ТОП

Screenshot-2022-08-31-113034

Факултетот каде два дена има километарски редици за упис, пет години има зграда која нема кој да ја доизгради

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски објави фотографии од зградата на ФИНКИ во центарот на Скопје.„ФИНКИ има своја зграда, онаа десно на сликата...Проблем е што 5 години не е ставено шајка, како им беше оставена, така зјае цели 5 години...“, додава тој.https://twitter.com/ilijadimovski/status/1564878515664785409?s=20&t=nmDdADBPv3RFASIXnJGP_QИнаку деновиве започнаа уписите на факултетите. Голем број матуранти се одлучија да се запишат на ФИНКИ каде ќе го продолжат своето образование. Факултетот на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографии од гужвите и редиците за упис на новите студенти.  

Македонија | пред 3 години

301876588_639375227401437_7872121129142364216_n

„Овој дожд во Скопје е ништо во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски

Професорот Ивица Милевски се огласи по вчерашното невреме во Скопје. Тој вели дека уште во 2016 предупредувале за вакви појави на пороен дожд кои во иднина ќе ги има се почесто и поинтензивно, а последиците ќе бидат жестоки.„Веројатно многумина се сеќаваат дека катастрофалната Скопска поплава во 2016-та година, за тогашните (партиски послушници) беше „Божја работа“, „Божја казна“, „чудо невидено“. Кога пишувавме и кажувавме дека страшните последици се и ради човечката „аљкавост“, „неодговорност“ и „нестручност“, истите тие не отераа во 300 пм. Уште тогаш (но и претходно), предупредувавме дека вакви појави на пороен дожд, ќе има се почесто и поинтензивно, а последиците ќе бидат жестоки. Всушност еве што напишавме тој август 2016, ама кај нас нели, секое чудо за три дена. Се правеше по нешто ваму-таму, но се пропушти приликата да се направи една сеопфатна, интегрална, вистинска мултидисциплинарна студија за целиот регион и да се спроведат соодветни мерки (ама тоа е посебна тема).И само да напоменам дека денешниот дожд во Скопје и неговиот интензитет, „не се ништо“ во однос на дождот од 6.08.2016 (>90 mm/4h; 43 mm/h peak; 2 mm/min/15 min max), а особено во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски.

Коментари | пред 3 години

1-1

Професорка објаснува зошто се поплавија улиците по вчерашното невреме

Проф. д-р Дивна Пенчиќ на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека една од причините за неистекување на водата по вчерашното невреме се „жардињерите“ долж булеварите.„Зошто толку се затнаа улиците?Една од причините за неистекување на водата се и оние тн „жардињери“ во кои го „заробивме“ зеленилото долж булеварите и покрај зградите!Сакајќи да го решиме проблемот со газење на тревата и паркирање по зленилото, на некој градоначалник и неговите архитекти им текна да го заградат со ѕидчиња!Е сега нема како водата од улците да се впие при обилни дождови! Ниту една атмосферска канализација не може да се направи со капацитет кој може вакви обилни поројни дождови да ги прифати, и така не се ни проектира. Улиците немаат толков профил за да се стават цевки со поголеми профили, а има и други инсталации кои се водени под улиците. Затоа се планира зеленило кое не е во „саксија“ и тоа треба да впие дел од водата.Дополнително, кога сите градски површини и јавни и приватни по дворови, ќе се избетонираат, пополочат и тоа со непропусни/непорозни материјали, резултатот е дека градот е еден ГОЛЕМ БАЗЕН, кој се преплавува.Е тоа е“, се вели во објавата.

Коментари | пред 3 години

burning-lamp-hangs-dark-blurred-background

Самохрана мајка раскажа за својата голгота со ЕВН, па им даде совет како да се справат со оние кои не плаќаат

Другарчиња од ЕВН, читам во Арачиново, Грчец, Сарај, Студеничани, Крушопек и Серава, ем ви краделе струја, ем не сте можеле ни сметки да наплатите. Ама затоа пак, во другите делови на Македонија, народот го рекетирате, бидејќи, се разбира, некој мора да ви ги плати загубите кои ги имате во горе споменатите реони и тоа цели 20 години, откако борците за човекови права станаа власт, залепени и за куртовци и за муртовци, вели Виолета Аврамоска, која ја раскажува својата голота со ЕВН.„Има една македонска поговорка која вели:,, Не слушај гаталец, слушај паталец"Другарчиња од ЕВН, бидејќи јас долги години со вас бев паталец, сега ќе ви ги раскажам моите патила со вас и ќе ви дадам совет, како, според примерот со мене, да си го решите проблемот во овие реони. А, вакви примери како мене, ги има многу во оваа наша напатена Македонија, напатена од арамии и џабелебароши кои ги плаќа чесниот народ, независно од која национална припадност.Во животот се случуваат трагедии. Секој од нас се соочува со својата лична трагедија. Така и јас се соочив со, за мене најголемата загуба во животот, после која останав сама со моето малолетно, тогаш три и пол годишно дете. Оттогаш започнува мојата голгота со вас, ЕВН.Бидејќи не бев вработена и никој немаше желба да ме вработи, нормално, се вработуваат само партиски војници, од СДС и од ДПМНЕ, јас, како и многу други самохрани родители работев само сезонски и нормално доаѓав до ситуација да не можам да си ги плаќам сметките. Морав да направам избор, или храна за детето, или сметки, по што секогаш, се разбира, избирав детето да не ми е гладно.Тогаш ми стигнуваа опомени пред исклучување на струјата, но, секогаш постојат добри луѓе. Така и во ЕВН Охрид, немаа душа да остават едно мало дете без струја и најчесто се трудеа да ми помогнат, со плаќање на една сметка да не ми ја исклучат струјата. И тоа траеше 2 години.Но, потоа започна мојата голгота со вас, ЕВН , а верувам и голготата на многу други семејства. Ми го променавте броилото и оттогаш почнавте да ми ја исклучувате струјата, без опомена, дирекно од Скопје( така барем ми објаснија работниците кои го променија броилото)Оттогаш, 4- 5 години, еднаш годишно мене ми ја исклучувавте струјата и ние две со ќерка ми бевме без струја 7 - 10 дена, во зависност кога ќе успеев да побарам заем за да ги платам неплатените сметки, а потоа работејќи сезонски, го исплаќав заемот.Затоа сакам да ви дадам совет другарчиња од ЕВН, за реоните каде не можете нормално да си ја наплатите струја.СМЕНЕНЕТЕ ГИ БРОИЛАТА , СТАВЕТЕ ИМ БРОИЛО ИСТО КАКО МОЕТО И БЕЗ ПРОБЛЕМ ЌЕ МОЖЕ ДА ИМ ЈА ИСКЛУЧУВАТЕ СТРУЈАТА.На тој начин вашите работници нема да бидат нападнати од разбојниците, а нас останатите ќе не' ослободите од обврската да им ја плаќаме нивната потрошена електрична енергија и вашите загуби.Доколку се плашете дека ќе бидете нападнати додека им ги менувате броилата, побарајте да бидете обезбедени од страна на македонските политичари на власт, или од нивните сојузници НАТО војските, со кои, нели, жителите на Арачиново се стари познаници многу одамна, уште од 2001 година.Барајте некое чаре, само ние останатите, граѓаните од втор ред во Македонија, да не мораме да плаќаме повисоки сметки и да ви ги покриваме вашите загуби.Срдечен поздрав рекетари од ЕВН“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

slika-23

„Ист Гејт најдобро да се пренамени у Аквапарк“, „Охридски маратон годинава во Ист Гејт“, реакции по поплавите во трговскиот

На социјалните мрежи врие од коментари откако се поплави трговскиот центар Ист Гејт. Тие велат дека крстот за Водици ќе се фрлал во Ист Гејт, но и дека има одлични можности за риболов.https://twitter.com/Minskonhet_/status/1564725791363145734?s=20&t=f368bEpaE9uEWvEvqyr46Ahttps://twitter.com/BlazoElixir/status/1564728598249996289?s=20&t=f368bEpaE9uEWvEvqyr46Ahttps://twitter.com/mkd_sale/status/1564736964682829825?s=20&t=f368bEpaE9uEWvEvqyr46Ahttps://twitter.com/goranman2/status/1564849918220582912?s=20&t=f368bEpaE9uEWvEvqyr46Ahttps://twitter.com/indig05alpha/status/1564685611763732482?s=20https://twitter.com/Sangvinik6/status/1564676845785718787?s=20https://twitter.com/drdrnjarinja/status/1564866100373905410?s=20&t=f368bEpaE9uEWvEvqyr46Ahttps://twitter.com/Tomche29/status/1564685028847665156?s=20https://twitter.com/Kafedzijata_/status/1564683008275353602?s=20https://twitter.com/SolarNik/status/1564698511995805704?s=20https://twitter.com/5et7edmici/status/1564698105009868800?s=20https://twitter.com/Bigor49887049/status/1564697696128143360?s=20https://twitter.com/nosoytumadree/status/1564694871130230785?s=20https://twitter.com/TapaMuabet/status/1564694115501195266?s=20https://twitter.com/goranman2/status/1564692450479935490?s=20https://twitter.com/AuuuDzoniii/status/1564691562352857104?s=20https://twitter.com/Hasta_la_manana/status/1564691067986919424?s=20

Коментари | пред 3 години

301686208_5569497483096418_3915492083051381726_n

Коментар на денот: Маме му e*авте на Скопје, во 2022 граѓаните одат низ фекалии по улици

Новинарот Кристијан Ландов на социјалните мрежи објави статус во врска со вчерашните поплави во главниот град.„Ја би ви кажал, наместо да се препукувате, да се засрамите. Сите, од Петре до Данела, сосе СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и компанија.Некад мора онака сељачки да се каже: Маме му ****** на Скопје. Засрамете се и скријте се, затоа што во 2022 година во т.н. метропола, граѓаните ви одат низ излиена канализација по улици“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

Fba7uTIX0AE-Kn9

(ФОТО) Скопјанец за пример: Секогаш ги отвора шахтите за време на поројни дождови, никој друг не мрда со прст

На социјалните мрежи вчера беа објавени фотографии од скопјанец, кој ги отвора шахтите.Во објавата се вели дека неговото име е Зоки, а тој секогаш кога има поројни дождови ги отвора шахтите.„Имам чест да го познавам. Се вика Зоки, и секогаш излегува да ги отвори шахтите при поројни дождови и ги затвора после повлекување на водата. Ниту еден друг негов сосед не мрда со прст“, стои во објавата.https://twitter.com/yarrre/status/1564644824657104896?s=20&t=9HFFIj39mH-B9EWQvt3Mmg

Коментари | пред 3 години

2-1

„Сега Вучиќ ќе испрати екипа да го среди Скопје“, „Белград на води, Скопје под води“, реакции по поплавите во главниот град

По невремето, кое го поплави половина град, граѓаните се пошегуваа на социјалните мрежи. Велат дека како и за секоја друга работа, и овој пат Вучиќ ќе испрати помош за градот.https://twitter.com/callmemicce/status/1564684688299626496?s=20https://twitter.com/P0KIO/status/1564684628723728384?s=20https://twitter.com/Kafedzijata_/status/1564682492308758528?s=20https://twitter.com/RadeMetalec/status/1564681328762699776?s=20https://twitter.com/FallUsHype/status/1564685806245134337?s=20https://twitter.com/Stopareska/status/1564673103434846212?s=20 https://twitter.com/Svakjas/status/1564669096473628672?s=20https://twitter.com/PravednaTavita/status/1564665352679788545?s=20https://twitter.com/dodo__81/status/1564673550115639296?s=20https://twitter.com/Shushmula/status/1564693003314335745?s=20

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-at-21.10.34

Јоци за Данела: Дај, бе, нек се исели на Аљаска женава, дајте и нек си игра во игло - не се трпи више!

Јорданка Ивановска Јоци ја искритикува Данела, вели дека откако се случи катаклизма, таа решила да свика кризен штаб.„Со денови најавуваат дождови.А, елементарнава непогода, ДанИела, дури вечерва свикала Кризен штаб!Откако се случи катаклизма!Дај, бе, нек се исели на Аљаска женава, дајте и нек си игра во игло - не се трпи више“, вели Јоци.

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-202648

(ВИДЕО) Кров падна во „Ист Гејт“

Покрај поплавите на сцијалните мрежи е објавено и видео на кое се гледа како паѓа кров во подрумските простории на трговскиот центар „Ист Гејт“.Ова доаѓа по дождовите кои го зафатија Скопје а поплавија неколку дуќани во овој трговски центарЗа среќа како што се гледа во видеото во моментот кога паѓа кровот на тоа место не поминуваат луѓе ниту пак возила.https://twitter.com/Mrchatina/status/1564679950778646537?s=20Претходно беа објавени видеа од Ист Гејт под вода.

Скопје | пред 3 години

Нема фотографија

(ВИДЕО) И четврти трговски центар во Скопје се поплави по невремето

Освен трговските центри „Бисер“, „Ист Гејт“ и „ГТЦ“, се поплави и трговски центар „Соравија“.Паркингот на трговскиот центар е целосно под вода. Невреме проследено со интензивен дожд, електрични празнења и град попладнево ја зафати Скопската Котлина. На многу места во градот се откорнати дрвја и покриви, а многу од улиците се поплавени.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-190959

(ВИДЕО) Скопјанец оди низ вода до коленици среде Скопје: Поздрав до Петренце и Данела од Северна Канализација

Скопјанец објави видеа од центарот на градот кој е поплавен. На видеата кои ги објави се забележува дека висината на водата е до колена.„Северна Канализација парт 2Поздрав до Град Скопје и Општина Центар!Голем поздрав до бившиот градоначалник Петренце и секако сегашната градоначалничка Данела што на секој дожд ни овозможувате ваков несекојдневен авантуризам!#скопјеградотужас#севернаканализација“, стои во описот на објавените видеа.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-30-173423

(ВИДЕО) Возила се поплавија на булеварот Јане Сандански, сообраќајот делумно закочен

Пороен дожд попладневого зафати Скопје. Тој предизвика предизвика хаос во главниот град. Реки од вода течат по улиците, а граѓаните како знаат и умеат се снаоѓаат за да стигнат дома.Поплавени се возила на булеварот Јане Сандански во општина Аеродром. Сообраќајот е делумно закочен.

Скопје | пред 3 години

fdsfasdfas

ФОТО: Пак пропадна камион во фонтаната на Груевски и Трајановски, вредна 2,5 милиони евра

Камион пропадна во џампинг-џет фонатаната на градскиот плоштад во Скопје. И ова не е првпат, туку скоро секоја година на скопскиот плоштад може да се види истата слика. Инаку, оваа година, во текот на целото лето, фонтаната не функционира.Од она што може да се види е дека камионот е навлезен со предните тркала во фонтаната, која беше пуштена во употреба пред седум години.Таканаречената сува фонтана е вредна 2,5 милиони евра.Отворениот кратер, по секое пропаѓање на возило, се заградува со метална ограда, за да не се случи поголема несреќа. Фонтаната е направена во време кога премиер беше Никола Груевски, а градоначалник Коце Трајановски. Таа е дел од проектот „Скопје 2014“.

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-08-26-at-09.34.46

Објавено како течело лекувањето на Јован, кој почина по интервенција на заб

Информација по извршени ВИН за починат пациент Ј.Д од Берово:Државниот санитарен и здравствен инспекторат по допрен глас за починат пациент од Берово после хируршка интервенција на заб, изврши вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде се јавил на преглед во врска со здарвствената состојбта која завршила си смретн исход ,при што е констатирана следната фактичка состојба:-посета кај матичен стоматолог :-Од увид во индивидуалниот стоматолошки картон е утврдено дека од 10.08.2022 год Д-р.Слободан Рушковски од ПЗУ Д-р.Рушковски-ординација по општа стоматологија во Берово е матичен стоматолог на пациентот Ј.Д., кога за прв пат е извршен стоматолошки преглед при што е утврдено присуство на огромен оток на десна страна без можност да се изврши орален преглед поради болка и присутен тризмус (вкочанетост на долната вилица).Веднаш е креиран спец.упат до спец.по орална хирургија при ПЗУ Д-р.Чавков – Д-р.Бајрактаров орална -специјалистичка ординација по орална хирургија во Струмица) во мој термин за 09.30 часот на 11.8.2022год, Од увидот во здравствената евиденција и електронскиот систем е констатирано дека упатот не е реализиран ,односно пациентот не се јавил на преглед.Препишана антибиотска терапија од страна на матичниот стоматолог.На 13.08.2022год пациентот Ј.Д. во 22.30 часот( сабота) поради болка и оток повторно се јавил на преглед при што како итен случај повторно е упатен до специјалист , но овој пат специјалист максилофацијален хирург при ЈЗУ КБ Штип .-посета кај матичен лекар :Истиот ден , на 10.08.2022г. по препорака на матичниот стоматолог пациентот се јавил кај матичниот лекар Д-р.Ванчо Ременски при ПЗУ Поликлиника Биомедика при што од извршениот преглед било констатирано оток и болка во десна букална и субмандибуларна регија, при што од страна на матичниот лекар е ординира друг антибиотик и остната супортивна терапија..На ден 13.08.2022год пациентот Ј. Д. дошол на контролен преглед при што е констатирано и понатаму присуство на оток и болка , назначено да продолжи со препорачаната терапија.На 19.08.2022г.во индивидуалниот картон е заведен извештај (прилог кон отпусно писмо) од ЈЗУ КБ Штип-Максилофацијална хирургија од Д-р.Владимир Милошев со назначена терапија .-Посета ВО ИМП-БеровоОд увид во амбулантскиот дневник на Итна медицинска помош Берово на 21.08.2022г. во вечерните часови ( не е прецизиран часот) заведен е преглед на пациентот Ј. Д кој побарал здравствена помош поради општа лоша состојба со постоечка инцизиона рана со дрен, извршена е тоалета и преврска на раната, ординирана амп.Диазепам и.м, дадена оксигена терапија (кислород), препорачано земање на табл.Парацетамол за дома , со напомена ако е потребно веднаш да се јави повторно на преглед на ИМП. На 22.08.2022г. во 02.30 часот пациентот Ј.Д. со придружба од семејството повторно дошол во ИТМ-Берово каде поради влошена општа состојба му е ординирана терапија физиолошки р-р 500мл и амп.Новалгетол 5 мл( и.м) и со возило на ИМП-Берово во придружба на мед.сестра е транспортиран до ЈЗУ КБ-Штип каде веднаш е примен-лекување во ЈЗУ КБ _Штип :-Пациентот Ј.Д прв пат се јавил на преглед во ЈЗУ КБ Штип на ден 13.08.2022g.во дежурна ургентна амбуланта каде дежурниот доктор д-р.Владимир Милошев спеијалист .максилофацијален хирург извршил преглед. Ординирана терапија , направена РТГ на глава и запис за прием на болничко лекување.По приемот на хирушко одделение со максилофацијална хирургија извршена е екстракција на забот и киретажа , но бидејќи не е воспоставено спонтано дренирање извршена е екстраорална длабока инцизија со поставување на лашва за пасивна дренажа.Пациентот е задржан на болничко лекување до 19.08. 2022 год. од каде по подобрување на општата и локална здравствена состојба , по извршена контрола на медијастинумот со цел утврдување на дистално ширење на инфекцијата направен е контролен Ртг на бели дробови и добиен уреден наод, направени се контролни лабараториски испитувања, со препорачана терапија е испишан на домашно лекување .Закажана е контрола за 2 дена односно за 21.08.2022г.На 21.08.2022г. пациентот се јавил на контрола во ЈЗУ КБ-Штип каде е извршена преврска на инцизионата рана и повторно му е закажана контрола за 23.08.2022г.На 22.08.2022г. во 04.40 часот поради влошена состојба ( обилно крварење од инцизионата ектраорална рана , фебрилен, со отежнато дишење и намалена сатурација со возило на итна медицинска помош од Берово е донесен во ЈЗУ КБ-Штип.По пристигнување во ЈЗУ КБ-Штип пациентот Ј. Д. веднаш е спроведен во операциона сала , извршена е интубација и со општа анестезија пристапено е кон оперативна интервенција (подлабоко отварање на инцизионата рана .Истовремено сеземени се два бриса- не се најдени патогени бактерии според лабораторискот извештај додека резултатот од хемокултурата за време на инспекцискиот надзор сеуште е во тек. .Истовремено телефонски е побарана консулатација со професоре д-р.Даница Поповиќ спец.максиолофацијален хирург од ЈЗУ УК-Максилофацијална хирургија во Скопје, која лично пристигнала во 08.30 часот на 23.08.2022г и дала насоки пациентот да не се транспортира во таква состојба во Скопје туку во наредните 24 часа да биде следена неговата состојба на одделението за интензивна нега со реанимација во ЈЗУ КБ-Штип .На 23.08.2022г. поради влошување на здравствената состојба на пациентот Ј. Д., со болничко возило и во придружба на специјализант доктор по анестезија и главна мед.сестра на анестезија е пренесен на ЈЗУ УК-Карил во Скопје.-прием на ЈЗУ УК ТОАРИЛУЦ – ОЕ за анестезиологија , реанимација и интензивно лекувањеПациентот е примен на ден 23.08.2022 год по претходно креиран упат од страна на др Владимир Милошев од ЈЗУ КБ Штип за понатамошно лекување.Пациентот е примен во крајно тешка состојба со знаци за септичен шок . Веднаш се преземени сите мерки за интензивно лекување, мониторинг, иследувања и терапија .Пациентот доаѓаа со веќе извршена дијгностичко иследување КТ на белодробие после кое заради итноста на ситуацијата е повикан торакален хирург кој по преглед на компјутерскиот наод поставува торакален дрен.И покрај сите преземени мерки согласно протокол кај пациентот настапува смрт на ден 24.05,2022 год.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања