Промени тема
Контакт

СРБИЈА

media-librarylh9n83eane2o4ZccMgW

Речиси 18.000 граѓани закажале термин за исплата на депозитите од српската „Алта банка“

„Поштенската штедилница“ исплатила повеќе од седум отсто од средствата наменети за обесштетување на клиентите на „Алта банка“ за помалку од два дена од почетокот на исплатата.Од банката соопштија дека, заклучно со последниот пресек, биле реализирани 7,27 отсто од вкупните средства наменети за исплата во динари и 7,74 отсто од средствата во евра. Исплатата се врши од средствата обезбедени од Агенцијата за осигурување на депозити.Досега преку интернет-страницата на „Поштанска штедионица“ биле зака

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryoqbodgnbj8hddypwZO4

Угостителските услуги во Србија поскапеле за 5,6 отсто за една година

Угостителските услуги во Србија поскапеле за 5,6 отсто во октомври годинава во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Републичкиот завод за статистика.Најголемо зголемување е забележано кај храната, чии цени пораснале за 5,8 отсто. Готовите јадења поскапеле за 7 отсто, варивата за 8 отсто, топлите и студените предјадења за 6,1 отсто, додека печењата и јадењата по нарачка биле поскапи за 4,5 отсто.Цените на алкохолните пијалаци се зголемиле за 4,7 отсто, на безалкохолните за 5 от

Балкан | пред 1 седмица

media-library28rpao4rhrcg209zpss

Вучиќ најави дека ќе биде шеф на пратеничката група: „Очекувам циркус во Собранието“

Александар Вучиќ најави дека во наредниот период ќе ја предводи пратеничката група на неговата политичка опција во Собранието на Србија, а во гостување на телевизијата „Пинк“ изрази очекување дека конститутивната седница на парламентот ќе биде проследена со тензии и несогласувања.Тој рече дека на седницата се очекува верификација на мандатите и избор на претседател и потпретседатели на Собранието, но оцени дека договор со опозицијата за потпретседателските места нема да биде постигнат. Според не

Балкан | пред 1 седмица

media-librarydm83uusacgi777GKggD

Се бара притвор за поранешен српски министер за економија осомничен за злоупотреба

Поранешниот министер за економија на Србија, Раде Баста, е осомничен за злоупотреба на службената положба, а Вишото јавно обвинителство во Белград побарало за него притвор до 30 дена поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоци.Според информациите што ги пренесува „Танјуг“, Баста се сомничи дека во периодот од 27 ноември 2020 до 6 јуни 2022 година, додека бил на чело на ЈКП „Белградски електрани“, донел 10 одлуки за доделување парични донации без законска основа.Станува збор за вку

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryi7ocqq7tlnvh261OTQb

Возачите во Србија да внимаваат: Ограничувања на автопатите кај Белград од понеделник

Возачите во Србија од понеделник, 16 ноември, ќе се соочат со привремени измени во сообраќајот на неколку делници од автопатите во околината на Белград, поради градежни работи што ќе траат до 25 ноември.На делницата меѓу клучката Сурчин и клучката Белград, во правец кон Нови Сад, на 16 и 17 ноември, од 7 до 15 часот, ќе се изведуваат работи на темелите за носачите на патоказната сигнализација. За сообраќај ќе биде затворена лентата за запирање или лентата за претекнување, а возилата ќе се движат

Балкан | пред 1 седмица

media-library2gfqf9m4o7c7aGY3kLb

По изборниот успех, Студентската листа на средби со американски и руски дипломати

Претставници на Студентската листа во Србија започнаа серија дипломатски средби со високи странски претставници, меѓу кои дипломати од САД и Русија, а во наредниот период се најавени и разговори со претставници на Канада, Италија и Египет.Кандидатите на Студентската листа, Милена Писариќ, Дејан Радивојевиќ, Дејан Шошкиќ и Игор Микитишин, заедно со претставници на студентското движење, во четвртокот вечерта се сретнале со вршителот на должноста во Амбасадата на САД во Белград, Александар Титоло,

Балкан | пред 1 седмица

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Големи промени во одбранбената и безбедносната политика најавува Студентската листа во Србија, по изборната победа. Меѓу главните предлози се прекинување на испораките на оружје за Израел, откажување од враќањето на задолжителниот воен рок, зголемување на воениот буџет и темелна проверка на работата на Безбедносно-информативната агенција (БИА).Најавите предизвикаа реакции од досегашниот претседател Александар Вучиќ, кој предупредува дека откажувањето од воени партнерства и задолжителното служење

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryg8q75nbvarl84s6LNPf

Афера со прислушување ја потресе српската тајна служба, следуваат разрешувања и испитувања

Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) се соочува со внатрешни потреси по објавувањето документи за наводно прислушување на редакцијата на неделникот „Радар“. Според пишувањата на медиумот, директорот на Агенцијата, Владимир Орлиќ, наредил испитување на повеќе раководители и вработени, по што следувале разрешувања и промени во раководната структура.Иако БИА ги демантираше обвинувањата, на почетокот на ноември во просториите на Петтата управа, задолжена за внатрешна контраразузнавачка з

Балкан | пред 1 седмица

media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

По речиси 14 години раководење со српското државно претпријатие „Србијаводе“, Горан Пузовиќ се повлече од директорската функција, поднесувајќи неотповиклива оставка. Одлуката ја образложи со заканите упатени кон членовите на неговото семејство, нивното изложување на јавен прогон и повиците за нивен линч, пренесува телевизијата Н1.Во образложението навел дека во медиумите и на социјалните мрежи биле објавени адресата на неговиот семеен дом и фотографии од неговите деца, вклучително и малолетните.

Балкан | пред 1 седмица

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ најави дека ќе ги игнорира претседателските избори во Србија

Александар Вучиќ најави дека нема да учествува во претстојната претседателска изборна трка во Србија и дека лично е за целосно игнорирање на изборите, бидејќи не сака да создава привид дека политичката состојба во земјата е нормална.На прес-конференција тој појасни дека станува збор за негов личен став, додека конечната одлука за учеството на Српската напредна партија ќе ја донесат Главниот одбор и партиското Собрание, чие одржување е најавено за декември.Вучиќ оцени дека во актуелните околности

Балкан | пред 1 седмица

media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Во овој момент не е можно одржување претседателски избори во Србија

Претседателските избори во Србија во овој момент не се можни, смета српскиот претседател Александар Вучиќ, кој истовремено порача дека на земјата ѝ се потребни стабилност, мир и напредок, а не страв. Тој ова го изјави на прес-конференција во седиштето на Српската напредна партија.Вучиќ оцени дека Србија во изминатите 17 дена го изгубила она по што била препознатлива, а стравот се вселил во домовите на граѓаните. Обвини дека актуелната нестабилност е намерно предизвикана и дека за неа се обвинува

Балкан | пред 1 седмица

media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Вучиќ најави обраќање во 13 часот, ќе изнесе детали за „теророт“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата

Поранешниот претседател на Србија и носител на листата „Обединета Србија“, Александар Вучиќ, најави дека денеска во 13 часот ќе ѝ се обрати на јавноста, при што, како што рече, ќе изнесе целосни детали за она што го оцени како „терор“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата.Во гостување на ТВ „Информер“, Вучиќ објасни дека намерно три дена се воздржувал од јавни настапи, очекувајќи институциите да почнат да си ја вршат работата и да се посветат на државните прашања.Осврнувајќи се

Балкан | пред 1 седмица

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Комисија на Врховното јавно обвинителство на Србија утврдила сериозни пропусти во постапката за случајот со наводната употреба на „звучен топ“ за време на протестот во Белград на 15 март 2025 година. Според извештајот, обвинителството однапред заклучило дека не било употребено звучно оружје, наместо темелно да ги испита околностите.Во извештајот се наведува дека постапката била насочена кон формализирање на однапред донесената одлука, а не кон утврдување на вистината. Комисијата посочува пристра

Балкан | пред 1 седмица

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Главниот уредник на српскиот Информер, Драган Ј. Вучиќевиќ, денеска соопшти дека пристигнало решението од Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), со кое на оваа телевизија ѝ се изрекува мерка за забрана на емитување на емисијата „Прва инфо“ и на истовидни програмски содржини, без оглед на промена на името, времето на емитување и други околности важни за препознатливоста на содржината.Според зборовите на Вучиќевиќ, мерката се однесува на периодот од 7 до 8:30 часот.Претседателот на Совет

Свет | пред 1 седмица

bakaprase-2-620x350-1

Српскиот јутјубер Бака Прасе наводно приведен, маскирани лица го одвеле од станот

Познатиот српски јутјубер Богдан Илиќ, познат како Бака Прасе, наводно бил приведен денеска околу 6 часот наутро. Информацијата е објавена на неговиот официјален профил на Инстаграм, преку стори-објава од неговиот тим.Во објавата се наведува дека засега не се знае каде се наоѓа Илиќ ниту каква е неговата состојба. Според тимот, маскирани лица влегле во неговиот стан и го одвеле, а постои и снимка од безбедносните камери. Таа засега нема да биде објавена бидејќи се чекаат дополнителни информации.

Балкан | пред 1 седмица

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Ниш – Белград во Србија, во близина на аеродромот „Никола Тесла“. Во несреќата учествувале камион-цистерна и комбе, а возачот на камионот останал заглавен во кабината.Несреќата се случила утрово околу 5:30 часот, на околу два километри од аеродромот, во правец кон Белград. На местото на настанот биле испратени две екипи на Итната медицинска помош и противпожарни екипи.Повредени се двајца мажи. Едниот, на возраст од околу 40 години, со теш

Балкан | пред 1 седмица

media-librarysqadfg7rd4ahc6ZXFst

Брнабиќ најави: Новото Собрание на Србија ќе се конституира пред истекот на уставниот рок

Вршителката на должноста претседателка на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, најави дека конститутивната седница на новиот парламентарен состав ќе се одржи многу пред истекот на уставниот рок.Во објава на социјалната мрежа Икс, Брнабиќ порача дека јавноста треба да ги следи официјалните известувања од надлежните државни институции.„Што се однесува до Собранието, следете ги само известувањата од надлежните државни органи. Седницата ќе се одржи многу пред истекот на уставниот рок“, напиша Брнабиќ.

Балкан | пред 2 седмици

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентската листа подготвува изненадување: Кои се можните кандидати за премиер и претседател на Србија?

Студентската листа во Србија сè уште би можела да ја изненади јавноста со изборот на кандидати за најважните државни функции. Во политичките кругови сè почесто се споменува Радомир Саичиќ како можен кандидат за претседател на државата, додека Илија Срдановиќ и поранешниот гувернер на Народната банка на Србија, Дејан Шошкиќ, се издвојуваат како можни кандидати за премиер.Сепак, конечните одлуки сè уште не се донесени. Аналитичарите посочуваат дека начинот на одлучување во движењето што ја создаде

Балкан | пред 2 седмици

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

По станот во белградската населба Белград на вода, вреден речиси еден милион евра, Милош Поповиќ, шеф на кабинетот на претседателката на српското Собрание во заминување, Ана Брнабиќ, се стекнал и со недвижност во луксузниот комплекс Луштице Беј во Тиват, Црна Гора, објави „Радар“.Според податоците од Катастарот на недвижности, станот со површина од 98 квадратни метри формално е запишан на името на неговата сопруга Марина Поповиќ. Имотот се наоѓа во вториот ред од морето, во близина на хотел со п

Балкан | пред 2 седмици

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Осум припадници на српската полиција се уапсени под сомнение дека со тортура и нанесување тешки повреди ја предизвикале смртта на Далибор Драгијевиќ, брат на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ. Апсењата се извршени по налог на Вишото јавно обвинителство во Ниш, кое го истражува случајот.Драгијевиќ бил однесен во Полициската управа во Бор за време на истрагата за исчезнувањето на девојчето во Србија во март 2024 година. Според обвинителството, полициските службеници му н

Балкан | пред 2 седмици

media-library6tts90nn2d14c8n8JrD

Директорот на затворот во Ниш призна пропуст: „Верував дека работиме во интерес на Србија“

Директорот на затворот во Ниш, Братислав Дикиќ, признал дека вработени во установата собирале податоци за излезноста на граѓаните и следеле активности поврзани со таканаречените „капиларни гласови“, односно организирано обезбедување поддршка од гласачите. Во допис до колегите тој навел дека таквите активности не биле во надлежност на затворот и признал дел од одговорноста, објави „Нова.рс“.Дикиќ во дописот објаснил дека затворот во Ниш на парламентарните избори во Србија, одржани на 25 октомври,

Балкан | пред 2 седмици

media-librarysfj1mclju3gi99Z0Adb

Илија Срдановиќ од болница: Операцијата помина без компликации

Лидерот на „Студентската листа“ во Србија, Илија Срдановиќ, бил подложен на операција на коленото, а за интервенцијата информираше преку објава од болничкиот кревет.Тој соопшти дека операцијата поминала без компликации и им се заблагодари на сите што му испратиле поддршка.„Операцијата на коленото помина без компликации. Ви благодарам на сите. Наскоро повторно во полн погон! Поздрав до сите!“, напиша Срдановиќ.Тој не откри поради која причина била потребна операцијата, ниту колку време ќе трае не

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryikudpaajlvr86Z2lgnd

Студентската листа го пријави Ненад Стефановиќ за злоупотреба на службената положба

Кандидатите за пратеници на Студентската листа во Србија поднесоа кривична пријава против главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, поради сомнежи за злоупотреба на службената положба и намерно погодување на обвинети во повеќе предмети.Во пријавата се наведуваат сомнежи за незаконско ублажување на казните на претходно осудувани лица, примена на поблага правна квалификација во предмет во кој станува збор за 119 парчиња муниција, повторно поднесување спог

Балкан | пред 2 седмици

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентската листа има кандидати за претседател и премиер, но засега ги чува во тајност

Претставникот на студентската листа во Србија, Марко Ѓенадиќ, изјави дека движењето располага со повеќе кандидати за претседател и премиер, но засега нема да ги открива нивните имиња.Во разговор за „Демостат“, Ѓенадиќ не сакаше да ги потврди, ниту да ги демантира имињата за кои се шпекулира во јавноста. Тој не откри ниту кои личности би можеле да бидат кандидати на студентската листа на претседателските избори, ниту дали е предвидено жена да биде предложена за една од двете функции.Осврнувајќи с

Балкан | пред 2 седмици

media-libraryd8ordmqvc1e4998Pmdy

Шуга се шири во училиштата во Србија, заразени ученици во повеќе градови

Здравствените служби во Србија предупредуваат на појава на шуга меѓу учениците во повеќе училишта, по регистрираните случаи во Пријепоље и зголемениот број заболени во Ужице.На 2 ноември во основното училиште „Владимир Периќ Валтер“ во Пријепоље биле потврдени три случаи кај ученици од прво, трето и петто одделение. Децата се лекуваат и засега не посетуваат настава. Препораки за спречување на ширењето на инфекцијата добило и училиштето, а родителите и вработените се повикани да внимаваат на први

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања