„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

србија

karleusa

(Видео) Карлеуша сподели снимка по инцидентите: „Му*а, концертот заврши до крај – нападнаа жени и деца“

По инцидентите и навредливите извици кон неа на концертот во Лозница, Јелена Карлеуша се огласи на социјалните мрежи. Таа објави видео од крајот на настапот, отфрлајќи ги тврдењата на дел од медиумите дека настапот бил прекинат.„М**а. Заради ужасни текстови и коментари полни со омраза од медиуми од Хрватска и Босна, кои меѓу другото излажаа дека сум го прекинала концертот, имам потреба да ја објавам оваа снимка. Некои 20-тина платеници (со многу чуден изглед и акцент, како да не се од Србија) дојдоа со намера да го прекинат концертот, напаѓајќи жени и деца, но беа небитни во однос на прекрасните луѓе во публиката за кои настапив до крај“, напиша Карлеуша.Таа додаде и дека „српскиот народ ќе ја победи кризата и повторно ќе биде сложен“, но и порача дека не треба да се заборави „кои се пријатели, а кои непријатели“.Во друга објава пејачката им се заблагодари на присутните со порака: „Фала Лозница, бенгавме јако“, на што доби иронични коментари: „Чекај да те исправам, ‘бегавме јако’“.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.47.03

(Видео) Судири во центарот на Белград: Запалени контејнери, полицијата интервенираше со солзавец

Во центарот на Белград, на платото кај Славија, полицијата вечерва интервенираше со солзавец за да ги растера демонстрантите.Граѓаните беа потиснати во околните улици, а според информациите, контејнери биле запалени и на улицата Белградска. Дел од демонстрантите се движат кон Правниот факултет.Ова е уште една од серијата тензични сцени кои се одвиваат низ Белград во рамки на протестите што траат веќе неколку дена.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.35.02

(Видео) Судир во Ниш – полицијата со хемиски средства против демонстрантите

Во Ниш вечерва дојде до судир меѓу граѓаните и полицијата, иако претходно имаше информации дека протестите таму поминуваат мирно.Како што јавуваат „Јужни вести“, полицијата во интервенцијата употребила солзавец за растерување на демонстрантите.Настанот е дел од бранот протести што деновиве се одржуваат низ Србија, при што во повеќе градови се регистрирани тензии и физички пресметки меѓу учесниците и полициските сили.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.33.45

(Видео) „Кучињата на Вучиќ“ - демонстранти во Чачак провоцираа полиција пред станица

Пред полициската станица во Чачак вечерва се одржа протест на кој демонстрантите симболично им подале раце на полицајците, барајќи да бидат уапсени.Собраните, кои извикувале погрдни зборови кон полицијата и српскиот претседател Александар Вучиќ, присутните полициски службеници ги нарекле „Кучињата на Вучиќ“.Инцидентот се случува во контекст на пошироките антивладини протести низ Србија, кои последните денови се одвиваат со засилено полициско присуство и повремени тензии меѓу двете страни.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.31.41

(Видео) Инцидент во Ваљево: Маскирани лица нападнаа локал, повредена жена

Вечерва во Ваљево група маскирани напаѓачи го демолирала кафе-барот „Сквер“, јавува Nova.rs. Според информации споделени од граѓани на социјалните мрежи, во нападот била повредена една вработена во локалот.Жената, според истите извори, добила повреди на главата и скршеница на раката. Засега нема официјални информации за идентитетот на напаѓачите ниту за мотивите зад инцидентот. Полицијата сè уште не се огласила за случајот.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.42.29

(Видео) Прекинат концертот на Јелена Карлеуша – полицијата ја евакуираше пејачката

Концертот на српската пејачка Јелена Карлеуша беше прекинат откако дел од присутните граѓани упаднаа на настапот и почнаа да ѝ дофрлуваат погрдни зборови.Според снимки и сведоштва од настанот, полицијата интервенирала и ја придружила пејачката до нејзиното возило, додека дел од публиката продолжила со навредите.Настанот заврши порано од планираното, а атмосферата на местото била напната. Засега нема информации дали некој е приведен или повреден во инцидентот. Карлеуша изминатиот период, отворено го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ, а упатува навреди кон студентите и граѓаните кои протестираат.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-15-at-23.32.28

(Видео) Затегната атмосфера во Белград: олицијата тврди дека протестантите се вооружени – активистите негираат

Во Нов Белград, полицијата побара од присутните граѓани да се повлечат, тврдејќи дека дел од демонстрантите се вооружени. Според N1 Србија, активистот и советник во општинското собрание на Нов Белград, Здравко Јанковиќ од Зелено-левиот фронт, разговарал со командантот на полициската бригада Драгослав Репац, кој му порачал дека собирот е незаконски бидејќи не е пријавен, а дека во толпата има наоружани лица.„Ви издавам јасна наредба да ја напуштите оваа позиција или да се поместите на безбедно растојание, за да не дојде до судир со полицијата. Ако има напад врз полициски службеници или други граѓани, ќе реагираме согласно законот“, изјавил Репац, пренесуваат тамошните медиуми.Јанковиќ одговорил дека присутните не се вооружени и дека само сакаат да се приклучат на другата група граѓани, но полицијата тоа не го дозволила.Во меѓувреме, во улицата „Кнеза Милоша“ пристигнал дополнителен кордон, кој се позиционирал пред Владата на Србија. Полицијата се најде меѓу две групи демонстранти – едната која дошла од Нов Белград преку Газела и другата која веќе била во центарот. Зад полициските кордони застанале оклопни возила со вклучени ротации, а демонстрантите од страната на Газела поставиле контејнери на средината на улицата.

Свет | пред 4 месеци

ad94dac4-af52-4d5f-89e0-ecd5591a5414

Вучиќ за протестите во Ваљево: „Банда која цела вечер ја гаѓала полицијата“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за РТС изјави дека полицијата во Ваљево цела вечер била гаѓана со најразлични предмети и ја нарече групата демонстранти „банда“.„Погледнете ја оваа банда која ги гаѓала цела вечер. Полицијата стои, не се движи, никого не допира, а тие ги напаѓаат“, рече Вучиќ, тврдејќи дека полицијата била „неверојатно толерантна и трпелива“.Но, снимките од протестот „Вечерас пуцате по шавовима“ прикажуваат сосема поинаква слика – униформирани полицајци како удираат граѓани со палки, ги бркаат низ улиците, а дел од присутните се обидуваат да се сокријат. Според сведоштва, полицијата влегувала и во локали, извлекувала луѓе и ги приведувала, без разлика дали учествувале во протестот.Движењето „Крени-Промени“ на социјалната мрежа X објави видео со имињата на полицајци од Прибој и други градови, кои, според тврдењата на граѓани и видео-доказите, учествувале во бруталното претепување. Меѓу наведените се: Терзиќ, Краина, Аврамовиќ, Којадиновиќ, Лаловиќ, Келовиќ, Радовиќ, Мујезиновиќ, Немања Павловиќ – Мачак и Жељко Рашевиќ. Од „Крени-Промени“ порачуваат дека „сите ќе одговараат за секоја детска крв и солза на секоја мајка“.

Свет | пред 4 месеци

protesti-srbija

Напнато во Белград: блокади, собирања и провокации со ласери

Во Нов Белград, на кружниот тек кај Општината, граѓаните се собраа на коловозот, но сообраќајот сè уште не е запрен.Некои од присутните изјавиле дека бил присутен голем број оклопни возила, што предизвикало вознемиреност, но нагласуваат дека се решени да го одржат вечерниот протест. Дел од нив споменале и можност да се упатат кон простории на Српската напредна странка во Нов Белград. Атмосферата е бучна, се слушаат свирежи, а возачи им даваат поддршка со свирење сирени.Паралелно, во Белград граѓани се собираат и кај Владата на Србија, каде што го блокираа сообраќајот на аголот меѓу улиците „Немањина“ и „Кнез Милош“. Нема униформирана полиција, но има полициски службеници во цивил.Според Nova.rs, приврзаници на Српската напредна странка повторно ги провоцираат демонстрантите кај Главниот штаб во Белград, постојано осветлувајќи ги со ласери.

Свет | пред 4 месеци

da5a52dd-e528-486c-b0b4-e99bdea5b1e2

„Ќе те соблечам и силувам пред сите“ – потресно сведоштво на студентка за полициска тортура

Народното движење на Србија (НПС) побара итна смена на командантот на Единицата за обезбедување на одредени лица и објекти (ЈЗО) Марко Кричак, поради, како што наведуваат, брутално малтретирање на граѓани по протестите во Белград.Студентката Николина Синѓелиќ за Н1 Србија изјави дека во четвртокот навечер, таа и колегата Стеван Здравковиќ биле одведени во гаражата на Владата на Србија од припадници на ЈЗО, полицијата и маскирани мажи. Таму, вели таа, Кричак ја шамарал, ја удирал со глава во ѕид и ѝ се заканувал дека ќе ја „соблече и силува пред сите“.„Ме нарекуваа ‘курво, ти нè снимаш’. Ми ја одзедоа камерата, го скршија телефонот и ме тераа да лежам на подот како криминалец. Кричак ми рече дека треба да го замолам да престане да ме тепа“, изјави студентката.НПС тврди дека на Здравковиќ му биле уништени мобилните телефони, а двајцата биле држени три часа во гаражата пред да бидат префрлени во полициска станица.

Свет | пред 4 месеци

ad94dac4-af52-4d5f-89e0-ecd5591a5414

(Видео) Снимка од бруталната интервенција на полицијата врз демонстранти во Ваљево

Во Ваљево, граѓани одговорија на повикот на студентите и повторно се собраа на протест под мотото „Вечерас пукате по шавовима“. Атмосферата цела вечер била исклучително напната, со силно полициско присуство и двоен кордон во опрема за разбијање протести. На снимките што кружат на социјалните мрежи се гледа како униформирани полициски службеници применуваат брутална сила врз граѓаните – тепаат со пендреци и удираат со нозе, а дел од демонстрантите се обиделе да се засолнат во влезови на згради, но биле бркани и нападнати.Очевидци тврдат дека полицијата апсела и тепала и лица кои воопшто не учествувале на протестот, извлекувајќи ги од околните локали.Особено ја вознемири јавноста снимка на која се гледа како десетина полицајци во Караѓорѓева улица туркаат младо лице на асфалтот и продолжуваат да го удираат. Според неофицијални информации, тој е задржан во болница.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-23.42.34

(Видео) Нападнат опозициски пратеник во центарот на Белград – крвав инцидент на протестите

Во улицата „Кнез Милош“ во центарот на Белград вечерва избила тепачка, при што, според првичните неофицијални информации на тамошните медиуми, група напаѓачи поврзани со Српската напредна странка (СНС) нападнале демонстранти.Меѓу нападнатите е и Пеѓа Митровиќ, пратеник на опозициската партија Слобода и правда. Партијата на платформата „X“ објави снимка на која се гледа дека Митровиќ е облеан во крв, тврдејќи дека му е скршена главата со метална шипка, а потоа бил удиран повеќепати во телото.Според објавата, Митровиќ е на пат кон болница. Засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба, ниту реакција од МВР.Инцидентот се случува во услови на висока напнатост поради масовните протести низ Србија, кои во повеќе градови вечерва се одвиваат со силно полициско присуство и повеќе пријавени судири.ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА.

Свет | пред 4 месеци

tepanje

(Вознемирувачки фотографии) Брутална полициска интервенција во Ваљево – претепани и приведени граѓани

Протестот „Вечерва пукате по шавови“, организиран од студенти во Ваљево, заврши со жестока полициска акција и бројни повредени граѓани. Според снимките објавени на социјалните мрежи и пренесени од Нова.рс, униформирани полицајци користеле прекумерна сила, а дел од демонстрантите биле брутално претепани.Напнатоста во градот траела целата вечер. На клучните раскрсници биле поставени двојни полициски кордони во опрема за разбивање демонстрации, кои го блокирале пристапот кон улицата Хајдук Вељкова. Присутните скандирале против актуелната власт, претседателот и полицијата, јавува Нова.рс.Видеата што кружат онлајн прикажуваат полицајци како тепаат граѓани, вклучително и оние кои се обиделе да се засолнат во влезовите на станбените згради. Според очевидци, полицијата влегувала по нив и продолжувала да ги удира.Еден млад човек бил нападнат од повеќемина припадници на полицијата во опрема за немири, а граѓаните сведочат дека органите на редот апселе и тепале без разлика дали лицата учествувале во протестот. Имало случаи кога полицијата влегувала во околните барови, извлекувала луѓе надвор и физички ги нападнала пред да ги приведе.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-14-at-23.33.47

Протестниот бран во Србија се шири – тензии и инциденти во повеќе градови

Вечерва низ Србија продолжуваат протестите против владејачката Српска напредна странка (СНС), со илјадници граѓани на улиците и силно полициско присуство.Во Горњи Милановац, неколку стотици демонстранти се собраа пред просториите на СНС, но полициски кордон им го блокираше пристапот. Пред објектот се наоѓаа партиски и градски функционери и активисти со државни знамиња, додека од звучници одекнуваше химната „Боже правде“. Протестот, организиран од студентите и средношколците под мотото „Побуни се“, започна на плоштадот „Кнез Михаило“ и продолжи со марш до седиштето на партијата.Во Нови Сад, по демолирањето на просториите на СНС на Булеварот на ослободувањето, дел од демонстрантите влегоа и во седиштето на партијата во улицата Стражиловска, каде што вчера, според обвинувања, партиски приврзаници нападнале граѓани со пиротехника.Шабац вечерва исто така е жариште на тензии – пред просториите на СНС беше фрлена пиротехника, при што беа погодени неколку приврзаници на партијата кои стоеле со српски знамиња. Потоа беа фрлени и „топовски удари“, по што најголем дел од нив се повлекоа во објектот. Демонстрантите и седиштето на СНС ги раздвојуваше оклопна полиција.Во Ниш, граѓаните се собраа пред градското собрание, каде што фрлаа со јајца врз кордони на полицијата, извикувајќи пароли „Уапсете го Вучиќ“, „Спуштете ги штитовите“ и „Дали за ова се школувавте“.Протестите во сите градови продолжуваат со засилено полициско присуство, а вечерта ја одбележуваат повеќе инциденти и вербални судири меѓу демонстрантите и приврзаниците на СНС.

Свет | пред 4 месеци

srbija-protesti-belgrad

(Видео) Почна хаос и пред Генералштабот во Белград

На социјалните мрежи вечерва се појавија снимки и објави за, како што се наведува, „почеток на хаосот“ пред Генералштабот во Белград.Според описите, полицијата се повлекла кон Савски венец, по што следел напад од приврзаници на Српската напредна странка (СНС) со пиротехнички средства и палки кон демонстрантите.Информациите засега не се официјално потврдени, а медиумите јавуваат дека ситуацијата околу зградата на Генералштабот е напната, со присуство на полиција и групи демонстранти.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања