подземната сообраќајница. Во меѓу време, за да не губиме време, распишана е постапка и за втората фаза, којашто би значела пополнување на подвожњак којшто е кон Министерството за внатрешни работи од страната од кај Рамстор и нивелација на цел тој прос

Скопје | пред 6 месеци

media-library5oji1tmki7lt3iJHBPI

(Видео) Трагедија на обиколницата Скопје–Тетово: Возач загина по излетување од коловоз

Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила попладнево на обиколницата Скопје–Тетово, во близина на клучката Мирковци.Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во 15:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека патничко моторно возило излетало од коловозот.Полициски екипи излегле на местото на настанот, при што било утврдено дека станува збор за патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од машко лице кое починало на местото на н

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryhmd5s32dgl639WoaqjK

Комунална хигиена расчисти 11.000 тони отпад во февруари и санкционираше прекршители, најмногу записници во Чаир

Во текот на месецот февруари 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 11 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.Отстранети се и  2505 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад  - 600 кубни метри - е подигнато во општината Центар.Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец февруари изготви вкупно 100 записници за прет

Скопје | пред 6 месеци

media-librarynp8j9mia7dps0VqfVKA

(Видео) Сообраќаен колапс во Скопје – возачи чекаат по 30 минути за да се поместат од место

Скопје денеска се соочува со сериозни застои во сообраќајот поради посетата на претседателот на Албанија Бајрам Бегај.Возачите на социјалните мрежи реагираат наведувајќи дека се заглавени по половина час на различни точки низ градот.„Браво успеавте да го блокирате цело Скопје, толку…“, „Што е со градов Тито да не доаѓа?? Тотален хаос..“ се само дел од бројните коментари.На 26, 27 и 28.02.2026 година (четврток, петок и сабота), во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г-

Скопје | пред 6 месеци

media-library60s2rbsetk9bfFSYMGj

Подземна со шест ленти и нови кружни текови во центарот на Скопје

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, извршиле увид во градежните активности на булеварот „Македонија“, проект со кој, како што истакна, главниот град ја добива својата прва подземна сообраќајница.Според информациите од Град Скопје, работите се одвиваат со засилена динамика, а на терен се ангажирани десетици камиони и градежни машини, вклучително и во вечерните часови, кога сообраќајот е намален. Ѓорѓиевски најави дека ваквата практика ќе продолжи и

Скопје | пред 6 месеци

media-librarybi0odh8prsb2eFEdEfP

(Видео) Со три гребалки и 30 камиони интензивно се работи на улицата „Перо Наков“, вели Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вчеравечер објави фотографии и видеа од работните активности на улицата „Перо Наков“ во Гази Баба.„Се работи и навечер, за наше Скопје!Додека градот мирува, машините не запираат.Вечерва интензивно се работи на улицата „Перо Наков“ во општина Гази Баба - за првпат од постоењето на градот со три гребалки истовремено на терен, придружени од повеќе од 30 камиони и неколку багери.Ова е јасна порака дека кога се работи за Скопје, нема пауза и нема одлагање.По

Скопје | пред 6 месеци

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ предупредува на, како што велат, зачестено исфрлање бездомни кучиња од други градови во Скопје и изразува загриженост дека ваквата состојба може да се искористи како оправдување за масовна еутаназија. Од организацијата бараат итно активирање на системот „Безбеден град“, пронаоѓање и санкционирање на сторителите, како и системски и хуман пристап кон проблемот со бездомните животни.„Веќе со месеци се множат објавите за исфрлање кучиња од други градови во

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryg8867009s0gpcDfL5Fc

ЗХГ бара јавна расправа за луна паркот: Треба да се задржи во неговите постојни граници, да биде парк за деца, а не евтин Дизниленд

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ реагира на плановите за изградба на Луна парк во средината на Градски парк Скопје, предупредувајќи дека проектот би можел сериозно да ја наруши природата и биодиверзитетот во паркот.„Од моментот кога се почнати првите активности за обнова на Луна паркот до денес се сменија 4 градоначалници и помина повеќе од една деценија, ама исклучувањето на јавноста остана константно.Се чувствуваш ли дека имаш глас во одлуките што ги носи Градот? Дека твоето мислење

Скопје | пред 6 месеци

zicnica-696x463

Жичницата на Водно денес не работи поради силен ветер

Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека денес жичницата на Водно нема да биде во функција поради засилен ветер.„Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците.Ви благодариме на разбирањето“, се вели во соопштението од Ј

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryu5g2hm4lho3b91VkXaw

Ѓорѓиевски: Екипите целосно мобилизирани поради паднати дрвја во Скопје

Во Скопје, поради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски информира дека екипите се веќе на терен.„Екипите се на терен, реагираме навремено и координираноПоради засилениот ветер и неповолните временски услови, на повеќе локации низ градот беа регистрирани паднати и оштетени дрвја. Нашите служби веднаш излегоа на терен и постапуваат со целосна мобилизација, со цел отстранување на опа

Скопје | пред 6 месеци

media-libraryreve2k9tqeu94s2EZ3Y

Жичницата на Водно денеска не работи поради силен ветер и дожд

Жичницата на Водно денеска нема да продолжи со работа поради неповолни временски услови.„Јавното сообраќајно претпријатие - ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека поради дожд и засилен ветер, кој ги надминува дозволените безбедносни граници, жичницата е ставена вон функција.Надлежните служби ја следат состојбата на терен и штом се создадат услови за безбедно функционирање, жичницата ќе продолжи со редовен превоз на патници.Апелираме до граѓаните за разбирање“, се вели во соопштението.

Скопје | пред 6 месеци

media-library10rh3ijr5hi83TLtPSG

Четири ленти, нови тротоари и заштитно зеленило – стартува проектот за „Македонско-косовска бригада“

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави почеток на реализацијата на основниот проект за изградба на булеварот „Македонско-косовска бригада“, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.Според него, станува збор за значајна сообраќајна артерија што ќе ја подобри поврзаноста и проточноста во овој дел од градот. Проектот предвидува четири коловозни ленти, по две во секоја насока, средишно зеленило, в

Скопје | пред 6 месеци

media-library5ite69jturg27Ci5fFS

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Задушница

Поради верскиот празник Задушница, од 6 часот утринава во Скопје е воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерство за внатрешни работи на Република Северна Македонија.Од Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје информираат дека сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива кружно и во една насока. Возилата ќе се движат по улица „Бутелска“, лево по улица „Александар Урдаревски“, лево по улица „Боца Иванова“ и десно кон влезот на гробиштата. За излез, возилата ќ

Скопје | пред 7 месеци

media-library6cin2kbp0uh497FNC3b

Орце тврди дека ќе воведува ред: На Бит Пазар ќе го урива „Али тобако“ оти е на велосипедска и пешачка патека

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во изјава за медиумите истакна дека мора да се воведе ред со дивопоставените објекти низ градот.„Дивопоставените објекти насекаде низ градот граѓаните бараа ред, бараа 30 години наназад, јас кажав дека ред ќе има. Јас знам дека во одредени процеси некој нема да го прими тоа позитивно, затоа што му го нарушувам комодитетот којшто 30 години некој му го дозволил да го има на сметка и на грбот на граѓаните и на градот Скопје и општините. Тоа се луѓе коишто

Скопје | пред 7 месеци

media-librarytqmlvt60cm0cb7jMqeo

Кејот на Вардар добива нова градска плажа, спортски терени и фитнес-зони на отворено

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи објави фотографии од уредувањето на кејот на Вардар и најави создавање на безбедна градска плажа и реконструкција на спортските терени за фудбал, баскет и одбојка на песок.„Кејот на Вардар добива нов лик и нова градска плажа, отворена за сите генерацииСо засилено темпо течат работните активности за уредување на кејот на реката Вардар, простор каде секојдневно се рекреираат илјадници граѓани и кој претставува едно од најважните урбан

Скопје | пред 7 месеци

media-librarys43b6q8f98rg5IlsqSK

(Видео) Мажи си разменија боксови на булеварот кај МНТ, откако се скарале поради сообраќајно недоразбирање

Инцидент се случил денеска околу 15:00 часот во центарот на Скопје, кај мостот Гоце Делчев, каде човек со тротинет и возач на патничко возило влегле во физичка пресметка.На водеото се гледа како двајцата мажи се расправаат, а потоа и физички се пресметуваат на коловозот. Неофицијално, причина за инцидентот било сообраќајно недоразбирање.Засега нема официјална информација дали на местото пристигнала полиција, ниту дали против некого ќе биде поднесена пријава. Не е познато ниту дали тепачката била

Скопје | пред 7 месеци

media-librarysf6djr6ekrv7cPPad2X

(Видео) Старите дискотеки заминуваат во историјата, почна уредувањето на просторот за Луна парк

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека започнува расчистување на просторот наменет за изградба на Луна паркот, при што старите, бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк ќе бидат целосно отстранети.Според најавата на градоначалникот, станува збор за воведување ред и враќање на јавниот простор во функција на граѓаните, со што, како што истакна, нелегалните објекти што со години го узурпирале просторот заминуваат во историјата. Расчистувањето, како дел од пошироките активно

Скопје | пред 7 месеци

media-librarysa5ctmpu3097acuDYje

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје поради посета на Курти

Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти.Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryag44j6fr9t7d5xfcg1v

(Видео) Првата фаза од булеварот „Македонија“ во тек: „Скопјани за првпат ќе добијат подземна сообраќајница“

Градот Скопје започна со реализација на првата фаза од булеварот „Македонија“, проект што ќе го трансформира урбаниот пејзаж и ќе овозможи модерна сообраќајна инфраструктура. Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, завршувањето на сите фази ќе донесе побрз и побезбеден проток на сообраќај и нов квалитет на живеењето во главниот град.„Интензивно и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар „Македонија“, проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон модерно, функционално Ск

Скопје | пред 7 месеци

media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски пред неколку дена информираше дека кредиторот ЕБОР официјално го одблокирал проектот за БРТ кој е направен во времето на ексградоначалникот Петре Шилегов, предвидува првата траса од Ѓорче Петров до Ново Лисиче да минува низ средишната жардиниера на булеварот Партизански одреди, каде се наоѓа главната водоводна цевка во градот.На ова реагираа од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ (ЗХГ), кои се против трасата да минува низ средишното зеленило бидејќи

Скопје | пред 7 месеци

media-library7a7lqa0676mseY6J6A4

Ѓорѓиевски најавува Луна парк, реконструкција на улици и прва подземна сообраќајница во Скопје

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес конференција за медиумите, испрати силна порака дека Скопје излегува од финансискиот и институционален колапс и влегува во период на стабилизација, развој и најголема инвестициска офанзива во својата историја.Тој истакна дека при преземањето на функцијата затекнал урнат систем, град на раб на банкрот, јавни претпријатија со блокирани сметки, вработени без плати, нефункционални институции и долгови од речиси 300 милиони евра. На см

Скопје | пред 7 месеци

media-library8cr0dsir2fnm5BZlPv5

Тобакото до ЗОО-Скопје се издава 117 евра месечно, а Скопје на пат да плаќа над милион евра оти почнала со рушење на галија два дена пред истек на концесија

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавува дека е неопходно раскинување на низа штетни договори склучени во минатото, но предупредува дека секое погрешно и непромислено постапување носи сериозни финансиски последици за градот.Одговарајќи на советничко прашање за договорите што приватни компании ги имаат со Град Скопје и со јавните претпријатија, Ѓорѓиевски посочува дека веќе е влезено во процес на решавање на дел од тие случаи, но дека наследените состојби создаваат дополнителни п

Скопје | пред 7 месеци

121546365_2638640743132118_524148423271260728_o-960x480-1

„Лајка“ добива нови капацитети и современи услови

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најавува проширување на капацитетите на ЈП Лајка, оценувајќи дека конечно започнува хумано, одговорно и системско решавање на проблемот со бездомните кучиња во главниот град.Ѓорѓиевски посочува дека во минатото „Лајка“ била користена за партиски вработувања, додека суштинскиот проблем со бездомните животни со години бил игнориран. Според него, последиците од таквиот пристап ги чувствуваат и граѓаните и самите животни, кои остануваат без соодветна

Скопје | пред 7 месеци

media-librarys5nti2ice7eddmRRBbL

Цаневска: Колку и кога ќе стигнат автобусите за ЈСП, Ѓоргиевски: Владата ќе набави 100, но не можам да кажам дали ќе стигнат до крај на годинава

Јавниот превоз беше една од темите на советнички прашања во Советот на Град Скопје.„Во ноември 2025 ветивте дека во март 2026 се очекува, во координација со Владата, да пристигнат 80 нови автобуси. Целосно ќе го нормализираме градскиот транспорт. Но ова тешко дека ќе се реализира, бидејќи и да биде успешен тендерот овојпат, потребни се неколку месеци за да се заврши процедурата.Вчера најавивте дека Владата за Град Скопје ќе набави 100 нови електрични автобуси. И она што создаде конфузија дали с

Скопје | пред 7 месеци

media-library4sci5rpe5ie48DEAjbs

ЕБОР го откочи БРТ: Скопје оди кон набавка на 130 автобуси, наместо најавените 80 - дел ќе стигнеле и до крајот на годината

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјавува дека наместо првично најавените 80, за Скопје ќе бидат набавени вкупно 130 нови автобуси. Тој информира дека утрово пристигнува писмо од ЕБОР со кое конечно се откочува проектот за брзиот автобуски превоз БРТ и неговата изградба.„Наместо 80 автобуси, ќе бидат набавени 100 автобуси. Од ЕБОР утринава стигна писмо со кое конечно се откочува проектот со БРТ и изградба на истиот“, вели Ѓорѓиевски, додавајќи дека обврска на Градот е да формира

Скопје | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања