„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

србија

Screenshot-2025-08-14-at-22.39.37

(Видео) Снимки од демолирањето на просториите на СНС во Нови Сад

Дел од демонстрантите во Нови Сад вечерва ги демолираа просториите на Српската напредна странка (СНС) на Булеварот на ослободувањето.Прво беа искршени стаклата, по што група лица влегоа внатре и изнесоа столици, картони со јајца, вода и други предмети.Објектот беше гаѓан со јајца, а потоа прелиен со црвена и бела боја. Сцените се случија во тек на масовните протести што паралелно се одржуваат во повеќе српски градови.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-22.37.39

(Видео) Група мажи со палки во центарот на Белград

Зелено–левиот фронт вечерва на својот профил на „X“ објави снимка на која се гледа група помлади мажи, најголем дел облечени во црно, како во улицата „Кнез Милош“ држат дрвени палки.Од другата страна на улицата се наоѓа поголема група граѓани што протестираат, а меѓу двете групи поставен е кордон на Жандармеријата.Сцената се одвива во контекст на масовните протести кои вечерва се одржуваат во Белград и други градови низ Србија, со силно полициско присуство и повеќе пријавени инциденти.

Свет | пред 4 месеци

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

„Не сум диктатор“ – Вучиќ остро на новинари од австриската делегација

Србија и Австрија ќе ја зајакнуваат соработката во сите области, особено во економијата, изјавија српскиот претседател Александар Вучиќ и австрискиот канцелар Кристијан Штокер по денешните разговори во Белград.Штокер, кој претходно престојуваше во Подгорица, во рамки на својата регионална турнеја за првпат го посети Белград. Таму имаше одвоени средби со премиерот Ѓуро Мацута и со претседателот Вучиќ.Вучиќ го пофали гостинoт, нагласувајќи дека Белград „на патот кон ЕУ секогаш добива помош од Виена“, а Штокер возврати дека „Србија е важен трговски партнер на Австрија и треба да стане дел од ЕУ“.Сепак, првите прашања од австриските новинари за повеќемесечните протести против корупцијата и застојот во евроинтеграциите го извадија Вучиќ од такт.„Не сум диктатор, како што ме претставувате“, одговори остро двапати, пренесува Nova.rs.Канцеларот Штокер подоцна призна дека бил изненаден од реакцијата на Вучиќ. „Му реков дека и јас секојдневно се соочувам со критички прашања. Тоа мора да се издржи. Тоа е слобода на медиумите“, изјави тој.

Свет | пред 4 месеци

37318740

(Видео) Ескалација на протестите – упад и хаос пред просториите на СНС во Нови Сад

Протестите низ Србија вечерва ескалираа во Нови Сад, каде што се искршени сите стакла на просториите на Српската напредна странка (СНС) на Булеварот на ослободувањето. Група мажи, користејќи скали, столчиња и други предмети, провалија во просториите на партијата.Атмосферата пред седиштето е хаотична – новинарка на Н1 јави дека е фрлен и солзавец, иако засега не е познато кој го употребил. Демонстрантите фрлаат јајца кон објектот, а од внатре се изнесуваат предмети и опрема.Во Белград, пред просториите на СНС е забележан и поранешниот ракометар Владимир Мандиќ.Во Валево, граѓаните се собраа пред кафе-барот „Романа“ за да изразат поддршка на сопствениците,чиј локал вчера беше демолиран од група насилници, при што беа повредени и неколку гости.

Свет | пред 4 месеци

protesti-srbija

(Видео) Протести низ Србија – блокади пред просториите на СНС

Голем број демонстранти денеска се собраа во улицата „Кнез Милош“ во Белград, каде што полициски кордон им го попречи движењето кон блиските простории на владејачката Српска напредна странка (СНС).Паралелно, протести се одржуваат и во други градови. Во Нови Сад, дел од граѓаните се собраа пред просториите на СНС, каде нема претставници на партијата. Настанот поминува мирно и без инциденти, со присуство на полицајци во цивил, но без униформирани припадници.Во Крушевац, демонстрантите се упатија во протестен марш од седиштето на СНС кон вилата на министерот за одбрана, Братислав Гашиќ.Чачак забележа исто голем одѕив. Интервентната единица повторно ги опкружи просториите на СНС, спречувајќи пристап. Полицијата е распоредена на повеќе локации, а пред просториите на партијата стојат градски функционери, нивни помошници, заменици на градоначалникот и директори на јавни претпријатија. $bp("TargetVideo_55196114", {"id":"45264","width":"647","height":"863","video":"2204147","autoplay":0,"shared":true});Протести низ Србија – блокади пред просториите на СНС

Свет | пред 4 месеци

srbija

Вечерва нови студентски протести во повеќе од 30 градови низ Србија

Студентите во блокада објавија список на локации каде вечерва ќе се одржат протести под слоганот „Вечерас пуцате по шавовима“.Во Белград протестите ќе се одржат пред Генералштабот, на кружниот тек кај Општина Нови Белград и на Автокоманда. Во Нови Сад почетокот е закажан за 19:45 часот пред зградата на БИА.Оваа вечер се најавени собири на повеќе од 30 места низ Србија.Потсетуваме, вчера низ целата земја, вклучително и во Белград, се одржаа протести како реакција на насилството што во вторникот вечерта се случи пред просториите на Српската напредна странка во Врбас, кога приврзаници на СНС со пиротехника гаѓаа граѓани. Синоќа сличен инцидент се случи и во Нови Сад, каде повторно беа нападнати демонстранти, а полицијата не реагираше.Организаторите денеска упатија и апел до граѓаните, од безбедносни причини, да не носат деца или домашни миленици на протестите.„Поради безбедноста на сите учесници, молиме да не се доведуваат животни ниту деца. Ваквите собири подразбираат зголемена бучава, гужва и непредвидливи ситуации кои може да ја загрозат нивната безбедност и да предизвикаат стрес. Нашата е заедничка одговорност е да се грижиме за најосетливите“, порачаа студентите од Правниот факултет преку социјалните мрежи.

Свет | пред 4 месеци

srbija-haos-n1

„Нема да има граѓанска војна во Србија, да разговараме“ - повикува Вучиќ, протестите стануваат се пожестоки

Ситуацијата во Србија синоќа достигна ново ниво на тензии, со масовни демонстрации во повеќе градови и жестоки судири во Нови Сад и Белград. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека во просториите на СНС во Нови Сад се повредени 64 поддржувачи на владејачката партија и 16 полицајци, од кои двајца потешко, нагласувајќи дека „нема да има милост за оние што тепаат и се закануваат“ и дека „нема да има граѓанска војна“.„Вечерва е тешка вечер за граѓаните на Србија… Доживеавме дека некои мислеа дека буквално можат да убиваат луѓе и дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа. Нема да им биде дозволено, ќе бидат строго казнети, ќе бидат строго и силно санкционирани. Ќе ја спречиме секоја нивна желба да нè водат кон граѓански конфликти и да ја загрозат безбедноста и мирот на нашата земја“, изјави Вучиќ на прес-конференција во седиштето на МВР во Белград околу полноќ.Тој рече дека во Нови Сад имало „1.065 демонстранти“ кои наизменично ги напаѓале предните и задните делови од просториите на СНС, а во Белград 3.084 луѓе на сите локации каде, според него, „ја нападнале полицијата и граѓаните кои размислуваат поинаку“.На снимки од социјалните мрежи и локални телевизии се гледаат маскирани мажи со шипки како напаѓаат граѓани. Вучиќ, меѓутоа, не спомена напади иницирани од поддржувачи на СНС, иако сведоштва и видеа од претходната вечер во Врбас и Бачка Паланка покажуваат дека симпатизери на владејачката партија фрлале факели, камења и шишиња кон демонстрантите, што предизвикало судири.„Не ни помисливме да ја извадиме војската и нема потреба. Нема да има граѓанска војна. Ги поканувам да седнат и да разговараат“, порача Вучиќ.Демонстрациите, кои траат од 1 ноември 2024 година по трагичниот колапс на бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад при што загинаа 16 лица, продолжуваат како протест против корупцијата и политичката состојба во земјата. Синоќа, полицијата во Белград употреби солзавец за растерување на групи антивладини демонстранти, а засега нема информации за повредени меѓу нив.

Свет | пред 4 месеци

srbija

(Видео) Зовре во Србија: Ексалираа протестите, насилства на улиците

Вчеравечер во повеќе од 30 градови низ Србија се одржаа антивладини протести под слоганот „Србијо, разбуди се“, иницирани од студентските блокади на високошколските институции. Демонстрациите беа организирани како реакција на завчерашните инциденти во Врбас и Бачка Паланка, каде поддржувачи на Српската напредна странка (СНС) нападнаа граѓани со пиротехнички средства, камења и метални шипки.Најголеми тензии беа забележани во Нови Сад и Белград. Во Нови Сад, околу 21 часот, пред просториите на СНС дојде до жестока ескалација, при што поддржувачите на партијата фрлаа пиротехнички средства, шишиња и камења кон демонстрантите. Следуваше возвратен одговор, а во судирите беа искршени прозорци на седиштето на СНС. Министерството за внатрешни работи соопшти дека еден полицаец е повреден, а кордони беа поставени за да ги разделат завојуваните групи.Во Белград, судирите се одвиваа пред зградата на парламентот, каде се соочија демонстранти и поддржувачи на власта. Претседателот Александар Вучиќ се појави на местото, познато како „Чациленд“, каде поддржувачите на СНС со месеци кампуваат. Полицијата интервенираше, а директорот на полицијата Драган Васиљевиќ за РТС изјави дека не била употребена прекумерна сила.Протестите се проширија и во Ниш, Крагуевац, Чачак, Суботица, Сомбор, Ужице, Лесковац и други градови. Студентските организации ги повикаа граѓаните да се собираат пред просториите на СНС и полициските управи. Во Чачак и Смедерево имало тензии, но без поголеми инциденти.Според извештаите, во Врбас за време на синоќешните судири биле повредени речиси 70 лица, меѓу кои 16 полицајци, што дополнително ги поттикна денешните демонстрации. Опозициските партии и Движењето за обнова ги опишаа настаните како „увод во граѓанска војна“.По средбата со европскиот функционер Штокер, Вучиќ изјави дека Србија девет месеци се соочува со насилни протести и најави можност за предвремени избори. Министерството за внатрешни работи апелираше за смирување на тензиите, додека студентите и демонстрантите продолжуваат да бараат оставки и политички промени.

Свет | пред 4 месеци

srbija-haos-n1

(Видео) Ескалација во Србија: повредени демонстранти, полицајци и новинари

Неколку демонстранти и најмалку четворица полицајци беа повредени во вторник навечер во Врбас и Бачка Паланка за време на антивладините протести, откако групи приврзаници на Српската напредна странка (СНС) фрлаа пиротехника, камења, столчиња и шишиња кон насобраните, а во нив бил испукуван и огномет.Бранoт студентски и граѓански протести во Србија трае веќе девет месеци, поттикнати од трагедијата во Нови Сад, кога загинаа 16 лица. Протестите се одржуваат со барање за одговорност на власта поради корупција и несовесно изведени градежни работи. Синоќешните собирања пред седиштата на СНС во Војводина беа во знак на солидарност со претходно уапсените и повредените демонстранти.Според извештаите на порталите 021, N1 и снимките на социјалните мрежи, полициски кордон во Врбас и Бачка Паланка ги разделувал демонстрантите од приврзаниците на СНС, но присутните тврдат дека полицијата не ги спречила нападите врз граѓаните. Министерството за внатрешни работи, пак, соопшти дека демонстрантите ги нападнале приврзаниците на СНС и дека четворица полицајци, меѓу кои и заменик-началникот на ПУ Нови Сад, биле повредени.  Според новинарите на N1 и „021“, има и повредени демонстранти, а на терен интервенирала Итната медицинска помош. Во Врбас, асистент-снимател на N1 бил погоден со два камена во стомакот и рамото.Медиумите јавуваат дека нападите во двата града биле координирани, што предизвика студентските организации да повикаат на нови протести, кои во текот на ноќта се одржаа пред локалните седишта на СНС во Нови Сад, Белград и Ниш.Протестите се одвивале со турканици со полицијата, а неколку лица биле приведени поради „попречување на службено лице“. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои граѓани прашуваат зошто полицијата не интервенирала за да ги заштити демонстрантите во Врбас и Бачка Паланка.РТС кусо извести за протестите, додека провладините таблоиди ги нарекоа демонстрантите„терористи блокатори“ и „дивјаци“, обвинувајќи ги дека „крвопролевањето им е единствена цел“. Министерството за внатрешни работи најави подетално соопштение во текот на денот.

Свет | пред 5 месеци

minister-srbija

Се разбудил по операцијата, но има проблеми со говорот: Српскиот министер Дарко Глишиќ во критична состојба

Министерот за јавни инвестиции на Србија, Дарко Глишиќ, се разбуди по сложената операција што ја претрпе по мозочниот удар, но и натаму се наоѓа во критична состојба, соопштија српските здравствени власти. Тој е свесен, но има сериозни проблеми со говорот.Глишиќ доживеа мозочен удар во текот на вчерашното утринско гостување во живо на ТВ Пинк. По итна интервенција во Клиничкиот центар на Србија, министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека првите 24 часа се клучни за неговото закрепнување.„Интервенцијата траеше подолго од планираното, но успешно го решивме најголемиот проблем – блокадата на крвниот сад што води кон мозокот, поточно до говорниот центар. Истовремено имаше тромб и крварење, што дополнително ја усложни состојбата. Сега е на респиратор, на одделението за интензивна нега, каде што продолжува борбата за неговиот живот“, изјави Лончар.Тој нагласи дека се работело за исклучително комплексна процедура во која биле вклучени неколку медицински тимови. Дополнително, кај пациентот биле забележани и други проширени крвни садови со присуство на тромбна маса која исто така предизвикала крварење.„Причината за мозочниот удар е елиминирана, но телото сега треба да се избори со последиците. Не даваме прогнози – секој час е борба“, додаде Лончар.

Свет | пред 5 месеци

policija-belgrad

Поранешните министри Весиќ и Момировиќ во притвор за корупција

Вишиот суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на 13 осомничени во случајот за корупција за време на реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад и реконструкцијата и модернизацијата на железничката пруга Нови Сад – државна граница. Меѓу нив се и поранешните министри Томислав Момировиќ и Горан Весиќ.Одлуката за притвор сепак не е конечна, бидејќи адвокатите на осомничените имаат право на жалба на оваа одлука во следните три дена.Томислав Момировиќ, Анита Димовски, Небојша Шурлан и другите осомничени кои досега беа испрашувани од Обвинителството за организиран криминал негираа каква било вина во врска со корупцијата во проектот за реконструкција на железничката пруга од Нови Сад до Суботица.Горан Весиќ не бил испрашуван бидејќи била доставена медицинска документација во која се наведува дека е на болничко лекување.Приведените се сомничат дека го оштетиле буџетот на Република Србија за 115,56 милиони американски долари, што претставува разлика помеѓу преземените финансиски обврски за државниот буџет и договорната цена од комерцијалниот договор.

Свет | пред 5 месеци

bugarski-pasos

Бугарски пасоши вадат и Србите: Околу 8.000 граѓани со бугарско државјанство, а трендот расте!

Сè повеќе граѓани од јужниот дел на Србија добиваат бугарско државјанство, по примерот на илјадниците Македонци што тоа веќе го сториле во изминатите години. Според „Нишке вести“, на чија анализа се повикува агенцијата БГНЕС, бројката на српски државјани со бугарски пасоши се движи меѓу 5.000 и 8.000, а само во последните две години повеќе од 2.000 лица од Србија станале бугарски државјани.Во текстот се наведува дека, иако бројките сè уште не се масовни, трендот е во постојан пораст, а Бугарија веќе не ги пресметува овие лица како Срби во своите статистики. „И, најважно: Бугарија повеќе не ги смета во статистиката како Срби“, стои во коментарот на порталот.Како причина за загриженост, авторот посочува дека бугарската држава може еден ден официјално да го прогласи југот на Србија за „бугарски културен простор“ и да тврди дека таму живеат десетици илјади Бугари, што ќе го оправда со постоењето на документирани државјанства и идентитетски изјави.„Истото веќе се случи – во Северна Македонија. Таму, над 120.000 граѓани добија бугарски пасоши. Нема медиумска возбуда. Нема скандали. Само редици пред конзулатот. Ова не е политичка завера, туку политичка расправија“, се вели во текстот.БГНЕС потсетува дека Белград го користи терминот „Јужна Србија“ и кога се однесува на територијата на денешна Северна Македонија, алудирајќи на историските и политички претензии.Авторот на анализата предупредува: „На прв поглед – легитимно право на секој граѓанин е да бара подобра можност. На втор поглед тоа е – аларм. Секоја земја треба да се запраша: што значи кога нејзините граѓани масовно добиваат државјанство на друга земја, но продолжуваат да живеат, работат и гласаат тука? Пасошот не е само средство за патување. Тој е основа на меѓународното право, идентитетот и потенцијалните територијални и културни претензии“.„И најважно – тоа се информации што се внесуваат во официјалните регистри. Кога се случува криза, кога се дискутира за малцинствата во Советот на Европа, кога се подготвува нов буџет за прекугранична соработка – бројките стануваат алатки. Алатки на политиката. А, ние? Ние молчиме. Затоа што 'станува збор за работа'. Затоа што 'ништо нема да се случи'. Затоа што 'важно е да се оди некаде'. Забораваме дека историјата честопати не прашува како нешто започнало – туку кaде одвело“, пишува „Нишке вести“.Во Србија, сè погласни се повиците за отворање јавна дебата за тоа што значи колективна промена на идентитетот без јавна расправа. Авторот заклучува:„Ако го игнорираме ова, за 10, 20 или 30 години некој навистина може да каже: Таму живеат 50.000 Бугари. Ова е наша територија. Наш интерес. Наша историска одговорност. И нема да биде важно што биле Срби. Дека зборувале српски, живееле во Ниш. Она што ќе биде важно е што е напишано во пасошот. И колкумина од нас молчеле“.Во текстот се додава и дека, иако Бугарија се радува на овие бројки и на уплатите поврзани со постапката за добивање државјанство, никој не зборува за можниот „бумеранг“ ефект – сценарио во кое овие новоосознаени Бугари би можеле да се самоорганизираат, да формираат политичка партија и да влијаат врз одлуките во Србија.

Свет | пред 5 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-53-0220PM

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на 56-годишна возраст од Пожаревац, Република Србија, информираа од СВР Охрид.Случајот бил пријавен во 19:41 часот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.Полицијата продолжува со истражување на случајот за целосно утврдување на сите околности.

Охрид | пред 5 месеци

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Вучиќ ќе ја помилува девојката која прегази студентка на протестите во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе ја помилува 25 годишната девојка, која во јануари со својот автомобил удри студентка што протестираше во Белград.Вучиќ рекол дека ќе ја аболира 25 годишната девојка која е осомничена за убиство во обид доколку за тоа се согласи нејзиното семејство.,,Taa девојка со ништо не го заслужи тоа обвинение. За мене е ужасно што како претседател кој до пред неколку недели не издаде ниту едно помилување за девет години, сега морам да ја исправам неправдата што ја нанесоа обвинителите и судовите. Ќе продолжам да го правам тоа бидејќи неправдата е толку очигледна што ќе морам да ги заштитам слабите, прогонуваните и жртвите на нивните секојдневни напади”, изјави Вучиќ во телефонско интервју за Информер.Кристина Васиљевиќ, студентката што била жртва на тој настан, вели дека не се чувствува добро по сите настани од пред шест месеци до денес.Таа вели дека имала сериозни телесни повреди што можеле да доведат до смрт во секој момент.Кога ја прашале како гледа на објавувањето на помилувањето, таа вели дека тоа е многу страшно.,,Бидејќи нешто вакво не заслужува да се укине, немам никакви паметни коментари за вакви работи, никогаш не би сакала да му се случи на никого, а особено не овој вид насилство да се укине“, вели Кристина.

Свет | пред 5 месеци

Screenshot-2024-11-23-at-12.34.16

Србија ќе им исплати на семејствата на жртвите во Нови Сад по 43.000 евра

Судот во Нови Сад пресуди дека Република Србија и Српската железничка инфраструктура им должат на семејствата на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад минатата година околу 166.000.Четири семејства тужеа две државни институции, од кои судот бара секоја да плати речиси 43.000 евра надомест за нематеријална штета претрпена поради смртта на близок.Според истата пресуда, обвинетите мора да им ги надоместат на тужителите трошоците за судската постапка со законска затезна камата. Дозволена е жалба против пресудата до Апелациониот суд во Нови Сад.На 1 ноември минатата година, при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.Ова беше почеток на секојдневни масовни антивладини студентски и граѓански протести, блокади на патишта и институции, со барање за санкционирање на одговорните во српската влада, а сега и предвремени парламентарни избори.Иако Вишото јавно обвинителство поднесе обвинение против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт Горан Весиќ и поранешната директорка на „Инфраструктура железнице“ Јелена Танасковиќ, судот го врати предметот на дополнително истражување.

Свет | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања