„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

спасовски

1-4

Спасовски против амнестија за „27 април“: Неказнивоста може да предизвика проблеми

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во магазинот „360 степени”, во однос на предлог законот за целосна амнестија на сите осудени од 27 април, поднесен денеска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека е апсолутно против таков закон.– Неказнивоста може да предизвика нови проблеми. Се сеќавате на 24 декември 2012 година кога од страна на државата, преку злоупотреба на полицијата беа исфрлени и пратеници и новинари од парламентот за да се донесе буџетот и задолжувањата кои им беа потребни на тогашната Влада?! Тогаш никој не презема ниедна мерка за да се истражи тој случај и да се утврди евентуална одговорност – дисциплинска, политичка или кривична. И тогаш укажував дека ако остане состојбата неказнета ќе ни се случи нов случај, и на крај сите знаете дека ни се случи 27 април, кога беше нападнато демократското и уставното уредување – истакна министерот Спасовски.Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во магазинот „360 степени”, во однос на предлог законот за целосна амнестија на сите осудени од 27 април, поднесен денеска од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше дека е апсолутно против таков закон.– Неказнивоста може да предизвика нови проблеми. Се сеќавате на 24 декември 2012 година кога од страна на државата, преку злоупотреба на полицијата беа исфрлени и пратеници и новинари од парламентот за да се донесе буџетот и задолжувањата кои им беа потребни на тогашната Влада?! Тогаш никој не презема ниедна мерка за да се истражи тој случај и да се утврди евентуална одговорност – дисциплинска, политичка или кривична. И тогаш укажував дека ако остане состојбата неказнета ќе ни се случи нов случај, и на крај сите знаете дека ни се случи 27 април, кога беше нападнато демократското и уставното уредување – истакна министерот Спасовски.

Македонија | пред 2 години

spasovski

Спасовски упати апел за смиреност по повод чествувањето на 4 Февруари: Никој не смее да биде и нема да биде над државата

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упатува апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев:„Упатувам апел за смиреност до сите граѓани по повод чествувањето на 4 Февруари, денот на раѓање на нашиот великан Гоце Делчев.Како министер за внатрешни работи нема да дозволам понижување на македонскиот народ!Институциите работат и се прибираат информации кои значат дека ова очекување на граѓаните ќе биде реализирано.Мораме да ја деескалираме состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакаат да ја влошат. Нема да дозволиме никаква ескалација, инцидент или понижување на македонскиот народ и држава од никогоТука се институциите на системот коишто функционираат и коишто мораат да ги обезбедат сите очекувања кои ги имаме.Сакам да упатам јасна порака до политичките субјекти и политичарите, да бидеме одговорни во овој процес. Бидејќи, неодговорноста не прави добро на граѓаните и државата, мирот и стабилноста е одговорност на секој еден од нас.Да се напушти таква реторика од разни „патриотски институти” за тоа што можат да направат.Немојте како граѓани да подлегнувате на повик на било кои политички субјекти и да преземате надлежност на институциите.Ова е порака до сите коишто сакаат да учествуваат.Затоа што минатото покажа дека оние коишто ги мотивираат луѓето наводно да ја чуваат демократијата, државата и националноста, тие остануваат нечепнати. Оние кои посегнуваат по државата, по институциите, сега се наоѓаат во затворските институции.Секој да овозможи чествувањето на 4 Февруари да биде достоинствено, а институциите се тука да се грижат за се што треба за редот и безбедноста во државата.Никој не смее да биде и нема да му биде дозволено да биде над државата“, вели спасовски

Македонија | пред 2 години

FB_IMG_1657783452893

Спасовски упати апел за мирен протест

И денеска како и сите изминати денови откако почнаа ненајавените протести, упатувам апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.„Дијалогот продолжува на 80. седница на Собранието на којашто треба да се обрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а на која ќе се расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година.Иако ниту вечерашниот, ниту протестите во изминативе неколку дена не беа уредно пријавени, наспроти неодговорноста на организаторите, повикувам на свесност и одговорност во постапките.Никогаш поважни и порешавачки не биле европските вредности и социо-културни манири од сега - моментум кога демократските процеси мора да течат непречено.Почитувани граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите граѓани на Република Северна Македонија, Ве уверувам, македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните и, секако, на безбедноста на институциите и граѓаните“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

04042020_Spasovski_Cestitka_1

МВР со Спасовски го следат само криминали и скандали, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија е претворена во див запад, а Оливер Спасовски молчи и бега од одговори и одговорност, вели ВМРО-ДПМНЕ„Пред неколку дена се случи кражба на оружје, муниција и бомби од депо на МВР во Охрид и нема никаква информација кој го направил тоа и каде е оружјето. Оливер Спасовски не може да обезбеди сигурност на објектите на МВР, а камо ли пак да гарантира безбедност на граѓаните.Уште не е разрешен овој случај, а веќе нов скандал се случува во Крушевско. Масло од марихуана во вредност од над 2 милиони евра е украдено, а МВР и Спасовски и за ова молчат. Уште се свежи сеќавањата на кадарот на Спасовски кој беше фатен во транспорт на марихуана, и затоа со право јавноста се прашува дали МВР ќе го разреши воопшто и овој случај.Овие скандали се надоврзуваат на убиството на ракометарот кој институциите се обидоа да го заташкаат, но и матната јавна набавка која МВР ја направи со компанија која е на црната листа на САД.Се скандал до скандал, се криминал до криминал.Спасовски е неспособен и криминоген. Затоа мора да си поднесе оставка веднаш“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

19052020_PVRSM_Spasovski_telrazgovor

Поранешен полицаец се заканувал дека ќе го убие министерот Спасовски

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против пензиониран полициски службеник од Скопје за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската. Откако бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка.Со оглед на тоа дека се работи за поранешен полициски службеник, но и за лице кое претходно е осудувано за други кривични дела, јавниот обвинител сметаше дека постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана да нападне врз животот и телото на службено лице. Поради опасност од бегство, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, доставен е предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​​

Македонија | пред 3 години

1-4

Стоилковски: Спасовски да ги разреши обвинетите за изборен притисок и сам да замине од МВР

Оливер Спасоски да ги разреши началниците и инспекторот осудени за злоупотреба, односно политички мотивиран притисок и потоа самиот да замине од МВР, вели Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ„Судскиот документ којшто покажува дека тројца полициски началници и еден инспектор, сите на Оливер Спасовски и СДСМ, направиле злоупотреба во изборен период или со други зборови малтретирале кандидат за градоначалник којшто не е од СДСМ.Тоа е доказ за целосната партизација на полицијата од страна на Оливер Спасовски којшто пет години е министер за полиција. Јавноста е добро запознаена дека Владимир Ристов, познат како Камењар, началник на единицата за економски криминал, е близок соработник и вон работното време на Оливер Спасовски. Судскиот документ кажува дека тој, заедно со уште тројца негови колеги, креирале полициски случај и ја злоупотребиле својата положба врз кандидат за градоначалник којшто не е кандидат од СДСМ.Чиста партиска злоупотреба на полицијата во изборни цели. Дури и заробеното судство како актуелното, не може да премижи очигледна злоупотреба, па пресудува согласно 353 - несовесно работење од КЗ.Потсетуваме дека за време на изборниот период постојано укажувавме на организирани притисоци и работа на групации од полициските службеници во служба на политички притисок од СДСМ. Се приложуваа докази, беа пресретнати вибер групи, комуникации во кои што најдиректно и брутално се споделуваа информации и се издаваа наредби за следење и пресретнување на нормални и легални предизборни активности на опозицијата и на независните кандидати. Потсетуваме дека беа распоредувани групации од полициски поединци и единици на коишто воопшто не им беше место во определени градови. Потсетуваме дека беше вршено насилство и мобинг од страна на партиски активисти од СДСМ коишто беа заштитени од полициските орди на Оливер Спасовски. И сето тоа е документирано и за сето тоа постојат докази.Почитувани,Наместо за заштита и обезбедување на демократските стандарди во изборен процес, началниците на Оливер Спасовски спроведувале притисок.Најмалку се очекува по оваа пресуда Оливер Спасовски да ги разреши тројцата полициски началници и инспекторот од позициите на коишто се уште се оставени. Истовремено, владата мора да го разреши Оливер Спасовски од позицијата министер за внатрешни работи!Почитувани,Секој еден ден минат со СДСМ на власт е поскап за народот од предвремени избори“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања