Промени тема
Контакт

СРБИЈА

media-libraryjn0m8u8u8rjp1X2IaGL

Србија пред гласање: Студентите се надеваат на висока излезност, неизвесност околу резултатите

Десетици илјади граѓани се собраа на белградскиот плоштад Славија на завршниот предизборен собир на Студентската листа, во пресрет на вонредните парламентарни избори во Србија закажани за недела. Според проценката на Архивот на јавни собири, на протестниот собир присуствувале околу 150.000 луѓе, пренесува „Дојче веле“.Со српски знамиња, песни и пораки за политички промени, учесниците ја изразија поддршката за студентското движење, кое по две години протести и незадоволство од власта влегува во д

Свет | пред 4 седмици

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

„Вучиќ го викаме Оскар“ – нови преписки за врски со криминалот во пресрет на изборите во Србија

Србија влегува во изборен молк во атмосфера на длабока политичка поделеност, масовни студентски собири и нови обвинувања за можни врски меѓу луѓе од државниот врв и организираниот криминал. Додека Александар Вучиќ на завршниот предизборен митинг ги обвинуваше своите противници дека дејствуваат под влијание на странски фактори, српскиот неделник „Радар“ објави детали од наводна комуникација преку апликацијата „Скај“, во која припадници на криминални групи зборуваат за контакти со семејството на В

Свет | пред 4 седмици

media-libraryveku9n0qnaph8V1U6dx

(Видео) „Србијо, те сакаме! Во недела ја ослободуваме татковината“ – последна порака од студентите пред изборниот молк

„Народе на Србија, во изминатите две години ви дадовме сè. Во недела сите заедно излегуваме на гласање и ја ослободуваме нашата татковина.“ Со оваа порака студентите во блокада им се обратија на граѓаните на Србија, непосредно пред почетокот на изборниот молк за изборите закажани за 25 октомври.Во објава на официјалниот профил на социјалната мрежа Икс, студентите упатија емотивна порака, потсетувајќи на протестите, блокадите и активностите што ги организирале во изминатите две години.„Ја препеша

Свет | пред 1 месец

media-librarybdji88rqfqg783Xkdd3

Случајот „Рибникар“ продолжува: Апелација ќе одлучува за казните на родителите на момчето што уби десет лица во училиште

Апелацискиот суд ќе ги разгледува жалбите на пресудата со која Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето одговорно за масакрот во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, беа осудени на затворски казни. Предметот е доставен до повисокиот суд, кој треба да одлучи дали првостепената пресуда ќе остане во сила или ќе претрпи измени.На 18 јуни годинава, Вишиот суд во Белград му изрече казна од 14 години и шест месеци затвор на Владимир Кецмановиќ, додека Миљана беше осудена на дв

Балкан | пред 1 месец

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Маскирана група демолирала кафуле во Белград, повредени двајца холандски рагбисти

Двајца холандски рагбисти се повредени во напад на група од десетина маскирани мажи во белградската улица Цетињска. Напаѓачите синоќа упаднале на терасата на кафуле во кое престојувале спортистите, го уништиле инвентарот и предизвикале хаос, објави „Телеграф.рс“.Според сведочењата, нападот бил ненадеен и не му претходел никаков конфликт. Маскираните мажи истрчале на терасата и почнале да кршат маси и столови, при што биле повредени двајцата холандски спортисти, на кои им била укажана лекарска по

Балкан | пред 1 месец

srbija-protesti

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Хрватското Министерство за надворешни и европски работи ги повика своите граѓани да ги одложат сите патувања во Србија што не се неопходни, поради претстојните парламентарни избори и можните безбедносни ризици.На граѓаните што мора да патуваат им се препорачува да бидат особено внимателни, редовно да ја следат безбедносната состојба и да се информираат за можните ризици. Оние што веќе се наоѓаат во Србија треба да избегнуваат места и ситуации што би можеле да ја загрозат нивната безбедност.Одлук

Балкан | пред 1 месец

media-library5harqe7l9t2tfbvRJBI

(Видео) „Брука“: Автобуси од Македонија со поддржувачи на Вучиќ тргнале кон митингот во Ниш, па застанале да уринираат покрај автопат

Видео од автобуси со македонски регистарски таблички, кој наводно превезувале поддржувачи на српскиот претседател Александар Вучиќ кон Ниш, предизвикаа реакции на социјалните мрежи. На снимката се гледаат автобуси покрај автопатот, а дел од патниците застануваат да уринираат.Вучиќ вечерва одржа предизборен митинг во Ниш, на кој се обратија и поранешниот српски претседател Томислав Николиќ и Милорад Додик. Српските медиуми, меѓу кои N1, „Јужне вести“, „Данас“ и „Решетка“, известуваа за собирот и

Македонија | пред 1 месец

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Апсења во Нови Сад: Осомничени дека планирале да предизвикаат немири во Белград за време на изборите

Полициска акција за апсење група осомничена за планирање немири во пресрет на изборниот ден е во тек на територијата на Нови Сад, дознава РТС.Според сомнежите, групата планирала околу 80 лица на 25 октомври да дојдат во Белград и да предизвикаат немири. Во тек се и претреси на објекти и простории што ги користеле осомничените.Во одделна акција, по налог на Вишото јавно обвинителство во Краљево, уапсен е и М. А. од Врњачка Бања. Тој е осомничен дека повикувал на насилна промена на уставното уреду

Балкан | пред 1 месец

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Анкета во Србија: Студентската листа во водство, речиси една петтина од гласачите неопределени

„Студентската листа“ би добила 44,6 отсто од гласовите на евентуалните предвремени парламентарни избори во Србија, додека листата на владејачката Српска напредна странка (СНС), предводена од Александар Вучиќ, би освоилa 42,7 отсто, покажува истражувањето на „Нова српска политичка мисао“ (НСПМ).Анкетата била спроведена телефонски од 25 септември до 5 октомври, на репрезентативен примерок од 1.050 испитаници. Резултатите биле објавени на интернет-страницата на белградското списание.Според истражув

Балкан | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ оцени дека светот се движи кон голем воен судир и дека третата светска војна е неизбежна поради забрзаното вооружување на европските земји.Во интервју со руската новинарка Ксенија Собчак, Вучиќ предупреди на зголемувањето на воените расходи низ Европа, вклучително и во скандинавските земји, кои истовремено ги зајакнуваат своите воени капацитети.Како пример го посочи германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“, чија добивка, според неговите тврдења, с

Свет | пред 1 месец

media-libraryrak8j5k24jdi5YsFe9Q

Стотици училишта во четири земји добија лажни закани за бомби, дел беа евакуирани

Стотици училишта во Северна Ирска, Шкотска, Унгарија и Србија денеска добиле електронски пораки со лажни закани за поставени бомби. Во дел од образовните установи била спроведена евакуација, а властите истражуваат дали инцидентите се меѓусебно поврзани.Во Северна Ирска, полицијата соопштила дека заканувачка порака добиле до 300 училишта. Според надлежните, електронската пошта била испратена надвор од Велика Британија, а случајот се третира како измама. Министерот за образование изјавил дека неко

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Н1 го одби Вучиќ за предизборно гостување, иако тој со години ја избегнуваше телевизијата

Српската редакција на телевизијата Н1 одби Александар Вучиќ да гостува во предизборна емисија во среда и да ја претставува изборната листа „Александар Вучиќ – Обединета Србија“. Од телевизијата соопштија дека поканата до Српската напредна партија (СНС) останува отворена, но побараа партијата да испрати друг претставник.Одлуката следува откако СНС одговорила дека во најавениот термин ќе гостува Вучиќ. Образложувајќи го одбивањето, редакцијата го посочи неговиот долгогодишен однос кон телевизијата

Балкан | пред 1 месец

media-libraryje9kq2ljmco3efeG8jX

Студентите во Србија тврдат дека власта ги снима нивните состаноци и подготвува апсења

Студентското движење во Србија, кое на изборите настапува под слоганот „Студентите победуваат“, предупредува на можни нови притисоци, закани и апсења во последната недела од предизборната кампања. Студентите тврдат дека нивните состаноци се снимаат и дека се подготвуваат апсења пред завршниот митинг во Белград, но засега не приложиле јавни докази за овие наводи.Во соопштение објавено вечерта на 18 октомври на социјалната мрежа Икс, студентите во блокада најавија дека завршницата на кампањата би

Балкан | пред 1 месец

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ ги повика граѓаните да гласаат: „Изборите се како финале на Светското првенство“

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги повика граѓаните да излезат на претстојните избори и да не го сметаат победничкиот исход за однапред обезбеден. Обраќајќи им се на жителите на Крушевац, тој ја спореди изборната трка со финалето на Светското првенство во фудбал.„Ова е како финале на Светското првенство – најважниот натпревар. Не смееме да бидеме недисциплинирани“, порача Вучиќ, предупредувајќи дека граѓаните не треба да се откажат од гласањето со образложение дека победата е сигурна.Збору

Балкан | пред 1 месец

srbija-protesti

Србија пред избори: Поддршка за Вучиќ, студентски маршеви и нови потреси во медиумите

Предвремените избори во Србија, закажани за 25 октомври, влегуваат во последната недела од кампањата, во која се засилуваат политичките судири, студентското движење најавува голем собир во Белград, а медиумската сцена е потресена од заминувањето на десет новинари и водители од телевизијата Н1.Владејачката Српска напредна партија (СНС) доби поддршка од словачкиот премиер Роберт Фицо, кој на митинг во Нови Сад го поддржа Александар Вучиќ, носител на изборната листа на партијата. Фицо, говорејќи на

Балкан | пред 1 месец

media-libraryicmitj1vonp4dIjQv64

Фотографијата од собирот во Нови Сад на мета на критики, се тврдеше дека е генерирана со вештачка интелигенција

Фотографија од масовниот собир на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ во Нови Сад предизвика полемики на социјалните мрежи откако противниците на собирот почнаа да тврдат дека е создадена со вештачка интелигенција.Според објавата на српскиот портал Б92, повод за сомнежите било тврдењето дека на фотографијата недостасува споменикот на Светозар Милетиќ. Сепак, споменикот се наоѓа на Плоштадот на слободата, среде толпата, и е видлив на фотографијата.Во текстот се наведува дека со тоа биле

Балкан | пред 1 месец

Screenshot-2023-09-28-at-23.51.03

Американска десничарска активистка со порака до Србите: „Гласајте за Вучиќ или подгответе се земјата да ви биде запалена“

Американската десничарска активистка Валентина Гомез, која на социјалните мрежи ја следат околу 700.000 луѓе, испрати порака до граѓаните на Србија пред изборите закажани за 25 октомври, отворено поддржувајќи го претседателот Александар Вучиќ.Во објава на Икс, Гомез ја спореди листата на студенти и блокадерите со екстремистичката организација Антифа во САД. Таа ги обвини за насилство, блокади и заплашување на граѓаните, а истовремено ги пофали политиките на Вучиќ.„Србија ги одржува најважните из

Свет | пред 1 месец

evra

Србија најавува повисоки плати и пензии, од јануари минималната плата ќе изнесува 600 евра

Граѓаните на Србија во наредните месеци ги очекуваат зголемувања на пензиите и платите во јавниот сектор, како и нова финансиска поддршка за родителите што се грижат за тешко болни деца. Од 1 јануари 2027 година е најавено и зголемување на минималната плата на 600 евра нето.Една од новите мерки предвидува воведување статус „родител негувател“ за лицата што секојдневно се грижат за деца со тешки хронични заболувања или попреченост. Од почетокот на октомври е предвидена месечна финансиска поддршка

Балкан | пред 1 месец

media-library6nd8o79vpn0ma2OJ5e6

Бран откази во Н1: Десет новинари заминуваат од телевизијата

Десет новинари на српската телевизија Н1 дале отказ во период кога медиумот се соочува со притисоци од новите сопственици, објави неделникот „Време“.Меѓу новинарите кои заминуваат се искусната новинарка и водителка Даница Вучениќ, репортерките Жаклина Таталовиќ и Ксенија Павков, како и Жана Булаиќ, Наташа Миљковиќ, Миа Бјелогрлиќ, Ана Новаковиќ, Сања Косовиќ, Адам Сантовац и Димитрие Ѓуриќ.Ова се случува во период кога редакцијата на порталот Nova.rs, според објавените информации, е изложена на

Балкан | пред 1 месец

respirator

Во Србија расте бројот на заболени од респираторни инфекции, најпогодени се децата

Бројот на заболени од респираторни инфекции во Србија бележи пораст, а најпогодени се најмалите деца. Иако сезоната на грип е во почетна фаза и активноста на вирусот сè уште е под епидемискиот праг, здравствените податоци покажуваат дека се шират и други респираторни вируси.Од почетокот на сезоната на надзор, која започна на 28 септември, лабораториски се потврдени пет случаи на грип. Четири од нив биле регистрирани во последната набљудувана недела, а кај сите е утврден вирусот на грип од типот

Балкан | пред 1 месец

media-library791innqblcehbE1GKoF

Нова одлука на српската влада: Олеснет влез за носителите на дипломатски пасоши од Кабо Верде

Владата на Србија во технички мандат донесе одлука за заемно укинување на визите за одредени категории државјани на Република Кабо Верде, со што се отвора можност за полесно патување на носителите на дипломатски и службени пасоши меѓу двете земји.Како што е наведено во соопштението, на денешната седница Владата го усвои заклучокот за прифаќање на извештајот за потпишување на договорот меѓу владите на Србија и Кабо Верде за заемно укинување на визите за носителите на дипломатски, службени и серви

Свет | пред 1 месец

media-library3bf1hgr0kge1bOiNeAJ

„Ја купивте компанијата, но не и нашата совест“: Новинарите на Nova.rs излегоа на протест

Неколку стотици новинари, медиумски работници и граѓани вечерва се собраа пред редакцијата на српскиот портал Nova.rs во Белград, во знак на поддршка на вработените кои се спротивставуваат на одлуките на новото раководство.Повод за протестот е назначувањето на Марко Стјепановиќ за нов главен и одговорен уредник, како и барањето до вработените во рок пократок од 48 часа да одлучат дали ќе продолжат да работат под новото раководство или ќе ја напуштат компанијата со отпремнина.Заменик-главниот уре

Свет | пред 1 месец

media-librarygmduucpce2vaaddqHwf

(Видео) Вучиќ лета со автомобил на песната „Хеликоптер“ во ново предизборно видео

Српскиот претседател Александар Вучиќ ја продолжува предизборната кампања со необични видеа во кои главната улога ја има самиот тој. Во најновата објава, неговиот автомобил лета низ облаците додека во заднина се слуша песната „Хеликоптер“ на босанскохерцеговскиот пејач Фазлија. Видеото е изработено со помош на вештачка интелигенција и е објавено само три дена по рекламата во која Вучиќ оди да му прави друштво на постар маж, сценарио што во голема мера потсетува на предизборен спот на израелскиот

Настани | пред 1 месец

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Се расплеткува криминалната мрежа во Србија: осомничени 12 лица за убиства, киднапирање и трговија со дрога

Седум лица се уапсени во голема полициска акција во Србија под сомнение дека биле дел од организирана криминална група поврзана со две убиства, извршени во Белград и Пожаревац. Српското Јавно обвинителство за организиран криминал соопшти дека осомничените се товарат за организирање и извршување на убиствата на Милан Стоковиќ и Живко Бакиќ.Според соопштението, апсењата ги извршиле припадници на Управата за криминалистичка полиција и Службата за борба против организираниот криминал, по налог на об

Балкан | пред 1 месец

policija-srbija

Нови апсења во Србија по пронаоѓањето изгорени човечки останки закопани кај Пожаревац

Повеќе лица се уапсени во Србија под сомнение дека учествувале во убиството на Милан Стоковиќ, чие тело било пронајдено закопано во близина на Пожаревац. Полициската акција се спроведува на повеќе локации низ земјата, во соработка со Јавното обвинителство за организиран криминал.Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, апсењата започнале вчера, а акцијата сè уште е во тек. Се вршат претреси на повеќе места, а истрагата против групата осомничена за поврзаност со ликвидации трае по

Балкан | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања