Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

сообраќајка

motor-18-

Во четири града, четири сообраќајќи со мотори, најтешко е повреден пешак во Куманово

Црн ден за моторџиите низ државата. Во текот на 21 септември се случија четири сообраќајни несреќи во кои беа вклучени мотоцикли, при што повеќе лица се здобија со тешки телесни повреди.Во Охрид, на улицата „7 Ноември“, 18-годишен возач на мопед „априлија“ од селото Лескоец е тешко повреден при судир со патничко возило „рено“.На 21.09.2025 во 21:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на  улицата „7 Ноември“ во Охрид, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(69) од Охрид и мопед „априлија“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Н.З.(18) од охридското село Лескоец. Н.З. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.Во Свети Николе, на крстосницата од улиците „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“, 33-годишен мотоциклист од Скопје е тешко повреден во судир со возило „пежо“.На 21.09.2025  во 14:40 часот во Полициската станица Свети Николе е пријавено дека на крстосницата од ул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(33) од Скопје и патничко возило „пежо“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 50-годишната Е.Ѓ. од Свети Николе. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе.Во Куманово, на булевар „Трета македонска ударна бригада“, мотоцикл „бмв“ со швајцарски ознаки удрил во 74-годишен пешак кој се здобил со тешки повреди. Повредени се и возачот на моторот и неговата сопатничка.-На 21.09.2025 во 20:35 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово мотоцикл „бмв“ со швајцарски  национални ознаки, управуван од З.Б.(48) од Куманово, удрил во пешакот М.Д.(74) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Со телесни повреди се здобиле З.Б. и неговата 36-годишна сопатничка Л.Д. од Украина. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.Во Битола, на крстосницата од улиците „Филип Втори Македонски“ и „Наум Наумовски Борче“, мотоцикл удрил во патничко возило „сеат“. Тешки повреди добила 50-годишна жена сопатничка на моторот, а полесно е повреден и возачот.На 21.09.2025 во 14:58 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Г.(44) од Битола и мотоцикл управуван од С.А.(22) од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 50-годишната С.А. од Битола, која се превезувала на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката  болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2024-12-05-at-15.57.12

Сообраќајка кај Ногаевци – повредени две лица, патот Велес–Градско беше затворен

Утринава околу 06:00 часот на регионалниот пат Велес–Градско, на околу 100 метри по селото Ногаевци, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила – „голф“ и „форд“ – и трактор без регистарски ознаки.Во несреќата повредени се возачот на тракторот и сопатник од „голфот“, кои веднаш биле пренесени во Општата болница во Велес за укажување лекарска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа на СВР Велес. Поради увидот, патниот сообраќај на оваа делница беше во прекин од 06:25 до 08:20 часот, информираа од Министерството за внатрешни работи.

Македонија | пред 3 месеци

media-library3l875adej8mh1XKrM26

(Видео) Несреќа кај кулите „Џевахир“ – распрскано стакло и делови од автомобилите на коловозот

Сообраќајна несреќа се случи близу кулите „Џевахир“. Засега е познато дека двете возила имаат материјална штета, но не и детали за состојбата на патниците.На местото има распрсканос такло и делови од автомобилите, што укажува дека ударот бил силен.Полицијата го регулира сообраќајот и се чека увид.

Скопје | пред 3 месеци

policija-2457

По сообраќајка, бил и натепан на Бит Пазар - полицијата расчистува уште едно насилство

МВР информира дека 23-годишен жител на скопското село Танушевци пријавил физички напад на подрачјето на Бит Пазар.Според пријавата, на 18 септември околу 20:30 часот, по претходно случена сообраќајна незгода, тој бил нападнат од едно лице, кое во нападот употребило и остар предмет.Случајот е пријавен истиот ден во 23:30 часот во СВР Скопје, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.

Скопје | пред 3 месеци

motor-soobrakajka

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на Југо на пешачка патека, возачот кој немал возачка ќе прави вештачење

Не се одржа првото рочиште за смртоносното прегазување на скопјанецот Југо, на пешачка патека. Според неофицијални информации, адвокатите на возачот Фатон Љ., кој го прегази и избега, ќе правеле нивно вештачење за причините за несреќата и усмртувањето.За тоа време, возачот Фатон останува во притвор. Следното рочиште е закажано за 10 октомври, на кое, ако се одржи, возачот ќе треба да се изјасни дали се чувствува виновен. Доколку признае вина, без да се изведуваат докази, ќе се изрече пресуда. Во спротивно, низ повеќе рочишта ќе се презентира доказниот материјал и ќе се сослушаат сведоците.Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против возачот за тешки кривични дела во сообраќајот.Според обвинението, лицето управувало мотор „Кавасаки“ по пешачката патека на улицата „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, и тоа без да поседува возачка дозвола. Иако моторот се движел со брзина од 35 километри на час, надлежните утврдиле дека тоа е небезбедна брзина за условите – пешачка зона на која не смее да се вози моторно возило.Обвинетиот не успеал да го запре моторот навреме и удрил во 67-годишниот пешак Југослав Николовски. При ударот, повреден бил и сопатникот на моторот. Наместо да им помогне, обвинетиот го оставил моторот и избегал од местото на несреќата.Николовски со тешки повреди бил пренесен на Ургентниот центар, каде подоцна починал. Сопатникот на моторот се здобил со полесни повреди.Обвинетиот се товари за две кривични дела:Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, иНеукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.Обвинителството посочува дека во текот на истрагата се обезбедени доволно докази кои го потврдуваат обвинението.

Македонија | пред 4 месеци

motor

Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа кај Гевгелија

Мотоциклист од Гевгелија (37) загина откако со својот „кавасаки“ излетал од патот кај селото Богородица. Со тешки повреди бил пренесен во болница, каде починал.На 14.09.2025 околу 18:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на локалниот пат од с.Богородица, гевгелиско, кон регионалниот пат 1109, 37-годишниот С.Ф. од Гевгелија, управувајќи мотоцикл „кавасаки“ со гевгелиски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и пренесен е во Општа болница Гевгелија, каде што во 19:22 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа на ОВР Гевгелија.

Македонија | пред 4 месеци

1000018679

(Фото) Приведен пратеникот Јанчев од Левица по сообраќајка во Илинден: повредени се малолетници, но и тој со сопатникот

Ноќеска, еден час по полноќ, во селото Марино, општина Илинден, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Хјундаи Тусон“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од пратеникот на Левица, Сашко Јанчев (36) од Гевгелија, и мопед управуван од 16-годишник од село Идризово.Според МВР, во несреќата тешко повредени се малолетниот возач и неговата 13-годишна сопатничка од населбата Илинден. Тие се пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Телесни повреди добиле и возачот Јанчев, како и неговиот сопатник Х.М. (25) од Вевчани, кои биле прегледани во ГОБ „Св. Наум Охридски“.„Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а околу 04:00 часот по наредба на јавен обвинител, возачот С.Ј. е лишен од слобода и приведен во полициска станица поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на безбедноста на сообраќајот“ по член 297 и „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ по член 300 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.Од Левица остро реагираа на, како што ги нарекоа, „дезинформациите пласирани од куртонски медиуми“. Партијата тврди дека несреќата се случила поради удар на нерегистриран и неисправен моторцикл, управуван од малолетник без возачка дозвола и без заштитна кацига.„Пратеникот Јанчев управувал совесно, со пропишана брзина и со вклучен жмигавец за вртење десно. Несреќата се случила за миг и практично не можела да се избегне. Јанчев веднаш повикал полиција и Брза помош, која пристигнала по околу 40 минути“, наведуваат од Левица.Од таму додаваат дека пратеникот и неговиот сопатник се здобиле со повреди, но посочуваат дека најтешко повреден останува малолетниот возач на моторциклот, кому му посакуваат закрепнување.„Стоиме на располагање за секаква помош и апелираме младите да бидат одговорни учесници во сообраќајот. Очекуваме институциите да ја завршат својата работа чесно и професионално, без притисоци и политички конструкции“, соопштија од партијата.Левица најави дека ќе чека на официјалното вештачење и заклучоци од истрагата на Обвинителството и ќе продолжи транспарентно да ја информира јавноста.

Скопје | пред 4 месеци

D0D1C6E2-B7E4-41EB-8715-8C735918ECFD_1_105_c

МВР со детали за трагедијата на патот Штип-Радовиш, потврдија дека три лица загинале

МВР информира за денешната трагична сообраќајна несреќа на патот Штип-Радовиш, при што наведува дека загинале три лица.Денеска (12.09.2025) во 08.13 часот во СВР Штип е пријавено дека на експресниот пат Штип-Радовиш, кај мостот на Балталиска река во близина на с.Лакавица, штипско, товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Струмица, а управувано од М.Д.(35) од с.Иловица, струмичко, излетало од мостот. Од екипа на итна медицинска помош, кај три машки лица е констатирана смрт, додека возачот и уште едно машко лице со повреди се пренесени во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош. Увидот е во тек.

Македонија | пред 4 месеци

IMG_5168

Трагична сообраќајка со жртви на експресниот пат Штип – Радовиш, загинаа работници!

Трагична сообраќајна несреќа со жртви се случила утринава на експресниот пат Штип – Радовиш, кај мостот на Балатилиска Река. Комбе што превезувало работници излетало од коловозот, при што, според првичните информации, има загинати и повредени.На местото на несреќата интервенираат екипи на Итната медицинска помош со две возила, пожарникари од ТППЕ-Штип и полициски службеници од Полициската станица во Штип.Министерството за внатрешни работи најави дека во текот на денот ќе излезе со повеќе информации за причините и последиците од оваа трагедија.

Македонија | пред 4 месеци

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-43-7060PM

Повторно настрада пешак: Жена е тешко повредена додека автомобил влегувал во катна гаража

Жена од Прилеп тешко повредена откако во неа удрил автомобил при влез во катна гаража.-На 09.09.2025 во 10:40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп, при влез за катна гаража, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Ј.Д. од с.Дрен, прилепско, удрило во 71-годишната Н.Г. oд Прилеп.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.Г., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп, се наведува во соопштението.

Македонија | пред 4 месеци

mavr1

МВР со детали за сообраќајката кај Маврово, тешко повредени се млади луѓе

На 08.09.2025 во 15:50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Мавровска крстосница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од И.З.(22) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(22) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ управуван од Ј.Д.(34) од Скопје, мотоцикл „сузуки“ управуван од М.Т.(23) од Скопје, мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(18) од Скопје, патничко возило „голф“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ш.Ј.(25) од Струга, патничко возило „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.Г.(49) од Република Турција, патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, управувано од И.К.(34) од с.Форино, гостиварско и патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(41) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистите Д.П.,И.З.,П.Б. и М.Т., а со телесни повреди се здобил мотоциклистот Ј.Д. и возачот И.К.., констатирани во Општа болница Гостивар и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 4 месеци

mavr1

(Видео) Први снимки од страшната сообраќајка кај клучката Маврово, се судрија дури осум возила, петмина се повредени

Попладнево на магистралниот пат од Мавровската крстосница кон Гостивар се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале вкупно осум возила – четири мотоцикли и четири автомобили.Според првичните информации од полицијата, во несреќата се повредени најмалку пет лица. Настанот бил пријавен во ОВР Гостивар нешто пред 16 часот, во услови на засилен сообраќај поради празничниот ден.Поради увидот што е во тек, сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат. Возилата се пренасочуваат по алтернативни правци – преку каменоломот „Прогрес“ и преку месноста Панорама кај Вруток.Засега не се соопштени детали за состојбата на повредените лица, ниту причините за несреќата. Од полицијата апелираат возачите да ги следат насоките на службените лица и да бидат внимателни во сообраќајот.

Македонија | пред 4 месеци

0BD6D5C7-09E3-4D7C-9ECA-726723107B72_1_105_c

Прекинат сообраќајот на патот Мавровска крстосница-Гостивар поради сообраќајна несреќа, возилата се пренасочуваат по споредните патишта

Денеска (08.09.2025) во ОВР Гостивар во 15:56 часот пријавена е сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.До сега се пријавени пет повредени лица. Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток).

Македонија | пред 4 месеци

teodora

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“

Ева Ристовска, сестрата на трагично загинатата Теодора од Тетово, остро реагираше по денешната судска пресуда, каде што лицето кое ја нападна скопската градоначалничка Данела Арсовска, доби идентична казна – две години затвор, исто како и Менсур Пајазити, возачот кој ја усмрти Теодора на пешачки премин.„Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор? Каде е правдата? Судство, правда или корупција – срам да ви е! Со вакви судии немаме ни суд, ни правда“, напиша Ристовска.Теодора беше усмртена на пешачки премин во Тетово, а нејзиното семејство веќе подолго време апелира дека правдата е недостижна и дека казната за возачот е понижувачка и неправедна.

Коментари | пред 4 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-40-8410PM

Малолетник тешко повреден: направил сообраќајка во Охрид

Ноќеска околу 03:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа.Според информациите, 15-годишен малолетник од Канада со престој во селото Долно Лакочереј, управувајќи мопед „Априлија“ со охридски регистарски таблички, удрил во лисица и паднал на коловозот.Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Охрид | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања