ТОП

51527416724_29ef17fba6_c

Се огласи Груби за објектот на Средното медицински училиште во Тетово

Вицепремиерот и министер за политички систем, Артан Груби се повлече и сега стариот објект на Средното медицински училиште во Тетово ќе остане во владение на општината.-Наоѓајќи се секогаш во служба на потребите на граѓаните, потенцирам дека барањето на родителите и учениците за потребата од користење на тие простории е апсолутен приоритет за мене и за Владата, затоа и без никакво двоумење веќе од вторник, Владата ќе го врати на нивно располагање стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово, исто како што направивме и пред една година. Ние им служиме на нашите граѓани без никаква резерва и немаме заробен ум или злобна душа да им се одмаздиме на граѓаните или институциите, тоа го докажавме во изминатите 21 година и тоа никогаш нема да се промени, напиша Груби на социјалната мрежа Фејсбук.Тој вечерва тврди дека во одлуката објектот да се отстапи на Агенцијата за катастар на недвижнисто немало никаква тенденција. Појаснува дека тоа било побарано уште кога градоначалничка на Тетово беше Теута Арифи.-Во врска со изнесените полемики денес во јавноста за давањето на стариот објект на Средното медицинско училиште во Тетово во служба на Агенцијата за катастар на недвижности, би сакал да дадам објективно разјаснување на целата ситуација и да појаснам дека во одобрувањето на оваа одлука од страна на Владата нема никаква намерна тенденција. Ваквата одлука првично е донесена на барање на Агенцијата за катастар во 2021 година, во времето кога општина Тетово ја водеше Теута Арифи. Владата тогаш ја разгледа разумноста на ова барање за задоволување на просторните потреби на Агенцијата за катастар, која ја чуваше документацијата на несоодветни простори и даваше услуги во непристојни услови за граѓаните на Тетово и ја усвои одлуката, но на барање на општината тогаш и ги врати просториите на располагање на училиштето. Агенцијата за катастар го повтори барањето оваа година со образложение дека постојат простории кои не се користат. Без никаква намерна тенденција, исто како и во 2021 година, Владата ја усвои одлуката тие простории да преминат на користење на наведената агенција за да им служат на граѓаните на Тетово, напиша Груби.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите“, вели Хајредини

Eкс министерот Џевдет Хајредини ја искоментира прес - конференцијата која вчера ја одржа министерот за економија, Крешник Бектеши за снабдувањето со електрична енергија во Арачиново.„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други“, пишува Хајредини на социјалните мрежи.Бектеши најави дека од понеделник ЕВН ќе работи на терен во Арачиново. Од ЕВН се пожалија дека нивни екипи се мета на напади, и бараат жителите на Арачиново да не манипулираат и да не оштетуваат броила. Три дена Арачиново беше без струја, затоа што имаше дефект поради диви приклучоци.

Коментари | пред 3 години

fadsfasdf

По смртта на Јован од сепса: Инспекции ги тресат и матичниот стоматолог, доктор и ТОАРИЛУЦ-ОЕ

На ден 26.08.2022 год од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршен е вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб .„Инспекцискиот надзор во клиничката болница е сеуште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот.По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани.Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство“ велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Македонија | пред 3 години

Angel-Dzambaski

Провокациите од Бугарија не запираат: Ние сме еден народ разделен со вештачка граница

Европратенкот од Бугарија Ангел Џамбаски испрати нова провокација кон македонскиот народ, овојпат по повод 126 години од раѓањето на водачот на историското ВМРО, Иван Ванчо Михајлов.„Легендарниот водач на ВМРО, го водеше во пресвртните години по смртта на Тодор Александров. Времиња на предавства, тешкотии и поделби и во организацијата и во бугарското општество.Денеска лагата владее кај Вардар.Лага која Иван Михаилов ја разоткрива илјадници пати во своето творење. Неговото име сè уште буди страв кај предавниците и србоманците во Северна Македонија, па се плука по се што е можно, а неговите зборови се извадени од контекст и ставени во служба на лагата на македонизмот.Доброто е што има написи, интервјуа и книги во кои јасно гледаме како се дефинира Иван Михаилов, што мисли за населението во Македонија и како младите треба да се доживуваат себеси. Со народот од Деве Баир ние сме еден народ разделен со вештачка граница.Нашата борба за единство продолжува. Исто како што ни ветија големите водачи на ВМРО.Поклон кон животот и делото на Иван Михаилов!“, напиша Џамбаски од бугарското ВМРО на социјалните мрежи славејќи го името на Ванчо Михајлов.

Македонија | пред 3 години

f57288af-b671-4a9a-a8bd-389c6af810cd

Коментар на денот: Синѓелиќ е како Сирија, се утепаа од рокање со пиштоли и шмајзери

Во склоп на заедничката превентивна кампања на МВР и УНДП, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ за континуирани превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера беше реализирана превентивна активност под мотото „Слави со срце , не со оружје“ на подрачјето на Полициското одделение Сарај.Во склоп на заедничката превентивна кампања на МВР и УНДП, во рамките на оперативниот план „Безбедно лето 2022“ за континуирани превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера беше реализирана превентивна активност под мотото „Слави со срце , не со оружје“ на подрачјето на Полициското одделение Сарај.Целта на активноста е преку афирмацијата на совесното и одговорно однесување на граѓаните при разни прослави и веселби, без употреба на оружје или други пиротехнички материјали, да се подигне степенот на безбедност, но и почитување на законските норми, затоа што употребата на оружје може да има тешки последици , односно директна закана по здравјето и животот на граѓаните.Активностите, како и претходно во селата Синѓелиќ и Арачиново, и во Сарај се реализираа на повеке локации пред повеќе угостителски и услужни објекти.Корисник на Фејсбук објави статус во кој вели дека жителите на Синѓелиќ секој ден пукаат со пиштоли и шмајзери.„Треба овие од УНДП да дојдат и во селото Синѓелич да ги едуцираат малку како се слави свадба, веридба, сунет, уатевер! Се утепаа од рокање со пиштоли и шмајзери, секој ден секоја вечер, како да живееме во Сирија или Украина, вистинска воена зона!“

Коментари | пред 3 години

300806025_5548677575178409_2960506694749295287_n

Државата плаќа 350.000 евра годишно, оти Арсовска не го гради автобуското метро во Скопје

Од државниот буџет се плаќаат 350.000 евра годишно камата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) оти градоначалничката Данела Арсовска не ги користи парите од кредитот во висина од 70 милиони евра за воведување Бас рапид транзит систем (БРТ) односно не го гради автобуското метро во Скопје, пишува СДК.мк.Парите стојат нечепнати односно не се користат и поради тоа државата плаќа камата, бидејќи Арсовска од доаѓањето на функција лани во ноември кажа дека нема да го прави автобуското метро. Рече дека тоа било проект на нејзиниот претходник Петре Шилегов, а граѓаните ја избрале нејзе и нејзиниот проект за 250 еколошки автобуси. Парите не можат ниту да се пренаменат и да се користат за друг проект, оти во договорот со ЕБОР стои дека тие се одобрени токму затоа што БРТ е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот.Од Министерството за финансии неколку пати побарале одговори од Арсовска што планира да прави со овој проект, но таа ги ингорира и не им одговара на прашањата и повиците.Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

sinodos-mosxas-4

Руската православна црква ја призна МПЦ-ОА како автокефална сестринска црква

Светиот Синод на Руската православна црква на денешната седница ја призна Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, како автокефална сестринска црква.„На 25 август 2022 година, на седницата на Светиот синод на Руската православна црква, беше слушната пораката на неговата светост патријархот московски и на цела Русија – Кирил за доделувањето од страна на Српската православна црква на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија (списание бр. 62)“ стои на сајтот на Руската православна црква.Во соопштението се вели дека „Синодот одлучи да му се заблагодари на Господ Бог за решавањето на прашањето за статусот на Православната црква во Северна Македонија на канонска основа и да ја признае Македонската православна црква, Охридска архиепископијата, како автокефална сестринска црква, впишувајќи го името на нејзиниот претседател, неговото блаженство архиепископот охридски и македонски Стефан, во светите диптиси“.„Членовите на Синодот изразија надеж дека Македонската православна црква, Охридската архиепископија, најмладата во семејството на автокефалните православни цркви, цврсто ќе ја зачува светата православна вера во чистота и интегритет и ќе ја запази верноста на православната канонска традиција. Учесниците на состанокот, исто така, одлучија да ги известат неговата светост патријарх српски Порфириј и неговото блаженство архиепископот охридски и македонски Стефан, за одлуката на Светиот Синод“ се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

osiguraci-struja-3

Арачиновец за неплаќањето струја: Зошто да даваме пари на ЕЛЕМ и МЕПСО кога државата може да субвенционира сметки за струја

Арачиновецот Шефик Дураку по своја логика и од свој агол се труди да ја објасни ситуацијата во Арачиново кое должи 6 милиони евра на ЕВН за неплатени сметки за струја.Дураку смета дека граѓаните, меѓу нив и жителите на Арачиново кои се сиромашни не треба плаќаат за струја која ја произведува државата преку ЕСМ, а ја дистрибуира преку МЕПСО.„Да се обидеме преку логика да го оспориме апсурдот!Еве го: ЕЛЕМ е производител на струја, тоа е државна компанија која се финансира од државниот буџет со наши пари.Со наши пари ја произведуваме струјата, со свои пари ја дистрибуираме (примарната мрежа (висок напон) и секундарната (среден напон) и потоа готовата струја по ниска цена ја продаваме на ЕВН, странска компанија која потоа ни ја продава по багателна цена…Малку да поедноставиме: со свои пари произведуваме струја, со свои пари ја дистрибуираме и на крај се враќаме и купуваме од странска компанија.. ова е апсурдот со кој здравиот разум ја изгуби битката овде.Еве еден многу поедноставен пример за да се разбере уште подобро…Јас сум селанец и ти давам пример: Посадив пченично поле – земјата е моја, семето е мое, сам ја обработувам, сам ја наводнувам, сите трошоци ги плаќам од џеб и кога е жетвата, ја продавам на воденицата кај цена од 10 денари за кг… а потоа одам и купувам брашно на пазар по цена од 30 денари за кг.Со парите што ја продадов пченицата ги платив трошоците за производство и излегов со нула (премногу труд) и потоа брашното го купив за 30 денари.. што значи дека би сакал воопшто да не засадувам пченица за да имам, отидов и купив брашно директно во мелница, никогаш порано не сум пробал..Што сакам да кажам со ова?Зошто да даваме пари за производство на струја кога ја купуваме истата од ЕВН?Зошто да даваме пари од буџетот на ЕЛЕМ и МЕПСО кога државата може со тие пари да субвенционира сметки за струја за семејства без месечни примања.П.С. Јас сум лаик на теренот, можеби грешам… само кажувам, вели Дураку.

Коментари | пред 3 години

EVNzgrada

ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а полицијата ќе постапува за кражби на струја

Министерот Крешник Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Скопје, а најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно законПовика сите да ги почитуваат законите и да нема штета на снабдувањето со електрична енергија.„Да, точно е дека има загуби на енергија, но не се само во Арачиново, и да се земе дека во Арачиново се краде електрична енергија. Во секоја општина, па и во секое семејство има некои кои не ги почитуваат регулативите. Од понеделник екипите на ЕВН ќе дојдат, ќе работат на терен и ќе наплаќа“, рече Бектеши.16.2 отсто има загуби на струја во Куманово, 12.1 отсто во Кичево, но и во Скопје и други општини. Бектеши вели дека загубите на електрична енергија се на товар на сите граѓани.Тој рече дека полицијата ќе постапува во сите општини каде има загуби на енергија. Државата ќе прогласи енергетска криза.

Македонија | пред 3 години

zan-mitrev-klinika

Коментар на денот за Жан Митрев по „поддршката“: „Има еден израз: Кризен ПР, треба да е ужасно добар, а не ужасно глуп“

Пациенти кои се лекувале во клиниката Жан Митрев, испратија меил до медиумите. Тие велат дека во писмото кое го испраќаат ја искажуваат висината која ја доживеале за време на лекувањето од ковид.„Почитувани новинари, ви го испраќаме писмото со кое ја искажуваме нашата вистина што ја доживеавме лично при лекување од Ковид во клиниката Жан Митрев. На ова писмо сме потпишани околу 15, а поддршката ја дадоа уште повеќе пациенти кои дополнително ќе се потпишат“, стои во меилот.Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи реагираше во врска со овој меил. Тој вели дека поддршката за Жан Митрев е класичен ПР.„Нема дилема дека „поддршкава“ за Жан Митрев (К) е класичен ПР.Прес со пациенти (кои за иницијативата дознале од цимери со кои се лекувале, а цимерите не дошле на пресот), најава до медиуми на мејл (има стара мејл листа во која е и овој мој мејл и се користи од агенции), нервоза на пациентот дојден да фали додека му ја ругаат фабриката, недавање на конкретни одговори и тн.Патем, ја уште не знам и како се чувствувале овие загрижени пациенти додека ги слушаа сведоштвата за пациентите кои починале во клиниката, зошто се решиле да го поддржат, што било пресудно, особено, зошто го поддржале ако (како што кажаа платиле 10.000 евра) услугата е платена со енормно висока сума на пари.Има еден израз: Кризен ПР.И една поука: Треба да е ужасно добар, а не ужасно глуп.Гадно. Исто ко Северна“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

policija-rotaciona-svetla

Србинка паднала од тераса врз кров од угостителски објект во Тетово

На 24.08.2022 околу 19.00 часот во СВР Тетово пријавено е дека од балкон во стан на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во кој престојувала заедно со О.О.(38) од тетовска Голема Речица, на покрив од угостителски објект во приземјето на зградата, паднала 29-годишната С.Ј. од Република Србија. Таа била пренeсена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, при што во станот биле пронајдени и подигнати остатоци од кокаин и други предмети. По завршување на увидот О.О. е лишен од слобода и по расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Македонија | пред 3 години

DSC_0638

Коментар на денот: Овие скандали ја тресат Македонија

Новинарот Ивор Мицковски на социјалните мрежи објави статус во кој објасни какви скандали ја тресат Македонија.„Криминални набавки на јаглен преку штотуку отворени фирмиКриминално не се плаќа струја во наводно едно општество за сите.Децата зимово најверојатно ќе останат дома зошто нема да има за греење на училишта.Власт испокарана до гуша со фондација го дозакопа судството и обвинителството.Убиството на ракометарот ќе го суди политички и професионално компромитирана судијка.Никаква одговорност ни за Дурмо, ни за Беса турс, ни за кабелот во Тетово.Неделно гинат по двајца работници на терен.За секој потрошен милион капитална инвестиција 10% одат на неоправдани трошоци.Непотизам и партизација цутат како никогаш досега, државата губи преку пола милијарда годишно на Рамковни и фамилии на функционери и партиски лидери.Се прогласуваат кризни состојби за да се крадат народни пари и прават набавки во 4 очи, така беше со ковидот, така и со струјата.Нови небодери и дивоградби што кај Холидеј Ин, што кај Треска.Индиции за криминал со огревното дрво кое уште малку ќе стане 5 илјади денари по кубик.Дивоградби ќе никнуваат во Охрид на археолошки локалитети.Дивоградби во Маврово и Трница со вмешани функционери и понатаму си никнуваат.Бугарија почна да се иживува и врз македонското малцинство во Албанија.Дечко на 25 години умира во болница поради сепса по интервенција на заб.Да не навлагаме во поскапувања и инфлација, нови давачки и остали срања, битно на секое поле сме пепел, кучињата лаат, а караванот си врви.Ова системско распарчување и раскрчмување на државичево некад ќе мора да запре“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-25-at-12.46.16

Беровчанец починал на 25 години поради сепса по интервенција на заб, објавено ново сведоштво

Млад беровчанец почина на 25 година починал од сепса, по интервенција на заб. За случајот е обзнането на социјалната мрежа „Фејсбук“ од Слаџана Ризинска.Нејзиното писание во целост:„Само во нашата држава ,само со нашето зрдавство, само со нашите "професионални" доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згадне на само 25години.....🖤СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА!!! Каде живееме ние,какво здравство имаме,дали веке еден ден некуј ќе одговара за секојдневниот хорот во таа штипска болница. Колку животи згаснаа само поради не внимание. До кога нашиот народ ќе се лекува само со...." како е рекол Бог".... Дали во 21век треба да се случи таков срам....Ангелу наш ти почивај во мир 🙏 А тие нема да спијат мирно....🖤“

Македонија | пред 3 години

nesreata-na-avtobusot-vo-bugarija-snimena-od-visoko-750x430-1

И по девет месеци од несреќата, адвокат на семејствата на загинатите посочува за една неразрешена мистерија

Николај Димитров, адвокат на дел од семесјтавата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на „Беса транс“ на автопатот Струма во Бугарија, за дописникот на МИА од Софија изјави дека увидот на теренот е веќе започнат.Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата.Се проверуваат површината на коловозот, знаците, ознаките и сите други елементи кои можат да дадат одговор на прашањето како точно се случила несреќата. Адвокатот за МИА коментира дека увидот ќе покаже што недостигало на овој дел од автопатот Струма и дали токму тој недостаток е главната причина за несреќата.Димитров посочува и дека семејствата на неговите клиенти јасно прашуваат дали е виновен само загинатиот возач или има друга околност што довела до страшната несреќа. Тие го поставуваат и прашањето што се случило со личните работи и багажот на починатите, како и со златни вредни предмети и украси кои ги имале на себе, но не биле регистрирани од бугарските власти и никој не им ги вратил.

Македонија | пред 3 години

301117136_3156428554606289_3848455608777767873_n

Вилма ќе ти треба добар адвокат, да те потсетам на „Калдрма“, „Детонатор“, „Рекети“, „Империи“..., и порача Ременски на Русковска

Професорката Фросина Ременски, која беше обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ каде доби првостепена ослободителна пресуда, предмет воден од Обвинителството за гонење организиран криминал на Вилма Русковска, објасни како суспендираната обвинителка не ги почитувала правилата.Нејзиниот статус, во целост:Со години повикував: "Не ги рушете правилата и принципите кои можеби ќе ви требаат и вам ..." ❗Многумина не разбираа што пишувам.Еве денес Вилма Русковска, по потврдена суспензија од Советот на ЈО по решение на ЈО на РСМ, кој оцени дека, "таа треба да остане оддалечна од кривичната постапка против неа за незаконит претрес, за да не може да влијае на исходот" ..., таа вели:"Не сум влијаела на ниеден обвинител ..., прашајте било кој обвинител".Помина времето на "жими мајка". ГРУБО ЛАЖЕШ РУСКОВСКА❗Русковска, да те потсетам ...Ако имаше правда, работа по закон, професионализам, не мешање и етика во твоето постапување Ти пред две и пол години ќе беше со денешниот твој статус - СУСПЕНДИРАНА, а верувам и разрешена❗ЗОШТО❓1️⃣ Затоа што издаваш незаконски наредби при претрес на твоите истражители на кои им гарантираш заштита од прогон, зошто преку нив се штитиш себе си❗2️⃣ Затоа што ГО ЛАЖЕШЕ СУДОТ со "озаконување" на незаконскиот претрес и неповредливоста на правото на мојот дом кога по жалба за претрес ве прашаа што сте презеле, а вие лажевте, за да "бидете чисти"❗3️⃣ Затоа што се закануваш, "препорачуваш" и се мешаш во работата на сите институции и истраги кои се водат против тебе и твоите незаконски наредби спроведени од твојот "штит" - истражителите кои ги извршиле и зад кои се криеш❗4️⃣ Затоа што нарача прогон на инспектори од МВР кои собраа пишани докази и признанија за ТВОИТЕ наредби за каубојскиот упад во мојот дом без ниту едно испочитувано правило❗5️⃣ Затоа што демнеше зад сите обвинители кои постапуваа по пријавите против тебе - за да ја прикриваат и попречуваат правдата ...❗6️⃣ Затоа што фингираш, влијаеш и кривотвориш на секој чекор ..., дури и во Граѓанскиот Суд каде што не можеш да се "одбраниш" од својата вина за клевета по моја пријава❗7️⃣ Затоа што се ЗАКАНУВАШ кон сите судии кои одлучиле спротивно на твојата воља за нечија твоја замислена вина која не можеш да ја докажеш на Суд❗8️⃣ Затоа што со твојата блеф-правда и незаконски претрес во мојот дом (Потпретседател на Собрание и надзорен пратеник над УБК) ТИ се обиде да го попречиш моето пратеничко постапување по пријавите за твојата удбашка PR-клиентела и оној на затворски туризам во Струга❗Би редела јас до 1️⃣0️⃣0️⃣ и назад, но не вреди..., што заради глупоста и глувоста со која делумно управуваше и ТИ...., што заради сите протурени лаги преку твоите брифинзи за новинари од "тајните PR истраги" во стилот "од извори блиски од истрагата дознаваме ..."❗🚩Лажеше - сушеше Вилма❗Те понесе привидната "подршка од јавноста" која ја градеше со помош на скапо платената пропаганда - диригирана од твоите кафеански, подрумско-удбашки другари и дружби. Те донесоа до работ од твојата ГОЛА амбиција дека, (наводно) ти си некаков синоном за правда и пркос кон власта. ТИ - правда, пркос ...❓Понтонскиот мост на мафијата - синомин за правда❓(Kili style) - Ма не не' је*и молим те❗Напишаното е лекција за СИТЕ. Никој не смее да помисли да ги прекрши правилата и законот за да задоволи своја сопствена суета како што тоа го направи ти и многу други пред тебе. Правилата треба да важат за сите❗Она што јас можев да го порачам, ТИ го порачував многу (по)одамна кога ти глумеше "ѕвезда" и кога заборави што всушност си ти - политичар или обвинител ..., кога ФБ заедницата се плашеше да стави👍 на сите мои писанија за твојот подем и пад кој го живееш, а медиумите стравуваа да пренесат основани и поткрепени аргументи за твојата злоупотреба на функцијата.🚩Велеа, било ЛИЧНО❓ДА❗За мене стана лично во оној момент кога одлучи незаконски да влезеш во мојот дом со знаење дека никој не бега од твојот правда-блеф, без да има сведок .., кога го нареди самовластието кое го нарече претрес ..., и кога се обиде мојот макотрпно граден углед, авторитет и професионален интегритет да го ставиш во негативен контекст во фараморгана обвинение во кое те победив❗А можеше само ДА УЧИШ како треба.Те победив јас, а те победија и други на Суд Вилма❗Да те потсетам на Калдрма, Змијски очи, Детонатори итн., ..., Рекети, Империи..., па и на 27 Април. Мислиш дека победи❓Ма неее - тоа ти се "поените" за фазата во која ќе влезеш и ќе ти треба многу добар адвокат кој нема да има судир на интереси со тебе и со твоите клиенти...., а такви НЕМА❗Да ги почитуваше правилата, можеби денес ќе најдев еден збор во твоја одбрана ..., еден ама вреден. Батали затворски брифинзи и разузнавачка спин-матрица. Виде, слушна ти порачаа што мислат за твојата "фигуративна правда".Жал ми е, па и не, што допрва ќе го плаќаш цехот за својата умислена недопирливост, ароганција и "величина"❗П.С. Згреши кога, сакајќи да го потенцираш твоето "право" ја потцени мојата социолошка прогноза за тебе

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања