„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

србија

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вонредно зголемување на минималната плата во Србија

Српската Влада донесе одлука за зголемување на минималната плата.Од 1 октомври 2025 година минималната плата ќе изнесува 500 евра, а од 1 јануари 2026 година ќе се зголеми на 550 евра.Минималната плата во Србија ќе се зголеми за 9,4% од 1 октомври годинава, на 58.630 динари, односно 500 евра.Ова вонредно зголемување на пензиите е донесено на седница на Социјалниот и економски совет на Србија.Министерот за финансии Синиша Мали и претседателот Александар Вучиќ истакнаа дека ова зголемување е дел од стратегијата за подобрување на животниот стандард и зголемување на куповната моќ на работниците.Сегашната минимална плата изнесува околу 457 евра, што значи дека од октомври следува покачување од околу 9,4%, а од јануари дополнително зголемување.Оваа мерка, според српскиот државен врв ќе влијае на речиси 95.000 работници кои моментално примаат минимална плата, со цел да се подобрат нивните услови за работа и живот.Вучиќ се пофали дека преку оваа политика се очекува и раст на пензиите, како и зголемување на просечната плата во земјата.Синдикатите ја поздравија одлуката, додека дел од работодавачите изразија загриженост поради зголемените трошоци.

Актуелно | пред 5 месеци

zena

(ВИДЕО) Жена со закани до студентите: Имам куршуми за сите што ќе го чепнат Вучиќ

Во едно село кај Крагуевац, една жена со рачна коса излета пред групата жители на Крагуевац кои околу 18 часот тргнаа кон селото за да предадат хуманитарна помош на загрозените од пожарите.Жената излезе и почна да ја пцуе колоната, викајќи: „Кој ми го гиба Вучиќ, имам куршуми за сите што ми го гибаат Вучиќ!” се закани жената.

Актуелно | пред 5 месеци

Vankovska

„Добрососедство по мерка на ЕУ: Блискоста со Србија не се дозволува“, професорката Ванковска објасни што и пречи на Европа

Иако Европската унија постојано инсистира на добрососедски односи меѓу земјите од Западен Балкан, од Македонија очекува да се дистанцира од Србија – став што, според професорката Билјана Ванковска, не само што е контрадикторен, туку и опасен по внатрешната стабилност на државата.-Прво, нѐ обвинуваат за блиски односи со нивна полноправна членка (иако не многу популарна) - Унгарија.Второ, од нас бараат “добрососедски односи” ама сакаат да се скараме со Србите, иако тие (божем) го поддржуваат и членството на Србија (и БиХ) во ЕУ.Конечно, треба да се скараме и со Русија и со Кина - а тие развиваат односи на соработка со Кина особено поради царините на Трамп. Руски енергенси купуваат “под рака” со прокси.За нас знам дека имаме власт која колку и да ја понижуваат, таа ќе им бакнува рака. Ама, ЕУ знае ли кај тера? И како мисли да го стабилизира Балканот со негова дестабилизација?Заборавив да додадам нешто за ефектите врз внатрешната стабилност на Македонија: инсистирајќи на наводно влијание на т.н. Српски свет, ЕП директно ги поткопува меѓуетничките односи. Албанската заедница едвај дочека да викне: “фатете го крадецот (Србите ни се непријатели)”. Уставен суверенитет не постои кај нас од 2018, од миксот на европски и балкански методи како што сугерираше еврокомесарот Хан.Балканскиот котел го меша Брисел. Големите европски сили нѐ третираат како парички за поткусурување“, вели таа.

Македонија | пред 6 месеци

blokada-srbija

Блокади низ Србија: Полицијата во камуфлажни униформи врши апсења од рано наутро

Во Србија, денес е петтиот ден од студентските и граѓанските протести и сообраќајните блокади низ целата земја. Блокади има во Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Краљево, Ваљево, Панчево, Суботица и други градови.Првите апсења на граѓани веќе се евидентирани во Нови Сад. Во Белград, полицијата ги отстрануваше блокадите, а на улиците беа присутни силни полициски сили, вклучувајќи ја жандармеријата и полицајци во цивилна облека со балаклави.„Полицијата ги приведува граѓаните за преминување на улица, но повеќе нема да можат да го прават тоа“, рече граѓанин, еден од учесниците во блокадите.Во Ниш, жена се обиде да ја пробие блокадата со својот автомобил, но полицијата ја запре. Граѓаните во Ниш ги блокираат раскрсниците со преминување на пешачки премини и со тоа го забавуваат сообраќајот, во присуство на полициска придружба.Клучни делови од Белград беа исто така блокирани, вклучувајќи ја улицата Таковска, улицата Кралица Марија, кружниот тек во Нов Белград и неколку раскрсници во Карабурма и Коњарник. На некои места сообраќајот се одвива бавно, додека на други е целосно запрен.Граѓаните на некои места прават бучава со свирчиња и труби, а протестите засега се одвиваат без поголеми конфликти, освен спорадични полициски интервенции.Професорката Ана Савиќ од Факултетот за природни науки изјави за Н1 Белград дека ситуацијата покажува знаци на општествени промени. Како е блокирано?Граѓаните на Стариот град во Белград ги блокираат раскрсниците со брзо демолирање на контејнери за да го спречат сообраќајот, а кога ќе пристигне жандармеријата, тие брзо се преместуваат на нова локација.Како што изјавија за Н1, ова е нивната тактика – штом се појави полицијата или жандармеријата, тие го напуштаат местото без конфликт и продолжуваат понатаму.До 8 часот наутро, тие веќе имаа сменето неколку локации: од Плоштадот на Републиката, преку тунелот Теразије, улиците Дечанска и Македонска.Според извештајот на Н1, граѓаните се многу лути и викаат „напумпајте го“. Жандармеријата брзо ги следи, а зад нив следат и неколку полициски возила.Меѓу демонстрантите има и родители со мали деца. Градскиот сообраќај функционира повремено, а меѓу толпата нема организирани полицајци или моторџии.

Свет | пред 6 месеци

avtopat-Srbija

Трагедија на автопатот кај Суботица: Македонски државјанин загина, друг тешко повреден

Рано утрово, на автопатот Нови Сад–Суботица, во насока кон граничниот премин Хоргош со Унгарија, животот го загуби 39-годишен македонски државјанин, а уште едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа.Несреќата се случила околу 5:15 часот, кога патничко возило од марката „Киа“, по сè уште неутврдени причини, излетало од коловозот во близина на населбата Вишњевац — помеѓу клучката Жедничка и наплатната станица во Суботица — и се превртело.Во несреќата на самото место починал сопатникот Н. А. (39), додека возачот А. А. (60) се здобил со тешки повреди и е хоспитализиран во болницата во Суботица.На местото на трагедијата увид извршија екипи на сообраќајната полиција и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Суботица.Српската полиција информира дека против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

Македонија | пред 6 месеци

IMG_1804

„One stop shop“ систем од денеска за помали гужви на Табановце, се преговара и со Албанија

Се намалуваат гужвите на граничниот премин Табановце, од денеска, петок, 5 јули, официјално стартува примената на системот „One Stop Shop“, со кој контролата ќе се врши само при влез во државата. Овој интегриран модел на гранична проверка треба значително да го олесни и забрза преминот на патници и стоки, особено во летниот период кога метежите се најизразени.Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, најави дека свеченото пуштање во употреба на системот ќе се одржи токму во петок на граничниот премин Табановце-Прешево, со што официјално ќе започне новиот начин на заедничка контрола со Србија.– Со соседна Србија се договоривме на крајот на неделава да го ставиме во функција овој систем. Во петок ќе организираме церемонија со што ќе отпочне примената на новиот модел на гранична контрола – рече Тошковски.Тој додаде дека во тек се и преговори и со Албанија за воведување на „One Stop Shop“ на уште два гранични премини, со цел дополнително олеснување на движењето на луѓето меѓу двете земји.Сличен модел веќе се применува и со Косово на премините Блаце и Јажинце, иако во Белановце сè уште не е ставен во функција. Според најавите, Македонија планира дополнително проширување на системот, додека со Бугарија и Грција, кои се членки на ЕУ и Шенген, ќе се работи на организациско подобрување на граничната инфраструктура и протокот.– Вчера бев на граничниот премин Богородица со Грција и утврдивме дека има простор за оптимизација на преминот. Со мали реорганизации можеме да отвориме две нови ленти за излез и дополнителна лента за влез на товарни возила – истакна Тошковски.Овие мерки беа соопштени по средбата со литванскиот министер Владислав Кондратович, кој престојува во официјална посета на Скопје. Двајцата министри потпишаа Договор за реадмисија и договор за билатерална полициска соработка.

Македонија | пред 6 месеци

avtopat

Подгответе 16 евра за патарина од Прешево до Белград, српските автопати поскапуваат

Патувањето по автопатите во Србија ќе стане поскапо од 4 јули, кога стапува на сила најавеното покачување на патарините за приближно 4,2 отсто по километар, информира српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура. За да стапи на сила, потребно е покачувањето да биде формално одобрено и од Владата на Србија.Новите пресметки покажуваат дека возачите на патнички автомобили кои патуваат од граничниот премин Прешево до Белград, од петок ќе треба да платат 1.970 динари, односно околу 15,85 евра за патарина. За патување од Прешево до Суботица, цената ќе достигне 2.815 динари или приближно 22,64 евра.Колку ќе чини патарината зависи и од трасата по која се движите. Така, на пример:Белград – Димитровград: 1.740 динариБелград – Ниш: 1.170 динариСуботица – Димитровград: 2.575 динариНови Сад – Ниш: 1.490 динариНиш – Шид: 1.690 динариВозачите кои користат електронска наплата (TAG систем) и понатаму ќе можат да искористат одредени попусти, поради што се препорачува оваа опција – особено за оние кои често патуваат по автопатите.Сепак, надлежните предупредуваат на важен детаљ: доколку патникот ја изгуби картичката што ја добива при влез на автопатот, или истата е оштетена или постара од 24 часа, тогаш може да му биде наплатена патарина за најдолгата делница од трасата, како и дополнителни трошоци за итна административна постапка.

Македонија | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-12.55.34

(Видео) Уапсена активистка во Белград: Грубо приведување на мајка на дете со аутизам предизвика бурни реакции

Утринава во Белград, покрај штандот кај плоштадот Фонтана, полицијата привела жена идентификувана како В.К., мајка на девојче со аутизам и основачка на културно-едукативниот Центар „Тара“. Снимка од моментот на приведувањето, на која се гледа како тројца полицајци ја внесуваат В.К. во службено возило со употреба на сила, се прошири на социјалните мрежи и предизвика остра јавна осуда.Српскиот хип-хоп состав „Београдски синдикат“ потврди дека станува збор за В.К., објавувајќи поддршка и апел до институциите.„Таа е човек кој несебично се залага за прифаќање и инклузија на децата и младите со развојни потешкотии. Очекуваме оваа неправда да биде итно исправена, а полицајците кои употребиле прекумерна сила – најстрого санкционирани“, напишаа членовите на бендот на Instagram.Приведувањето се случува во контекст на засилените граѓански протести и блокади низ Белград, каде што од вчера се поставени физички бариери – контејнери и метални огради – на клучни крстосници. Утрово дошло до обид за разградување на блокадата на раскрсницата меѓу Булеварот на кралот Александар и улицата Белградска, кој бил спречен од студенти кои таму дежурале цела ноќ.Протестите продолжуваат како реакција на неодамнешните апсења и наводната полициска бруталност, кои граѓански организации и активисти ги осудуваат како доказ за се поотворената репресија од страна на режимот.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-07-01-at-10.25.33

Блокади, апсења и отпор на улиците во Србија: Студентските протести не запираат

Откако во неделата беа поставени првите барикади, физичката блокада на сообраќајот во Белград продолжува и денес. Контејнери и метални огради го парализираа сообраќајот на раскрсницата меѓу Булеварот на кралот Александар и улицата Белградска, а рано утрово (околу 6:15) дојде до обид за пробивање на блокадата, кој студентите што дежурале цела ноќ успеале да го спречат.Протестите, предводени од студентскиот фронт, се засилија по уапсени осум студенти и се проширија низ цела Србија – со блокади во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Шабац, Чачак, Суботица и уште најмалку десет други градови.Комуналните служби и полицијата преку ноќ ги отстрануваа барикадите, но демонстрантите одново ги поставуваа – често менувајќи локации и стратегија. На некои раскрсници, граѓаните едноставно непрекинато минуваат по пешачки премини, целосно блокирајќи го сообраќајот.Демонстрантите бараат предвремени избори, но и ослободување на уапсените студенти. Во меѓувреме, властите продолжуваат со приведувања – според студентски извори, во понеделник се уапсени над 30 лица. Организациите ProGlas и Slobodne organizacije Srbije ја осудија „државната репресија“ врз студентите и граѓаните. Во Нови Сад, технички факултет бил евакуиран по анонимна дојава за бомба – што студентите го нарекоа „обид за психолошка војна и заплашување“. Претходно, на денот на големиот протест (28 јуни), сите патнички возови беа откажани поради наводна бомбашка закана во железницата.Активисти, наставници и граѓани во повеќе градови изјавуваат дека „улицата останува последното прибежиште“. „Ова не е само борба за студенти – ова е борба за достоинството на сите“, рече еден од демонстрантите во Кралево.Полицијата е масовно присутна, но протестите не стивнуваат – сè повеќе локации низ Србија се под граѓанска блокада.

Свет | пред 6 месеци

putin-odlikuvanje-vucic

Кремљ: Не е исклучена обид за „обоена револуција“ во Србија, но Вучиќ ќе воспостави ред

Кремљ соопшти дека не ја исклучува можноста протестите во Србија да се обид за „обоена револуција“, но изрази доверба дека српското раководство ќе ја врати стабилноста во земјата.„И покрај тоа што Србија е под невиден притисок, не можеме да ја исклучиме употребата на методи познати од обидите за обоени револуции“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Изјавата доаѓа откако српската полиција во саботата се судри со демонстранти кои бараа предвремени избори и крај на 12-годишната власт на претседателот Александар Вучиќ. Тој ги обвини демонстрантите дека „се обиделе да ја срушат Србија“ со поддршка од странски сили, но, како што рече, не успеале.Протестите, кои траат со месеци, вклучуваат и блокади на универзитети. Мандатот на Вучиќ истекува во 2027 година, кога се очекуваат и нови парламентарни избори.

Свет | пред 6 месеци

lavrov-951

Лавров: Се надеваме дека нема да видиме обиди за „обоена револуција“ во Србија

Москва внимателно ја следи ситуацијата со протестите во Србија и изразува надеж дека немирите ќе се смират на уставен и законски начин, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.„Го следиме развојот и заинтересирани сме овие немири да се решат, како што истакна и претседателот на Србија, Александар Вучиќ – во рамки на уставот и законите на оваа пријателска држава“, рече Лавров пред новинарите.Тој додаде дека Русија очекува западните земји да не се вмешуваат и да не ги користат протестите за свои геополитички цели.„Се надеваме дека овојпат нема да видиме обиди за т.н. обоени револуции, како што често знаат да прават западните актери во други земји“, рече шефот на руската дипломатија.Лавров потенцираше и дека е клучно демонстрантите да ги почитуваат српските закони, а ги поздрави и сигналите од српското раководство за отвореност кон дијалог.„Доколку постои волја за разговор, тоа е единствениот вистински пат за надминување на секој внатрешен конфликт“, заклучи Лавров.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-14.08.31

Уапсени и оштетено полициско возило, во Белград полицијата ги отстрани блокадите

Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград по протестите на Видовден и во неделата.Сообраќајот сега може да се одвива нормално. Според полицијата, нивните припадници дејствувале професионално.Повеќе лица се приведени за напад и навреда на полицијата и нарушување на јавниот ред.Оштетено е едно полициско возило.Студентите повикаа на граѓанска непослушност по апсењето на осум нивни колеги.Вишото јавно обвинителство обвини осум студенти за наводно подготвување дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија и во врска со кривичното дело повикување на насилна промена на уставниот поредок.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-23.22.39

Србија на нозе: Студентски бунт по апсења за „уривање уставен поредок“ – блокади, демонстрации, судири

Нови масовни протести избувнаа во повеќе српски градови откако властите уапсија осум студенти под сомнение за заговор против уставниот поредок. Според Вишото јавно обвинителство во Белград, уапсените се товарат дека планирале напади врз државни институции, блокади на клучна инфраструктура и уривање на градилиштето за ЕКСПО 2027 – со крајна цел насилна промена на поредокот во Србија.Апсењата, кои беа спроведени во соработка со полицијата и БИА, ги активираа студентите кои веднаш повикаа на собири пред Обвинителството во Белград, поставувајќи барикади со контејнери и гуми. Наскоро се проширија и на други градови: Нови Сад, Чачак, Шабац, Зајечар, Ваљево, Суботица, Ужице, Крагуевац, Рума и Зрењанин – каде беа блокирани улици и раскрсници.Во Белград, демонстрантите поминале покрај седиштето на владејачката СНС. Според Н1, таму летале камења и било скршено стакло.Сите осомничени се во 48-часовен притвор и се очекува да бидат сослушани од обвинителството. Обвиненијата вклучуваат „Подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија“.Студентските организации ги демантираат наводите за насилни планови, тврдејќи дека станува збор за обид за криминализација на младинскиот отпор. Протестите продолжуваат.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-06-29-at-14.08.31

(Видео) По протестот во Белград: Приведени 29 лица поради насилство и напади врз полицијата

По налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, 29 лица се задржани во притвор до 48 часа поради сомнение за насилничко однесување и напади врз полицијата по завршувањето на масовниот протест што се одржа во саботата вечер во центарот на Белград.Како што се наведува во соопштението, дел од приведените се товарат за кривични дела „насилничко однесување на спортска приредба или јавен собир“ и „напад на службено лице при вршење на службена должност“. Меѓу нив се:Игор Ј. (33) – осомничен дека удрил полицаец со шише во главата,Ненад Н. (60), Живорад Ј. (37) и Зоран Л. (48) – наводно удирале, шутирале и фрлале пиротехника и шишиња врз полицијата,Милош А. (26) – се сомничи дека носел фантомка и физички се пресметувал со полицијата,Јован С. (21) – наводно шутирал припадници на жандармеријата и влечел еден за нога. Дополнително, 15 лица се приведени поради фрлање камења, шишиња, пиротехника и остри предмети врз полицијата во различни делови од градот, а меѓу нив има и лица на возраст меѓу 21 и 59 години.Според Првото основно јавно обвинителство, уште четири лица се задржани – тројца за напад на полицајци пред почетокот на собирот, а едно лице во алкохолизирана состојба се обидело да ја прескокне оградата и да нападне студенти во Пионирскиот парк.Сите приведени ќе бидат изведени на сослушување во законскиот рок, а обвинителството најави дека во соработка со МВР и БИА продолжува со идентификација на останатите учесници во нападите врз полицијата.

Свет | пред 6 месеци

Screenshot-2025-01-21-at-14.34.06

Трамп: Србија се подготвуваше за нова војна со Косово – ја спречивме со закана за стопирање на трговијата

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД успеале да спречат вооружен конфликт меѓу Србија и Косово, кој бил во подготовка на почетокот од оваа година. На прес-конференција во Белата куќа, Трамп рече дека неговата администрација реагирала навреме и му се заканила на Белград со прекин на трговските односи.„Имам пријател во Србија кој ми рече: ‘Повторно ќе одиме во војна’. Не сакам да кажам дека станува збор за Косово, но станува. Требаше да започне голема војна, но ја спречивме поради трговијата. Им реков – ние не тргуваме со оние што водат војна“, изјави Трамп од Овалната канцеларија.Изјавата беше дадена за време на заедничката прес-конференција со министрите за надворешни работи на Конго и Руанда, по потпишувањето на мировен договор меѓу двете земји со посредство на САД. Трамп ја искористи можноста да се пофали со, како што рече, „неколку светски мировни успеси“ за кратко време.„Постигнавме мир меѓу Индија и Пакистан, Израел и Иран, Конго и Руанда... и уште неколку други. Србија се подготвуваше за војна со една група – нема да кажам која – но го спречивме тоа“, додаде Трамп.Изјавата доаѓа во контекст на сè понапрегнатите односи меѓу Белград и Приштина, особено по серијата инциденти и тензии во северниот дел на Косово. Белград сè уште не се огласил официјално по повод изјавите на Трамп.

Свет | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања