„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

србија

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ по протестот во Белград: „Србија победи – нема помилувања за насилниците“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ѝ се обрати на јавноста по вчерашниот масовен студентски протест „Видимо се на Видовдан“, кој заврши со инциденти и судири со полицијата во центарот на Белград.„Србија победи, и Србија нема да ја победите со насилство. Србија никогаш нема да застане“, изјави Вучиќ на прес-конференција, пренесува Блиц. Тој порача дека нема да потпише никакви помилувања или амнестии за учесниците во насилството, за кои, како што рече, биле предупредени повеќе од 500 пати да не учествуваат во вакви активности.Според Вучиќ, „теророт трае седум месеци“ од страна на лица кои, како што рече, се однесуваат како „божји пратеници“. Ги обвини дел од учесниците на протестот дека „свесно повикале на граѓански судир“ со пораката „имате зелено светло“.Иако го осуди насилството, Вучиќ направи разлика меѓу студентите од некои факултети кои, иако го критикуваат, одбиле да учествуваат во нереди, и оние кои, според него, сакале „крвопролевање“. Поблагодарувајќи ѝ се на полицијата за, како што рече, „патриотскиот пристап“ и воздржаноста, истакна дека се избегнати потешки последици благодарение на професионалната интервенција.„Не знаете што сте мислеле – дека сте посилни од државата? Па државата има монопол на физичка присила. Кој ве научи дека државата е нешто што може да се руши со камења?“, праша Вучиќ, додавајќи дека ќе има уште многу апсења поради нападите врз полицијата.Вчерашниот протест заврши со порака на студентите: „Земете ја слободата во свои раце, имате зелено светло“. По завршувањето на официјалниот дел, следуваа судири со полицијата, при што беа уапсени 77 лица, а повредени се 48 полицајци – од кои еден со тешка повреда на главата.Според министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој исто така се обрати на прес-конференција, на протестот учествувале 36.000 луѓе, иако други проценки зборуваат за повеќе од 100.000. Дачиќ наведе дека голем дел од полициската опрема бил уништен или оштетен – 67 шлемови, 75 штитови, неколку возила.Српските власти најавуваат засилени постапки против организаторите и учесниците во нередите, додека опозицијата и студентските движења тврдат дека протестот бил мирен и дека насилството е провоцирано од страна на полицијата.

Свет | пред 6 месеци

Guj7rErXoAAi0B2

„Седна пред најголемата срамота на Србија“ - жена застана пред кордонот со полицајци

На „Видовден“, илјадници граѓани излегоа на улиците на Белград по повик на студентите во блокада, протестирајќи против Српската напредна странка. По собирот на платото кај Славија, демонстрациите се прелеаја кон зградата на Собранието, каде избија тензии и помали инциденти.Сцената која најмногу одекна на социјалните мрежи беше фотографија од жена која сосема сама, мирно седеше на асфалтот пред кордонот полицајци. Без збор, без гест, нејзината тишина стана гласна порака.„Моќ на жената“, „Симбол на отпорот“, „Седна пред најголемата срамота на Србија“ – беа само дел од коментарите на граѓаните. Многумина ја споредија нејзината гестика со историјата на ненасилен отпор, симболизирајќи го достоинството на поединецот пред системот.Протестот, и покрај изолирани инциденти, беше главно мирен, а студентите најавија дека нема да престанат со блокадите и протестите додека не бидат исполнети нивните барања за правда, демократија и одговорност.

Свет | пред 6 месеци

IMG_1918

(Видео) Топовски удари, солзавци, апсења

Студентскиот протест наречен „Се гледаме на Видовдан“, кој вчера се одржуваше во Белград, околу 21 и 22 часот, како што претходно прогнозираше претседателот Вучиќ прерасна во бран на инциденти и апсења во центарот на главниот град на Србија.Ова се случило откако демонстранстите се обиделе да се доближат до „Ѓациленд” во паркот „Пионир“. Интервенираа и силни полициски сили при што дојде до судир со демонстрантите, употреба на топовски удари, солзавци, а камерите забележаа апсења.Имаше сериозни инциденти кога полицијата доби наредба и тргна на насобраната толпа граѓани и почна да ја притиска. Насобраните фрлаа со разни предмети.До инцидентот дојде пред амбасадата на Турција.Претседателот на Србија, Александар Вучиќ најави обраќање за денеска во 11 часот.Според Архивата на јавни собири на повикот на студентите учествувале околу 140.000 луѓе, објави Индекс.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-28-at-21.29.43

(Видео) Србите се поделија: Студентски протест со 500.000 луѓе, контрапрограма со шатори и поддршка од власта

Под слоганот „Се гледаме на Видовден“, денеска во Белград се одржа еден од најмасовните протести во поновата српска историја, организиран од студентите кои веќе неколку месеци се предводници на граѓанскиот отпор. Повод за протестите останува трагедијата од 1 ноември, кога во уривање на надстрешница на новата железничка станица во Нови Сад загинаа 16 лица. Протестот започна со симболично 16-минутно молчење на плоштадот Славија, во чест на загинатите. Десетици илјади граѓани се собраа со транспаренти, знамиња и пораки за правда и одговорност. Организаторите соопштија дека на протестот учествувале над 500.000 луѓе, додека Министерството за внатрешни работи објави бројка од 36.000. Паралелно со протестот, на платото пред српското Собрание се одржуваше настан организиран од групата „Студенти 2.0“, поддржана од власта. Поставени беа шатори во таканаречениот „Ќациленд“, а вечерта се одржа културна програма со литературни читања и проекција на филм.Настанот беше поддржан од високи владини функционери, меѓу кои министрите Никола Селаковиќ, Златибор Лончар, Адријана Месаровиќ, како и претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, и Александар Вулин. Во близина беа поставени метални бариери и засилено полициско обезбедување.На неколку точки низ градот, како и на влезовите во Белград, имало обиди за попречување на движењето на граѓаните кои доаѓале на протестот. Според сведоштва, групи блиски до власта ги пресретнувале автобусите, фрлале јајца и шишиња, и вербално ги навредувале учесниците.И покрај тоа, протестот помина мирно, со јасни барања: распуштање на парламентот, распишување вонредни избори и прекин на шаторските контрапротести кои студентите ги сметаат за инструмент на политичка манипулација.

Македонија | пред 6 месеци

srbija-protesti

Студентите со јасни барања на протестот „Видимо се на Видовдан“: Избори и прекин на контрапротестот

Денешниот протест „Видимо се на Видовдан“, организиран од студентите, ќе се одржи вечерва во 18 часот на Трг Славија. Настанот е кулминација на неделите отпор и блокади, а организаторите упатија две клучни барања до Владата на Србија, придружени со јасен рок: до 21 часот, вечерва.Во отворено писмо објавено рано утрово, студентите побараа:Распишување вонредни избори: Владата да поднесе предлог до претседателот на Србија за распуштање на Народното собрание во согласност со член 109 од Уставот, со цел распишување на вонредни парламентарни избори.Прекин на контрапротестот во Пионирски парк: Владата да повика Министерството за внатрешни работи да го прекине паралелниот собир, кој според студентите е организиран од провладини групи и регистриран со цел да го ослабне легитимитетот на студентскиот протест. Се повикува на член 18 од Законот за јавно собирање, во врска со член 8, кој уредува безбедност и намена на јавниот простор.Михајло Павловиќ, студент од Електротехничкиот факултет, изјави за N1 дека протестот ќе биде мирен, а насилство нема да се толерира.„Студентите нема да повикаат ниту во еден момент на какво било насилство. Целта е протестот да биде мирен,“ изјави Павловиќ.Павловиќ реагираше и на изјавата на претседателот Александар Вучиќ дека студентите „не мора да чекаат до 21 часот“, велејќи дека таа покажува дека власта не е заинтересирана за волјата на граѓаните.Протестот ќе се одржи на неколку локации со звучни системи кај Славија, Владата на Србија и Правниот факултет. Според објавена мапа, пунктови за прва помош ќе има на шест локации во центарот на Белград.Иако јавниот превоз е отежнат, поради наводни дојави за бомби во возовите, многу граѓани најавија дека ќе пристигнат организирано од различни делови на градот и Србија. Групни собирања се закажани кај трговскиот центар „Ушче“, Трг Република и салата „Александар Николиќ“.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-02-16-at-10.23.55

Видовданскиот протест во Србија: Кулминација на студентскиот отпор и граѓанското незадоволство

Вечерашниот Видовдански протест, кој ќе се одржи во 18 часот на плоштадот Славија во Белград, не доаѓа ненадејно – тој е резултат на повеќемесечно граѓанско незадоволство, студентски бунт и сè посилни реакции на репресивните чекори на власта. Иако симболично е врзан за еден од најзначајните датуми во српската историја, неговата порака е јасна – борбата продолжува.Протестот е кулминација на настани кои започнаа на 1 ноември минатата година, кога уривањето на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад одзеде 16 животи. Овој трагичен настан го активираше студентскиот активизам, кој прерасна во масовно движење.Првичните студентски протести започнаа откако активисти на Српската напредна партија ги нападнаа студентите на Факултетот за драмски уметности кои оддаваа почит на загинатите. Како одговор, ФДУ влезе во блокада, а наскоро им се приклучија и други факултети од Белград и Нови Сад.Студентите поставија неколку клучни барања: објавување на целосната документација за реконструкцијата на железничката станица, апсење и процесуирање на напаѓачите на студентите и професорите, повлекување на кривичните пријави против приведените демонстранти, како и зголемување на буџетските средства за државните факултети за 20 отсто.Во текот на месеците на протести беа забележани бројни инциденти – од физички напади врз студенти, до употреба на сила од страна на полицијата и жандармеријата. За време на обележувањето на шеснаесетминутната тишина во чест на настраданите, две студентки беа прегазени од автомобил во Белград, додека во Нови Сад на една студентка ѝ беше скршена вилицата со бејзбол палка од страна на партиски активисти.Историскиот протест од 15 март во Белград, кој беше најмасовен досега, беше прекинат од мистериозен звучен удар за кој постои сомнеж дека е резултат на употреба на звучно оружје (LRAD). Иако властите прво го негираа неговото постоење, подоцна признаа дека уредот е во сопственост на српските безбедносни сили, но тврдеа дека „модот за растерување“ не бил активиран.Студентите поднесоа и петто барање – да се спроведе детална истрага за настанот на 15 март во 19:11 часот, кога за време на мирниот протест се случи необјаснива појава што предизвика паника.Студентите на Медицинскиот факултет во Белград исто така побараа одговорност за случајот од 17 март, кога во интензивната нега на УКЦС без заштитна опрема беа внесени претседателот Александар Вучиќ, министерот за здравство Златибор Лончар и новинарски екипи, со што, според студентите, беше загрозено достоинството и здравјето на тешко повредените пациенти, меѓу кои имало и малолетни странски државјани.Во едно од најдраматичните случувања, на 10 март, Жандармеријата употреби сила врз студенти кои ја започнаа блокадата на РТС. Видеа на социјалните мрежи покажуваат како припадници на Жандармеријата ги удираат студентите зад зградата на телевизијата, кои се обидуваа да ги спречат да влезат.Дали денешниот протест ќе донесе промени – останува да се види. Но едно е сигурно: студентскиот глас повеќе не може да се игнорира.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.32

Москва ја притиска Србија – Путин и Вучиќ разговарале за српското оружје во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и српскиот претседател Александар Вучиќ разговарале за наводните испораки на српско оружје во Украина, за време на нивната средба во Москва по повод Денот на победата на 9 мај, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.„Темата беше допрена за време на разговорите“, изјави Песков за РИА Новости, реагирајќи на прашањата за можно ново затегнување на односите поради обвинувањата од руските разузнавачки служби.Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) неодамна повторно ја обвини Србија дека преку фирми во Чешка и Бугарија индиректно извезува оружје за украинската армија. Станува збор за ракети за повеќецевни ракетни системи и минофрлачки гранати, кои, според СВР, „убиваат руски војници и жители на руските територии“.Српските власти негираат официјална вмешаност, но Вучиќ – по средбата со воениот врв – објави дека земјата ја запира продажбата на оружје, без директно да ја поврзе одлуката со руските обвинувања.Темата останува крајно чувствителна, особено поради традиционалната блискост меѓу Белград и Москва, како и растечкиот притисок од Западот кон Србија да ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ.

Свет | пред 6 месеци

grcija-dok

(Видео) Драма на грчка плажа, медицинско лице од Србија спаси петгодишно дете од Македонија

Вистинска драма се одвивала на плажа во Грција во петокот. Четиригодишно девојче од Македонија имало срцев проблем.За среќа на плажата во Неа Врасна бил и медицинскиот техничар од Србија, Саша Костиќ кој со брза интервенција го спасил детето.За „Утро на Прва”, раскажува што се случило.Во моментите кога можела да се случи трагедијата бил на плажата со синот и видел како родителите го изнесуваат девојчето без свест. Му помогнала и колешка, докторка.„Видовме дека детето е во критична ситуација, дека моменти се во прашање.Веднаш почнавме со реанимација”, вели Костиќ.Кога стигнала брза помош, девојчето веќе било во свесна состојба.Тој вели не се размислувава тогаш, го оставил и своето тригодишно дете за да помогне.Родителите на малата Ирина се бескрајно благодарни за помошта која го спасила животот на нивното дете кое сега е во стабилна состојба и за неколку дена ќе излезе од болница.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

По обвинувањата од Москва, Вучиќ вели: Србија веќе не извезува оружје

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Србија целосно го запрела извозот на оружје и дека сета произведена муниција моментално се испраќа исклучиво за потребите на домашната армија.„Едно е што извезувавме по 7 октомври, а ситуацијата денес е сосема различна. Сега буквално сè запревме и го испраќаме само на нашата армија“, рече Вучиќ, по седницата на проширениот колегиум на Генералштабот.Во својата изјава, тој нагласи дека запирањето на извозот било неопходно поради променетите безбедносни и економски услови, но и за да се заштитат работните места во одбранбената индустрија. Вучиќ рече дека платите во клучните воено-индустриски капацитети – како „Крушик“, „Слобода“, „Застава“, „Прва искра“ и други – зависат од продажбата на муниција.„Ако не исплаќавме плати во Крушик, Слобода, Лучани, Крагуевац, Земун и Бариќ, ќе пуштевте 50 камери да снимате како народ гладува. А платите се исплаќаат токму преку продажба на муниција“, изјави тој.Според Вучиќ, Србија не продава оружје и воена опрема, туку само муниција, од која, како што наведе, живеат директно околу 24.000 вработени, а со семејствата – дури 150.000 луѓе.„Нема да оставам 150.000 луѓе без леб“, рече српскиот претседател, нагласувајќи дека секоја одлука за понатамошна продажба ќе се носи врз основа на строго дефинирани критериуми и интересите на државата.Оваа изјава доаѓа по објавите од руската Служба за надворешно разузнавање (СВР), која ја обвини Србија дека индиректно снабдува Украина со муниција преку западни компании – што Белград досега официјално го нема потврдено.

Свет | пред 6 месеци

putin-odlikuvanje-vucic

Српско оружје преку Чешка и Бугарија до Украина? Москва со сериозни обвинувања

Руската Служба за надворешно разузнавање (СВР) преку своето прес-биро објави наводи дека српската воена индустрија преку трети земји придонесува за вооружувањето на украинската армија. Според нив, извозот на муниција и оружје произведено во Србија, особено за артилериски системи, се зголемил и покрај дипломатскиот притисок од Москва кон Белград.Се тврди дека опремата се извезува во земји членки на НАТО, каде потоа се склопува или доработува, со што формално не се води како директен извоз во Украина. Како главни дестинации се посочени Чешка и Бугарија.Во извештајот се споменуваат и конкретни компании – како „Крушик“ од Ваљево и „Елинг“ од Лозница – чии производи, според СВР, завршуваат кај западни компании кои, пак, се поврзуваат со испораки на оружје за Киев.СВР, како што се наведува во нивното соопштение, го осудува овој тренд и ја обвинува Србија за „политичка двосмисленост“, тврдејќи дека ваквите постапки се спротивни на „традиционалните врски меѓу српскиот и рускиот народ“.Наводите не се потврдени од независни извори, ниту од надлежни институции во Србија.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.16

Притворот на осомничените за смртта на 16 лица при падот на настрешницата во Нови Сад е укинат

Апелациониот суд во Нови Сад го укина притворот на петмина осомничени во истрагата за фаталниот пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември, кога загинаа 16 лица, објави судот во среда.Судот донесе одлука со која делумно ги прифати жалбите на адвокатите на обвинетите во кривичната постапка во врска со трагедијата во Нови Сад, која предизвика бран повеќемесечни протести и обвинувања на властите за коруптивни практики и лошо извршување на работите на неодамнешната реконструкција на станицата.Меѓу првично уапсените, судот веќе го укина притворот на поранешниот министер за градежништво, Горан Весиќ, а уште петмина обвинети беа ослободени од притвор, против кои ќе се примени електронски надзор и забрана за напуштање на станот во период од три месеци, како и забрана за користење телефони, интернет и прием на други лица во станот.На крајот од минатата година беше поднесено обвинение против 13 лица, но судот го врати за доработка.Меѓу обвинетите се и поранешната вршител на должноста директорка на Српската железничка инфраструктура Јелена Танасковиќ, поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ и неговата помошничка Анита Димовски и поранешниот генерален директор на Српската железничка инфраструктура Небојша Шурлан.Тие се обвинети за кривични дела против јавната безбедност и предизвикување јавна опасност.Во обвинението се товарат и неколку инженери, проектанти и лица одговорни за изградба, контрола и надзор.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ оди во Украина за првпат од почетокот на војната, само неколку дена по жестоките обвинувања од Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Украина во среда, што ќе биде прва посета на лидер на земјата, која одржува срдечни односи со Москва, a од почетокот на војната во февруари 2022 година, објави претседателството во соопштение.„Претседателот на Република Србија ќе ја посети Украина еден ден во среда, 11 јуни, каде што ќе учествува на самитот Украина-Југоисточна Европа“, објави српското претседателство.Српски шеф на држава никогаш не ја посетил Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.Посетата доаѓа неколку дена откако Русија ги обвини српските компании за оружје дека се обидуваат да „пукаат во грб на Москва“ со продажба на муниција на Украина.Присуството на српска муниција во Украина никогаш не е јавно признато, ниту целосно демантирано. Неколку недели претходно, Александар Вучиќ, кој балансира помеѓу својот историски сојузник Русија и неговата желба да се приклучи на Европската Унија, беше на Црвениот плоштад во Москва за да ја прослави 80-годишнината од поразот на нацистичка Германија.Србија историски одржува блиски врски со Русија и дели негодување кон НАТО по бомбардирањето во 1999 година за време на косовската војна. Од февруари 2022 година, Белград одби да ги прекине врските со Москва и не спроведе никакви санкции против Русија, што ЕУ го очекува, и покрај тоа што гласаше против тоа во резолуциите на ОН.Белград, исто така, во голема мера се потпира на Москва за снабдување со гас, кој го добива по многу поволни цени.

Свет | пред 7 месеци

kosta-masakr-1

Експерт по невропсихијатрија разговарал со Коста К: „Му се допаѓа идејата дека е психопат. Знаете ли што прави кога му е непријатно?“

На 5 јуни, во судот во Белград се одржа судење против Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето кое изврши масовно убиство и ранување на ученици во основното училиште „Владислав Рибникар“, објавува српски Блиц.Понатаму, како што е објавено од судењето, судскиот експерт по невропсихијатрија д-р Анета Лакиќ изјавила дека психијатриско-психолошкото испитување утврдило дека Коста К. бил исклучително фокусиран на себе. Според Блиц, тој рекол дека „немало да го стори тоа што го сторил ако знаел какви ќе бидат последиците“, но во исто време, наведуваат тие, повикувајќи се на зборовите на судскиот експерт за невропсихијатрија, тој не покажал ниту каење ниту чувство на вина.- Кога го прашале како се чувствува, тој одговорил: „Добро сум. Тука ме штитат од одмазда, за да не ме убијат оние чии деца ги убив или некој друг“ - рекла д-р Лакиќ.Таа додала дека момчето се обидувало да ја минимизира сериозноста на своето злосторство и дека покажува исклучителна способност да се зачува. Според неа, пишува Блиц, тој бил свесен дека нема да биде кривично одговорен бидејќи немал 14 години во времето на злосторството. Исто така, знаел кого да повика по масакрот, како да се предаде и да крене раце.– Секогаш кога нешто во разговорот ќе го вознемири или ќе го направи да се чувствува непријатно, тој знае како да го заврши. Веднаш станува и вели: „Сакам да го видам мојот лекар“. Го прави ова за да се заштити – заклучи Лакиќ.Понатаму, како што објавија српските медиуми, адвокатката на семејството Кецмановиќ, Марина Ивеља, го оспорила делот од вештачењето во кој се тврди дека момчето знаело дека нема да биде кривично одговорно. Таа изјавила дека претходно било утврдено дека тој истражувал на интернет дали во Србија постои доживотна казна затвор и дали смртната казна е сè уште на сила.– Тој рекол дека се надева дека ќе добие доживотна казна затвор. Кога го прашавме дали би го сторил тоа повторно, тој рекол дека нема. Очекувал прво да заврши во ваква институција, потоа во притвор, па во затвор. Се надевал на мир и читање книги. Рекол дека е безбеден тука затоа што го штитат од оние чии деца ги убил или од други кои сакале да го убијат – рекол вештакот, додавајќи дека момчето исто така спомнало како во САД младите масовни убијци склучуваат договори во такви институции.Дали сакал да биде „психопат“ како американските убијци?Според Блиц, момчето не го открило мотивот за масовното убиство, но признало дека „сакал да биде психопат“, инспириран од американските случаи на масакри во училишта.– Ми се допадна идејата да бидам психопат, во Америка беа обожавани. Но, се откажав – посочил вештакот Лакиќ, кој наводно рекол дека момчето го кажало тоа.Адвокатот Ивеља прашал дали вештачењето би имало корист од сослушувањето на родителите на момчето, со оглед на тоа што лажно изјавил дека неговиот дедо починал пред неговото раѓање и дека страдал од астма.– Тој рекол дека неговото семејство е „прогонувано“. Тој е близок само со баба му и чичко му. Што се однесува до астмата, дури и да ја има, немало запис за напад никаде. Тој рекол дека рекол дека се задушува само за да не мора да оди на училиште – изјави Лакиќ.Таа заклучи дека вклучувањето на родителите во вештачењето „веројатно би ги контаминирало наодите“, бидејќи најважно е да се утврди како размислувало момчето во моментот кога пукало во децата, објавија српските медиуми.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-08-at-17.27.39

(Видео) Вучиќ во кавга со новинари

Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно во нов клинч со новинарите, овој пат на мета беа новинари од ТВ Нова и Н1.Вучиќ зборуваше за нападот врз претставникот на студентите кои сакаат да учат, Милош Павловиќ, и го спореди со настанот кога една студентка во Нови Сад беше нападната и ѝ беше скршена вилицата.Кога новинарите Таталовиќ и Вељковиќ се обидоа да одговорат дека и тие можат да дадат објаснување, тој им одговори:„Пак ти е смешно нешто. Ти од Н1 и Нова С. Не е за мене. Научи се да бидеш учтив, синко. Основно. Нема да биде лошо”, им рече Вучиќ.Новинарката Таталовиќ на социјалните мрежи го објави видеото со објаснување дека Вучиќ се издрал на нив и заминал без објаснување.

Свет | пред 7 месеци

Screenshot-2025-06-08-at-10.56.22

Локални збори во Заечер и Косјериќ во Србија

Денеска во два српски града, Заечар и Косјериќ се одржуваат редовни локални избори, на кои се избираат советници во општинските совети на овие две локални самоуправи.За овие избори сд вели дека се своевиден референдум за силата на Вучиќ и како се котира опозицијата и студентите во блокада.Гласачките места се отворија утрово во 7:00 часот, а се затвораат во 20:00 часот.Осум изборни листи се натпреваруваат на изборите во Заечар и три во Косјериќ.Во Заечар СНС е на власт веќе една деценија и власта е уверена дека СНС ќе победи повторно.Меѓу двете спротивставени страни има голема недоверба и обвинувања.Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека нарушувањето на изборите е кривично дело и дека полицијата ќе реагира.Општина Косјериќ има околу 10.000 жители, а право на глас имаат 8.897 гласачи.Според податоците на Градската изборна комисија во Заечар има 47.357 избирачи.Прелиминарните резултати се очекуваат вечерва.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања