Истрага за убиство кај Сомбор, тела пронајдени во семејна куќа
Во населеното место Стапар кај Сомбор во Србија се пронајдени две безживотни тела во семејна куќа, а полицијата спроведува истрага под сомнение за двојно убиство.Според првичните информации, случајот е откриен утринава, а на лице место се наоѓаат полициски екипи кои вршат увид. Засега нема официјални детали за идентитетот на жртвите ниту за можниот мотив.Истрагата е во тек, а надлежните служби најавуваат дополнителни информации по завршување на увидот.
Балкан | пред 6 месеци