Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Третата светска војна е неизбежна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Поранешниот српски претседател Александар Вучиќ оцени дека светот се движи кон голем воен судир и дека третата светска војна е неизбежна поради забрзаното вооружување на европските земји.

Во интервју со руската новинарка Ксенија Собчак, Вучиќ предупреди на зголемувањето на воените расходи низ Европа, вклучително и во скандинавските земји, кои истовремено ги зајакнуваат своите воени капацитети.

— реклама —

Како пример го посочи германскиот одбранбен концерн „Рајнметал“, чија добивка, според неговите тврдења, се зголемила 17 пати поради зголемената побарувачка за воена опрема.

— реклама —

„Не сум ниту будала ниту слеп. Ако не гледате како се вооружува Европа, тогаш намерно го игнорирате тоа. Но, зошто се вооружуваат? Со која цел?“, праша Вучиќ.

Вучиќ ја спореди актуелната ситуација со книжевното правило познато како „Чеховљевата пушка“, според кое оружјето што се појавува на почетокот на драмата на крајот мора да биде употребено.

— реклама —

Според него, истата логика би можела да се примени и на Европа, каде што натрупувањето оружје би можело да заврши со вооружен конфликт.

— реклама —

Тој посочи дека европските влади продолжуваат да ги зајакнуваат своите вооружени сили, а зголемените трошоци за одбрана ги образложуваат со потребата од заштита од Русија.

Поранешниот српски претседател изрази песимизам во однос на меѓународната безбедносна ситуација, оценувајќи дека подготовките за поголема војна стануваат сè поочигледни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 3 дена

— реклама —
media-libraryhf4i99pp6ejian0GUBQ

(Видео) Вучиќ објави видео како подготвува сендвич: „Јас сум човек од народот“

Настани | пред 6 дена

media-libraryg73ocqr6mh89dqUtXin

Вучиќ: Десетици илјади луѓе останаа без пари во Алта банка, најмногу Руси

Свет | пред 6 дена

media-library92amidutjmj865s26Ra

Откриени имињата на петте лица што Вучиќ ги помилувал пред заминувањето од власт

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања