Спасовски: Со неуставна интепелација Власта го руши уставниот поредок
Со кршење на уставот и неуставна интепелација парламентарното мнозинство го руши уставниот поредок. Тоа е удар за правосудниот систем и напад на владеењето на правото, рече пратеникот на СДСМ и координатор на пратеничката група, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за интерепелација на членовите на Судскиот совет.Овде се повикувате на реформи во правосудниот систем, кој што се потребни во државата , кои се потребни да се врати довербата во судството, и наместо реформа се започнува со операционализацијата на една неуставна интерпелација, додаде тој.-Зошто е неуставна? Затоа што, член 68 ст1 алинеја 15 од Уставот предвидува интерпелација на оние кои одговараат пред Собранието, Владата, поедини членови на владата и др. носители на јавни функции кои се одговорни пред Собранието. На членовите на Судскиот совет одговорност може да утврдува само Судскиот совет, бидејќи тој е уставна категорија и претставува самостојно и независно тело во судството. Затоа поднесените интерпелации како механизам за политичка контрола на Собранието над субјектите од горе цитираниот член е преседан и недозволен акт во една демократска држава, упад во судството, кој ја руши темелната вредност на уставниот поредок на поделба на државната власт, во член 8 ст1 алинеја 4 од Уставот. И повреда на основното начело на еднаквост на членовите на Сускиот совет, создавајќи дискриминација помеѓу членовите, рече Спасовски.Понатаму, потенцираше Спасовски, Уставот со членовите 104 и 105 го регулира статусот, составот, мандатот на членовите, условите и постапката за избор и разрешување на членовите и надлежностите на Судскиот совет.-Поконкретно разработени во законот за Судскиот совет како lex specialis и е гаранција за независноста и непристрасноста на судската власт во однос на законодавната и извршната власт, но и во однос на политичките партии, органите на државната управа и на другите др институции. Затоа поднесената интерпелација е антипод на ваквата интенција која што е предвидена со Уставот, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски.Поради овие причини Спасовски најави дека пратеничката група на СДСМ нема да учествува во понатамошната расправа на собраниската седница.
Македонија | пред 10 месеци