Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

словенија

MixCollage-01-Aug-2025-09-12-AM-4982

Словенија со ембарго за оружје за Израел и повик до светот: Признајте ја Палестина!

Словенија го прекинува секој вид трговија со оружје со Израел – воведе забрана за извоз, увоз и транзит на оружје, станувајќи првата земја во Европската Унија што презела ваков чекор. Одлуката беше донесена на владина седница, а ја соопшти премиерот Роберт Голоб, истакнувајќи дека станува збор за принципиелен став во насока на мир и почитување на меѓународното хуманитарно право.Овој потег следи по претходната одлука на словенечките власти да прогласат двајца министри од израелската влада за непожелни лица (persona non grata). Станува збор за министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир и министерката за финансии Безалел Смотрич, чие делување, според Словенија, придонело за создавање на „неподнослива состојба“ во Појасот Газа.Министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на Генералното собрание на Обединетите нации ги повика сите земји-членки да ја признаат државата Палестина, оценувајќи дека единствениот одржлив пат кон мир на Блискиот Исток е решението со две држави. Таа додаде дека „начинот на кој бараме мир денес ќе ја одреди историјата и иднината на генерациите што доаѓаат“.„Историјата не се пишува со големи зборови, туку со дела. А Словенија одлучи да дејствува – ја призна државата Палестина“, рече Фајон, најавувајќи и потпишување на меморандум за соработка со палестинските власти.Словенечката министерка посочи и дека врз некои држави се врши притисок да не ја поддржат Палестина, споменувајќи дека има слободни места во Генералното собрание на ОН, меѓу кои и држави-соседи на Словенија. Таа изрази несогласување со ставовите што го попречуваат прекинот на огнот во Газа и постигнувањето на траен и праведен мир.Словенија ја призна независноста на Палестина во јуни оваа година, по што и Холандија го следеше примерот. Вкупно 147 од 193 држави-членки на Обединетите нации досега официјално ја признале државата Палестина.фото: Unsplash/FB

Свет | пред 4 месеци

grcija4

Словенечки пожарникари и чешки хеликоптер се вклучуваат во битката со пожарите!

Словенија се вклучува со 50 пожарникари и специјализирана опрема, а Чешка испраќа хеликоптер како поддршка во гаснењето на пожарите што беснеат низ повеќе региони во земјава. Помошта од овие две земји се очекува да пристигне во текот на денешниот ден, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).Според нивните податоци, од вкупно 27 активирани пожари на отворен простор, во моментов седум се сè уште активни, три се ставени под контрола, а 17 се целосно изгаснати.Активни пожари се регистрирани на планината Голем Готен и во Малешевските планини, како и во прилепското село Бешишки Рид, каде огнот се шири кон селото Градежница во општина Новаци и кон државната граница со Грција.Гори и во подрачјето меѓу селата Царевиќ, Смолани, Радибил и Дрен во Општина Прилеп, потоа во селата Галиште и Трстеник во Општина Кавадарци, како и меѓу селата Црешево, Локцива и Крапа во Општина Македонски Брод. Пожар е активен и во селото Ќосевица во општина Македонска Каменица, како и во селото Ореше во Чашка и во кичевското село Горно Црско.Пожарите кои се ставени под контрола се во селото Грешница во општина Македонски Брод, каде што горела мешана шума и сува трева, потоа меѓу селата Драгоево и Селце во Општина Штип, каде биле зафатени нискостеблеста шума, прнар и сува трева, и во село Јунузлија, општина Карбинци, каде се регистрирано горење на шума.

Македонија | пред 4 месеци

slovenija-policija

Словенија го легализира потпомагањето на самоубиство

Во петокот, Словенија го легализираше потпомогнатото самоубиство, што граѓаните го поддржаа на минатогодишниот референдум, објави Н1 телеивизија.Парламентот го усвои законот со 50 гласа „за“ и 34 „против“, а тројца претставници беа воздржани.Законот им дава право на луцидни пациенти кои страдаат од неизлечиви болести и чие страдање или здравствена состојба е неподнослива да го прекинат својот живот, освен во случај на ментални болести. Може да се примени и во случаи кога не се очекува третманот да доведе до закрепнување или подобрување на здравствената состојба на пациентот.Сите опции за медицински третман ќе мора да бидат исцрпени пред тоа. Правото нема да може да се користи во случаи на неподносливо страдање како резултат на ментална болест.Еутаназијата, т.е. смрт од рацете на лицето кое се грижи за него по барање на пациентот, останува забранета.На референдумот минатата година, 55 проценти од гласачите го поддржаа правото на асистирано самоубиство.Швајцарија и Австрија веќе го дозволија овој метод, додека Холандија, Белгија и Луксембург ја одобрија еутаназијата.

Свет | пред 4 месеци

Irena-Joveva

„Ви треба чесност, интегритет и храброст за да го признаете македонскиот народ“, словенечката европратеничка Ирена Јовева на македонски јазик им порача на бугарските колеги

Во Европскиот парламент денеска се гласа за Предлог-извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од специјалниот известувач за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц. Расправата за документот започна уште вчера, а дебатата доби силна димензија поради амандманите поврзани со македонскиот јазик и идентитет.Словенечката европратеничка Ирена Јовева, членка на партијата „Движење за слобода“ и дел од парламентарната група „Обнова на Европа“, се обрати на македонски јазик директно до бугарските европратеници.„За да постои на македонскиот народ не му треба ваша дозвола, но на вас, за да го признаете тоа, ви треба чесност, интегритет, храброст – знам“, порача Јовева, која е од македонско потекло.Таа претходно јавно соопшти дека нема да поддржи никакви измени кои би воделе кон бришење или негирање на македонскиот јазик и идентитет во европскиот извештај.Првичната верзија на извештајот ги содржеше референците на македонскиот народ и јазик, но подоцна беа предложени амандмани за тие да се формулираат како „модерни“, односно „сегашни“, а на крајот и целосно да се изостават.Обраќањето на Јовева предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што нејзиниот говор беше споделен од повеќе јавни личности и поранешни политичари, меѓу кои и Љупчо Димовски.

Македонија | пред 5 месеци

sneg-Slovenija

Прв јулски снег во Словенија, во 10 часот биле измерени 0 степени на Кредарица и Канин

По минувањето на студен фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат снежна покривка во јули. Линијата за снег се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти Словенечката агенција за животна средина (ARSO).Снимките од метеоролошките камери на Кредарица и Канин јасно го покажуваат првиот јулски снег, а на највисоката метеоролошка станица на Кредарица во 10 часот наутро се измерени 0 °C.

Актуелно | пред 5 месеци

slovenija

Маж од Македонија убил жена, па се самоубил во Словенија

Маж по потекло од Македонија пукал во 40-годишна жена, по што се самоубил. Ова се случувало во Словенија, односно градот Градац во текот на вчерашниот ден. „Скопје1“ дознава дека македонскиот државјанин е по потекло од прилепскиот регион и има околу 30 години.Словенечката полицика посочува дека мажот починал на лице место, додека жената во тешка здравствена состојба е пренесена во Општата болница на градот Градец, каде што починала.Неофицијално, пукањето се случило во индустриската зона Памече, објавија словенечките медиуми.На местото имало истражен судија и јавен обвинител. Детали се очекуваат од Одделот за криминалистичка полиција при полициската управа Цеље.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Дали Словенија го повлекува признавањето? Опозицијата бара Уставниот суд да ја преиспита одлуката

Најголемите опозициски партии Демократите (СДС) и Нова Словенија (НСи) денеска побараа од Уставниот суд да го разгледа словенечкото признавање на палестинската држава, потег што Националното собрание го официјализираше на почетокот на јуни.Опозициските пратеници, кои го бојкотираа гласањето, го оспоруваат признавањето врз основа на обвинувања за злоупотреба на собраниската процедура, јавува агенцијата СТА.Партиите би сакале судот да ја укине одлуката за признавање откако ќе утврди дека е неуставна и е во спротивност со соодветната собраниска процедура.На 4 јуни Словенија ја призна Палестина. СДС тогаш поднесе предлог за референдум во обид да се одложи гласањето за 30 дена во согласност со досегашната парламентарна практика, но коалицијата реши да го заобиколи ова со реинтерпретација на член од Деловникот на Собранието, потег кој беше критикуван од опозицијата, а некои правни експерти како злоупотреба на собраниската процедура.

Свет | пред 1 година

palestina

Словенија го одложи признавањето на Палестина

Словенечкиот парламент денеска треба да расправа за признавањето на палестинската држава, но нема да гласа поради повикот на опозициската Словенечка демократска партија (СДС) да се одржи консултативен референдум за ова прашање, јавуваат медиумите.Словенечката влада во четвртокот објави дека се приклучува на малиот број европски земји кои ја признаваат палестинската државност. Премиерот Роберт Голоб тогаш рече дека неговата влада се согласила со одлуката за признавање на Палестина и ќе ја достави мерката до парламентот за конечно одобрување.Но, словенечката СДС вчера поднесе барање за одржување на консултативен референдум за признавање на Палестина. Според словенечките медиуми, лидерот на СДС Јанез Јанша изјавил дека одлуката на Владата да ја признае Палестина веќе и нанела долгорочна штета на Словенија „бидејќи ја поддржува терористичката организација Хамас“.Референдумот веројатно нема да го запре признавањето на Палестина бидејќи владејачката коалиција има мнозинство во парламентот, но ќе го одложи за најмалку 30 дена, наведува СТА. Со признавањето на палестинската држава Словенија би тргнала по патот на Ирска, Норвешка и Шпанија.Тие земји минатата недела официјално ја признаа независна Палестина. Шведска го направи тој потег пред десет години. Сите овие потези го зајакнаа палестинското прашање во светот, но го налутија Израел. Израелското Министерство за надворешни работи минатата недела ја осуди одлуката на Словенија да ја признае независната палестинска држава.Министерот за надворешни работи Израел Кац рече дека одлуката, за која ќе гласа парламентот, е награда за Хамас за убиства и силувања. Во соопштението за печатот, Кац рече дека овој потег го зајакнува и Иран, непријателот на Израел и му штети на „блиското пријателство на словенскиот и израелскиот народ“.„Се надевам дека словенечкиот парламент ќе ја отфрли оваа препорака“, додаде тој. Повеќе од 140 од 193 земји-членки на Обединетите нации ја признаваат Палестина како суверена држава. Западноевропските земји и САД долго време беа исклучок.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Словенија во четврток одлучува за признавањето на Палестина

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска изјави дека словенечката влада во четврток ќе донесе одлука за признавање на палестинската држава, по што одлуката ќе биде испратена до парламентот на конечно одобрување.Шефот на словенечката дипломатија Тања Фајон изјави дека гласањето во парламентот може да се одржи на 4 јуни.Голоб за време на денешната посета на Алжир рече дека во меѓувреме Словенија ќе продолжи да работи со други земји за да создаде максимален притисок за итен прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, пренесе агенцијата СТА.Голоб посочи дека Словенија како одговорна членка на Советот за безбедност на ОН е должна да направи се што е во нејзина моќ за да постигне траен мир на Блискиот Исток.„Ова е важна, навистина историска порака дека го признаваме постоењето на Палестинците, нивната државност и нивното право на самоопределување“, рече Фајон за СТА на маргините на отворањето на новите простории на словенечките дипломатски претставништва во Брисел.Фајон нагласи дека одлуката за признавање на палестинската држава не е насочена против Израел, наведувајќи дека Словенија ќе продолжи да се занимава со воспоставување мир на Блискиот Исток и безбедност и на Израелците и на Палестинците.Словенечката влада на 9 мај ја започна процедурата за признавање на Палестина, најавувајќи дека соодветната одлука ќе ја испрати до парламентот до 13 јуни.Шпанија и Ирска утре треба да ја признаат Палестина заедно со Норвешка која не е членка на ЕУ.

Свет | пред 1 година

361724

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Министерството за надворешни работи на Словенија денеска ја информираше руската амбасада во Љубљана дека еден нејзин дипломат е прогласен за персона нон грата и дека има рок до 28 март да ја напушти Словенија.Словенечкото Министерство соопшти дека оваа одлука ја донело во согласност со членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи поради активности кои не се во согласност со неговиот статус на дипломат, пренесува СТА.Порталот Сиол објави дека станува збор за заменикот воено аташе на руската амбасада, Сергеј Лемешев.Во април 2022 година Словенија побара од Русија да го намали персоналот во амбасадата во Љубљана на исто толку членови на словенечката амбасада во Москва.Руската страна ќе одговори на протерувањето на вработената во руската амбасада во Словенија, соопштија од руското Министерство за надворешни работи за РИА Новости.

Свет | пред 1 година

Нема фотографија

Словенија ќе даде милион евра за набавка на муниција на Украина

Словенија се приклучи на чешката иницијатива за купување на милион парчиња артилериска муниција за Украина од трети земји, соопшти денеска словенечкото Министерство за надворешни работи за агенцијата СТА.Украина треба да ја добие првата пратка муниција во јуни. Според соопштението на министерството, Владата на седницата во четвртокот разговарала за чешката иницијатива, но за словенечката новинска агенција не открила повеќе детали.Прага предложи да се купи муниција за Украина од трети земји, бидејќи на Европската унија и недостасува производствен капацитет за муниција.Според Еурактив, повеќе од 15 земји се подготвени да го финансираат купувањето, а меѓу нив не се само земјите од ЕУ, туку и Канада.

Свет | пред 1 година

policija-slovenija

Филмска акција на апсења во Словенија: Маскирани специјалци упаднаа во основно училиште, и врзаа лисици на наставникот поради дрога

Уапсен наставник во основно училиште во Логатац, Словенија. Како што јави РТВ Словенија, апсењето се случило во рамки на големата акција против шверцот на дрога.Маскирани полицајци упаднале за време на наставата, а директорката на училиштето вели дека немала влијание во начинот на кој било направено апсењето, пишува Јутарњи лист.„Апсењето е извршено разумно и внимателно, наставничката не е уапсена пред учениците“, кусо соопштија од полицијата.

Свет | пред 1 година

loto

Словенија доби уште еден милионер: Лото „седмица“ вредна дури 5 милиони евра

Словенија вечерва доби милионер во неделното лото, добивката изнесува пет милиони евра, а кога ќе плати данок, на среќниот добитник ќе му останат повеќе од четири милиони евра.Добитната комбинација од седум броеви во лото играта (7, 8, 14, 15, 17, 20, 22 и 12) новиот милионер ја уплатил во онлајн казиното на Лотерија Словенија.Целосниот износ на наградата е пет милиони евра, а добитникот е должен да плати загуба од 16 отсто, што е 750.000 евра, на општината каде што има пријавено живеалиште.Тој има рок до 15 декември да ги повлече своите добивки, објави Словенечката лотарија.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања