Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

сонк

Screenshot-2024-09-23-at-17.31.00

Огромно незадоволство на членовите на СОНК, оти платите не им се усогласени на професорите

На ден 21.09.2024 година, Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија – СОНК ја одржа својата 30-та редовна седница, на која главен акцент беше Барањето на СОНК за усогласување на платите во основното и средното образование, за 2024 година. На седницата беа донесени Констатации и Заклучоци, кои се доставени до Министерството за образование и наука и Владата.[caption id="attachment_303865" align="alignnone" width="593"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

IMG_4387

Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот, вели Неделков

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија - СОНК, како најголем синдикат за образование и наука, во кој членуваат над 20 000 просветни работници, се оградува од секаков вид на политички влијанија и дејствија во образованието.“Во период на интензивни преговори за изнаоѓање решение и средства за подигнување на социјалниот статус на вработените во образованието, делувањето на политичките партии и преземањето на улогата на синдикатите, упатува на купување на ситни политички поени и може да има сосема спротивен ефект.Политичките партии имаа и имаат можност да докажат колку се загрижени за просветните работници, а тие знаат тоа најдобро да го оценат.СОНК ќе продолжи да делува со сите расположиви синдикални средства во натамошниот период, се до остварувањето на својата цел.Членовите на СОНК нема да учествуваат на никакви партиски организирани протести и строго ќе внимаваат на мешањето на политиката во синдикатот”, вели претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Македонија | пред 1 година

28042022_PVRSM_Kovacevski_pratenicki-prasanja-1

Ковачевски за платите на наставниците: Ова зголемување е најголемото досега

„Успеавме да постигнеме значаен договор за вработените во образованието и покачување на платите од дури 15%, почнувајќи од септемвриската плата“, вели премиерот Димитар Ковачевски.Тој додава:„Ова зголемување на платите е најголемото досега и заедно со досегашните 21% зголемување е историски најголемата поддршка на вработените во образованието.До пред само 5 години, максималното зголемување на платите беше 4%, без глобални кризи.Сега, во услови на најголема економска и енергетска криза, покрај огромното процентуално зголемување, на вработените во образованието, преку колективните договори ќе им се овозможи и усогласување со минималната плата како и други придобивки. Воедно, ќе се дефинира методологија за континуиран раст на платите со што ќе се заштити стандардот на наставниците и ќе се овозможи континуирано зголемување на плата без потреба од дополнителна владина, институционална или политичка интервенција.Апелирам до СОНК за брзо и целосно прифаќање на договорените условите и одговорност. Да може институциите да продолжат со конкретни активности за спроведување на овој историски раст на платите во образованието“.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-jakim-sonk-jeton-shakiri

Се договрија наставниците со државата, откриен процентот на покачувањето

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, вечерва информира дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот.-Повисоки плати во образованието ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Македонија | пред 3 години

278906856_377045527769199_4717028108165998018_n

Пак се сретнаа, пак не се договорија, но Шаќири дециден: Наредната недела ќе финализираме, ова да е последен штрајк

Министерот за образование, Јетон Шаќири, посочи дека ставовите меѓу СОНК и државата се доближуваат во однос на покачувањето на платите, а договор се очекува на почетокот од наредната недела. Шаќири бара ова да е последен штрајк со прекин на наставата.„Мислам дека на почетокот од наредната недела, понеделник или вторник ќе имаме договор. Се отворија многу дискусии за колективните договори и мислам дека ќе имаме нов колективен договор наредниот период, па ќе имаме за што да продолжиме со преговори. Ставовите се доближуваат, во другиот дел се изнајдуваат решенија. Побарав разбирање од СОНК и наставниците затоа што имавме добра волја за решение. Знаеме во која фаза бевме со буџетот, која фаза сме и каде ќе бидеме за изнајдување на буџет. Не сакам да споменувам процент. Сакам да е ова последен штрајк и прекинат процес на настава. Можеби во наредниот период ќе имаме потреба од други разговори, но да нема прекин на настава“, рече Јетон Шаќири.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-jakim-sonk-jeton-shakiri

Наставниците се договорија со државата дека повторно ќе се сретнат за да преговараат

Денес, во просториите на СОНК, се одржа уште една средба помеѓу СОНК и МОН, во рамките на дополнителниот десет дневен период за помирување.„Тема на оваа средба беа колективните договори за основно и средно образование, а двете страни расправаа по прашања кои треба да бидат составен дел на колективните договори. Исто така, се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува. Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок, 13.05.2022 година, за кога е закажана и следната средба“, објави Јаким Неделков, претседател на СОНК.

Македонија | пред 3 години

mon

Продолжуваат преговорите помеѓу СОНК и Министерството за образование и наука

Денеска продолжуваат преговорите помеѓу Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) за платите на просветните работници, откако во средата не беше постигнат напредок.Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, тогаш рече дека на состанокот биле дискутирани, анализирани и аргументирани сите прашања врз основа на нивните барања.Минатата недела штрајкот на вработените во образованието беше ставен во мирување.Рокот за медијација е десет дена за усогласување на ставовите.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Ако не се покачат платите на наставниците за десет дена, рокот за решение ќе се продолжи за уште десет

На почеток на преговорите сме, што е добар сигнал и продолжуваме каде што сме застанале. За среќа не почнуваме од нула, што би ни одзело многу време и енергија, туку продолжуваме каде што застанавме, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков.Тој потенцира дека имаат рок од десет дена за усогласување на ставовите по однос на медијацијата и ако во текот на тој рок не се постигне договор, тогаш ќе мора да се продолжат преговорите за уште десет дена.„Сакам да бидам оптимист и убеден дека за десет дена ќе најдеме решенија, ако не ќе мора да одиме на уште десет дена. Што ако Владата остане тврда на ставовите дека има толку средства и дека не може да излезе од тие рамки? Тогаш органите на одлучување на СОНК ќе расправаат за тоа што е понудено, да донесат одлука што понатаму. Јасно е дека штрајкот е ставен во мирување, таа одлука треба да се потврди, односно да се отповика или да се активира штрајкот, рече Неделков.

Македонија | пред 3 години

kovacevski-jakim-sonk-jeton-shakiri

„Наставниците уценуваат, учениците се ставени во неизвесност!“, СДСМ со тешки обвинувања

„Уценувачкиот однос и политичката агенда што ја спроведува раководството на СОНК се на штета на учениците и наставниот процес. Децата, учениците се ставени во неизвесност“, вели Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.„Со неколкунеделен прекин на наставата се загрозува иднината на над 16.000 матуранти и нивното натамошно студирање.За штетноста од прекинот на наставата предупредија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ апелирајќи наставниот процес да продолжи.Владата предводена од СДСМ како никоја Влада претходно покажа грижа за вработените во образованието и детската заштита.Преку социјалниот дијалог се дојде до конкретен предлог за зголемување на платите од 12 отсто, како и нов Општ колективен договор и нова методологија за континуиран раст на платите.Сето тоа во време на најголема светска економска криза.Одбивањето да се покачат платите во просек по околу 3.000 денари од страна на раководството на СОНК покажува дека платите на наставниците не се цел туку политичката агенда на опозицијата.Тоа е истата опозиција која овде, во Собранието цела година блокира Закон за поголеми плати на наставниците.Очигледно се избрза со штрајкот свесно иако во законот за минимална плата стои временски период за усогласување на платите од 6 месеци.Правото на штрајк и протест е уставно гарантирано право, но правото на образование е исто така уставно гарантирано, кога овие права доаѓаат во судир, правата на децата се поважни.Никој не смее да ги загрозува правата на децата, институциите имаат обврска да обезбедат продолжување на наставата.Учениците мора да се вратат на настава, за последиците по нивното образование да не станат уште потешки“ додава таа.

Македонија | пред 3 години

278906856_377045527769199_4717028108165998018_n

Министерот за образование нервозен: Се договоривме, но зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие!

Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири излезе со реакција откако СОНК одлучи да продолжи со штрајкот.„Во интерес на учениците и непречен воспитно образовен процес, како и во интерес на наставниците и унапредување на нивниот општествено материјален статус, во текот на вчерашниот ден постигнавме согласност со СОНК , која од претставници на социјалните партнери, а во присуство на највисокото раководство на Европската конфедерација за синдикати за образование, беше соопштена пред целата јавност: 12% повисоки плати во образованието од месец јули, заедничко утврдување на методологија за раст на платите која би се применила од 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор исто така од следната година. Но, зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие. Одлуката на синдикалното раководство денес е променета и тоа на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта. Министерството за образование и наука цени дека премногу настава е изгубена досега и тоа мора да престане. Доволно голем е јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува“, вели Шаќири.Тој додава:„Ги повикуваме директорите на училиштата, како одговорни за организирањето на работата на овие образовни установи, од утре да ги отворат вратите на училиштата и да продолжат да организираат настава согласно законите за основно и средно образование. Имаат надлежности и одговараат за непостапување по истите. Исто така, ги повикуваме и родителите/старателите на учениците од утре да продолжат да ги пуштаат/ носат своите деца на училиште. Тие се најмалку виновни што губат настава поради несериозноста на една организација, но можат многу да помогнат во нормализирањето на состојбите. Да го завршиме ова лошо поглавје од тековната учебна година и да им овозможиме иднина на децата. Многумина од нив ги чекаат уписи во средни училишта или факултети. Многумина одлучиле да се вработат по завршување на средното образование, но неизвесно е доделувањето на дипломите во предвидениот рок. Да не ги уништуваме нивните планови и очекувања. Сите имаме одговорност!“.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

Училиштата затворени, градинките отворени - решение нема, одлука донесена

Продолжува штрајкот во училиштата, додека во градинките ќе биде ставен во мирување и од утре вратите во предучилишните установи ќе бидат отворени, изјави првиот човек на СОНК, Јаким Неделков.Тој по денешната седница истакна дека од 480 синдикални организации во земјава, 388 се за продолжување на штрајкот од утре.„Советот на СОНК одлучи да продолжи штрајкот и утре се’ до наоѓање на заедничко решение со Владата“, рече Неделков.Како што додаде, градинките ќе ги отворат вратите во интерес на родителите, децата и стопанството кое трпи поради неможноста за згрижување на децата.Советот на СОНК одлучил и да организира голем масовен протест во среда на 4 мај.Неделков пoвтори дека жалат за непријатностите со кои се соочуваат родителите и учениците и повика на разбирање.

Македонија | пред 3 години

sonk

Митева: Владата да запре со притисоците кон СОНК и во целост да ги исполни нивните барања

„Продолжуваат притисоците од Владата кон образовниот кадар. Продолжуваат срамните манипулации од СДСМ дека тие инвестирале во образовниот процес. Токму експериментите на СДСМ го урнаа образовниот процес и го нарушија угледот на просветните работници. Во овој момент додека СДСМ вели дека го штити достоинството на образованието Владата пак преводена од СДСМ спроведува најбрутални закани и притисоци кон оние што го користат правото на штрајк. Дополнително, на површина излегува сета политизираност и партизација на Сојузот на синдикати. Димовски како синдикален лидер, за каков што се претставува, застана во одбрана на Владата наместо да ги штити правата на работниците“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Таа додава:„Уцените, притисоците и заканите не и успеаја на власта да го скрши штрајкот на СОНК, па сега преку омилениот синдикалец Дарко Димовски измисли социјален дијалог преку кои се обидуваат да ги измамат наставниците, професорите и воспитувачките.Владата на Ковачевски треба да ги прифати барањата на СОНК, а не да се обидува преку нивниот омилен синдикалец да прави квази договори.Со почитување и усогласување на Колективниот договор платата за наставник приправник од 22.764 денари ќе порасне на 41.256 денари, или од 24.782 денари нето платата ќе изнесува 45.054 денари за наставник. Во средните училишта од сегашните 25.000 денари, платата со усогласување на Колективниот договор ќе изнесува 45.000 денари.Ја повикуваме власта да им излезе во пресрет на барањата на просветните работници кои се во генерален штрајк повеќе од две недели и учениците да се вратат во школските клупи, а професорите и наставниците на нивните работни места“.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-04-25-at-12.39.55

(ВИДЕО) На СОНК и новинарите им се криви зошто испаѓале смешни

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска пред почетокот на прес конференција се скара со медиумите кои беа присутни на настанот. Тој на арогантен тон на претставникот на МИА му рече: „Ќе се прашам дали друг пат ќе бидете поканети“, откако претходно, реагираше зошто вклучувањта во живо се пред да почне прес-конференцијата.Јаким Неделков: „Ве замолив да бидете коренктни и да пуштите лајв кога ние ќе кажеме готово, почнуваме.Медиумскиот работник: „Не, јас кога ќе кажам тогаш ќе почнеме (со лајв)“.Јаким Неделков: Е па друг пат ќе се прашам и дали ќе бидете поканети.Според Неделков, медиумите пуштале во живо додека они влегуваат и разговараат, а подоцна се сечело секвенци (делови од видеото) со што ги правеле смешни пред јавноста.На новинарско прашање зошто смета дека се смешни, Неделков истакна дека нема да одговори и да внимаваат како се однесуваат.

Македонија | пред 3 години

mkd-548103

Извесно дека учениците ќе си останат дома и оваа неделa, штрајкот продолжува: Можам да изразам само надеж

Владата да најде средства и да се договориме во однос на побарувањата на СОНК, се во интерес на учениците, родителите и наставници, вели претседателот на сонк, Јаким Неделков. Тој рече дека „има сигнали“ за продолжување на преговорите. На прес-конференцијата поддршка на СОНК му изрази Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите за образование - ETUCE. Денеска очекува нова средба со преставници на владата.„Можам да изразам само надеж дека до вечер ќе имаме добри резултати, доколку членството позитивно“, рече Неделков и порача дека е мошне извесно дека штрајкот ќе продолжи и утре.На прес-конференцијата на СОНК учество имаше Сусан Флокен, директор на Европската конфедерација на синдикатите за образование - ETUCE, која изрази поддршка на СОНК и најави придружување на лидерот на СОНК во преговорите со министерот за образование.Флокен изрази солидарност со синдикалните барања, рече дека јасно ја изразува поддршката и нагласи дека се потребни поголеми вложувања во образованието во Македонија, како и во наставниот кадар.

Македонија | пред 3 години

sonk

Ковачевски: СОНК треба да биде искрен пред членовите, заедничко решение може да се најде

Заедничко решение може и ќе се најде, потенцираше премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање, но СОНК треба да биде искрен пред членовите дека Владата уште од првиот ден е отворена за преговори и за разговори, исто така кажавме дека разговори не се водат под уцена, туку се водат низ дијалог.„Ние ја покачивме минималната плата и постои законски рок од 6 месеци за усогласување на платите, СОНК без да го отвори дијалогот во рамки на тие 6 месеци го започна штрајкот. Според мене ги доведе до заблуда и наставниците бидејќи кога претседателот на СОНК ги образложуваше членовите од договорот за исплаќање на плата во време на штрајк не беше искрен до крај. Не ги кажа точните членови и не ги кажа до крај сите членови во однос на тие законски решенија, тоа треба да го направи“, истакна премиерот Ковачевски.Ковачевски нагласи дека Владата најави дека ќе разговара со репрезентативниот синдикат во однос на зголемувањето на платите во јавниот сектор и за воведување на нова методологија за зголемување во иднината на платите.„Отвораме процес за изработка на нов закон за плати во државата со кој ќе се отстранат голем број на неконзистентности што постојат во јавниот сектор, како и отворање на процес на реформи бидејќи тој брои повеќе од 132.000 вработени. Тие 132.000 се платени од вработените во приватниот сектор и доколку се покачува платата треба да се испорача и подобра услуга за граѓаните што ги плаќаат вработените во јавниот сектор. Најлесно е да се покачи плата во јавен сектор, синдикатот ќе побара, Владата ќе одобри, но треба да платат даночните обврзници. Но, тие даночни обврзници треба да добијат и повисоко ниво на услуга“, рече премиерот Ковачевски.Премиерот Ковачевски дополни дека низ разговор со репрезентативниот синдикат ќе се бара решение за зголемување на платите во јавниот и ги повика наставниците да се вратат во училиштата.„Наставниците се тие кои го градат човечкиот капитал во државата. Тие претставуваат авангарда и интелигенција во секое општеството. Јас секогаш сум бил на нивната страна затоа и го имаме отворено дијалогот кој е во постојан континуитет, освен тогаш кога СОНК ќе реши да штрајкува без да има завршен дијалог за кој што постојат и законски прописи и рокови, меѓутоа јас сум уверен дека ќе дојдеме до достоинствено и долгорочно решение за вработените во јавниот сектор“, посочи претседателот на Владата Димитар Ковачевски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања