СООБРАЌАЈКА

klinikimajka-tereza

Детето кое беше прегазено во Чаир се уште е на интензивна нега, уапсен возачот кој побегна

Нема нови информации за здравствената состојба на детето кое вчера беше примено на Интензивна нега во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по сообраќајната несреќа што се случи во скопски Чаир.Од МВР потврдија дека несреќата се случила околу 14:50 часот на крстосницата меѓу улиците „Џон Кенеди“, „Максут Садик“ и „Македонска бригада“, кога патничко возило „голф“ со скопски регистарски таблици удрило во дете пешак.Возачот по ударот го напуштил местото на несреќата, оставајќи го возилото зад себе. Полициските екипи кратко потоа го лоцирале во близина и го лишиле од слобода 65-годишниот С.И., осомничен за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик.Повреденото дете било транспортирано со Итна медицинска помош во Клиничкиот центар, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди и го задржале на болничко лекување.По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

brza-pomos-nokje-3

Повредени шест лица во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола

На 28.12.2025 во 20:18 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај с.Тополчани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(39) од Охрид и патничко возило „мерцедес“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(57) од Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Н.С., додека со телесни повреди се здобиле возачот Д.М. и неговите сопатници Н.У.(24), М.Ѓ.(38), Б.Б.(38) и уште еден малолетен сопатник, сите од Охрид, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhavb8m26j12ibtBt71c

Голем застој на обиколницата поради сообраќајна незгода на Качанички пат

Поради сообраќајна незгода на Качанички пат, сообраќајот на скопската обиколница се одвива со големи потешкотии и е во сериозен застој.Според првичните информации, двете коловозни ленти се целосно блокирани, што довело до формирање долги колони возила и значително забавување на сообраќајот.Надлежните служби работат на расчистување на местото на незгодата, а на возачите им се препорачува да користат алтернативни правци и да ја избегнуваат оваа делница сѐ додека не се нормализира сообраќајот.

Скопје | пред 1 месец

media-librarys7om2kqll30h2CYB0o0

Малолетник од Скопје уапсен по судир со „ауди“: управувал возило и ја загрозил безбедноста во сообраќајот

Лишен од слобода малолетник од Скопје, управувајќи возило ја загрозил безбедноста во сообраќајот, следува пријава.На 22.12.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Индира Ганди“ и сервисна улица која ја поврзува со ул.„Вашингтонска“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.А(21) од Скопје.Во незгодата со телесни повреди се здобил Р.А., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, додека по извршениот увид, поради сомнение дека ја загрозил безбедноста во сообраќајот и сторил кривично дело по член 297 од Кривичниот законик, по наредба на јавен обвинител, од слобода е лишен малолетникот. Во присуство на родител и адвокат, со него е извршен службен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Скопје | пред 1 месец

media-librarykpp5e36ae7oleYt7oKI

(Видео) Сообраќајка на авопат близу патарината Петровец

Сообраќајка вечерва се случи на автопат близу патарината Петровец. Засега не е познато каква е состојбата на возачите и патниците, а видливо е дека кај возилата има значителна материјална штета.Поради ова, една од сообраќајните летни е затворена од страна на полицијата и се чека да започне увид. Од спротивната страна, паркирани се неколку возила.Доколку возите на оваа делница, внимавајте бидејќи има и густа магла, а поради тоа, видливоста е слаба.

Македонија | пред 1 месец

media-library6kbs44i686i0eZQVmRj

Пратеникот Јанчев кој имаше сообраќајка во која загина тинејџер доби обвинение: свртел на место каде немал првенство на минување

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Сашко Јанчев, пратеник од партијата Левица, за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, согласно член 300 став 4, во врска со член 297 став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Обвинението се однесува на тешката сообраќајна несреќа што се случи на 14 септември, по полноќ, во скопското село Марино, во која животот го загуби 16-годишниот Матеј Димовски, а неговата 13-годишна сопатничка беше тешко повредена.Според Обвинителството, по спроведена истражна постапка, обезбедени се сите релевантни докази и извршени се соодветни вештачења со кои се утврдени причините за несреќата.Обвинетиот управувал патничко возило „Хјундаи Тусон“, при што не се придржувал до сообраќајните прописи и со своето однесување го загрозил јавниот сообраќај и безбедноста на учесниците.„Осомничениот непрописно свртел со возилото, без претходно да се увери дека маневарот може да го изврши без да ги загрози другите учесници во сообраќајот“, наведува Обвинителството.Во тој момент, во возилото удрил мотоцикл марка „Јијинг“, без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал починатиот 16-годишник. Според официјалните наводи, мотоциклистот немал возачка дозвола, а ниту тој ниту неговата сопатничка не носеле заштитни кациги.Како последица на тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа, малолетниот возач на мотоциклот починал, додека девојчето кое било сопатник се здобило со тешки телесни повреди.Постапката продолжува пред надлежен суд.

Македонија | пред 1 месец

media-library73mg6p7blpa49Vwdkvb

Настрадал пешак во сообраќајќа во Скопје, возачот побегнал

На 11.12.2025 во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на кружен тек од ул.„Борис Сарафов“, ул.„Лука Геров“, ул.„Македонски војски“ и бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ удрило во пешакот Х.М.(34), по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.Во несреќата со телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 1 месец

jancev

Родителите на тинејџерите од сообраќајката во Марино бараат одземање на имунитетот на пратеникот на Левица, Сашко Јанчев

Семејствата на двете малолетни жртви од септемвриската несреќа во Марино испратија официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое бараат да биде покрената постапка за одземање на имунитетот на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев. Тие велат дека се чувствуваат обесправено и дека имаат страв дека неговата политичка функција може да го наруши интегритетот на идниот судски процес.Несреќата се случи на 14 септември 2025 година, кога возило „Хјундаи Тусон“, управувано од Јанчев, се судри со мопед на кој се превезувале 16-годишниот М.Д. и 13-годишната А.Т. Повредите беа тешки за двајцата, а момчето подоцна, на 9 октомври, почина во болница. Девојчето останува на лекување и со сериозни последици од ударот.Во писмото до Собранието, родителите објаснуваат дека обвинение сè уште не е поднесено и дека токму затоа е неопходно пратеникот да не ужива дополнителна заштита која би можела да ја забави или да влијае врз постапката. Според Уставот и Деловникот, секое барање за одземање имунитет мора најпрво да се достави до претседателот на Собранието, а потоа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања одлучува дали ќе го препрати на гласање пред пратениците.По несреќата, на Јанчев му беа одземени пасошот и возачката дозвола како мерки на претпазливост. Од Левица тврдат дека тој не бил под дејство на алкохол и дека мопедот бил нерегистриран, неисправен и управуван од малолетник без дозвола и без кацига, кој се забил во возилото.Родителите, пак, инсистираат дека правдата мора да биде еднаква за сите и дека одземањето на имунитетот е единствен начин да се обезбеди фер постапување на институциите. Случајот продолжува да ја бранува јавноста, која очекува брза и транспарентна реакција од Обвинителството и Собранието.

Скопје | пред 1 месец

media-library28ifr0mh66ngfOZfpK1

(Видео) Сообраќајка на раскрсницата кај „Скендербег“: се судрија мотоцикл и автомобил

Автомобил марка „голф“ и мотоцикл се судрија на раскрсницата кај „Скендербег“. Речиси половина час раскрсницата е делумно блокирана. Состојбата на возачите и патниците засега не е позната.По сообраќајката имало и тензии помеѓу учесниците во сообраќајката. На местото се чека полиција. Кацигата на возачот на моторот е оставена на коловозот.Повеќе информации од МВР.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Судир меѓу три возила во Скопје

На 08.12.2025 во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(32) од Скопје, патничко возило „ауди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од У.Б.(36) с.Жубрино, кичевско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.П.(61) од Скопје, сопатник од возилото „цитроен“, додека со телесни повреди се здобиле возачот У.Б. и сопатничка од возилото „ауди“ Ф.Б.(32) од с.Жубарино, кичевско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Општата болница Кичево. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 1 месец

media-libraryga57ac9t188e9dTEIQd

Сообраќајка во Охрид: Повредена жена по судир со службено возило на МВР

Министерството за внатрешни работи информира дека на 7 декември 2025 година, во 09:40 часот, во СВР Охрид била пријавена сообраќајна несреќа што се случила на крстосницата меѓу улиците „7 Ноември“ и „Васил Главинов“.Во несреќата учествувале патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната Л.Т. од селото Лескоец, и службено возило „шкода јети“ сопственост на МВР, со кое управувал полицискиот службеник Н.И. (26).При судирот, со телесни повреди се здобила Л.Т., а повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.На местото на настанот бил извршен увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Охрид, која работи на утврдување на причините за несреќата.

Охрид | пред 1 месец

media-librarybv3jsb396h9087TQWyZ

Тешка несреќа во Србија: Четири лица загинаа во судир меѓу комбе и градежен валјак

Во тешката сообраќајна несреќа што се случи рано утрово, околу 6:20 часот, на патот меѓу Ириг и Рума во Србија, според првичните информации, загинаа четири лица, а три се повредени. До трагедијата дошло кога патничко комбе од засега неутврдени причини удрило во градежен валјак, пренесува „Телеграф“.Сцените од местото на настанот се морничави. Од силниот удар, комбето буквално се подвлекло под машината и останало целосно згмечено. На терен веднаш биле испратени повеќе екипи на итната помош, пожарникари и полиција.Акција за спасување и увидПожарникарите вложиле големи напори за да ги извлечат загинатите и повредените од уништеното возило. Според неофицијални информации, три лица биле извадени без знаци на живот. Сите повредени веднаш биле пренесени во болница.Полицијата врши увид за да го утврди точниот причинител што довел до оваа тешка несреќа.Сообраќајот е во прекинСообраќајот на овој дел од патот е целосно запрен за сите возила. На возачите им се препорачува до понатамошно известување да користат алтернативни правци.

Свет | пред 2 месеци

media-libraryvqvfpb8rh0vk7Pb1uNB

(Видео) Уште еден пешак удрен кај „Јосип Броз-Тито“

Уште еден човек вечерва беше удрен на пешачкиот премин кај гимназијата „Јосип Броз-Тито“. На социјалните мрежи се појави снимка направена веднаш по несреќата, на која се гледа повредениот маж како седи на коловозот, додека минувачи се обидуваат да му помогнат и да го смирaт до пристигнување на медицинските екипи.Од Министерството за внатрешни работи засега нема официјални информации ниту за причините на несреќата, ниту за здравствената состојба на повредениот.Инцидентот се случува неполн месец по претходната несреќа на истото место, кога возач на теренско возило прегази жена и избегa од локацијата. Тој беше уапсен неколку часа подоцна, на пат кон Средно Водно.Жителите на Центар и околните училишта со години предупредуваат дека преминот е небезбеден, особено во вечерни часови, барајќи трајно решение што ќе спречи нови трагедии.

Скопје | пред 2 месеци

alek-radulovic

(Видео) Судски пресврт по 4,5 години судење: Судот констатира судир на интереси кај вештакот во случајот на загинатиот Алек

Мирјана Радуловиќ, мајка на трагично загинатиот 17-годишен Алек Радуловиќ, за „Скопје1“ сведочи за долгата и болна судска одисеја што трае веќе четири и пол години, а сè уште нема првостепена пресуда. Нејзиниот син загина кога возач на автомобил му го пресекол патот, по што тој со мопедот починал на самото место.Според неа, најтешкиот дел од процесот бил моментот кога Судот во декември 2024 година решил предметот да го испрати на супервештачење. Тогаш, Радуловиќ добила сознанија кои, вели, предизвикале сериозни сомнежи за неговата веродостојност.Обвинувања за незаконски контакти меѓу одбраната и вештацитеРадуловиќ објаснува дека постоело основано сомнение оти адвокатот на одбраната имал недозволени контакти со супервештаците што го работеле вештачењето.„Како родител кој бара правда за своето дете, јавно укажав дека постои сомнеж во стручноста и независноста на супервештачењето. Кратко по мојата реакција, носителот на вештачењето, Јане Илијоски од Секторот за сообраќај во Град Скопје, доби дисциплинска постапка и беше суспендиран“, изјави Радуловиќ.Вештакот на суд молчел за суспензијатаНа рочиштето од 29 септември, Илијоски тврдеше дека Алек се движел со 70,2 km/h, но, како што вели мајката, се повикувал на низа претпоставки. Кога судот ѝ дозволил да поставува прашања, таа го запрашала и за неговата суспензија.„Прво избегнуваше да одговори, но по инсистирање призна дека е суспендиран поради медиумската изложеност. Судот го укори затоа што не го пријавил овој клучен податок“, вели Радуловиќ.Две недели подоцна таа добила тужба од Илијоски за наводна навреда по гостувањето во „Претрес со Ландов“.Гостувањето изгледајте го тука:Официјалните документи: вештакот навистина бил суспендиранНа последното рочиште, според неа, Обвинителството доставило официјални документи од Град Скопје и Агенцијата за администрација, со кои се потврдува суспензијата на вештакот. Одбраната на обвинетиот побарала одложување, тврдејќи дека доказите биле прибавени „нелегално“, но судот го одбил барањето.Напротив, според Радуловиќ, судот констатирал дека:вештакот е суспендиран,пред судот прикрил важни информации,против мајката води граѓанска постапка,што го прави необјективен и во судир на интереси.Поради тоа, судот реши да го отфрли супервештачењето на Илијоски, Леонардо Славески и Орце Доневски.„Не барам ништо повеќе од правда за Алек“„Како мајка која го изгуби своето дете, давам збор дека нема да застанам додека не се утврди објективната вистина. Овој процес трае предолго — 4,5 години. Секој што работи на случајот има должност да постапува чесно, транспарентно и професионално“, изјави Радуловиќ.Таа апелира и до Техничкиот факултет во Битола, кој ќе го изработи новото супервештачење:„Очекувам да постапат независно, стручнo и без никакви влијанија. Од нивната професионалност зависи дали конечно ќе се доближиме до вистината и правдата која ја чекаме предолго.“

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryunlsjruv1a0r9ARI9GJ

Тешка сообраќајка на патот Струга-Дебар: Патничка од автобусот е со тешки повреди

Вчера во 11:20 часот, на регионалниот пат Струга- Дебар, во близина на Струга, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила патничка од автобусот Ф.А.(58) од Лабуништа, констатирани во Медицинскиот центар Струга.По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Струга.

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања