Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

сонк

22032022_VRSM_32_sednica-1

Средношколците се огласија за штрајкот на професорите: Брзо склучете договор!

Сојузот на средношколци апелира за солидарност со учениците преку брзо склучување на договор меѓу Владата и СОНК. Нивното соопштение Ви го пренесуваме во целост:„Една од клучните заложби на Сојузот на средношколци е борбата за поквалитетно образование. Токму затоа ние бевме единствената организација во државата, која заедно со претставништвото на УНИЦЕФ, се залагавме континуирано за враќање на учениците во клупите било тоа преку комбинирана настава или настава со физичко присуство. Од тие причини, чувствуваме обврска и одговорност да се огласиме по сегашните случувања во образованието.21 април ќе биде деветиот работен ден од прекинувањето на наставниот процес за огромното мнозинство средношколци во Северна Македонија. Ова значи дека учениците веќе имаат пропуштено цели две работни недели од редовниот образовен процес. Потсетуваме дека станува збор за генерација која веќе изгуби цела учебна година со неквалитетна онлајн настава, а дополнително пак и други две недели со продолжувањето на зимскиот распуст. Со ваквата поставеност на работите, средношколците веќе три години се вон нормалниот образовен процес.Уставот е дециден: тој ги гарантира и правото на штрајк и правото на образование. Членот 38 го гарантира правото на штрајк. Во членот 44 се вели: „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови“. Меѓутоа, се наоѓаме во ситуација во која остварувањето на едното право го оневзможува остварувањето на другото. На нашата претходна прес-конференција, ние кажавме дека: „Треба да се поттикнува солидарноста меѓу сите учесници во образовниот процес [бидејќи] поквалитетен образовен систем е во интерес на сите“. Најголемата засегната страна во образованието ја трпи најголемата штета со тоа што е лишена од своето право на образование.Обете страни се одговорни за загубата на наставата во изминативе две недели, односно одговорни да најдат решение во интерес на средношколците. Средношколци, дали некој во земјава воопшто мисли на нас и нашите права и интереси и дали го сослушува нашиот глас? Сојузот на средношколци јавно ги повикува двете страни што побрзо да склучат договор со цел намалување на штетата која единствено ја трпат учениците.Изминативе две недели покажаа дека образовните власти во многу мал број од училиштата организираа вонредно одржување на наставата со цел продолжување на наставата непречено. Ова е особено проблематично за матурантите бидејќи кај многумина од нив има голема шанса да се пробијат државните рокови, кои пак негативно ќе им се одразат на амбициозните матуранти кои сакаат да студираат во странство. На пример, рокот за полагање на проектната задача истекува на 21 април. Затоа потребно е итно решавање на проблемот.За крај, Сојузот на средношколци од почетокот на своето постоење се залага образованието да биде посериозно сфатено во рамките на целото општество. Во тој поглед, ние многупати го истакнуваме фактот дека за 30 години се смениле дури 19 министри за образование и наука. Понатаму, наша клучна заложба е зголемување на буџетот за образованието како дел од бруто домашниот производ, т.е. да се одвојуваат 5% од БДП за образование согласно со европскиот просек. Зголемувањето на буџетот треба да оди во насока на подобрување на инфраструктурата, но и во поголема поддршка за кадарот.Заклучно, го повторуваме нашиот апел за брзо решавање на прашањето меѓу Владата и СОНК преку интензивирање на преговорите за претстојниот период. Бараме Сојузот да биде вклучен во наоѓањето на решенија за надоместување на пропуштениот материјал“.

Македонија | пред 3 години

sonk

„СОНК ги доведува во заблуда штрајкувачите“, вели МТСП

Министерството за труд и социјална политика, во врска со денешната прес конференција на СОНК, ја информира јавноста дека одлуката за организирање на генерален штрајк од страна на СОНК е донесена заради усогласување на Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на деца, со порастот на минималната плата, согласно член 8 од Закон за минимална плата.Во член 8 од Закон за минимална плата е уредено дека, колективните договори се усогласуваат во рок од шест месеци. Тоа што одлуката за организирање на штрајк е донесена пред истекот на рокот, значи дека не станува збор за прекршување на работнички права, туку за барање за унапредување на права од работен однос.Колективниот договор за јавните установи за деца во дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст и во дејноста одмор и рекреација на деца, во член 72 уредува дека правото на штрајк работниците го остваруваат согласно закон.Во ставот 2 од истиот член се вели дека за време на штрајк работодавачот е должен да ум уплатува придонеси и даноци од плата, утврдени со посебните прописи, на минималната основица за плаќање на придонесите. Истото ова е регулирано и во член 240 од Законот за работни односи, а членот 241 дава можност организаторот на штрајкот од свои средства да им обезбеди надоместок на нето плата за време на штрајк на работниците кои учествувале во штрајкот.Од ова на денешната прес конференција на СОНК, произлегува дека со цитирање на членови од Колективен договор кои не содејствуваат со реалната состојба, и кои се однесуваат на услови на штрајк кога се прекршени работнички права и кои не се однесуваат на детската заштита(градинките), СОНК ги става во заблуда штрајкувачите во градинките и образованието.Од тие причини тоа не претставува ниту уцена ниту закана, туку едноставно почитување на законите во државата.Со одлуката за продолжување на штрајкот СОНК повторно ги става личните интереси пред интересите на децата и учениците. Затворените градинки и училишта не носат ништо добро за учениците и децата, ниту за родителите кои не можат да ги згрижат своите деца во градинките.Ги повикуваме СОНК уште еднаш да си ја преиспитаат одлуката и да го почитуваат правото на децата за пристап до образование, како и непречено одвивање на дејноста згрижување и воспитување на децата.Владата, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука покажаа отвореност и подготвеност за решавање на ова прашање, преку конкретни предлози кои истовремено значат трајно и системско решавање на усогласувањето на платите во образованието и предучилишното воспитание и процент на зголемување на платите со ребаланс на буџетот, земајќи ја превид светската економска и енергетска криза. За разлика од СОНК кои не оставија простор за дијалог, напротив покажаа дека немаат слух за состојбата со кризата која е на глобално ниво, а од која не сме поштедени ниту ние како држава.

Македонија | пред 3 години

sonk

Неделков: Додека членовите на СОНК не се произнесат, штрајкот продолжува

СОНК очекува да ги добие денешните заклучоци на Владата а во врска со генералниот штрајк на вработените во детските градинки, основните и средни училишта, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.„Советот на СОНК во текот на утрешниот ден ќе одржи седница на која што детално ќе го проанализираат ставот на Владата и ќе се произнесе по него. Дотогаш, односно додека членовите на СОНК не се произнесат поинаку, штрајкот продолжува“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

skolo-4

Владата ги задолжи МOН и МТСП да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк

Владата на Република Северна Македонија на денешната 40-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за состојбите во основните и средните училишта предизвикана од штрајкот на вработените, а согласно одлуката на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).Со заклучоците по оваа точка Владата го задолжи Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за финансии со ребалансот на Буџетот да предвидат средства за покачување на платите во основното, средното образование и детската заштита во висина од 10%.Владата формираше работна група во која се вклучени заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за образование и наука Јетон Шакири, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, да отпочнат процес за преговори за колективен договор со репрезентативниот синдикат и за методологија за континуиран раст на платите во јавниот сектор.Во заклучоците по оваа точка е вклучено и задолжувањето за Министерството за информатичко општество и администрација да започне процес за подготовка на закон за платите во јавниот сектор.Владата воедно ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да ги преземат сите чекори за одржување настава во основното и средното образование, и згрижувањето на децата во градинките согласно уставно загарантираното право за образование и за предучилишна грижа на децата и согласно законски утврдените одредби за одвивање на настава во услови на штрајк.Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да обезбедат исплата на платите согласно законските одредби во услови на штрајк.Владата ги задолжи Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика да достават информација до Владата за одговорот на СОНК во врска со овие заклучоци, како и да побара писмено известување врз основа на кој правен акт е прекината наставата во основните и средните училишта и врз основа на кој законски акт персоналот на предучилишните установи одбиваат да ги примат децата.Владата ги повикува раководителите на образовните институции, наставниците и воспитувачите во предшколските установи да продолжат со наставата, учениците да се вратат во училиштата, а родителите да продолжат да ги носат децата во градинките.

Македонија | пред 3 години

sonk

„Шести ден од штрајкот веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК“, вели Неделков

Со лична и колективна дискредитација не се доаѓа до решение и запирање на штрајкот во градинките и училиштата, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.„Шести ден од штрајкот на СОНК и веќе отворено почнаа жестоките напади врз штрајкувачите и раководството на СОНК. Обид за лична и колективна дискредитација на раководството на СОНК . Со нарачани текстови по одредени портали се прави обид за стекнување на недоверба кон раководството и обид за прекин на штрајкот. Значи, ако мислите да ги поколебате штрајкувачите и се надевате дека ќе го прекинат штрајкот што е нивна лична одлука, страшно се лажете. Единството е како никогаш досега, оправданоста на барањата, исто така. Значи, џабе ви е.Колективната дискредитација е во правец на обидот од владини функционери да претстават во јавноста дека раководството на СОНК заради лични интереси не ги прифаќа понудените 10 %?! Без ниеден аргумент многу лесно обвинуваат и навредуваат, иако многу јасно неколку пати во текот на преговорите им беше кажано дека сите одлуки што ги носи раководството на СОНК ( Советот на СОНК ), се носат по претходно изјаснување на членовите на СОНК. Така беше и овој пат, што е спорно тука? Според владините претставници требало Советот да донесе ,,разумна,, одлука, игнорирајќи го 95% изјаснување на членството да се каже дека ,, понудата не важи,,. Не благодариме!И конечно, одрдени медиуми и владини претставници, вршат обид за пласирање на тезата дека единствено СОНК е виновникот за штрајкот и прекинот на наставата. И самите не веруваат во тоа, а не па јавноста. Кажуваат дека СОНК уценувал а не кажуваат дека впрочем, тие уценуваат. Барањето на Владате е прво да го прекинеме штрајкот па потоа да преговараме. Ова не е класична уцена?Почитувани, Ве замолувам да прекинете со притисоците што ги вршите врз нашите но и ваши партиски членови. Овојпат разберете ја пораката што ви ја праќаат со непослушност. Овојпат се работи за сопствена егзистенција и враќање на достоинството на професијата што ја застапуваат.И да, зад штрајкот на СОНК стојат 25 000 членови, но и нечленови на СОНК, кои без разлика на синдикална, партиска, верска, национална и било каква припадност, рамо до рамо, заеднички штрајкуваат за социјални и законски права, верувајќи му на раководството на СОНК“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

SDSM-92

Штрајкот се политизира, смета партијата на власт

„Со понудата на Владата платите во образованието се зголемуваат за 31 отсто за четири и пол години, вака штрајкот се политизира. Продолжувањето на штрајкот негативно се одразува врз учениците и воспитно-образовниот процес и децата се држат во неизвесност“, вели СДСМ.Тие додаваат:„Отсуството од наставата веќе извесно ќе доведе до пролонгирање на школската година, негативно ќе влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит на околу 500 наставници.Понудата на Владата предводена од СДСМ е зголемување на платите од 10 отсто или 2.500 денари во просек.Претходно низ партнерски дијалог во три наврати ги зголемивме платите во образованието за вкупно 21 отсто, со што со полсеното покачување платите во образованието и детската заштита ќе пораснат за 31 отсто за период од четири и пол години.Тоа е многу повеќе споредено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога за пет години платите во образованието се зголемија за само четири отсто, а оваа партија потроши стотици милиони еврра на споменици додека бројни училишни објекти и детски градинки се распаѓаа.Затоа ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за платите и условите за работа во образованието и детската заштита.Партијата која со години ги малтретираше и уценуваше наставниците, денес го политизира штрајкот на членовите на СОНК.Интересите на учениците мора да биде на прво место, а штрајкот на СОНК да престане да се политизира.Во најдобар интерес на учениците е тие да се вратат на настава што поскоро а образовниот процес да продолжи да се одвива непречено“.

Македонија | пред 3 години

uchilishte-deca-uchilnica

Влада: Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата ризикот за продолжување на училишната година е извесен

Одбиената понуда за 2500 денари покачување на платата значи дека СОНК ги става личните интереси пред оние на децатаВладата на Република Северна Македонија во преговорите со СОНК понуди зголемување за 10% на платите кои ќе се обезбедат со ребалансот на Буџетот. Тоа значи дека наставниците и воспитувачите би добиле просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања. Воедно и методологијата со која Владата ќе обезбеди континуиран раст на платите, ќе обезбеди трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование.Синдикатот треба да има верба во институциите, бидејќи и претходно низ партнерски дијалог беше постигнато зголемување на платите на наставниците и на вработените во градинките од 21 %. Со ова зголемување платата на наставник/чка во основно образование е порасната за над 3.200 денари плус минат труд и сега е најмалку 24.786 денари. На наставник/чка во средно образование зголемувањето е над 4.300 денари плус минат труд и просечно платата е 25.874 денари. На воспитувачите пак во градинките платата им е зголемена за околу 6.400 денари плус минат труд, додека на негователите за околу 5.000 денари.Дополнително што сметаме дека е исклучително важно кога зборуваме за подобрување на статусот на вработените во образованието, според воспоставената пракса од оваа Влада, во периодот од 2018 година до 13 април годинава на неопределено време се вработени вкупно 2.375 лица, што е половина од вкупната бројка на вработени во градинките која се движи околу 4.600. Меѓу нив има работни места кои се трансформирани од определено на неопределено, но и отворени се нови вработувања. Дополнително во истиот период се обезбедени 416 согласности за унапредување на кадарот.Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат.Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен. Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство.Дополнително, согласно Законот за работни односи и Колективниот договор за основно и средно образование, и за вработените во јавните установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, на вработените кои штрајкуваат ќе им се исплатат само придонесите на платите. Ова произлегува од одлуката на СОНК да организира и одржува генерален штрајк за унапредување на правата на работниците, а во периодот од шест месеци од донесувањето односно зголемувањето на минималната плата. Законската обврска за усогласувањето е шест месеци од донесувањето, односно зголемувањето на минималната плата и Владата, а министерствата и СОНК сѐ уште преговараат во овој законски предвиден рок.Децата и учениците треба да ни се на прво место, затоа нарушувањето на образовниот процес е спротивно на правата загарантирани со Уставот и Законите. Местото на учениците е во училиштата и настава мора да има.

Македонија | пред 3 години

sonk

Власта ги предупредува наставниците: СОНК да се врати на дијалогот, пролонгирање на учебната година не е добро

„Сите мора да се водиме од интересот на учениците. Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено, што е особено важно затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со коронавирусот кога учениците следеа онлајн настава или комбинирана настава“, вели Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.Таа додава:„Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици.Владата предводена од СДСМ како никоја досега претходно покажа вистинска грижа за образованието како клучен сектор во нашето општество.Тоа се гледа и по зголемените плати кои за четири и пол години ги зголемивме од 3.200 до 6.400 денари.Но покрај платите сериозно инвестираме во подобрување на условите за работа на наставниот кадар.За четири и пол години изградивме и реконструиравме над 80 училишта, а за оваа, 2022 година предвидени се над една милијарда денари за капитални проекти во образованието.И оваа година ќе следува раст на платите во образованието, тоа ќе го постигнеме низ дијалог со Синдикатите и сите засегнати страни.Затоа, апелираме СОНК да се врати на дијалогот, наставата да продолжи, ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.Да не дозволиме наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници.Ние како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците“.

Македонија | пред 3 години

sonk

СОНК: „Петти ден од штрајкот на СОНК, успехот е неизбежен“

Петти ден од штрајкот на СОНК. Последен работен ден во неделата, вели Јаким Неделков, претседател на СОНК.„Честитки за сите штрајкувачи кои имаат верба и самодоверба во себе и во СОНК. Овојпат правите нешто посебно за себе, за семејството, за дејноста. На крајот ќе бидете горди и со исправена глава ќе можете да кажете дека - ,,Да, јас дадов придонес за враќање на достоинството на професијата".Успехот е неизбежен“, стои во објавата.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-11.05.50

Преговорите без завршница: Штрајкот продолжува

За жал немаме добри вести за јавноста, штрајкот ќе продолжи и во наредните денови од причина што немаме конкретно ветување дека зголемување на платите ќе биде во висина од некој процент, соопшти претседателот на претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, по денешната рунда преговори во Министерството за образование и наука (МОН).Тој вели дека министерот Јетон Шаќири им нагласил оти зголемување на платите ќе добијат и дека се прават максимални напори да се пренасочат пари од други министерства и на ниво на Влада.

Македонија | пред 3 години

misajlovski09032021

Ја повикуваме власта што поскоро да седнат со СОНК и наместо расипнички да трошат пари, да ги зголемат платите на наставниците, вели Мисајловски

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание, Владо Мисајловски ја повика власта што поскоро да седне на разговори со СОНК, чиишто членови вработени во македонското образование веќе трет ден се во штрајк и да им ги покачи платите наместо расипнички да трошат државни пари, односно милиони евра да даваат за студии кои што завршуваат со обвиненија, мислејќи на случајот со студијата за приватизација на Македонска пошта, за што поранешниот Генерален секретар на Влада, Мухамед Зеќири заврши во притвор.Мисајловски од Ранковце истакна дека наставниците, професорите и СОНК се во право, бидејќи за време на носењето на минималната плата, воопшто не се размислуваше за колективните договори и нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места согласно минималната плата.„Веќе неколку пати го коментираме штрајкот што е најавен од СОНК и кој веќе се случува, но и често пати во Собранието го коментираме како едно од барањата што треба да се направи веднаш. Во право се наставниците, професорите, во право е СОНК. Зошто го велам ова? Бидејќи со носењето на минималната плата воопшто не се размислуваше на колективните договори и да се подобри, односно да се нивелира коефициентот на сложеност на работни места на сите наставници. Ние ова го предложивме како закон и беше одбиено од владата, но наместо власта расипнички да троши пари, милиони евра да даваат за студии кои што гледаме како завршуваат. Ги повикуваме да седнат што поскоро со СОНК и да им се помогне на сите тие луѓе и да се најде решение, односно да се зголемат платите“, рече Мисајловски.Но, додаде Мисајловски, како што гледаме веќе трет ден власта нема слух за нивните барања, како што порано поднесе закон кој што власта го одби, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе поднесе Закон за нивелирање на коефициентот на сложеност на работното место, со кој ќе се дојде до зголемување на платите на просветните работници.„Но, бидејќи гледаме веќе втор ден нема никаков, они што го нарекуваат социјален дијалог, еве ние како пратеници, како пратеничка група веќе еднаш доставивме закон за да се зголемат платите на наставниците и повторно ќе поднесеме Закон за нивелирање на коефициентот, се разбира на сложеност на работни места, но и она што претходно власта го потпишала како колективен договор заеднички. Затоа овие категории на граѓани, оваа фела заслужува повисоки плати и ние како ВМРО-ДПМНЕ ќе им дадеме целосна поддршка. Се надевам дека и сите опозициски партии и СДСМ како владејачка партија и нивната коалиција ќе се издигнат над политичкиот интерес и да им се помогне на сите овие граѓани што протестираат“, нагласи Мисајловски.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-03-28-at-12.01.49

Наставниците да ги стават интересите на децата на прво место, апелира Ковачевски

Ги повикувам наставниците од основните и средните училишта да ги стават интересите на децата на прво место и да се погрижат да не се наруши образовниот процес, вели Ковачевски во својата објава на социјалните мрежи.„Учениците треба да бидат во училиштата, таму каде што припаѓаат. По долгото пандемиско отсуство од клупите, ова е и морална обврска кон вашите професионални задачи како наставници и педагози. Ова е потребно најмногу како поддршка на вашите ученици во еден многу важен дел од нивниот живот.Правото на штрајк е загарантирано право и јас целосно го почитувам. Но социјалниот дијалог е единствениот пат да дојдеме до заеднички решенија. Така постигнавме договор за минималната плата и за пензиите, тој е начинот на кој треба да се реши и овој предизвик.Оваа Влада докажа дека има слух за барањата и не бега од решенија. Докажавме и дека клучен приоритет е токму зголемувањето на платите, па така платите на наставниците кумулативно се покачени за 21% во последните четири години. Но, Владата мора одговорно да го менаџира буџетот и да се грижи за економијата. Нема да добиеме ништо ако ја покачиме инфлацијата, а токму тоа ќе се случи ако се реализираат барањата вака како што се поставени.Затоа, апелирам да не запира процесот на образование и да се продолжи со дијалогот за да се изнајде прифатливо решение. Во време на огромна економска криза апелирам на разум и поддршка за заедничко надминување на проблемите.Законските прописи ги штитат и интересите на учениците, и затоа настава мора да се организира и за време на штрајк. Да не оставаме празнина во образованието на децата, за сѐ има решение, но времето поминато надвор од клупа нема како да се надополни“, вели тој.

Македонија | пред 3 години

IMG_8756

МОН: Прекин на воспитно-образовната работа не смее да има

Министерството за образование и наука ја известува јавноста дека и од понеделник, за кога е најавен штрајкот од страна на раководството на Синдикатот за образование, наука и култура – СОНК, основните и средните училишта ќе продолжат да работат, односно ќе примаат ученици и ќе организираат воспитно – образовен процес.Правната регулатива во оваа област ги штити интересите и на учениците. Согласно законите за основно и средно образование, воспитно-образовната работа мора да се реализира во текот на целата наставна година.Прекин не смее да има, освен во услови на вонредни околности како постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди, за што одлучува Владата и го уредува начинот на организирање и реализирање на наставата до крајот на учебната година.Училишните раководства имаат законска должност да го организираат воспитно – образовниот процес и да овозможат продолжување на континуитетот на следење на настава во училниците, кој беше воспоставен откако по година и половина едукација на учениците во вонредни околности и услови на пандемија, тие повторно се вратија во училишните клупи, каде што впрочем им е местото.

Македонија | пред 3 години

deca-poprecenost

Градинките ќе продолжат да работат и во време на штрајк

Министерството за труд и социјална политика ја известува јавноста и родителите дека сите предучилишни установи ќе продолжат да ја обавуваат својата дејност згрижување и воспитание на децата и во деновите на најавениот штрајк, како и до сега.Во согласност со Конвенцијата за правата на детето, одредбите во Уставот на Македонија и Законот за заштита на децата, неприкосновено право на децата е да им биде пружено згрижување и воспитание во предучилишни установи како облик на заштита на децата.Согласно Законот за заштита на децата, во преучилишните установи за деца, вршењето на дејноста згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст не смее да се прекинува освен за вонредни состојби (природни непогоди, епидемии и друго), за што решава основачот, а по претходна согласност од Министерството за труд и социјална политика, но не и за време на штрајк.По повод најавениот штрајк од страна на СОНК и во предучилишните установи, а кое право е загарантирано право на работниците согласно со Уставот, при остварувањето на правото на штрајк вработените се должни да обезбедат непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.За Министерството за труд и социјална политика, грижата за најмладите, децата е приоритет, а заштитата на нивните права, наша заедничка одговорност.

Македонија | пред 3 години

IMG_4387

КСС ги повика родителите да ги поддржат образовните работници

КСС веќе подолго време укажува на лошата состојба на вработените во јавниот сектор и незадоволството од платите.Своето незадоволство гранските синдикати при КСС го искажаа низ низа различни синдикални активности. Низ годиниве гранските синдикати одржаа низа протести, а последниот протест беше одржан на 30.03.2022 година од повеќе грански синдикати при КССКСС одлучно стои позади барањата на СОНК и со сите свои ресурси и логистика го поддржува генералниот штрајк на СОНК.КСС цврсто застанува и ги поддржува вработените во дејноста образование и дејноста предучилишно згрижување и воспитание на деца и нивните барања за достоинство, праведност и почит кон трудот и да се започне со исплата на плати во согласност со законот и колективните договори.Без заслужената плата, без почитување на веќе стекнатите права кои ги имаат работниците во овие дејности, но и со осиромашени, а и недоволно ценети работници нема да имаме никаков прогрес во образованието на нашите деца, бидејќи ќе се соочиме со сериозен дефицит од овие професии, односно ќе нема која да ги згрижува и образува нашите деца.Затоа ги повикуваме и родителите да искажат силна солидарност спрема вторите родители на нивните деца и одлучно да ги поддржат образовните работници да се изборат за статусот кој го заслужуваат.Браќа и сестри, членови на СОНК,КСС со сите грански синдикати е со Вас и Ве поддржуваме да издржите во овие тешки моменти за Вашата професија.Сите заедно, се разбира на чело со Вас, покажавме дека синдикалното движење сеуште постои и затоа со цела енергија и ресурси, со стремеж за подобар живот и почитуван просветен работник, Ве повикуваме на 11-ти април сите заедно, ние, вие и родителите да го поддржиме генералниот штрајк и да покажеме единство и истрајност за почитување на вашата професија.Со почит и солидарност,Конфедерација на слободни синдикати на Македонија

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања