„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

СТРУЈА

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Премногу е затоа што народот плаќа скапа струја, затоа што СДСМ и ДУИ крадеа во РЕК и ЕЛЕМ, вели ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е декласирана, избори побргу, народот се одлучи, премногу е, време е за промени, вели ВМРО-ДПМНЕ„Премногу е затоа што за една година цените на прехранбените производи се зголемија за 100%, на горивата за 70%, на струјата за 30%.Премногу е затоа што тоа што лани народот можел да го испазарува со 500 денари, сега не може ниту со 1.000 денари.Премногу е затоа што институциите се заробени од власта и народот не може да ги добие услугите кои со закон го следуваат заради корумпираноста на функционерите.Премногу е затоа што нема пари за поголеми плати, а има 1.4 милиони евра за Зоран Заев.Премногу е затоа што народ плаќа скапа струја, затоа што СДСМ и ДУИ крадеа во РЕК и ЕЛЕМ.Премногу е затоа што се краде оружје од полициска станица, а никој не одговара за тоа.Премногу е затоа што додека народот гладува, Ковачевски јаде од златни тањири со златни лажици и виљушки.Премногу е затоа што се обидоа да сокријат две убиства, за кои јавноста дозна, а прашање е дали има други кои успеале да ги сокријат.Премногу е затоа што народот го лажат 5 година дека има датум, а 5 година чекаме во чекалната за ЕУ.Премногу е затоа што излажаа дека се затворени сите отворени прашања со соседите, за сега да распродаваат идентитет, јазик и историја.Премногу е затоа што народот не гледа друг излез, освен промени веднаш. Предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

cernobil

Домаќинствата кои произведуваат струја од 1 јули ќе може да ја продаваат

Денес имав прилика да го потпишам новиот правилник за обновливи извори на енергија, со кој крајно во нашата држава ќе се овозможи на сите граѓани и компании да произведуваат електрична енергија на нивните покриви, а воедно и да ја продаваат на откупувачот или пак на дитрибутерот на електрична енергија, вели министерот за економија, Бектеши.„Со последните измени ќе биде обврска на универзалниот снабдувач за сите тие кои ќе одлучат да стават такви инсталации, да ја преземе вишокот на електрична неергија со тоа што ќе може да се направат дополнителни фактури на секои шест месеци, со што ќе може да им се намалат сметките или согласно договорот да им се плаќа на домаќинствата или правните субјекти. До овој момент инсталираната сила била 4 киловати за домаќинста, ја зголемуваме на 6 киловати, 20 било за малите потрошувачи сега ја зголемуваме на 40 киловати. Министерство за економија ќе почне и со мерка со која што до 30% од трошоците за инасталирање за вакви технологии на крововите на домаќинствата, ќе ги покрива министерството за економија до 1000 евра“, додаде тој.Секое домаќинство од 1 јули ќе може да почне со вакви инвестиции, изјави министерот Бектеши.

Македонија | пред 3 години

280708545_416588643672888_5074506153091841405_n

Објавен калкуларот за струја: Пресметајте колку ќе плаќате со новите тарифи

Регулаторна комисија објави калкулатор за граѓаните сами можат да проверат колку трошат и плаќаат сега за струја, а колку ќе плаќаат за истата потрошувачка кога плаќањето ќе биде по блокови. Споредбата на сметки се прави онлајн. Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна, даде и објаснување.„Евтината струја нема да влегува во блоковите. Во наредниот период ќе ги примаме сите забелешки и сугестии, тие единствено можат да одат во насока за зголемување на опсегот на блоковите. Имаше доста дилеми во јавноста, на најголем дел ќе излеземе во пресрет. Со овој тарифен систем не можат да се решат сите проблеми“, рече БислимовскиПрофесорот Рубин Талевски го презентираше калкулаторот.За да пресметате тука: Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (erc.org.mk)

Македонија | пред 3 години

klima

„Владата ги стимулираше граѓаните да се греат на струја, а сега ги казнува со висока индустриска цена“, вели О2 иницијатива

О2 иницијатива на социјалните мрежи објави податоци на кои се прикажани вкупниот број на домаќинства според енергентот потрошен како основен тип на греење. Тие велат дека со воведување на индустриска цена на струјата овие граќани ќе бидат казнети и истите ќе бидат стимулирани повторно да се греат на дрва.„Во државава, од податоците на ДЗС, во 2019 имало околу 178,000 домаќинства кои се греат на струја. Со воведување на блок-тарифите, тие кои се греат на струја и кои годиниве Владата и општините ги стимулираше да го остават дрвото за греење и преминат на струја, ќе се казнат и ќе плаќаат висока индустриска цена.Истите сега ќе се дестимулираат и ќе се стимулира враќањето кон дрвата за греење, а со тоа и на аерозагадувањето“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Транспарентно, стар и нов Тарифник како ќе си плаќате: Ако досега струјата ве чинела 10 446 денари, сега ќе плаќате 14 947 денари

Дарко Грујоски, ИТ специјалист, направи анализа какво поскапување ни доаѓа наскоро, со новата одлука на Регулаторна комисија. Неговото јавно пишување ви ги пренесуваме интегрално„Транспарентно, стар и нов Тарифник како ќе си плаќате .– За евтина тарифа би платиле по старо, 525,4 киловати по 3,67 денари = 1 928 денари. За скапата тарифа, за потрошувачката до 250 киловати, би платиле околу 1 737 денари по претпоставена цена од 6,95 денари за киловатчас, односно цена 5% пониска од актуелната. Овој процент е само наша претпоставка која сметаме дека одговара на најавата за „нешто пониски цени“ за првата тарифа.Следните 250 киловатчасови, до 500, ова семејство ќе го чинат 1 830 денари. Под услов ако остане ветувањето дека за вториот тарифен блок ќе остане актуелната цена.Преостанатите 571 киловатчасови, ако се пресметуваат по пазарна цена како што најави Бислимовски, а која изнесува околу 15 денари за киловатчас, ќе го чинат ова домаќинство 8 565 денари.Кога ќе се додаде ДДВ-то од 5% и јавното осветлување, сметката која зимава чинела 10 446 денари, со новиот тарифен модел, ќе чини 14 947 денари, односно четири и пол илјади денари или 45% повеќе“, напиша Грујоски.

Коментари | пред 3 години

bislimovski1

Струјата ќе поскапи, на Бесмиловски му е жал

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информира дека државата нема да дозволи големо зголемување на цената на електричната енергија. Според него, постојат механизми со кои ќе се спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти.„Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас“, изјавил Бислимовски за емисијата „Економски магазин“ на Тв Алсат.Бислимовски изрази жалење што поскапувањето на струјата е неминовно.

Македонија | пред 3 години

814680-vnimavajte-evn-isprati-visoki-smetki-za-struja-1024x696-1

Одново поскапува струјата; Стојаноски: Бесмилоски ќе троши 80 евра дневно за кафе, народот ќе плаќа поскапо!

Се крои нова цена на електричната енергија. Колку ќе биде зголемувањето енергетските компании се уште калкулираат.Првиот човек на Регулаторната комисија Бислимовски за Утрински брифинг вели дека операторите имаат рок до крајот на месецов да ги достават пресметките за трошоците и барањата, по што РКЕ ќе носи одлука.Билсомовски соопшти дека во моментов цената на светските берзи се движи околу 230 евра за мегават час, но и се очекува цела оваа година таа да биде висока. За заштита од поголеми ценовни шокови вели дека решението е во зголемено домашно производство, но и во штедење. Новата цена на струјата ќе се знае следниот месец и ќе важи до крајот на годинава.Последната корекција беше направен на крајот од 2021 година кога електричната енергија поскапе за околу 10 проценти.Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски, посочи дека избори се решение за крај на катастрофата.„Покрај досегашното поскапување на електричната енергија од 30%, се очекува ново до крајот на месецот.Регулаторната комисија за енергетика и нејзиниот предводник Марко Бислимовски ќе трошат по 5.000 евра дневно за оперативни трошоци, по 80 евра дневно за кафе и милиони за непродуктивни трошоци, а народот ќе плаќа поскапа струја. Избори се решение за крај на оваа национална катастрофа“, посочи Стојаноски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања