„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

струја

filipce

Филипче: Наместо домашно производство, Владата купува струја по 140 евра за мегават-час

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите во Собрание на Република Северна Македонија оцени дека зголемувањето на цената на електричната енергија е директна последица на, како што рече, катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Филипче истакна дека Владата не исполнила ниту една од сопствено поставените цели во енергетиката, нагласувајќи дека наместо планираното производство од над 5.000 гигават-часови електрична енергија, не е произведена ниту половина од таа количина. Според него, недостигот на струја е еднаков на тоа како половина од хидроенергетскиот потенцијал во изминатата година воопшто да не работел, што, како што рече, директно го осиромашило домашниот енергетски систем.Тој посочи дека наместо да се активираат домашните капацитети и да работат РЕК Битола, Осломеј и Неготино, кои можат да произведуваат струја по цена од 80 до 90 евра за мегават-час, државата се ориентирала кон увоз на електрична енергија по цена од околу 140 евра за мегават-час. Според Филипче, ваквата политика создава дополнителен финансиски товар кој неминовно ќе падне врз граѓаните.Претседателот на СДСМ додаде дека во изминатата година не биле навремено обезбедени ниту потребните реагенси за стабилно производство, поради што сега, како што рече, Владата посегнува по државните резерви на мазут, иако тој не е примарен енергенс за производство на електрична енергија. Тој јавно го постави прашањето зошто системот не бил подобро испланиран и управуван и зошто државната компанија ЕСМ се задолжила со 110 милиони евра.Филипче предупреди дека земјата е соочена со увозна и исклучително скапа струја, која во зимскиот период дополнително поскапува, а целата таа цена, како што нагласи, на крај ќе ја платат граѓаните. Во таа насока, тој најави дека СДСМ ќе излезе со конкретни предлози и решенија за ублажување на ценовните шокови и заштита на домаќинствата.Сепак, Филипче изрази скепса дека актуелната власт ќе ги поддржи тие мерки, потсетувајќи дека претходно не биле прифатени ниту законските решенија за намалување на ДДВ, ниту предлозите поврзани со минималната плата и субвенциите за компаниите. Според него, Владата нема слух за политики што им се неопходни на граѓаните за да ја пребродат финансиската криза, која, како што рече, во наредните месеци дополнително ќе се продлабочува.

Македонија | пред 5 дена

nafta-mazut

Влада прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија

Владата на денешната редовна 138. седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, во времетраење од седум дена од денот на влегување во сила на одлуката. Одлуката е донесена по предлог на Управувачки комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.Како што беше најавено и во изминатите денови, кризна состојба се прогласува поради неможноста за навремена набавка на мазут, кој е неопходен за дел од процесот на производство на електрична енергија. Поради тоа, државата ќе интервенира со користење на задолжителните резерви на нафтени деривати.Според одлуката, задолжителните резерви на мазут ќе бидат отстапени без надоместок, со цел да се обезбеди континуитет во производството и стабилност во снабдувањето со електрична енергија. Државната компанија АД ЕСМ ќе има обврска редовно да доставува извештаи за потрошувачката на мазут до Владата, како и до Министерство за финансии.Со оваа одлука, Владата има за цел да спречи продлабочување на состојбата во енергетскиот сектор и да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија во услови на зголемен притисок врз производствените капацитети.

Македонија | пред 5 дена

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Опозицијата обвинува: Граѓаните ќе плаќаат поскапа струја поради колапсот на ЕСМ

Од Социјалдемократски сојуз на Македонија обвинија дека прогласувањето кризна состојба во енергетиката нема никаква врска со надворешни фактори, туку претставува обид за покривање на, како што велат, криминалните тендери и неспособноста на актуелната власт. Според СДСМ, токму овие политики се единствената причина зошто сите граѓани ќе плаќаат поскапа струја.Во партиското соопштение се наведува дека за само година и половина, Владата предводена од Христијан Мицкоски ја довела најголемата државна енергетска компанија, ЕСМ, до финансиски и производствен колапс. Како доказ за тоа, СДСМ посочува дека годинава е забележано историски најниско производство на домашна електрична енергија, со помалку од 3.000 GWh, наспроти планираните 5.100 GWh, што го оценуваат како катастрофално лош резултат.Според опозицијата, наместо навремено и рационално домашно производство, власта ја надоместува разликата со скап увоз на струја по значително повисоки цени. Последиците, како што тврдат, директно ги чувствуваат граѓаните. Официјалната загуба на ЕСМ за само првите два квартали од 2025 година, според СДСМ, изнесува 77 милиони евра, со проекција дека до крајот на годината загубата ќе надмине 100 милиони евра.Дополнително, се наведува дека ЕСМ за само 18 месеци земала нови кредити во износ од над 110 милиони евра, со што вкупната финансиска дупка, според СДСМ, надминува 200 милиони евра. Партијата потенцира дека станува збор за внатрешно предизвикана криза, а не за последица од состојбите во регионот или протестите во Грција.Како клучно прашање, СДСМ прашува зошто навреме не биле обезбедени енергенси за зимскиот период. Според нив, во ек на зима нема ни минимум 300.000 тони јаглен на депонија, што го оценуваат како основен предуслов за сигурно производство. Истовремено, обвинуваат дека мазутот не бил набавен навреме, туку сега панично се бара решение, при што јавно прашуваат дали веќе постои избрана фирма за снабдување со мазут.Опозициската партија заклучува дека токму поради ова се прогласува кризна состојба и дека ударот повторно паѓа врз џебот на граѓаните. Според СДСМ, државата се соочува со буџетска дупка од една милијарда евра, но, како што велат, власта не се откажува од криминалните тендери и скапиот увоз на струја и мазут. „Сметката за ова на крајот ја плаќа народот, сите граѓани на Македонија“, порачуваат од СДСМ.

Македонија | пред 5 дена

struja

РКЕ ја пресече дилемата и ја соопшти цената на струјата: Сметките ќе бидат повисоки и за најштедливите домаќинства

И домаќинствата со најниска потрошувачка на електрична енергија од јануари ќе плаќаат повисоки сметки, иако зголемувањето ќе биде ограничено на неколку десетици денари. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на струјата се коригира нагоре во сите потрошувачки блокови.Според одлуката, која ќе се применува од 1 јануари 2026 година, поскапувањето се движи од 2,45 до 3,84 отсто, во зависност од тоа во кој блок спаѓа потрошувачката. Цената на евтината струја, исто така, ќе биде повисока за 2,5 отсто.Корекциите по блокови изнесуваат:– прв блок: зголемување од 2,45 отсто– втор блок: 2,87 отсто– трет блок: 3,32 отсто– четврт блок: 3,84 отстоИ покрај претходното намалување на мрежарината за 4,96 отсто, надоместокот од 200 денари останува дел од сметките и нема да биде укинат.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, појасни дека кај домаќинствата кои трошат најмалку, ефектот ќе биде ограничен.„Ако домаќинството остане во првиот блок, со потрошувачка од околу 210 киловат-часови скапа струја и 227 киловат-часови евтина струја, сметката ќе биде повисока за околу 57 денари“, изјави Бислимовски.Кај оние кои ќе ја надминат границата на првиот блок и ќе влезат и во вториот, со дополнителни околу 420 киловат-часови, зголемувањето ќе изнесува приближно 70 денари месечно.Од РКЕ нагласуваат дека блок-тарифниот модел останува непроменет, со цел да се заштитат домаќинствата со пониска потрошувачка, додека повисоките трошоци и натаму ќе значат и повисока цена на струјата.

Македонија | пред 5 дена

ChatGPT

Kолку струја троши chatGPT? Истражувачите велат дека потрошувачката надминува цела држава!

Ново истражување открива дека функционирањето на ChatGPT бара повеќе електрична енергија отколку што за една година троши цела Словенија. Универзитетот во Род Ајленд пресметал дека годишната потрошувачка на оваа алатка достигнува околу 17,23 терават-часови (TWh) – бројка што ја илустрира енергетската побарувачка што ја создава брзиот раст на вештачката интелигенција.Во анализата се наведува дека ChatGPT троши околу 0,189 киловат-часови електрична енергија по едно барање, а проценките се засновани врз податокот дека 810 милиони активни корисници поставуваат во просек 22 прашања неделно. Тоа значи дека дневно се обработуваат над 2,5 милијарди барања, што бара околу 47,2 мегават-часови електрична енергија.Истражувачите сликовито го споредуваат овој обем: количината на енергија што ја троши ChatGPT би била доволна за да се наполнат околу 238 милиони електрични возила со батерии од 72,4 киловат-часови. За споредба, едно просечно домаќинство во САД или Западна Европа дневно користи околу 29 киловат-часови.Алан Голдберг од „Best brokers“ предупредува дека и покрај подобрената енергетска ефикасност на ваквите системи, растечкиот број корисници и сè посложените модели на вештачка интелигенција ги поништуваат направените заштеди.„Без технолошки иновации, трошоците за користење на вештачка интелигенција би можеле да се зголемат уште повеќе“, вели Голдберг, посочувајќи дека индустријата мора да инвестира во поефикасни решенија за да го одржи развојот одржлив.

Магазин | пред 1 седмица

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

ЕВН најави дневен прекин на електричната енергија во 16 населени места

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска ќе има прекин на електричната енергија на следните локации:Во периодот од 08.00 до 16.00 часот без струја ќе останат дел од корисниците во:село Осинчани, Ловиште Јасен, село Држилово, село Патишка Река, село Елово, село Малчиште, викендици Патишка Река, Сателитски центар Нова Брезница, Каменолом Вардар Градба, викендици Држилово, село Јаболци, село Црн Врв, Рудпроект, Карст Јаболци, Викенд Населба Јаболци и село Нова Брезница, на подрачјето на општините Студеничани и Сопиште.

Македонија | пред 2 седмици

electricity-meter-96863_1280

РКЕ со нови пониски тарифи: од јануари паѓаат мрежните трошоци во сметките за струја

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) утврди пониски тарифи за повеќе мрежни услуги што влијаат врз крајната цена на електричната енергија. Со важност од 1 јануари 2026 година, трошокот за користење на електродистрибутивниот систем се намалува за 3,64 отсто, надоместокот за преносната мрежа на „МЕПСО“ се намалува за 2,67 отсто, а цената што ја наплатува „МЕМО“ се коригира надолу за 3,40 отсто.Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, објасни дека со оваа одлука се дефинирани сите параметри потребни за формирање на крајната цена на струјата – од набавната цена и количините, до услугите на операторите и покривањето на загубите.„Сега останува универзалниот снабдувач ‘ЕВН ХОУМ’, под надзор на РКЕ, да ги пресмета и да ги објави конечните блок-тарифи. Делот што го регулираме ние има влијание од околу 36 отсто во крајната цена“, истакна Бислимоски.Во сегашната структура, трошокот за користење на електродистрибутивната мрежа учествува со околу 33 отсто во крајната цена, надоместокот за преносната услуга со околу 4 отсто, а МЕМО има минимален удел од приближно 0,19 отсто.

Македонија | пред 3 седмици

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Од утре ќе плаќаме 5 проценти поскапа струја за домаќинствата

Од утре струјата за домаќинствата ќе поскапи за околу 5 проценти, откако регулаторот ги прифати новите пресметки за трошоците во енергетскиот сектор.Државната компанија ЕСМ на тендер понуди цена од 65 евра за мегават-час за базна енергија, што ќе влијае врз крајната цена што ја плаќаат граѓаните.Ова поскапување, велат е резултат на зголемени производствени трошоци, повисоките цени на енергенсите и одржување на стабилноста на системот. Дел од потребната електрична енергија и натаму ќе се обезбедува од домашни капацитети, со цел да се намали зависноста од увоз.Одлуката за новата цена ја донесе Регулаторна комисија за енергетика, која нагласи дека корекцијата е умерена и има за цел да обезбеди сигурно снабдување во наредниот период.Владата најави дека ќе продолжат мерките за заштита на најранливите категории граѓани, преку субвенции и социјални тарифи, за да се ублажи ударот врз семејните буџети.

Македонија | пред 1 месец

evn-ptici-struen1

Дел од Скопје денеска без струја – прекини во пет општини

Неколку скопски општини денеска ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа, информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.Од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром.Од 08:30 до 12:30 часот прекин ќе има за дел од улицата „Димче Милошевски“ во општина Гази Баба.Од 09:00 до 12:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата „1“ во село Сопиште, општина Сопиште.Од 09:00 до 13:00 часот ќе има прекин на струја на дел од улицата „Димитар Мирсачев“ во Кисела Вода.Од 09:00 до 15:00 часот без напојување ќе останат објектите во околината на улицата „Леринска“ бр. 3 во Карпош.Од надлежните институции апелираат граѓаните навреме да се прилагодат на најавените прекини и да обезбедат алтернативни извори на напојување доколку е потребно.

Скопје | пред 1 месец

media-librarys6sqhv7cb1su9PWJCsF

Хотел со 4 ѕвезди крадел струја, откриена голема кражба во центарот на Скопје

Екипите на „Електродистрибуција“ откриле сериозен случај на нелегално приклучување на електричната мрежа во хотел со четири ѕвезди на улицата „Луј Пастер“ во центарот на Скопје.За делото соопштија и на нивната официјална страница на ФБ:ОТКРИЕНА ГОЛЕМА КРАЖБА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ!Хотел со 4 ѕвезди на ул. „Луј Пастер” нелегално приклучен на мрежа.При техничка контрола во станбена зграда која граничи со хотел на улицата „Луј Пастер”, нашите екипи пронајдоа три нелегални и изгорени кабли како последица на преголема оптовареност.Каблите веднаш беа исклучени бидејќи претставуваа директна и огромна општа опасност од настанување на пожар. За време на дополнителна контрола се утвди дека хотелот повторно бил приклучен на еден од нелегалните кабли.Екипите беа попречени во вршењето на должноста при влезот во хотелскиот објект.Случајот е документиран и за истиот е поднесена Пријава за нелегално приклучување на мрежа и предизвикување на општа опасност од пожар до Министерството за внатрешни работи, соопшти компанијата.

Скопје | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-6500PM

Делови од Скопје денес без струја

ЕВН Македонија АД информира дека денес без електрична енергија ќе бидат:– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од село Долно Лисиче. (Општина Аеродром)– во периодот од 8:30 до 14:30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. (општина Сарај)– во периодот од 08:30 до 16:00 часот, корисниците во подрачјата Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)– во периодот од 9:00 до 12:00 часот, корисниците од бул. Борис Трајковски лоцирани од раскрсницата со патека за Лисича кон Охис, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисници лоцирани помеѓу објектите кај Циле Инженеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)– во периодот од 9:00 до 13:00 часот, корисници од ул. Питу Гули лоцирана во близина на српската амбасада. (општина Центар)– во периодот од 9:00 до 14:30 часот, дел од корисниците од ул. Пијанец. (општина Карпош)– ​​во периодот од 9:00 до 15:00 часот, корисници на блокот на зградата лоциран на потегот од Бул. Партизански одред бр. 17 Кон ул. Максим Горки. (општина Центар).

Македонија | пред 2 месеци

karpos-skopje

Прекин на струја во „Карпош 4“ – градежни работи оштетиле кабел!

Жителите на скопската населба „Карпош 4“ денеска се соочија со прекин во снабдувањето со електрична енергија.Од ЕВН Македонија за „Скопје1“ објаснија дека дефектот е предизвикан од искинат среднонапонски кабел. Кабелот бил оштетен од страна на друг субјект кој изведувал градежни работи за свои потреби.„Екипите на Електродистрибуција се веќе упатени на терен за санација на дефектот“, велат од компанијата.

Скопје | пред 4 месеци

electricity-meter-96863_1280

Инженерите бараат сметки за струја според реално измерени податоци

Здружението на инженери реагира и бара сметките за струја да не бидат паушални, туку да се издаваат врз основа на реално измерените податоци од струјомерите.Бараат бришење на член 31 од Правилникот за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја. Потсетуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно е уредена обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реалната потрошувачка.

Македонија | пред 6 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-30-3910PM

Зошто снема струја: утринава цела Македонија беше во мрак

Рано утринава, цела Македонија остана без струја, поради дефект и краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа. Па така, жителите на Скопје, но и на Гевгелија, Куманово, Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево беа без електрична енергија.Од „МЕПСО“ велат дека станува збор за проблем кој го има во Европа, но и регионот.„Станува збор за регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата“, соопшти АД МЕПСО.Електричната енергија се врати во функција за еден час, а во некои региони по часа за два часа по прекинот.

Македонија | пред 7 месеци

479312330_122137647698564510_2611584920990298297_n

Се активира нова опрема за проверка на струјомери: Завршува ерата на неточни броила

„Завршува ерата на неточни броила!“, најави Министерството за енергетика, од каде додаваат:„Долги години, граѓаните се соочуваат со сомнежи за точноста на своите броила, Министерството за енергетика бара итно ставање во функција на софистицираната опрема за проверка на струјомерите, која 7 години собира прашина во Бирото за метрологија.Министерката Сања Божиновска веќе даде јасни насоки – граѓаните мора да добијат право на независна проверка на своите броила во државна институција. Ова значи дека секој сомнеж за неправилно фактурирање ќе може да се провери со прецизни и официјални мерења!➡️ Бирото за метрологија веќе започна процес за активација на опремата.➡️ Граѓаните ќе добијат транспарентен и праведен систем за мерење на потрошената енергија.➡️ Компаниите кои ги инсталираат броилата ќе бидат под дополнителна контрола!Точноста во мерењето на струјата не е привилегија – туку право! Министерството за енергетика останува посветено на вистински решенија кои носат промени“.

Македонија | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања