„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СТРУЈА

struja

Најскапа струја во регионот: Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, тврди Мицкоски

„Македонските граѓани плаќаат најскапа струја споредено со граѓани на другите држави во регионот“, тврди Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додава:„Невистини се тврдењата на владата дека граѓаните во Македонија плаќаат субвенционирана, најефтина струја во Европа. Имено, според EUROSTAT, цената на струја која македонските граѓани ја плаќале во првото полугодие од 2022 година била 89,5€/MWh. Според истиот EUROSTAT во првото полугодие од 2022 година, граѓаните во регионот плаќаат многу поефтина струја (слика 1) споредено со македонските граѓани:Србија 58,9 €/MWhБиХ 73,3 €/MWhТурција 74,8 €/MWhКосово 55,5 €/MWhЦрна Гора 79,2 €/MWhВетуваа живот, ефтина струја, нема претплата за МТВ, бројчаници итн…, а што донесоа? Во првото полугодие од 2017 година македонските граѓани плаќаа цена на струја по 69,5 €/MWh (слика 2) или за 22,5% помалку од цената на струјата која ја плаќале во првото полугодие од 2022 година. Ветуваа живот, а донесоа соларни и марихуана картели, корупција и криминал, економија во распад, понижувања и предавства за пусти пари. Одговорност ќе има… доаѓа денот!“

Македонија | пред 3 години

struja-2

Нека ни е лесно зимава: Македонија троши 50 отсто повеќе струја од што произведува

Јован Крајевски на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека земјава троши 50% струја од тоа што произведува, за разлика од соседните земји кои произведуваат онолку колку што трошат.„Босна и Херцеговина произведува 40% повеќе струја од тоа што трошат.Србија, Албанија и Црна Гора произведуваат онолку струја колку што и трошат.Македонија троши 50% повеќе струја од тоа што произведува и зависи од увоз!Нека ни е со лесно зимава“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-09-02-at-11.04.38

(ФОТО) Објавени нови сметки за струја, граѓаните алармираат: „Пазете со ЕВН!“ „Говеда лоповски“

Во последните неколку дена, граѓаните на социјалните мрежи постираат сметки, на кои се гледа дека тарифата за пренос на струја, некогаш достигнува иста или дури и поголема сума од самата сметка за потрошена електрична енергија.Две реакции има и во текот на вчерашниот ден:„Пазете со новите сметки на ЕВН, исто како и со парното лажни се и крадат струја. На нашиот струјомер е мерено едно денеска и забележано со фотографија, а испаѓа дека и после 7 дена јас таа струја што ми ја имаат наплатено до 26.08.2022 сѐ уште ја немам потрошено“, пишува во една од објавите, а потоа се додава: „Фотографирајте си ги постојано струјомерите, еве конкретен доказ дека ЕВН крадат и наплаќаат. Да не кажам дека мрежарината ми е дупло поскапа од струјата што сум ја потрошила. Говеда едни лоповски!“.„Друштво погледнете ја сметката за струја, потрошени електрична енергија во вредност од 71.231 денар а надомест за пренос и дистрибуција 384.509 денари!!! Ваква кражба може да ја има само со согласност од власта, и трпете си, ќутете си, па и на ваша глава ке дојде таква сметка после ке се чудите кој ке ви помогне!!! П.С ако сакате да спиете мирно, време е да се разбудите од 30 годишниот сон!!!“, пишува во друга објава.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски вчера ги коментираше сметките и мрежарината.-Откога се наплаќа електрична енергија во Македонија некаде од педесеттите отсекогаш се плаќало за производство на електрична енергија или за набавка доколку имало потреба од увоз, за пренос на електрична енергија за да помине електричната енергија низ преносната мрежа, која што е на висок напон од 110 киловолти до 400 киловолти и се плаќало за дистрибуција на електрична енергија. Со последните одлуки на РКЕ нашето законодавство и нашите одлуки ги усогласивме со европската пракса и сега граѓаните добиваат посебна цена за електричната енергија како продукт и цената за секој блок за да знаат колку ги чини електричната енергија и добиваат посебна ставка за користење на преносната и дистрибутивната мрежа, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Коментари | пред 3 години

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Самохрана мајка раскажа за својата голгота со ЕВН, па им даде совет како да се справат со оние кои не плаќаат

Другарчиња од ЕВН, читам во Арачиново, Грчец, Сарај, Студеничани, Крушопек и Серава, ем ви краделе струја, ем не сте можеле ни сметки да наплатите. Ама затоа пак, во другите делови на Македонија, народот го рекетирате, бидејќи, се разбира, некој мора да ви ги плати загубите кои ги имате во горе споменатите реони и тоа цели 20 години, откако борците за човекови права станаа власт, залепени и за куртовци и за муртовци, вели Виолета Аврамоска, која ја раскажува својата голота со ЕВН.„Има една македонска поговорка која вели:,, Не слушај гаталец, слушај паталец"Другарчиња од ЕВН, бидејќи јас долги години со вас бев паталец, сега ќе ви ги раскажам моите патила со вас и ќе ви дадам совет, како, според примерот со мене, да си го решите проблемот во овие реони. А, вакви примери како мене, ги има многу во оваа наша напатена Македонија, напатена од арамии и џабелебароши кои ги плаќа чесниот народ, независно од која национална припадност.Во животот се случуваат трагедии. Секој од нас се соочува со својата лична трагедија. Така и јас се соочив со, за мене најголемата загуба во животот, после која останав сама со моето малолетно, тогаш три и пол годишно дете. Оттогаш започнува мојата голгота со вас, ЕВН.Бидејќи не бев вработена и никој немаше желба да ме вработи, нормално, се вработуваат само партиски војници, од СДС и од ДПМНЕ, јас, како и многу други самохрани родители работев само сезонски и нормално доаѓав до ситуација да не можам да си ги плаќам сметките. Морав да направам избор, или храна за детето, или сметки, по што секогаш, се разбира, избирав детето да не ми е гладно.Тогаш ми стигнуваа опомени пред исклучување на струјата, но, секогаш постојат добри луѓе. Така и во ЕВН Охрид, немаа душа да остават едно мало дете без струја и најчесто се трудеа да ми помогнат, со плаќање на една сметка да не ми ја исклучат струјата. И тоа траеше 2 години.Но, потоа започна мојата голгота со вас, ЕВН , а верувам и голготата на многу други семејства. Ми го променавте броилото и оттогаш почнавте да ми ја исклучувате струјата, без опомена, дирекно од Скопје( така барем ми објаснија работниците кои го променија броилото)Оттогаш, 4- 5 години, еднаш годишно мене ми ја исклучувавте струјата и ние две со ќерка ми бевме без струја 7 - 10 дена, во зависност кога ќе успеев да побарам заем за да ги платам неплатените сметки, а потоа работејќи сезонски, го исплаќав заемот.Затоа сакам да ви дадам совет другарчиња од ЕВН, за реоните каде не можете нормално да си ја наплатите струја.СМЕНЕНЕТЕ ГИ БРОИЛАТА , СТАВЕТЕ ИМ БРОИЛО ИСТО КАКО МОЕТО И БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ МОЖЕ ДА ИМ ЈА ИСКЛУЧУВАТЕ СТРУЈАТА.На тој начин вашите работници нема да бидат нападнати од разбојниците, а нас останатите ќе не' ослободите од обврската да им ја плаќаме нивната потрошена електрична енергија и вашите загуби.Доколку се плашете дека ќе бидете нападнати додека им ги менувате броилата, побарајте да бидете обезбедени од страна на македонските политичари на власт, или од нивните сојузници НАТО војските, со кои, нели, жителите на Арачиново се стари познаници многу одамна, уште од 2001 година.Барајте некое чаре, само ние останатите, граѓаните од втор ред во Македонија, да не мораме да плаќаме повисоки сметки и да ви ги покриваме вашите загуби.Срдечен поздрав рекетари од ЕВН“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Фрапантна пресметка на „А1он“: Шест региони во Скопје крадат струја колку што се троши и плаќа во Охрид, Прилеп и Гевгелија

Околу 50 милиони евра е загубата на електрична енергија на годишно ниво, како последица на кражби со нелегани приклучоци. Од ЕВН за „А1он“ велат најпроблематични региони се Арачиново, Грчец, Сарај, Крушопек, Сингелиќ, Серава и Студеничани. Во просек, годишно во државата, преку ЕВН, околу 5% од испорачана електричната енергија се презема неовластено, односно се краде. 5% се околу 300.000 MWh.„А1он“ направи пресметка, во која ако се земе дека едно семејство во просек на еден месец троши 500 KWh (киловат саати) струја, тоа би значело дека на годишно ниво тоа е 6.000 киловати. Ако 300.000 MWh (мегават саати) кои се крадат во Македонија, се поделат 6.000 киловати, може да се види дека со ова количество на струја на годишно ниво се снабдуваат 50.000 семејства. Доколку во просек, едно семејство го сочинуваат минимум три лица, тогаш, 50.000 семејства ќе преставуваат бројка од 150.000 жители. Со ова, се доаѓа до заклучок дека загубите на струја кои ги има ЕВН поради кражби се еднакви како потрошувачката во три градови со големина на Охрид, Прилеп и Гевгелија.Повеќе

Македонија | пред 3 години

FUVNf_5WQAAloQ3

Мицкоски обвини за кражба: Се плаќа за 50% поскапа струја од времето кога јас бев директор на ЕЛЕМ

СДСМ покрај тоа што го крадат, продолжуваат да го потценуваат народот, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Тој на „Фејсбук“ напиша:На локалните избори минатата година загубија катастрофално и беа целосно делегитимирани од народот, а оваа година на предвремените избори за совет во општина Тетово ја продолжија и продлабочија катастрофата со нов пораз, освоија двојно помалку гласови од ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да извлечат поука од катастрофалните порази, продолжуваат да не ја говорат вистината.Кога сме кај вистината еве ги фактите:1. Откако сум именуван за советник во владата Април/2015 година, до моето разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%.Колкава е цената на струјата која ја плаќаат денес граѓаните и стопанството?Заклучно со Јуни/2022 година граѓаните плаќаа 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога јас бев разрешен од местото генерален директор на ЕЛЕМ, после последното поскапување од 1ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за повеќе од 50% поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.Какви се финансиските резултати на компанијата ЕЛЕМ денешно ЕСМ?2. ЕЛЕМ го оставив со полна каса, цели 30 милиони евра, поточно 25 милиони евра депозити, 5 милиони евра пари на сметка и нула долгови. Во 2020 година ЕЛЕМ денешно ЕСМ бележи загуба од 16,7 милиони евра, а загубата во 2021 година достигнува фантастични 28 милиони евра.Недомаќинското работење, криминалот и незнаењето се главните причини зошто граѓаните плаќаат за повеќе од 50 %, а компаниите за 400% поскапа струја.Затоа продолжуваат безочно да лажат и затоа продолжуваат да го потценуваат народот. Криењето позади лажни соопштенија и изјави не ја покрива вистината. Набргу ќе дојде денот кога ќе се соочите со народот и ќе загубите. А потоа јас ви ветувам одговорност за сите погрешни политики, криминали и предавства што му ги донесовте на народот и Македонија!

Македонија | пред 3 години

osiguraci-struja-3

Арачиновец за неплаќањето струја: Зошто да даваме пари на ЕЛЕМ и МЕПСО кога државата може да субвенционира сметки за струја

Арачиновецот Шефик Дураку по своја логика и од свој агол се труди да ја објасни ситуацијата во Арачиново кое должи 6 милиони евра на ЕВН за неплатени сметки за струја.Дураку смета дека граѓаните, меѓу нив и жителите на Арачиново кои се сиромашни не треба плаќаат за струја која ја произведува државата преку ЕСМ, а ја дистрибуира преку МЕПСО.„Да се обидеме преку логика да го оспориме апсурдот!Еве го: ЕЛЕМ е производител на струја, тоа е државна компанија која се финансира од државниот буџет со наши пари.Со наши пари ја произведуваме струјата, со свои пари ја дистрибуираме (примарната мрежа (висок напон) и секундарната (среден напон) и потоа готовата струја по ниска цена ја продаваме на ЕВН, странска компанија која потоа ни ја продава по багателна цена…Малку да поедноставиме: со свои пари произведуваме струја, со свои пари ја дистрибуираме и на крај се враќаме и купуваме од странска компанија.. ова е апсурдот со кој здравиот разум ја изгуби битката овде.Еве еден многу поедноставен пример за да се разбере уште подобро…Јас сум селанец и ти давам пример: Посадив пченично поле – земјата е моја, семето е мое, сам ја обработувам, сам ја наводнувам, сите трошоци ги плаќам од џеб и кога е жетвата, ја продавам на воденицата кај цена од 10 денари за кг… а потоа одам и купувам брашно на пазар по цена од 30 денари за кг.Со парите што ја продадов пченицата ги платив трошоците за производство и излегов со нула (премногу труд) и потоа брашното го купив за 30 денари.. што значи дека би сакал воопшто да не засадувам пченица за да имам, отидов и купив брашно директно во мелница, никогаш порано не сум пробал..Што сакам да кажам со ова?Зошто да даваме пари за производство на струја кога ја купуваме истата од ЕВН?Зошто да даваме пари од буџетот на ЕЛЕМ и МЕПСО кога државата може со тие пари да субвенционира сметки за струја за семејства без месечни примања.П.С. Јас сум лаик на теренот, можеби грешам… само кажувам, вели Дураку.

Коментари | пред 3 години

electricity-meter-96863_1280

Скопјанец објави како стои ситуацијата со кражби на струја во Арачиново

Скопјанец на социјалните мрежи објави како стои ситуацијата со кражби на струја во Арачиново. Тој вели дека не сме ние сиромашни, туку не живееме во Арачиново.„Вака стои ситуацијата со кражби на струја во Арачиново:- Трафостаница бр. 1 - загуба 65%- Трафостаница бр. 6 - загуба 56%- Трафостаници бр. 3, 8, 9 и 10 - загуба 70%- Трафостаници бр. 2, 4, 5, 11 и 13 - загуба 80%- Трафостаница број 12 со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја…Нас не тераат да штедиме, овие ќе копаат биткоини, ние ќе плаќаме струја и за нив!Не сме ние сиромашни, само не живееме у Арачиново“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

soliter-696x497-1

„На администрацијата ќе им купеле по еден шпил карти да не трошат струја со Солитаре“, реакции по мерките за штедење струја

Вклучување на болјер само кога тоа е потреба и по можност во ниска тарифа, готвење во помали садови и туширање со тенок млаз на вода, се дел од препораките за домаќинствата на Владата за следната грејна сезона кои се усвоени на вчерашната седница. Исто така државните објекти кои се во сопственост на централната власт се задолжени да го исклучат декоративното осветлување на фасадите. Не смее да се користи светло внатре во објектите во период кога има доволно дневна светлина. Во јавните објекти во сезона на ладење температурата да се мести не пониско од 27 степени, односно во сезоната на греење не повисоко од 20 степени.Граѓаните на социјалните мрежи се шегуваат околу овие мерки, велат дека администрацијата која не оди на работа, а зема плата испадна најштедлива.https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1559789444663762944?s=20&t=xOckgU5uIl3nZP9UVHastQhttps://twitter.com/AdvokatNikolco/status/1559779076872830976?s=20&t=xOckgU5uIl3nZP9UVHastQhttps://twitter.com/bojankuk/status/1559666183376437249?s=20&t=xOckgU5uIl3nZP9UVHastQhttps://twitter.com/BatmanSaysT/status/1559958575396671488?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aAhttps://twitter.com/S7black7GMC/status/1559951671886757889?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aAhttps://twitter.com/dragi_crni/status/1559812416032178176?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aAhttps://twitter.com/osmini_/status/1559666480488353795?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aAhttps://twitter.com/Tomche29/status/1559612539633295360?s=20&t=ITA8gyK9_HZ8XzLDzad_aA 

Коментари | пред 3 години

struja

Во Скопје се краде струја на големо, мапирано каде најмногу

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, пишува МКД.МКСпоред неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е 300 евра. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на украдената струја е 6 милиони евра за една година. Колку години со ред е вака?Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

Bislimovski

Ако се продолжи со инвестирање во фотонапонски електроцентрали ќе добиеме централи со моќност како ХЕЦ Козјак

За период од осум месеци Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност од 50 МW, доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање, стопанството за нешто повеќе од една година ќе успее да изгради централи со инсталирана моќност како ХЕЦ Козјак - истакна Марко Бислимоски, претседател на РКЕ на петтото издание на МЕФ Енергетскиот форум.„Компаниите соочени со високи цени на берзите, станаа проактивни и започнаа да инвестираат во обновливи извори на енергија, особено во фотоволтаични електроцентрали. Само за период од осум месеци РКЕ има издадено лиценци за производство на електрична енергија од фотонапонски електроцентрали со вкупна инсталирана моќност од 50 МW. Доколку се продолжи со ова темпо на инвестирање ќе имаме 80 до 90 MW до крајот на годинавa, за нешто повеќе од една година се успеа да се изградат централи со инсталирана моќност како ХЕЦ Козјак“ изјави Бислимоски, претседател на РКЕБислимоски посочи дека мора да се продолжи да се инвестира во енергетски капацитети, затоа што со инвестирањето се зголемува енергетската независноста на секоја држава.„Енергетската криза им покажа на сите земји дека мора да се забрзаат инвестициите во енергетскиот сектор посебно во обновливите извори. Паралелно неопходно е да се реализираат и инвестиции кои ќе обезбедат базна енергија. Станува збор за инвестиции во когенеративни постројки. Поради зголемениот интерес но и можностите кои се нудат, сигурен сум дека во нашиот регион ќе имаме удвојување на вкупниот инсталиран капацитет од овој што е сега и тоа ќе биде исклучиво во обновливи извори на енергија. Оваа криза ќе ни биде поука дека само инвестициите се решение за надминување на енергетската несигурност“ изјави Бислимоски, претседател на РКЕ.

Македонија | пред 3 години

struja

Стартува поскапата струја, постојат начини како да заштедите и да се спасите од високи сметки

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлкуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата се зголеми во просек за 7,4 %. Новите цени се на сила од денеска.Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%, соопшти РКЕ.Кои уреди трошат струја?Клима уредите кои на многумина им се неопходни во текот на летните денови често можат да „проголтаат“ многу струја. Доколку имате клима уред во вашиот стан или куќа, направете пракса да ги исклучувате кога не сте дома. Секогаш поставувајте го термостатот на повисока температура, за да не мора да биде на 23 степени, на пример, може да биде на 25, што ќе ви помогне да заштедите енергија од 3 до 5 проценти.Во семејствата со повеќе членови често се случува оброците да се подготвуваат секој ден, освен што одзема многу време, тоа значи и голема потрошувачка на струја.При користење на рерната, клучно е да се избегне нејзино отворање за време на печењето, друга можност е практичноста што ја нудат сите модерни уреди, вклучително и рерната, користете и испечете две јадења во неа. Ова заштедува и време и електрична енергија. Исклучете ја порано и оставете го јадењето да се допече додека рерната се лади.Секогаш кога станува збор за машината за перење и машината за миење садови, советот е ист. Не ги вклучувајте додека не се полни. Овие уреди користат исто количество електрична енергија без разлика на количеството валкани работи и садови во нив.Внимавајте вратата од фрижидерот да не е долго отворена, бидејќи во спротивно ќе влезе многу топлина внатре. Во тој случај, уредот ќе треба повторно да ја спушти температурата, а за тоа ќе црпи дополнително количество струја.Можеби е одвишок да се истакне, но заштедата при исклучување на светилките е повеќе од значителна. Исто така, се препорачува замена со штедливи ЛЕД светилки.Бидејќи бојлерот е еден од поголемите потрошувачи, треба да ја користите евтината тарифа и да ја користите за загревање вода само ноќе. Многу е важно редовно да го чистите од бигор, бидејќи тој го успорува процесот на загревање, што доведува до поголема потрошувачка на електрична енергија. Ако сте сами или сте само двајца, најдобро е да го вклучите бојлерот само навечер кога струјата е поевтина. Истото важи и за машините за перење.Начинот на кој ја проветрувате просторијата за време на студените денови многу влијае на потрошувачката на енергија. Се препорачува почесто да го отворате прозорецот, но во пократки интервали за да влезе свеж воздух во просторијата. Во тој случај, топлината нема време целосно да „избега“ од просторијата и нема да има потреба да се догрева.Едно капење во када троши вода како и 3 тушеви. Кога станува збор само за туширањето, треба да се направат некои корекции. Скратете го времето за туширање на помалку од пет минути и ќе потрошите половина струја и вода од обично, а камоли во споредба со капењето во када.розорците често може да бидат одговорни за загубата на топлина од просторијата, како и за големата потрошувачка на енергија. Ако имате стари прозорци кои предизвикуваат загуба на топлина, има неколку совети како да го решите проблемот.Проверете ги шарките и бравите на прозорците. Понекогаш тие се лабави или едноставно оштетени од употреба и долгогодишно абење, па затоа е потребно само да се заменат.Следниот чекор што ќе ви ги олесни зимските денови во простор со стари прозорци е да залепите заптивна лента на појасот или рамката на прозорецот. Старите прозорци почнуваат да се искривуваат со текот на времето, особено ако се направени од дрво, иако другите материјали не се спротивставуваат на промените во формата.Можете да ставите и фолија на прозорците. Фолиите се поставуваат на стаклото и го намалуваат протокот на топлина низ нив, што е многу важно со оглед на тоа што најголемата количина на топлина од внатрешноста оди надвор низ прозорското стакло.Ако ги исклучувате овие уреди, можете да заштедитеНекои уреди што ги имаме во нашите домови трошат многу повеќе енергија од другите. Со тоа што не ги исклучуваме од штекерот, ризикуваме многу високи трошоци.ЛаптопЛаптоп вклучен во штекер троши просечно 87,6 kW годишно.Микробранова печкаТрајно поврзаната микробранова печка троши приближно 24,96 kWh во текот на годината.ПеглаВо просек, пеглата троши 103,83 kwh.РернаРерната просечно троши 148,54 kwh.Машина за перењеВо текот на една година, машината за перење троши во просек 109,2 kWhСијалици за заштеда на енергијаШтедливото осветлување троши 210,24 kwh годишноПравосмукалкаВклучена во штекер правосмукалка троши 176,8 kWh годишно.ТелевизорТрајно вклучен во штекер телевизор троши 197,10 kWh годишно.Обични светилкиТрадиционалното осветлување троши дури 1051,2 kWh.Електричен шпоретТрајно приклучениот електричен шпорет троши 1460 kwh годишно.Фрижидер со замрзнувачФрижидерот просечно троши 2.277,6 kWh годишно. Сепак, тоа е уред кој е тешко да се исклучи.Десктоп компјутерДесктоп компјутерот троши просечно 277,4 kWh годишно.Индукциска плоча за готвењеИндукциската плоча за готвење која е секогаш вклучена во штекер троши во просек 1095 kWhМашина за миење садовиВо просек, машината за миење садови троши 374,4 kWh годишно.

Македонија | пред 3 години

struja-osiguraci

Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен, порача опозицијата

„Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен. Вистинското покачување на струјата кое власта сака да го сокрие е над 18%. Тоа значи ако до вчера едно домаќинство плаќало 4.000 денари, од 1 јули ќе плаќа скоро 5.000 денари“, вели ВМРО-ДПМНЕ.Тие додаваат:Вистинскиот шок ќе следи во зимскиот период, особено за домаќинставата кои се грејат на струја. А такви има голем број, особено ако се земе во предвид дека власта и самата субвенционираше купување на инвертер клими со цел замена на старите грејни тела на тврди горива.Па така домќинство кое се грее на грејно тело на струја и кое лани плаќало 13.000 денари месечно за струја, оваа година месечно ќе плаќа и над 28.000 денари.Парите на граѓаните нема да стигнат буквално ниту за покривање на сметките.СДСМ и ДУИ ја задолжуваат државата и ги осиромашуваат граѓаните. Премногу е.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-06-29-at-14.08.11

Струјата поскапува за 7,4 проценти, Бислимоски ги кажа новите цени за сите блок тарифи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлуки со кои просечната цената за електрична енергија за 98,8% од домаќинствата ќе се зголеми во просек за 7,4 %.„Без блок тарифите цената на електричната енергија ќе се зголемеше за сите домаќинства за 17,74%, наместо за сегашните 7,4% за 98,8% од домаќинствата. Со оваа реформа на тарифниот систем се штитат најранливите категории“ изјави Марко Бислимоски претседател на Регулаторна комисија за енергетика.Новите цени за универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, кои ќе бидат на сила од 1 јули 2022 година се димензионирани скалесто по блокови, така што оние кои трошат помалку електрична енергија ќе плаќаат пониска цена, за разлика од оние кои имаат поголема потрошувачка ќе плаќаат поскапа електрична енергија, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.СМЕТКИ ЗИМА 59.9% ќе имаат покачување од 6.6% 35.5% ќе имаат покачување од 6.7% до 8.8% 3.4% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.2% 1.2% ќе имаат покачување од 11.4% до 99.5%СМЕТКИ ЛЕТО 77.2% ќе имаат 6.7% покачување 21.8% ќе имаат покачување од од 6.7% до 8.8% 0.7% ќе имаат покачување од 8.8% до 11.3% 0.2% ќе имаат покачување од (11.4% до 100%)Во зависност од блоковите, во зима 59,9% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,6 %, додека 35,5% ќе имаат зголемени сметки од 6,6% до 8,8%, 3,4% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,2% и само 1,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 99,5%. Во летниот период во зависност од блоковите, 77,2% од домаќинствата ќе имаат зголемени сметки за 6,7 %, додека 21,8% ќе имаат зголемени сметки од 6,7% до 8,8%. Само 0,7% од потрошувачите ќе добијат зголемени сметки од 8,8% до 11,3% и 0,2% од потрошувачите ќе добиваат сметки зголемени од 11,4% до 100%.Енергетски компании побараа значајни зголемувања на тарифите за нивните услуги, но РКЕ не ги прифати сите нивни барања и одобри многу помали проценти.ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ БАРАЊЕ ОДОБРЕНОМЕПСО 72,88% -0,03%МЕМО 62,48% 6,96%ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 76,16% 20,94%ЕВН ХОМЕ 35,8 милиони евра 14,3 милиони евраТрошоците за набавка на електрична енергија на ЕВН ХОМЕ на годишно ниво се зголемени за 57,4 милиони евра, во однос на планираното од декември 2021 година, заради враќањето на голем број компании и јавни институции од либерализираниот на регулираниот пазар на електрична енергија, заради што ЕВН ХОМЕ мораше да направи дополнителен увоз на електрична енергија во износ од 33,2 милиони евра. Со укинување на кризната состојба, ЕВН ХОМЕ има и дополнителен трошок за обновливи извори за енергија во износ од 9,5 милиони евра. Дополнително новата цена на eлектрична енергија што ЕСМ му ја испорачува на ЕВН ХОМЕ е зголемена за 17%, од 41евра за MWh на 48 евра за MWh.БЛОК ТАРИФИ ( kW/h)Прв блок 0-210 5,5%Втор блок 210-630 10,3%Трет блок 630-1050 18,3%Четврт блок 1050 > 138,7%29.06. 2022

Македонија | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Драстична промена во предлогот за блок тарифи, ќе се спасат и тие што се греат на струја

Подигнат е прагот во блоковите за искористена електрична енергија во однос на претходно. Горната граница во втората блок-тарифа е 630 киловати во скапа тарифа за 30 дена, а третата е 1.050 киловатиРегулаторната комисија за енергетика, во присуство на сите релевантни фактори, го презентираше изменетиот предлог за блок-тарифите за домаќинствата и за малите потрошувачи што се снабдуваат со струја по регулирани цени. И понатаму останува одлуката дека овие блок-тарифи ќе важат само во дневна тарифа од 7 до 22 часот, додека во евтината тарифа, навечер од 22 часот до 7 наутро, како и цел ден во недела, нема да има блок-тарифирање, односно ќе има една цена.Со новите измени е подигнат прагот во блоковите за искористена електрична енергија во однос на претходно. Но, првата најевтина тарифа и понатаму е за оние што имаат потрошувачка на струја до 210 киловат-часови електрична енергија во скапата тарифа во тек на 30 дена. Горната граница на втората блок-тарифа, место првично превидените 420 киловати, сега е утврдено дека ќе бидат 630 киловати, а третата тарифа е зголемена за 70 проценти од првичните размислувања и сега во неа ќе влезат оние со потрошувачка до 1.050 киловат-часови во скапа тарифа за 30 дена, а над тоа се веќе оние што ќе влезат во четвртата категорија.Универзитетскиот професор Рубен Талески рече дека пресметките покажале дека за затоплување еден просечен стан со инвертор доволни ќе бидат 600 киловат-часови и затоа направиле промени во однос на висините на блок-тарифите, за да може тие што се греат на струја, да не плаќаат високи цени.– Ако сега, со овие цени што важат за струјата до 1 јули, направиме симулација за примена на новиот модел на тарифирање, граѓаните што ќе влезат во втората и во третата тарифа ќе плаќаат 12 проценти пониски сметки – рече Талески.Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски уште еднаш повтори дека потрошувачите ќе ги плаќаат само разликите од еден во друг блок, како што ќе ги поминуваат границите. Тој напомена и дека има случаи кога две-три семејства живеат во една куќа на неколку катови и имаат заедничко броило за електрична енергија, па за да не преоѓаат во скапите блокови неопходно е разделување на потрошувачите.– Ги повикувам ЕВН во најкус можен рок да одговорат на барањето на граѓаните за раздвојување на броилата – рече Бислимоски и информираше дека таа услуга е 12.000 денари.Од 1 јули, со новите цени и новиот тарифен систем, граѓаните ќе добиваат и поинаку конципирани сметки. Во нив ќе има цена за електрична енергија и цена за мрежни услуги – за дистрибуција и за пренос.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања