ТОП

20220821_195800

(ФОТО) Страшна сообраќајка на влезот од Скопје

Тешка сообраќајка вечерва на влез од Скопје, на клучката кај Хиподром. На местото каде се делат Скопје и обиколница, има голем застој.Засега нема информации за евентуално повредени лица. Две возила се скоро уништени во предниот дел.Информации од МВР, засега нема. На терен има и полиција

Скопје | пред 3 години

20220821134447

Синот на пратеникот кој беше ВМРО, гласаше за промена на име, па СДСМ, стана полицаец

Пратеникот Зеќир Рамчиловиќ вчера објави дека неговиот син е еден од новопримените 590 полициски службеници во МВР.Рамчиловиќ е независен пратеник. Тој беше еден од осумте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ кој гласаше за уставни промени.По гласањето, партијата на вонреден извршен комитет донесе одлука пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои ги поддржаа уставните измени да бидат веднаш исклучени од партијата, а меѓу нив беше и Рамчиловиќ.Пред три години, сопругата на Рамчиловиќ се вработи во Министерството за внатрешни работа, т.е. во Секторот за внатрешни работи како самостоен советник во писарница.

Македонија | пред 3 години

300246826_341150241470143_3767772116156624963_n

Детали што се случувало со авионот кој полета од Охрид, па се вратил назад

Контролата на летање огласи во врска со авионот кој вчера полета од Охрид. Оттаму велат дека не станува збор за принудно слетување, туку дека авионот на „Визер“ требало да слета во Скопје, па откако не успеал поради невреме, неколкупати кружел и на крајот се вратил во Охрид.Авионот „Ербас А-32о-230“ на унгарската нискобуџетна компанија лета на редовна линија од Охрид за Фридрихсхафен. Тој на пат кон Германија, требало да слета во Скопје и да земе патници за крајната дестинација.Но, поради невремето попладнето во главниот град, авионот не успеал да слета во Скопје и капетанот пет-шест пати вртел над скопскиот аеродром, чекајќи подобри временски услови.Откако времето не се подобрило, пилотот безбедно го вратил леталото во Охрид, велат од Македонска навигација (М-НАВ).

Македонија | пред 3 години

cementara

(ВИДЕО) Пожар во кругот на Цементарница усје во Кисела Вода

Пожар избувнал во кругот на фабриката Цементарница Усје во Кисела Вода. По пријава, интервенираат и противпожарни возила со неколку пожарникари. Непознато е дали се зафатени објекти, но од информациите кои се познати, нема повредени лица.Од Противпожарната бригада-Скопје за „Скопје1“ велат дека станува збор за спој на електрична енергија, поради што настанал пожарот. Детали се најавуваат по интервенцијата.Се очекува проверка и од екипи на МВР.

Скопје | пред 3 години

299814034_1638804663179757_4373473915638195326_n

(ФОТО) Елизабета Канческа-Милевска славеше со Мијалкови за внуката на Сашо

Ексминистерката и пратеничка која гласаше за промена на името, Елизабета Канческа-Милевска, по подолго време е видна во јавност. Таа се повлече откако и заврши пратеничкиот мандат.Ја судеа во Кривичен суд за предметот „Тендери“, којшто се однесува на тендерот за изградба на Музејот на македонската борба. Судбината на предметот засега е непозната.Канческа-Милевска е фотографирана со пејачката Тамара Тодевска, која пак, во „Мериот“ го славеше раѓањето на внуката на Сашо Мијалков. Освен со неа, на фотографијата е и Олга Костовска, најстарата ќерка на бизнисменот Трифун Костовски. Ова би значело дека ексминистерката и пратеничка, славела заедно со Мијалкови во „Мериот“.Фотографијата со Канческа-Милевска е прикачена на социјалната мрежа „Твитер“. Таа е насмеана заедно со останатото друштво.https://twitter.com/dulestefanoski/status/1561293574955831296?s=20&t=A612mV74y_eFyd-78LEk_w

Македонија | пред 3 години

300177113_1695156760851088_4049855943477761425_n

(ВИДЕО) Кога Скопје не може: Тројца другари се прославија крпејќи дупка на Водно, сите им се воодушевуваат!

Огромна дупка на патот кон врвот на Водно. Граѓаните велат дека дупката е особено опасна за велосипедистите кои се спуштаат надолу, а дел од нив завршиле и со повреда.Тројца другари земаа потребни материјали и ја закрпија дупката, а фотографиите ги објавија на социјалните мрежи.„Ја закрпивме!“ напиша Симон Симоновски. Тој во коментарите додаде дека за почеток ја закрпиле оваа дупка, а и за неа им снемало материјал. Додава дека ако не ги закрпат од Град Скопје, тие ќе закрпат и останатите.„Кој велосипедист не се заебал тука на „тази дупка“ нека пише“, стои во еден од коментарите.

Скопје | пред 3 години

radozda

(ВИДЕО) Радожда - најубавото езерско село во Македонија

Во крајниот југозападен дел на Македонија во околината на градот Струга векува рибарското село Радожда. Сѐ што треба е само да им се препуштите на звуците на природата и на галежливите бранувања на Охридско Езеро покрај кое се простира Радожда. Сместено во подножјето на карпестиот гребен, селото Радожда го одликуваат неколку културни и природни знаменитости. А, во неговиот атар се наоѓаат седум свети храмови. Централна е селската црква Свети Никола која е изградена во 18 век. Други цркви се најстарата пештерска црква Свети Арангел Михаил која е од 14 век и поновите Св.Петка, Св.Недела, Св.Среда, Св.Илија и Св.Богородица. Понова знаменитост е 22 метри високиот крст којшто се наоѓа на влезот во селото.Друга многу важна знаменитост е зачуваниот дел на патот Виа Игнација-зимска траса. Таа минувала преку подалечните јужни предели преку Албанија и Македонија, бидејќи поблиските биле преку зима завеани и со тоа непроодни. Зачувани се околу стотина метри од поплочениот пат кој селаните го викаат калдрма. Од природните реткости најважно е самото езеро кое според староста е едно од најстарите во светот. Друга реткост е карпата која се наднесува над селото, која е висока околу 70-80 метри и долга околу 300 метри.Престојот во селото ќе ви го отвори и апетитот, особено откако ќе ја пробате грумански подготвената риба.https://twitter.com/WaiterMKD/status/1561084898156453889?s=20&t=tuC1nEHh8PswWwdok4pkyQ

Магазин | пред 3 години

trifun-kostovski-55

Здружението на оштетени штедачи од банката на Костовски: Еве што Трифун избегнува да признае

Во очи на 22 август, „судбоносниот ден” којшто го најавува Трифун Костовски, а гледаме дека и го промовира со платени реклами, би сакале да го поддржиме и охрабриме воедно да конечно излезе со вистината за тоа што е сторено и како е сторено. Редно е сите инволвирани во овој организиран криминал, на еден или на друг начин, да ја дознаат вистината и да се соочат со последиците, вели Здружението на оштетени штедачи од Еуростандард Банка„Според неговите најави дека јавноста ќе биде фрапирана од податоците што тој ќе ги објави, би сакале да му порачаме дека нас повеќе ништо не може да не фрапира поврзано со овој случај бидејќи за нас фактите се јасни од поодамна. Нашиот став во врска со овој организиран криминал е јасен, но еве, повторно ќе го споделиме со јавноста.Имено, мноштво индикатори, изјави, списи, извештаи и материјали упатуваат на едно заедничко за пропаѓањето на Еуростандард банка: масовен организиран криминал. Тоа е симболот за тоа што се случувало во Еуростандард банка со години. Институциите знаеле, знаела и Народна банка. Знаел и раководниот тим на банката, бидејќи од таму бил осмислен, инициран, почнат и се спроведувал организираниот криминал.Во изминатите две години, Трифун Костовски, преку неговите колумни, не запозна со начините на кои се краделе парите од депозитите во банката со споделување на повеќе примери. Во пресрет на најавуваната објава на извештајот од неговата приватна истрага за пропаѓањето на Еуростандард банка, тој јавно сподели и дека во повеќе банки во земјата се користиле и сеуште се користат приватни трансакциски сметки на правни и физички лица за трансфери на финансиски средства без знаење на сопствениците на истите како и дека се кредитирале и сеуште се кредитираат фирми кои не биле ниту се кредитоспособни преку доделување на позајмици. Токму ваквите девијантни и криминогени појави се практикувале во Еуростандард банка, како што неодамна беше објавено од Трифун Костовски. Таа пракса на масовно одобрување на кредити за измирување на достасани обврски на клиенти, која се случувала преку трансфери на позајмици од еден на друг клиент во банката и потоа парите исчезнувале, е констатирана и како една од главните причини за пропаѓањето на банката.Едно е заедничко за сите вакви нелегални, криминогени трансакции кои масовно се спроведувале во банката, особено во последните неколку години пред нејзиното затворање. Сите тие трансакции биле одобрени од раководниот тим на банката. Во своите објави и изјави, Трифун Костовски избегнува да признае дека тој и неговиот раководен тим се единствените потписници на одлуките и налозите со кои се одобрувани кредити, трансфери или позајмици кои не можат да се наплатат и поради тоа тие се главните виновници за пропаѓањето на банката.Во Еуростандард банка не се почитувале интерните политики и процедури за кредитен ризик ниту одлуката за управување со кредитниот ризик и тоа кај масовен дел од кредитното портфолио кај правни лица клиенти во банката. Фактичката состојба на денот на затворање на банката говори дека 73 отсто од кредитното портфолио кај правните лица биле нефункционални кредити. Тоа ниво ни од далеку не може да се спореди со нивото на нефункционални кредити на правни лица во сите банки во земјата коешто изнесува околу 5 отсто. Сам по себе, овој индикатор покажува дека во Еуростандард банка масовно се краделе парите од депозитите преку разни форми на делување, потпишани и одобрени од главните носители на раководниот тим на банката. Трифун Костовски, како долгогодишен претседател на надзорниот одбор на банката, е несомнено еден од нив.Ваквите криминогени практики доведоа да Еуростандард банка стане несолвентна и се затвори. Одговорност сеуште нема ниту официјално се знае каде завршиле парите од депозитите на правните и физички лица во банката.Трифун Костовски најави дека во неговата приватна истрага се опфатени и други банки каде ваквите нелегални практики се практикувале и сеуште се практикуваат. Дали е тоа навистина така или не, би требало да утврдат надлежните истражни органи, а со цел и да спречат идни случаи на пропаѓање на банки како што тоа се случи со Еуростандард банка пред две години. Но, тоа не ја намалува ниту отстранува одговорноста на оние кои тоа го правеле во Еуростандард банка, а за кои мора да има одговорност. За тоа постои Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, коешто иако има започнато истрага уште во февруари минатата година, сеуште молчи. До кога?Трифуне, на тебе е редот да конечно излезеш со вистината пред твоите довчерашни депоненти кои токму на твојата банка ги доверија своите лични парични средства, барем толку заслужуваат, нели?! Ако институциите молчат, биди Ти тој што нема да молчи и испочитувај ја твојата парола „човекот пред се”. Биди човек и излези со вистината без оглед колку и да е таа тешка“, велат од здружението.

Македонија | пред 3 години

izbori2_g111ynj56uj65u56uj56-88972

Во Советот на Тетово влегуваат шест партии

Според првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК) по изборите, во Советот на Тетово влегуваат шест партии.Најмногу гласови освои Беса – 9.620, потоа ДУИ 8.702, ВМРО-ДПМНЕ 3.332, СДСМ 1.953, Алтернатива 1.118 ДПА 1.058. Со тоа, бројот на советници кои ќе ги добие Беса во Советот е 12, ДУИ ќе има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ -4, СДСМ – 2 и Алтернатива и ДПА по еден.Алијанса за Албанците остана без советник во општината, а во претходниот состав имаше тројца советници.Во претходниот совет на Тетово, најголем број советници имаше ДУИ – 10, по што следеше Беса со 8.Беса вчера ја славеше победата на плоштадот во Тетово и повика на предвремени парламентарни избори.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-20-at-22.54.19

Драма вечерва над Македонија: Авион кој полетал од Охрид со 180 патници се врати назад и принудно слета

Вистинска драма се случуваше денеска на македонското небо, дознава ТВ21. Патнички авион од Охрид полетал со еден час задоцнување со 180 патници, крајна дестинација била Фридрихсхафен, Јужна Германија.Но, набргу пред Ниш, Србија авионот започнува да ја намалува вистината и брзината на движење, врти во десно и се враќа кон Македонија.ТВ21 имаше увид во летот. Според статистиките авионот на WizzAir од 6.400 метри, се спушта на 2.477 метри.„Авионот правеше чудни маневри. Ова не ми е прв пат да се возам со авион. Не добивме никакво објаснување што точно се случи. Други ми кажаа дека станува збор за технички проблем“, вели една патничка.Станува збор за авион „Airbus A320-232“. Во воздух се задржал над два часа.ТВ21 продолжува да истражува кои се причините за овој инцидент, со надлежните од М-НАВ како и компанијата сопственик на авионот.

Македонија | пред 3 години

0394F1D7-0FF8-4E81-BB36-671698CD60AE

(ВИДЕО) Во Карпош е хаос, откорнати дрвја, уништени автомобили, блокирани патеки

Краткиот дожд и ветер, направи хаос низ Скопје. Во Карпош е се уште е несредено. На пешачката патека во Карпош 4 има огромни гранки, кои за среќа не повредиле пешаци. Екипи кои ќе ги тргнат, засега не се дојдени.На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од откорнат лимен кров на улицата „Јуриј Гагарин“.Оштетени се неколку автомобили.Според последните информации на Центарот за управување со кризи, силна нестабилност ги зафати и Пелагонија, Велес, Росоман и Градско. Невремето е проследено со интензивен пороен дожд и електрични празнења, како и силен ветер.На метеоролошката станица во Радарскиот центар Тополчани беше региструран удар на ветер од 150 километри на час.

Скопје | пред 3 години

272651220_1883422432046464_4036865601950145219_n

Ужасна сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, две жени загинаа

На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово.На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило. По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција.Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Македонија | пред 3 години

irina-buhova-dszi

Се огласи ДСЗИ за дозволата на Промедика да врши оперативни зафати без потребни лиценци

ДСЗИ ја известува јавноста дека при инспекциски надзор извршен на ден 25.07.2018 година во ПЗУ Поликлиника од специјалистичко -консултативна здравствена заштита „Промедика медикал центар„ -Скопје заради непоседување на важечка дозвола за работа издадена од МЗ, е изречена забрана за вршење дејност со решение ИП1 бр.09-461.„По изречената мерка, здравствената установа поднела барање за обновување на дозволата на кое МЗ позитивно одговорило и ја издало потребната обнова на дозволата која се уште е важечка.На тој начин, мерката на ДСЗИ е спроведена, после што е обезбедено законито продолжување со работа на конкретниот субјект на надзорот.Во иднина, ги повикуваме заинтересираните субјекти за работите од надлежност на ДСЗИ да се обратат директно до инспекторатот кој е отворен за пристап до сите информации од јавен карактер, со цел да не се вознемирува јавноста со неточни и невистинити информации.ДСЗИ е орган со широк опус на надлежности, огромен обем на обврски особено во период на пандемиска криза која траеше исклучително долг временски период, но со стручен, професионален и посветен кадар чија цел е заштота на јавното здравје на граѓаните без никакви партиски или политички преференци во својата работа“, се вели во реакцијата на ДСЗИ

Македонија | пред 3 години

izbori-glasanje-11-92584

Локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово

Денес се одржуваат локални избори за градоначалник во Маврово и Ростуше и во Центар Жупа и за советници во Тетово. Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи.Во Тетово во Избирачкиот список се запишани 84.072 избирачи, во Маврово и Ростуше 7.154 и во Центар Жупа 9.948.Во Центар Жупа има само еден кандидат за градоначалник, додека во Маврово и Ростуше двајца кандидати за градоначалник.Претходните обиди за избори пропаднаа бидејќи не беше исполнет условот најмалку една третина од гласачите да излезат на гласање.Во Тетово на гласачкото ливче ќе има 13 листи на кандидати за членови на Советот на општината. Во Тетово се одржуваат предвремени избори за нов совет откако претходниот состав не ја изгласа завршната сметка на општината во законскиот рок.Во 09:30 часот, ДИК ќе одржи прес-конференција за излезноста, а околу 12:30 часот членови на ДИК ќе присуствуваат на самото место на гласање во Тетово, каде исто така ќе се одржи прес-конференција по што ќе бидат посетени и Маврово-Ростуше и Центар Жупа. Во 19:30 часот е предвидено ДИК да одржи прес-конференција за првичните резултати за излезноста.Вчера гласаа болните и изнемоштени лица и лицата во казнено поправни установи. Во Маврово Ростуше гласале 35 болни и изнемоштени лица од пријавени 40, во Центар Жупа сите 29 пријавени лица, а во Тетово гласале 23 од пријавени 24 лица. Во Казнено поправната установа „Идризово“ од пријавени 56, гласале 37. Во Шуто Оризари се пријавиле 12 гласачи, а гласале седум. Во Струга, Тетово и Штип гласале сите, односно 21 гласач.

Македонија | пред 3 години

pozarna-suma-pozar

Пожар покрај автопатот Гостивар - Тетово

Гори стрниште покрај автопатот Гостивар - Тетово.Според информациите кои ги објави ЦУК, пожарот избувнал во 18:35 часотСе интервенира со 1 пп возило и 4 пожарникари.Во моментов има четири активни пожари во Македонија, а пет се изгасени1. шумски пожар помеѓу Богомила и Гостиражни кај големиот тунел. дејствуваат 5 вработени од ШС Бабуна со едно теренско возило 1 шумар.Кракот кој што е во правец на с.Богомила е изгаснат од страна на месното население, а другиот крак према стариот пат за Прилеп – Гостиражни го гаснат ШС Бабуна. Опожарена е ретка дабова шува трње и трева.2. ТППЕ Тетово од 17:30 часот интервенира на запалена сува трева и багрем кај с. Требош спрема с. Чепчиште со 1 ПП возило и 3 пожарникари.3. Пожар во Охрид на ул: Ирена Гинова Мирка од 17.45 часот. Запалена е сува трева и необработливо земјште - ниви. На тереан има 1 ПП возило и 3-ца пожарникари.4. БППЗ на град Скопје од 12.05 часот гасат запалена сува трева и мешана шума на површина од 10 ХА во село Смесница со 2 ПП возила и 6 пожарникари.ИЗГАСЕНИ ПОЖАРИ1. ТППЕ Штип од 10.10 до 11.15 пожар во кругот на фабриката „Техникал текстајлс“ 4 пожарникари со 2 ПП возила. Како последица од пожарот во Клиничка болница Штип се примени двајца пациенти со телесни повреди.2. ТППЕ Кочани од 09,15 до 09,40 часот интервенирале на запалено моторно возило на плоштадот во градот Кочани со 2 пожарникари со 1 ПП возило.3. Пожарот во село Радибуш е ликвидиран во 11:45. Учествувале 3 пожарникари со 1 ПП возило, 7 вработени во ЈП Македонски шуми со 1 возило и 2 од месно население. Опожарена е борова шума со површина од 10 декара.4. ТППЕ Крушево интервенирала од 08.00 до 10.00 часот за запалена граддска депонија со 1 ПП возило и 2 пожарникари.5. БППЗ на град Скопје од 08.05 до 08.25 часот гаселе запален пластичен контејнер на површина од 2 м2 на ул. Ѓорче Петров б.б. со 1 возило и 3 пожарникари.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања