ТОП

kacarska

Кацарска до пратениците: Очекувам веќе од утре да работат ако треба и по 20 часа, додека не се изберат уставни судии

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, очекува пратениците „веќе од утре“ да почнат да работат, ако треба и по 20 часа, за конечно да ги избера уставните судии за да не се случи Судот да стави клуч на врата.Кацарска за „Слободен печат“ вели дека нема намера повеќе да се среќава со престедателката на Комисијата за избори и именувања или со претседателот на Собранието за да се забрза изборот на судиите бидејќи смета дека тие си ги знаат своите обврски.Кацарска потсетува дека пратениците обврските со изборот на судии требаше да ги завршат пред една година.– Работиме на работ на кворум со петмина судии, а Уставот предвидел девет. Зарем треба да му се случи нешто на некој од судиите и да ставиме клуч на Уставниот суд? Не постои друг орган што ја има нашата надлежност да врши контрола на законите кои се носат или да ги штити правата и слободите на граѓаните. Никој не им го дал тоа право на пратениците да се мајтапат со Уставот и навистина е несфатливо зошто не го почитуваат? – се чуди Кацарска.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-11-26-at-17.11.04

Почнуваат нови распити на роднините на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Портпаролката на главната обвинителка на Бугарија, Сијка Милева, изјави дека е прекината предистражната постапка за несреќата на македонскиот автобус во која изгореа 46 лица. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, Милева за БНТ рекла дека причина за тоа е бидејќи бугарските обвинители побарале од своите колеги во Северна Македонија уште распити. Милева рече дека досегашната истрага установила нови факти поврзани со тоа што се случило за време на трагичната ноќ.Ноќта на 23 ноември 2021 година автобусот изгоре целосно, но не од четирите туби со бензин што ги превезувал македонскиот шофер. Тие не се причина за тоа затоа што тие останале недопрени. Заштитната ограда ја затворила вратата пред која патниците се собрале и очајно се обидувале да излезат од автобусот што горел.Милева рече дека за неа тоа е една огромна трагедија, која ќе остане во сеќавање. Ова е случај без преседан и единствен во историјата. Увидот на местото на несреќата траеше повеќе од 24 часа, започна во темнина, рано изутрината на денот на инцидентот и заврши ноќта. Шестмина истражители и тројца обвинители работеа на случајот, а за само 10 дена беше завршено собирањето на доказите, коментираше Милева и рече дека е преседан Обвинителството да ги врати телата на загинатите со авион.– Сите пронајдени предмети беа вратени, а секој од предметите беше запечатен посебно. Беа направени 45 аутопсии. Од сите беше земен биолошки материјал, од којшто беше извлечен ДНК профилот. Со барање за правна помош до судските власти во Република Северна Македонија, беа идентификувани и наследниците на жртвите, од кои беше земена и ДНК – дополни Милева.Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија рече дека во моментов предистражната постапка е запрена бидејќи е изготвена втора молба за правна помош до македонските истражители. Според неа, на распит треба да бидат повикани преживеани во несреќата и блиски на загинатите.– Сите треба да бидат запознаени со нивните права и обврски според бугарскиот кривичен процес и дали сакаат да им бидат предадени материјали од истрагата, како и да бидат и информирани за текот на кривичната постапка – рече таа.За оваа кривична постапка во Бугарија се испитани околу 30 сведоци, меѓу кои шоферот на македонскиот автобус, преживеаните патници, како и очевидци. Сега, според Милева, е на ред обвинителството на Северна Македонија.

Македонија | пред 3 години

strumica

Владата организира фестивал на храна и вино во Струмица, еве кој ќе настапува

Како продолжение на Саемот на вино, храна и туризам кој од 1-4 септември се одржува во Белград, Владата на Република Северна Македонија на 7 септември, во рамките на иницијативата Отворен Балкан, организира и регионален Фестивал на храна и вино во Струмица. Овој фестивал на вино и храна се одржува во соработка со реномираната организација Егзит во чија организација е и веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed каде покрај богатата музичка програма, ќе биде понудена и специфична и интересна етно-гастрономска програма.Фестивалот на храна и вино бесплатно ќе биде отворен за сите посетители и ќе се одржи во Градскиот парк во Струмица, а ќе ги понуди најдобрите регионални и локални винарии, регионални изложувачи на храна како и произведувачи на традиционални органски специјалитети од македонската кујна. Присутни ќе бидат најдобрите готвачи од најпознатите струмички ресторани и учениците од Средното кулинарско училиште кои заедно ќе спремаат локални специјалитети.Спојот на вино, храна и музика е дефиниција за незаборавна забава. На фестивалот со врвна винска и гастрономска содржина, а во соработка со музичкиот хепенинг Get EXITed планирана е попладневна програма проследена со концерти кои ќе траат од 18:00 до 21:00 часот. Ќе настапат култниот македонски бенд 21 Век, младата поп дива Дина Јашари world music составот кој од Струмица го освои светот со едноставен трубачки звук, Џамбо Агушеви Оркестар, како и хип хоп ветераните и едни од најистакнатите имиња на македонската музичка сцена DJ Goce S.A.F и DJ Chvare.21 Век е култно македонско трио со презабавен поп панк звук. Статусот на македонски волшебници и неверојатната енергија која ја носат со себе ветуваат триумф секој пат кога ќе се качат на сцена.Џамбо Агушеви Оркестар ги освојува најголемите сцени во светот, а нивните почетоци се бележат токму во Струмица.Дина Јашари е млад уметник од Македонија, а нејзините модерни ритми на dream поп, соул и џез се вистинско освежување на музичката сцена.DJ Goce е дел од хип хоп сцената уште од раните 90ти кога со својата група S.A.F. ја објавија првата трака во 1993 година. Работи како продуцент за голем број на домашни и регионални уметници, копродуцент и диџеј на ТВ емисии, организира и модерира најразлични работилници во Македонија, а организира и сопствена винил конвенција со DJ Chvare со кој е дел од Funky Fresh екипата.На веќе најавениот музички хепенинг Get EXITed пак, ќе настапат едни од најпознатите имиња на регионалната и светската електронска музичка сцена Deborah De Luca и Mahmut Orhan.

Македонија | пред 3 години

rek-bitola-1

Од РЕК Битола со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја, за овој екоцид некој мора да одговара, вели ВМРО-ДПМНЕ

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара, вели ВМРО-ДПМНЕ„Власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен?Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско?Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК?Очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух. Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

За влезот на ЕВН во Арачиново: Ова е мал чекор за човекот, но голем за ЕВН, уште едно историско достигнување

Екипите на ЕВН денеска конечно добија можност да влезат во Арачиново и да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја. ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи да ги санираат дефектите, велејќи дека нивните вработени не биле безбедни во Арачиново, дека постојано биле вербално и физички напаѓани, а дефектите се случувале поради сеприсутните кражби на струја.Ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/realTotoMK/status/1564171795896442881?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/boemot_mk/status/1564279633847123970?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/gorge_kocev/status/1564278395965423617?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/FidelKastro07/status/1564278026304643073?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/glinenaa/status/1564269043938459649?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/Dr_Stevo_za_se/status/1564275441627693061?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/wolf_forest_228/status/1564260351515975681?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/Analiticarot0/status/1564257357139525633?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/therealpsmst/status/1564241157042966529?s=20&t=xWmkBeey5YDBXe_eb8dAGAhttps://twitter.com/dodo__81/status/1564255226856611843?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/wolf_forest_228/status/1564288370838306823?s=20&t=rH12zGUXU1zhLoiSmZJvBAhttps://twitter.com/100deutschemark/status/1564316878167851008?s=20&t=rH12zGUXU1zhLoiSmZJvBA

Коментари | пред 3 години

hadzhi_prilog-332960

Скопјанец револтиран од сметката за струја: Има да ве седнеме на електрична столица, а вашите деца и внуци ќе ја платат

Скопјанец на својот ФБ профил реагира за сметката за струја што ја добил, при што надоместокот за пренос е поголем од сумата што треба да ја плати за потрошена електрична енергија:„Надомест за потрошена електрична енергија 1.388,61 денариНадомест за пренос и дистрибуција на електрична енергија 1936,33 денариДДВ 5% -> 166,25 денариКомунална такса за јавно осветлување 184,00 денариФактура 3675,00 денари.ЕВН МакедонијаИма да ве седнеме и вас и сите што учествуваа у продажбата на електрична столица и сметката ќе ја испорачаме на вашите деца и внуци , крв ви јебем дал сте нормални.Утре идам да барам кирија за сите кабли по проаѓаат низ мој двор или сечам бандераП.С.: Зошто плаќаме јавно осветлување кога тоа го плаќа општината дали Град Скопје дали Општината во која живееме?“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-26-at-09.34.46

Семејството на момчето кое почина од сепса во тешка финансиска состојба, се собираат донации

25-годишниот Јован Димовски од Берово почина откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница.На социјалните мрежи деновиве беше објавен повик финансиски да му се помогне на семејството„Почитувани роднини, пријатели, другари, познаници,По повод смртта на сега починатиот Јован Димовски (25) од Берово, кој почина на 24.08.2022 на Клиниката за анестезија и реанимација КАРИЛ во Скопје поради сепса предизвикана од вадење на заб, и истиот беше погребан во Берово наредниот ден на 25.08. 2022 г. Семејството на Јован, мајката Снежана и братот Александар во овие тешки денови за нив, се исправени уште пред безброј тешки предизвици, односно борба за докажување на вистината за причината за смртта на младиот Јован, а воедно и справување со отежнатите услови за егзистенција.Александар и Јован Димовски (сега починат) уште пред своето полнолетство остануваат без едниот родител - татко кој починува во Италија. Поради трошоците за пренесувањето на телото и погребот, семејството останува со незавиден финансиски товар што го чувствуваат до денешен ден. Во меѓувреме мајката останува без работа, а загубата на Јован кој по смртта на таткото ја превзема улогата на глава во семејството, е ненадоместлива. Но, мајката и братот имаат потреба да ја бараат и дознаат вистината за смртта на саканиот син и брат. Патот кој треба да го поминат за таа цел е полн со институционални пречки и обврски пред се од финансиска природа. Во врска со случајот, Јавното обвинителство во Штип отвори и предмет на истрага. Од тие причини, а највеќе за тоа дека вистината мора да излезе на виделина и секој што има вина да понесе одговорност.Ве замолуваме согласно можностите секој од нас да донираме парични средства за помош на семејството“, стои во описот.Ако сакате да донирате кликнете тука

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-08-29-181005

(ВИДЕО) Екипите на ЕВН ги пуштија во Арачиново, еве што затекнаа

Екипите на ЕВН денеска конечно добија можност да влезат во Арачиново и да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја. ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи да ги санираат дефектите, велејќи дека нивните вработени не биле безбедни во Арачиново, дека постојано биле вербално и физички напаѓани, а дефектите се случувале поради сеприсутните кражби на струја.Според ТВ21, локалното население денеска не правело никакви проблеми. Екипите на ЕВН кои влегоа во Арачиново, насекаде низ селото затекоа кабли за струја и други докази за кражби. Според пресметките на компанијата, во селото годишно се краде струја вредна шест милиони евра.Според договорот, кој беше постигнат со посредство на министерот за економија Крешник Бектеши, струјомерите во Арачиново отсега ќе се поставуваат надвор, пред куќите, за подобра евиденција и контрола на користењето на електричната енергија од страна на надлежните. Процесот на преселба на струјомерите ќе трае една година.

Македонија | пред 3 години

20818949_1501000679965381_507792792927519963_o

Од среда до недела има „Пивленд“ во Скопје, со три сцени и над 50 музичари

Дали скопјани можат да испијат повеќе пиво од последното издание на Пиволенд во 2017 година? Скопјани како големи љубители на добра забава и квалитетно пиво, се подготвени да постават нов пивски рекорд на Пиволенд 2022. Оваа манифестација по пауза од 5 години повторно се враќа пред скопската публика, со програма која ветува добра забава со повеќе од 50 музички артисти, над 100 видови на пиво, два стејџа и новитети кои ќе овозможат уште едно незаборавно издание на Пиволенд.На овогодинешниот Пиволенд ќе бидат поставени две сцени, „Main stage“ и „Craft stage“. На „Main stage “ќе настапат познатите македонски и балкански музички изведувачи, додека  „Craft stage“ ќе биде наменета за љубителите на алтернативната музика и младите талентирани артисти.Пиволенд 2022 има за цел промоција на македонски и интернационални брендови на пиво, креирање на пивски бренд фестивал на локално и регионално ниво, зајакнување на пивската култура во Македонија, поддршка и афирмирање на млади македонски музички артисти пред публиката, како и промоција на Скопје како град на љубителите на пиво.„Мораме да споменеме дека овогодинешниот Пиволенд го враќаме во полн сјај. Подготвени сме да понудиме богата петдневна музичка програма со над 50 музички имиња од Македонија и Балкан, дегустација на повеќе од 100 видови на пиво и одлична храна која ќе ги задоволи сите вкусови и ќе го направи Скопје среќно и центар-место на пивото на Балканот. Оваа година со промената локација, за разлика од традиционалната локација на Скопското Кале, целата манифестација ќе биде организирана на Плоштад Македонија. Очекуваме голем број на посетители не само од Скопје, туку и од целиот регион.“ - велат организаторите на Пиволенд.Пиволенд 2022 ќе трае 5 дена. Програмата започнува на 31.08.2022 (среда) и ќе трае до 04.09.2022 (недела), а влезот за посетителите ќе биде бесплатен.Атрактивните сцени за артистите, богатата локална кујна, одличната музичка програма, големиот број на забавни активности и пеtте години пауза алудираат на нови рекорди на посетеност на Пиволенд и испиено пиво.Премиерен настап на Пиволенд ќе има инклузивниот рок бенд ,,Сол Ночиво” во кој учество земаат млади од здружението ,,Во мојот свет” кое се грижи за помош и поддршка на лицата со аутистичен спектар. Овогодинешниот Пиволенд ќе биде и од општествен карактер. На штандовите на Плоштад ,,Македонија” посетителите ќе имаат можност да купат брендирана маица со Пиволенд 2022 која би претставувала убав спомен од целата манифестација, а со секоја продадена маица се донираат 100 денари за здружението ,,Во мојот свет”.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2021-09-06-at-09.50.42

Апасиев: Пари има, ама многу крадете

„Пари има, ама многу крадете“. Ова го порача пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на ден пред враќањето во Собрнието.Тој и претходно искоментира: „А ви душмани - бурек и јогурт“, откако премиерот Ковачевски кажа дека не се плаши од инфлацијата, орочил милионски денарски депозит.Тој се побуни и кога се протестираше во Арачиново, каде струјата беше исклучена поради неплаќање и напиша: „Крадеш струја. Рикнува трансформаторот. Идат да ти го поправат. Ги тепаш“.

Коментари | пред 3 години

233439398_4218957644865499_7272356369434098640_n

„Дренот не може да се стави наопаку“, доктор објави три бесмислени тврдења за случајот со момчето од Берово

Пред некој ден сите не затекна веста за прерано згаснатиот живот на момчето од Берово поради компликација од инфекција од забно потекло т.н. одонтогена инфекција. Нека почива во мир, вели доктор Ѓорѓи Ивановски.„Многу одамна немам пишувано статуси, меѓутоа поради бројните бесмислени факти и непотребните напади кон целата фела кои ги прочитав низ медиумите и социјалните мрежи, како стручно лице и иден орален хирург чувствувам одговорност да ви разјаснам некои работи, за да не бидете во заблуда околу начинот на кој настануваат ваквите компликации.Одонтогените инфекции почнуваат со инфекција на забната пулпа(нерв, живец) или потпорниот апарат на забот. Во оваа фаза со лекување на забот може да се задржи и да се превенира продор на инфекцијата во околните ткива. Доколку оваа состојба не се третира, следува продор на инфекцијата во коската околу забот. Во оваа ситуација исто преку соодветна дренажа преку забот или пародонталниот џеб, истотака може да се превенира продор на инфекција и да се спаси забот. Доколку не се третира оваа состојба, коската сè повеќе се разложува и инфекцијата може да се прошири надвор од коската во мекоткивните простори околу забот, што се манифестира со оток во меките ткива околу забот. Во овој момент со инцизија(мал рез на местото на најголем оток), дренажа(поставување на гумена лентичка во инфицираниот предел, за непречено да истекува содржина во наредниот ден-два, плус дренажа низ заб) и ординирање на антибиотска терапија, се очекува инфекцијата да се повлече. После повлекување на инфекцијата забот најчесто се вади. Доколку оваа состојба не се третира инфекцијата се шири во соседните подлабоки мекоткивни простори,под дејство на гравитацијата од долна вилица најчесто према вратот и градниот кош и веќе имаме потенцијално животозагрозувачка состојба, поради близината на многу витални структури и органи и компромитирање на дишните патишта. Овие длабоки инфекции почесто се случуваат кај пациенти со нарушен имунитет, пример прекумерната тежина може да биде причина за имунокомпромитација. Кај пациенти со здрав имунитет често организмот сам може да ја ограничи инфекцијата уште во фазата кога се наоѓа во коската. Во овие фази инфекцијата може да се манифестира како апсцес или флегмона. Апсцесот е ограничен и исполнет со гнојна содржина и го прави полесен за дренажа, додека флегмоната се шири дифузно низ сврзното ткиво и ја прави дренажата е многу потешка. Кај флегмоната отокот е тврд како даска.На сликата од статусот е прикажана инфекција во вратна регија.Бесмислица бр.1 Дечкото починал од обична интервенција на заб.Оваа интервенција воопшто не била обична и рутинска! Според извештајот кој беше прикажан во медиумите, момчето било примено во болница со дијагноза флегмона во вратна регија, која е веќе потенцијално животозагрозувачка состојба и не настанала туку така за еден ден. Впрочем и затоа бил задржан првиот пат во болницата. Инфекциите во рана фаза се третираат рутински и лесно. За обични и рутински интервенции пациенти не се хоспитализираат!Бесмислица бр.2 Докторот го ставил дренот наопакуДренот без разлика на материјалот од кој е изработен, претставува лента или некогаш цевче кое има два исти краја и не може да се постави наопаку. Неговата цел е да го држи отворен отворот направен со претходната инцизија и ќе овозможи истекување на содржината од отокот и навлегување на кислород од надворешната средина со што ќе настане промена на типот на бактериската флора кон аеробна, со што би се олеснил текот на инфекцијата.Бесмислица бр.3 Со поставувањето на дренот наопаку докторот предизвикал сепса или коментари дека инструментите не биле чисти.Мислам дека доколку го прочитавте текстот до овде веќе сфативте дека се работело за веќе присутна сериозна инфекција во опасна регија и мислам дека нема потреба да ви објаснувам повеќе.Не го пишувам ова за да одбранам или напаѓам некого, но посебно медиумите мора да бидат посебно внимателни во објавувањето на информации, бидејќи со такви бесмислени тврдења обвинувате од старт некој кој можеби и не е виновен. Во одредени студии постојат различни бројки и стапката на смртност од вакви компликации движеше од 0.2 до 8%. Најчеста појава на смрт е забележана кај пациенти со нарушен имунитет и дополнителни коморбидитети. Со вакви бесмислени информации, воопшто не помагате, туку предизвикувате дополнителен страв од стоматолог кај луѓето, што може да доведе до повеќе вакви тешки инфекции и компликации.Не сакам да навлегувам во темата за квалитетот нашето здравство, која е доста опширна. Меѓутоа не може поради револт од претходно, да се пласираат лажни информации, кои обичните луѓе ги доведуваат до заблуда и создаваат дополнителна недоверба према лекарите.Апелирам до сите пациенти, редовно одете на контроли и не ги третирајте инфекциите на своја рака во домашни услови!Во овој текст многу на кратко ви објаснувам за одонтогените инфекции и не го сфаќајте како прирачник, бидејќи секој пациент е приказна сама по себе. Доколку некој има потреба дополнително да му се објасни слободно може да ме контактира и праша“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-28-105631

(ВИДЕО) Марко е пливачки херој, Охрид горд на него, а по испливани 64 км пречекан со аплаузи

Охриѓанецот Марко Пејчиновски неодамна објави дека ова лето ќе има 10 препливувања во 10 викенди и ќе исплива 250 километри. Тој пред малку пристигна на градското пристаниште во Охрид и успешно ја заврши делницата од 64 километри на празникот Успение на Пресвета Богородица.Марко беше пречекан од голем број на љубители на овој спорт, но и поддржувачи на неговиот голем подвиг Охрид-Струга-Св. Наум-Охрид.„Некогаш неостварена желба, сега реализирана цел. Марко го заврши последниот подвиг за време од 21 часа 42 минути“, стои во описот на видеото.

Македонија | пред 3 години

bogorodicca123213

Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

Православната Црква на 15/28 август го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и Нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста.Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае Нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој човекот веднаш сфаќа дека смртта е всушност чин на животот. Црквата никогаш во смртта на Богомајката не почувствувала страв, ниту ужас, ниту жалост и надгробно ридање, туку секогаш една блескава воскресна радост.Хеортологијата ни дава податоци дека во почетокот се славел само еден сеопшт Богородичен празник, кој доаѓал веднаш после Божик (денес тоа би бил празникот „Собор на Пресвета Богородица“, втор ден Божик), и кој веројатно опфаќал повеќе важни настани поврзани со Пречистата Богородица. Од овој празник посветен на Богомајката подоцна се издвоил празникот Успение. Имено, најпрвин во Ерусалим и во палестинските манастири започнал секоја година да се слави тој општ празник на Богородица, што се гледа од еден Панигирик од 530 год., во кој се вели дека денот на Богородица низ палестинските манастири се прославува со голема свеченост. Но, овој Панигирик не ни дава податоци кога се слави овој спомен и дали воопшто се славел споменот на Успението на Богомајката или само годишниот општ спомен. Од еден стар ерменски Лекционар, пак, дознаваме дека „15 август е денот на Марија Богородица“. Но, и овој документ не ни дава податок дали се славело Успението или општиот годишен празник. Дури подоцна, во VI односно VII век празникот Успение Богородично конечно се издвоил, и започнал да се празнува на 15 август, најпрвин во старата црква во Гетсиманија посветена на Успението на Богородица, подигната за време на царот Маркијан (V век).Воведувањето на празникот Успение на Пресвета Богородица во Византија, му сe припишува на царот Маврикиј (VI – VII век), а веројатно во знак на победата која тој на 15 август, по застапништвото на Божјата Мајка, ја извојувал над Персијците. Можно е дотогаш овој празник да имал само локален карактер. За време на владеењето на овој цар во Византиската престолнина Цариград имало многу цркви посветени на Пресвета Богородица, така што во месец август се празнувале повеќе нејзини спомени. Веќе во VIII век овој празник е насекаде раширен и утврден, зашто од овој период имаме не само беседи (првата беседа е напишана во VII век од Модест, патријарх Ерусалимски), туку и химни, стихири пропишани за богослужението на самиот празник. Нив ги пишувале св. Андреј Критски, св. Козма, св. Јован Дамаскин, св. Герман Патријарх Цариградски, св. Теофан Исповедник, царот Лав Мудри и дрСв. Јован Дамаскин во своите беседи, повикувајќи се на Евтимиевата историја ги произнесува сите елементи од преданието за Успението на Пресвета Богородица, кое започнало да се обликува уште многу рано, а се развивало напоредно со историскиот развој на празникот. Тој раскажува дека царицата Пулхерија, жената на царот Маркијан (V век), во Цариград подигнала неколку цркви посветени на Мајката Божја, меѓу кои била и Влахернската црква, каде таа, не знаејќи, имала намера да ги положи земните останки на Богородица. За таа цел му се обратила на Ерусалимскиот патријарх Јувеналиј, кој во одговорот на царицата ѝ напишал: „Макар што во Светото Писмо нема ништо за Успението на Богородица, сепак, од древното и вистинито предание примивме, дека во време на Нејзиното Успение, во Ерусалим се собраа апостолите од целиот свет, каде што ангелите ја опеваа Пречистата Богомајка, Која својата душа Му ја предаде на Бога, а богоприемното тело со ангелски и архангелски песни беше положено во гробот во Гетсиманија. На тоа место се слушаше ангелско пеење три дена, после што престана. Тука беа сите апостоли, освен Тома, кој дојде после три дена и сакаше да се поклони на телото на Пресвета Богородица; гробот го отворија, но никаде не можеа да го најдат Нејзиното тело, само Нејзината погребна плаштаница, од која се ширеше благоухан мирис. Апостолите заклучија дека Господ го вознел Нејзиното тело на небесата“. Наместо телото, патријархот Јувеналиј ѝ ја испратил на Пулхерија погребната плаштаница, која таа ја положила во Влахернската црква.За особеностите на празникот црпиме податоци од светото Предание, кое ни зборува за една древна традиција поврзана со Гетсиманската крипта во која се наоѓа гробот на Пресвета Богородица. Тука празникот Успение се слави со особена свеченост. Имено, во Ерусалимскиот метох на Гетсиманскиот манастир се чува Плаштаница на која е насликано Успението на Богородица. Оваа Плаштаница, утрото на 12 август со свечена литија се пренесува од Ерусалим во Гетсиманија (во спомен на пренесувањето на Пречистото Богородично тело од Сион во Гетсиманија), во камениот Богородичен гроб и таму останува сѐ до одданието на празникот, кога повторно со свечена литија се враќа назад во метохот на Гетсиманскиот манастир во Ерусалим.Инаку, онаа древна служба на празникот Успение, која во многу наликува на службата од Велика Сабота и која се практикува во Гетсиманската крипта на гробот на Пресвета Богородица не е пропишана во Типикот, но сепак, во последниот век таа започна да се шири и во другите православни центри. Во нашата земја, пак, Бигорскиот манастир прв ја воведе оваа прекрасна традиција, а од таму, во последниве неколку години, таа се пренесе и во други наши храмови. На оваа раскошна и умилителна утрена богослужба е предвидено пеењето на трите статии пред раскошно украсен цветен епитаф, односно пред во него положената Плаштаница, на која е насликано Богородичното Успение. Се пеат и Воскресните тропари „Ангелски собор“, прилагодени за Богородица, а после „Големото Славословие“ со епитафот се прави литија околу храмот.

Македонија | пред 3 години

danela964521

“Она само шљака асфалт кај стаса и си се шетка со зелени ф'станчиња”, нова шлаканица за Данела од Јоци

Јорданка Ивановска Јоци на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска уште во вториот месец си направила рејтинг нула.„Она само шљака асфалт кај стаса и си се шетка со зелени ф'станчиња, какво метро какви бакрачи...и дилеми сум дали сабајле сама си врзува и врвки на чевли.И меѓу две шљакања асфалт, разни мрмотчиња - и` праат филмови дека јас сум платена да ја пишувам⁉️Демек она толку е јака ,,ѕвезда" обожувана од скопјани, да некој плаќа за неа!Пошто јбг, сите биле ,,платени" кои ќе ја спомнат у било кој контекст, а она ко вмровски играч и потписник на тендерчиња и трошење на 90 мил.евра Буџет во корист на таа партија - била моминска солза.И изгледа Градон си го мисли приватна фирма каде ќе си качи нозе на маса и никој не смее да ја чепне плавушува, а Петре смеевме и да го тегнеме за коса кога правеше глупости!Оваа не ни конта дека уште вториот месец си направи рејтинг нула и гази длабоко под нула, а со тоа се прегазуваат самите ВМРО и дека скроз никој не ја есапи за опасност за да ,,плаќа".А, вмровци кои бараат предвремени избори, подобро да не ги најдат, пошто со оваа плавушов рејтингот им е катастрофа во Скопје“; вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

DSC_0583

Коментар на денот: „Некој кој има моќ им ветил на Албанците дека правилата што важат за другите, нема да важат за нив“

Иљче Затарковски на социјалните мрежи објави сттус во кој вели дека некој на Албанците им ветли дека правилата кои што важат за другите нема да важат за нив.„Јас сум 100% сигурен дека да можат огромен дел Македонци, Турци, Роми, Срби, Власи...не би плаќале струја. Сиромаштијата има чудна моќ да те натера да се прилагодиш за да преживееш.Ама во случајов, апсолутното мнозинство од неплаќачите во Арачиново се Албанци. И не се неплаќачи затоа што се Албанци, туку затоа што некој, кој има моќ да вети, им ветил дека правилата што важат за другите, нема да важат за нив.Е па, драги пријатели со широки сфаќања, "тој, некој" е проблемот и "тој некој" го кењаме, не Албанците. Пошо "тој некој" вработува неспособни за да му бидат лојални, договара матни и тајни зделки што ги плаќаме сите за да купи уште некој ден во фотелја и на "тој некој" му правите колоноскопија секогаш кога релативизирате и дефокусирате. И утре, "тој некој" ќе си се пензионира со милионите и ќе ви се моча на глава, а вие ќе си останете никој и ништо“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања