ТОП

zena-belgija

Ќерката раскажа сѐ: Жена убиена во Кавадарци, маж два часа се иживувал со неа

Девојка од Кавадарци на социјалните мрежи објави фотографија од маж, за кој како што вели влегол во домот на нејзината мајка и два часа се иживувал со неа. Тој и нанел тешки повреди на черепот и мозокот, а имала и внатрешно крварење по рацете и градниот кош.„Јавно сакам да го објавам МОНСТРУМОТ кој ноќта на 02.08.2022 влегол во домот во кој живеевме со мајка ми, и нанел тешки повреди на черепот и мозокот, воедно имаше и внатрешно крварење по рацете и градниот кош.Цели два часа се иживувал, па повикал итна медицинска помош, во коматозна состојба била префрлена во опшата болница Кавадарци каде и била укажана максимална помош за опстанок во живот, се бореше бидејќи таа беше жена борец, од таму била префрлена во државна болница Скопја на одделение-КАРИЛ каде што и направиле операција на главата.Јас бев надвор од градот кога утрото во 06:30 часот не известија соседите за настанатата ситуација, па по еден час не известија и од полициската станица. Цели четири дена беше приклучена на апарати се бореше до последниот здив бидејќи имаше страшна повреда од МОНСТРУМСКИ раце, таква повреда до сега не е направена од сообраќајна незгода. Но за жал не издржа, кога се јавив во болница дента на 06.08.2022 во болница ме известија дека состојбата е влошена за да по два часа ми се јават и изразат сочувство. Болката и тагата е неизмерна, таква борбена мајка се раѓа еднаш на 100 години.Па драги мои жени апелирам до сите вас неплашете се од никој затоа што ниту еден маж не е повеќе од вас, вашите мајки не ве носат во стомак 9 месеци и не ве растат за кога ќе станете самостојни жени некој да се иживува со вас, помислете на најлошото што може да го стори, бидејќи од вакви гади си патиме. А тебе ПЕТРЕ НЕСТОРОВ бог да ти суди!“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Нема фотографија

80 отсто од домаќинствата во Арачиново денес немаат струја

Околу 80 отсто од домаќинствата во Арачиново денес немаат струја. Од ЕВН Хоме за ТВ21 потврдуваат дека во понеделник наутро во општината дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителите.„Во Арачиново нашите екипи често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, што го оневозможува извршувањето на работата во целина. За да се работи мора да се создадат услови за нормално функционирање и работа, како за дефекти, така и за реконструкција и модернизација на мрежата. Се додека нема нормални услови за работа и има пречка во извршувањето на работата, нема да има можност за реставрирање“, велат од ЕВН.

Скопје | пред 3 години

bebe

Потресно сведоштво на мајка за нејзината голгота низ македонското здравство: Со свои раце детето си го ставив во ковчег и го погребав

Верица Папакоча Каракулева на социјалните мрежи објави статус со наслов „Вистината за македонското здравство“. Таа во објавата раскажува за нејзината голгота низ здравствените установи заедно со нејзината ќерка.Текстот Ви го пренесуваме во целост„Сите кои ми се блиски знаат дека Николија беше медицински комплексно дете и беше потребно на неа да се обрне повеќе внимание од секој аспект. После 2 недели од нејзиното раѓање бевме испратени во Клиниката за Детски Болести во Скопје за доиследување на нејзината состојба, каде што се откри дека таа има вродена срцева маана, вентрикуларен септален дефект и атриален септален дефект, за кои ми беше кажано дека е потребна операција. Поради целокупната состојба на моето дете потребни беа повеќе испитувања за да се утврди дека таа нема друг проблем. Во таа една недела додека лежевме во болница беше направено ехо на абдомен, ехо на централен нервен систем и рентген на уринарните делови, како и ехото на срце кое ја потврди срцевата маана. Забележав дека после цели 2 недели од нејзиното раѓање, таа сеуште исфрлаше мекониум. Мекониум е првата столица на бебињата, која се исфрла во првите 24 часа од раѓањето на бебето. Кога прашав ми беше даден одговор дека можеби во болницата во Прилеп не ја хранеле доволно или имала проблеми со пиењето млеко па затоа сеуште не го имала исфрлено. Наредниот ден таа доби нормална столица, но со многу не дигестирани парченца млеко, што е нормално да го има во мала количина,но не толку колку што имаше кај неа, за кое исто ми беше кажано дека е нормално.Кога се правеше ехото на абдомен, докторката забележа нешто и го праша докторот кој седеше до неа, цитирам:"Докторе што е ова?" На што тој и одговори "Фекалии се тоа, ќе пројде,ќе го искака нормално е".Исто така во неколку наврати, таа поврати во млаз, што не е рефлукс и не е нешто што би требало да се занемари,а и за тоа беа известени и сестра беше викната кога нагло поврати.Бевме испуштени дома со сите уредни наоди,во отпусното писмо пишуваше да се преземат мерки за рефлукс, но нејзиното обилно повраќање продолжуваше.По 1 недела бевме хоспитализирани во детската болницата за респираторни болести Козле поради Ковид 19, каде што беше измерена и ми беше кажано дека не напредува во тежина,после третиот ден во столицата на Николија имаше крв и слуз. Направија само тестови копрокултура и тест за алергија на кравји протеин зошто ја дохранував со АД формула (тестови што не се секогаш точни, точен тест за алергија кај бебе се прави после наполнети 9 месеци до година) кои покажаа мало покачување и беше дијагностицирана алергија на кравји протеин, ми беше кажано да го сменам млекото со хидролизирано млеко, но нејзините столици сеуште беа исти и сеуште имаше обилно повраќање, планираа да бидеме пуштени бидејќи лекувањето за Ковид заврши, но во меѓувреме таа доби уринарна бактерија и поради идиотскиот однос на докторките и сестрите во болницата решив да се потпишам и да си одам и терапијата за бактерија да ја прими во Прилеп. Од како дојдовме, ги сменив сите млека кои постојат од хидролизати, со надеж дека ќе се среди, но таа сеуште не напредуваше во тежина и сеуште имаше исти столици. Постојано имав мисла дека не е само алергија и во последните 7 месеци постојано бев во Скопје на Детска Клиника каде што им кажував за состојбата но беа правени само амбулантски прегледи и не бевме хоспитализирани ниту еднаш, ниту па се имаше направено некое подетално испитување, во извештаите пишува да се направи ревизија на млекото во Плодност,ЗАМИСЛЕТЕ ВО ПЛОДНОСТ КОЈА Е ПРИВАТНА БОЛНИЦА, а мене државното здравство ми е бесплатно за детето до 1 година, во болницата во Прилеп каде што кога и да отидев коментарите беа "А сега зошто ја донесе" , "Ти постојано идиш ние на детево незнајме шо да му прајме", "Зошто не го однесиш детето во Скопје", поради тоа што не сакаше воопшто да пие млеко морав да и ја држам устата отворена и да и давам со сила со шприц додека плачеше на цел глас и и се појавуваа дамки на лицето од држењето, од преголем притисок на очите од плачење и се појавија црвени подкожни изливања,барав да се намести нозогастрична сонда за да не се мачи-не наместија,не сакаа,а додека лежевме кај нив постојано ја слушаа како пишти на цел глас и ме гледаа мене како со сите сили пробував да ја нахранам,во Плодност, каде што исто беше направен уште еден алерго тест и крвна слика, каде што докторката кажа дека на ехото не ја гледа храната во нејзиното дебело црево и дека е отечено, каде што исто добив одговор дека млекото е проблем. Го сменивме со млеко кое едвај се најдува, е пре скапо и не содржи воопшто кравји протеини, симптомите пак беа исти. На докторката која нема да ја именувам и пишав пак на вибер за состојбата и и се јавив на телефон но таа престана да ми крева и да ми одговара на пораките, а предходно ми одговараше. Прегледите за срце се одвиваа во клиничката болница Аџибадем Систина, каде што и се направи операцијата и беше успешна. Додека одевме на прегледи таму, побарав да се видам со гастроентерохепатолог кој ја прегледа во ургентен центар, но бидејќи немавме закажано преглед подетални испитувања не беа направени,ни даде само совет за исхрана. Одкако едвај ја добив докторката од Плодност на телефон, ми кажа дека тоа било нормално и дека на цревата им било потребно време да се опорават и заради тоа сеуште симптомите се исти, но мене сеуште ме загрижуваше нејзиното не напредување во тежина, напредуваше по 150-200 грама месечно.Прашував,викаа од срцето не напредувала и да ја носам повторно на прегледи.Пред операцијата на срце повторно побарав да закажам преглед во систина кај гастроентерохепатолог но, докторката беше на одмор.Операцијата на срце помина успешно, но докторите на интензивна нега во Систина го приметија проблемот со стомакот и постојано бараа одговор. Се најде, но прекасно по заслуга на нашето македонско здравство. Нејзината состојба после операцијата на срце беше постојано во промена. Доби сепса, се лекуваше, па уште една бактерија и на крај се случи застој во цревата. Стомакот и беше огромен,се сомневаа на Некротизирачки Ентероколитис кој е многу сериозна и живото загрозувачка состојба. Јас ги презирав докторите во Систина,мислејќи дека бактериските инфекции доаѓаат од кај нив,барав детето да се префрли на клиника за да се спаси зошто мислев дека на одделот имаат епидемија на бактерии и и пишував на директорката од клиника кудејќи ги нив,мислејќи дека ќе ми го умрат детето и дека сето ова доаѓа поради тоа што таму не водат доволно хигиенска грижа за пациентите. После направени подетални испитувања се откри дека не се работи за тоа ,туку за Хиршспрунгова болест, и тука сфатив дека Клиника се криви. Тоа е НАЈТЕШКАТА ВРОДЕНА МААНА НА ЦРЕВА, која се оперира во првите 20 дена од животот на бебето КОЈА ТРЕБАШЕ И МОЖЕШЕ ДА СЕ ОТКРИЕ УШТЕ ПРВИОТ ПАТ КОГА ЛЕЖЕВМЕ НА ДЕТСКА КЛИНИКА, ТОА БЕШЕ НИВНА ЗАДАЧА ДА СЕ ДОИСЛЕДИ СОСТОЈБАТА А БЕВ ДОМА ИСПУШТЕНА СО УРЕДНА ОТПУСНА ЛИСТА. Николија таа операција ја имаше на 7 месеци, само 1 месец после операцијата на срце. Огромниот стомак притисна на срцето и тоа престана да чука, ја реанимираа и мораше да оди директно во сала. За време на операцијата се извади дел од нејзиното дебело црево на кое имало дупка од толку страдање низ која се излеваа фецес и бактерии во крвта,тука се потврди дека доаѓаат бактериите од таму. Во многу критична состојба беше вратена на интензивна нега каде што никако не успеваше да излезе од кризата,ниту од сепсата. По 9 дена ми се јавија да одиме да ја видиме зошто состојбата драстично се влошила. Кога појдов, ќерка ми беше модра и со жолти очи. Беше будна но како да не беше тука. Знаев дека е крај. СО СВОИ РАЦЕ ДЕТЕТО СИ ГО СТАВИВ ВО КОВЧЕГ И ГО ПОГРЕБАВ. НА ДЕНОТ НА СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ ми пиша директорката на Детска Клиника, не дозволувала клевети и лаги.КАКВИ ЛАГИ??? СИТЕ ИЗВЕШТАИ ГИ ЧУВАМ ГОСПОЃО, НА СИТЕ НИВ ПИШУВА ДЕКА ДЕТЕТО КАКА КРВ И СЛУЗ И ДА СЕ ПРАВАТ КОПРОКУЛТУРИ И УРИНОКУЛТУРИ. ПРАШАЈ СИ ГИ ВРАБОТЕНИТЕ КОЛКУ ГИ МОЛЕВ ДА МЕ ХОСПИТАЛИЗИРААТ НА ГАСТРО!! Сето ова почна да дава поголеми симптоми сега поради тоа што имунитетот на децата е многу слаб после операција на срце, или било која друга операција. Дотичната ми пиша дека не сум била на преглед од кога детето ми имало 4-5 месеци.Јас и еднаш да сум била задачата на твоите вработени е да најдат,да откријат и да го решат проблемот. Ти со ова сакаш да ми кажиш дека јас доволно грижа не сум водела за моето дете? Не,јас направив се за неа и затоа мирна ми е душата кога ќе си легнам навечер иако ме боли,а ти како спиеш??? ЕВЕ ТИ ГО ОДГОВОРОТ. ПОСЛЕ ПОСТОЈАНОТО ШЕТАЊЕ ПО БОЛНИЦИ БЕВМЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ ВО ПРИЛЕП ПАК ЗА БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА,ПРЕД ДА ОДАМ КАЈ НИВ ЗА ПРИЕМ,ДОЈДОВ ПАК НА ДЕТСКА КЛИНИКА ВО АМБУЛАНТА И ПАК МЕ ПРАТИЈА ДОМА СО ДЕТЕТО КОЕ ИМАШЕ ЦРП 62,ТРОМБОЦИТИ ВО ТАВАН И САМО 1 ЕРИТРОЦИТ,МИ РЕКОА "НИЕ И СО ЦРП 150 ДОМА ГИ ИСПУШТАМЕ,НЕ БЕРИ ГАЈЛЕ"! ОД ПРИЛЕП ИСТО СЕ ЈАВИЈА ВО СКОПЈЕ КАЈ ВАС И ПОБАРАА ДА БИДЕМЕ ТРАНСПОРТИРАНИ ПОРАДИ СТОЛИЦИТЕ,НЕ НАПРЕДУВАЊЕТО ВО ТЕЖИНА И ОГРОМНИОТ СТОМАК, ТИЕ НЕ ПРИФАТИЈА И ИМ РЕКОА ДА СЕ НАПРАВИ ЕХО ВО ПРИЛЕП,КАДЕ ШТО ТАА ИМАШЕ МАЛ НАПРЕДОК, НАЈВЕРОЈАТНО ЗАРАДИ АНТИБИОТИЦИТЕ ШТО ГИ ПРИМАШЕ. ПО КРАТКО ВРЕМЕ ОД ИСПУШТАЊЕТО ОД БОЛНИЦА НИ СЕ ЈАВИЈА ДА ОДИМЕ ЗА ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕ ,ТАА ТОГАШ ИМАШЕ 5ИПОЛ МЕСЕЦИ.6тиот и 7миот месец ги помина во болница,поради операциите и компликации,ете затоа немав дојдено. И покрај примени 5 ампули имуноглобулин кој е најскап лек на пазарот таа повторно немаше антитела за да се бори. ДЕТЕТО МИ УМРЕ ПОРАДИ ТРУЛИОТ СИСТЕМ И ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ЗДРАВСТВО. ПОРАДИ ТОА ШТО НЕМАМЕ ДОКТОРИ И ДИПЛОМИТЕ ГИ ЗЕМААТ СО МИТО И ПОЧАСТЕНА ВЕЧЕРА. АКО НЕМА СУД И ЗДРАВСТВО, ЕДНО ЗНАМ ДЕКА ИМА. ИМА ГОСПОД И ТОЈ ЌЕ ВИ СУДИ. СЕКОЈ КРИК НА РОДИТЕЛ И ДЕТСКИ ПЛАЧ ЌЕ ВИ SВОНИ ВО УШИТЕ И ЌЕ ВЕ МАЧИ ДО ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ!

Коментари | пред 3 години

ojo

Обвинителство се огласи во врска со стечајот на „Еуростандард“ банка

Јавното обвинителство во врска со наводите и извештајот презентирани на вчерашната прес конференција од неколку лица, меѓу кои и едно осомничено лице во врска со стечајот на „Еуростандард“ банка, нагласува дека согласно Законот за кривична постапка, Јавното обвинителство е единствено надлежно да донесува наредба и да спроведува истражна постапка.„Дел од наводите од оваа „приватна или независна истрага“ беа истражувани во предмети по кои постапуваше Јавното обвинителство и за кои, во согласност со доказите, донесе мериторна јавнообвинителска одлука.По поднесени неколку кривични пријави во врска со работењето на фирмата КУБУС, неколку јавни обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и од Основното јавно обвинителство Скопје постапуваа заради утврдување на правно релевантните факти.Врз основа на обезбедената обемна писмена документација и прибраите вербални докази, испитувања на оштетени и сведоци, а особено врз основа на економско-финансиското вештачење, проверките во Народната банка на РСМ и во Управата за финансиско разузнавање, јавните обвинители утврдија дека во постапувањето на пријавените не се содржани елементите на пријавените кривични дела, а нема елементи ниту на други кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност.Обезбедените докази и вештиот наод упатуваат дека пријавените физички лица не ја искористиле својата службена положба и овластување, ниту ги пречекориле границите на своето службено овластување, а со крајна цел предизвикување штета на правните лице Кубус и Кубус Инженеринг. Не беше исполнето ниту битието на кривичното дело – Измама, бидејќи доказите не го поткрепуваа тврдењето дека пријавените го навеле и го држеле во заблуда претставникот на оштетените правни лица, да зема кредити на штета на имотот на овие правни лица. Согласно законските обврски определени во Законот за трговски друштва, управителот е должен да презема работи во интерес на правното лице, како и работи кои се целисходни за остварување на интересот на друштвото, а не во континуитет да го задолжува, не преземајќи соодветни дејствија за кои се предвидени механизми во сферата на граѓанската постапка за наплата на своите побарувања. Ваквиот начин на работа се применувал во период од неколку години, а за сметка на оштетените правни лица. Како договорен однос, позајмиците се договорна волја на две или повеќе страни и како правен инструмент е предвиден во Законот за облигациони односи, поточно на оној што го дава заемот и оној што го прима и истите произведуваат како права за страните, така и обврски.Со оглед на интересот на јавноста и обемноста на преземените предистражни дејствија, Јавното обвинителство веднаш по донесување на одлуката во овој предмет уште во април 2021 година транспарентно и детално ги образложи сите утврдени факти:ОТФРЛЕНИ КРИВИЧНИТЕ ПРИЈАВИ ЗА КУБУСДоколку било кое лице има дополнителни докази или сознанија за сторено кривично дело, може да ги пријави до Јавното обвинителство, кое ќе постапи согласно своите надлежности и ќе ги направи неопходните проверки, земајќи го предвид и тој материјал.Во врска со стечајот на Еуростандард банка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја испитува одговорноста за стечајот, при што по проверките кои беа направени и кои упатуваа дека банката не постапувала по бројните мерки изречени од страна на Народната банка и доставувала неточни извештаи до Народната банка, надлежниот јавен обвинител донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири одговорни лица од Еуростандард банка за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Предизвикување стечај на банка по член 181 ст.1 од Законот за банки и продолжено кривично дело – Перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 ст. 6 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Осомничените како лица со посебни права и одговорности во Еуростандард банка АД Скопје ги повредиле одредбите од Законот за банки, како и Методологијата за адекватност на капиталот. Како резултат на несоодветното работење на осомничените, органите на банката целосно затаиле во извршување на основните функции и со своите одлуки не постапиле по изречените мерки на Гувернерот на НБРСМ, при што придонеле за дополнително влошување на профилот на ризик на банката. Воедно го зголемиле ризикот од концентрација и масовно ја затскриле реалната способност на клиентите за измирување на обврските и нереалната класификација, што резултирало со погрешно известување за финансиската состојба на банката и нејзините сопствени средства како кон НБРСМ, така и кон останатите заинтересирани страни. Со ваквото работење придонеле за генерирање на големи материјални кредитни загуби, со што го намалиле износот на сопствените средства на банката и наметнале потреба од значителна докапитализација на банката, а притоа не извршувале капитализација по мерка изречена од Гувернерот на НБРСМ. Сето ова придонело банката по сила на закон да биде во услови на стечај, што подразбира дека депозитите не може да бидат вратени во пари на доверителите, штедачите и депонентите на банката, со што банката била доведена во состојба на несолвентност.Истрагата во овој предмет е во тек, а по нејзиното завршување обвинителството ќе донесе соодветна јавнообвинителска одлука.“, се вели во соопштението од ОЈО.

Македонија | пред 3 години

irina-buhova-dszi

ВМРО-ДПМНЕ бара кривична одговорност: Со привидното тргање на Бухова од чело на ДСЗИ, не се завршува случајот со Промедика

Кривична одговорност за сите надлежни во власта кои дозволиле поликлиника да врши операции без лиценца, вели ВМРО-ДПМНЕ„Со привидното тргање на Ирина Бухова од чело на ДСЗИ, не се завршува случајот со поликлиниката Промедика, која вршела операции без дозвола. Одговорност мора да има за сите надлежни.Не само заминување од функција, туку и кривична одговорност за Бухова и за Филипче, кој како министер за здравство дозволил незаконие.Додека народот ги плаќал Бухова и Филипче да се грижат за здравството, тие премолчувале работење без лиценца.Со СДСМ во здравството, граѓаните не се сигурни за своето здравје, дури и откако ќе посетат здравствена установа. Одговорност мора да има, за никогаш да не се повтори здравството да биде водено од интереси на тесна клика луѓе“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

irina-buhova-dszi

По четири месеци чекање, Владата најде замена за Бухова, а таа замина од директорската позиција во ДСЗИ

Покрај Арафат Муареми кој се повлече од директорската позиција во Финансиската полиција, Владата треба да и најде замена и на Иринка Сотирова-Бухова, директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). „А1он“ од извори во кадровската комисија на Владата, дознава дека Сотирова-Бухова, чиј мандат истече во месец април, најавила дека нема да се јави на новиот конкурс за директор на ДСЗИ, бидејќи кариерата планирала да ја продолжи на друга работна позиција. Овие информации се непотврдени, а за нив треба да се дискутира на утрешната владина седница.Неофицијално, извори од Владата за „А1он“ велат дека Сотирова-Бухова пред четири месеци најавила дека не сака повеќе да остане на функцијата. Оттаму велат дека повлекувањето е од приватни причини. „А1он“ праша го праша и министерот за здравство, Беким Сали, дали како предлагач на директор за ДСЗИ, има замена за Сотирова-Бухова, но досега нема одговор.

Македонија | пред 3 години

poplana

Поради поплавите се евакуираат жители во с.Лажани

Според последните информации добиени од Градоначалникот на ЕЛС Долнени заради поплавувањето на подрумските простории на куќи се врши евакуација на загрозените жители на с. Лажани со помош на трактори. Во моментот ангажирани се 2 багери, од ТППЕ Прилеп испратена е екипа со 3 пожарникари со 1 теренско возило.

Македонија | пред 3 години

poplava

Критично во општина Долнени, едно село под вода

Попладнево општина Прилеп, Долнени и Кривогаштани беа зафатени од поројни дождови кои предизвикаа поплавување на повеќе населени места од општина Долнени и тоа: Лажани, Дебреште и Житоше. Нај критично се во с. Лажани каде поголем дел од селото е под вода. Водата има навлезено во коќите. За состојбата со поплавите запознаен е и Градоначалникот на општина Долнени, ДЗС Прилеп и ПС Ропотово. До овој момент ЕЛС немаат побарано помош од ЦУК.

Македонија | пред 3 години

235995063_373230004432051_1972069012189169322_n

Поскапуваат горивата, објавени новите цени

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија ја донесе одлуката со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 0,46% во однос на одлуката од 18.08.2022 година.Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, во однос на претходната пресметка, бележат намалување на бензините во просек за 0,065%, кај нафтата има просечен пораст од 2,069 $/тон, кај екстра лесното масло има просечен пораст од 1.971 долари, а кај мазутот има просечен пораст за 1.557.Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 0,50 ден/лит.Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕL-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.Од 23.8.2022 година, 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе бидат:- Моторни бензини - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 89,00 (ден/лит)- Бензин за мотор - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 91,50 (ден/лит)- Моторно масло - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 93,50 (ден/лит)- Масло за согорување - ЕКСТРА ЛЕСНО 1 (ЕЛ-1) - 90,00 (ден/лит)- Mazut М-1 SU - 51.686 (ден/килограм)Курсот на денарот во однос на доларот во претходниот период, според кој беа формирани цените во претходната пресметка, е повисок за 0,485%.

Македонија | пред 3 години

IMG_4243

Полицијата за пукањето во ресторан во Скопје: Еден скопјанец е однесен во болница со рана

На 21.08.2022 во 19.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“Миле Поп Јорданов“ (подрачје на Карпош) пред угостителски објект имало повредено машко лице од оружје.„Потоа тој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Според пријавеното, прво настанала расправија во угостителскиот објект помеѓу Б.Ѓ.(44) од Скопје од една страна и К.Г., кој бил заедно со уште едно лицe, од друга страна. Потоа, според пријавеното, расправијата продолжила надвор од објектот, при што К.Г. пукал со пиштол кон Б.Ѓ.“, велат од МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-22-at-11.17.04

Костовски открива како пропаднала Еуростандард банка: Кога почнавме да трагаме по парите, го направија сатарот

Сопственикот на Еуростандард банка, Трифун Костовски тврди дека „Еуростандард банка“ е убиена, со намера. Тој смета дека неговата банка не требало да биде однесена во стечај во време на пандемија, бидејќи имало таква одлука од Владата.„Еуростандард е убиена односно однесена во стечај со умисла. Народна банка има четири алатки за стабилизирање на банкарскиот сектор. Таа ја користи само едната алатка, редовни мерки, делумно прави вонредни мерки, но не одзема лиценци на ниту еден член на банката. Третата алатка е прескокната. Нам ни беше забранета присилната наплата меѓу 2 и 3 милиони евра. Зошто Еуростандард банка е однесена во стечај со умисла? Кога го сменивме стариот одбор, кој видовме дека е умешан во нелегалните трансанцкии без мое знаење, сакавме од нив да се откачиме. Кога почнавме да трагаме по парите, донесена е одлуката од сивата еминенција, Народна банка го направи сатарот“, кажа Костовски.Смета дека ниту Собранието не го истражило случајот, преку комисијата надлежна да прави увид во работата на Народната банка.

Македонија | пред 3 години

20220821134447

ВМРО-ДПМНЕ за вработувањето на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР: Институциите се користат за вдомување на послушните, ДКСК да го испита случајот

Вработувањето на сопругата и синот на Рамчиловиќ во МВР, покажува дека институциите се користат за вдомување на послушните, ДКСК да го испита случајот, вели ВМРО-ДПМНЕ.„Откако Рамчиловиќ стана пратеник од СДСМ тој ја вработи сопругата на висока позиција во МВР, а сега го вработи и синот како полицаец.И додека народ бега од државата зошто не може да најде работа, за послушниците на власта има и по две вработувања од фамилија во иста институција.Рамчиловиќ да не се вади на бошњачката припадност, зошто има стотици бошњаци кои не можат да дојдат до работа од таквите како него, кои ја злоупотребуваат политиката.Рамчиловиќ ќе треба да им објасни на сите граѓани, како тој успеал да вработи два члена на неговото семејство додека е пратеник од СДСМ во МВР.Вработувањето на сопругата, а потоа и на синот во МВР фрла сомнеж дека политиката замешала прсти при вработување. Оттука многу е важно ДКСК да го испита целиот случај“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

bekim-sali-3199

ВМРО-ДПМНЕ бара Бухова и Сали да одговараат оти дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе

Институциите дозволиле поликлиника без лиценца да оперира луѓе, Бухова и Сали да одговараат, вели ВМРО-ДПМНЕ„Недозволиво е поликлиниката Промедика да врши операциони зафати, без притоа за тоа да ги поседува потребните дозволи. Институциите знаеле и тоа го дозволиле.Ирена Бухова, како директор на ДСЗИ и Беким Сали како министер за здравство, а пред него и Венко Филипче мора да одговораат за овој преседан кој можел да заврши со последици за голем број наши сограѓани.И откако беа откриени, ниту Бухова, ниту Сали излегоа да се извинат и да понесат одговорност со оставки, туку ДСЗИ во форма на пишано соопштение го призна скандалот.Бухова и Сали да не мислат да се кријат за пишани признанија, без понесување одговорност.Очекуваме оставка, а во меѓувреме ЈО да отвори случај и да се исттажи кој и како дозволил, и зошто свесно е толерирана работа без лиценца.Одговорност за одговорните во институциите мора да има“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

izlea-reka

Поради обилни и силни врнежи на дожд се излеа на реката во с.Конопница

Центарот за управување со кризи известува дека во моментов нема активни пожари во Македонија, и дека санирани се штетите кои беа предизвикани од вчерашното невреме.1.Подрачјето на опш.Крива Паланка на ден 22.08.2022 година, имало обилни и силни врнежи на дожд, при што дојде до излевање на селската реката во с.Конопница. За санирање на коритото на терен биле ЈП Комуналец со машини, механизација и месно население. Активностите на екипата се завршени во 21:40часот.2.Подрачјето на општина Прилеп во попладневните часови околу 18.30ч. беше зафатена од силно невреме и имаше врнежи од град во големина на лешник и траеше околу 20 минути.Изгасени пожари1.ТППЕ Крива Паланка, од 19:00 до 22:00 часот, со 3 ПП возила и 6 Пожарникари интервенирале на запалена плевна и штала во с.Конопница.2.ТППЕ Куманово од 21:30 до 22:30 часот, со 1 ПП Возило и 4 пожарникари интервенирале на запалена просторија на поранешениот Хотел Кристал во ул.Гоце Делчев-Куманово.3.БППЗ на Град Скопје од 11:30 до 13:45 часот, со 3 ПП возила и 9 пожарникари интервенирале на запалена ел. инсталација на рото печка на кругот на Ф-ка Цементара(опш.Кисела Вода)4.БППЗ на Град Скопје од 08:00 до 10:20 часот, со 3 ПП возила и 9 пожарникари интервенирале на запалена ел. инсталација во магацински простор на индустриска зона Ќојлија(опш.Петровец);5.БППЗ на Град Скопје од 07:44 до 08:20 часот, со 2 ПП возила и 5 пожарникари интервенирале на запалени тавански простории на куќата на ул. Смољани бр.6(Општина Кисела Вода);

Македонија | пред 3 години

f3925785-56aa-4979-b702-32b028927c7b

Дете за малку ќе загинело на железничка станица, се качило на воз

Од Македонски Железници известуваат дека околу 17:00 часот на железничката станица Куманово дошло до несреќа, каде неколку деца се качувале на вагоните од паркиран воз на спореден колосек и при тоа најмалку едно дете се задобило со струен удар и истото е однесено во болница. Од Македонски железници е повикана Полиција да направи увид.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања