СПАСОВСКИ

asevski-kovacevski-osmani-pendarovski

Тасевски до Пендаровски, Ковачевски и Спасовски: Не се осеќате навредено што Курти ви организира приватна журка на која се негира државата

Горам од желба да знам ти Пендаровски, ти Таче и ти Обиџуко, а бе како се осеќате у дубини душе кога го јадете Курти со картата на Голема Албанија среде Скопје, вели актерот Сашо Тасевски.„Не ви е малку непријатно? Не се осеќате навредено и како луѓе и од позиција на функциите што ги имате? Не ви е срам од вас самите?Тој Курти ви доаѓа како премиер на протекторат, ви организира приватна етнофашистичка журка на која се негира т.н. држава која ја водите и вие излегувате со соопштенија од типот: Ќе го фатиме тој со картата на Голема Албанија, згрозени сме....Ќе го фатите жими Курти!Да сте држава таа журка немавте да дозволите да се случи. Или ќе им влезете со полиција. Замислете среде Загреб Шешељ да прави митинг со картата на Голема Србија. Уште колку секунди живот ќе му остане по таков кикс?Го*на мекотелски. Вие излегувате со соопштенија само ко ќе видите дека Македонците се бесни, инаку ве боли Курти секогаш кога некој сосед ги негира или понижува МакедонцитеСе срамам што живеам во ова франкештајнска творба наречена држава“, вели Тасевски.

Коментари | пред 2 години

f11f401d-4958-43a5-b018-f261c802fa7a

Напаѓачите се идентификувани, приведени се 19 бугарски државјани, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека се идентификувани напаѓачите кои со нож прободеле навивач на „Левски“ вчера во Чаир и дека се работи на нивно пронаоѓање.Министерот рече дека возилата со бугарските регистарски таблички кои отишле во Чаир да провоцираат влегле во Македонија во приватна режија, односно без да го користат организираниот превоз за мечот со „Шкупи“ во Скопје.- Таму се идентификувани веќе напаѓачите, таму моментално работат колегите, јас очекувам во скоро време да ги имаме детално сите информации, рече Спасовски.Неговото лично мислење е дека бугарските навивачи се тие кои отишле да направат намерна провокација и да дојде до немири.

Македонија | пред 2 години

spasovski-2

Ковачки: Груби му се заблагодари на Спасовски, само не кажа за што

Првиот Вице-премиер Артан Груби му се заблагодари на Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Само не кажа за што му се заблагодарува, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ„Дали му се заблагодари затоа што му дозволил на возилото што е на име на приватна фирма да стави звучна и светлосна сигнализација односно го направил како полициско возило и како такво да го користи, или му се заблагодари затоа што МВР се' уште не покренало постапка за испитување на начинот на отстапување на користење на возилото од страна на фирма на избраниот функционер.Министре Спасовски, ќе кажете ли збор-два за случајот или ќе следи нов скандал за да го покриете овој“, вели Ковачки

Македонија | пред 2 години

spasovski

Спасовски задоволен од анкетите за евентуална кандидатура за претседател

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вестите на Алсат ТВ рече дека е задоволен од рејтингот во анкетите и дека ќе се направат анализи за евентуалната можност следната година да се кандидира за претседател на Македонија.Неговото име се споменува сѐ почесто како што се приближуваат претседателските избори, а во разговорот министерот рече дека по тоа прашање нема толкави лични амбиции, колку што неговата кандидатура би требало да има едно „национално обединување“.„Така што, во политичкиот дел за тоа сигурно дека ќе се разговара на ниво на партија, на ниво на партиски органи во носењето на таквите одлуки”, беше категоричен Спасовски.Во однос на имињата за Претседател на државата, Спасовски рече:„Да, јас ги слушам спомнувањата на имиња, меѓутоа сето тоа е во рамки на шпекулации, разговори кои ги има во јавноста... Меѓутоа, јас сега воопшто не размислувам на тоа прашање. Можеби ќе дојде тема на која ќе разговараме и ќе ги соочиме сите аргументи. За мене што е важно?! Важно е да се направат добри анализи, важно е да се обединат сите структури кои подразбираат или ги споделуваат заедничките европски вредности, вредности за напредокот на државата и, таа опција да ја предводи Македонија и во наредните четири години“, подвлече Спасовски.

Македонија | пред 2 години

473c359b-ae5c-4d65-9e7a-ffbcf1dad3ef

Спасовски на ТВ24: Нулта толеранција за корупција, борбата не е лесна ама вреди

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски гостувајќи во Студио 10 на ТВ24 беше запрашан за соработката на МВР со институциите надлежни за сузбивање на корупцијата.„Како МВР имаме нулта толеранција во однос на корупцијата, борба која мора да биде ригорозна и конзистентна, транспарентна и неселективна. Тоа подразбира дека за сето она што го работиме не смее да постои селективност, без разлика корупцијата и криминалот од каде доаѓаат, дал се на високо или ниско ниво, иако за мене таква поделба не постои. Корупција е коурпција, без разлика каде се јавува, таа треба да биде сузбиена. Секако дека ако се јавува корупција на високо ниво е попроблематична заради тоа што може да се има поголемо влијание врз системот, но сепак, мораме како институции, како систем, сите заедно да имаме добар одговор во однос на оваа состојба”, рече министерот Спасовски.Министерот Спасовски потенцираше дека МВР има добра соработка со институциите надлежни за борба против корупцијата.„Можам да сведочам за добра соработка и со јавните обвинителства и со Државната комисија за спречување на комисијата, со конкретни договори за соработка, меморандуми за електронска размена на информации. Направивме можност укажувачите да имаат побезбеден систсем. Секоја постапка треба да се води без разлика за кого станува збор, да се прибираат докази, секаде каде ќе се покаже криминал - да се носи одговороност. Не смееме да си дозволиме луксуз во којшто некој ќе биде изоставен од водење постапка за криминал или корупција. Само така граѓаните ќе имаат доверба во институциите”, рече Спасовски.Образложувајќи дека корупцијата како феномен практично лишува многу услуги кои се потребни на граѓаните, Спасовски истакна дека преку корупцијата граѓаните се лишени од услуги во образованието, во здравството, таа ја јаде економијата и работните места, за сметка на богатење на групи и поединци. Затоа, како што посочи Спасовски, посебно е важно истрагите за корупција да биде проследени со финансиски истраги и конфискација на имот.„Како МВР од моментот кога започнавме со финансиски истраги го формиравме Одделот за водење финансиски истраги во МВР и водиме паралелно финансиска истрага за секоја кривична постапка, со цел на крајот да не може тој имот кој е нелегално стекнат, да остане кај криминалот, туку да мора да се врати кај државата”, истакна Спасовски.Истакнувајќи дека борбата против корупцијата е присутна секаде во општество, на секое ниво, министерот Спасовски рече дека таа никогаш не е лесна и не е ексклузивитет само за нашата држава.„Борбата против криминалот и корупција не е лесна никаде во светот, дури и во најразвиените демократски држави. Еден од најголемите американски претседатели Рузвелт, би рекол – ‘Aко беше лесно немаше да вреди’. Така што и оваа битка којашто ја имаме против криминалот и корупцијата не е лесна, меѓутоа е вредно да се бориме против нив и да создадеме услови за развој на општеството, за такво какво што го посакуваат и, пред сѐ, заслужуваат граѓаните на државата”, рече министерот Спасовски.Одговарајќи на прашањето дали има заштитени во однос на корупција, Спасовски рече:„За кој сака нека се работи, тука нема ни внуци, ни браќа, ни сестри, ни функционери.... Не сакам да се создава илузија во јавноста дека некој заради тоа што е поврзан со врвот на власт или е во самиот врв на власта - нема да одговора. Апсолутно секој кој се бави со криминал и корупција мора да одговара! Нема поединец во оваа држава кој може да биде појак од државата и не смее да има во ниту еден случај. Националната припадност, верската припадност, политичката..., во ниту еден случај не може да биде основа за тоа дали има криминал или нема криминал. Тој што правел криминал е криминалец и треба да сноси одговорност. Криминалот и корупцијата не познаваат граници и веќе е транснационален криминал. Да не се надева некој политичар дека затоа што е политичар ќе биде заштитен за тоа што го правел незаконски во текот на работењето. Така што ова треба да биде порака до сите: секој еден којшто прави криминал, кој со умисла сака да биде дел од криминални структури и преку корупција да ја уништува државата, мора да излезе пред лицето на правдата и во тоа сме силно решени”, рече министерот Спасовски, додавајќи притоа дека системот за борба против корупција е комплексен.„Тоа не е една институција, но граѓаните сакаат да го видат крајниот исход - дали тој што е криминалец и утврдил судот дека е криминалец - ќе ја изврши санкцијата, дали ќе се конфискува нелегалниот имот. Дали зајакнува системот?! Да, зајакнува. Тој систем не е ист систем како до 2017. Дали треба да биде подобар? Да, треба да биде уште подобар и да градиме сите доверба во институциите”, подвлече Спасовски.

Македонија | пред 2 години

2

Откако МВР го чува влезот на затворот „Идризово“, драстично се намалени разбојништвата и бегствата, вели Спасовски

Полицијата останува да помага во затворот Идризово кој се уште е во кризна состојба по неколкуте скандали и бунтови на затворениците. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање денес по посетата на полицискиот центар за обука во близина на затворот, се пофали дека откако полицијата ги чува влезовите, намален е бројот на разбојништва и на бегства од затворот.„Таму работиме заедно според оперативен план направен со службата на ‘Идризово’ и со Армијата во делот на обезбедувањето заради состојбата со намалување на кадарот на полициските службеници во затворот што влијае на оваа ситуација. Целосно под контрола е се она што е под контрола на МВР, односно влезовите, се што влегува е контролирано на високо ниво. Од моментот на кризната состојба, откако постапуваме во ‘Идризово’ драстично се намали бројот на извршување на разбојништва и на кражби и на територијата и на општина Гази Баба, но и на територијата на градот Скопје што укажува на аномалиите кои ние претходно ги утврдувавме, со нелегално излегување на лица од затворот“, рече министерот Спасовски.

Македонија | пред 2 години

gubre

За сите сторители кои допринесоа главниот град да се дави во смет, можно е да бидат поднесени кривични пријави, вели Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски тврди дека ако се покажат за точни информациите дека иселеници земаат плата од „Комунална хигиена“ – секој еден ќе сноси одговорност. Тој е дециден: „Нема да имаме отстапка, за ниту една ситуација, ова треба да биде санкционирано за да се стави крај“.„Навистина ниту Скопје, ниту граѓаните не го заслужија ова што се случи изминатите денови. Еколошка катастрофа која го загрозува здравјето и животот на граѓаните. И без да навлегуваме во причините – ова е катастрофа. Најмалку сакам превирања да влијаат на животот на граѓаните. Ние вчера очекувавме и мислам дека денеска треба да биде доставен записникот од Инспекторатот за животна средина, комуналниот инспекторат, инспекторите на Град Скопје, за да ги видиме нивните наоди. Во координација сме со обвинител. Ако има елементи за кривично дело, за сите сторители кои допринесоа главниот град да се дави во смет – можно е да бидат поднесени кривични пријави“, најави Спасовски.

Скопје | пред 2 години

aracinobo-6

Спасовски за насилството во Арачиново: Ова не прв конфликт во општината заради нерасчистени лични интереси

69-годишен арачиновец, на 23 мај без дозвола влегол во канцеларијата на градоначалникот, насилно барајќи да му се додели земјиште во надлежност на Општина Арачиново.Откако не го нашол во канцеларијата, го пресретнал градоначалникот во дворот, започнал грубо да го навредува, да му се заканува и насилнички да се однесува.Во врска со овој случај министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека ова не е прв конфликт во општината.„Во однос на состојбите ја информирав јавноста дека имаме два пати пријави во однос на вакви настани и се преземени сите неопходни мерки за кои што се поднесени сите соодветни пријави во однос на лицата кои што практично ја нарушуваат безбедноста. Апелирам овие недоразбирања кои ги имаат од било кои причини, дали се лични, политички, ќе треба да се разрешат затоа што не смее граѓаните на Арачиново да бидат заложници на состојбите кои ги има таму. Секако дека македонската полиција стои на располагање доколку има потреба да се осигура безбедност на било кој затоа што во државата не смее во ниту еден момент никој никого да го напаѓа, ниту да претставува опасност за него, но ако има лични недоразбирања или било какви мотивации за таквите недоразбирања да ги расчистуваат, а да институциите функционираат нормално во интерес на граѓаните.Во однос на активностите кои ги презема полицијата секогаш и во секој момент се преземаат и се поднесуваат кривични пријави, па понатака обвинителството ги презема. Во делот на институциите тоа е нешто што преземено. Инаку пораката не ми е до политички структури или било кого, туку до оние кои ги прават конфликтите. Ова не прв конфликт кој што е во општината и тоа е според наши информации и сознанија кои ги имаме заради нерасчистени лични интереси и затоа упатувам апел дека граѓаните не можат да бидат заложници на никакви лични или политички интереси“, изјави Спасовски.

Македонија | пред 2 години

spasovski

Спасовски не одговори дали би се кандидирал за претседател на државата

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денес присуствуваше на промоцијата на Пилот проектот „Дигитален толкувачки сервис за глуви и наглуви“.На прашањето дали би се кандидирал за претседател на државата, тој само кусо одговори дека тоа е политичко прашање кое треба да биде оставено за партијата.„Ова е политичко прашање, денес сме овде во име на институцијата со која раководам така да партиските, политичките прашања ќе ги оставиме за партијата.За сите политички прашања ќе разговараме таму каде што е место во политиката, денеска сме овде заради интересот на лицата со посебни потреби. За мене е многу поважно да работиме секој ден за интерес на граѓаните, да помогнеме секој ден на одредена група или категорија, отколку за било што друго што се однесува до политичките случувања, амбиции итн“, изјави Спасовски.

Македонија | пред 2 години

MAJ4135

Сајбер заканите се дел од хибридна војна во нашиот регион, вели Спасовски

Денеска, (03.05.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше на конференција на тема „Регионални безбедносни предизвици и настани во земјите од Западен Балкан“, чијашто организација е во склоп на активностите на Претседателскиот центар за политичко образование. Конференцијата ја отвори претседателот на Републикa Северна Македонија, Стево Пендаровски, со поздравно обраќање во присуство на амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Србија, Кристофер Р. Хил, кој во своето обраќање зборуваше за актуелните политичко безбедносни трендови во регионот, при што ја истакна регионалната иницијатива Отворен Балкан.„Важна е регионалната интеграција. Важни се граници кои не ги делат луѓето, туку обединуваат. Отворен Балкан создава добрососедство и го олеснува протокот на движење на границите. Поентата на иницијативата е да се создадат начини на соработка со соседите.”, истакна амбасадорот Хил, по што се осврна на дијалогот меѓу Србија и Косово, како и ситуацијата во Босна и Херцеговина, како најголеми регионални предизвици во моментов.Присутните на конференцијата имаа можност да учествуваат во дискусијата која следеше, при што на министерот Спасовски му беше поставено прашање за тоа како МВР се справи со сајбер заканите. Заблагодарувајќи се за поканата за учество на конференцијата, министерот Спасовски истакна дека амбасадорот Хил прати многу важни пораки и сознанија до младите кои го посетуваат Центарот за политики.„Што се однесува до безбедносната состојба, Северна Македонија има особено важна геостратешка позиција, тогаш и безбедносните проблеми се сериозни. Ние како МВР предупредувавме години наназад. Сега се случува тоа во нашата држава и регионот тоа што се случуваше три години пред инвазијата на Русија врз Украина. Сајбер заканите обзнанија дека институциите треба да се подготват. Имавме неколку месеци жестоки напади преку електронски закани токму во образованието, а засегнати беа сите во општеството, родителите, учениците, наставниците. Тоа беше сериозен предизвик, но со меѓуинституционален одговор, соработка и комуникација со безбедносните служби, АНБ, АР, како и нови упатства и протоколи за сериозно дејствување против заканите, истите практично престанаа. Ова само укажува на хибридна војна во целиот регион, со лажни вести и обиди за рушење на перспективите на Република Северна Македонија во ЕУ.”, рече министерот Спасовски.

Македонија | пред 2 години

joci-oliver-696x392-1

Спасовски сакал да биде претседател на држава и цела машинерија е ангажирана за тоа уште од сега, вклучително одметнати од ВМРО, вели Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски сака да стане претседател на државата.„Ама Вилма немој така….па Оливер Спасовски сакал да биде претседател на држава и цела зарибана машинерија е ангажирана за тоа уште од сега, вклучително одметнати од ВМРО. Окапуваат по ручкови со месеци.Пресмешно е да се читаат насловите кај таквите од типот – ,,министерот Спасовски во борба со мафијата”.Оливер нема абер од реалноста и затоа и не знае дека ќе изгуби во прв круг, ако случајно му текне да се кандидира“, вели Јоци.

Коментари | пред 2 години

spasovski

Спасовски го потпишал решението за прекин на работа на станицата „Виа Комерц“ три дена по несреќата во која загинаа 45 луѓе во Бугарија

Освен притисоците и заканите за предметот за Рашковски, други проблеми немала поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска. Таа во интервју во Топ Тема вели дека сепак останале отворени предистраги, за кои веќе имало набавено многу докази.Една од нив е за станицата за технички преглед „Виа Комерц“ за автобусот на Беса Транс, во кој во сообраќајна несреќа во Бугарија загинаа 45 македонски граѓани. Според Русковска, комисијата во МВР уште во јули донела решение станицата за технички преглед „Виа Комерц“ да биде затворена, но министерот не го потпишал тоа решение.„Решението требал да го потпише министерот, но тој го потпишал 3 дена после случувањето на сообраќајната несреќа, а законска обврска е да се потпише во рок од 15 дена, а потпишано е по повеќе од 3 месеци од донесеното решение“, вели Русоковска.Русковска додава дека предметот бил во поодмината фаза со насобрани докази, но не можела да го доврши.„Ако работи таа станица, работи незаконски затоа што Град Скопје им го има одземено сообраќајното решение“, додава Русковска.Предметот е пренесен на друг обвинител, но до каде е сега, Русковска вели дека не знае.

Македонија | пред 2 години

registracija

Ќе бидат ли новите регистарски таблички на трошок на граѓаните

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во интервју за Радио Слободна Европа,најави дека е можно да се донесе решение за регистарските таблички на возилата кое нема да претставува финансиско оптоварување на граѓаните.Тој рече дека наместо да се плаќа од 1.400 до 1.500 денари за нови регистерски таблички на кои наместо ознаката „МК” да стои ознаката „НМК” можно е оваа давачка да изостане и да се најде решение само со налепници.Оваа обврска произлегува од Преспанскиот договор, но во тек е дебата за начинот како ќе биде спроведена, по големиот број реакции дека обновувањето би ги чинело граѓаните вкупно 11 милиони евра.„Веќе имаме формирано работна група во МВР којашто работи токму на овој аспект бидејќи разговаравме и со министерот за транспорт и врски, имаме комуникација преку МТПС со ‘Макамтранс’ затоа што промената подразбира и промена во документацијата, дозволите и т.н и за мене е најважно што може да се помогне за сите. Знаеме дека обврската е до наредната година да бидат променети табличките како што е впрочем и со документите и мислам дека за многу кратко време ќе имаме решение коешто би било поволно за граѓаните. Јас така барем се надевам и очекувам со тоа што од друга страна ќе мора да се стават и норми на строги казни за сите оние коишто нема да го почитуваат тоа како решение. Мора да направиме комбинација којашто ќе биде од интерес на граѓаните меѓутоа и да имаме сериозна одговорност. Така што, налепниците се една од опциите, меѓутоа кога ќе се донесе одлуката и решението ќе ги соопштиме на граѓаните. Секако дека нас ни е најважно да бидат задоволни граѓаните“, рече Спасовски.

Македонија | пред 2 години

spasovski-ackoska-696x364-1

Спасовски бара да се казни професорката Ачкоска: Ќе бараме реакција од Обвинителството

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски рече дека МВР ќе подне соодветен поднесок до Јавното Обвинителство во врска со професорката Виолета Ачкоска.-Ќе бараме да има реакција од страна на Обвинителството, бидејќи не може во ниту еден момент да изнесуваме податоци или информации кои предизвикуваат страв, неизвесност и паника во јавноста, без притоа истите да се базираат на какви било точни факти и податоци. Ние вчера излеговме со демант како МВР, бидејќи се шпекулира во јавноста, односно се злоупотребува темата дека на овој начин имало повеќе починати средношколци кои биле во Градскиот парк. Упатувам апел до јавноста да бидеме одговорни, бидејќи нема ништо повредно од животот на еден човек, посебно на млад човек, рече Спасовски.Тој додаде дека вакви трагични ситуации со кои се соочуваме не треба да бидат дел од никакви политички пресметки. Како што рече, најмногу треба да внимаваат луѓето кои себеси се сметаат за луѓе со висок интегритет.

Коментари | пред 2 години

spasovski

На Спасовски му се смее цел народ за изјавата дека зад нападите со бомби стојат адреси од Русија и Иран, вели Јоци

На Оливер Спасовски му се смее цел народ во контактни емисии околу изјавата негова дека зад заканите со бомби стојат ип адреси од Русија и Иран, вели Јорданка Ивановска Јоци„Нема друга работа, со нас Русија ќе се бави со нас. Се што не чини, Русија е крива, смешки”, генерално велат граѓаните.До толку Спасовски е поиман сериозно во народни очи.Туку, народот, колку и власта да го смета за глупав, е екстремно интелигентен. Ниедна скапа и ултра глупа пропаганда не поминува кај напатениов народ.Само послушајте го понекогаш во контактни емисии, воодушевувачки и кристално јасно всушност разбира кретенска политика на било која тема која разни властодршци, под превез на агитација и пропаганда, мислат дека може да му ја шиткаат со шибицарски финти“, додава Јоци.

Коментари | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања