(Фото) Страотен судар на туристички автобус и камион во близина на Хургада, загинати и повредени странски државјани
Во сообраќајна несреќа што рано утрово се случи во близина на египетскиот град Рас Гариб, во регионот на Хургада, загинаа две лица, а 36 се повредени, соопштија египетските власти. Судирот се случил меѓу туристички автобус и камион на делницата што го поврзува туристичкиот центар со главниот град Каиро.Според првичните информации, меѓу загинатите е возачот на автобусот на локална туристичка компанија, како и уште едно лице. Во несреќата има и повеќе тешко повредени, меѓу кои и странски државјани
Свет | пред 10 месеци