Променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Денес времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има појава на краткотрајно невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен. УВ=5Во Скопје, променливо облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 30 степени.До сабота ќе продолжи периодот на нестабилно време. Претпладне ќе има сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови наместа со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.Од недела ќе настапи постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Македонија | пред 3 години