„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СООБРАЌАЈКА

IMG_5168

Две сообраќајки за едно деноноќие – повредени седум лица во Велес и кај Неготино

Седум лица, меѓу кои и малолетничка, се повредени во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле на вчера на подрачјата на Велес и Неготино.Првата несреќа била пријавена околу 23 часот во СВР Велес. На улицата „Вардарска“ во Велес, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.Б. (21) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, а телесни повреди добиле тројца сопатници: А.Д. (20), Ш.Р. (19) и една малолетна девојка, сите од Велес. Повредите биле констатирани во Општата болница Велес, а увид извршила екипа од СВР Велес.Истотиот ден, утрото во 09:30 часот, во ОВР Неготино била пријавена уште една несреќа. На автопатот Неготино–Демир Капија, патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Т.П. (56) од Србија, излетало надвор од коловозот. Сопатникот Д.П. (61) се здобил со тешки телесни повреди, а возачот и 17-годишен сопатник добиле телесни повреди. Повредените се хоспитализирани во Општата болница Кавадарци. Увид извршила екипа од ОВР Неготино.Полицијата презема мерки за утврдување на причините за двете сообраќајни несреќи.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-41-7350PM

Пешак загина во сообраќајка во Охрид – двајца млади пријавени, возачот бил без дозвола

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.С. (22) од Прилеп, со престој во Охрид, и К.М. (19) од селото Лескоец, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.Несреќата се случила на 19 јуни 2025 година, кога К.М., иако знаел дека И.С. нема возачка дозвола, му дозволил да управува со неговото возило марка „Голф“. При движење по охридските улици, И.С. удрил двајца пешаци. Едно од лицата им подлегнало на повредите, додека второто е хоспитализирано.По преземените мерки, на двајцата осомничени им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Истражните органи продолжуваат со постапката за целосно расветлување на случајот.

Македонија | пред 8 месеци

Screenshot-2025-04-28-at-12.04.51

(Видео) Несреќа во Аеродром: Автомобил се преврте на раскрсница, минувачи го вадеа возачот

Тешка сообраќајка утрово се случи во Аеродром, каде автомобил се преврте на раскрсницата помеѓу булеварите „Видое Смилевски Бато“ и „Србија“. На местото, случајни минувачи им помагале на лицата во возилото.  Според фотографиите и видеата може да се види дека во сообраќајката учествувале две возила, од кои едното марка „опел“ е превртено на страната каде што е возачкото место.Засега нема информации за повредени лица и за причините за сообраќајката.Инаку, пред две недели во близина на оваа крстосница, на булеварот „Јане Сандански“, се случи сообраќајка во која беше повредено едно лице.

Скопје | пред 10 месеци

soobrakajka-avtopat

(Видео) Тешка несреќа на обиколницата близу Волково: автомобил превртен, полицијата на терен

Тешка сообраќајна несреќа се случи на обиколницата Волково спрема Сарај, ова утро. Автомобил „БМВ“ е превртен и целосно уништен.Засега не е позната состојбата на лицата кои биле во него, односно лицето кое го управувало.Местото го обезбедува полицијата.

Скопје | пред 10 месеци

Screenshot-2025-03-07-at-15.34.14

(Видео) Две лица загинаа, тешка сообраќајка на патот Штип-Кочани - едното возило се запалило

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи денес на експресниот пат Штип – Кочани, во близината на селото Тркање, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу две патнички возила, марка „пежо 3008“ и „фолксваген УП“. Едното од возилата по сообраќајката се запали, при што интервенираше кочанската пожарна единица за да го изгасне огнот. Едното лице од починатите е од Кочани, додека другото, кое е дистрибутивен работник од Скопје, е изгорен од огнените јазли.На местото на несреќата интервенираа Итната медицинска помош од Кочани, ТППЕ – Кочани, како и полицијата. Сообраќајот е во прекин, а возилата се пренасочуваат по споредни патишта.Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 07.03.2025 година, околу 14:00 часот, во СВР Штип била пријавена сообраќајната незгода. Според изјавите, двата возачи починале на местото на несреќата, а увидот е во тек. Оваа трагична несреќа потсетува на важноста на внимателното управување со возилата и почитувањето на сообраќајните правила.

Македонија | пред 11 месец

Нема фотографија

Тешка сообраќајка кај Прилеп синоќа - загинат 75 годишен жител на Беровци

Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп – Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп.Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички.Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, кој направи увид на местото на несреќата, тешката сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 20 часот.– Пешакот се движел на коловозот и на средината од коловозната лента бил удрен од товарното возило. Службата на итната медицинска помош само констатирала смрт.Сѐ уште не се познати причините за несреќата. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта на 75-годишниот жител на селото Беровци, рече Биноски. Увид направи прилепската полиција.Синоќа патниот правец Прилеп – Битола беше затворен, а сообраќајот се пренасочуваше по „стариот пат“. Изутрината е нормализиран сообраќајот на оваа делница.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-26-at-09.01.25

(Видео) Несреќа на скопската Обиколница

Утрово несреќа на скопската Обиколница.Според првичните информации возило со германски таблици се излизгало на патот. Нема информации за возачот.Детали подоцна од МВР.

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2025-02-25-at-11.18.49

Синот на прегазениот пешак: Возачот избегал, го управувал возилото без дозвола

Синот на повредениот 52-годишен скопјанец во кого удри „волво“, вели дека по несреќата, возачот избегал сосе возило. „Скопје1“ побара детали од МВР, од каде ни посочија дека ќе достават информација кој го управувал возилото и дали има возачка дозвола. Од извори во истрагата дознаваме дека полицијата има траги кои ги следи поврзани со избеганиот возач.„Ова се случи вчера околу 23.30 часот каде што беше прегазен татко ми, пешак, па пренесен во државна болница. Без жал, ниту застанал, ниту ништо. Избегал и го управувал возилото без возачка дозвола. Ова нема крај, ќе изгинеме како ништо во државава“, пишува синот на пешакот под објавата на „Скопје1“.Инфорацијата дека возачот немал возачка дозвола, остана непотврдена од институциите.Пешакот по укажаната помош во болница, изутринава бил пуштен на домашно лекување. Тој, според неговиот син, има набиеници на телото и трауми од вчерашната сообраќајка.Инаку, според информациите од МВР, возачот управувал возило „волво“ со кое удрил во семафор, па во пешакот.

Скопје | пред 1 година

nesrekja

(Видео) Сообраќајка на Партизанска: Делови од автомобил распрскани по булеварот, автомобил извртен од силината на ударот

Сообраќајна несреќа се случи вечерва после мостот „Обединети нации“ во правец Влае кон Карпош 4. Едно од возилата е со сериозни оштетувања и распрскани делови низ булеварот „Партизански одреди“, но засега нема информација за состојбата на патниците.Евидентно е дека станува збор за судир меѓу два автомобили. Од силината на ударот, едното од возилата се свртело во насока на спротивниот правец на движење.Местото се обезбедува од полицајци, кои вршат и увид.Детали се очекуваат во текот на утрешниот ден.

Скопје | пред 1 година

IMG_9717

Загина Живко Пејковски, поранешен пратеник и директор на затворот „Идризово“

Во сообраќајна несреќа на 61 годишна возраст загина Живко Пејковски, поранешен пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен директор на затворот „Идризово“.МВР објави: На местото викано Чагор се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(34) и патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(61), а во сопственост на  Агенцијата за храна и ветеринарство, инаку и двајцата од Демир Хисар. Во несреќата на местото на настанот починал Ж.П., а лекар од Итната медицинска помош од Демир Хисар констатирал смрт.По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. Веста за неговата смрт беше објавена на социјалните мрежи, каде што блиските и пријателите се простуваат од него, а објавата ја сподели општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Демир Хисар.

Македонија | пред 1 година

img-326182

Сообраќајка на Партизанска, апел до возачите да бидат внимателни

Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје, известува дека на булеварот Партизански Одреди, во насока на движење од улицата Шекспирова кон крстосницата со булеварот 8ми Септември, во близина на Хотел Карпош, пред малку се случи сообраќајна незгода.ЦУКС апелира до сите возачи да бидат внимателни ако се приближуваат кон овој потег и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот

Скопје | пред 1 година

Screenshot-2024-01-10-at-17.57.21

Тешка сообраќајка во Аеродром: Возило со голема брзина удрило во сообраќаен знак

Тешка сообраќајка се случи утрово кај крстот во Аеродром. Возило БМВ со голема брзина удрило во сообраќаен знак на крстосницата.Засега нема информации за повредени лица.Повеќе информации очекуваме во текот на денот.

Скопје | пред 1 година

images-1

Несреќа во близина на Стража го блокираше сообраќајот, во прекин и возењето на патот Штип-Кочани поради сообраќајка

Поради несреќа на патот Гостивар-Стража, сообраќајот е во прекин, а исто така прекин има и на патот Штип-Кочани.Нема информации дали во близина на Стажа има повредени лица. Несреќата се случи утрово (09:30), се судрија три возила, поради што, лентите се непроодни. Несреќата е кај раскрсницата за исклучување кон Маврово.Од 07:40 ч. сообраќајот на експресниот пат Штип – Кочани е исто така во прекин поради случена сообраќајна незгода.

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-06-4870PM

Четири возила се судрија кај Железничка станица

Утрово четири возила се судрија кај Железничката станица во центарот на Скопје.Околу осум часот на раскрсницата на булевар „Кочо Рацин“ со булеварот „Кузман Јосифовски Питу“,  пријавена е сообраќајна незгода помеѓу четири возила.Полицијата во моментов врши увид. Нема пријавено повредени лица.

Скопје | пред 1 година

Soobrakjajka-Kacanicki-1

ЦУК: Сообраќајна несреќа во кичевско, нема регистрирани повредени

На Единствениот број 112 во Центарот за управување со кризи e добиен специфичен повик повик до Сектор за операции и координации во кој автоматска секретарка на мобилен телефон соопштува координати, каде што најверојатно се случила сообраќајна незгода, што кореспондираат на локација близу бензинска пумпа на „Макпетрол“, на бул. „Илинден“, Кичево.Веднаш од ЦУК е направен е обид за контакт со лицето што првично беше неуспешен – не беше остварена паралелно со Полицијата е остварена координативна соработка. За кратко време, од лице место, лицето сопственик на телефонот се јавило во ЦУК и од него била и повторно потврдена сообрќајната незгода и е информирано дека веќе и екипата на полицијата од ОЦ СВР Охрид, е на местото на настанот.Во сообраќајната незгода немало регистрирани повредени.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања