„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СТРУЈА

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Делови од Скопје денес без струја

ЕВН Македонија АД информира дека денес без електрична енергија ќе бидат:– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)– во периодот од 8:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. (општина Сарај)– во периодот од 08:30 до 16:00 часот, корисниците во подрачјата Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)– во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски лоцирани од раскрсницата со патека за Лисича кон Охис, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисници лоцирани помеѓу објектите кај Циле Инженеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)– во периодот од 9:00 до 13:00 часот, корисници од ул. Питу Гули лоцирана во близина на српската амбасада. (општина Центар)– во периодот од 9:00 до 14:30 часот, дел од корисниците од ул. Пијанец. (општина Карпош)– ​​во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисници на блокот на зградата лоциран на потегот од Бул. Партизански одред бр. 17 Кон ул. Максим Горки. (општина Центар).

Македонија | пред 4 месеци

karpos-skopje

Прекин на струја во „Карпош 4“ – градежни работи оштетиле кабел!

Жителите на скопската населба „Карпош 4“ денеска се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија.Од ЕВН Македонија за „Скопје1“ објаснија дека дефектот е предизвикан од искинат среднонапонски кабел. Кабелот бил оштетен од страна на друг субјект кој изведувал градежни работи за свои потреби.„Екипите на Електродистрибуција се веќе упатени на терен за санација на дефектот“, велат од компанијата.

Скопје | пред 6 месеци

electricity-meter-96863_1280

Инженерите бараат сметки за струја според реално измерени податоци

Здружението на инженери реагира и бара сметките за струја да не бидат паушални, туку да се издаваат врз основа на реално измерените податоци од струјомерите.Бараат бришење на член 31 од Правилникот за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја. Потсетуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно е уредена обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реалната потрошувачка.

Македонија | пред 8 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Зошто снема струја: утринава цела Македонија беше во мрак

Рано утринава, цела Македонија остана без струја, поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Па така, жителите на Скопје, но и на Гевгелија, Куманово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево беа без електрична енергија.Од „МЕПСО“ велат дека станува збор за проблем кој го има во Европа, но и регионот.„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, соопшти АД МЕПСО.Електричната енергија се врати во функција за еден час, а во некои региони по часа за два часа по прекинот.

Македонија | пред 9 месеци

479312330_122137647698564510_2611584920990298297_n

Се активира нова опрема за проверка на струјомери: Завршува ерата на неточни броила

„Завршува ерата на неточни броила!“, најави Министерството за енергетика, од каде додаваат:„Долги години, граѓаните се соочуваат со сомнежи за точноста на своите броила, Министерството за енергетика бара итно ставање во функција на софистицираната опрема за проверка на струјомерите, која 7 години собира прашина во Бирото за метрологија.Министерката Сања Божиновска веќе даде јасни насоки – граѓаните мора да добијат право на независна проверка на своите броила во државна институција. Ова значи дека секој сомнеж за неправилно фактурирање ќе може да се провери со прецизни и официјални мерења!➡️ Бирото за метрологија веќе започна процес за активација на опремата.➡️ Граѓаните ќе добијат транспарентен и праведен систем за мерење на потрошената енергија.➡️ Компаниите кои ги инсталираат броилата ќе бидат под дополнителна контрола!Точноста во мерењето на струјата не е привилегија – туку право! Министерството за енергетика останува посветено на вистински решенија кои носат промени“.

Македонија | пред 1 година

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Струјата од Нова година поскапа - познато за колку

Од први јануари, нема да има ценовен шок за ценатс на струјата. Сметките во просек ќе бидат повисоки за околу 1 проццнт во зависност од тарифните блокови.Во првиот блок струјата ќе поскапи за 0,68%, во вториот блок за 0, 90%, за корисниците во третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од четвртиот блок за 2,24 проценти.Според пресметките ако до сега едно семејство плаќсло 2.000 денари месечно за струја и е во првиот блок, од Нова година ќе плаќа 13,6 денари повеќе.На просечна сметка за струја од 2.300 денари, ќе има зголемување од околу 21 денар.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, на прес-конференција информираше дека ЕВН Хоме на почетокот на месецот доставиле барање цената на струјата за домаќинствата да се зголеми за 4,4 проценти. Ова, рече е коригирано со цел да се заштити стандардот на граѓаните и да не се предизвика голем ценовен шок.

Македонија | пред 1 година

bandera-za-struja-960x616

Дел од општините Центар и Карпош денес без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:· од 08:30 до 11:00 часот, корисниците од дел од улицата Тетовска во општина Центар;· од 09:00 до 13:00 часот, корисниците во околината на последната автобуска станица на ЈСП - линија 57, во населба Нерези во општина Карпош;· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од улиците: Орце Николов, Крагуевачка, Драган Ѓаконовски – Шпато, Беджих Сметана и Миладин Поповиќ во општина Карпош.

Скопје | пред 1 година

EVNzgrada

Од Нова година, струјата поскапа најмногу за 1 процент

Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимоски ги презентираше нивните пресметки, според кои цената на електричната енергија ќе се зголеми за најмногу 1% од почетокот на 2025 година.„Не очекувам просечната цена на домаќинствата да биде поголема од 1 процент. Во однос на оној дел што е најважен за домаќинствата и за малите потрошувачи, кај мрежарината, вклучувајќи ја цената на преносот и на дистрибуцијата има намалување за 7 проценти. Успеавме да ја намалиме мрежарината затоа што одредени компании имаат поголем профит од она што беше одредено. Позната е и цената по која ЕСМ ќе продава струја на ЕВН хоум”, изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Македонија | пред 1 година

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Доаѓаат нови цени: ќе поскапи ли цената на струјата од јануари

ЕВН ќе купува поскапа струја за 2 евра по мегават од државната ЕСМ. Ја прифатиле нивната понуда од 62 евра за мегаватчас, како најповолна. Оваа цена е за 3,33% повисока од претходната, која изнесуваше 60 евра за мегаватчас, информираат од универзалниот снабдувач.Практично, цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри. Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“ – ЕВН Хоум.Новата цена на струјата треба да биде дефинирана до крајот на годинава, а ќе важи од први јануари.Претходно, премиерот Христијан Мицкоски рече дека максимумот што може да се случи е да има покачување на цената од 3 проценти во третиот и во четвртиот блок, а во првиот и во вториот блок, каде што се најголем број од потрошувачите, да нема никакво покачување. Но, доколку продолжи овој тренд со цената на струјата, а државата ннема мерки, тешко ќе биде да се задржат цените.

Македонија | пред 1 година

evn-rabotnici

Општините Карпош и Центар денеска без струја

ЕВН Македонија, известува дека поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа денеска без напојување со електрична енергија ќе останат:- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата Славејко Арсов (кај Вју Ин Хотел) во општина Центар и- Од 09:00 до 12:00 часот, дел од корисниците на улицата Ловќенска 1, 2 , 3 и 9 во општина Карпош.

Скопје | пред 1 година

7625e0ff-b473-4375-a60f-6c6cfea87944

Села во кратовско од вчера немаат струја, отежнато движењето на возилата поради снегот на патниот правец Пробиштип - Страцин

На подрачјето на Општина Кратово од утринава има врнежи од снег. Висината на снежната покривка во градот на улиците и на регионалниот патен превец Пробиштип - Страцин е околу 5 см со што е отежнато движењето на возилата, извести ЦУК.Не терен се излезени вработените на Јавното претпријатие Кратово и со трактор со корпа се чистат улиците во градот. Од ЈП Македонија пат-Пункт Страцин велат дека очекуваат да пристигне камион-чистач од Крива Паланка и ќе започнат со чистење на овој патен правец.Во низинските села висината на снежната покривка е околу 5 см. и задолжителна е зимска опрема. Во планинските села односно на патниот правец Кратово-село Каврак висината на снежната покривка е од 15 до 25 см со што сообраќајот се одвива отежнато со теренски возила со зимска опрема.Селата Трновец, Талашманци и Крилатица од вчера немаат електрична енергија и од ЕВН известуваат дека екипи се на терен за да го лоцираат дефектот.

Македонија | пред 1 година

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Надминат е дефектот: сите места во Ѓорче Петров добија струја

ЕВН го отклони дефектот кој остави дел од Ѓорче Петров без струја. Сите населени места сега имаат напон, а мрежата е повторно во функција.До проблемот дошло кај повеќе трафостаници. Дефектот беше посериозен, но е надминат.

Скопје | пред 1 година

struja-4

Неколку скопски населби без струја

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН, денеска без електрична енергија ќе останат следните корисници:· Во период од 09,00 до 14,00 часот општина Зелениково нм Таор, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, С,есница, Тисовица, Дејковци, Добрино и Пакошево;· Од 08,30 до 12,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Волково;· Од 09,00 до 13,00 часот општина Карпош дел од корисниците на улица Ангел Динев во населба Влае;· Од 13,30 до 14,30 часот општина Ѓорче Петров дел од село Радуша

Скопје | пред 1 година

struja-1

Неколку општини во Скопје без струја

Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:- Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);- Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);- Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);- Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);- Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).

Скопје | пред 1 година

struja

Без струја делови од неколку скопски општини

Поради планирани прекини во електро снабдувањето, денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:- Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од улицата Ѓорѓи Капчев (општина Аеродром);- Oд 09:00 до 15:00 часот, корисниците покрај пругата од лева страна накај обиколница во село Волково; Од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел од село Волково, дел од ул.56 (општина Ѓорче Петров);- Од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов зграда бр.72 и улицата Атинска зграда бр.12 (општина Карпош);- Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од село Љубин; Од 13:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Бојане (општина Сарај);- Од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од село Катланово (општина Петровец);- Од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од село Љубин (општина Ѓорче Петров); и- Од 11:00 до 13:30 часот, корисниците од дел ул. 56 во Волково (општина Ѓорче Петров)

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања