Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

СУДСКИ СОВЕТ

Screenshot-2025-04-30-at-17.30.02

Димитриевски и Дуковска станаа кривични судии, Маркова за граѓанска судијка во Врховен

Членовите на Судскиот совет денеска на седница ги избраа Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска за кривични судии на Врховниот суд. Димитиревски и Дуковска се судии од Апелациониот суд – Скопје. На седницата беше избрана и Маја Маркова за граѓански судија на Врховниот суд, но не се изврши избор на кандидатите Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска од Апелационен суд Скопје и на Рафиз Идризи од Апелационен суд Гостивар.Како што информираше на почетокот на седницата претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, Судскиот совет објави оглас за избор на шест судии на Врховниот суд, и тоа три судии за граѓанска област и три судии за кривична област, објавен во Службен весник. Како што рече, по спроведената постапка, од страна на Комисијата при Советот, поднесен е извештај со конечна ранг листа на кандидатите.Известителот и претседателот на Комисијата, Павлина Црвенковска рече дека листата кандидати за судии во кривичната област е составена од двајца кандидати Зоран Димитриевски и Татјана Дуковска, судии на Апелационен суд Скопје.По однос на останатите кандидати за избор на судии, Маја Маркова, Јетмир Ајдини Бошњаков, Наташа Савовска Димитровска и Рафиз Идризи, Весна Дамева побара да се поништи огласот и итно да се распише нов оглас.

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2025-04-30-at-12.44.23

(Видео) Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата, смета Камбовски, претседател на Судски совет

Александар Камбовски, претседател на Судскиот совет, смета дека не може да се зборува за независно судство, ако се уште финансирањето оди преку извршната власт односно Владата. Според него, тоа е основата, бидејќи судовите не се само зградите, туку тие треба да се опремени, а работи персонал кој опслужува и треба да биде платен.„Моментално се соочуваме со катастрофален недостиг на кадри. И судиите, кои што се, прават вонредни напори да бидат ефикасни“, рече Камбвоски.

Македонија | пред 9 месеци

sudski-sovet-1

Мицкоски за членовите на Судски совет: Сѐ уште седат и земаат илјадници евра плата, а уживаат доверба помала од 2 проценти, образ ѓон

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна на тие кои што ги гласале, тие и понатаму продолжуваат да бидат дел од Судскиот совет и да земаат илјадници евра месечен надомест, притоа уживајќи помалку од 2 проценти доверба кај граѓаните и никому ништо. И тоа доволно ви кажува за каков профил на личности станува збор и зарем вие очекувате нешто различно од нив да донесат како одлука, посебно за случајот за младата Теодора која е прегазен ана пешачки премин.“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за поставување пратенички прашања.Мицкоски упати остри реакции и за Советот на јавни обвинители.„Но, не е само тоа. Во случајот има и една друга институција Советот на јавни обвинители, таму има еден замислете еден виш јавен обвинител кој што бара да се намали првостепената пресуда. Затоа што овој случај има прв дел од пресуда од 3 и пол години, се жали обвинителот на ниска казна, неговиот надреден кој што е во Вишото ја прифаќа одлуката односно прифаќа таа да биде помала од 2 години.“, рече Мицкоски.„Зарем вие очекувате од овие луѓе нешто повеќе. Јас не. Образ ѓон.“, изјави Мицкоски.„Ако некој мисли дека ние имаме кратко помнење се лаже, нема така едноставно да поминуваат некои работи. Правдата мора да биде неприкосновена и да ја добијат сите.“, дециден е Мицкоски.Во однос на реформите, Мицкоски истакна дека се во завршна фаза и очекува до крајот на јуни да бидат донесени, но како што рече лично има дилема дека нешто од тоа ќе функционира со вакви судии и обвинители.„Тие се работат и се во завршна фаза. И се дел од реформската агенда и има јасен датум дека до 30.06 треба да се донесат. Но, искрен да бидам лично мислам и имам дилема дека нешто од тоа ќе функционира со овие вакви судии и обвинители кои се бирани на начин на кој што се бирани. Не сите, туку мала група, но таа мала група го контаминира она поголемо ткиво кое заслужува да биде и судија и обвинител.“, истакна премиерот Мицкоски.

Македонија | пред 10 месеци

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев: Кој само ја даде таа идеја владата да организира протести против судството?!

Професорот по кривично право, Гордан Калајџиев, се огласи со став по најавата на Христијан Мицкоски дека ќе има протести ако членовите на судскиот совет не си поднесат оставки:„Кој само ја даде таа идеја владата да организира протести против судството?! Абе уште 100 години нема да влеземе во ЕУ“, гласи неговата реакција.

Македонија | пред 11 месец

dameva-14

(Видео) Изгласана интерпелацијата на Весна Дамева: Нема легитимитет за функцијата

Со 77 гласа е изгласана интерпелација на членот на Судскиот совет, Весна Дамева. Одлуката беше поздравена со аплауз. Немаше против, ниту воздржани.„Собранието ја прифати интерпелацијата за членот на Судскиот совет Весна Дамева“, констатираше собранискиот спикер Африм Гаши.Потоа, со 74 гласови, Собранието донесе заклучоци со кои смета дека Дамева го изгубила легитимтетот.„Собранието утврди дека Весна Дамева како член на Судскиот совет имала значителен придонес во загрозување на судството и судиите и допринела за падот на довербата во судството, не ја извршувала својата функција, а го губи и легитимитетот да учествува во работата на Судскиот совет со оглед дека и е изгласана интерпелација“, рече Гаши.На сметка на Дамева дојдоа многу критики. Нејзиниот сопруг има поврзаност со Скопски пазар, па ја обвинуваа дека постапувала по предмети и дека не се изземала. Потоа, сметаа дека таа е несоодветен кадар бидејќи според дел од пратениците таа не е истакнат правник како што се бара според законот. Бидејќи стана член на Судскиот совет по предлог на експратеседателот Стево Пендаровски, од говорницата прашаа и како ја нашол токму неа, бидејќи била само стручен соработник во суд, а ниту стручните соработници меѓу себе не се познаваат.Инаку, Дамева беше и претседателка на Судскиот совет, во време кога имаше кавги и расправии, како и раскол меѓу членовите. Беше разрешена, па вратена со судска одлука на функцијата, бидејќи судот одлучи дека разрешувањето било незаконско.

Македонија | пред 11 месец

tanja

Чачарова – Илиевска: Интерпелација на член на Судски совет е противуставен акт

Во Собранието во тек е седница, на чиј дневен ред се петте интерпелации за работата на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието:Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Селим Адеми.Зад иницијативата застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за нивното заминување од функциите ќе треба да одлучат самите со давање оставка.,,Интерпелацијата против петте членови на Судскиот совет, кои што ги избира Собранието е недозволена и овој акт претставува преседан во досегашната парламентарна демократија на Република Северна Македонија. Повеќе од 30 години досега ниту еднаш не се случило Собрание да поднесе интерпелација на член на Судскиот совет”, изјави членот на Судскиот совет Тања Чачарова – Илиевска.Таа рече дека нема да присуствува на собраниската седница.,, Интерпелација на член на Судски совет е недозволена и противуставен акт. Гледам во интерпелацијата подносителите на истата се повикуваат, а и по медиуми постојано тоа го слушаме, на нивното уставно загарантирано право да поднесуваат интерпелација, во смисла на член 72 од Уставот на Република Северна Македонија. Меѓутоа, одредбата од членот 68, став 1, алинеја 15, има поинакво уставно решение. Таму стои дека интерпелација може да биде поднесена спрема секој носител на јавна функција којшто одговара пред Собранието. Синоќа случајно на една од телевизиите имав прилика да слушам еден од пратениците којшто рече во дебатна емисија дека било „природно право“ тој што те бира и да те разрешува. Видете во правото немаме природно право, во правото имаме нормирани состојби, нормирани прашања, нормирани права и одговорности, така што Уставот посветил доволно одредби во членот 104 и 105 заменети со амандман 28 и 29, точно се уредени клучните прашања што се однесуваат за Судскиот совет, децидно доразработени во Законот за Судски совет и пратениците, за жал, немаат уставно право на ваков чин”, рече Чачарова – Илиевска.Според неа, Законот за Судски совет не прави разлика помеѓу членовите во зависност од тоа дали се избрани од редот на судиите или се избрани од Собранието, а со тоа се прави дискриминација помеѓу членовите на Судскиот совет што е недозволиво.

Македонија | пред 11 месец

sudski-sovet-2-2-copy-pretresi

Судски совет не ја открива тактиката за утрешната расправа за интерпелациите

Утре во Законодавниот дом почнува расправа за интерпелациите на петмина членови на Судскиот совет кои се избрани од Собранието.Петтемина членови на Судски совет не ги откриваат своите планови и тактики за утрешната дебата.На денешната седница во Судски совет рекоа дека не донеле конечна одлука дали ќе влезат во собраниската сала. Но, како што дознаваме неофицијално дел од нив не се расположени од салата да ги слушаат пратениците.Денеска никој не даде изјави за медиумите.И случајно или не, само еден час пред собраниската седница, има закажано седница на Судскиот совет. Претседателот Камбовски вели дека ја закажал пред да дознае за тајмингот на собраниската седница, но ова нема да биде пречка ако членовите одлучат да се појават пред пратениците.Власта поднесе интерпелации за Весна Дамева, Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Тања Чачарова-Илиевска и Миљазим Мустафа.

Македонија | пред 11 месец

sudski-sovet-2-2-copy-pretresi

Во март интерпелациите за петте члена на Судски совет во собраниската сала

Интерпелациите за петте члена на Судскиот совет, избрани од Законодавниот ден на седница ќе се разгледуваат во првата половина на март. Поднесени се од 67 пратеници од владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ. Тие се завработата на членовите на Судскиот совет Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска, Павлина Црвенковска, Миљазим Мустафа и Селим Адеми.Петте члена на Судскиот совет одговориле на забелешките и наводите во интерпелациите, а деновиве материјалите ќе бидат доставени до сите пратеници, по што ќе се закаже седницата, рече денеска на редовниот брифинг со новинарите претседателот на Собранието Африм Гаши.Собранието може да дебатира за интерпелациите, но дури и изјаснувањето на пратениците не значи ништо, бидејќи Собранието не може да ги разреши. Премиерот Мицкоски побара нивна оставка, но членовите на Судски совет одбија да го послушаат.

Македонија | пред 11 месец

tanja

Ексоветничката на Заев, Илиевска, не поднесува оставка од Судски совет: Најсовесно и чесно ја извршував функцијата

Тања Чачарова-Илиевска, член на Судски совет, избрана од Собранието не чувствува одговорност за да поднесе оставка, како што од неа и од другите гленови избрани од Зааконодавниот дом бара премиерот Христијан Мицкоски. Таа во минатото беше советничка на премиерот Зоран Заев во Владата, а потоа беше избрана како член на Судскиот совет.За нив владеачкото мнозинство поднесе интерпелација.Чачарова-Илиевска, пред две недели рече дека и треба време да ја анализира интерпелацијата за да заземе став, а денес одговори на наводите во интерпелација.„Јас тврдам дека најсовесно и чесно ја извршував функцијата член на Судскиот совет и затоа, да ви кажам искрено, не чувствувам ниту морална, ниту професионална одговорност за да поднесам оставка. Интерпелацијата нема индивидуализирано кои дејствија, кои постапки јас како член поединец на Судскиот совет сум ги презела несовесно, незаконито кои би можеле да ми се стават на товар заради таквиот извештај на работа во Судскиот совет и воопшто за работата на целиот Судски совет“, рече Чачарова- Илиевска.Таа одговора дека интерпелацијата упатува на интерпелација на Судскиот совет како колективно тело.„Сметам дека тоа е дискриминаторски однос спрема членовите на Судскиот совет кои согласно Устав и закон се еднакви и рамноправни. Прекршено е начелото на еднаквост на челновите на Судскиот совет. Понатаму наведов дека е дискутабилна можноста или правото на Собранието за поднесување интерпелација на член на Судскиот совет имајќи го предвид фактот дека интерпелацијата е механизам на политичка контрола врз носителите на јавни функции“, вели Чачарова- Илиевска.Таа укажа дека за интерпелацијата веќе има реакции од домашната стручна јавност, но и од надворешни фактори вклучително ЕУ како и Стејт департментот. Токму затоа Чачарова-Илиевска смета дека треба многу внимателно да се пристапи кон прашањето за интерпелацијата и да се сфати дека таа е механизам за политичка контрола заради утврдување политичка одговорност кај носители на јавни функции кои се одгворни за својата работа пред Собранието.Освен за Чачарова-Илиевска, интерпелации се поднесени и за Весна Дамева, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми.Милазим Мустафа, денес рече дека одговориле по сите основи наведени во интерпелацијата и откако ќе завршат сите процедури во Собранието се надева на позитивен исход.Изгласувањето на интерпелациите во Собранието не значи дека тие заминуваат од функциите, затоа Мицкоски од нив побара оставки.

Македонија | пред 11 месец

jovanova-jovanov-1412

Судијката која му изрекла воспитна мерка на возачот Васил Јованов не го прекршила законот, ниту била пристрасна, заклучиле членови на Судскиот совет

Судскиот совет не најде прекршување на законот од страна на судијката Даниела Алексовска Стојановска од Кривичен суд која му одредила заводска мерка на возачот Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова, во судскиот процес каде му се судело за дрога. Предложено е само извештајот да се донесе до Обвинителството и Советот на обвинители, поради тоа што Судскиот совет има замерки на завршиот збор на обвинителот кој го гонел Јованов во тој случај. Според Судскиот совет, заводската мерка е согласно одредбите на Кривичниот законик, а судијката не постапила спротивно на истиот.„Извештајот од посетата да се достави до Обвинителството во Скопје, бидејќи има определени согледувања за нивното постапувања, за да истите бидат запознаени. Дополнувам и да се испрати до Советот на јавни обвинители. Втор заклучок: наводите за пристрасност при одлучувањето на судијата во однос на постоење на причини за изземање, оваа работна група смета дека испинатите околности не се од такво карактер за да предизвикаат сомневања за нејзината пристрасност и не се во рамки на предвидените причини за изземање“, рече Данка Ристова, член на Судски совет.Ристова посочи дека прашале и зошто на Јованов му бил укинат притворот кога му била изречена воспитна мерка наместо затворска казна. Судијката посочи дека тоа го правеле по службена должност и дека тоа било воспоставена пракса. Но ова тврдење не можеле да го потврдат.„Вакви предмети за изречена заводска мерка на помлад малолетник се многу ретки, и во Скопје и во другите судови. Решението со кое на обвинетиот му е укинат притворот не е обжалено“, додаде Ристова.Ивица Николовски, член на Судскиот совет кажа дека потфрлиле во заштита на интегритетот на судијата. Смета дека человкупната вина не може да биде префрлена на судовите.„Сите сме свесни и согласни, беше судијата осуден од јавноста, а ние како Судски совет не успеавме да го заштитиме интегритетот на овој судија, а тоа една од нашите основни надлежности. Дозволивме дискредитирање на оваа колешка, која е граѓанин како сите други, професионалец. Наша надлежност не е само да бараме одговорност на судии туку и да ги охрабруваме и на тој начин чекориме кон независност и самостојност. Не успеавме иако имавме обиди. Од овој извештај се потврдува мојот став, колку еден судија е неквалитетен и несовесен, не може да биде толку моќен во алката на правораздавањето. Ако останатите делови од оваа алка се ефикасни, последица е на судијата да биде ефикасен. Од овој извештај гледам, кај обвинетото лице (Васил Јованов), со години од надлежни органи било констатирано однесувањето спротивно на закон и иако имало повеќе такви констатации, воопшто не е процесуирано. Со право се поставува прашањето, што требало да направи за да биде процесиуриан во постапка согласно со законот. Дали ова укажува дека не може целокупната вина да биде на судовите, туку овде станува збор за поширока неодговорност или недоволна превентивност“, рече Ивица Николовски.Антоанета Димовска смета дека Судскиот совет треба да испита факти, а не да штити.„Во моментот кога ќе се случи нешто, се случи трагедија, ниту треба да го заштитиме ниту да го нападнеме судијата. Требаше да ги испитаме фактите, тоа е наша обврска. Факт е дека е створена фама во општеството и дека за се се виновни судиите. Ама ние треба само да ги испитаме фактите и да предложиме заклучоци. Жал ми е поради тоа што им се случува на колегите, ама се надевам дека тоа ќе се исправи и дека некои работи се системски пропусти“, рече Димовска.

Македонија | пред 11 месец

Screenshot-2025-02-12-at-10.45.37

Екссоветничката на Заев уште не знае дали ќе поднесе оставка од Судскиот совет по интерпелацијата

Членот на Судскиот совет, Тања Чачарова-Илиевска ја примила интерпелацијата и најави дека ќе одговори на истата. Немаше конкретен одговор дали ќе понесе оставка, бидејќи интерпелацијата не го наложува тоа, но доколку се изгласа недоверба тоа ќе значи дека тие кои ја избрале веќе не сметаат дека треба да биде дел од највисокото судско тело.„Ја примив интерпелцијата вчера, за став не сум подготвена сега. Ја прочитав, но немав можности за добро да ја разгледам. Тоа што ми падна во очи дека тоа не е за интерпелација на Тања Чачарова-Илиевска на Судскиот совет, него упатува за интерпелација на Судскиот совет. Упатува на колективна одговорност. Јас кажувам дека одговорноста мора да биде индивидуална иако Судскиот совет е колективно тело. Ние сите гласаме, и зависно на секој засебен глас се носи одлуката“, рече Чачарова-Илиевска.„Сметам дека добро треба да анализирам, па тек тогаш ќе имам одговор на вашето прашање за оставка“, рече Тања Чачарова-Илиевска.При назначувањето на Чачарова-Илиевска, тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагираше дека таа е финансиер на СДСМ, советник на Заев и владин член на бордот на Телеком.[caption id="attachment_321665" align="alignnone" width="1135"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

sudski-sovet-1

Нема како членовите на Судски совет да бидат разрешени, но борбата ќе биде со јавниот притисок, вели премиерот

Нема начин за со сила да биде разрешен Судскиот совет, рече премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека ниту членовите кои се избрани од Собранието, а за кои е поднесена интерпелација, можат да не дадат оставки и покрај изгласаната недоверба. Сепак, борбата за промени во правосудниот систем ќе бидат со јавен притисок.„Органот кој ги избрал тие пет члена има право да даде свое мислење. И со тоа што не го прифатил нивниот извештај, дал свое мислење. Пратениците можат да поднесат интерпелација за членовите кои тие ги избрале. Но тоа не значи дека им престанува мандатот, тие може да речат дека не поднесуваат оставка и да останат понатаму да го водат судството со 2%. Нас тоа нема да нѐ изненади. Со сила не можеме ништо да им направиме, до последно ги штити законот. Тие можат да решат да не поднесат оставка“, рече Мицкоски.Сепак, тој посочи дека се надева на нивни оставки.„Новите членови ќе се бираат според тоа кој закон ќе биде во сила. Ценам дека јавноста не е задоволна од Советот, ќе се бориме со јавноста, со јавен притисок“, додаде Мицкоски. 

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-02-06-at-21.57.09

Во Судски совет изненадени од иницијативата за нивно разрешување

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, од медиумите слушнал дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на ова судско тело.„Првпат од вас чув. Повеќе пати имам дадено изјави. Единствено место каде тоа може да се случи е во Судскиот совет. Имам и претходно кажано, работиме сите согласно закон и Устав. Немам причина да се сомневам дека Собранието и Владата работат според тие принципи. Иницијативи до Собранието можат да се поднесуваат, секој има право“, рече Камбовски.Тој рече дека не сака да шпекулира на темата „што доколку ги разрешат“ членовите на Судскиот совет избрани од Собранието.

Македонија | пред 1 година

26122024-Mickoski

„Цениме дека треба да се удри во чело“ - иницијатива за разрешување на членовите од Судски совет поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ

Иницијатива за разрешување на Судскиот совет, односно членовите поднесуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието. Ова го објави премиерот Христијан Мицкоски, според кого, телото е главно упориште на корупцијата. Ова доаѓа откако граѓаните излегоа на улиците бунтувајќи се против системот, а по прегазувањето на Фросина Кулакова на пешачки премин од страна на Васил Јованов.„На државата и граѓаните им е потребна правда, а правда може да се добие со длабоки реформи и сериозни промени наспроти досегашните пракси на злоупотреби кои имаат пуштено длабоки корени во системот. Македониjа мора да се бори против своето корумпирано мочуриште кое jа држи заробена и заложник и е причина за неjзино пропаѓање и разочарување кај многу од граѓаните. Затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет, кој според мое длабоко убедување е дел од системот кој останува главното упориште на корупцијата, неправдите и разочарувањата. Македониjа мора да победи!“, напиша Мицкоски.„Во изминативе месеци се запознавав детално со начинот на функционриање, избор и институционалната мерија и сето тоа што е поврзано со судско-обвинителскиот систем во државата. Кога не знам, се трудам да учам. Заедно со министерот, со сите луѓе кои работат во Министерството за правда, пратениците, анализираме. И споделуваме искуства, бараме решенија. Не е тајна ако кажам дека граѓаните не се задовлни како функционира судско-обвинителскиот систем кај нас. Ние не можеме да направиме целосно распуштање или ниту можеме за кратко време да ги најдеме аномалиите. Но можеме да избереме судски совет кој ќе биде своевиден монитор како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Цениме дека треба да се удри во чело, а не да правиме импланти. Тоа подразбира дека се што е под ингеренции на Парламентот, таму каде се бираат, таму да се изгласа интерпелација. Тие можат да останат во Судскиот совет. Но ако ти водиш инает а ти изгласале интерпелација - не е добро. Тогаш имаме други алатки“, додаде Мицкоски.

Македонија | пред 1 година

sudija

Народот очекува правда и одговорност, Судски совет и ЈО да се фатат за работа, да ја разрешат судијката Алексовска Стојановска и да ја истражат нејзината работа, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Одговорност за неказнивоста на криминалците мора да има. Оние кои што дозволија криминалците, наместо во затвор, слободно да се шетаат по улиците мораат да понесат одговорност“, вели ВМРО-ДПМНЕ и додава:Таквата неказнивост на криминалците од правосудните органи, доведе тие да се чувствуваат посилни и над законот, и да газат се пред себе.Таков е и случајот со возачот убиец, кој пред некој ден ја усмрти младата девојка на Партизанска, која уредно поминувала на семафор на зелено за пешаци.Дента, наместо во возилото кое го управувал без возачка дозвола, требал да биде во затвор ако судијката Даниела Алексовска Стојановска постепела согласно закон. Па, наместо во поправен дом, возачот кај кој била пронајдена значителна количина на дрога, го испратила во затвор.Возачот убиец кој ја усмртил младата Фросина Кулакова бил фатен за трговија со дрога и истиот, по ниту еден основ не можел да биде ослободен од затвор и пратен во поправен дом.Оттука, упатуваме порака до Судскиот совет, конечно да се фати за работа и веднаш да ја разреши судијката Даниела Алексовска Стојановска, која го ослободила од затвор возачот убиец.Исто така, го повикуваме и Јавното обвинителство да отвори истражна постапка за истата судијка и да утврди како и зошто досудила таква одлука.Обвинителството и судството немаат веќе време за трошење, народот очекува да се фатат за работа и да го спроведуваат законот, па така и да ја оправдаат платата што ја добиваат од парите на граѓаните.Народот очекува правда и одговорност.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања