„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

србија

novi-sad-nesreka3

Поминаа 10 месеци од трагедијата во Нови Сад, се оддава почит за 16-те загинати

Во Нови Сад денеска се одбележуваат 10 месеци од уривањето на бетонската настрешница на влезот на железничката станица, несреќа во која загинаа 16 лица, а едно лице беше тешко повредено.Во 11:52 часот, точното време на несреќата, граѓаните се собраа на железничката станица и оддадоа почит со 16 минути молчење. За вечерва, од 19 часот, средношколците најавија собир на универзитетскиот кампус под мотото „Средношколците се сеќаваат – сите сме под настрешницата“. Поддршка за иницијативата стигна и од студентите кои продолжуваат со блокади на факултетите.„Средношколците се сеќаваат, ние се придружуваме,“ соопштија студентите во својот повик.Катастрофата предизвика масовни протести низ Србија и доведе до блокади на универзитети во повеќе градови. Сепак, судската постапка сè уште не е започната, бидејќи истрагата на обвинителството беше стопирана по барање на еден од осомничените – поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура, Горан Весиќ – за изземање на обвинителите во Нови Сад и на државната обвинителка Загорка Доловац.Во меѓувреме, Обвинителството за организиран криминал на 1 август соопшти дека шест лица се уапсени во рамки на истрагата за финансиските текови поврзани со проектот за модернизација на железничката линија Нови Сад – Суботица – државна граница (Келебија).Меѓу уапсените се и поранешниот министер Томислав Момировиќ, кој ја водеше ресорот од октомври 2020 до октомври 2022 година, како и Анита Димоски, поранешна вршителка на должноста помошник-министер и раководителка на Секторот за железници и интермодален транспорт во периодот од ноември 2020 година.

Свет | пред 4 месеци

1756545527_Screenshot_2025-08-30.format-webp.width-1200

„Виз ер“ хаос: Патници од Крит тргнале за Белград, но слетале во Скопје, а на аеродромот очекувале празен авион?

Летот на „Виз ер“ од Крит за Белград, кој требаше да полета 15 минути по полноќ, заврши со неочекуван пресврт – патниците наместо на белградскиот аеродром се најдоа во Скопје околу 4 часот изутрина, пренесе српската „Н1“.Една од патничките, Јелена, изјавила дека никој не бил информиран дека летот ќе биде откажан, туку добивале пораки на секој час со нови одложувања. Конечно, летот тргнал во 4:20 часот, но наместо во Белград, слетале во Скопје.„На аеродромот во Скопје сите беа изненадени и полицијата и службениците, бидејќи ‘Виз ер’ им пријавил дека слетува празен авион, а од него излегоа околу 200 патници,“ раскажала Јелена.Таа додала дека патниците биле задржани подолго во авионот без објаснување, а една жена се почувствувала лошо. „Пилотот кажа дека нивното работно време завршува и дека информации ќе добиеме на аеродромот. Но таму никој не знаеше ништо,“ вели таа.Како причина за пренасочувањето било наведено дека белградскиот аеродром „не работи и дека авиони не слетуваат“. Патниците дури ја контактирале и српската амбасада, но им било одговорено дека не може ништо да се стори.По инсистирање на патниците, аеродромот во Скопје обезбедил автобус за нивен транспорт до Белград.Засега од ТАВ Македонија нема официјално соопштение за настанот.

Балкан | пред 4 месеци

dacic-pliko

Плико со три куршуми испратено до Ивица Дачиќ

Српското Министерство за внатрешни работи потврди дека во зградата на Владата на Република Србија била откриена сомнителна пратка, адресирана на потпретседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ. Во пликото биле пронајдени три куршуми.Пратката била откриена на 28 август за време на безбедносна проверка со рендген апарат при сортирање на пошта. Истрагата покажала дека пликото било предадена во поштенска филијала во Пожаревац два дена претходно.Полицијата веќе идентификувала и пронашла лице за кое постои сомнение дека ја испратило пратката. Сепак, мотивите и сите околности на случајот сè уште се истражуваат.Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека преземаат сите законски мерки за заштита на безбедноста на граѓаните и на државните институции.

Балкан | пред 4 месеци

novak-dzokovic-4

Како би изгледало кога Новак Ѓоковиќ и Никола Јокиќ би играле тенис или кошарка

Српската кошаркарска репрезентација важи за главен фаворит на претстојното Европско првенство, а според Новак Ѓоковиќ, тоа е и заслужен статус поради силниот состав кој по повеќе од две децении може да донесе злато на едно големо натпреварување.Најдобриот тенисер во светот пред неколку дена испрати поддршка за избраниците на тренерот Светислав Пешиќ, а сега повторно зборуваше за Евробаскетот, но и за една интересна идеја со Никола Јокиќ.„Не знам како би изгледало тоа, да бидам искрен. Го повикувам Никола кога сака, не знам колку сака и следи тенис, но би сакал со него да одиграм. Како и кошарка, секако“, изјави Ѓоковиќ.Тој додаде дека притисокот врз репрезентацијата на Србија е нешто сосема нормално и природно во вакви околности.„Тоа е составен дел од очекувањата пред едно големо натпреварување кога имаме толку силна екипа. Во мојот спорт сум во таква позиција скоро дваесет години, луѓето секогаш очекуваат да освојувам. Но, на крајот на краиштата, притисокот е привилегија, како што вели Били Џин Кинг. За тоа се бориш, за тоа сонуваш, треба да се собере храброст и да се игра најдобро кога е најпотребно. Овие момци тоа многупати го покажаа во минатото, сите се шампиони, почнувајќи од лидерот и капитенот Богдан Богдановиќ“, изјави Ѓоковиќ.Србија го започнува Европското првенство на 27 август со натпревар против Естонија.

Свет | пред 4 месеци

vucic-brnabic

Брнабиќ: „Луѓе без лице не можат да ја водат Србија“

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро ги критикуваше оние кои, како што рече, веќе десет месеци се обидуваат да создадат нестабилност и хаос во државата, одбивајќи дијалог со претседателот Александар Вучиќ.„Претседателот во повеќе наврати понуди разговори за да се спречат поделби и уништување на Србија. Секогаш беше отворен за дијалог – од средби со ректорот Ѓокиќ, до разговори за избори, кои единствено тој може да ги распише. Тие тоа го одбиваат, како и секоја можност за јавна дебата пред граѓаните“, изјави Брнабиќ.Според неа, парадокс е што истите луѓе кои одбиваат разговор со претседателот со ентузијазам прифаќаат средби со странски претставници – од европски комесари до специјални известувачи – и кон нив покажуваат почит што не ја имаат кон институциите на сопствената земја.„Причините зошто одбиваат јавен разговор се јасни: сакаат да останат луѓе без лице за секој да може да ги идеализира, немаат ниту план ниту програма за Србија, а единствената визија им е насилство. Луѓе без лице не можат да ја водат Србија во сигурност и стабилност,“ порача премиерката.

Свет | пред 4 месеци

IMG_0656

Новак загрижен: „Се надевам дека состојбата во Србија ќе се смири, на раб сме на граѓанска војна“

Новак Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Њујорк каде што се подготвува за поход кон својата 25. гренд слем титула во кариерата.Во разговор за српските медиуми, Ѓоковиќ зборуваше и за ситуацијата во Србија:„Состојбата во земјата генерално е таква што на луѓето најмалку им е до спорт… Се случуваат многу работи, голема е транзицијата и на народот и на државата… Без да навлегувам во политика, бидејќи веќе доволно сум зборувал на таа тема, се надевам дека ќе се смират страстите. Сè многу ескалираше, буквално сме на граница на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата ќе се смири, но засега нема навестување за тоа,“ рече Ѓоковиќ.Тој ја спомена темата и во контекст на селидбата на тенискиот турнир од Белград во Атина.„Сè што можам да кажам е дека ние не сакавме да го селиме турнирот, тоа е сè. За жал, така е, како што е…“Фалејќи ја Атина и Грција, Ѓоковиќ изрази надеж дека турнирот повторно ќе се врати во Србија:„Дали ќе се врати турнирот во Србија… Се надевам дека ќе се врати. Од наша страна секогаш постои желба и тенденција. Мојот брат Ѓорѓе, кој го води турнирот, едноставно беше ставен во ситуација турнирот да мора да се пресели. Се надевам дека во наредните години ќе дојде подобро време и дека турнирот ќе се врати, можеби дури и во повисока категорија – никогаш не се знае. Белградската публика го сака тенисот и го следи, Србија во последните дваесет години стана вистинска тениска земја со сите наши успеси.“

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-00.47.03

(Видео) Политички прогон во Србија – пратеник и активистка во притвор

Српската јавност е вознемирена откако властите изрекоа казни за двајца претставници на Движењето на слободни граѓани (ПСГ). Пратеникот Радивој Јововиќ доби 30 дена затвор во Клиса, додека неговата сопартијка и активистка Исидора Челекетиќ е испратена во домашен притвор со можност да остане таму и до три месеци.Јововиќ беше приведен на 19 август за време на блокадата на Основниот суд во Нови Сад, кога се обидел да влезе од страничниот влез. Само неколку часа подоцна беше уапсена и неговата девојка Челекетиќ. Полицијата ги товари за тоа дека физички го спречиле јавниот обвинител да ја напушти или да влезе во зградата на судот за време на нерегистриран јавен собир.Според соопштението од полицијата, Јововиќ дополнително е обвинет за туркање на полицаец и навредување на службени лица, па против него се води постапка и за напад на службено лице при вршење службени должности.ПСГ реагираше остро, оценувајќи дека станува збор за најголемиот политички прогон врз нив досега.„Движењето на слободни граѓани денес има најмногу политички затвореници во Србија“, велат од организацијата, потсетувајќи дека покрај Јововиќ и Челекетиќ, претходно беше уапсена и Теодора Берак, а домашниот притвор на нивните членови неодамна е продолжен за дополнителни три месеци.„Продолжувањето на притворот на активисти кои се зад решетки повеќе од пет месеци е директно кршење на човековите права. Законот предвидува притвор како исклучителна, а не како редовна мерка“, стои во нивното соопштение.Партијата смета дека станува збор за координирана акција на власта чија цел е да се замолчат критичарите и да се заплашат сите кои бараат демократска и слободна Србија.ПСГ испрати повик до Европската Унија, Советот на Европа и меѓународните организации да реагираат на „системскиот прогон“ и да обрнат внимание на фактот дека, како што тврдат, Србија денес повторно има политички затвореници, а институциите се претворени во средство за политичка репресија.

Свет | пред 4 месеци

dui-

ДУИ ја обвини ВРЕДИ дека наместо албанска донела српска банка во Македонија

ДУИ денеска обвини дека партијата ВРЕДИ го прекршила предизборното ветување за основање на албанска банка со доминантен албански капитал и наместо тоа отворила врата за влез на српска банка во Македонија.„Наместо да го исполнат ветувањето од програмата за 2024 година за Албанска банка, ВРЕДИ, како слуга на ВМРО, овозможи навлегување на ‘Српскиот свет’ во банкарскиот сектор преку Алта банка“, се наведува во соопштението на ДУИ.Партијата тврди дека станува збор за политички и економски проект на Белград, а не за обична финансиска инвестиција. Како аргумент наведуваат дека назначувањето на Маја Кадиевска Војновиќ на чело на банката било резултат на лобирање од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кај српскиот претседател Александар Вучиќ.ДУИ предупредува дека влезот на српски капитал во банкарскиот сектор претставува прашање на национална безбедност и дека може да се одрази врз кредитите, бизнисите и финансиското одлучување во земјата.„Ветија албанска банка, донесоа српска банка. Ветија европска интеграција, донесоа ‘Српски свет’ и руско влијание“, стои во реакцијата.Од ДУИ порачаа дека молкот на институциите претставува соучесништво и најавија дека претстојните избори во октомври ќе бидат референдум за, како што велат, одбрана на евроатлантската ориентација и финансискиот интегритет на државата.

Македонија | пред 4 месеци

e00491cd-8f09-4102-88c4-8053fbfa2c79

(Видео) Полицајци во Белград влечат млад човек по улица, еден од нив го удира со палка по грб

На социјалните мрежи се појави видео од протестите во Србија, на кое се гледа како полициски службеници влечат млад човек, по што еден од нив со палка го удира по грбот, иако тој лежи на земја и не пружа никаков отпор.Според порталот Нова.рс, снимката е направена во петокот, на раскрсницата меѓу улиците Ресавска и Немањина во Белград. На крајот од видеото, видно повредениот маж е врзан со пластични лисици додека сè уште лежи на асфалтот. Во описот на објавата на Инстаграм стои дека младиот човек бил без свест.Удирањето се случува пред поголем број полицајци во опрема за растерување демонстрации. Нова.рс пренесува дека станува збор за припадници на Единицата за обезбедување личности и објекти (ЈЗО), која ја предводи командантот Марко Кричак. Тој веќе беше снимен како трча со телескопска палка по граѓани, а повеќе очевидци го обвинија за малтретирање и физичко насилство.Контроверзии предизвикува и снимката на неговата заменичка Тања Дробњак, која во јули беше забележана како пред Правниот факултет во Белград влече студентка за коса, обидувајќи се со нејзиното лице да отклучи телефон – практика што е незаконска.Единицата за обезбедување личности и објекти последните месеци постојано е присутна на протестите, а студентските организации и граѓанските здруженија тврдат дека нивното постапување е надвор од законските рамки и дека вклучува брутална сила врз демонстранти.

Свет | пред 4 месеци

Screenshot-2025-08-16-at-23.51.03

(Видео) Напнати протести во Србија: Парола против власта, судири со полицијата

Вечерва во Белград и неколку други градови се одржаа нови граѓански протести кои ескалираа во судири со полицијата.Белград – симболичен отпор во кампусотВо кампусот на Универзитетот во Белград, полицијата влезе на терен, што демонстрантите го оценија како директно нарушување на автономијата на универзитетот. Реакцијата на собраните беше симболична – граѓаните пееја: „Коалиција – чаци и полиција.“Оваа парола, која брзо се рашири меѓу присутните, ја изрази перцепцијата за спојот на власта и безбедносните сили во потиснувањето на протестите.Валјево – пиротехника против полицијаВо Валјево, според извештај на ТВ Нова, демонстрантите со пиротехника ги гаѓале полициските единици.Нов Белград – солзавец и тешко вооружени силиОколу 22:30 часот, полицијата интервенирала на Нов Белград и употребила солзавец за да ги растера демонстрантите. На булеварот „Михајло Пупин“ беа распоредени силни полициски единици и возила на МВР, а низ околината се слушаа топовски удари и пиро техника.Ситуацијата накратко се смири по првиот инцидент, кога беше фрлен солзавец.

Свет | пред 4 месеци

IMG_0062

Му откажаа бубрезите на брутално претепаното момче во Ваљево

Потпретседателот на Демократскатра партија во Србија, Миодраг Гавриловиќ, изјави дека шеснаесетгодишното момче кое беше претепано на протест во Ваљево е во многу сериозна состојба и дека бубрезите му откажале.„Невидено полициско насилство е регистрирано овие денови во Ваљево. Момчето А.Р. кое беше брутално претепано во Ваљево е родено во 2009 година, има само 16 години и е во многу сериозна состојба бидејќи бубрезите му откажале“, напиша Миодраг Гавриловиќ, поранешен пратеник и потпретседател на Демократската партија на социјалната мрежа X.Според Гавриловиќ, тој бил префрлен во Белград во приватна болница и е во исклучително сериозна состојба, бидејќи бубрезите му откажале.„Би ги замолил сите граѓани да бидат обединети и да дадат секаква можна помош и поддршка. Тој не е сам“, додаде Гавриловиќ.

Свет | пред 4 месеци

vucic-4124

Вучиќ: Државата, заедно со народот, ќе ги гради и реновира просториите на обвинителството и СНС!

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека државата, заедно со народот, ќе ги подигне и обнови просториите на обвинителствата и судовите, како и партиските простории уништени за време на протестите, наведувајќи дека доаѓа времето на одговорност.„Има едно добро во сето ова, сите маски паднаа, луѓето гледаат сè. Нивната нервоза се зголемува. Хистеријата се зголемува, а насилството станува сè поизразено затоа што немаат што друго да понудат“, рече Вучиќ во видео објавено на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“, додавајќи дека ја напушта полицијата каде, според него, ги посетил борците кои ја штитат Србија од оние кои ја уништуваат секоја вечер.Тој истакнува дека доаѓа времето на одговорност.

Свет | пред 4 месеци

vucic-45345

Работиме на тоа извршителите повеќе да немаат право да одземаат куќи и станови, вели Вучиќ

Во денешното обраќање, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше и за најавениот пакет економски мерки.-Ние сме многу посветени на новите економски мерки, се справуваме со тоа и се бориме за воспоставување нови програми и планови со кои граѓаните на Србија ќе бидат задоволни и кои многу ќе им значат да ја видат есента и зимата, нивните плати и пензии повторно да растат, без оглед на намалената стапка на раст, тие да добијат вистинско значење ако ги држиме цените и трошоците за живот под значително поголема контрола. Секако, овозможувањето пониски каматни стапки за потрошувачки кредити, станбени кредити и сите други видови позајмување пари, исто така, придонесува за подобрување на животниот стандард – рече Вучиќ.Тој додаде дека ќе следи „борбата за зачувување на домовите на луѓето, места на основен животен простор за луѓето, каде што извршителите нема да имаат право да им го одземат станот или куќата ако доверителот сака да се смири“.– Сметам дека ова е една од приоритетните точки на мојата работа во наредниот период, и многу наскоро, во следните седум до десет дена, ќе ја чуете суштината на програмата што сакав да ја презентирам, рече Вучиќ.

Свет | пред 4 месеци

vucic-41421

Вучиќ најави „изненадувачки одлуки“: „Ќе ја видите сета одлучност на државата“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска од Палата Србија најави дека во следните три до четири дена граѓаните ќе видат „изненадувачки одлуки на државата“ поврзани со протестите кои деновиве ја зафатија земјата.Вучиќ своето обраќање го започна со коментар за средбата меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, а потоа се осврна на протестите во Србија. Рече дека сакал да зборува за економијата, но дека бил принуден да реагира поради „ужасните настани“ во Валево, Белград и Нови Сад.Претседателот повторно ги обвини демонстрантите дека имаат намера да убиваат, наведувајќи дека во Нови Сад „за малку не биле убиени 300 луѓе“.„Зарем тоа не е тероризам? Во Валево пак фрлаа молотови коктели и за малку ќе запалеа луѓе. Тоа е чист тероризам“, рече Вучиќ, додавајќи дека биле повредени вкупно 137 полицајци.Претседателот најави дека државата во следните денови привремено ќе се „повлече“, но дека потоа ќе следи силен одговор.„Ќе ви се чини дека сме се повлекле, но во еден момент ќе ја видите сета одлучност на државата Србија. Ќе искористиме сè што ни е на располагање за да воспоставиме ред и мир. Одговорот ќе биде многу поинаков од сè што сте виделе досега“, предупреди Вучиќ.На новинарско прашање дали е можно воведување вонредна состојба, Вучиќ одговори дека тоа засега не е опција.„Тоа е последна мерка. Не сме ја разгледувале и не би сакал ни да ја разгледуваме“, рече тој.

Свет | пред 4 месеци

vucic-4124

Вучиќ: Факултетите се претворија во дувла и свињарници

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата по неколку дена масовни протести во земјата, кои кулминираа со судири со полицијата и напад врз институции во Валево.Мир во Украина – мир за СрбијаВучиќ ја поздрави средбата меѓу Владимир Путин и Доналд Трамп на Алјаска, велејќи дека „тензиите во Србија ќе бидат помали ако има мир во Украина“.Напад врз студентите и универзитетитеСо жесток тон, Вучиќ изјави дека образованието е уништено и дека „факултетите се претворени во дувла и свињарници“. Обвини дека дел од студентите и професорите ја поддржуваат „деструкцијата“ и „лажно се претставуваат како борци против насилство“.„Преварти, лажговци и терористи“Вучиќ ги нарече дел од демонстрантите „преваранти и лажговци“ и порача дека делата што се случија во Валево и Нови Сад претставуваат класичен тероризам според српскиот Кривичен закон.„Државата ќе одговори“Тој предупреди дека „прашање на денови е кога некого ќе убијат“ и најави „изненадувачки одлуки“ на државата во следните три до четири дена. „Ќе видите одлучен одговор, поинаков од сè што досега сте виделе“, рече Вучиќ.Напад врз Западот и „усташите“Претседателот обвини дека опозициските лидери избегнувале дијалог со властите, но затоа разговарале „со усташи како Пикула и Бартулица“.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања