Промени тема
Контакт

Влада прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
nafta-mazut

Владата на денешната редовна 138. седница донесе одлука за постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, во времетраење од седум дена од денот на влегување во сила на одлуката. Одлуката е донесена по предлог на Управувачки комитет за координација и управување со системот за управување со кризи.

— реклама —

Како што беше најавено и во изминатите денови, кризна состојба се прогласува поради неможноста за навремена набавка на мазут, кој е неопходен за дел од процесот на производство на електрична енергија. Поради тоа, државата ќе интервенира со користење на задолжителните резерви на нафтени деривати.

— реклама —
— реклама —

Според одлуката, задолжителните резерви на мазут ќе бидат отстапени без надоместок, со цел да се обезбеди континуитет во производството и стабилност во снабдувањето со електрична енергија. Државната компанија АД ЕСМ ќе има обврска редовно да доставува извештаи за потрошувачката на мазут до Владата, како и до Министерство за финансии.

Со оваа одлука, Владата има за цел да спречи продлабочување на состојбата во енергетскиот сектор и да обезбеди стабилно снабдување со електрична енергија во услови на зголемен притисок врз производствените капацитети.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library752h05roicf34cJytLV

Владата го усвои Предлог-ребалансот на Буџетот за 2026 година

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
benzinska-benzin-nafta-

Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот до 12 октомври

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryrvnv9su2jj953qKCRwJ

Владата донесе одлука: Се намалува ДДВ-то за горивата од 18 проценти на 10 проценти

Македонија | пред 3 седмици

media-library752h05roicf34cJytLV

Македонија со една од најниските стапки на инфлација во Европа – економијата покажува знаци на стабилизација и раст, велат од Владата

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања